ДПМНЕ

protest-3-1

Следуваат протести, ВМРО-ДПМНЕ вечер ќе договара детали

На Извршниот комитет ќе се расправа за новата фаза од блокадата, најави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање кои се следните чекори на ВМРО-ДПМНЕ по однос на најавената блокада.-Па нели според СДСМ и ДУИ нема блокада, ја совладале блокадата. Јас така знам они велат ја совладале блокадата и нема блокада и Собранието си функционира нормално, ама затоа секаде каде што идат по амбасади коленичат и цимолат дека ВМРО-ДПМНЕ им го блокирало Парламентот. Ако мислат дека ако ние ќе го напуштиме Парламентот е нешто што они најмногу го сакаат Зоран Заев преку Ковачевски и Талат Џафери за да може се да си поминат, она кое што во овој момент е против интересите на народот и граѓаните, а ВМРО-ДПМНЕ го блокира. Ние кажавме се што е за интересот на граѓаните, се што е за интересот на народот, се што е за интересот на Македонија, повисоки плати, повисоки пензии, субвенции за земјоделците, помош за стопанството ќе го поддржиме. Се она кое што цениме дека е спротивно на интересите на народот и граѓаните ќе го блокираме и така ќе се однесуваме во иднина, рече Мицкоски.Мицкоски истакна дека ИК вечерва ќе одлучи за понатамошните чекори на партијата во однос на активната блокада потенцирајќи дека во партијата ќе се отвори дебата, а како што рече се е на маса, освен напуштање на парламентот.-Вечер ќе имаме ИК. Имаме ние демократска атмосфера на одлучување, треба да отвориме дебата, да може да слушнеме и останатите членови на Извршниот Комитет што ќе кажат и ќе излеземе многу скоро со динамиката на активностите. Но, се е на маса, само не е напуштање на Парламентот, тоа задоволство нема да го има оваа власт, да го напуштиме Парламентот за да можат од Законот за марихуана па наваму се да си поминат, кажа тој.На прашањето дали следен чекор се можни протести, Мицкоски не ја исклучи можноста.Да, одговори Мицкоски.

Македонија | пред 3 години

16.05.2022-Nikolova

СДСМ успешно менаџира со кризата, смета Николова

„СДСМ преку парламентарното мнозинство и Владата што ги предводи, успешно се справува со последиците од глобалната економска криза“, вели Даниела Николова, пратеничка на СДСМ:Таа додава:„Се реализира пакет од 26 антикризни мерки за помош и поддршка на граѓаните и економијата, а преку одговорни политики, ќе се заштедат дополнителни сто милиони евра кои во иднина би се искористиле за нови антикризни мерки.И додека СДСМ се бори против последиците од кризата, ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски се обидуваат по секоја цена да ја закочат работата на институциите.Помина една недела од најавените нови засилени блокади на ВМРО-ДПМНЕ, но тие не успеаја.Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ по налог на Мицкоски го одолговлекуваа усвојувањето на дневниот ред, правеа хаос на седниците и на крај ВМРО-ДПМНЕ не доби ништо, но затоа нанесе штета врз граѓаните.Над 17.000 тутунари се уште се без субвенции затоа што од страна на ВМРО-ДПМНЕ и опозицијата закочена е работата на Комисијата за земјоделство, иако во Буџетот има обезбедено средства за исплата на субвенциите.Ваквото однесување на ВМРО-ДПМНЕ не е ништо ново. Тоа го гледавме и во време на пандемијата со коронависрусот, и кога се зголемуваа платите и пензиите, но и кога државата стануваше полноправна членка на НАТО Алијансата.И тогаш како и сега Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ беа на спротивната страна од интересите на граѓаните и државата и се обидуваа да го закочат напредокот.Откако им пропадна првичниот обид за блокада на Собранието, денес ВМРО-ДПМНЕ најавува нови блокади и деструкции, со цел по секоја цена да направат штета врз државата и да ги задоволат личните желби на Мицкоски.Но во белиот дворец треба да знаат дека и овие нови деструктивни идеи за блокада ќе бидат поразени, СДСМ нема да дозволи граѓаните да бидат жртви на себичните интереси на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски.Парламентарното мнозинство предводено од СДСМ повторно ќе ги порази нови деструктивни постапки на ВМРО-ДПМНЕ и нема да дозволи нови штети врз граѓаните, економијата и државата.Во време на криза, кога сите капацитети треба да бидат ангажирани во справување со последиците, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да покажат барем малку одговорност и да се откажат од блокадите и деструкциите.Мицкоски да собере храброст да се откаже од подаништвото кон Груевски, криминалецот во бегство кој и повеќе од очигледно дека целосно ја контролира партијата.ВМРО-ДПМНЕ останува нереформирана партија, заробена партија во криминал и режимска матрица чие дејствување е на штета на граѓаните и државата“.

Македонија | пред 3 години

AHMETI-GRUBI-KOVACEVSKI-4

„Ковачевски е заробен“, Мицкоски не му простува на Џафери

Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ смета дека премиерот Димитар Ковачевски е заробен. Поради ова, смета дека СДСМ го брани собранискиот спикер Талат Џафери кој по завршување на собраниска седница е снимен како упатува пцости во Собранието, кон вработени од секторот за седници. Мицкоски посочи дека доказ за состојбата во која се наоѓа Ковачевски е што вчера, а три дена по упатените пцости, Ковачевски беше на стадион да навива со Џафери и лидерот на ДУИ Али Ахмети.„Интерпелација нема да успее, бидејќи Ковачевски ако го нападне Талат Џафери ќе му падне Владата. Ете вчера го видовме на еден стадион како навива меѓу Али Ахмети и Талат Џафери седнат и тоа доволно јасно прикажува во која улога е тој човек и зошто велиме дека е заробен. И како да правиме интерпелација, единствено да ги слушнеме како се прпелкаат од СДСМ да го бранат Џафери кој ги пцуеше мајките на вработените во Парламентот. Тоа се вредностите? Еве ја повикувам и меѓународната заедница, ако се тоа вредностите и ако стојат зад овие политичари, тогаш извинете јас зад такви вредности не сакам да живеам“, додаде Мицкоски.Според Мицкоски, треба да се свика Комисија за деловнички и мандатно имунитетски прашања надлежна за етичкото однесување на пратениците бидејќи Џафери го прекршил Кодексот.„Навредувајќи ги мајките на вработените таму, го прекршил Кодексот. Народот е тој кој треба да одлучи на следните избори дали овие ќе бидат казнети или нема да бидат казнети. Имаат 61 пратеник, тие секогаш додека се Влада ќе ги имаат тие 61. Затоа е важно на следните избори, дека само стабилна влада може да ги исправи овие грешки. Овие луѓе кои тоа го направија, ќе одговараат. Но јас сум само еден гласач. Вие медиумите треба да дадете поддршка Македонија да престане да губи“, додаде Мицкоски.

Македонија | пред 3 години

dimitar-kovachevski-hristijan-mickoski-960x504-1

Мицкоски за анкетите и обвинувањата на СДСМ: Ковачевски да се охрабри и да договориме датум за избори, така ќе видиме дали анкетите се реални или не

Единствен начин за да докажеме и покажеме дали анкетите се точни, е да одиме на избори, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање како ги коментира последните анкети на јавното мислење и обвинувањата од страна на СДСМ дека истите се измислени.Мицкоски го повика Димитар Ковачевски и СДСМ да се охрабрат и да седнат на маса за да договорат датум за предвремени парламентарни избори, на кои граѓаните ќе можат да одлучат.Има единствен начин тоа да се покаже и докаже, дали се измислени или не се, е да одиме на избори. Нека се охрабрат и нека го охрабрат Ковачевски да седнеме на маса и да договориме датум за предвремени парламентарни избори. Тоа е единствениот начин да видиме дали анкетите се лажни или не се лажни. Нема друг начин, истакна претседателот Мицкоски.Единствен начин за да докажеме и покажеме дали е тоа така е да одиме на избори. Тогаш народот ќе си каже дали тие се добрите и нас не чека пораз, или пак работата е сосема поинаква. Само да не биде како после локалните избори да прават математики и гимнастики, додаде тој.

Македонија | пред 3 години

50251395362_d8f1e0167d_c

Ковачевски е толку уплашен од Џафери што вчера мораше да гледа и фудбал со него, реагира ВМРО-ДПМНЕ

„Ако падне Талат Џафери паѓа владата, затоа Ковачевски прави будала од себе и не смее да го осуди дивеењето во собрание“, реагира ВМРО-ДПМНЕ.Тие додаваат:„Ковачевски е толку уплашен од Џафери што вчера мораше да гледа и фудбал со него, само за да покаже пред јавноста дека стои зад Џафери, и да го понесе срамот врз себе.До кога Ковачевски ќе продолжи да прави будала од себе за да не му излезе ДУИ од влада?Сите го слушнаа Талат Џафери како пцуе вработени во собранието и врши мобинг врз нив, само Ковачевски едвај чека јавноста да заборава на случајот, за да не мора да го осуди Џафери и да не му се налути ДУИ.Ковачевски само за да остане на власт е спремен да премолчи се, па дури и малтретирањето на вработените во собранието од страна на Џафери.Ковачевски е спремен на се, па дури и да се слика со примитивецот од Форино, додека цела јавност се згрозува, само да поседи уште некој ден во фотелјата во влада.Ковачевски е срам за државата исто колку и Џафери, затоа што за власт е спремен да жртвува десетина човечки судбини и да ги остави луѓето да бидат шиканирани од Џафери“.

Македонија | пред 3 години

sdsm-zecevic-kovacevski-8

Ковачевски навистина да се грижеше за граѓаните досега ќе ја прифатеше подадената рака на ВМРО-ДПМНЕ за излез од кризата, смета опозицијата

„Ако СДСМ навистина се грижеше за граѓаните и Македонија досега Ковачевски ќе ја прифатеше подадената рака на ВМРО-ДПМНЕ за излез од кризата“, вели ВМРО-ДПМНЕ.Тие додаваат:„Но Ковачевски продолжува да е заложник на заевизмот и на коалицискиот партнер.ВМРО-ДПМНЕ нуди пакет кој е во интерес на граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ предлага експерти кои можат да помогнат во клучните области, но и да се определи датум за предвремени избори, кои патем може да се одржат со изменет закон со една изборна единица како едно од барањата во коалицискиот договор помеѓу СДСМ и нивните помали партнери.ВМРО-ДПМНЕ со активната блокада ќе ги блокира законите кои што не носат добро за граѓаните. Тоа се закони за поединци или имаат за цел да го пљачкаат народот. Но, се што е од интерес за граѓаните како што се закони за повисоки плати, повисоки пензии, субвенции тоа нема намера ВМРО-ДПМНЕ да блокира, напротив сето тоа ВМРО-ДПМНЕ ќе поддржи“.

Македонија | пред 3 години

50251395362_d8f1e0167d_c

Тешки зборови за Талат Џафери од ВМРО-ДПМНЕ

„Три дена без никаква осуда или одговорност за Талат Џафери поради недоличното однесување во Собранието, од страна на крими коалцијата на власт СДСМ-ДУИ“, вели ВМРО-ДПМНЕ.Тие додаваат:„Пред 3 дена јавноста беше згрозена од видеото во кое се слуша како претседателот на Собранието, Талат Џафери со пцовки кон мајките на вработените, тој ги навредуваше и со примитивно однесување го покажа своето вистинско лице.Целосен молк и од Ковачевски за понижувањето на институцијата Собрание, за примитивизмот на Џафери и неговите навреди кон вработените во Собранието на Македонија.Димитар Ковачевски мислејќи дека со недоветност и игнорирање на овој однос, од страна на Џафери, македонските граѓани ќе го заборават ваквиот однос на претседателот на Собранието.Не само што не го осуди однесувањето на Талат Џафери, туку пиунот Ковачевски со неговиот молк се стави во одбрана на ваквиот примитивен одност на вториот човек по функција во државата.Не постои никакво оправдување за проститулокот и примитивниот однос на Џафери, Никој не е должен да трпи навреди со сексуални конотации, да биде бркан и навредуван со зборовите „сиктер“ и „мрш“ од примитивецот Џафери.Ваквото однесување на Џафери ја доведува во прашање неговата деловна способност и воопшто ментална стабилност за да извршува вакви високи државни функции, претседател на Собрание.Одговорност за ваквото однесување мора да има. Талат Џафери треба веднаш да си поднесе неотповиклива оставка“.

Македонија | пред 3 години

dzaferi-mickoski-543151234

Мицкоски го „рашамара“ Џафери и го испрати во „посебни институции“ за нервен систем

Се срамам што го познавам тој човек и не можам да разберам што е тоа што го држи Димитар Ковачевски при уши глув, при очи слеп, па да мора јавно тоа да го премолчува, што е тоа што го има заробено за да го трпи овој срам и понижување, бидејќи таму се навредува мајката на вработените кои што можеби се Македонци, Албанци, Турци, Срби, Власи, Бошњаци, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за снимката од собраниската сала што протече во јавноста на која се слуша глас на Талат Џафери.-Нема ниту одговорност, ниту некој нешто кажа, ниту пак медиумите, морам да признам, тоа го ставија на едно високо ниво. Ако некој човек има проблем со себе, и со својот нервен систем, има посебни институции кои што се грижат за тоа. Парламентот и вработените не се место каде што некој треба својот нервен систем да го лекува. Така што еве, ќе завршам како што и почнав, се срамам што воопшто познавам такви луѓе во мојот живот поради природата на мојата работа – рече Мицкоски.

Македонија | пред 3 години

talat-dzaferi33

Македонија не смее да е заложник на примитивизмот на Џафери, дециден е Стоилковски

„Ниту една институција во државата не смее да го премолчи примитивизмот на Талат Џафери во македонското Собрание! Примитивизмот на Џафери е насилство врз вработени, злоупотреба на позиција, кршење на човековите права, примитивизмот на Џафери е спротивен на сите документи за заштита на човековото достоинство. Џафери најбрутално го згази достоинството на позицијата собраниски спикер и воопшто позицијата пратеник во македонското Собрание“ вели Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Тој додава:„Единствен следен чекор во било кое демократско општество би било неотповиклива оставка на Џафери и повлекување од пратеничката функција од македонското Собрание! Се друго е ново тонење во катастрофа! Димитар Ковачевски со изјавата за примитивизмот на Џафери уште еднаш потврди дека е пион на крими - коалицијата ДУИ-СДСМ. Ковачевски потврди дека наместо премиер е пион и паж во власта на ДУИ и дека дозволува самоволие дури и од најпримитивно ниво само и само да остане на власт!Примитивецот од Форино има функција којашто е втора во државата и по функција го менува претседателот на државата кога тој е отсутен! Јавноста имаше прилика да го слушне вистинскиот карактер на примитивецот од Форино. Онаков недостоен примитивен излив на бес во прашање ја доведува неговата деловна способност и воопшто ментална стабилност за да извршува вакви високи државни функции! Државата не смее да биде заложник на апстиненцијални кризи и намалена деловна способност на човек именуван на висока државна функција за СДСМ да остане на власт. Државата не смее да е заложник во рацете на примитивецот од Форино само за пажот на ДУИ, пионот Димитар Ковачевски, да биде глув за примитивизмот на Талат Џафери, глуми премиер!Оттука, ги повикуваме сите релевантни државни и невладини институции во делот на обезбедувањето и логистиката на Парламентот, како МВР, СОЗР, па и ЈО, Народниот правобранител, но и Хелсиншкиот комитет, синдикатите и другите невладини организации, да отворат случај во име на заштита на достоинството и кредибилитетот на функцијата претседател на Собранието и Собранието воопшто! Молкот од нив ќе значи одобрување и воведување практика недостојна за било која колку- толку демократска држава!Нема и не постои оправдување за простотилак и примитивен однос кон вработени, не постои оправдување за пцости и навреди, какви што сета јавност во Македонија имаше прилика да го слушне примитивецот од Форино, Талат Џафери! Никој во Македонија не е должен ниту пак е вработен да трпи навреди со сексуални конотации, да биде пцуен и бркан со зборови „сиктер“ и „мрш“ од примитивецот од Форино, само за поданичката СДСМ да остане на власт!Оставка на Џафери веднаш! Оставка на владата веднаш! Само избори се спас од катастрофата!“

Македонија | пред 3 години

nikoloski

Николоски во Загреб на средба со 40-те највлијателни под 40 години од Европа и средби со државниот врв на Хрватска

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски кој е избран во 40-те највлијателни личности под 40 години во Европа од страна на бриселската Friends of Europe, во наредните три дена ќе учествува на средба во Загреб насловенa како „Спасување на демократијата од самата себе”. Во Загреб е предвидено да се сретнат овогодинешните избрани 40 личности од Европа, но и алумни од изминатите генерации.Покрај активното учество на тридневниот настан, Николоски ќе оствари и повеќе средби со високи хрватски политичари. Николоски ќе оствари средба со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, кој воедно ќе биде и учесник на настанот во Загреб. Исто така предвидени се и средби во хрватското Собрание со Гари Капели – претседател на комисијата за надворешни работи во парламентот на Хрватска и средба со пратеничката Маријана Петир. Николоски исто така ќе оствари средба во Министерството за надворешни работи со Гордан Грлиќ-Радман – министер за надворешни работи на Хрватска. Николоски ќе ги искористи средбите со хрватските политичари за афирмација на пријателските односи помеѓу Македонија и Хрватска и потребата од почетокот на преговори со ЕУ.Организаторот на настанот во Загреб „Пријатели на Европа“ е највлијателна организација во Брисел и активно учествува во креирањето политики на ЕУ, а во нејзиниот управувачки комитет седат премиери, претседатели, претседатели на Европската комисија, евро комесари и други јавни личности од Европа.Целта на овој настан е заедничко вмрежување на 40 највлијателни личности под 40 години од Европа. Оваа година дел од настанот се и Михаел Шимечка потпретседател на Европскиот Парламент, Михаи Данила – потпретседател на најголемиот инвестициски фонд во светот Блек Рок, Катинка Хосу пливачка која има три олимписки златни медали и вкупно 96 медали во кариерата, Томс Јурјевс основач и директор на Сан Фајнанс груп која обезбедува преку 1,2 милијарди евра во кредити за мали корисници, Нектариос Каланти Претседател на градоначалниците на Европа, Софи Мусел позната актерка со улоги во филмови и серии на Нетфликс, Соиел Мирпур член на управниот одбор на Рокет Интернет најголема европска компанија за поддршка на високоразвиени технолошки компании, Бенјамина Кариќ градоначалник на Сараево, Марио Брандебург пратеник во германскиот Бундестаг, Кристина Хансен од Данска која е градоначалник на Холбаек, Тамара Срзентиќ која е министерка за јавна администрација на Црна Гора, Витолд Банка од Полска претседател на светската анти допинг организација и други успешни млади лидери од Европа.

Македонија | пред 3 години

sobranie-kovacevski

Блокирано Собрание додека СДСМ не попушти

„Од денес ВМРО-ДПМНЕ почнува со активна блокада на собранието, потребен е дијалог за предвремени парламентарни избори, Ковачевски охрабри се“, вели ВМРО-ДПМНЕ.Тие додаваат:„Ковачевски имаше доволно време да излезе од сенката на Заев и да го стави интересот на народот во прв план, но не се осмели.Државата се повеќе тоне. Вчера ДЗС излезе со официјален податок и констатираше двоцифрена инфлација. За една година цените на основните производи се зголемени од 10% до 50%. Народот плаќа 30% поскапа струја и 15% поскапо парно. И секој ден има се повеќе проблеми, Ковачевски не е нов во политиката, тој беше и заменик министер за финансии. Тој е дел од проблемите, и не може да биде решение за истите.Ковачевски треба да сфати дека Заев нема да му ги реши проблемите, тој е премиер и за сите неуспеси е директно одговорен самиот тој. Но неговите неуспеси ги плаќа и народот кој е се посиромашен. Затоа нема повеќе простор за нови обиди, државата е донесена до ситуација на повеќе кризи. Избори час поскоро.Токму затоа потребни се предвремени парламентарни избори, а активната блокада е одговор на игнорирањето на власта“.

Македонија | пред 3 години

paridenari1

Инфлацијата е двоцифрена, стандардот на граѓаните стрмоглаво паѓа, алармира ВМРО-ДПМНЕ

„Во месец април Македонија бележи двоцифрена инфлација, што покажува дека стандардот на граѓаните е во стрмоглав пад. Државниот завод за статистика објави податоци дека индексот на трошоците на животот во април 2022 година, во однос на април 2021 година, бележи зголемување од 10.5%, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 11.1%. Патем инфлацијата во Македонија во споредба со просечната инфлација во Европа е далеку поголема“, вели ВМРО-ДПМНЕ.Тие додаваат:„Ова е резултат на неспособноста и неодговорноста на власта на СДСМ. Секој месец инфлацијата расте и расте се повеќе, што покажува дека мерките на власта не дале никакви резултати, туку напротив состојбите во економијата се влошуваат од ден во ден. Над 35% од граѓаните живеат во ризик од сиромаштија, 7000 компании ставија клуч на врата, 2021-ва година ја завршивме со најмал раст на БДП во споредба со земјите од регионот, долгот незапирливо расте, веќе е над 7 милијарди евра, а се најавува уште едно рекордно задолжување од 900 милиони евра со што ќе дојде до 65% од БДП. Ова се само дел од поразителните економски параметри, што се резултат на катастрофалните економски политики и мерки на владата на СДСМ и ДУИ.Затоа велиме дека најдобро за економијата во Македонија е промена на оваа криминална, неспособна и неодговорна власт. Ковачевски покажа дека има голем мерак на фотелјата и не го интересираат граѓаните. Ако сака нека ја земе фотелјата дома, само нека ја спаси државата од својата неспособност“.

Македонија | пред 3 години

miteva13022022

Митева му објаснуваше на Богоев зошто треба предвремени избори

Она за што треба да разговараме и што ги интересира граѓаните е сиромаштијата и кризите кои што вие ги предизвикавте, му порача Марија Митева, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ на Стефан Богоев потпретседател на СДСМ, во вечерашното гостување во емисијата Анализа на телевизија 24.Митева посочи дека потребно е одржување на предвремени парламентарни избори на кои граѓаните ќе одлучат дали ќе одберат иднина која што ја нуди ВМРО-ДПМНЕ, или продолжување на политиките на СДСМ, укажувајќи дека владата не може да зборува за добри и лоши закони имајќи во предвид дека изминатите 7 месеци само 33 закони има сработено и предложено до Собранието, додека пак ги кочи законските решенија поднесени од ВМРО-ДПМНЕ.СДСМ нема 100 дена влада, има пет години континуитет на криминал, корупција, тендери во четири очи, двоцифрена инфлација, највисока историски 10.2 е 2008 година, 10.5 е оваа година, имаме зголемување за 20 проценти на маслото, имаме зголемување на 10 процените на цените на прехранбените производи, рече Митева и додаде:За каква парламентарни демократија зборуваме, за какви добри закони, и за какви демократи во Собранието каде што само да потенцирам 21 седница, утре ќе биде 71 седница, ВМРО-ДПМНЕ предлага закон за заштита на населението од заразни болести, 42 седница, закон за основно образование каде што немаше да се случи ништо, каде што немаше да се случи штрајкот на просветните работници доколку овој закон се донесеше. 45 седница за кон за служба во Армијата, нели имаме проблем со безбедноста, зошто не се заштитат луѓето кои што работат во Армијата, зошто не се донесе овој закон, за кој што велите дека сега е блокиран од ВМРО-ДПМНЕ. 65 седница закон за тутун, производи од тутун и сродни производи, во период од 5 ноември 2021 година до 6 мај 2022 година владата за овие шест месеци има поднесено 38 закони, од кои само 5 се ратификации. Што значи дека 33 закони има владата сработено и предложено до собранието за овие 7 месеци. Е поради оваа неспособност, поради оваа економска криза, енергетска криза, поради овој нарушен животен стандард, ајде на избори и граѓаните нека одлучат дали политиките на ВМРО-ДПМНЕ се оние кои што треба да донесат иднина во државата, или ќе одлучат дали политиките на СДСМ се оние кои што треба да останат.На прашањето дали ќе потрае блокадата Митева нагласи дека истата ќе трае се до одржување на предвремени парламентарни избори, укажувајќи дека СДСМ цени дека државата треба да ја води како сопствена фирма и врз основа на монолог.Блокадите во собранието ќе продолжат се до одржување на предвремени парламентарни избори од причина што СДСМ цени дека државата треба да ја води како своја сопствена фирма и врз основа на монолог ќе врши и ќе носи решенија, при понуден дијалог од наша страна, изјави таа.Митева му порача на Богоев дека владата не можат да ги реши кризите, бидејќи токму владата ги предизвикува, нагласувајќи дека потребно е одржување на избори на кои граѓаните ќе одлучат.Ајде да ги намалиме кризите кои што ги предизвикувате, зошто не можете и да предизвикувате и да бидете решение за кризите, тоа е невозможно. Ајде да излеземе на избори и граѓаните да одлучат, му порача Митева на Богоев.

Македонија | пред 3 години

mickoski-mickovski-hristijan

„Анкетите се јасни, народот е за предвремени парламентарни избори, ВМРО-ДПМНЕ со најголема доверба, Мицкоски со најголема поддршка“

„Анкетите се јасни, народот е за предвремени парламентарни избори, ВМРО-ДПМНЕ со најголема доверба, Мицкоски со најголема поддршка“, вели ВМРО-ДПМНЕ.Тие додаваат:„21.2% од граѓаните својот глас би го дале за ВМРО-ДПМНЕ, наспроти 16.2% за СДСМ.ВМРО-ДПМНЕ е партија со најголема поддршка кај граѓаните, а СДСМ тоне.Народот гледа кој работи и гради, и кој знае да ги решава неговите проблеми. Јасна е разликата во пристапот на работа, а тоа најдобро се гледа по градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. Во општините каде ВМРО-ДПМНЕ е на власт реализирани или отпочнати се над 1.000 проекти, за разлика од таму каде што СДСМ управува и имаме целосна стагнација.Граѓаните сакаат политичари кои ќе нудат решенија и ќе ги решаваат нивните проблеми.Претседателот Мицкоски е политичар со најголема доверба кај граѓаните и има рејтинг двојно поголем од Ковачевски.Анкетите се јасни. Предвремени парламентарни избори час поскоро за промени и иднина“.

Македонија | пред 3 години

sdsm-zecevic-kovacevski-8

И самиот Ковачевски ги кажа причините поради кои мора да има лидерска, на која треба да се разговара и за избори, порача опозицијата

„Самиот Димитар Ковачевски ги кажа причините поради кои мора да има дијалог, лидерска средба на која треба да се разговара и за избори“, вели ВМРО-ДПМНЕ.„Поскапувањето, инфлацијата, енергетската криза, стагнацијата на патот кон ЕУ се работите на кои граѓаните чекаат решенија и одговориОдговорноста за незрелото однесување на Ковачевски ќе биде единствено на оваа влада.СДСM има позиција дека подобро државата да е во криза, само Ковачевски и неговата дружина да се на позиции и да ги имаат во посед функционерските фотелји, или колку полошо за народот толку подобро за СДСM“, додаваат тие.

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања