ДПМНЕ

eZy-Watermark_01-10-2023_05-04-41-6480PM

Стоилковски: 12 директори на Хирургија да кажат колку операции и зафати се откажани, одбиени, препратени од Хирургија во овие 15 дена, додека министерот се крие

“15 дена растурените СДС и ДУИ повеќе се посветуваат на спас на партиски функции отколку што се грижат за пациентите кои ги враќаат од Хирургија и за колапсот на здравствениот систем којшто го предизвикаа со нивната негрижа и лакомост за провизии”, вели Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ и додава:Најголем број директори и раководители од 12-те оддели на Хирургија се на функција по седум години, исто толку години колку што СДС/ДУИ во здравството гледаа златна кокошка, наместо систем за заштита на здравјето на народот.15 дена нема абер од надминување на состојбата на Хирургија, темелот на системот и сржта на терцијалното здравство, а тоа предизвика хаос на сите здравствени установи, и државни и приватни.До сега можеше барем да се обзнани колку би чинела санацијата, но веројатно уште нема таков план.Оттука, ги повикувам сите 12 раководители на Хирургија, да не се кријат од јавноста, туку одговорно да излезат јавно да кажат колку операции и зафати се откажани, одбиени, препратени од Хирургија во овие 15 дена, и колкава опасност и штета предизвикува системот на компримиран воздух, додека економскиот директор шета на Азурен брег со други од администрацијата, а министерот се крие.Д-р. Александар Трајановски директорот, да каже колку пациенти се вратени, одложени, препратени од ТОАРИЛУЦ?Д-р. Софија Пејкова директор на пластична хирургија да соопшти бројка на пациенти кои се вратени или препратени да создаваат хаос во други болници.Д-р. Зоран Караџов да излезе јавно да соопшти за бројот на пациенти од абдомен кои останаа без помош на Хирургија.Директорот д-р. Сашо Дохчев за тоа колку пациенти се вратени или чекаат на Урологија.Д-р. Александар Жупановски да излезе за состојбата со вратени пациенти за операции од Неврохирургија.Директорот д-р. Неџат Јакупи на Торакална, да каже колкумина пациенти биле на листата за операции за минатите 15 дена. Директорката на Детската хирургија, д-р. Славица Литајковска за деца-пациенти, дали се оперирани со посебен потпис за одговорност на родителите?Јавно да излезе д-р. Далип Јахија за состојбата со пациенти на Ортопедија кои чекаат операција.Д-р. Никола Брзанов да каже колку пациенти се препраќани, или можеби враќани од Ургентен.Илир Хасани, директорот наместо да се расправа со спикерката на албанскиот парламент, да излезе за состојбите на Траума поврзани со неработењето на салите за операција особено што беше и заменик министер на ФилипчеДиректорката Маја Мојсова да каже за состојбата на КАРИЛ, дали ќе издржат надворешните системи ама и кога ќе има услови за да почне реновирањето потпишано пред скоро 4 месеци?И во нивниот настап секако да има став и за заеднички служби и за министерот, и секако зошто не се избориле, односно дозволиле распад на Клиниката?Докторската и раководната титула не е само борба за плата, туку и борба за подобри услови за пациентите.Белиот мантил не носи само привилегии и титула, туку и одговорност пред пациенти, особено ако се прифати и директорска раководна позиција.Молкот е повеќе од срамен и е на ниво на соучество.

Македонија | пред 1 година

441954545_1036746617809666_6847479765915775827_n

Океј, ДУИ има право да се лути, да кодоши и да пишува писма, петицијата до Брисел ќе ја потпишат ли оцрнетите кадри?, прашува Милошоски

Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ јавно праша дали оцрнетите кадри на ДУИ ќе ја потпишат петицијата на Али Ахмети која ќе ја испраќа во Брисел, а која се најави како последица на нивното заминување во опозиција.„Дали Курто, Селим, Мерко и Иџет ќе ја потпишат петицијата на ДУИ до Брисел? Очигледно е дека ДУИ сеуште не може да се помири со политичката реалност дека ќе оди во опозиција. Дел од владините функционери од ДУИ, плашејќи се од одговорност пред законите, не сакаат да прифатат дека во Македонија и без нив може да се формира влада поддржана од стабилно мнозинство од најмалку 78 пратеници и со легитимитет добиен од над 600.000 гласачи. И во знак на протест сега ќе потпишуваат петиција до ЕУ во која веројатно ќе доминираат фразите за тоа дека сите други политички чинители се лоши, а само ДУИ се оние најдобрите кои се залагаат за демократскиот легитимитет, за владеењето на правото, евро-атланските партнерства и стабилноста на државата.Океј, ДУИ има право да се лути, да кодоши и да пишува писма.Но, ќе биде навистина интересно да се види дали меѓу функционерите потписници на тоа писмо ќе бидат и:- Курто Дудуш, и дали во писмото ќе има дел за информациите што обвинителот Ислам Абази ги знае за (не)законските постапки од областа на урбанизмот во општината Шуто Оризари.- Селим Адеми, и дали до неговиот потпис ќе стои упатство за уникатната примена на правото во Републичкиот судски совет за незаконито менување на претседател.- Рамиз Мерко, со потпис и објаснување за процесот на ветинг во корелација со црните листи на стратешките партнери и- Иџет Мемети, со потпис и експликација колку стабилна и приходна може да биде меѓуетничката соработка во правосудството на еден "про-европски" тандем, особено ако едниот е обвинител, а другиот Врховен судија.И сигурно нема да се пропушти на оваа петиција да И се закачи "европското знаменце" што ДУИ 100 пати го злоупотреби во Собранието, за да може истото да биде разгледано по скратена постапка во Брисел, Анкара, Софија, Вашингтон и Лондон“, напиша Милошоски.

Коментари | пред 1 година

eZy-Watermark_01-10-2023_05-04-41-3990PM

15-ти ден Хирургија не функционира, државата е парализирана заради неспособноста на СДС и ДУИ, обвини ВМРО-ДПМНЕ

„15-ти ден Хирургија не функционира, државата е парализирана заради неспособноста на СДС и ДУИ“, велат од ВМРО-ДПМНЕ и додаваат:15 дена ниту министерот за здравство Илир Демири, ниту власта во заминување на СДС и ДУИ не преземаа ниту еден чекор за решавање на проблемот на Хирургија.СДС и ДУИ се 7 години на власт и не преземаа ништо за да се санира Хирургија во целост.Наместо инвестирање во Хирургија СДС и ДУИ 7 години бркаа матни тендери во здравството, провизии од вакцини, трговија со терапија за рак, а пациенти добиваа физиолошки раствор.7 години здравството пропаѓа. Состојбата на Хирургија е последица на негрижата и криминаллт на СДС и ДУИ. Одговорност мора да има.

Македонија | пред 1 година

kacarska

Кога Кацарска напушта раководна позиција, тоа е празник за правдата, служеше како судски портпарол на СДС и ДУИ, вели ВМРО-ДПМНЕ

„Кога Кацарска напушта раководна позиција, тоа е празник за правдата“, вели ВМРО-ДПМНЕ и додава:Жената која чувствуваше исполнетост во спроведувањето политички нарачки преку драконски казни за политичките конкуренти беше најголемиот срам за позицијата претседател на Уставниот суд во неговата историја.Дојде на функцијата како награда за казните за 27 април, без докази. Со посрамената Рускоска беа двоецот кој ќе биде запишан на црните страници на македонската историја.Цело време служеше и како судскиот портпарол на СДС и ДУИ.Таа е првиот и последен Уставен судија избран откако претходно истиот суд пресудил дека прекршиле уставни одредби. Така функционираше пупка судството во кое Кацарска беше еден од главните извршители.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Движењето на Максим на маса со ВМРО-ДПМНЕ: Инсистиравме определбите да бидат дел од владината програма

Вечерва во просториите на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија се одржа средба за соработка на работните групи на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија и на ВМРО –ДПМНЕ, во состав: Горан Минчев, генерален секретар, Весна Бендевска и генерал Павле Арсоски потпреседатели на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија и потпреседателите на ВМРО – ДПМНЕ, Владо Мисајловски и Тимчо Муцунски.На состанокот се разговараше за стратешките определби, политичките начела и политичката платформа за соработка.Движењето ЗНАМ – за наша Македонија, својата платформа ја темели на идеолошките столбови на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, а тоа се Македонија современа, демократска, европска држава, втемелена на илинденските и асномските вредности, интеграција на земјата во Европската унија на достоинствен начин; потоа Република Македонија држава во која има правда за сите и нулта толеранција за корупција; Македонија како самоодржлива држава која ќе произведува доволно храна и енергија за своите потреби, забрзани и ефикасни реформи во економијата и социјалните политики во насока на подобрување на животниот стандард на граѓаните, како и стабилни меѓуетнички односи.Во разговорите претставниците на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија инсистираа сите овие определби, како и дел од програмата за парламентраните избори „Проглас за достоинствена Македонија“ да бидат дел од идната владина програма.

Македонија | пред 1 година

klinika-hirurski-kliniki-

(Видео) На ТОАРИЛУЦ нема лифтови, се оперира на сопствен ризик, фирма моли за услови за добиена работа, алармира Стоилковски

„ДУИ и СДС системски го уништуваат здравството до последен ден! Незапаметен хаос владее на клиниката за хирургија, односно Универзитетската клиника ТОАРИЛУЦ“ вели Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ и додава:Ќе набројам три акутни состојби:1. Цела недела 4 лифта не работат, ниту двата мали кај влезот, ниту двата кај трауматологија, па пациенти со скршеници, но и оние што одат на контрола или во посета, или треба да одат по скали или да се туркаат со оние лифтови кон операционите сали!2. Цела недела, од минатата сабота трае проблемот со системот односно цевководот за кислород до операциски сали, цела недела нема испитување што е, што мириса, дали е загадено, дали навистина има јаглерод диоксид. Во меѓувреме, со потпис со лична согласност, луѓе се оперираат на сопствен ризик!? Докази за тоа има во самата Клиника, неколку операции се извршени, дури и една врз дете. А, ако е се во ред, зошто тогаш нема план за операции за од понеделник?3. Делот КАРИЛ од 15-ти март има тендер од 2 милиони евра за санација, ова е првата страница од тендерот, потпишан на 15-ти март. А, се уште еве веќе трет месец не се создадени услови за да се почне со санацијата, се работи за привремена соба која што треба времено да се сместат пациентите! Фирмата моли, со писма, ова е едно од тие писма испратено до министерството за здравство, да им се овозможи услови да почнат да работат!Почитувани,Писмото е од 14-ти мај, се уште нема ништо! Санацијата инаку би траела 3 месеци, а веќе трет месец не може да се почне да се работи на самата Клиника.Почитувани,Ова ги надминува сите граници, тоне хирургија, пациенти се оперираат на сопствен ризик, фирмата моли за услови за да сработи добиен тендер, а СДС /ДУИ водат инает со здравјето на луѓето.Почитувани,Тоа што СДС и ДУИ одат во опозиција, не значи дека народот треба да умира по болнички ходници!За ова секако ќе има одговорност, но прашањето е на човечност и етика, и како ќе заминат од здравството.

Македонија | пред 1 година

gordana-siljanovska-mickoskiKonvencija-10-02032024

ВМРО-ДПМНЕ за заканите на ДУИ за дестабилизација: Нема да не поколебаат, иднината на Македонија е во единството, не во поделбите

Во однос на информациите од ДУИ за можна нестабилност доколку ДУИ не остане во власта, ВМРО-ДПМНЕ го испрати следново соопштение:ВМРО-ДПМНЕ жестоко ги отфрла неоснованите обвинувања и тактиките за поттикнување страв што ги користи ДУИ. Македонскиот народ се изјасни низ демократските процеси, а обидите за поткопување на неговата волја се неприфатливи.Обидите на ДУИ да се сликаат како бранители на албанските права не се ништо друго туку фасада за прилепување до власта по секоја цена. Нивното искуство доволно говори за нивните вистински намери. ВМРО-ДПМНЕ, заедно со коалицијата на македонските Албанци „Вреди“, се залага за правда, транспарентност и вистинска застапеност за сите граѓани на Македонија.Нема да нè поколебаат тактики или закани за поделби.Нашиот фокус е поддржување на владеењето на правото, промовирање на единството и унапредување на интересите на сите граѓани, без разлика на етничката припадност.Ја повикуваме ДУИ конструктивно да се вклучи во демократските процеси наместо да прибегнува кон тактики на страв и манипулации.Иднината на Македонија е во единството, а не во поделбата.

Македонија | пред 1 година

slaveski45123531

(Видео) Славески во „Претрес“: Ќе нема нов Сашо Мијалков, блиски роднини доведоа до криза во партијата и државата

Трајко Славески, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, во „Претрес со Ландов“ кажа дека Сашо Мијалков нема да се повтори, а ниту да се дозволи, партијата да биде раководена од лица со роднински испреплетени релации.„Грешките оние покрупните, произлегуваа од начинот на раководење со партијата, кој што премина во автократски, еден тесен круг на луѓе кои стапија и во роднински врски, дали станаа кумови, да се коптираат блиски роднини, братучеди, нешто што ми непоимливо. Блиски роднини да ве поклопат и да ја поклопат партијата, да доведат до таква криза во партијата и државата е адекватно на казната која уследи и персонална, а за жал и за партијата и до некаде за државата Република Македонија“, рече Славески во „Претрес со Ландов“. Тој додаде: „Тоа нема да се повтори, ќе нема нов Сашо Мијалков и другите околу неговата свита, не смее да се повтори, тоа е прво и единствено, јас верувам во Мицкоски, дури тој покажа дека тоа не е негов стил на раководење“.Во подкастот тој објасни и низ личен пример за тоа како семејните реалции не дозовлил да влијаат во професионалниот живот, говореше за Мицкоски и за владеењето на Груевски.?list=PLm6WbTW4gkMm9SA3GYzjLPE0VWu1c-A7d&t=7375

Македонија | пред 1 година

IMG_3913

ВРЕДИ има кредибилитет да коалицира со ВМРО-ДПМНЕ, кажа Мицкоски

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во вечерашното гостување во емисијата Само интервју на Канал 5 по вчерашните претседателски и парламентарни избори и убедливата двојна победа на ВМРО-ДПМНЕ, рече дека резултатот е историски, но и обврзувачки за новата влада на ВМРО-ДПМНЕ за реформирање и исполнување на ветените проекти.Истовремено очекувам до 28 мај да консолидирам како претседател на партијата 61 пратеник. Вие споменавте 58 пратеници или нешто повеќе од 436.000 гласови нешто што до сега е не запаметено на толкава излезеност и на толкав процент на освоени гласови од позиција на опозиција. И ценам дека овој историски резултат можеби многу тешко понатаму би се повторил, рече тој.На прашањето дали Изет Меџити ќе биде новиот коалициски партнер на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски истакна дека со освојување на 107.000 гласа, коалицијата ВРЕДИ го потврдила својот кредибилитет за да бидат кредибилен партнер на идната влада која ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Твоја Македонија.Со резултатот кој што го направија од ВРЕДИ со 107.000 гласа ценам дека тие го потврдија својот кредибилитет и тие можат да бидат кредибилен партнер во идната влада која што ќе ја предводи коалицијата Твоја Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ и јас како мандатар, потенцираше Мицкоски.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-05-05-at-11.07.28

(Видео) Мицкоски нема да се изненади ако ВМРО-ДПМНЕ освои и 61 пратеник

ВМРО-ДПМНЕ е блиску до мнозинство во Парламентот, а не би се изненадил ако имаме и 61 пратеник во Парламентот, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.Според него, Гордана Силјановска-Давкова ќе биде идниот претседател на Македонија.Посочи дека во среда, на 8 мај, тие ќе слават двојна победа - на претседателските, но и парламентарните избори.

Македонија | пред 1 година

309124235_645245063631682_7155430666224498010_n

ДУИ се обидува да поткупува гласачи дури и во верски објекти, залудни сценарија, секако ќе одат во опозиција, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„ДУИ се обидува да поткупува гласачи дури и во верски објекти, залудни сценарија, секако ќе одат во опозиција“, велат од ВМРО-ДПМНЕ и додаваат:Функционери на ДУИ се забележани дури и во места како Виница, Кочани, Берово, Делчево каде во верски објекти со полицајци се обидуваат да поткупуваат гласачи.Со ова се обидуваат да освојат голем резултат, мислејќи дека така ВМРО-ДПМНЕ ќе мора да седне со нив, но се лажат.ДУИ оди во опозиција и со тоа треба да се помират.Залудно е и полнењето кутии. Примерите кои се нотирани во Липково, не им помогнаа во првиот круг, нема ниту сега во вториот.Времето кога го купуваа гласот на народот завршува. Време е Македонија да ја вратиме на народот. Македонија повторно твоја!Со почит,

Македонија | пред 1 година

darko-kaevski

Каевски од голтар до милионер, фатен како прави милионски проневери како директор на Агенцијата за млади и спорт, реагира ВМРО-ДПМНЕ

„Дарко Каевски како директор на Агенцијата за млади и спорт заобиколувајќи ги законските процедури извршил распределба на пари преку така наречените ваучери до клубови и федерации, кои одредена фирма ги реализирала под услов дел од парите да ги добие назад преку даночно ослободување“, реагира реагира ВМРО-ДПМНЕ и додава:Каевски е фатен на дело, и веќе на сите им е јасно зошто излегуваше и ширеше лаги и манипулации во јавноста.Тоа се кадрите на СДС, како Дарко Каевски, вмешани во криминал и корупција.Време е Македонија да се ослободи од криминалците како Каевски. Време е да ја вратиме Македонија на народот. Македонија повторно твоја.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-04-27-at-13.45.29

Мисајловски: За брзо започнува изградба на нова детска градинка во Стопански Двор, проект вреден 60 милиони денари

„Денеска сме тука во Ѓорче Петров во Стопански Двор каде што позади мене ова место набрзо ќе започне изградба на градинка и навистина ми е драго и со огромна чест и задоволство можам да најавам јас заедно со Бојан дека за кратко започнува новата градинка во Ѓорче Петров. Онаа градинка каде што јас и Бојан како пратеници во Собранието поднесовме амандмани и ни беа прифатени од владата и Александар Стојкоски како градоначалник ги започна сите постапки и веќе наскоро ќе потпише договор за да се гради таа градинка во Ѓорче Петров“, вели Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и носител на изборна единица 2 и додава:Ние како нова влада ветуваме дека сите дечиња ќе ги запишеме во градинките, дека сите дечиња ќе добијат учебник. И затоа ова ветување ни е многу важно за да се започнат сите градинки со изградба. И навистина во Ѓорче Петров имаше голем проблем изминативе години со запишување на дечиња, со нови градинки и така натаму.Но со одличната работа на Александар и неговиот тим може да видиме дека листата е намалена, со отворање на нови градинки, со нови реконструкции, со нови можности и адаптација дека многу дечиња се згрижија. Но со оваа градинка тука во Стопански Двор навистина е полн погодок и уште еднаш ми е драго што јас и Бојан навистина поднесувавме стотици и стотици амандмани, но овој беше прифатен и околу 60 милиони денари токму тука во Стопански Двор за брзо ќе започне нова градинка во Ѓорче Петров.Аирлија нека се сите овие проекти. Може да видиме дека во Ѓорче Петров насекаде е раздвижено, се градат нови улици и тука во Стопански Двор, се градат нови улици во Кисела Јабука, се гради во урбаниот дел, се градат нови спортски терени. Вака се сака Ѓорче Петров, вака се сака Македонија. Но за да има уште повеќе проекти и за победува Македонија сите масовно на 8 ми мај да ставиме печат, да ставиме печат на победата на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата Твоја Македонија и после тоа владата да ги засука ракавите и уште повеќе проекти да има за сите луѓе во Македонија.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-04-27-at-13.27.01

Стојаноска: Програмата на ВМРО-ДПМНЕ „Платформа 1198“ предвидува зголемување на паричната помош за потполно глувите лица за 20%

„Денес остваривме средба со Здружението на глуви и наглуви лица од Гостивар“, вели Дафина Стојаноска, носител на изборна единица 6 и додава:Во програмата на ВМРО-ДПМНЕ „Платформа 1198“ предвидено е зголемување на паричната помош за потполно глувите лица за 20%, а исто така предвидено е вработување на најмалку едно лице со попреченост во јавни институции кои имаат вработено најмалку 50 луѓе.ВМРО-ДПМНЕ покажува подеднаква грижа за сите граѓани. Заедно со сите, Македонија ќе ја направиме повторно твоја и повторно горда. Промените се во твои раце.

Македонија | пред 1 година

Slika-1

Мицкоски: Потребна е масовна излезност на 8 мај за да ги пратиме во опозиција ДУИ кои ја ограбуваат и ја ставаат Македонија на колена

Овој резултат од 24 април е и одговорност. Се што зборуваме треба и да примениме. Народот очекува и убеден сум дека во овие нешто повеќе од 10 дена народот ќе се приклучи, народот е обединет и сака промени и брзи резултати, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот митинг во Росоман.Мицкоски информираше дека како коалиција внимателно е пристапено во креирање на програмата.„Внимаваме што ќе ветуваме, не сакаме да ветуваме нешто што не може да се реализира, не сакаме народот да ја губи надежта. Си дадовме збор дека програмата ќе ја ревидираме за две години. Нема скандал за повеќе од две години во работата на градоначалниците. Затоа можам да кажам дека поучени од ова искуство имајќи во предвид дека најголем дел од проектите се веќе реализирани одлучивме по две години да направиме ревизија и на оваа програма. Сметаме дека можеме повеќе, ама не сакаме да ве разочараме“, кажа Мицкоски.Мицкоски порача дека сега треба максимална мобилизација бидејќи како што рече „нема да остават да биде едноставно, мора да добиеме мнозинство во парламентот, да имаме наш претседател и заедно со градоначалниците да направиме трансформација на Македонија“, изјави Мицкоски.Според него за ова треба масовност.„Има центри на моќ кои не сакаат да ја видат успешна Македонија, имаме такви и тие беа клучен фактор до сега беа и во Владата, и тука мислам на ДУИ и Али Ахмети, тој сака да ја види осиромашена Македонија и слично. Тие не сакаат да ја видат успешна Македонија“, рече Мицкоски.Мицкоски укажа дека овие избори се шанса криминалците да ги пратиме во опозиција.„И ова го зборам само поради криминалот, не го зборам за ДУИ затоа што се Албанци, не, туку поради криминалот. Јас ја повикав опозицијата кај Албанците да се бориме заедно. Јас се борам против ДУИ кои ја ограбуваат и на колена ја ставаат Македонија“, заклучи Мицкоски.

пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања