ДПМНЕ

Screenshot-2024-03-21-at-22.49.37

(Видео) Три најголеми грешки на СДСМ, три најважни политики на ВМРО-ДПМНЕ и дали во партијата има заедништво

Портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева, тврди дека поделби во партијата нема, а ниту фракции. Според неа, се делува кохезивно. Во интервју за „Скопје1“ таа говореше за тоа што нѐ чека во изборната кампања. Посочи и три најголеми грешки на СДСМ, но и три политики на ВМРО-ДПМНЕ поради кои очекуваат најголема поддршка.„ВМРО-ДПМНЕ во изминатиот период покажа дека одлучува и делува самостојно. Нема дилема за кохезивоноста која владее, како политичка партија, пуслираме во еден ритам. Доволно јасно е за принципот и ставот на ВМРО-ДПМНЕ и колку сме останале истрајни по однос на нашите политички делувања“, вели Митева за „Скопје1“.Посочува дека фракции – нема.„Нема ни мини група, ако зборувате за изолирани случаи и индивидуи, не сметам дека треба да зборуваме за луѓе кои се таму каде што се поради нивна определена потреба и некоја нивна цел“, додава таа.Прашана кои се трите најголеми грешки на СДСМ, Митева вели: економија, криминал и корупција и ниско и ужасно, лошо водење на надворешна политика.За тоа што ќе му донесе гласови на ВМРО-ДПМНЕ вели: „силна економија, развој на економија во делот на инфраструктурата и многу работа.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-03-21-at-23.23.57

(Видео) Црната кампања не носи гласови, СДС без „м“ е прекар одраз на нивните постапки, вели Митева

Низ годините сите кампањи за време на изборите поминуваа со објава на низа прислушувани разговори, објавување на приватни животни детали, па дури и снимки од секс-скандали. За овие зборови се очекува ова да кулминира во трката по гласови. Марија Митева, портпаролка на ВМРО-ДПМНЕ посочува дека ваква црна кампања не носи гласови, па тие тврди дека нема да водат.„Мислам дека црната кампања ќе влијае кон нив негативно. Таа црна кампања не носи раст на желбата на граѓаните да се вклучат во изборниот процес. Ние не одбираме да настапуваме со негативна кампања. Ќе имаме целосна позитивна кампања, ќе ги промовираме нашите афирмативни мерки кои што навистина сметаме дека треба да ги реализираме како идна Влада“, кажа Митева.Прашана дали да се очекува да се открива и долниот веш на кандидатите, рече: „Тоа од ВМРО-ДПМНЕ не треба да го очекуваат граѓаните“. На прашањето, што со останатите партии во овој дел, додаде: „Се надевам дека ќе ја надминат таа своја политичка некоректност и дека ќе имаме фер и демократски избор, дека ќе им се овозможи на граѓаните да одлучат помеѓу платформи, а не помеѓу ниски кампањи“.Околу прекарот СДС без „м“, Митева вели дека тоа не е политичка некултура, туку одраз на постапките на партијата.„Јас сметам дека политичка некултура е кога од една страна зборувате за Европа, а од друга страна ја крадете Македонија. Мислам дека политичка некултура е да направите пустош во образованието, во економијата, да немате одлично здравство како што заслужуваат граѓаните. Мислам дека тоа е најголемата некултура. Ако споменуваме прекари, би било фер да кажеме дека прекарите доаѓаат согласно постапките. Така што, СДС е одраз на тоа што тие го направија на Македонија“, рече Митева.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-03-22-at-09.13.10

(Видео) „Колку пониско ќе одат, толку ВМРО-ДПМНЕ ќе биде пообединето“ – интервју со Митева од ВМРО-ДПМНЕ, за тоа што носат изборите

Во победа се уверени, валкана кампања очекуваат од СДСМ, за претседателскиот кандидат Гордана Силјановска-Давкова посочуваат дека ќе е првата жена-претседател на Македонија. Ова се ставовите на ВМРО-ДПМНЕ, кои во интервју за „Скопје1“ ги посочи Марија Митева, портпаролка на партијата. Се крои стратегијата, ќе има десетици митинзи. Не гледаат закана во помалите политички партии, а наведе и што е предноста на ВМРО-ДПМНЕ, но и зошто СДСМ ќе изгуби куп гласови.„Нема сомнеж дека ќе бидеме победници и ќе ја составиме следната Влада. ВМРО-ДПМНЕ нуди нова платформа, нов пристап во политиката. Време е за промени“, посочува Митева.Таа во интервјуто зборува и за тоа дали треба да се стравува што Силјановска-Давкова не е дел од партијата и е независен кандидат на изборите. Ги искоментира и споредбите на претседателскиот кандидат со градоначалничката на Данела Арсовска која се одметна од партијата која ја донесе на власт.„Колку пониско ќе одат (СДСМ), толку ВМРО-ДПМНЕ ќе биде пообединето“, порача Митева.„Уште еден доказ за тоа каде се креираат лажните вести е прес центарот на СДС. Да имате кристално јасна изјава на професорката, а вие врз основа на таква изјава прво да креирате лага и таа лага да ја продлабочувате на прес-конференции е доказ за тоа колку сте политички нестабилни, колку ги потценувате граѓаните и колку сакате да направите штета на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ. Тоа го прави само една слаба власт во заминување“, рече Митева.Објасни и како е избрана Силјановска-Давкова и како ќе се слави победата во која се уверени дека ќе ја имаат. Посочи и од што ќе зависи коалицирањето и со кои партии е тоа можно.„Граѓаните одлучуваат, нашата желба е ДУИ да биде дел од идната опозиција“, додаде Митева.Сценаријата дека со месеци нема да има Влада – за неа не се опција. Митева, беше прашана и дали имињата на Милошоски, Ѓорчев, Димовски ќе се најдат на пратеничките листи.Погледнете го целото интервју:

Македонија | пред 1 година

k15

Владата на СДС и ДУИ  во целиот мандат има раст од 1 процент БДП, а го зголемија долгот на 3.8 милијарди евра, вели Кадиевска Војновиќ

„Многу е лоша ситуацијата во државата и ако продолжи со ова темпо ќе биде уште полошо, за само 7 години оваа власт успеа да го зголеми долгот за неверојатни 3,8 милијарди евра. Тоа е цифра која што оваа власт како наследство односно како едно време ни ја остава на нас и на идните генерации на неродените деца“ посочи Маја Кадиевска Војновиќ член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во вчерашното гостување во емисија „Заспиј ако можеш“ на телевизија Алфа.Кадиевска Војновиќ кажа дека оваа влада на СДС и ДУИ ќе биде запаметена како најлоша влада во историјата на Македонија во однос на управувањето со економијата.„Однесувањето на оваа влада беше како да нема утре, ќе се финансираме со креирање на буџетски дефицити, ќе трошиме повеќе отколку што ни е чергата и едноставно не им е гајле, утре ќе си заминат од власт, кој дојде нека се мисли и нека се мачи. Но тие ги задолжија граѓаните, ги задолжија бизнисите, не задолжија сите нас. Едноставно лоша е ситуацијата, ова сите економисти го знаат. Оваа влада во македонската независна историја ќе биде запамтена  како една од најлошите влади со управувањето на економијата, после онаа на Бранко од транзицијата можам со сигурност да кажам дека оваа влада нема никакви економски ефекти“ нагласи Кадиевка Војновиќ.Војновиќ додаде дека Македонија предводена од СДС и ДУИ не испорача никакви резултати во економијата а креираше огромен долг.„Власта креираше огромен долг, а не испорача никаков економски раст. Просечниот раст на целиот период на владеење е само 1,6 проценти. Тоа е испорачување на ништо. Ние не мрднавме по животен стандард пресметан по индикатор кој што цел свет го пресметува а тоа е БДП по глава на жител. Ние не мрднавме од место за разлика од регионот. Србија конвергира кон ЕУ со неверојатно темпо. Црна Гора исто па дури и Косово и Албанија да потраеше оваа власт ќе не претркаа и тоа многу. Изговорот на оваа влада е кризата, пандемијата и енергетската криза но таа ги зафати сите и светот и регионот.Сите останати беа ефикасни во преземање на мерки неутрализирачки ефекти врз економијата освен нашата влада“ истакна Кадиевска Војновиќ.

Македонија | пред 1 година

image-20-03-24-09-03

Објавена илустрација за непотизам во Охрид, се тврди дека се почнува од Зечевиќ па се создавале кластери насекаде

„Единствено што знае СДС е за непотизам, партизација, кронизам, а Охрид е типичен пример за тоа. Наместо борба со корупцијата со СДС имаме протекционизам и клиентелизам“, велат од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид и додаваат:„Проектот мрежа за партизација и кронизам се докажува во Охрид каде што главен вработувач е Миле Зечевиќ, генерален секретар на СДС, а главна на охридската филијала на СДС е неговата роднина, Кристина Крлеска-Деспотоска.Нека се одважат од СДС Охрид и да се појави во јавност Крлеска за оваа афера, а на да молчи и се крие од охриѓани кои чекаат одговор! Никогаш не било полошо, време е да ги поразиме, време е наместо хаосот да завладее ред“.

Охрид | пред 1 година

stevce

„Црната листа“ на САД доказ дека СДС е во коалиција со криминалците во Македонијa, вели ВМРО-ДПМНЕ

„Катица Јанева и СЈО започнаа со паролата „Нема правда нема мир“ а сега завршија на „црната листа“ на нашиот најголем стратешки партнер САД поради вмешаност во криминал и корупција.Јанева, која најголемата поддршка ја црпеше и добиваше од коалицијата на СДС и ДУИ, од таканаречен борец за правда стана непожелна личност за САД.Сите судски случаи за Катица Јанева и СЈО за рекетирање, злоупотреба на службената положба и злоупотреба на јавното обвинителство водеа до првите луѓе во власта на СДС и ДУИ, се со цел пресметка со политичките неистомисленици, а тоа веќе е потврдено и од нашите стратешки партнери.Втор на „црната листа“ се најде и марионетата на СДС и Ковачевски, градоначалникот на Карпош Стевчо Јакимовски.Јакимовски кои е во неформална коалиција со СДС и одработува за власта за отцепување на опозициските гласови е на оваа листа на САД за сторен криминал од високи размери.СДС и ДУИ го спасија Стевчо Јакимовски од сите судски постапки во Македонија, но тој за САД е непожелна личност, бидејќи тој како што стои во соопштението на Американскиот Стејт Департмент „бил вклучен во коруптивни дела, вклучувајќи искористување на неговата службена положба да се меша во урбанистичкото планирање и јавните набавки за корист лично за него и за неговите соработници“.СДС секој ден, како расипана плоча, повторуваат дека се за европска Македонија, за европски вредности, а сите стратешки партнери секој ден потврдуваат дека тие се во коалиција со криминалот во Македонија. Последен доказ е токму соопштението од Стејт Департментот.Ова е доказ дека институциите во Македонија не функционираат и корупцијата и криминалот метастазираат.Никогаш не било полошо, за тоа важно е да ги поразиме“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

Miteva-23.06.2022

Митева: Време е да воведеме една политика на програмско коалицирање и програмска определба за патот по кој што треба да се развива Македонија

Можам да кажам дека професорката Силјановска Давкова кога ќе ја споредите со сите кандидати за претстојните претседателски избори, многу отскокнува, по сите параметри се разликува од нив, пред се од она професионално искуство кое што самата како личност го има, но и од личниот карактер и пристапот кој што таа, веќе четири години, го покажа во рамките на Собранието. Лесно е граѓаните да направат споредба во овој дел и би кажала дека во овој период ќе бидат во можност граѓаните да видат со каков кадар располагаат сите политички партии и каква е искрената и чесна  намера во делот на подобрување на состојбите  во Македонија, вели портпаролката и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева во денешното гостување во централните вести на телевизија Алсат.Таа посочи дека ВМРО-ДПМНЕ ја има професорката Силјановска Давкова како кандидат, затоа што сметаме дека е време за вистински промени, затоа што ни е потребен малку поинаков пристап во политиката и за едно лидерство кое што ќе значи, пред се, почитување на  уставот и законите и работа во интересот и само за интересот на народот.ВМРО-ДПМНЕ во овој момент ја очекува максималната поддршка од граѓаните, работиме на искрен и чесен пристап. Време е политиката да ги напушти оние уцени и преговарања за тоа на кого ќе му припаднат гласовите во вториот круг. Време е да воведеме една политика на програмско коалицирање и на она што ќе значи програмска определба и начин на кој што ние го гледаме патот по кој што треба да се развива Македонија“, рече Митева во однос на калкулациите, преговарањата и договарањата во вториот круг од претседателските избори.Во однос на парламентарните избори и за тоа кога ВМРО-ДПМНЕ ќе има конечна листа за пратеници, Митева истакна дека очекува до крајот на месец март да биде заокружен и тој процес на финализирање на листите за пратеници.„Кандидатите за пратеници ќе бидат достојно и достоинствено презентирани пред граѓаните. Ќе имаме еден транспарентен начин на презентација на истите. Очекувам и сум сигурна дека тоа ќе биде една добра кадровска понуда која што ќе ја има ВМРО-ДПМНЕ и се разбира, победничка на изборите“, рече Митева.Во однос на пост изборната соработка со политичките партии, Митева посочи дека многупати до сега ВМРО-ДПМНЕ го има кажано ставот, дека е време Демократската Унија за Интеграција да замине во опозиција.„Прво, е добро и здраво за општеството после над 20 години во политиката, кој што резултирало со погрешни политики, со навистина огромно ниво на криминал и корупција и скандали кои што стојат зад нивното владеење, особено, во вој седум годишен мандат кој што го имаа како дел од владиното мнозинство со Социјалдемократскиот сојуз, сметаме дека навистина, треба да заминат во опозиција. Има зошто граѓаните, навистина, чувствуваат дека Македонија се повеќе се ја губиме, дека немаме владеење на правото, дека навистина имаме високо ниво корупција. Сепак граѓаните на претстојните избори одлучуваат за кого ќе го дадат својот глас, но ВМРО-ДПМНЕ, секако би размислува во насока на влада без ДУИ“, истакна Митева.

Македонија | пред 1 година

Milososki-25112020

Милошоски: Владата се плаши да ги искористи законските основи за меѓународна кривична одговорност и да отвори истрага против Мерко

„Владата на ДУИ и СДСМ се плаши да ги искористи законските основи за меѓународна кривична соработка со САД и да отвори истраги против Рамиз Мерко, Катица Јанева и другите владини пријатели кои се дел од "црната листа" на официјален Вашингтон“, вели пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски и додава:„За потсетување, Македонија веќе има усвоено ЗАКОН ЗА МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА ВО КРИВИЧНАТА МАТЕРИЈА (Собрание, едногласно усвоен на седницата одржана на 2 април 2021), потпишан од претседателот Пендаровски и објавен во Службен Весник. Во овој закон предвидена е можноста домашен надлежен орган (мин.правда или јавното обвинителство) да испрати ЗАМОЛНИЦА за соработка во кривичната материја до надлежна институција на странска држава (чл.16).Со ЗАМОЛНИЦАТА, која се доставува преку министерството за правда, од странската надлежна институција се бара достава на списи, информации и материјални докази за одредена предистрага, истрага или тековен судски предмет за физичко и/или правно лице.Овој закон (чл.35) овозможува и формирање на заеднички истражни тимови за истражување и гонење на кривични дела, а договорот за заеднички истражен тим го склучува државниот обвинител на Македонија.Во чл.39 од Законот за меѓународна кривична соработка дури е предвидено и секое истражно дејствие што го превземал надлежен орган на странската држава да биде изедначено со соодветно дејствие во кривичната постапка пред домашните институции.Сумарно: Владата, министерот за правда и ЈО, доколу имаат политичка воља за сериозна борба против корупцијата, имаат важечки законски основ без одолговлекување преку м.правда веднаш да испратат замолница до надлежните органи на САД за достава на сите документи, списи, докази и информации за Рамиз Мерко, Катица Јанева, Стевчо Јакимовски и другите лица на "црната листа".Државниот јавен обвинител може веднаш да оформи заеднички македонско-американски истражен тим и да поведе самостојна или заедничка истражна постапка и да оформи/ да процесуира кривично-правни предмети пред надлежните институции во Македонија.Овој Закон добро е да се надгради и синхронизира со дополнителен закон за рестриктивни мерки, за што претставниците на стручната фела ценат дека е потребна квалитетна јавна расправа. Сметам дека Собранието треба да биде организатор и домаќин на една таква јавна расправа на која главниот збор ќе го имаат претставниците на судската фела, претставници на обвинителството, адвокати и професори по кривично право. На ваквата јавна расправа многу ќе користи и присуството на експерти за рестрикции и санкции од САД и ЕУ, за да имаме одржливо унапредување на позитивните норми во оваа регулирана област за меѓународна соработка во кривичната материја“.

Македонија | пред 1 година

kovacevski-sopruga

Сопругата на Ковачевски доби земјиште за фотоволтаици од неговата влада, а за вработувањата во општина Центар нека си го прашаат нивниот градоначалник, реагира ВМРО-ДПМНЕ

„СДС се кумови на непотизмот, сопругата на Ковачевски доби државно земјиште за фотоволтаици од неговата влада, а за вработувањата во општина Центар нека си го прашаат нивниот градоначалник“, вели ВМРО-ДПМНЕ и додава:СДС и Ковачевски се кумови на непотизмот. На седница на влада со која раководи Димитар Ковачевски е доделено државно земјиште за фотоволтаици на неговата сопруга по цена од 1 евро за метар квадратен.Додека Ковачевски беше заменик министер за финансии и мандатар на состав на влада, неговиот кум Паунов преку фирмата Пиксел груп добивал државна помош.Партијата која произвела таков непотизам треба да се сокрие и да се срами од народот, кој со години со ограбува.Исто времено добро би било да одговорат како ВМРО-ДПМНЕ фатило врски за вработување на една од посочените во училиштето Кочо Рацин во општина Центар во Скопје, кое е под надлежност на Горан Герасимовски од СДС?Дали Ковачевски, Кузеска или некој од СДС му се јавиле на Герасимовски и прашале како тој лобирал една од посочените на пресконференцијата на СДС за непотизам во Охрид да биде вработена во институција со која тој раководи? Дали СДС знае што зборува или можеби станува збор за некаков внатрешен судир и пресметка?Навистина е жално што СДС и на празникот Прочка решија да ги сквернават чувствата на граѓаните и да шират лаги и да манипулираат.Со право народот вели дека немаме држава, време е да ја вратиме.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2023-12-13-at-16.48.53

Власта да ја стопира набавката од 250 милиони евра за транспортни хеликоптери во изборен период, бара ВМРО-ДПМНЕ

„Власта да ја стопира набавката од 250 милиони евра за транспортни хеликоптери во изборен период, за тоа треба да одлучува идната влада“, бара ВМРО-ДПМНЕ и додава:Надвор од секое нормално делување е СДС и ДУИ да вршат избор на тендер од 250 милиони евра на неколку недели пред избори, во период на техничка влада.Наместо борбени хеликоптери, власта набавува транспортни, со што не ја зголемува борбената готовност на АРМ.Дополнително никој не знае како е изберена фирмата Леонардо, и зошто не се изберени другите компании меѓу кои американска компанија или германско-француски конзорциум.Како е извршен изборот и кој ја донел одлуката што всушност да се набави.Наместо трошење на 250 милиони евра пред избори, да се стопира набавката и по неа да одлучува идната влада.Со право народот вели дека немаме држава, време е да ја вратиме.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-03-16-at-11.24.39

Очигледно има струја во ДУИ која посакува крај на политичката кариера на Ахмети, единствени партии кои не поминаа длабоки реформи се СДС и ДУИ, вели Лефков

Очигледно има струја во ДУИ која најавува и посакува крај на политичката кариера на Ахмети. Ние нема да се противиме околу тоа, напротив единствената партија покрај СДС која нема длабоки реформи е токму ДУИ, вели пратеникот и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков денеска беше прашан за коментар за изјавата на Крешник Бектеши за партиите да потпишат договор, кој ќе ги изгуби изборите да не се занимава веќе со политика.Лефков додаде дека на сите им е јасно дека ВМРО-ДПМНЕ е апсолутен победник на претстојните избори, при што изрази надеж дека поразените ДУИ, после изборите, нема да се откажат од ова барање и ќе си заминат во политичка пензија.„Што се однесува до самата понуда, за ВМРО-ДПМНЕ е јасно дека е наредниот победник благодарение на поддршката на граѓаните и желбата за промени. Се надеваме дека нема да се откажат од ова барање ДУИ, поразените, да се пензионираат од политика и за ова прашање ќе ги охрабруваме не само преку изјави, туку и преку дебата да го отворат во рамките на нивните органи и тела при што ќе дојдат до единствен став. Засега нејасно е дали изјавата на Крешник беше негов личен став и иницијатива или партиски став на ДУИ“, рече Лефков.

Македонија | пред 1 година

pendarovski-zaev-5132

Лефков: Пендаровски наместо претседател беше курир на Заев и Ковачевски, со „љубави“ кон Бојко стасавме до вето за ЕУ

„На денешната прес конференција ќе покажеме зошто на Македонија не смеат да и се повторат ниту Стево Пендаровски, ниту СДС. Изминативе 7 години со СДС и 5 со Пендаровски беа понижување за нацијата и државата“, вели Миле Лефков, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник и додава:„Пендаровски наместо да се однесува како претседател се однесуваше како курир на Заев, а потоа и на Ковачевски. Па наместо да застапува државни позиции тој носеше поздрави од Заев во Бугарија и го нарекуваше Бојко Борисов „љубави“.Да го погледнеме видеото.Токму ова е пример како не треба да се однесува претседателот на Македонија.Со љубави за Бојко стасавме до вето за Европската Унија од Бугарија. Некако љубовта на Пендаровски невозвратена.Пендаровски наместо со достоинство и со интегритет да ја застапува државата и да ги гради односите, тој со понизност и несериозност ја руши сликата за земјата.Од големата „љубов“ на Пендаровски со Бојко остана корпата која ја доби од бугарскиот политички врв и бугарскиот диктат.На Македонија не и треба претседател кој ќе биде понизен пред странските претставници, туку пред народот. Со право народот вели дека немаме држава, време е да ја вратиме“.

Македонија | пред 1 година

kovacevski-osmani-maricic

Маричиќ, Османи и Груби да не ги злоупотребуваат службените возила како до сега, секоја злоупотреба ќе биде истражена по 8 мај, вели ВМРО-ДПМНЕ

„Маричиќ, Османи и Груби да не ги злоупотребуваат службените возила како до сега, секоја злоупотреба ќе биде истражена по 8 мај“ вели ВМРО-ДПМНЕ и додава:Функционерите од СДС и ДУИ кои изминатиов период ги злоупотребуваа службените возила за партиски потреби и поминуваа неказнето, да знаат дека ако продолжат истото да го прават и во периодот до избори за тоа ќе има одговорност.Злоупотреба на службени возила не смее да има ниту од функционерите на власта во подолните ешалони.Службените возила не се сопственост на функционерите, туку на државата, платени со парите на народот преку даноци.Доколку било кој функционер злоупотреби службено возило тоа ќе биде предмет на истрага и санкција по 8 мај.Време е да се одвои државата од партијата, со право народот вели дека немаме држава, време е да ја вратиме.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-03-16-at-09.02.35

(Видео) Пендаровски велеше дека ако помилуваш криминалци, тогаш им должиш нешто - а тој помилуваше водач на нарко картел одговорен за мафијашки убиства, вели ВМРО-ДПМНЕ

„Стево Пендаровски што и да каже, после тоа си го погазува својот збор. Во 2019 година ветуваше дека ако нема правда нема да има мир. Ветуваше дека тие кои што сториле криминал ќе одговараат неселективно. Велеше дека од позицијата претседател нема да му падне на памет да амнестира криминалци. Ај што не си додржа до зборот, туку помилуваше лице, кое според медиумите е лидер на нарко картел во Скопје одговорен за мафијашки убиства и нелегална трговија со дрога. Ако ова не е еден од најтешките облици на криминал, тогаш Стево Пендаровски има реален проблем со перцепцијата.Да биде уште потрагично, Пендаровски во време на кампањата, со цел да придобие гласови од граѓаните, уверуваше дека ако помилуваш такви лица тогаш тоа значи дека нешто им должиш или ти помогнале да станеш претседател. Епа господине Пендаровски, дали помилувањето и комуникацијата со нарко босови сте ги правеле затоа што нешто им должите или ви помогнале да бидете избран за претседател?Две недели се криете од јавноста и не давате ни еден одговор. Тоа кое што го објавуваме се ваши изјави и фотографии кои сами сте ги правеле и никој не ве терал со сила. Сте сакале-сте се сликале со нарко босови. Сте сакале-сте амнестирале водач на нарко банда. Тоа е ваш избор и затоа сега е ваша одговорност. Вие немате веќе ни кредибилитет, ни интегритет.Стево Пендаровски го погази достоинството на народот и на Македонија, Затоа е време за промени“, вели ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

Lefkov-13.08

Лефков: СДС и ДУИ се свесни за изборниот пораз, затоа се нервозни и ги напаѓаат граѓаните

„Ако се погледнат бројките од анкетите и мерењата евидентно е дека граѓаните во Македонија сметаат дека државата се движи во погрешна насока. Прашањето е како ги доживуваат анкетите овие од власта, затоа што анкетите практично претставуваат една алатка каде политичарите се информираат за јавното мислење“, истакна пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Миле Лефков во вечерашното гостување во емисијата „За или Против“ на телевизија Алфа.Тој додаде дека бројката на граѓани од 74% кои кажуваат дека државата оди во погрешна насока може да се преведе слободно на 100%.„Она што го укажуваат анкетите со овој број кажува само на една работа дека оваа политичка власт и елита со овие луѓе од страна на СДС и ДУИ можат да направат само едно, а тоа е никогаш повеќе да не конкурираат за вршење на јавни функции затоа што не се добредојдени, не ги сакаат граѓаните и очигледно е дека државата ја водат од еден во друг пораз и одиме во погрешна насока“, кажа Лефков.Тој истакна дека евидентна е нервозата од страна на власта бидејќи знаат што ги чека и она што им претстои. Знаат дека ќе бидат поразени и ќе имаат пораз како досега не и се случил на ниедна власт.„Анкетите имаат индикативен карактер односно што е тоа што народот го сака меѓутоа вака дадени анкети со овие бројки укажуваат само една работа а тоа е тргнете се од политика и никогаш повеќе да не се враќате во политика. За жал, Ковачевски тоа не сака да го признае и затоа ги напаѓа оние кои ги пренесуваат анкетите на граѓаните и затоа беа нападнати новинарите“, вели Лефков.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања