ДПМНЕ

02102024-Mickoski-8

До 30 илјади евра грант за бизнис и 250 евра ваучер за електронски уред за сите студенти, вели ВМРО-ДПМНЕ

„ВМРО-ДПМНЕ и Владата го исполнуваат ветеното. ВМРО-ДПМНЕ и Владата покажаа кој е на високо место на листата на приоритети. Досега на дело се виде обезбедување на пари од буџетот за студентите, лекарите, студентските домови и инфраструктурни проекти, продолжуваме со новитети во креирањето на младинските политики“, вели вели ВМРО-ДПМНЕ и додава:Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ обезбедува со новиот буџет фонд во висина од 10 милиони евра за развој на бизниси за млади лица од 18 до 29 години.Млади на оваа возраст ќе добијат можност за грантови за поддршка во износ до 30 илјади евра.На овој начин се стимулира домашната економија, се поттикнува економската активност, а воедно се создаваат финансиски независни и успешни поединци.Дополнително за сите студенти се обезбедуваат ваучери во вредност до 250 евра за купување на електронски уреди.ВМРО-ДПМНЕ и Владата испорачуваат иднина за младите!

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Стојаноски: Одлучивме на криминалот да му удриме во чело, одговорност ќе има, нема повеќе криминал и бандити да царуваат по улиците како во време на Спасовски

Во вечерашната емисија „За или Против“ на Алфа Телевизија гостуваше пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски кој што истакна дека одговорност ќе има за секој што ги прекршил законите а на криминалот и бандитите кои што царуваа во време на Спасовски и Зечевиќ мора да им се стави крај.„Нема дискусија, нема правење компромис со криминалот, одлучивме на криминалот да му удриме во чело, нема да има амнестија кон никого, санкцијата ќе ги стигне сите.“ кажа Стојаноски.Пратеникот Стојаноски изјави дека во изминатите 100 дена фокусот е ставен на прашања поврзани со криминалот, со корупцијата а целта е да се подобри квалитетот на животот во државата.„Заглавени во некои филмови на подземје каде што сметаат тие кои што тие ги ослободуваат меѓу кои и двајца многу високи полициски функционери, кога го рекетираа градот кога ги пуштаа тие банди да дилаат дрога по улиците на државата кога ги направија дотолку моќни да тие после нив ги контролираат и кога истите тие банди кога сега таа моќ почнува да им се намалува и територијата да им се стеснува се пресметуваат меѓу себе сметаат дека некој друг треба да ја превземе вината. “рече Стојаноски.

Македонија | пред 1 година

Nikoloski-a-1

Николоски: Паралелно ќе работиме на реконструкција и изградба на брза пруга на Коридор 10

Пругата на Коридор 10 е приоритет и затоа ќе ги вложиме сите напори оваа пруга да биде извор на приходи за државата и целата економија. За да нема застој во железничкиот транспорт, паралелно ќе ја реконструираме пругата од Табановце до Гевгелија, а во исто време ќе работиме и на изградба на нова пруга на Коридор 10. Ова го истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски во интервју за поткастот „Каде се парите“.Проект за реконструкција има, истакна министерот Николоски и додаде дека проектот предвидува брзина на возовите од 80 km за карго превоз и 120 km за патнички превоз. Дополнително истакна дека проценетата вредност би изнесувала околу 250 милиони евра и ќе се изврши комплетна реконструкција на потегот Табановце-Гевгелија.„За 2 до 3 години ќе ја реконструираме целата делница од Табановце до Гевгелија. Проект имаме, ЕУ дава позитивни сигнали да финансира преку ИПА 3 компонентата од каде би можеле да добиеме околу стотина милиони евра, а околу 150 милиони евра треба да ги обезбедиме од домашниот буџет. Реконструкцијата подразбира целосна смена на пругата, реконструкција на седум моста, добро е што има постојана електрификација и ќе се постави ИТС систем. И ова е реално и вака мораме да правиме паралелен процес додека градиме нова пруга за да не ни се случи примерот со Србија кога карго превозот запре додека вршеа реконструкција на пругата Белград – Ниш“, истакна Николоски.Во однос на изградбата на брза пруга тој потенцираше дека потребата од брза пруга е огромна за Македонија, за целиот регион и Европа, која пак ја препознала оваа идеја и е подготвена да ја финансира. Исто така министерот во поткастот објави дека за брза пруга постоел проект од 1978 година со 4 линии.„Треба допрва да има физибилити и предфизибилити студија. Мое лично мислење е дека треба да одиме со пруга над 200 km на час. И мислам треба да одиме по наједноставниот терен, а тој би бил од Табановце па да се спушти под Куманово до Свети Николе, потоа Штип, Радовиш, Струмица и да се врзе на Миравци, Гевгелија и Солун. Секако треба да се направи триаголник кој ќе го поврзе Скопје со брзата пруга. Дали тоа ќе го покаже предфизибилити и физибилити студијата не знам, но мислам дека ова е најлогичното решение.Во однос на цените, со овие цени сега брза пруга би чинела околу 2,3 до 2,5 милијарди евра, а за оперативна да биде од почеток на градба до прва операција на воз, би ни требало околу 5 години. Во однос на финансирањето знам дека нема да бараме пари од Кина, Русија и Саудиска Арабија. Ако ЕУ сака да ја финансира е добродојдена, но прво мора да го обезбедиме финансирањето пред да почнеме да ја градиме“, истакна министерот Николоски.

Македонија | пред 1 година

IMG_6239

„Филипче и по цена на живот на граѓаните не се откажуваше од тендерите, така во модуларната во Тетово изгореа 14 граѓани“, вели ВМРО-ДПМНЕ

„За да одиме напред, мора да имаме информации за минатото, поточно што ни остави владата на СДС. Актуелниот претседател на СДС, Венко Филипче за време на неговото министерување освен грижа за местење тендери немаше ништо за граѓаните, никакви подобрување на здравството“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.„Филипче и првиот човек на компанијата Брако, Кочо Анѓушев ги игнорираа ни помалку ни повеќе обвинувањата и укажувањата дека се виновни за пожарот во тетовската модуларна болница каде живи изгореа 14 луѓе.Филипче не одговори за начинот на кој е спроведен контроверзниот тендерот или не одговори зошто е спроведуван за набавка на парчиња, а не цел објект со што биле заобиколени протоколите за безбедност“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

lefkov1

(Видео) Лефков: ДЗР констатира Владата на СДС и ДУИ со авторски договори ангажирала лица кои не вршеле работа од тој тип, ниту имало потреба за тоа

„Владата на СДС и ДУИ ангажирала лица на авторски договори иако работите кои се вршени не се авторско дело и не подразбираат таков вид на работа.Државниот завод за ревизија во Извештајот за работата на владата и буџетските трошења за 2021 година, објавен во 2023 година констатира дека владата ангажирала лица со авторски договори преку агенција за интелектуална сопственост, иако работите и работните задачи не подразбираат креирање на авторско дело согласно законската регулатива“, рече Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.„Владата на СДС очигледно е дека ги заобиколувала постоечките законски процедури и сакале преку авторски договори да исплаќаат лица блиски до нив, без да има потреба да ги вработуваат или ангажираат преку системот на АВРМ.Лицата кои ги ангажирала власта добиле само авторски договори, без да има реална потреба од тоа.Самоволието на власта на СДС и ДУИ се глада на секој чекор. Затоа велиме дека наследивме ограбена држава. Но неспособноста завршува со нив. ВМРО-ДПМНЕ сега работи 100% одговорно за твојата иднина“, изјави Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

Cvetan-Tripunovski-02.10

Трипуновски: Земјоделското земјиште од прва до четврта категорија ќе го заштитиме, нема да има градби кои што ќе значат девастација

„Некако изминативе години повеќе се делеше земјиштето на луѓе кои што се блиски до министер, премиер итн. А, вистинските земјоделци кои што ги среќавав ширум државата молеа за парче земја за да работат и егзиситираат“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски при вчерашното гостување во емисијата „Што мисли народот“ на ТВ Стар.Трипуновски додаде дека со формирање на новата Влада се распределија договорите за околу 2.700 ха земјоделска површина.„Паралелно на процесот за да нема злоупотреби, за да нема манипулации во секторот, предложив брза законска измена во Собранието на Република Македонија, тоа е Законот за земјоделско земјиште“, појасни тој.„Со Законот кој што е во процедура, веќе на комисиската расправа помина и се очекува наредниве денови да помине и на Пленарната седница, што ќе значи влегување во сила, со него го заштитуваме земјоделското земјиште. Тоа е нешто што во минатото не беше случај. Знаете дека имаше многу пренамени, се злоупотребуваше, се градеа сериозни површини со фотоволтаици, се градеа хотели итн. Ние со оваа измена земјоделското земјиште од прва до четврта категорија го заштитуваме и нема да дозволиме градби на вакви објекти кои што ќе значат девастација на земјоделското земјиште“, нагласи министерот Трипуновски.Трипуновски посочи дека проектите кои што се од јавен интерес никогаш нема да бидат стопирани, но во најголем дел ќе се стопира злоупотребата на ресурсот почва.„Вториот сегмент кој што е на барање на земјоделците е дека со оваа измена го продолжуваме рокот на владеењето на земјиштето. Знаете дека досега согласно Законот договорите за едногодишни култури беше на 15 години со можност за Анекс. Сега новите договори кои што ќе ги склучуваме ќе бидат со времетраење од 30 години. И ова го бараа земјоделците затоа што едноставно сакаа да имаат превидливост во производството“, истакна тој.Министерот додаде дека во делот на измената која што се подготвува е и Анексите да можат да се прават во пократок рок.Тој истакна дека со тие неколку измени во Законот за земјоделско земјиште се дефинираат неколку пропусти кои што во минатото се случувале, а тоа е злоупотребата на овој ресурс.Министерот најави и дека за 10-тина дена ќе има и нови огласи за земјоделско земјиште и ги повика земјоделците да следат.„Во минатото дадов ветување дека ќе има и посебни огласи за сточарите, тоа е многу важно. Нашето сточарско производство е многу паднато во изминатиот период, производството на месо и на млеко е многу намалено. Затоа ваквите наменски огласи ќе бидат наменети исклучиво за сточарското производство затоа што не можеме да замислиме сточарско производство без сопствена земја“, укажа тој.

Македонија | пред 1 година

marija-petrusevska

Петрушевска: Одговорот и пристапот во борбата против дезинформациите мора да бидат стратешки, а за тоа е потребна и меѓународна соработка

Правото на слобода на изразување, вклучително и слободата на информирање е камен темелник на секоја функционална демократија, обезбедувајќи им на граѓаните да имаат можност да се вклучат во јавната дебата и да учествуваат во процесите на донесување одлуки, истакна пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Петрушевска во своето обраќање во Парламентарното Собрание на Советот на Европа како новоименуван шеф на делегацијата за тековниот извештај за „Борбата со дезинформации во Европа“.Таа посочи дека во последните години можеше да се види дека оваа слобода е под значителна закана.„Пропагандата, без разлика дали преку традиционалните медиуми контролирани од државата или брзото ширење на дезинформации преку социјалните медиуми стана опасна алатка за манипулација со јавното мислење, дестабилизирање на демократиите и поткопување на човечкото достоинство. Овие практики ги загрозуваат самите основи на демократските системи. Сведоци сме на ова во руската агресија врз Украина, каде што медиумите се користеа како оружје за дезинформации и на домашно и на меѓународно ниво“, рече Петрушевска.Таа посочи дека во Западен Балкан, вклучително во Македонија, пропагандата и дезинформациите станаа алатка за нанесување штета на политиката на проширување на Европската Унија и на европската интеграција на регионот.Петрушевска додаде дека нашиот одговор и пристап во борбата против дезинформациите мора да бидат стратешки, за што и меѓународната соработка е од суштинско значење.„Ниту една земја не може сама да се справи со проблемот на пропаганда и дезинформации. Соработката меѓу демократските нации, медиумите и граѓанското општество е од клучно значење за развој на најдобрите практики и зајакнување на отпорноста на нашите општества против овие закани. Како креатори на политики, нашата одговорност е да ја заштитиме слободата на изразување и да обезбедиме дека нашите граѓани имаат пристап до веродостојни, точни информации кои ќе го зачуваат интегритетот на демократијата и демократските вредности во кои веруваме“, истакна пратеничката Петрушевска.

Македонија | пред 1 година

IMG_6397

„Филипче кога беше министер за здравство префрли 7 милиони евра од здравството на фирма со која работи негова роднина“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„За да одиме напред мора да знаеме факти за минатото, односно што затекнавме од владата на СДС и ДУИ. Актуелниот претседател на СДС, Венко Филипче кога беше министер за здравство освен катастрофи, не направи ништо. Тоа посебно се виде во корона епидемијата кога него го интересираа само тендерите“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.„Филипче и континуирано во својот мандат се интересираше само за тендери. За неговото министерување освен сомнителни тендери, корупција и криминал немаше ништо.Филипче откога седна на министерската фотеља на 25 декември 2017 година се префрлија 7 милиони евра од Министерството за здравство и здравствените установи во Македонија завршиле на сметката на Синерџи. Синерџи е компанија во сопственост на Горан Филипов партнерот на Катерина Савеска, тешта на Филипче. Или тештата Савеска и Филипов се јавуваат заедно како инвеститори.Филипче само за една година од здравството на Синерџи префрлил два милиони евра. Реалноста која ни ја остави владата на СДС може кратко да се опише – корупција, криминал, руинирани институции, Македонија на дно во регионот по сите параметри“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

lefkov-1

(Видео) Лефков: Владата на СДС и ДУИ исплаќала пари за проекти за кои немала целосна евиденција

„Владата на СДС и ДУИ исплаќала пари за проекти за кои немала целосна евиденција дали средствата се потрошени за намената за која и се префрлени“, рече Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.„ДЗР во својот извештај за 2021 година нотира дека Владата на СДС и ДУИ за потпроектите кои се дел на Проектот за локална и регионална конкурентност, исплатата кон добавувачите ја врши од буџетот на Владата, при што Владата нема целосни информации за искористеноста на средствата за намената за која е планирана програмата како и податоци дали градежните објекти и опремата се целосно евидентирани како државен имот кај крајните корисници.Владата на СДС и ДУИ префрлале милиони, а не знаела дали и како се потрошени средствата. Ова не е констатација на ВМРО-ДПМНЕ, ова го утврдил Државниот ревизор.Неодговорното трошење на народни пари имало пандемиски размери. Власта на СДС и ДУИ очигледно е дека не водела сметка како и каде завршуваат парите додека завршуваат кај фирми блиски ним.Власта на СДС и ДУИ со милионите за кои не знаат каде завршиле можеле да направат десетина градинки или да набават стотина амбулантни или возила за гаснење пожар.Неодговорното однесување завршува. Неспособноста завршува со нив. Владата на ВМРО-ДПМНЕ работи 100% одговорно за твојата иднина“, изјави Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-01-15-at-09.33.00

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ ја призна својата безидејност, добро е што бара решенија од опозицијата

„ВМРО-ДПМНЕ за 100 дена ја призна својата безидејност која ја препознаваат веќе и граѓаните. Хаосот кој што го создадоа откако се на власт на секое поле, падот на платите и економијата, негрижата за високите цени и уништената перспектива се резултат на нивното незнаење и погрешни политики“, велат од СДСМ.„Жалиме што ВМРО-ДПМНЕ наместо да ја признае својата неспособност се обидува да ги убедува граѓаните дека убаво живеат со скапа кампања на билбордите низ земјата.Наместо да ги вложат тие пари во конкретни проекти, тие решаваат да плаќаат скапи кампањи за лажење на граѓаните и покривање на својата неспособност.Но, добро е што конечно тоа го признаа и бараат решенија од СДСМ и опозицијата.СДСМ за разлика од ВМРО-ДПМНЕ ќе биде конструктивна опозиција и ќе предлага решенија за секој проблем па наскоро ќе излезе со пакет решенија за да се поправи хаосот и состојбите кои ВМРО-ДПМНЕ само за три месеци успеа го создадоа.Се надеваме дека ВМРО-ДПМНЕ овој пат ќе биде доследна и ќе прифати конструктивни идеи и предлози и нема уште еднаш да биде се само дневна политичка пропаганда и манипулација по што се познати“, соопшти СДСМ.

Македонија | пред 1 година

janusev-1

Јанушев: За 100 дена Влада реализиравме четири крупни инвестиции, ја проширивме и позитивната листа на лекови, а затекнавме општ хаос на секое поле

Очекувам дека во следниот период ќе продолжиме уште подобро и дека се она што имавме прилика да го слушнеме вчера претседателот при отчетот за овие 100 дена имавме прилика да слушнеме дека во наредниот период ќе имаме уште многу повеќе такви проекти реализирани и програми во интерес на граѓаните, рече Генералниот Секретар на влада, Игор Јанушев во гостувањето на Радио Лидер.Јанушев го потенцираше проширувањето на позитивната листа со 87 нови лекови, од кои што девет се генерички лекови и четирите инвестиции кои што се реализираа во првите 100 дена од новата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ и премиерот Христијан Мицкоски се огромни инвестиции, од кои само едната на Алказар енерџи е инвестиција од речиси половина милијарда долари која што на крајот ќе продуцира и со голема бројка на вработени во штипскиот регион.„Исто тука е и Епсотек, инвестиција од околу 20 милиони евра која што ќе донесе околу 110 вработувања, следна е Вебтек инвестиција од 35 милиони евра со исто така над 100 нови вработувања. И да не ја заборавиме „БМЗ“ група која што планира да вложи околу 65 милиони евра и една огромна, бидејќи ова е една индустрија која што е трудово побарувачка, што значи некаде околу 700 нови вработувања“, истакна Јанушев и додаде кога ќе се земат сите овие бројки станува збор за голема сума на инвестиции и голем капитал влегува во државата и од речиси 1500 нови вработувања.Во однос на она што се затекнале во секретаријатот, Јанушев истакна дека се затекнало еден општ хаос на секое поле, од не водење грижа за објектите, односно просториите во која што се наоѓа владата до целосно искористување на државните ресурси за партиски цели.„Хаосот е неверојатен и во поглед на самите владини седници и материјалите кои што во изминатите години со претходната власт се наталожиле до тој степен што можам слободно да кажам дека ќе ни требаат уште добри два до три месеци да успееме да ги исчистиме сите стари материјали кои што со години не биле разгледувани и биле оставани така да висат во така наречена владина процедура“, рече Јанушев.

Македонија | пред 1 година

zaev-filipce-1

„Фактите велат дека Заев и Филипче ја оставија Македонија да тоне, неспособноста завршува со нив“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„За да одиме напред мора да знаеме факти за минатото. За да одиме напред мора да знаеме што ни остави претходната влада на СДС и ДУИ. Да видиме каде сме треба да знаеме од каде почнавме и што наследивме? За да оцениме дали сме задоволни треба да знаеме што се случувало? Реалноста која ни ја остави владата на СДС е корупција и криминал, руинирани институции, Македонија на дно во регионот по сите параметри и што уште не, листата е долга“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.„Што правеа додека беа на власт Венко Филипче и Зоран Заев? Додека Филипче и Заев беа на функции во централа власт ги интересираше само како да ги наполнат сопствените џебови.Нивните браќа пак подеднакво ги искористија функциите. Никола Филипче и Вице Заев заедно работеле како да се усвои енергетскиот пазар. Соларна централа на атрактивна локација од 23.000 метри квадратни на само петстотини метри воздушна линија од границата со Грција е направена рекордно брзо, а сите фази од пренамена на земјиште до одобрение за градба се направени во време кога Зоран Заев и Венко Филипче се во централна власт во Македонија.Дополнително, во Петрич, Бугарија се вртат милионите на Венко Филипче. Место каде претходно се регистрирани фирми на фамилијата Заев. Неспособноста завршува со нив, работиме 100 проценти одговорно за твојата иднина“, се додава во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

vmro_dpmne

„Филипче три месеци не е кадарен да одбере органи во сопствената партија, а не пак да говори за водење на држава“, реагира ВМРО-ДПМНЕ

„Венко Филипче три месеци не е кадарен да одбере органи во сопствената партија, а не пак да говори за водење на држава.Ако е од Венко доста е. Неспособноста заврши со нив“, реагира ВМРО-ДПМНЕ на ставовите на претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Македонија | пред 1 година

filipche-pres

Филипче: Мицкоски лажеше за наводниот поткуп, нема ниту истрага, ниту докази

На денешната прес-конференција за 100-те дена од Владата на ВМРО ДПМНЕ и коалцијата, претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче посочи дека Мицкоски лажел за наводниот поткуп што му бил понуден нему и на вицепремиерот Николовски.„Денес и јавно го прашувам Мицкоски, што се случи со наводниот поткуп кој му го понудиле нему и на Николоски? Има ли некаква истрага Премиере и во која институција? Ниту има истрага, ниту има докази, ниту ќе има“, нагласи Филипче.На прес-конференцијата, Филипче потенцираше дека ВМРО-ДПМНЕ ветуваше дека Македонија повторно ќе биде на граѓаните, но наспроти тоа ВМРО ДПМНЕ ја присвои државата.„Добивме Македонија која е повторно само нивна. Македонија која е партизирана, без одогворност, небезбедна, криминализирана и безсперспективна. Имаме 100 дена изговори наместо решенија, изолација наместо интегрирање и општество во кое доминира неизвесноста. Паралелата меѓу ветувањата и реалноста е сурова. Македонија водена од ВМРО-ДПМНЕ ќе биде се само не горда“, порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Македонија | пред 1 година

marija

Митева од политичкото собрание на ЕПП: Покрај дискусиите со нашите сестрински партии, ги презентиравме 100 дена Влада

„Изминативе два дена во Брисел се одржа политичкото Собрание на Европската Народна Партија, каде имавме одлична можност да зборуваме со нашите сестрински партии за актуелните случувања“, кажа Марија Митева од ВМРО-ДПМНЕ.„Но, од особена важност е што имавме можност да ги презентираме првите 100 дена влада во Република Македонија, новиот успех, развој и посветеност на економијата“, додаде таа.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања