ДПМНЕ

Нема фотографија

Митева: Нови набавки во МОН за дигитални учебници без објавени наставни програми

„Цели 5 години ДУИ и СДС не успеваат да обезбедат учебници по странски јазици во основното образование. Но, откако набрзина ги променија сите програми за сите странски јазици, за сите одделенија во основното образование, ја поништија и последната набавка. Иако истата беше распишана уште во мај 2023 година, истата дури сега ја поништија, со образложение дека немале предвидено средства за таа намена. Замислете, 5 години не можат да предвидат средства за нешто што е законска обврска!“, вели Марија Митева, портпарол и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и додава:Но, затоа можеа да предвидат милионски суми за нови дигитални учебници. Да ја потсетиме јавноста за онаа набавка од 500.000 евра за дигитални учебници, кои никој не ги користеше. Сега повторно, на истата фирма и се доделени фантастични 800.000 евра. Иако првиот пат беа изработени дигитални учебници за 4-то одделение, со новата набавка повторно на истата фирма и се доделуваат средства за дигитални учебници, повторно за 4-то одделение!И тука не запираат сомнителните тенденциозни набавки! Знаејќи дека наскоро ќе бидат опозиција, ДУИ и СДС решаваат да направат уште една јавна набавка, повторно за дигитални учебници, но овој пат за непостоечки учебници. Иако наставните програми за 7, 8 и 9 одделение не се објавени, иако учебници за овие одделенија не се направени, сепак тоа не ги спречува да предвидат милионски суми за дигитални верзии на непостоечките учебници. Сето тоа е предвидено во јавна набавка не за една, туку за наредните три години!Почитувани,МОН треба да одговори дали и овој тендер планираат да го поделат со истата фирма, или овој пат тоа планираат да го сторат со исто така друга добро позната фирма на која своевремено и доделија фантастични 5 милиони евра за превод на учебници?Затоа почитувани време е за промени, а одговорност ќе мора да има.

Македонија | пред 1 година

1-5

Уставни измени под бугарски диктат нема и нема да има, вели Николоски

Не е прашање дали ќе победи, туку со колку пратеници ќе победи, ние бараме убедлива победа со цел да имаме влада која ќе ја реформира Македонија и ќе ја чисти од корупција, рече Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ на вечерашното гостување во „Тема на денот“ што се емитува во рамки на централниот Дневник на телевизија Сител.„За да е таква владата мора СДСМ и ДУИ да одат во опозиција. Ни треба убедлив резултат и треба да ни ја дадат нам поддршката. На Македонците им се случува апартхејд од политичка партија која има 12 пратеници и со 10 посто пратеници контролира се. Но, за да го смениме ова мора да се обединиме. Колку е поголема излезноста тоа оди на страна на ВМРО-ДПМНЕ“, кажа Николоски.Николоски укажа дека ВМРО-ДПММЕ има повисока цел, а за да се реализира треба ДУИ треба да оди во опозиција.„Со политичките партнери не обидува ставот дека треба ДУИ да оди во опозиција, да има жестока борба против корупцијата, дека не може да има промена на Уставот под бугарски диктат“, изјави Николоски кој додаде дека Бугарија мора да го направи првиот чекор кон Македонија, затоа што Македонија не може да биде уценувана.Според него програмата на ВМРО–ДПМНЕ има два столба, прво, борба со организиран криминал и корупција затоа што во ваква атмосфера никој не инвестира и отворање на можност домашниот капитал да инвестира, а воедно да има и странски инвестиции.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Николоски: Овој пат имам најлесен противник во ИЕ4, тој за својата ПР кампања ја злоупотребува својата професија

„Јас одам во четвртата изборна единица затоа што јас и во моментов сум пратеник во четвртата изборна единица. Имено, 2020-та година исто така бев носител во четвртата изборна единица. Мислам дека е фер кога ќе добиете мандат од луѓето да отидете и после и на реизбор и да ги прашате луѓето што мислат за вас“, истакна Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во „Тема на денот“ на Сител телевизија.Тој посочи дека е чесно да се појави во четвртата изборна единица и да биде носител на таа изборна единица.„Денес имам најлесен противник, во 2020-та година можеби имав најтежок тогаш беше Зоран Заев. А, сега мислам дека имам најлесен противник од сите шест носители на СДСМ. Затоа што се работи за политички потрошена личност. И навистина се чудам зошто реши да се кандидира. Има една теза која што често ја слушам и сум ја кометирал дека се работи за лидерска битка внатре во СДСМ помеѓу него и носителот на втората изборна единица, Оливер Спасовски. И дека тоа е причината што се кандидира“, нагласи Николоски.Тој укажа дека Филипче должи многу одговори во јавноста. Должи одговор на јавноста зошто Македонија имаше најголема смртност во корона кризата. Должи и одговор за модуларната болница во Тетово, која што се запали и загинаа 14 луѓе. Должи одговор како стерализацијата во Македонија отиде на приватен партнер истиот кој што го има во Албанија. Должи одговор за тоа дали убедувал една приватна болница во Македонија да се продаде на еден албански бизнисмен итн.Николоски додаде дека другата страна злоупотребува пациенти за ПР кампања. Носителот на СДСМ во четвртата изборна единица ја злоупотребува својата професија.

Македонија | пред 1 година

mickoski-gordana-siljanovska-Konvencija-6-02032024

Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе спроведе ограничување на маржите на лековите и проширување на позитивната листа за бесплатни лекови

„Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе спроведе ограничување на маржите на лековите и проширување на позитивната листа за бесплатни лекови“, велат од партијата и додаваат:Идната влада ќе имплементира модел за намалување на цените и ограничување на маржите на лековите и медицинската опрема. Народот не смее да го преплаќа лекот.Ќе се спроведе ревидирање и модернизирање на позитивната листа на лекови со вклучување на најголем дел од основните лекарства кои граѓаните ги користат.Лековите мора да се издаваат согласно потребите на пациентот, со персонализирана и индивидуализирана терапија. ВМРО-ДПМНЕ има за цел да го крене здравството на сосема ново ниво.

Македонија | пред 1 година

nikoloski28012022.jpg

Николоски: ВМРО-ДПМНЕ на овие избори ќе постигне убедливо најдобар резултат којшто било која опозиција го освоила

Бројките се одлични. Анкетите како доаѓаат секоја е подобра од претходната. Веќе на недела, две, три можете да ја видите разликата и ако продолжи овој бран, а мислам дека ќе продолжи, ќе имаме убедливо најдобар резултат којшто било која опозиција го освоила на избори и ако на пример до пред некоја недела бројките беа 53, 54, 55 пратеници, сега можам да кажам дека се 55-56 пратеници, а ништо чудно да одат и нагоре, истакна потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во неговото гостување во емисијата “Клик Плус“ на ТВ 21.Тој исто така додаде дека главната заложба на ВМРО-ДПМНЕ на овие избори ќе биде самостојно да формира влада за да не зависи од никого и да направи суштински промени во Македонија.„За да направиме суштински промени во Македонија, ние мораме целосната постава на влада да смениме. Ниеден од овие два клучни партнери во владата не смее да е дел од следната влада. Инаку нема промени, да не се лажеме. Такашто и СДСМ и ДУИ треба да одат во опозиција ако сакаме промени, потенцираше Николоски.Тој исто така упати апел до граѓаните масовно да излезат на гласање и да дадат поддршка за ВМРО-ДПМНЕ бидејќи само така работите можат да се менуваат на подобро.Затоа е замолницата до граѓаните, масовно да излезат на избори и доколку сметаат дека македонија оди во лоша насока и во лош правец и дека животот е лош, да не подржат нас како ВМРО-ДПМНЕ за да можеме да ги менуваме работите во Македонија.

Македонија | пред 1 година

pendarovski-zaev-5132

Нема одговори од Пендаровски, Ковачевски и СДС за ангажманот на израелскиот консултант Еисин-институциите веднаш да истражат со кои пари се врши исплатата на неговиот ангажман, бара ВМРО-ДПМНЕ

“Целосен молк од страна на Пендаровски, Ковачевски и СДС за улогата и начинот на ангажирање на спорниот странски консултат, Асаф Еисин, кои е вклучен во кампањата на Стево Пендаровски и СДС”, вели ВМРО-ДПМНЕ и додава:Како и секогаш Пендаровски, Ковачевски и СДС кога се фатени во скандал или криминал се служат само со навреди, лаги и манипулации наместо да дадат конкретни одговори на релевантни прашања поврзани со скандалот.Повеќе од десетина дена, откако признаа дека се среќавале со контроверзниот израелски консултат Еисин, нема одговор како тој е ангажиран во нивната кампања, како го исплаќаат и дали тој е ангажиран за црна кампања, кампања на поделби и етикетирања.Јавноста заслужува одговори како овој балкански мешетар СДС и Ковачевски го исплаќаат, бидејќи во ниту еден извештај за финансиско работење неговиот ангажман не е заведен, и дали истиот е плаќан со црни пари, кеш на рака, од криминалните тендери на власта, пари украдени од граѓаните.Исто така од СДС треба да одговорат, дали покрај ангажирањето на Еисин, во Македонија се дојдени и две други лица, кои се локална поддршка на консултантот на Еисин, кои се сместени во центарот на Скопје во еден хотел и веќе активно работат на црната кампања на СДС за претстоините избори.Ги повикуваме надлежните институции веднаш да се одважат и да се ангажираат за расчистување на овој скандал, да го откријат финансирањето на консултантот и вклучувањето на странски државјани во кампањата за изборите.Време е за промени. Следува одговорност за секој сторен криминал, за секој скандал и за секое крадење на народни пари.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-03-27-at-10.47.35

Чуда се невозможни, ние не сме чудотворци за да правиме чуда - секој што ветува, манипулира, порача Мицкоски

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кажа дека нема и не ветуваат чуда со економијата, но уверува дека ќе има развој на Македонија. Целта на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде спречување на иселувањето поради разочарување, но и враќање на иселените во Македонија.„Чуда се невозможни, ние не сме чудотворци за да правиме чуда. Секој што ветува, манипулира. Сакаме да дадеме надеж на надежта која се темели на остварливи работи, а не која се темели на лага која брзо се распрскува и доаѓа до разочарување, па резултира со иселување на граѓаните. Од тие причини имаме внимателен пристап. Цениме дека како идна Влада, со ваков пристап, со одлуча борба против криминалот и корупцијата, со применливи и остварливи мерки на економијата, со обезбедување на основни услови за да можат нашите граѓани да веруваат во системот - ќе го оствариме она што го предвидовме, а тоа е Македонија да има динамичен раст, а со тоа ќе ја вратиме и довербата на граѓаните, а зошто и да не ги вратиме назад тие кои се разочараа и заминаа“, порача Мицкоски.Тој ја искритикува актуелната Влада.„Пропустите ќе бидат дел од ревизијата на идната Влада на ВМРО-ДПМНЕ. Работењето на УЈП, ФИТР каде се потрошија милиони евра..“, додаде Мицкоски.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-01-25-at-18.24.06

Мисајловски: Спасовски е само олицетворение на скандали, корупција,  се пукаше во центарот на Скопје, издаваше пасоши на криминалци, во МВР вработуваше поранешни градоначалници од СДСМ

Минатиот пат изгуби Оливер Спасовски, мене сеедно ми е кој ќе биде во изборна единица 2, ама еве и кога е Спасовски јас можам да кажам само афери, скандали. Од истите страдаше народот, рече потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски на гостување во емисијата За или против што се емитува на телевизија Алфа.„Знаете што се случуваше со пасошите кои се издаваа на криминалци, потоа понижувањето на граѓаните за да си извадат личен документ. За Спасовски слушавме за скандали како Дурмо турс, Беса транс во кои умираа наши граѓани. Унапредуваше и вработуваше во МВР бивши градоначалници на СДС без никакви квалификации за ова министерство. Исчезнуваше оружје од МВР, исчезнуваше дрога и сите знаеме кој е одговорен за тоа. Се пукаше во центарот на градот, во општините Центар, Бутел. Едноставно граѓаните не беа безбедни“, кажа Мисајловски.Дополнително, додаде потпретседателот Мисајловски, тераат само негативна кампања затоа што нема со што да се пофалат, затоа имаат само црна кампања.„На претстојните избори ќе доживеат огромен пораз, ќе  ги поразиме во сите шест изборни единици. Овие носители на листи од СДСМ се избрани за да си го добијат имунитетот кој следува со пратеничкиот мандат и ништо повеќе. Кај нив носители се лица со скандали, корупција зад себе и нив ги интересира само пратеничкото место“, изјави Мисајловски.

Македонија | пред 1 година

Slika8-1

Ниски и рамни даноци и намалување: што има во програмата на ВМРО-ДПМНЕ

Гордана Димитриеска Кочоска, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ на денешната програмска дебата насловена „Патоказ кон иднината – Зајакнување на економијата, инфраструктурата и енергетиката“ на која се презентира програмата на ВМРО-ДПМНЕ наречена Платформа 1198 посочи дека фокусот на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде насочен капитални инвестиции, кон политиката на ниски и рамни даноци, силна борба против сивата економија и намалување на стапката на невработеност на 7.5%.Морам да кажам дека за економскиот тим беше голем предизвик да се направат проекциите за буџетот 2024-2028 година имајќи предвид дека владата на СДСМ и ДУИ ќе остави пустош во буџетот и речиси банкротиран буџет. Но сепак знаејќи дека ВМРО-ДПМНЕ навистина има квалитетни економисти се потрудивме да извлече она што е најдобро. Најголемиот фокус ќе ни биде кон капиталните инвестиции, кон поддршка на инвестиции за приватниот сектор особено за производните компании и компаниите кои што извезуваат и понатаму остануваме на ставот за привлекување на странски директни инвестиции и нашата цел е до 2028 година да имате стапка на раст на бруто домашниот производ од 5%. Нашиот фокус се сведува кон инвестициите, а не кон потрошувачката како што беше до сега. Прво што планиравме како ВМРО-ДПМНЕ е реализација на капитални инвестиции во износ од 3 милијарди евра, значи станува збор за инфраструктурни проекти, за проекти во образование, во здравство, проекти кои ќе имаат вистинска додаден вредност. Исто така остануваме и на политика за ниски и рамни даноци, затоа што сметаме дека тие создаваат фер услови за приватниот сектор. Исто така најавуваме и силна борба со сивата економија. Она што е клучно е што ВМРО-ДПМНЕ во следниот период проектира и планира до 2028 година да креира нови 55 илјади работни места односно стапката на невработеност да се спушти на 7.5%, посочи Димитриеска Кочоска.Елена Петрова дополнителниот заменик министер за финансии кажа дека во следниот период клучна улога ќе има УЈП за која што ВМРО-ДПМНЕ има сет на мерки за УЈП реформа која ќе се протега во 4 столба, даночни обврзници, даночни приходи, даночна администрација и дигитализација.„Програмата која содржи над 1000 мерки и проекти за подобрување на македонската економија и македонското општество. Она што е основно потребно за да можеме да ги реализираме мерките и проектите е да имаме стабилни јавни финансии а за обезбедување на тој финансиски потенцијал и капацитет во следниот период клучна улога ќе има УЈП. Затоа во нашата програма имаме еден цел дел за УЈП именуван како ефикасна праведна и дигитализирана даночна администрација. Имаме испумпување на пари од буџетот заради злоупотреби на поврат на ДДВ, за што УЈП не покажа капацитет да ги детектира и да ги спречи однапред ваквите појави. Од друга страна компаниите кои работат чесно не навремено го добиваат својот поврат и тоа има одраз врз нивната ликвидност. Затоа ние смисливме сет на мерки за УЈП именувани како 4 Д реформа на УЈП, реформа која ќе се протега во 4 столбови, даночни обврзници, даночни приходи, даночна администрација и дигитализација“ кажа Петрова.Член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Маја Кадиевска Војновиќ во своето обраќање рече дека ВМРО-ДПМНЕ го слушна бизнис секторот и барањата ги преточи во новата програма на Платформа 1198, бидејќи како што рече приватниот сектор е стожарот на македонската економија бидејќи го полни државниот буџет и вработува најголем дел од населението.Важна е нашата визија, бидејќи гледаме дека нашата конкуренција е безидејна и ја донесе Македонија во пропаст. Можам да кажам дека за прв пат во оваа програма на ВМРО-ДПМНЕ и воопшто на било која политичка партија, го слушнавме бизнис секторот. И може ќе прашате зошто бизнис секторот, а не граѓаните. Но, бизнис секторот односно приватниот сектор создаваат над 90 проценти од додадената вредност во економијата и вработуваат најголем дел од населението или над 70 проценти се вработени во приватниот сектор. Приватниот сектор е стожарот на македонската економија кој што го полни Буџетот. И затоа ВМРО-ДПМНЕ во наредниот период дава сериозна поддршка за развој, за зголемување на конкурентноста за подобрување на усовршувањето, дигитализацијата на претпријатијата и за иновации, децидна е Кадиевска Војновиќ.Кадиевска Војновиќ истакна дека новата влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе креира 10 годишна нова стратегија за привлекување на гринфилд и браунфилд инвестиции и ќе направи реформа во системот на поддршка на странските инвестиции и на извозот.Во делот на компаниите за прв пат како политичка партија ги таргетираме сите компании, од почетниот стадиум на развој, како што се стар- апите, па се до позрелите компании како што се извозно ориентирани капацитети. Потоа микро малите и средни претпријатија кои што се најбројни и кои што исто така вработуваат најголем дел од вработеноста, додаде таа и порача:Новата влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе креира 10 годишна нова стратегија за привлекување на гринфилд и браунфилд инвестиции и ќе направи реформа во системот на поддршка на странските инвестиции и на извозот, значи и за домашните компании. Реформа која што ќе опфати спојување на повеќе рашткани агенции во моментот на едно место. Значи не ни треба голема бирократија за една работа. Ни требаат квалитетни луѓе и квалитетни програми.

Македонија | пред 1 година

dpmne-vmro-Konvencija-9-02032024

"Платформа #1198" е храбра и темелна програма за нова надеж и враќање на државата кај народот, најавува ВМРО-ДПМНЕ

„Денес ВМРО-ДПМНЕ ќе ја промовира програмата Платформа 1198 која содржи точно 1 198 проекти и решенија кои се конкретен одговор за проблемите на граѓаните и нивните потреби“, вели ВМРО-ДПМНЕ и додава:Креирањето на оваа програма е финишот на повеќегодишен консултативен процес во кои беа вклучени експерти, професори, академската и стручната јавност, а во најголема мера беа слушнати барањата на граѓаните кои беа прибирани од редовните средби и дебати кои ВМРО-ДПМНЕ ги правеше низ државата во изминаиот период.Проектите и решенијата се насочени кон луѓето кои се на прво место. Оваа програма е реална и остварлива со главен фокус кон економијата и животниот стандард. Платформа 1 198 нуди нова надеж и определба дека државата која е одземена од неодговорната власта се враќа кај народот.Програмата има мега проекти кои ќе бидат презентирани во текот на денешниот ден.Пред образлагањето на главните проекти денес ќе се одржат 5 програмски дебати за програмата колку и што има столбови на програмата врз која таа се потпира.Платформата 1198 опфаќа се од здравство до образование, од економија до земјоделство, од инфраструктура до вработувања, правда, еднаквост, закон и ред, европски вредности кон кои што се стремиме.Ова е програма што го става граѓаниот на прво место.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-01-22-at-11.28.20

Арсовска е срам за Скопје, поради неспособноста и инаетот се стопира реализација на 5 проекти за скопјани, вели ВМРО-ДПМНЕ

„Неспособната Данела Арсовска која е во тајна коалиција со СДС и ДУИ работи против скопјани“, вели ВМРО-ДПМНЕ и додава:Арсовска стопира 5 клучни проекти за скопјани кои претходно беа донесени од Советот на Град Скопје и тоа само поради тоа што ќе се градат од страна на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ.Граѓаните од Кисела Вода, Аеродром и Гази Баба ќе останат без детски градинки, училишта и спортска сала бидејќи Арсовска донела одлука за запирање на процесот на градба преку ослободување на надомест.Советот на Град Скопје донесе одлука за Ослободување од плаќање на надоместок за изградба на ОУ Крсте Мисирков во Гази Баба, ОУ Блаже Коневски во Аеродром, градинката Весели Цветови во Кисела Вода, градинката Изворче во Аеродром, како и изградба на затворено спортско игралиште во Пинтија Кисела Вода, но Арсовска ја стопира нивната реализација.Арсовска освен што е неспособна, туку е и штетна за скопјани. Затоа треба веднаш да си поднесе оставка.Инатот на Арсовска нема да донесе ништо добро за Скопје и скопјани.Арсовска наместо да ги реализира проектите кои што ги вети пред граѓаните, свесно го уништува Скопје.Неспособната Арсовска ќе биде запаметена како најкатастрофалната и најлоша градоначалничка на Град Скопје.Арсовска треба да им слугува на граѓаните, а не на СДС и ДУИ.Арсовска е срам за Скопје!

Македонија | пред 1 година

sdsm-kovacevski-654

СДС, Ковачевски и Пендаровски да кажат кој го плаќа странскиот експерт за црни кампањи Асаф Исеин, дали странска држава или во кеш, бара ВМРО-ДПМНЕ

„СДС, Ковачевски и Пендаровски да кажат кој го плаќа странскиот експерт за црни кампањи Асаф Исеин, дали странска држава или во кеш со што прават кривично дело“, вели ВМРО-ДПМНЕ и додава:СДС молчи и не одговара зошто се фатени во тесно. Вистината излезе на виделина.Пендаровски призна дека се среќавал со Асаф Исеин и дека тој бил ангажиран од СДС.Колку и Ковачевски да сака да го прикрива Пендаровски, кој беше искрен, не може.СДС треба да каже дали во последните 10тина дена Исеин е чест посетител на нивниот штаб и дали тој им ги прави црните кампањи? Дали тоа го прави во канцеларии во еден хотел на кејот на Вардар и кој го плаќа сето тоа?Дали ангажирањето на странскиот експерт е платено од некоја странска држава која има интерес да се меша во изборите во Македонија или пак, истото е платено во кеш? И едното и другото е кривично дело.Со право народот вели дека немаме држава, време е да ја вратиме.

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_01-10-2023_05-26-26-8100PM

Владата во заминување повторно удри по граѓаните, Ковачевски со 2500 евра апанажа не чувствува глад, но 600.000 граѓани едвај преживуваат, вели ВМРО-ДПМНЕ

„Владата на СДС и ДУИ во заминување повторно удира по џебот на граѓаните“ вели ВМРО-ДПМНЕ и додава:За 1500 денари се зголеми потрошувачката кошница на граѓаните само за месец март и со тоа истата изнесува 59.000 денари.За да се прехрани едно четиричлено семејство потребни им се најмалку три минимални плати.Никогаш не се живееле полошо како сега со владата на СДС и ДУИ.Димитар Ковачевски со апанажа од 2500 евра не чувствува глад, но наши 600.000 сограѓани дневно живеат со по 150 денари.Додека СДС и ДУИ ги уживаат привилегиите и удобствата на функциите, го уништија животниот стандард на граѓаните.Се повеќе граѓани живеат на работ на егзистенцијата.СДС и ДУИ за 7 години донесоа само беда и сиромаштија. Затоа потребни се промени.Важно е да ги поразиме.Време е за промени!

Македонија | пред 1 година

milososki

Милошоски: Постојат актуелни закони според кои владата може да се бори против корупцијата, но поради блискоста со Катица Јанева и Рамиз Мерко не ги користат

Во владата се мајстори во изнаоѓање на други виновници за својата неспособност. Власта на СДСМ и ДУИ изминативе 7 години покажа тотална неспособност во борбата против корупцијата и организираниот криминал. Такви симболи на нивната неспособност се скандалот со Онкологија, Рамиз Мерко и ранг листата на која Македонија се наоѓа во борбата против корупција, изјави пратеникот и член на ИК, Антонијо Милошоски во „Тема на денот“ во дневникот на Сител во врска со измените на законот за рестриктивни мерки.Милошоски истакна дека овој предлог закон стигна во Собранието на 7 февруари, само 7 дена пред распишувањето на изборите и ако ова било приоритет за владата тогаш овој закон би требало да стигне најмалку пред 2,3 или 4 години бидејќи црните листи не се никаков новитет.- Сакам да појаснам дека веќе постојат актуелни закони според кои владата може и има алатки да се бори против корупцијата и посочените лица на црната листа. Такви се Законот за меѓународна соработка во кривичната материја. Министерот за правда или јавниот обвинител можат уште утре да потпишат замолница и да испратат барање со САД да им ги испратат сите списи, информации и документи за посочените лица и против нив да процесуираат постапки, нагласи Милошоски.Милошоски додаде дека преку законот за кривична постапка тоа е членот 273, секој кој ќе дознае дека некое кривично дело се случило или има индиции особено ако е државен орган има должност за тоа да го извести јавното обвинителство, затоа ако министерот или заменик министерката за правда имаа информации можеа да поднесат до обвинителството.- Гледаме дека владата за жал има прилично слаб правен тим. Овој тандем на Лога со заменик министерката Аврамоска Мадиќ се најслабиот тандем, а во самиот закон кој го доставуваат гледаме неусогласеност со закон за влада, со закон за ЈО, со закон за кривична постапка. Затоа ние сметаме дека за овој закон треба да следи јавна расправа бидејќи стручната фела од обвинители, адвокати и професори никогаш не биле обединети како сега дека овој закон е неконзистентен со веќе вградениот и постоечки нормативен систем на нашиот правен поредок, нагласи Милошоски.Милошоски изјави дека по однос на лицата кои се на црна листа ВМРО-ДПМНЕ од прв ден повика советниците во Струга да е ги гласаат одлуките на Рамиз Мерко, но за него гласаат советниците на СДС, ДУИ и другарите на Кренар Лога.- Ние го повикавме Мерко да поднесе оставка, Али Ахмети не го повика. Како ќе ја убеди државата дека гради Европски фронт а не може да го убеди Мерко да поднесе оставка. СДС поради тоа што се блиски до Катица Јанева и Рамиз Мерко е причината зошто не ги користат постоечките механизми. Не може заради неспособноста на власта да се бара алиби и да се префрла на некој друг. ВМРО-ДПМНЕ во следниот собраниски состав ќе организира јавна дискусија на оваа тема на која ќе поканиме и експерт од Европол експерт од САД за рестриктивни мерки и санкции да може тој закон да биде компатибилен со закон за влада, закон за обвинителство, за кривична постапка и за меѓународна соработка во кривична материја, рече Милошоски.

Македонија | пред 1 година

433745884_946903290777598_6177034708076705118_n

Китески: Кривична пријава за екс директорката на ЈП „Билјанини Извори" од СДС, за злоупотреба на службената положба и овластување

„Доказ дека СДС владее само со криминал и корупција се нивните партиски кадри кои до каде што стапнуваат, раководат и работат незаконски“, вели Александар Китески,потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид и додава:Како што ветивме претходно, јавноста ќе биде запознаена за незаконското работење на партиските кадри на криминалната структура на СДС.Денес од страна на ЈП „Билјанини Извори“ врз основа на ЗКП на РМ поднесена е кривична пријава до ОЈО Охрид и СВР Охрид, поради основано сомнение дека пријавената Гордана Јованоска, како поранешен директор на ЈП ‘’Билјанини Извори’’ извршила продолжено кривично дело „Злоупотреба на службената положба и овластување“ по чл. 353 ст. 4 в.в. ст. 1 а в.в. со чл. 45 од Кривичниот законик на РМ.Пријавената Гордана Јованоска злоупотребувајќи ја својата службена положба и овластување на директор на ЈП „Билјанини Извори“, спротивно на законските приписи и тендерската документација, во име и за сметка на претпријатието, во 2018 година по спроведена постапка за јавна набавка, со правното лице „Електро Софт Инженеринг“ ДОО Скопје, во својство на носител на набавката, склучила Договор за јавна набавка на услуги за имплементација и експлоатација на систем на зонско паркирање на паркинг простор со цена на извршување на услугите од 1 016 900 денари, односно износ од 1 200 000 денари со ДДВ, која цена на извршување на услугите ќе се надоместува во вид на надомест од 15 % (петнаесет проценти) од вкупниот нето приход, па не назначувајќи дека максималниот износ т.е. не назначувајќи дека цена на услугите која може да ја исплати јавното претпријате и кој износ не смее да се надмине е износот од 1 200 000 денари со ДДВ, овозможила по исплата на овој износ, носителот на набавката да фактурира и наплаќа дополнителен износ, во случај кога за истото немал законски и правен основ, а со кои дејствија на јавното претпријатие му причинила значителна материјална штета над 3 000 000 денари.Пријавената Гордана Јованоска од Охрид во својство на директор на ЈП Билјанини Извори Охрид злоупотребувајќи ја службената положба и овластување на директор на јавното претпријатие, без да спроведе постапка за јавна набавка и без да склучи договор за јавна набавка, во период од месец 05/2020 година заклучно со месец 10/2020 година продолжила да ги користи услугите на правното лице Електро Софт Инженеринг ДОО Скопје за имплементација и експлоатација на систем на зонско паркирање на паркинг простор со кој располага ЈП Билјанини Извори Охрид и вршела плаќање на паричен надомест на правното лице Електро Софт Инженеринг ДОО Скопје, а со што на ЈП Билјанини Извори Охрид му причинила значителна материјална штета над 1.000.000,00 денари.Понатаму, пријавената по спроведена постака за јавна набавка Октомври 2020 година, во својство на директор склучила Договор заведен кај ЈП Билјани Извори Охрид под на 20.10.2020 година за јавна набавка на услуги за тековно одржување на паркинг системот плементација и експлоатација на систем на зонско паркирање.Овој Договор е со важност од 24 месеци. За време на важење на овој Договор цената за извршување на услуги изнесува 1.000.000,00 денари со вклучен ДДВ, а кој надоместок требало да биде исплатен во вид на надомест од 15 % од остварениот приход на ЈП месечно, исклучиво по основ на наплата на паркирање преку СМС пораки.За реализација на овој договор, пријавената како директор на ЈП Билијани Извори Охрид исплатила надомест поголем од договорениот во јавната набавка, односно предизвикала штета во значителен износ кој е поголем за 1.000.000,00 денари.Повикуваме ОЈО Охрид веднаш да постапи за ваквите незаконски дејствија и даде налог на незаконски поставениот началник на Економски криминал во СВР Охрид, Сашо Јанкоски да спроведе истрага по основа на оваа кривична пријава.Само со одговорност за сите сторени кривични дела ќе завладее правдата и правото.Доста е од наградувања со две директорски места во исто време како заслуги за партиски услуги и непотизам, доста е од криминално владеење, доста го уназадуваа Охрид и ја распродаваа Македонија, доста ги уништуваа јавните претпријатија.Време е за промени, време е за одговорност и време е да си ја вратиме државата назад!

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања