ДПМНЕ

244497752_222960099809695_4013329667676755550_n

Томовски: И во 90тите кога СДСМ беше на власт исто беше како денес, се чекаа редици за масло, брашно и млеко, премногу е!

„Паметам во деведесеттите имаше редици за гориво, тогаш пари имаше гориво немаше. Денес гориво има, пари нема“, вели Ивица Томовски, член на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.Тој додава:„Во деведесеттите имаше редици за масло за јадење, брашно, млеко. Денес е исто така. Во деведесеттите СДСм беше на власт, а и денес се тие на власт. Тогаш народот не излегуваше на улица, денес со сето тоа искуство местото е на улица. И ако од нив не само што е многу, туку премногу е!“.

Коментари | пред 3 години

jovan-jauleski

Јаулески алармира: Ако ништо не се преземе од утре ќе има шок цени на основните продукти!

Ако Владата не преземе ништо, од утре ќе има драстично поскапување на цените на основните продукти за човечка исхрана, посочува пратеникот Јован Јаулески од ВМРО-ДПМНЕ.!Најмалку за 5% (ДДВ) ќе поскапат: лебот, брашното, оризот, месото, шеќерот, сончогледово масло, млекото, јајцата. Дополнително се одмрзнуваат и маржите за трговците. Доколку власта не ја продолжи одлуката за повластена стапка на ДДВ за дизел и бензин горивото и тоа ќе поскапи за околу 10 денари. Имајќи во предвид дека власта не се грижи за граѓаните, пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ побара до 31 декември 2022 година: 1. ДДВ 0% за основни прехранбени продукти 2. ДДВ за горивата да е 5% 3. Преполовување на акцизата за горивата Пратениците од мнозинството имаат избор дали се на страна на граѓаните или на страна на владеачката елита“, алармира Јаулекси.

Македонија | пред 3 години

goce-delcev624523

Барањата на Бугарија не смее да станат дел од преговарачката рамка, Ковачевски да не молчи и да каже дали одобрил откажување од Делчев?, бара опозицијата

„Барањата на Бугарија не смее да станат дел од преговарачката рамка, Ковачевски да не молчи и да каже дали одобрил откажување од Делчев?“, прашува ВМРО-ДПМНЕ.Тие додаваат:„Ковачевски молчи и не прави ништо за Македонија. Бугарските барања за ставање на нивните ултиматуми и уцени во преговарачката рамка која ќе треба да ја исполни земјава при влез во ЕУ се заглавување на Македонија и можност Бугарија да бара нови и нови отстапки кога ќе посака, а сето тоа да го правда како обврска за влез во ЕУ.ВМРО-ДПМНЕ нема да поддржи ставање на бугарските барања во преговарачка рамка, доколку тоа треба да биде гласано во собранието.Прифаќање на таква рамка е капитулација за државата.Ковачевски да не молчи и да каже и дали одобрил откажување од Гоце Делчев?Ковачевски како ни се до сега молчи и за преговарачката рамка која сакаат да ја наметнат Бугарите и за Делчев. Ковачевски не направи ништо за државата откако е премиер. Само порази и неуспеси. Затоа се потребни предвремени парламентарни избори час поскоро“.

Македонија | пред 3 години

policija-rotaciona-svetla

Се плашат ли Ковачевски и Спасовски дека ДУИ ќе излезе од влада, па молчат за пукањето на заменик директорот на БЈБ, вели опозицијата

Се плашат ли Ковачевски и Спасовски дека ДУИ ќе излезе од влада, па молчат за пукањето на заменик директорот на БЈБ, вели ВМРО-ДПМНЕ.„Според информациите кои ги објавија медиумите, Ариф, заменик директор на Бирото за јавна безбедност, придружуван од уште едно лице по меѓусебна расправија со началникот на ЕБР Чаир, Едмонд Миртезани, се пресметале со пукање од огнено оружје.Зошто случајот и три дена откако се случил се уште не е расчистен. И зошто не се преземени мерки за суспендирање на заменик директорот на БЈБ?Дали Спасовски и Ковачевски се плашат од ДУИ и само за да не излезат од влада, се спремни да премолчат секаков криминал и скандал?Спасовски исто како и Ковачевски е заробеник на ДУИ и желбата за власт.Македонија со СДСМ само губи. Затоа потребни се предвремени парламентарни избори час поскоро“, се вели во соопштнеието.

Македонија | пред 3 години

50251395362_d8f1e0167d_c

Ковачевски молчи и за средбата на Џафери со претставници од Чеченија, од страв да не му падне владата, вели опозицијата

„Ковачевски молчи и за средбата на Џафери со претставници од Чеченија, од страв да не му падне владата“, вели ВМРО-ДПМНЕ.Тие додаваат:„Ковачевски не смее да го осуди Џафери и да побара одговорност од него од страв дека ДУИ ќе му излезе од влада.Сликата која ја гледаме деновиве, каде Ковачевски молчи и одобрува шиканирање и пцуење на вработени во собранието од страна на Џафери, но и негови безбедносно сомнителни состаноци, е доволна причина и одговор зошто треба да има избори час поскоро.Ковачевски е спремен да премолчи и криминал, само за да остане на власт. Со Ковачевски на чело на владата имаме уценет премиер.Талат Џафери е опасност за безбедноста на државата и го поткопува интегритетот на Собранието.Џафери го користел Собранието и позицијата која му ја нуди власта да се среќава со високо позиционирани луѓе од Чеченија и поранешни членови на Руската Дума, и сето тоа се обидел да го сокрие од јавноста.Џафери не ги информирал медиумите за неговата средба, ниту пак истата е нотирана на собраниската интернет страница.Нејасно е зошто Џафери ја криел средбата со Чеченците и дали за тоа се информирани нашите безбедносни служби и сојузниците?“.

Македонија | пред 3 години

Mickoski-01.06

Мицкоски: Да чекориме обединето кон заштита на нашиот идентитет, честитки до МПЦ-ОА

„Голем ден за нашата света Македонска Православна Црква - Охридската Архиепископија“, порача претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.Тој додава:„Нашата црква мора да е обединета, нашиот Синод, свештеството, исто како што мора да биде обединет и нашиот народ, и тогаш сите искушенија, бури и премрежја ќе бидат премостливи.Да продолжиме да чекориме обединето.Честитки за мудроста, обединетоста и достојноста на Синодот и неговото блаженство г.г. Стефан, за градењето на мостови, за бранењето на нашиот идентитет и вредности во кои веруваме, за премостените децениски и вековни јазови.После одлуката на Вселенската патријаршија, како и оваа денес, сведоци сме на историја важна за нашиот народ и нашата Македонија!Нека е за многу години!“.

Македонија | пред 3 години

talat-dzaferi-kovacevski

Ковачевски и СДСМ со молкот ја превзедоа вината, срамот и одговорноста од поведението на Талат Џафери, смета Ковачки

„Денес е работен ден во Собранието на Република Македонија и ако имаше барем грам доблест Талат Џафери денес ќе си поднесеше оставка од позицијата Претседател на Собранието. Прво тоа ќе го направеше заради примитивното и вулгарно однесување кое го манифестираше кон вработените кои ги пцуеше и навредуваше. Второ, заради скандалозната средба која ја имал со делегација во која учествувал и чеченски политичар, поранешен пратеник во руската Дума и соработник со режимот во Кремљ“, вели пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.Тој додава:„Овие два скандали се доволни во Европа да заврши кариера на било кој политичар, а не пак на претседател во Собрание. Зарем има друг претседател на Собрание во земја членка на НАТО кој остварува контакти и средби со лица од безбедносен ризик за државата или за стратешките партнери. Одговорот е нема друг освен Џафери. Има ли некој функционер во демократска земја кој навредува вработени и после тоа не понесува одговорност? Одговорот е нема друг освен Џафери. Срамно е што државните институции молчат за скандалот кој го предизвикал Талат Џафери среќавајќи се со безбедносно-интересно лице од Чеченија.Неодговорно е од Ковачевски, Пендаровски и Спасовски да молчат за средбите на нивниот Талат Џафери со лицето кое е основач на здружението „Муслиманите со поддршка за претседателот Путин".Треба ли некој да ги потсети споменатите дека извршуваат одговорни државни функции и дека со безбедноста на државата не смее да има импровизации, а дека меѓународниот углед се должни да го чуваат, а не да го рушат.Заради зачувување на криминалната и анационална коалиција на власт, Ковачевски, Пендаровски и Спасовски се подготвени да го одмолчат, а со тоа и да ги оправдаат скандалите кои секојдневно ги прави Талат Џафери.Но Ковачевски и сопартијците очигледно одбраа да се водат од принципот „не сме од овде, ништо не сме виделе и ништо не сме чуле“.Бидејќи го брани Талат Џафери, тогаш и Ковачевски и СДСМ подеднакво ја прифаќаат вината, срамот и одговорноста, а бидејќи СДСМ и ДУИ и нивните функционери заедно крадат, заедно го тормозат народот, заедно го игнорираат очигледното, тогаш и заедно ќе бидат поразени и заедно ќе одговараат“.

Македонија | пред 3 години

Mucunski

Муцунски: Владата води попустлива политика во преговорите со Бугарија, бугарските барања не смее да влезат во преговарачката рамка

Имајќи предвид дека владата води попустлива политика во делот на надворешната политика, граѓаните се загрижени кој и што преговара со Бугарија, изјави Тимчо Муцунски потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и градоначалник на општина Аеродром при посетата во Битола, одговарајќи на новинарско прашања за преговарачката рамка за Македонија при што истакна дека никако не смее да се дозволи бугарските барања да влезат во рамката.- Во делот на надворешната политика би кажал дека Бугарија има такви ставови какви што има кои се неевропски и кои не содејствуваат со демократските вредности на 21 век и тоа никако не би смееле да дозволиме ние како држава која има свое влијание како би изгледала преговарачката рамка доколку се дојде до нејзе такви ставови и гледишта да има во неа, рече Муцунски.Тој посочи дека истовремено тоа што секој граѓанин на Република Македонија го загрижува е фактот што имаме влада која е позната по попустливост во надворешната политика и влада која не знае да ги заштити македонските национални интереси.Затоа верувам дека граѓаните, но и ние како политички субјект сме навистина загрижени кој ги води преговорите во овој момент. И економијата и надворешната политика се само дел од аргументите и дополнителна теза од потребата за брзи предвремени парламентарни избори. ВМРО—ДПМНЕ како политичка партија е подготвена да се откаже од т.н. Пржинска влада дајте час поскоро да има парламентарни избори, изјави Муцунски.

Македонија | пред 3 години

Kovacki-11.02.2021

СДСМ молчи за јавниот срам пред стратешките партнери за средбата на Џафери со чеченски политичари блиски до Путин, порача Ковачки

„Власта на СДСМ и ДУИ декларативно е за НАТО, а остварува контакти и средби со лица блиски до режимот во Кремљ. Тоа е лицемерие пред граѓаните, а бламажа на меѓународна сцена и пред стратешките партнери. Скандалот со делегацијата која ја примил Талат Џафери во Македонското Собрание во која биле дел чеченски политичари, поранешни пратеници во руската Дума отвораат низа на прашања, кои за жал остануваат неодговорени“, вели Драган Ковачки, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.Тој додава:„Молчи Талат Џафери, молчи СДСМ, молчи Ковачевски, молчи Владата, молчи претседателот Пендаровски, молчат надлежните безбедносни институции.Зарем е нормално во Парламент на земја членка на НАТО, средба да имаат претседател на Парламентот и лице каков што е Абдул-Вајед Нијазов, поранешен пратеник во Думата и основач на здружението „Муслиманите во поддршка на Претседателот Путин“. Ова лице е со потенцијален безбедносен ризик и затоа се потребни одговори како, зошто и кој дозволил таква средба, за што се разговарало на таа средба и дали воопшто Џафери ги известил безбедносните служби за оваа средба.Одговори и одговорност должат и коалициските партнери СДСМ, кои не треба да се кријат туку да одговорат дали и тие партиципирале на средбите и знаеле за намерите да се гради споменик на Ахмат Кадиров во Тетово, лик кој ги основал воените структури популарно наречени Кадировци.Ова ја компромитира Македонија и ја нарушува довербата пред нашите стратешки партнери.Очекуваме Талат Џафери и коалицијата предводена од СДСМ да дадат одговори, но и Ковачевски, кој веројатно пак ќе се правда дека не видел или не чул, исто како што се правдаше за примитивното и вулгарно однесување на Талат Џафери кога ги пцуеше и навредуваше вработените во Собранието.За доброто на институцијата Претседател на Собранието, но и за имиџот на Македонија најдобро е Талат Џафери да си поднесе оставка, а прв кој треба тоа да го иницира е Димитар Ковачевски како претседател на СДСМ. Но народот вели врана на врана очи не вади, па така својата дружба Талат и Ковачевски не сакаат да си ја расипат, по цена на јавен срам на институциите и на Македонија како држава“.

Македонија | пред 3 години

mickoski-45312

Малку кој веруваше дека ќе имаме двоцифрена инфлација, вредноста на 30.000 денари сега и пред една година не е иста, порача опозицијата

„Малку кој веруваше дека ќе имаме двоцифрена инфлација која е една од највисоките во регионот. Малку кој веруваше дека за една година цените на основните животни потреби на граѓаните ќе се зголемат од 30 до 100%“, вели ВМРО-ДПМНЕ во реакција на видео обраќањето на Димитар Ковачевски.Тие додаваат:„Цената на струјата е покачена за 30%, цената на горивата е покачена за 80%, цените на лебот и брашното се покачени за 100%, шеќерот за 40%, млекото за 50% , маслото за јадење е двојно поскапо итн.Стандардот на граѓаните е уништен. Платите ја изгубија својата вредност. Прашањето кое треба да си го постават во владата е колкава вредност имаат 30 илјади денари сега, а колку имале пред една година.Ковачевски треба наместо со евтини пи-ар трикови и снимени обраќања, да се симне меѓу народот и да ја види растечката сиромаштија.Над 35% од граѓаните се во ризик од сиромаштија. Над половина милион граѓани живеат со 150 денари дневно, а власта во исто време предвидува стотици милиони евра за непродуктивни трошоци како набавки на мебел, службени возила, цвеќиња, кафиња, жардињери, плаќа криминални физибилити студии и испумпува пари во партиски фирми преку матни тендери.Криминалот, неодговорноста и неспособноста на оваа власт на СДСМ и ДУИ народот скапо ја плаќа“.

Македонија | пред 3 години

antonijo-antonio-milososki-milosovski

Зошто Талат Џафери молчи за средбата со Чеченска делегација во Собранието, дали е ветен изградба на споменик на таткото на Рамазан Кадиров?, прашува Милошоски

„Што ѝ ветил Талат Џафери на делегацијата од Чеченија?“, прашува Антонијо Милошоски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.Тој додава:„Чудна посета на Собранието на Македонија се случила на 10.07.2021 година кога Талат Џафери како Претседател бил домаќин на делегација од руската Чеченска Република. На чело на чеченската делегација бил Абдул-Вајед Нијазов, марионета на Кремљ во тамошниот "Исламски културен центар", поранешен пратеник во Думата и основач на здружението "Муслиманите во поддршка на Претседателот Путин". Иако за секоја средба со странски гости собранискиот Спикер ги информира медиумите, овој пат Талат Џафери одлучил да биде дискретен и да не сподели што разговарал и дали нешто му ветил на контроверзниот гостин⁉️Гостите од Чеченската Република го посетиле и Тетово каде објавиле дека со општината се договориле за изградба на парк и споменик на Ахмат Кадиров, првиот претседател на Ч.Р. и носител на орден "Херој на Русија". Инаку Ахмат Кадиров е татко на сегашниот деспотски шеф на Чеченската Република, Рамазан Кадиров, кој со неговите војници ревносно му помага на претседателот на Русија во инвазијата врз Украина, често извршувајќи ги најбруталните операции.Во чест на милениците на Путин од Чеченската Република бил организиран и свечен ручек во елитниот хотел "Буши" во Скопје, но нема информација дали сметката е платена од буџетот на Собранието или платил некој друг. На собраниската веб страна нема информации за овој настан, но за среќа во Агенциите за безбедност има детални извештаи“.

Коментари | пред 3 години

nikoloski28012022.jpg

Николоски: Владата да не ја игнорира опасноста, местото на Македонија е во ЕУ а не во втора лига

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски, денес присуствуваше на настан посветен на одбележувањето на Денот на Европа, кој се одржа под насловот ,,Демократијата во Европа – 30 години по Мастришкиот договор” и посочи дека силно сме проевропски ориентирани и ја поддржуваме интеграцијата на Македонија во ЕУ.Николоски говореше на тема за која рече дека некако се избегнува во Македонија, која не треба да се сфаќа несериозно и истакна дека на истата таа тема ја посветил неговата последна колумна.- Имено, претседателот на Франција Емануел Макрон после последната победа на претседателските избори, мислам дека излезе досега со најјасен негов концепт за скицата на идниот европски модел. Како што гледаме, тој концепт од некои земји членки на ЕУ дури беше и поддржан, а вчера претседателот на Европскиот совет најави дека ќе свика еден собир на кој ќе се разговараа за оваа идеја. Накратко кажано, скицата е многу едноставна, ЕУ на постојните членки плус некоја нова земја доколку ги исполни економските правни и системски критериуми на ЕУ, сите останати кои не сакаат да се дел од ЕУ која е една мала група од веројатно Велика Британија, Швајцарија и Норвешка и оние кои не ги исполнуваат критериумите за членство во ЕУ, секако тоа една далеку поголема група, тука се Балканските земји и земјите од Истокот на ЕУ да бидат дел од т.н. Европска политичка заедница. За наједноставно да ја опишеме таа нова Европска политичка заедница и за јавноста и за медиумите, мислам дека се работи за една лабава форма на осојузување без цврста хиерархија, без извршна економска моќ, некоја напредна форма на Советот на Европа или ОБСЕ ако сакате. Во превод, далеку од европскиот сон кој го сонуваат генерации и генерации Македонци. Оттука, за мене збунува игнорантноста на македонската владејачка структура како и на општествената елита за овој предлог. Воопшто не се отвора дебатата, а дури одредени структури се огласија и мислат дека е добра идеја. Јас лично, мислам дека за Македонија, членството во ЕУ нема и не смее да има алтернатива. – рече Николоски.Николоски додаде дека не смееме да размислуваме на ниту еден друг проект освен на полноправно членство во ЕУ затоа што тоа граѓаните на Македонија со децении го заслужуваат. Продолжи и кажа дека во исто време мора да се работи силно на борба со организиран криминал и корупција, воспоставување на функционален систем на владеење на правото и силни реформи како економско покренување на Македонија кои ќе водат кон успешни разговори за членство во ЕУ.

Македонија | пред 3 години

klinika-hirurski-kliniki-

„Пациенти болни од рак оставени без терапија, владата и министерот загрозуваат животи“, реагира опозицијата

„Пациенти болни од рак оставени без терапија, владата и министерот загрозуваат десетици животи“, реагира ВМРО-ДПМНЕ.Тие велат:„90 пациенти на кои им е потребна биолошка терапија за колоректален, оваријален и цервикален карцином цел месец не можат да ја примат потребната терапија.Пациентите немаат примено терапија затоа што МЗ не распишало тендер за набавка на лековите.Под ризик се и пациентите со рак на бели дробови, бубрег и дојка, за кои во наредните неколку месеци ќе се исцрпи потребната терапија.Министерството за здравство да не си игра со животите на луѓето и веднаш да распише оглас за набавка на сите потребни терапии.Дали власта сфаќа дека нивната неспособност убива луѓе?Неспособноста и во здравството е една од причините зошто мора да има избори. Народот не смее да пати и страда заради криминогеноста и неспособноста на СДСМ и нивните коалициони партнери“.

Македонија | пред 3 години

protest-99

Стоилковски: Најавениот протест на ВМРО-ДПМНЕ ќе претставува катализирање на незадоволството од Власта до конечен пораз

Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување во „Утрински Брифинг“ зборуваше за најавениот протест на ВМРО-ДПМНЕ кој ќе се одржи на 18 јуни и посочи дека тој протест ќе се одржи како резултат на недовербата на граѓаните и незадоволството од Владата и всушност ќе претставува катализирање на тоа незадоволство се до конечен пораз.-Цел еден месец кој ќе биде проследен со активности кои ќе бидат во рамки како продолжение на оваа активна блокада на Собранието, оној активен отпор на ВМРО-ДПМНЕ и на опозицијата кон овие катастрофални, штетни политики на оваа власт после 5 години. Апсолутно се гледаат и рејтинзите на довербата кон Владата односно недовербата кон Владата, на оние анкети кои редовно се спроведуваат, се гледа дека повеќе од две третини од граѓаните јасно се изразуваат против власта. Недовербата кон оваа власт е нормална и ова ќе биде катализирање на она незадоволство до конечен пораз на катастрофите за Македонија, рече Стоилковски.Портпаролот Стоилковски во текот на своето гостување се осврна и на активната блокада на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието и потенцираше дека таа блокада во Собранието е токму за да се спречат штетните закони и решенија кои оваа власт ги предлага.-Активната блокада е токму тоа спречување на штетните закони и решенија кои ги предлага оваа власт која зад себе има тешки криминогени и лукративни моменти и кои одат на штета на државата, кажа тој.Стоилковски исто така говореше и за снимката за Талат Џафери и додаде дека јасно е дека нема сомнеж кој зборува и се обраќа на снимката.-Одеше во живо на Собраниски канал, од Собрание ја потврдија автентичноста на снимката и кој зборува, Талат Џафери го потврди сето тоа, јавноста го виде сето тоа, кажаа дека микрофоните биле вклучени и оставени така што нема сомнеж кој зборува и кому се обраќа, вели тој.

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-05-16-at-22.12.09

ВМРО-ДПМНЕ закажа протест, одреди и датум

ВМРО-ДПМНЕ остана на барање за предвремени парламентарни избори. Тие закажаа протест на 18 јуни, карактеризирајќи го како неопходен. Според нив, само со обединување на граѓаните, ќе има подобар живот.„Се согласивме од неопходност за организирање на голем народен протест на 18 јуни. ИК одлучи да продолжи активната блокада во Собранието, а ја оставаме отворена вратата за дополнителни чекори. Остануваме со подадена рака за напатениот народ. Молкот не е опција, протест за промени и подобар живот. Основата причина за одлуката е отсуството на било каква подготвеност на премиерот за вообичаен политички дијалог со опозицијата“, рече Тимчо Муцунски.Тој додаде дека не се исклучува можноста за дополнителни чекори.

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања