ДПМНЕ

Dragan-Kovacki-23.06.2022

Ковачки: Со над 800 милиони евра владата од ВМРО-ДПМНЕ ќе ги решава проблемите на земјоделците, со 250 милиони евра годишно дополнително ќе се развиваат општините

„Благодарност за поканата на нашиот градоначалник Виктор Паунов, тука сме заедно и со кандидатот за пратеник Гордана Барбашка. Како што нашиот градоначалник работи и покрај опструкциите од централната власт, гледате дека се развива и се гради“, вели Драган Ковачки, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и носител на Изборна единица 3 и додава:Во иднина ние планираме да дадеме 250 милиони евра за сите општини во Република Македонија без разлика кој е на власт. Само во Карбинци ќе доделиме 1,8 милиони евра за сообраќајна и комунална инфраструктура, значи дополнително општините ќе се градат и дополнително ќе се развиваат.Како што работи нашиот градоначалник во Карбинци, така ќе работиме и ние на централно ниво.Дополнително за жителите од овој крај предвидуваме над 800 милиони евра во 4 годишен мандат за земјоделците што значи реконструкција на сите водоводни канали, да го решиме проблемот со водоснабдувањето, да го решиме проблемот со загарантираниот откуп, и да го решиме проблемот со загарантираната цена. Значи ќе отвораме и нови откупни центри.Земјоделците од овој крај заслужуваат внимание, заслужуваат да си ја работат земјата тие, а не земјата да ја поседуваат феудалци како Љупчо Николовски и сличните на него.Македонија е одлучна за промени, Македонија сака да биде горда, и Македонија заслужува да биде повторно твоја.Затоа ги повикувам сите граѓани на 8 мај масовно да ни се приклучат да излеземе заеднички, да ставиме крај на овие црнила и овие сивила кои ги донесоа СДС и ДУИ.

Македонија | пред 1 година

vmro-dpmne-ohrid-2

Државата е во хаос заради ДУИ и нивните измеќари од СДС, време е да си ја вратиме државата, алармира ВМРО-ДПМНЕ

„Државата е во хаос, Македонија ги живее своите најтешки денови под власт на ДУИ и нивниот измеќар СДС“, вели ВМРО-ДПМНЕ и додава:7 години институциите се парализирани, апатија и разочараност се чувствува насекаде. Народот ја изгубил довербата во политичарите, бидејќи народната волја е многупати изигрувана.Македонија е одземена од рацете на граѓаните. Државата е киднапирана од 100-тина функционери на ДУИ и нивните измеќари од СДС. Додека тие се граѓани од прв ред, сите други се граѓани од втор ред.Додека зборуваат за Европа, тие крадат. Додека зборуваат за подобра иднина, тие купуваат некоја нова Соравија. Со ДУИ и СДС Македонија е подалеку од ЕУ од било кога порано.На безнадежноста и апатијата мора да им се стави крај. ВМРО-ДПМНЕ преку Платформа 1198 има јасна визија и план како да ја придвижи Македонија напред, да станеме достојно место за живеење и младите тука да гледаат иднина.Време е народот да си ја врати државата во свои раце. Македонија повторно твоја!

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-04-14-at-12.18.15

Расте поддршката за Силјановска Давкова за претседател на Македонија, повикувам на големо единство и масовна излезеност, вели Сајкоски

„Поддршка за нашиот кандидат Гордана Силјановска Давкова од ден на ден расте. Се по голем број на граѓани ни приоѓаат и не поддржуваат, даваат силна поддршка. Победата ќе биде голема, победа ќе биде историска“, вели Ѓорѓија Сајкоски, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ и носител на изборна единица 5 и додава:Денеска сме тука во Дебарца за да ја побараме и добиеме поддршката на граѓаните од оваа прекрасна општина, составена од многу живописни села и населени места.Затоа повикуваме на големо единство.На единство кое ќе ја зголеми победата, единство кое ќе ја зголеми поддршката и единство кое ќе ни донесе претседател кој што може, знае, кој што сака да направи меѓународна поддршка да добиеме, кое што сака да постигне внатрешно единство и кој што сака да имаме народ да биде достоинствен и народ кој што како што ја почна да ја гради оваа држава, така да ја види периодот кој што следи.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-04-13-at-10.42.59

(Видео) Прогнозата е 55-56 пратеници за ВМРО-ДПМНЕ, на митинзите излегуваат лица кои ги немам претходно видено, вели Стојкоски

Градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Стојкоски во подкастот „Претрес со Ландов“ зборуваше за митингот на ВМРО-ДПМНЕ во неговата општина.„Ме издрадува тоа што по подолг период на години, видов лица кои ги немам забележано по митинзите. Тоа ми сигнализира дека ВМРО-ДПМНЕ има силна поддршка кај луѓето, има добро расположение, јас тоа го гледам и по активностите на терен, имаме рекорден број на активисти и ни се приклучуваат многу повеќе луѓе“, посочи Стојкоски.Според него, тоа бил последниот позитивен сигнал, кој ќе биде нивна ѕвезда водилка во текот на кампањите.?t=6231

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Мицкоски: Сакам да ги предупредам граѓаните да не потклекнуваат на црните кампањи на власта, јас таквата игра на сценарија креирани од СДС и ДУИ ги викам натпревар за прво место на дното

Би сакал денеска на овој митинг, во овој за мене посебен град, кој многу го сакам, да истакнам една важна работа, која чувствувам дека токму тука треба да ја кажам. Сакам да испратам до целата јавност важна порака. Нашето име е ВМРО-ДПМНЕ, ВМРО - демократска партија за македонско национално единство, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на вечерашниот митинг во Битола.Сакам да ги предупредам граѓаните, додаде Мицкоски, да не подлегнуваат на црните кампањи на власта кои ги надминуваат дури и најмрачните помисли за лудилото кое може да го достигнат.„Јас таквата игра на нивната црна кампања на сценарија креирани од СДСМ и ДУИ ги викам натпревар за прво место на дното. Луѓето не им е тешко да оправдуваат напад врз полицаец, а замислете тоа да беше нивниот син, брат или дете како ќе реагираа. Не им е тешко дури и да фалсификуваат документи“, кажа Мицкоски.Мицкоски и со порака: „Но, сакам да им порачам бевте, сте и ќе останете аматери. Ама крајот доаѓа“.Со почит,

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Промените може да се случат само со масовна излезност и поддршка за Гордана Силјановска Давкова и Христијан Мицкоски, вели Ковачки

„Општина Зрновци се развива, планираме во наредниот период во мандат на ВМРО-ДПМНЕ да инвестираме дополнителни милион евра за потребите на граѓаните од општина Зрновци“, вели Драган Ковачки, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и носител на Изборна единица 3 и додава:Исто така 800 милиони евра ќе бидат директна помош за земјоделците во цела Македонија, тоа значи дека ќе го решаваме откупот на земјоделските производи, но и водоснабдувањето кој е еден од најголемите проблеми во овој крај.Дополнително 5.000 млади лица земјоделци, кои што одлучиле да останат во Македонија ќе добијат дополнителни бонус поени при апликациите за добивање на државно земјоделско земјиште.Меѓутоа за сето ова да се случи потребни се промени, промените може да се случат само со масовна излезност и поддршка за Гордана Силјановска Давкова на 24 април, потоа и на 8 мај за Христијан Мицкоски за премиер на Македонија.

Македонија | пред 1 година

anb-480x288-1

Дали и рекетираните пари во име на АНБ требале да завршат кај Асаф Еисин?, прашува Стоилковски

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски денеска беше запрашан од новинарите за коментар во врска со најновиот криминал, односно случајот каде што наводен лажен вработен во АНБ рекетирал бизнисмен во Скопје.„Вистинско прашање, вели Стоилковски, е кој бизнисмен би дал 180.000 евра на некој кој што само се претставува како вработен во АНБ, верува ли некој во првичното соопштение на ЈО, дека рекетарот само лажно се претставувал?„Како рекетарот го убедил бизнисменот дека има врска со АНБ, за да нема друг избор и да му даде 180.000 евра во пари, накит и автомобили? И тука доаѓаме до следното, каде требало да завршат парите? Дали рекетарот се претставувал во име на Заре Милошевски, директор на АНБ и Миле Зечевиќ? Влетува ли и АНБ во листата институции поврзани со Асаф Еисин и фалсификување на документи и фалсификување на потписи? Дали овие 180.000 евра изрекетирани од бизнисмен од Скопје требало да завршат кај Асаф Еисин за ангажманот за СДС? Дали и рекетираните пари во име на АНБ, требале да завршат кај Асаф Еисин“, прашува Стоилковски додавајќи дека ова се случува во време кога нема одговор за злоупотреба на Агенцијата за разузнавање на Еролд Муслиу, за потребите на црната кампања на Асаф Еисин за Пендаровски и за СДС со фалсификување документи против ВМРО-ДПМНЕ.Стоилковски посочува дека ова е доказ зошто СДС мора да си замине од власт, никој не е безбеден со оваа криминална власт.„Потребни се итни промени. Време е народот да си ја врати државата во свои раце. Македонија повторно ќе биде во рацете на граѓаните. Иднината е во рацете на народот“, посочи Стоилковски.

Македонија | пред 1 година

sdsm-kovacevski-654

Дали изрекетираните 180.000 евра во име на вработен од АНБ требало да завшат кај Асаф Еисин?, прашува ВМРО-ДПМНЕ

„180.000 евра изрекетирани од лице кое се претставувало како вработен во АНБ, во време кога на големо гледаме како се злоупотребувала Агенцијата за разузнавање на Еролд Муслиу за фалсификување документи против ВМРО-ДПМНЕ, а за потребите на црната кампања на Асаф Еисин за Пендаровски, Ковачевски и Зечевиќ“, вели ВМРО-ДПМНЕ и додава:Наводите во соопштението на ЈО дека лицето лажно се претставувало и изрекетирало 180.000 евра се само врвот на сантата мраз.Кој бизнисмен ќе даде 180.000 евра на некој што лажно се претставувал? Вистинското прашање е во чие име се претставувал и дали се користел со имињата или можеби и некои постапки на директорот на АНБ Заре Милошевски, и Миле Зечевиќ кој е главен посредник во аферата со Асаф Еисин?Дали и овие 180.000 евра изрекетирани од бизнисмен од Скопје требало да завршат кај Асаф Еисин за неговите валкани услуги за СДС?Многу е јасно и надвор од здрав разум, дека некој бизнисмен ќе даде 180.000 евра на некој кој го рекетира без да ја знае позадината на рекетарот. ЈО да не крие и да каже која е заштитата на рекетарот и со кого се претставувал истиот, дали се тоа Заре Милошевски и Миле Зечевиќ?Овој скандал е само уште еден доказ зошто СДС мора да си замине од власт. Никој не е безбеден со оваа криминална банда на власт. Потребни се итни промени. Време е народот да си ја врати државата во свои раце. Македонија повторно ќе биде на граѓаните. Иднината е во рацете на народот.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Мицкоски: Како идна влада со Платформа 1198 ќе ја обновиме државата и ќе ја преобликуваме иднината, за Македонија повторно да биде на народот

Визијата „Македонија повторно твоја“ е Македонија во која веруваш, и која ја сакаш и ја заслужуваш. Македонија на успеси, Македонија за која навиваш и со која се гордееш. Македонија на реформи, проекти, на работа, Македонија во која има ред, систем, поголеми плати и пензии, работа за сите, потенцираше во својот говор на митингот во Кавадарци претседателот Христијан Мицкоски.Тој кажа дека на овие избори ВМРО-ДПМНЕ претставува светилник на надежта, и сека има сериозна, најдобра изборна програма досега, наречена „Платформа 1198“.Во програмата има конкретни проекти што ќе ја обноват и ќе ја преобликуваат вашата иднина, но и кои ќе утврдат јасна траекторија за нашите граѓани. Од здравство до образование, од економија до земјоделство, од инфраструктура до вработувања, правда, еднаквост, закон и ред. Нашата „Платформа 1198“ е отисок на позитивна промена, која допира до суштината на твоето секојдневие и те става тебе на прво место. Тоа е нашата заклетва дека граѓаните на Македонија секогаш ќе бидат на прво место.Иднината не е апстрактен концепт, таа е опиплива реалност која може да се обликува со твоите раце. Со оваа Платформа, промените во кои можеш да веруваш, се во твоите раце. Кај тебе е палката, која ти дава сила да ја направиш Македонија да биде повторно твоја, заклучи претседателот.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Асаф Еисин и групата од која е дел се под истрага во повеќе земји, промените не можат да ги запрат, по изборите ќе одговараат сите со се Пендаровски, најави ВМРО-ДПМНЕ

„Стево Пендаровски, Димитар Ковачевски и Миле Зечевиќ му ја ставиле на располагање Агенцијата за разузнавање водена од Еролд Муслиу, на Асаф Еисин, за каде имаме сомнение дека се фалсификувале документи против ВМРО-ДПМНЕ, а кои се објавуваат во јавност, како наводна вистина“, вели ВМРО-ДПМНЕ и додава:Главен нарачател е Пендаровски и Ковачевски, а Зечевиќ е посредникот преку кого одат исплатите. Јавно прашуваме како се исплаќа Асаф Еисин, дали во кеш и дали за тоа се користат парите стекнати преку тендерите во РЕК Битола?Асаф Еисин е припадник на групата на Тал Ханан, која е предмет на истраги ширум светот за мешање во изборни процеси, местење и фалсификување. Од Франција до Африка и од Латинска Америка до Индонезија. СДС влегле во врска со белосветски мешетари, околу кои се повеќе се стеснува обрачот.И Асаф Еисин и Пендаровски, Ковалевски и Зечевиќ треба да знаат дека ќе одговараат и во Македонија за сите конструкции и криминали кои ги направиле и ги прават.Никој не може да ги запре промените. Македонија повторно ќе биде на народот. Промените се во рацете на граѓаните.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Стоилковски: Зад шемата за фалсификување документи злоупотребени државни институции, Муслиу, Пендаровски и Зечевиќ на тапет за изборна манипулација

„Јасно е дека наместо да излезат со програма каде има проекти, главната програма на СДС е фалсификување на документи и лични имиња“, вели Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ:Имаме основано сомневање дека зад таквата мрежа за фалсификување на документи и лажни вести кои веќе се употребуваат против ВМРО-ДПМНЕ се брутално злоупотребени најмалку две државни институциии.Шемата и нашите основани сомневања се дека зад ова седи директно Стево Пендаровски, неговиот директор на разузнавање Еролд Муслиу како и поранешниот разузнувач, а сега генерален секретар на СДС Миле Зечевиќ.Ќе одиме со ред.Дел од ова е и Асаф Еисин, мешетар дел од израелска група на Тал Ханан за која има истраги за фалсификати и вмешаност во избори низ светот. Да потсетиме Стево Пендаровски кажа дека Асаф работи за СДС, а СДС тоа го негираше.Посредник е Миле Зечевиќ, генерален секретар на СДС, а главни одобрувачи и добавувачи се Стево Пендаровски, претседател на држава, сега кандидат на СДС, и Еролд Муслиу, директор на Агенцијата за разузнавање поставен од Стево Пендаровски.Оттука свесни за изборниот дебакл, се преминува во злоупотреба на институции, Кабинет на Претседателот и Агенцијата за разузнавање, кои што наместо да работат во одбрана на Македонија, се занимаваат со црна кампања и фалсификување за Стево Пендаровски.Заедничка работа на овој тим управуван од Асаф Еисин, со одобрување на Пендаровски е да склопат и креираат наводни документи, фалсификувани листови, врз определени податоци, (на пример седницата на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во декември, на која е споменат РИШ) па сето тоа да го зачинат, со лажни податоци за имиња, насоки и сето тоа со фалсификување на потписи на лица коишто се познати во јавноста, како и со лица кои што не постојат.Ваквите креирани документи, вклучувајќи и наратив, приказна, се дава на определени медиуми креирани од СДС до СДС, или медиуми кои не гледаат проблем во црни пари во кампања.Приказната добива покритие под „свиркач“, за СДС потоа правно да се сокрие од улогата креатор на фалсификувани документи и лажни вести во изборни цели.Потврда за сето ова е молкот од СДС по потврдата од Стево Пендаровски за ангажманот на мешетарот Асаф Еисин во изборната кампања, а во меѓувреме во јавноста излегуваат неговите зафати.Има уште една потврда, а тоа е дека ликот во центарот на оваа мрежа Асаф Еисин, е избркан од ВМРО- ДПМНЕ, каде што дојде да ги понуди своите нечесни услуги, да се прават фалсификати, да се влегува во приватниот живот на луѓето, да се прават измислици за политичките противници.Сега е јасно дека СДС го прифатиле Асаф и ја прифатиле неговата работа.СДС мора да одговарат колку чини неговиот ангажман, кој го плаќа, дали има склучено договор, или не, па дали израелскиот мешетар за црната кампања на СДС се плаќа со кеш од тендерите од РЕК Битола?Црна кампања не носи никому ништо добро, целта им е да намалат пораз, да намалат дебакл, со смалена излезност на јавноста.Но, ова не е само црна кампања со клевета, ова се кривични дела фалсификување на документи и фалсификување на потписи.И Еролд Муслиу, и Стево Пендаровски како Миле Зечевиќ а и нивниот извршител Асаф треба да знаат дека за ова ќе има одговорност.За брзо време за брзо од сега ќе следи одговорност.

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_01-10-2023_05-25-56-0090PM

Математички четворица собира на 1 м2, или по еден Маричиќ после службен ручек, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„СДС наместо да понудат програма, се занимаваат со броење луѓе по митинзи, па еве нека знаат: Математички четворица собира на 1 м2, или по еден Маричиќ после службен ручек“, велат од ВМРО-ДПМНЕ и додаваат:Слободно нека продолжат да бројат, а ние ќе се занимаваме со промовирање на проекти и мерки за граѓанитеВМРО-ДПМНЕ ќе ја врати државата на народот, промените се во рацете на граѓаните.

Македонија | пред 1 година

1

СДС со мрежа за фалсификување документи и лажни вести водена од Асаф Еисин влегува во сериозен криминал за кој ќе одговараат, вели ВМРО-ДПМНЕ

„СДС со мрежа за фалсификување документи и лажни вести водена од Асаф Еисин влегува во сериозен криминал за кој ќе одговараат“, вели ВМРО-ДПМНЕ и додава:СДС се спушти толку ниско, што во отсуство на понуда за граѓаните во пресрет на изборите, тие креираат лажни вести и фалсификуваат документи.Ваквите фабрикации ги прави Асаф Еисин, израелски мешетар, кој своите услуги за фалсификување ги нудеше и во ВМРО-ДПМНЕ, при што беше веднаш избркан од претседателот Мицкоски, за разлика од ВМРО-ДПМНЕ, СДС и Ковачевски сги прифатиле неговите услуги, и во недостаток на понуда прибегнаа кон црна кампања базирана на измислици.СДС треба да каже како го плаќаат Асаф Еисин, дали е платен во кеш, и дали таквите пари се стекнати со матните тендери во РЕК?Во прес конференција во текот на денот ќе објавиме како оди шемата за лажни вести и фалсификување на документи.Врвот на СДС со Ковачевски и Зечевиќ е влезен длабоко во криминал, и за тој криминал ќе одговараат, и тие и Асаф Еисин, веднаш по изборите.Народот ќе си ја врати државата, без разлика на измислиците на СДС и мешетарите кои ги плаќаат со народни пари, украдени од тендери. Македонија ќе биде повторно на граѓаните. Промените се во рацете на народот.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Мицкоски: Новото време доаѓа! - Ќе овозможиме младите да ги оставарат своите соништа, достоинство за пензионерите, повисоки плати за работниците, и поволна бизнис клима за фирмите

Порака до младите, не се откажувајте од Македонија, сметаме на вас, без вас и без вашата енергија нема промени. Потребни сте за новото време кое доаѓа. Ќе овозможиме заедно да ги остварите вашите соништа, тука да ја градите вашата иднина и среќа. Вклучете се во промните и дајте го вашиот глас. Одберете сила која може да го порази и промени системот во распаѓање. Верувајте во луѓето кои вистински можат да го подобрат вашиот живот и да донесат повеќе среќа за сите, кажа претседателот Мицкоски во својот говор на вчерашниот митинг во Скопје.Потоа претседателот упати порака и до највозрасните, до пензионерите. Тој потенцира дека секогаш ќе се грижи за нив. Дека тие се притиснати со проблеми, и наместо на нивната возраст да ги минувате најубавите времиња и да уживаат во плодовите од нивната децениска работа, тие се принудени да протестираат за правата кои ги следуваат. Претседателот вети покачување на пензиите за 5 илјади денари.Потоа тој упати порака и до работниците, за кои рече дека знае дека инфлцијата им ги јаде платите, дека се незадоволни и бараат, но и заслужуваат повеќе, но и дека за тоа мора заедно да се избориме. За подобри услови за работа, повисоки плати, за почит и достоинство, тоа се работите за кој вети борба и посветеност.До стопанствениците, поточно бизнисмените, од вас зависи дали 5 мина од ДУИ ќе ја водат државата и слугите од СДСМ ќе ги добиваат тендерите, или на правилен начин, согласно закон ќе се работи и вистинскиот квалитет ќе биде награден. Таа промена ја правите вие. Или ќе го одобрите рекетот на ДУИ и СДСМ или ќе се приклучите на бранот на промените и ќе не поддржите за конечно да има ред во бизнсот и се награди квалитетот, заклучи претседателот.

Македонија | пред 1 година

dragan-kovacki

Ковачки: Очекувам масовна поддршка од граѓаните и обединување околу ВМРО-ДПМНЕ

Во вечерашната емисија „За или Против“ на Алфа ТВ гостуваше членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и носител на листата за пратеници во третата изборна единица Драган Ковачки кој што истакна дека очекува масовна поддршка од граѓаните и обединување околу ВМРО-ДПМНЕ како политичка структура која ќе ја сруши власта и која носи промени за поквалитетен живот, владеење на правото, и одговорност.„Честа како носител е моја, и не само моја, имам и тим кој што работи, претседателите односно нашите општински комитети изборните штабови, сите пратеници кои што се на листата сите заедно работиме тимски за една голема победа која што ќе ја донесеме и ќе ја издвојуваме во изборната единица 3 за да му помогнеме на нашиот претседател Христијан Мицкоски да ја формира владата. Состојбата на терен е одлична се движиме помеѓу граѓаните, секојдневно сме таму добро сме прифатени и на сите им е дојдено преку глава од ова владеење на ДУИ и СДСМ и нивните полтрони кои што во изминатиот период буквално продадоа и распродадоа се што можеше да се продаде, крадеа се, а притоа никој не одговараше. Дојдено е времето за промени и граѓаните сакаат да си ја вратат Македонија во свои раце, да ја вратиме Македонија во твои раце и повторно да ја направиме горда и достоинствена и дома и надвор“ кажа Ковачки.Ковачки додаде дека СДСМ и ДУИ ќе бидат жестоко поразени од граѓаните поради нивните штетни политики во изминатиот период.“Анкетите се поблага форма од она на терен што е затоа што навистина е дојдено времето за промени и граѓаните го искажуваат тоа незадоволство буквално во секоја средба со нас. Мислам дека СДСМ и ДУИ нивните газди ќе бидат прилично изненадени од нивниот резултат и ќе бидат жесто поразени, пораз после кој што нема да можат да се соземат тоа го очекуваме и секако после тоа ќе следи одговорност за таа една мала клика која што ја има заробено државата, која што ги има заробено граѓаните да не можат да си излезат од сопствената земја со последниот пример, со пасошите“ кажа Ковачки.Ковачки потенцираше дека очекува поддршка од граѓаните и обединување околу ВМРО-ДПМНЕ како единствена политичка структура која ќе ја сруши власта и ќе донесе промени за поквалитетен живот, владеење на правото и одговорност.“Нудеа Европа, нудеа отворени граници, отворен Балкан а дојде време Македонија да биде буквално една конзерва од која што не можете вие да излезете. Станува збор на буквална разочараност на граѓаните од власта. Апатијата полека преминува во ентузијазам тоа го гледаме на терен и граѓаните се волни да ни ја дадат поддршката јас очекувам масовна поддршка очекувам голема историска победа за ВМРО-ДПМНЕ и Македонија. ВМРО-ДПМНЕ е единствената сила која што може да ги порази сите овие структури кои што не и мислат добро на Македонија и кои што правеа зулуми во изминатиот период и тоа го знаат сите и сите граѓани ќе бидат обединети околу ВМРО-ДПМНЕ како единствена структура која што може да ја сруши власта и како структура која што нуди промени во државата за поквалитетен живот за владеење на правото за одговорност и почитување на човековите права“ нагласи Ковачки.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања