ДПМНЕ

kovacki-petrovska

Славјанка купува хеликоптери во период на избори, утре кога ќе ве тегнат по судови Талат нека ве брани, ѝ порача Ковачки

Пратеникот и претендент за нов мандат, Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ, одново ја нападна министерката за одбрана, Славјанка Петровска. Според него, одлуката на Владата за купување на хеликоптери во период на избори е со цел собирање на политички поени. Ѝ порача дека кога ќе ги тегнат по судови, да го викне Талат за да ја брани.Целото обраќање на Ковачки:Славјанка купува хеликоптери во период на техничка Влада и на распишани избори. Ако, така треба, терајте со одлуките, утре кога ќе ве тегнат по судови, Талат нека дојде да ве брани.*Македонското воено воздухопловство, после триесет години постоење, во време владеење на СДС, денес е сведено на еден до два, евентуално три функционални воздухоплови, со многу ограничени оперативни способности. Министерката наместо да се обидува да собира евтини политички поени, фалејќи се со договор за купување на нови хеликоптери, би било подобро да објасни зошто воздухопловството или воздухопловната единица наречена ВИНГ, е вратено(a) во 80-тите години од минатиот век.Наши хеликоптери и персонал во изминатиот период можеа да учествуваат на вежбовни активности во рамките на НАТО, надвор од нашата држава и тоа со употреба на ракетно и друго вооружување, во ноќни и сложени временски услови, а денес тоа е невозможна мисија!Славјанка Петровска треба да објасни зошто после 4 години членство во НАТО, воздухопловниот ВИНГ не е во можност за потребите на чување на нашето небо да обезбеди еден хеликоптер и посада за 24-часовно барање и спасување. (!)Доколку се направи подетална анализа на состојбите во македонската армија, веројатно ќе се дојде до слични сознанија и за другите капацитети, иако министерката за одбрана не пропушта прилика да не потсети дека континуирано ги зајакнува армиските способности. Најверојатно нејзините критериуми се базираат на зголемувањето на буџетот за подлажување на персоналот со додатоци на плата, а не на зголемената огнена моќ и обученост на персоналот.Додека таа се фали со купување на нови транспортни хеликоптери со кои треба да се заменат старите, во нашето опкружување се набавуваат високо способни борбени воздухопловни платформи (авиони, хеликоптери, дронови и сл.), со цел зајакнување на севкупните армиски способности. Пример, Хрватска го зголемува бројот на борбени воздухоплови од 20-тина на околу 40 и планира да издвои околу 2 милијарди евра во следните десетина години. Во Србија, Бугарија, Словачка, Чешка, Грција и други држави се случуваат слични процеси, а ние согласно нашата безбедносна проценка планираме да развиваме само транспортни воздухопловни капацитети. (?!) Очигледно власта не сака да се соочи со реалноста, односно дека и нашата држава е исто така загрозена како и нашите соседи, кои подолго време инвестираат во зголемување на огнената моќ на нивните воени воздухопловства и други армиски компоненти. Нејасно е кои воени експерти и партијаши од СДС заклучиле дека нас НАТО ќе не брани, а нашите соседи нема, па тие мора сами да се снаоѓаат и да набавуваат оружје.Воздухопловниот транспорт е значаен, но не е најзначаен и не може да се оправда трошење на огромни ресурси само за тој капацитет, особено кога државата располага со солидни хеликоптери за оваа намена, што овозможува доволно простор и време за внимателен и балансиран пристап во однос на опремувањето на воздухопловството со нова западна технологија. Според моите контакти со голем дел од професионалците, тие се на мислење дека доколку претходно не се разрешат наталожените проблеми, доаѓањето на новата техника само ќе предизвика мултиплицирање на постоечките проблеми. Значи, прво мора да се овозможат услови за непречен развој на оперативните пилоти, како и воздухопловно-техничкиот персонал. Потоа речиси едновремено треба да се работи на обновување на условите за едукацијата на нови кадри, а сето тоа е невозможно без обезбедување на ефикасна логистичка и техничка поддршка, или со еден збор воспоставување на ефикасен систем, базиран на систем на вредности и контрола на истиот. Всушност се работи за бројни предуслови и се чини МО и армијата немаат реална претстава што се треба да се направи за кратко време и колку ќе чини, со цел успешно прифаќање на новата воздухопловна техника. Со потпишувањето на овој договор за набавка на нови хеликоптери, всушност се одредува иднината на воздухопловниот елемент на нашата армија за следните 40 години. Прашање е дали воздухопловите кои биле во потесниот избор се детално анализирани во однос на сите елементи и способности, вклучително и нивната цена во однос на перформансите и мисиите кои треба да ги извршуваат. Исто така, оперативните трошоци, профилот и бројот на луѓе, компатибилноста на виталните склопови, едноставноста при трансферот на пилоти од еден на друг тип на воздухоплов и многу други на прв поглед неважни, но во процесот на експлоатација често критични елементи. Во случајов, согласно информациите со кои јас располагам, изборот на Леонардо е направен во последен миг, додека подолго време, од самите пилоти вклучени во процесот, предноста била давана на друга компанија и други типови на воздухоплови.И на крај, може ли да очекуваме тие што го сведоа воздухопловството на ниво на еден поскромен аероклуб, успешно да реализираат еден мега проект, кој ќе ја чини нашата држава околу една милијарда евра, бидејќи не се работи само за набавка на хеликоптери туку и за нивна подоцнежна повеќедецениска поддршка.Повторувам, договорот се потпишува во време на распишани избори.За жал власта се’ уште е убедена дека е семоќна. Среќа е крајот што се гледа, а новата влада предводена од ВМРО ДПМНЕ и новото раководство на МО ќе мора детално да го испита целиот процес на оваа капитална набавка за армијата.

Македонија | пред 1 година

vmro_dpmne

Соопштени носителите на листи на ВМРО-ДПМНЕ за парламентарните избори

Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ, најави дека тој ќе биде носител на пратеничката листа во изборната единица еден.За во изборната единица два, носител ќе биде Владо Мисајловски. Во изборната единица три, носител ќе биде сегашниот пратеник Драган Ковачки.Во изборната единица четири, носител ќе биде потпретседателот на партијата и пратеник, Александар Николовски. Одлука кој ќе биде носител во изборната единица пет – ќе биде донесена во текот на денот.Во изборната единица шест, носител ќе биде сегашната пратеничка Дафина Стојановска.

Македонија | пред 1 година

Mickoski-12.03.2022

Овие избори не се избор за Европа или изолација, туку за ВМРО-ДПМНЕ или Ахмети, Груби, Ковачевски, Маричиќ, посочи Мицкоски

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вели дека СДСМ и ДУИ шест години продаваат шарена лага и потпишале се што имале на маса, така што не само што не ја донеле Европа, туку Македонија ја оддалечиле од оваа цел. Овие избори, според него, не се избор помеѓу Европа и изолација, туку разлика помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата наспроти Ахмети, Маричиќ, Ковачевски, Груби, Османи, Зечевиќ, Пендаровски.„Ги нарушија сите преговарачки позиции и не добија ништо. Дури и последното што беше потпишано, Француски предлог, лага е дека е договор за членство во ЕУ. Ова е договор за дополнителни условувања и ќе го направи патот невозможен за Македонија и македонските граѓани. Шест и половина години не само што не ја донесоа Европа, туку нѐ оддалечија, донесоа криминал, економски назадавувавме, ветуваа раст на бруто домашниот произовид, а го завршивме со најнизок раст во регионот“, кажа Мицкоски.Тој додаде дека седењето дома е гласање за СДСМ и ДУИ.

Македонија | пред 1 година

mickoski-h-393

Мицкоски: Ќе направиме се да имаме универзитет на Шангајска листа меѓу првите илјада, како и секое дете да има учебник во претстојната 2024/25 учебна година иако сакаат да ни остават хаос

Многумина добиваат звање редовен професор и до пензија забораваат да напишат труд да напишал. И ние сакаме во една таква ситуација да имаме универзитет на Шангајската листа, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешната дебата „Образовна платформа за иднина“ на тема „Нов концепт за развој на образованието“.„За да се биде на Шангајската листа има два столба. Едниот столб е обврска на државата и со тоа идната влада на ВМРО-ДПМНЕ треба да се позанимава сериозно. Тоа значи државата да обезбеди околина, услови за научно функционирање, опрема и слично. Тоа е дел и обврска на државата, но обврската за наставниот кадар е да објавуваат трудови индексирани со висок фактор на влијание. Нашиот највисок рангиран е Универзитетот Кирил и Методиј и тој е нешто под двеилјадитото место и ние сакаме да имаме наука, тоа не е можно. Наука не може во вакви услови“, рече Мицкоски.Оттука рече претседателот Мицкоски, одлучивме да предложиме повисоки плати за сите наставници кои ќе имаат трудови со импакт фактор.„Сега се префрлам на основците. Сето ова е залудно ако основците на време не добијат книги. А немаат книги и тоа ни се случува не затоа што се натпреваруваат концепти, туку се натпреваруваат кој поголема провизија да земе, па една партија има една омилена печатница, друга има друга печатница. На крај од ова учениците се тие кои се негативно изненадени и немаат книги“, кажа Мицкоски.Мицкоски укажа дека новата влада која би се формирала некаде втора половина на јуни месец ќе гледа да направи се сите ученици да имаат книги.„Учебната година стaртува на први септември и информациите велат дека власта знаат дека ќе биде поразена и се обидуваат да остават тотален хаос. Но, ние ќе дадеме се од себе тоа да не се случи, како што и во техничката влада даваме се од себе да се среди хаосот кој го оставија со личните документи“, заклучи Мицкоски.

Македонија | пред 1 година

mickoski02032024

Мицкоски: Новата Влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе ги награди сите наставно образовни лица кои се занимаваат со наука сo дополнителни 50% секој месец во неговата плата

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешната дебата „Образовна платформа за иднина“ на тема „Нов концепт за развој на образованието“ која се одржа во Куманово спомена дека основниот фундамент е враќање на претшколското образование во рамките на министерството за образование.„Потребно е образованиот процес да биде комплетен. Сега имаме чувство дека образовниот процес не е комплетен. Кога зборувам дека не е комплетен, мислам во рамките на министерството за образование. Имаме основно, имаме средно и високо образование. Но, ни недостасува еден фундамент односно базата, а тоа претшколското образование, односно популарно наречените градинки. Тие се сега под одговорноста на министерството за труд и социјална политика. Во оној процес на реорганизирање и реструктуирање на Владата каде што планираме фундаментални реформи бидејќи цениме дека Владата вака како што е составена некако како да не одговара на современите текови кои што се потреба на граѓаните“, рече Мицкоски.Мицкоски додаде дека идната Влада на ВМРО-ДПМНЕ планира реорганизација во Владата, во самите ресори.„Претшколската едукација односно предосновното образование треба да го вратиме онаму каде што припаѓа, а тоа е во рамките на министерството за образование и наука“, нагласи тој.Тој рече дека е потребно и мотивација на наставно образованиот кадар.„Потребно е да се поработи и на мотивација на наставно образованиот кадар. Како ќе се мотивираме? Ќе се мотивираме како што се мотивираат во најголем дел од случаите, многу помалку луѓето денеска се мотивираат на поинаков начин освен материјално и финансиски. ние се обидовме во нашата програма да најдеме еден вид синергија помеѓу науката и финансиското мотивирање. И што направивме? Дадовме предлог во кој што секој оној наставно образовен кадар на високо образовните институции кој што ќе објави труд во списание со фактор на влијание, а тоа списание е дел од индексираната база „Томсон Ројтерс“ позната во науката како „web of science“ тогаш следната година државата ќе одвои дополнителни 50% секој месец за неговата плата“, појасни претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.Мицкоски укажа дека ако за наставното образовно лице одвојува државата за неговата месечна плата нето 60.000 денари, а тој во претходната година објавил труд во списание на влијание, тогаш следната година 12 месеци државата ќе одвојува 90.000 денари за тоа образовно лице секој месец. Секој кој што ќе се занимава со наука ќе биде награден.

Македонија | пред 1 година

Foto-3

Пендаровски ветуваше дека ќе го слуша народот и ќе се води од него, за после да изгуби контакт со реалноста на граѓаните и да стане аминџија на ДУИ и СДС, рече ВМРО-ДПМНЕ

„Стево Пендаровски ги лажеше граѓаните дека ќе го слуша гласот на народот и дека од него ќе чуел што треба понатаму да прави. Пендаровски ги доби изборите, отиде на Водно и ни народ слушаше ни бутур. Стана аминџија на штетните закони на власта и ништо повеќе“, велат од ВМРО-ДПМНЕ и додаваат:Како обичен писар потпишуваше се што ќе му пратат, целосно игнорирајќи ги ставовите на луѓето, експертите или медиумите. Најконтроверзните закони ги потпишуваше во рок од неколку часа по нивното гласање, онака како што ќе му наредеа оние кои го поставија на позицијата, ДУИ и СДС.Пендаровски не само што го изгуби кредибилитетот и интегритетот, туку изгуби и контакт со реалноста која ја живеат граѓаните. Тој со своите постапки и политики го погази достоинството на граѓаните и на државата.

Македонија | пред 1 година

300165679_364144309252857_1103966724647570933_n

Над 600.000 луѓе живеат со само 150 денари на ден, Македонија е најсиромашна држава со највисока инфлација, вели ВМРО-ДПМНЕ

„Над 600.000 луѓе живеат со само 150 денари на ден! Секој трет граѓанин живее со само 150 денари на ден! Македонија е најсиромашна држава во Европа и со најголема инфлација!“, вели ВМРО-ДПМНЕ и додава:Инфлацијата во Македонија е 50% поголема од таа во Еврозоната!Растот на БДП по глава на жител од 2017 до 2023 во Македонија е само 20%, додека во земјите од регионот Србија, БИХ, Албанија, Црна Гора над 50%!Јавниот долг за 7 години е зголемен за скоро 4 милијарди евра!Власта го задолжила секој граѓанин за 2.000 евра!Заради СДС и ДУИ секое четиричлено семејство должи по 8.000 евра!Македонија е меѓу 10-те земји со најголема стапка на криминал во Европа!Власта ја зголеми цената на струјата за 70% од 2020 до сега!Сметка за струја од 2.000 денари во 2020 година, сега е 3.400 денари!Власта плати веќе над 200 милиони евра кон „Бехтел и Енка“, а почеток на градба на автопатите не е ни на повидок!Македонија е на врвот на листата во Европа според индексот на мизерија! Помалку мизерни од Македонија се Алжир, Тунис и Нигерија!Mакедонија е земја со најниски плати и пензии во Европа последниве 6 години!Македонија тоне во корупција, тоа го нотираат извештаи на ЕК, Стејт Департмент, Германски стопанственици и странски претставници!Со оваа власт довербата во судството е само 2%!Европски фронт на ДУИ и СДС нема затоа што внукот на Афмети, Дрин ја купи „Соравија“ од 30 милиони без да вложи денар!

Македонија | пред 1 година

mickoski-Konvencija-1-02032024

Мицкоски: Откако ги понижија македонските интереси СДС во очај и немајќи што да понудат водат лажна и валкана кампања

СДС практично во очај, немајќи што да понуди на граѓаните, мислејќи дека на ваков начин со лажна и валкана кампања ќе нанесат штета и врз мене и врз идниот претседател професорката Гордана Силјановска Давкова, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за време на посетата на Виена, одговарајќи на новинарско прашање поврзано со лажните вести кои СДС ги пласира за средби со бугарскиот европратеник Андреј Ковачев.Откако практично се прифатија, откако практично зададоа жесток удар врз македонскиот идентитет неколку пати во изминативе години, откако не само што ја понижија и ограбија Македонија тие направија нешто кое следните генерации ќе треба да го исправат и сега наместо да бидат свесни за сето тоа што го направија и да направат чекор назад и да се обидат преку некаква позитивна кампања да привлечат глас повеќе, ако може, тие се обидуваат со една ваква ниска лажлива кампања да добијат некој поен повеќе, но нема да добијат, потенцираше Мицкоски.Мицкоски истакна дека се разбира дека тоа се лажни извештаи од луѓе кои за неколку недели од сега нема да бидат таму каде што се, но им порача нека продолжат со таа лажна кампања, со ниско ниво, а ВМРО-ДПМНЕ се разбира ќе продолжи достоинствено и секаде особено надвор да се бори за Македонија.- Ние на онаков начин како што му доликува на ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжиме да се бориме надвор од Македонија, ќе продолжиме да се бориме и во рамките на ЕПП и овде во Австрија и претходно во Франција, Швајцарија и насекаде во светот ќе продолжиме да се бориме за македонските национални интереси. Ќе продолжиме да се бориме да обезбедиме подобар живот за македонските граѓани, за иднината на Македонија како држава, затоа што ние сме ВМРО-ДПМНЕ и ние сме различни од СДС, а граѓаните може да направат разлика и да донесат заклучок, нагласи Мицкоски.Мицкоски потенцира дека од едната страна е понудата која ја нудат Али Ахмети, Бујар Османи, Артан Груби, Миле Зечевиќ, Бојан Маричиќ, Димитар Ковачевски а од другата страна е понудата која ја нуди ВМРО-ДПМНЕ борејќи се за македонскиот идентитет, подобра иднина, стандард, проекти насекаде.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Мицевски: На барање на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, по забелешките на Тошковски, денес беа изгласани измените на изборниот законик

„На барање на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, по забелешките и укажувањата од страна на министерот за внатрешни работи, господинот Панче Тошковски, денес во Собранието на Република Македонија едногласно и консензуално, беа изгласани измените на изборниот законик“, вели Никола Мицевски, пратеник и координатор на пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и додава:Без денешните измени во Изборниот закон, постоеше ризик да се прекрши основното човеково право, право на глас, на над 100 илјади граѓани во нашата држава.Ова е последица на хаосот кој што зад себе го оставија Ковачевски и Спасовски, со што илјадници граѓани останаа без личните документи и заробени во државата.Со овие измени кои денес се усвоени ќе може да гласаат сите граѓани чии што лични документи, пасош и лична карта им истекол рокот по било кој основ во период од 9 месеци пред изборите.Ова значи дека личните документи на граѓаните на Македонија кои им се истечени по било кој основ од август месец 2023 година па се до 8-ми мај 2024 година ќе можат да го искористат своето уставно право на глас на следните избори.Исто така со овие измени покрај другото, конечно се внесоа и најголем дел од забелешките на ОБСЕ/ОДИХР.Во овие измени значаен сегмент е измената со која во Избирачкиот список ќе бидат запишани сите полнолетни граѓани кои имаат живеалиште на територијата на Република Македонија.

Македонија | пред 1 година

384754836_871472544341483_1508962166847449224_n

СДС сама влегува во жива кал од лажни вести, се согласуваат ли со изјавата на Пендаровски дека Гоце Делчев е Бугарин?, вели ВМРО-ДПМНЕ

„СДС сама си влегува во жива кал од сопствени лажни вести“, велат од ВМРО-ДПМНЕ како реакција на соопштението на СДСМ и додаваат:Имаме едно кратко прашање, се согласува ли СДС со изјавата на Пендаровски дека Гоце Делчев е Бугарин?

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_26-08-2023_12-38-41-7350PM

Пратенкот Здравковски: Пациенти од велешката болница вртат во Брза помош, нема кој да им помогне!

„Граѓаните го изгубија правото на здравствена грижа во болниците.Тотален хаос и целосен распад на системот доживува нашата држава под владеење на СДС и ДУИ.Фрапантна и згрозувачка е информацијата што ја добивме пред неколку дена, а што се случила пред месец и половина во велешката болница.На 22.01.2024 година, пациент во неподвижна состојба со шипки на рацете и ‘рбетот, паднал од болничкиот кревет на физикалното одделение во велешката болница и повеќе од 2 часа не добил помош од персоналот на одделението иако безнадежно ги повикувал. Во таква беспомошна состојба пациентот успеал да го дофати својот мобилен телефон и да се јави на бројот 112 за да повика брза помош. Тие пристигнале, но никој не успеал да ги слушне и не им отвориле. Бидејќи повикот се прекинал и мислеле дека пациентот е во критична состојба биле принудени заедно со болничкото обезбедување, да ја разбијат вратата на одделението за да влезат и да му пружат помош на пациентот.Нели е срамота? Дали има во оваа држава барем малку морална и човечка одговорност? Дали функционерите имаат морална и човечка одговорност? Очигледно е дека господа од СДС и ДУИ дека ве интересираат само бизнисите и криминалните зделки, но како барем малку не се засрамите и да поведете грижа за граѓаните.Малку ли беше што го продадовте и го пониживте овој народ, му ги ускративте и основните човекови права, правото на движење, го заробивте во сопствената држава, но зарем луѓе од болничките кревети треба да се јавуваат во брза помош за да добијат основна нега.Зошто повеќе од еден месец се крие и воопшто не е решен случајот? Дали и овој пат сакате да го сокриете случајот исто како она со градинката кога негователка им даваше електронска цигара на мали дечиња?Како пратеник и граѓанин од Велес, од овде ги повикувам сите надлежни институции, веднаш да реагираат и да го расчистат овој случај. Згрозен сум од помислата дека и на други одделенија во државата се случува истото ова и многу животи се доведени во прашање.Почитувани,За многу кратко народот ќе си ја врати државата и во оваа држава ќе има систем на вредности, меѓутоа и систем на одговорност. За многу кратко народот ќе ја збрише оваа одродена власт и ќе ја испрати во историјата затоа што никогаш не било полошо!“, вели Игор Здравковски, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Велес и пратеник

Македонија | пред 1 година

Miteva-05.06.2022

Митева: Непријател на Албанците не е ВМРО-ДПМНЕ, туку ДУИ која се крие зад етничката припадност во нејзиното делување, а маката на сите граѓани е иста и нема подобар живот

Портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева во нејзиното гостување во емисијата „Првиот час“ која се емитува на Клан Македонија зборувајќи за реториката на ДУИ дека ВМРО-ДПМНЕ кога ја напаѓа ДУИ ги напаѓа Албанците истакна дека тоа е апсолутно не држи вода бидејќи доволно е да се сврти обратно тезата и излегува дека кога ДУИ ја напаѓа ВМРО-ДПМНЕ како најголема политичка партија во македонскиот блок е против Македонците.„Само доколку обратно ја свртиме тезата. Доколку ВМРО-ДПМНЕ излезе со став дека поради тоа што ДУИ ја напаѓа ВМРО-ДПМНЕ која што практично е најголема политичка партија во македонскиот блок, дали тогаш ДУИ се против Македонците. Мислам дека само доколку се обидеме да направиме паралела на тезите ќе видиме дека станува збор за една теза за која тие сметаат дека нив ќе им донесе нешто добро кај Албанскиот електорат“, истакна Митева.Таа исто така додаде дека најголем непријател на Албанците е токму ДУИ, која се крие зад етничката определба во нејзиното постапување, а сите граѓани тонат исто во сиромаштија.„Јас, напротив сметам дека ВМРО-ДПМНЕ многу јасно покажала дека нашето мислење е дека најголем непријател на Албанците е токму ДУИ, затоа што тие се кријат зад таа една етничка определба во рамки на своето постапување, а иста е маката и на Македонецот и на Албанецот којшто живее во Македонија и којшто нема подобар живот“, потенцираше Митева и додаде:„Ако ги видиме статистиките имаме 600 илјади граѓани коишто живеат со 150 денари на ден, а меѓу нив сум сигурна дека има и Албанци и Турци и Власи и Бошњаци и сите останати. Не би сакала да навлегувам во една ваква реторика затоа што ВМРО-ДПМНЕ ниту размислува ниту делува на тој принцип“.

Македонија | пред 1 година

Nikoloski-23.06

Николоски во Брисел на средби со Вархеи и Суперти

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во функција на известител определен од Парламентарното Собрание на Советот на Европа за Босна и Херцеговина денес e во работна посета на Брисел во институции на Европската Унија, со цел да разговараат за напредокот на Босна и Херцеговина, но и за можностите за напредок на Западен Балкан како целина.Потпретседателот Александар Николоски заедно со неговиот колега Немет најпрво ќе се сретнат со Оливер Вархеи - Комесар за проширување на Европската Унија и Валентина Суперти – Директор за Западен Балкан во Генералниот директорат за соседство и преговори за проширување на Европската Унија. На средбите е предвидено да се разговара за напредокот во исполнувањето на обврските на Босна и Херцеговина, како и за можностите за побрза интеграција на регионот во Европската Унија. Покрај овие средби предвидени се и други состаноци со претставници на Европската Комисија. Главен предизвик и за Босна и Херцеговина и за регионот е борбата со организираниот криминал и корупцијата и сериозната борба со корупцијата е главен предуслов за напредокот кон Европската Унија.Работната посета на овие институции во Брисел уште еднаш ја потврдува заложбата на ВМРО-ДПМНЕ за интеграција на целиот регион во ЕУ и е потврда за бројните пријателства кои ВМРО-ДПМНЕ ги има во рамки на Европската Унија, Советот на Европа и Европската Народна Партија како најсилна партија во Европа.Потпретседателот Александар Николоски е првиот македонски пратеник избран за известител на Мониторинг комисијата во Советот на Европа за било која држава во Европа.

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_01-10-2023_05-25-56-0090PM

Лефков: Маричиќ нека каже еден пример на функционер од ЕУ кој што злоупотребува службени средства како што прави тој

Вчера новинарите го фатија Бојан Маричиќ како користи државно, службено возило за партиски настан. Службените возила коишто имаат и свој возач се сопственост на државата, на народот и се платени од народни пари и не смеат да бидат користени на начин на којшто ги користи, и тоа замислете вицепремиер за евроинтеграции, вака пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков за време на денешната прес конференција одговори на новинарско прашање во врска со вчерашниот случај со вицепремиерот Бојан Маричиќ кој со службено возило беше да се потпише за кандидатот на неговата партија за претседател.„Нека каже еден пример каде функционери од Европската Унија вака злоупотребуваат службени средства. Очигледно е дека не се прави разлика буџет, сопствен џеб. Не се прави разлика меѓу сопствени и државни возила и помеѓу партијата и државата“, потенцираше Лефков.Тој исто така упати апел и до ДКСК да реагира за оваа злоупотреба и го повика Маричиќ да одговори уште за колку партиски активности во текот на вчерашниот ден го злоупотреби службеното возило.„Ја повикуваме Државната комисија за спречување на корупција веднаш да реагира за тоа што Маричиќ беше однесен во подрачната единица на ДИК за да го даде својот потпис на Пендаровски, што е чиста партиска активност, а Маричиќ може да одговори дали со тоа службено возило беше и на партискиот настан во Кавадарци и уште на колку партиски настани во неработниот ден, односно вчера е злоупотребено службеното возило“, истакна Лефков.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-03-02-at-13.46.25

Црната кампања против Силјановска, ја лути јавноста: „Преку јего ми се овие кои ја нарекуваат Гордана Силјановска баба“

„Преку јего ми се овие кои ја нарекуваат Гордана Силјановска баба. Прво, на ваков начин употребен изразот е дискриминирачки. Второ, не може да се отвори суштинска расправа за квалитетите на претседателските кандидати и она што го застапуваат заради вакви бесмислени квалификации“, напиша Мирјана Најчевска.Ова не е прва реакција, уште при крајот на февруари, беше забележано дека се води т.н. „црна кампања“ против Силјановска-Давкова, на што имаше остри рекации. Во тој период, таа не беше ниту официјален кандидат.„Се уште нема официјално потврдени кандидатури, ама почнаа да се везат приказни за една од потенцијалните кандидатки. Толку енергија се потрошило да се најдат трите датуми на раѓање кои се вртат на еден портал, што се прашувам што би било кога вниманието би се посветило на вистинска работа. И тоа замислете трите датуми на раѓање не се на официјални документи, туку на три различни веб страници! И таа е сега виновна за нечија грешка таму??? Аман, заман! За истата кандидатка имаше многу говор на омраза минатите претседателски избори, но се надевам дека приказната за датумите не е показател дека со тој говор на омраза ќе се продолжи!“, напиша Александра Цветковска.

Коментари | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања