ДПМНЕ

lefkov

(Видео) „Владата на СДС и ДУИ набавила софтвери за 9.5 милиони евра, од кои дел не се ни користат, наместо да фрлаат пари можеле да купат 100 возила за гасење пожар“, вели Лефков

„Владата на СДС и ДУИ набавувала милионски софтвери кои не се користат, а се платени. Според Извештајот на ДЗР за 2021 година, изготвен во 2023 година се вели дека во деловните книги на Владата евидентирани се софтвери и лиценци во вкупен износ од 576.514.000 денари, од кои дел се набавени и се користат во повеќе институции од јавната администрација. Но, за дел не добиле документација дека истите се користат од страна на Владата или се дадени на користење на други институции“, рече Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.„Тоа се 9.5 милиони евра народни пари потрошени за софтвери, од кои според ДЗР дел воопшто и не се пуштени во употреба. 9.5 милиони евра се пари со кои можеле да се направат 9 градинки, наместо истите да се фрлат за софтвери кои нема да се користат.Со 9.5 милиони евра можело да се набават 200 амбулантни возила или 100 противпожарни возила. Но наместо во неопходни средства и ресурси за државата СДС и ДУИ парите ги фрлале на тендери за софтвери кои никогаш и не профункционирале. Неодговорното однесување веќе е минато и никогаш не смее да се повтори“, изјави Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

IMG_6534

„За СДС под водство на Венко Филипче граѓаните се будали, за навредите мора да се извинат“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„СДС и натаму тоне. Последните анкети говорат дека се пет пати послаби од ВМРО-ДПМНЕ. Оттука очигледна е нервозата и следат навреди кон граѓаните што е за осуда“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.„СДС одговорот од граѓаните го доби на изборите во мај. Граѓаните рекоа јасно не за политиките на СДС. Граѓаните ја казнија СДС.Од СДС пак како да не разбираат и наместо во јавност да настапуваат со визија, тие удрија по граѓаните.За СДС под водство на Венко Филипче граѓаните се будали, а за претходниот претседател на државата, Стево Пендаровски беа стока.Оттука СДС вината за тонењето да ја бараат во своите редови кои не знаеја ништо освен навреди и практикување на големо на корупција и криминал.СДС треба едноставно да се извини за речникот кон граѓаните и да погледне кон себе. Навреди на адреса на граѓаните не смее да има“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

vlada-2024-mickoski

НСДП: ВМРО-ДПМНЕ најдобро функционира во „заробена држава“, на добар пат се да ја вратат државата на ниво од 2017 година

„Се навршуваат 100 дена од изборот на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, 100 дена на безидејност, скандали и чекори за изолација на државата, политики на застранување од стратешките државни приоритети“, велат од НСДП.„За НСДП ова е очекувано, знаејќи дека ВМРО-ДПМНЕ најдобро функционира во „заробена држава“ и на добар пат се да ја вратат државата на ниво како што ја оставија во 2017 година.За 100 дена нема отпочнато ниту една значајна реформа, ниту еден значаен проект со кој може да се пофалат пред граѓаните и да ја оправдаат големата поддршка која ја добија на изборите.Граѓаните ги прелажаа со еден куп на лажни проекти, лажни реформи и манипулации, а од сето тоа за 100 дена имаме едно големо ништо. Европската Унија даде зелено светло за Албанија на 15 октомври да го отвори првиот преговарачки кластер од пристапните преговори со Европската унија, а Северна Македонија останува заглавена и изолирана во популистичките политики на Владата на ВМРО-ДПМНЕ.На граѓаните им ветија враќање на поранешното уставно име на државата и репреговарање на договорот со Бугарија и преговарачката рамка со Европската Унија, но од тоа нема ништо, се било една огромна изборна лага. Кога седнаа во функционерските фотелји престана да им пречи Северна Македонија, а за предлогот на премиерот Мицкоски за менување на преговарачката рамка не добија поддршка од никој во Брисел.Мицкоски ја задолжи државата со 500 милиони евра од Унгарија, иако стратешките финансиски партнери на државата нуделе поповолни кредити, ова само покажува дека се поочигледно следува процес на орбанизација во нашата држава“, соопшти НСДП.„Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ многу лошо се справи со големиот број на пожари кои ја зафатија државата, првпат после подолго време просечната плата се намалува, економско-социјалниот дијалог не функционира, растот на платите е застанат, граѓаните и претпријатијата се оставени сами на себе да се справуваат со економската состојба, а од надлежните секојдневно слушаме празни изговори и оправдувања, иако сега имаат апсолутна власт, претседател на државата, парламентарно мнозинство, влада и 2/3 од локалната самоуправа.Стопирани се стратешки проекти за државата како коридорот 8 и остануваат неискористени многу грантови од Европската Унија, катастрофата што му се случува на главниот град Скопје ја снајде и државата владеана од Владата на ВМРО-ДПМНЕ.Неработата и безидејноста на Владата се обидуваат да ја покријат со многу лаги и манипулации и со најави за дестабилизација на државата, можни етнички конфликти, што секако не е ни блиску до реалноста. Време е да се фатат за работа, затоа што државата се соочува со многу предизвици!“, се наведува во соопштението на НСДП.

Македонија | пред 1 година

450782557_1266951367961006_6736493216666583704_n

СДС падна на многу ниски гранки чим меша деца на Мицкоски за политички поени, патувањето на синот државата не ја чини ништо, тој не е дел од делегацијата, вели ВМРО-ДПМНЕ

„СДС падна на многу ниски гранки чим меша деца на Мицкоски за политички поени, патувањето на синот државата не ја чини ништо, тој не е дел од делегацијата“,вели ВМРО-ДПМНЕ и додава:„СДС се спушти на многу ниски гранки чим си дозволи брутално да ги меша децата и најблиското семејство на премиерот Мицкоски. Не е малку што со години е предмет на најцрната кампања од СДС, за да сега Петровска која доживеа изборен дебакл го вмешува синот на Мицкоски. Тоа значи дека го пробија дното.Фактите се следни:Синот на Мицкоски не е дел од официјалната делегација во НАТО самитот. Иако претседателот Мицкоски има право на придружен член на делегација, патувањето на неговиот син државата не ја чини ништо, односно сите трошоци се подмирени приватно од семејството на Мицокски. За разлика од времето кога премиерот на СДС Ковачевски ги донесе децата како членови на официјална делегација.Ако делегацијата сакала да сокрие нешто сигурно немаше да има фотографии од истата. Напротив се е транспарентно.Ефектите од патувањето на претседателот на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ се повеќе од очигледни.Над 20 средби со лидери на држави членки на НАТО.Средба со врвот на НАТО.Достоинствено преставување на македонските интереси.2 крупни инвестициски одлуки.Нова инвестиција на Вабтек, 35 милиони евра и над 100 вработувања.Специјална економска соработка со Унгарија, 500 милиони евра за компаниите и општините.Токму поради ова поразено однесување на СДС на наредните избори тие 180 илјади гласови кои ги освоија на последните избори ќе им бидат недостижна цел“.

Македонија | пред 1 година

zaev-filipce

Венко Филипче, малиот Заев, остави пустош во здравството, сега ќе го опустоши СДС, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Венко Филипче, малиот Заев, остави пустош во здравството, сега ќе го опустоши СДС“, вели ВМРО-ДПМНЕ и додава:Милионски тендери, обиди за приватизација, изгорени болници, тоа е Венко Филипче и неговиот печат врз здравството и Македонија.Филипче не донесе ништо добро во здравството, штетите од неговото владеење се огромни.Филипче знае дека доаѓа време кога ќе треба да одговара за криминалот кој го сторил, па веќе пензиониран, се врати во политика за кога ќе биде соочен со правдата да се вади на политички притисоци, и со надеж дека некогаш повторно ќе може да го прави криминалот кој еднаш веќе го правел. Филипче се лаже, затоа што не може да избега ниту од одговорност, ниту пак некогаш повторно ќе може да управува со државата и институциите.

Македонија | пред 1 година

vmro_dpmne

Жива срамота е СДС да говори за клановски пресметки, бидејќи тие се творците – тие ги штитеа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

„Грдото лице на власта на СДС и ДУИ значеше и бруталната пресметка на клановите Дуќанџик и Арачиново. Оваа клановска борба својот врв го достигна во време на Оливер Спасовски, кога лица тесно поврзани со мафијашките структури беа дел од неговиот кабинет, а полициски службеници заедно со криминалците учествуваа во директните пресметки, како што беше таа во хотелот Александар Палас. Владеењето на СДС и ДУИ беше симболот на беззаконието и јакнењето на подземјето“, вели ВМРО-ДПМНЕ на пресот на Богданка Кузеска од СДСМ.Тие додаваат: „Разузданите банди и мафијашките пресметки низ Скопје и други места се директно дело на поранешната власт, затоа што истите ги користеа за избори, а после им се оддолжуваа со тоа што им ги отвораа улиците за трговија со дрога. Жива срамота е СДС да се дрзне да говори за вакви пресметки, бидејќи тие се творците на клановите и клановските пресметки по угостителски локали, трговски центри и по улици. СДС нека се покрие од срам, затоа што ги охрабруваа членовите на подземјето да дивеат, им даваа заштита и поддршка, а не изостануваа и фотографии на мафијаши со функционери од власта на СДС и ДУИ“.

Македонија | пред 1 година

frckovski

Фрчковски е грдото лице на власта на СДСМ и ДУИ - секој треба да биде повикан на одговорност, вели Лефков

На денешната прес конференција пратеникот Миле Лефков од медиумите беше запрашан како го коментира отповикувањето на Фрчковски од страна на МНР.„Фрчковски е грдото лице на владеењето на претходната власт на СДСМ и ДУИ. Од тоа што можевме во јавноста да го видиме, гледаме дека како амбасадор на Македонија уживал во удопствата кои му ги обезбедил Зоран Заев со именувањето, а во исто време нема отчет како се трошеле народните пари, односно парите биле трошени на непознат начин“, истакна Лефков.Лефков посочи дека секој треба да биде повикан на одговорност за тоа како ја извршувал својата должност без разлика за кој човек се работи или на која функција бил.

Македонија | пред 1 година

429556923_786909476816831_8219045427397920325_n

(Видео) Филипче спроведе скандалозен тендер за стерилизација во 2019 година со контроверзна албанска компанија, вели Лефков

„Киднапираната СДСМ се чудат од каде нивниот претседател Филипче и нивниот газда Заев се поврзуваат со криминал и корупција. Доволно е само да ги прочитаат медиумите што во Македонија, што во регионот, и да се уверат дека двоецот Филипче - Заев се шампиони по коруптивни зделки“, вели Миле Лефков, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник и додава:Ќе потсетиме дека Филипче како министер во владата на Заев го спроведе скандалозниот тендер за јавно приватно партнерство за стерилизација, од 2019-тата година, тендер за кој и врапците знаеа дека ќе го добие компанија од Албанија уште само што се распиша. Но тоа не го спречи Филипче да го истурка овој тендер тежок 14 милиони евра, што само покажа уште тогаш дека на позицијата министер за здравство е поставен од страна на Заев за заедно да ги тераат матните милионски тендери и наместо здравствен систем за граѓаните, да градат систем за полнење на приватни џебови.Ние како ВМРО-ДПМНЕ во 2019-тата година јавно поставивме прашање која е поврзаноста помеѓу Филипче, помеѓу луѓе од Владата на Заев и скандалозниот бизнисмен Илир Рапај кој е тесно поврзан со двете фирми кои се активни на тендерот за стерилизација. Овој контроверзен бизнисмен и неговите фирми и тогаш и особено сега се во центарот на скандали и во соседна Албанија за истата дејност, односно концесија за стерилизација. Имено за овој случај таму се води истрага и отпочнат е судски процес во кој опфатени се и поранешни високи функционери во министерството за здравство. Се надеваме дека Филипче и СДСМ прочитаа дека во Албанија е уапсен поранешен министер за здравство за слични матни тендери и зделки, откако од минатата година тамошното антикорупциско обвинителство започна истрага за концесијата за стерилизација.Дали Филипче стана пратеник за да го користи пратеничкиот имунитет? Дали Филипче и Заев, браќата по корупција и криминал ја киднапираа СДСМ за да се заштитат од евентуална одговорност? Дали планираат да ја направат партијата заложник за да се пазарат со правдата?И Филипче и Заев треба да знаат дека нема да има пазарење со правдата. Ако постојат докази секој ќе одговара, па кој и да е и на која партиска или политичка функција да се наоѓа.

Македонија | пред 1 година

vlada-2024-mickoski

Владата на ВМРО-ДПМНЕ што вети, тоа и ќе реализира - Од септември над 300.000 пензионери ќе го добијат ветеното линеарно покачување на пензиите од 5000 денари, вели ВМРО-ДПМНЕ

„Пензионерите нема потреба веќе да се грижат, ветувањето за покачување на пензиите од 5000 денари станува реалност“, вели ВМРО-ДПМНЕ и додава:Владата на ВМРО-ДПМНЕ предводена од премиерот Христијан Мицкоски го реализира проектот линеарно покачување на пензиите од 5000 денари во првата година од мандатот.Над 300.000 пензионери ќе го добијат ветеното предизборно покачување на пензиите од 5000 денари.Првото покачување на пензиите од 2500 денари, пензионерите ќе го добијат во септември, додека второто покачување од 2500 денари ќе го добијат во март следната година.ВМРО-ДПМНЕ се што вети во програмата Платформа 1198 тоа и ќе го реализира.ВМРО-ДПМНЕ ќе го подобри животниот стандард и квалитет на живот на сите граѓани.Владата и Мицкоски се партнери на пензионерите и се грижат за потребите и барањата на сите граѓани.Македонија мора да се трансформира и да стане држава на среќни и богати граѓани.За тебе. Почнуваме!

Македонија | пред 1 година

IMG_4624

Мицкоски: Државата е во клиничка смрт, не барам сто дена меден месец туку најавувам фуриозен почеток на инвестиции и реформи

Од она што го дознаваме за состојбите во државата, ситуацијата е рамна на клиничка смрт во повеќе клучни области, девастирана до мера на непрепознатливост каде институциите се доведени пред буквална пропаст и незапаметена нефункционалност. И за се ќе биде известена јавноста, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во експозето како мандатар за новата влада на денешната собраниска седница.Мицкоски додаде дека ова не го говори како изговор туку дека одлучно ќе се одговори, затоа што оваа генерација нема опција за неуспех и заедно ќе мора да направиме големи чекори напред.- И затоа нема да барам никакви 100 дена меден месец, туку најавувам фуриозен почеток на проекти и нови инвестиции веднаш. Впрочем немавме ниту една секунда изминатиов период. Веќе во вторник најавувам нова инвестиција над 400 милиони евра, потоа ќе ги намалиме даноците, покачиме пензиите, ќе обезбедиме пари за капитални проекти. Доста времето се трошеше на измислени теми, и етнички прашања, време е да се засукаат ракавите решат проблемите и ова да биде влада на економија и развој. Тоа го сакаат сите, истакна Мицкоски.Мицкоски потенцираше дека носечка цел е да се обнови довербата во институциите на државна власт, да се елиминира корупцијата и да се обезбеди владеење на правото.Централно место во нашата животна мисија е економското заживување. Ќе започнеме нов силен циклус на економски раст, поттикнат од стабилни јавни финансии. Поддршка за конкурентен приватен сектор и значајни инвестиции во иновациите и во информатичката технологија. Нашата цел е да создадеме продуктивни и добро платени работни места, да ја намалиме невработеноста и да поттикнеме средина каде што бизнисите можат да се развиваат, рече Мицкоски.

Македонија | пред 1 година

IMG_4621

Лично ќе се залагам сомневањата за злоупотреби да се расчистат, младите да останат дома, да немаме егзодус на доктори, најави Мицкоски

Мандатарот Христијан Мицкоски даде изјава откако го достави својот предлог за состав на Владата. Најави дека озбилно планира да се расчисти со сомневањата за злоупотреби кои се случувале изминатите седум години. Тој кажа дека за ова лично ќе се залага.„Очекувам дека секој од нив максимално ќе се заложи и ќе даде повеќе од својот капацитет за своите граѓани. Граѓаните своето го направија, сега е ред ние да направиме нешто за нашите граѓани“, рече Мицкоски.Според него, бизнисот треба да се чувствува сигурно. Рече дека Владата ќе биде сервис за остварување на нивните права.„Владата е цврста и стабилна“, додаде Мицкоски.Се осврна и на младите кои рече дека ќе бидат нивни акцент.„Имаме класичен егзодус, младите ја напуштаат Македонија и ја бараат иднината надвор од тука. Осум од десет студенти кај мене ми велат дека планираат по студирањето да ја напуштат Македонија. Перцепцијата треба да ја променат“, додаде Мицкоски.Најави дека целта ќе биде да нема граѓани од втор или трет ред.„Тоа нема да се случува, лично го гарантирам“, посочи Мицкоски.Посочи дека верува во секој еден од предложените министри. И на пензионерите им вети зголемување на пензиите, уште во првата година за 5.000 денари.

Македонија | пред 1 година

ljupco-dimovski

Познати и замениците-претседатели на Владата

До 23 јуни, Македонија треба да ја добие новата Влада. Ова го кажа Христијан Мицкоски, кој рече дека веќе утре ќе ги достават сите имиња на министри ќе бидат достравени до Собранието, каде пратениците ќе требаат да гласаат. Освен министрите за кои веќе објавивме, свое место најдоа и претседателите на Социјалистичката партија и Демократската партија на Србите.„Претседателот на Социјалистичката партија, Љупчо Димовски ќе биде предлог за заменик-претседател на Влада одговорен за политичкиот систем. Иван Стоиљковиќ, ќе биде исто така предлог за заменик-претседател на Влада и минситер на ресорот за односи меѓу заедниците. И Шабан Салиу кој ќе биде министер без ресор, задолжен за имплементација на декадата на Ромите“, рече Мицкоски.Тој ги соопшти и останатите решенија: 

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-06-12-at-12.24.49

(Видео) ДУИ оди во опозиција, во вторник имињата на новата Влада ќе бидат пред пратениците, најави Мицкоски

Мандатарот Христијан Мицкоски очекува во вторник да го достави комплетниот список на министри кои ќе ја сочинуваат Владата до Собранието. Тој не соопшти имиња кои ќе ја сочинуваат новата Влада.„Јас не би зборувал во името на другите партии, во името на коалиционите партнери. Што се однесува за ВМРО-ДПМНЕ, ние сме структура која има организациска поставеност, вертикална, функционира врз основа на статут и во согласност со законите и Уставот. Во недела ќе има седница на Извршниот и Централнот комитет, ќе бидат претставени кадровските решенија од моја страна како мандатар, со нивната биографија. Очекувам да се произнесат, а ако тоа е позитивно и успешно, да бидат соопштени на јавноста. Официјалниот список на идната Влада и програмата, на 18-јуни, во вторник, ќе бидат доставени до Собранието“, кажа Мицкоски.Мицкоски кажа дека нема да има место во новата Влада за ДУИ, Левица и СДСМ.„Гласаа пратеници на ДУИ, точно, но од Коалицијата Европски фронт гласаа и од Турската партија, од Демократската партија на Албанците. Очекувавме да гласаат и пратениците од коалицијата на СДСМ и од Левица. Бидејќи тоа што не го кажува СДСМ, а треба да се знае, е дека јас лично остварував со нив контакти цело време. И вратата за сите пратеници да го поддржат овој закон, беше отворена. Тоа што дел од идните опозиционери гласаа и препознаа квалитет, нив треба да ги прашате.. Што се однесува до составот на идната Влада, таа ќе биде составена од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, ВЛЕН, и политичката партија ЗНАМ“, рече Мицкоски.

Македонија | пред 1 година

Antonijo-Milososki-06.03

илошоски: Гласањето за Законот за организација на министерствата за кој граѓаните дадоа легитимитет има поддршка и од пратениците

Според информациите, преговорите се во финална, завршна фаза и тоа не само за министри, туку и за заменици министри, државни секретари и трет, четврт ешалон. Очекувам мандатарот Мицкоски, предлогот за состав на новата Влада да го поднесе до Собранието на 17 јуни, во понеделник и потоа да имаат пратениците во Собранието неколку дена време за да ја разгледаат и програмата, и составот, и биографиите на новите предложени министри, вели пратеникот и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски во неговото гостување во централниот Дневник на телевизија Алсат.Во однос на новиот закон за Организација на органите и работа на државната управа кој беше донесен викендов и поддршката од пратениците на Европскиот фронт, Милошоски посочи дека она што можеше да се забележи во собраниските кулоари уште во текот на самата расправа, но и неколку дена претходно, беше податокот дека поединци, пратеници кој што се во коалиција со ДУИ, но изворно не потекнуваат од таа политичка партија, двајца или тројца на број изразија спремност да дадат поддршка за овој закон, што секако ќе беше доволно законот да го добие двотретинското мнозинство.„Од друга страна, сметам дека претседателот на ДУИ имајќи го ова сознание во предвид се одлучил на чекор да не се забележи раздорот внатре во ДУИ и таа фрагментација во нивната коалиција, на некој начин да изгледа дека тие се компактна група која што дава поддршка на одредено законско решение иако дел од групата пратеници кои што се блиски со Зијадин Села не беа присутни и не гласаа за овој закон“, рече Милошоски.Но како и да е, додаде тој, ние сметаме дека ова законско решение, најважно ни беше што доби легитимитет кај гласачите и кај граѓаните и секој пратеник кој што одлучил да го поддржи, сметаме дека го слушнал и гласот на граѓаните кои што се определија за оваа Влада.Милошоски истакна дека нема да ги именува кои се пратениците кои што одлучија да дејствуваат по свое убедување или малку поразлично од коалицијата во која што учествуваат, посочувајќи дека тоа што може да го каже е дека во коалицијата на ДУИ постојат двајца, тројца поединци кои што се расположени за по прагматичен однос и соработка со владејачкото мнозинство.„И ние цениме дека е корисно и за владејачкото мнозинство, на крајот од краиштата и за граѓаните кои што дале доверба ова мнозинство да спроведе важни реформски проекти“, потенцираше Милошоски.

Македонија | пред 1 година

mickoski-i-siljanovska-1170x658-1

Завршуваат преговорите за Влада, Мицкоски во четврток го добива мандатот од Сиљановска

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во четврток ќе му го даде мандатот на мандатарот Христијан Мицкоски. Тој кажа дека состаноците за формирање Влада се при крај. Тој кажа дека очекува многу брзо да го поднесе составот на новата Влада.„Преговорите привршуваат, тие се веќе завршени во одредена мера, во делот на владините ресори. Завршени се и во третиот ешалон, денеска треба да бидат потврдени. Очекувам утре претседателот Сиљановска да го даде мандатот. Очекувам час поскоро да го поднесам составот на членови на идната Влада, малку се размислуваме поради одредени верски празници кои се пред нас Задушница и Рамазан, ќе треба да се води сметка и за тоа, така што ќе треба да нивелираме некои работи. Очекувам идната Влада да биде изгласана пред крајниот рок, дефиниран со Закон и Устав“, рече Мицкоски.Прашан за распределба на ресорите, кажа дека не сака да зборува за имиња, а наскоро денеска ќе се знаат.Кажа дека меѓу првите закони кои ќе бидат поднесени се во однос на изборот на членови на судски и обвинителски совет, за судството и обвинителството да бидат ослободени од политика.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања