ДПМНЕ

309124235_645245063631682_7155430666224498010_n

„Зелената" партија ДУИ, секојдневно глуми жртва пред граѓаните, како власт поддржаа укинување на балансерот, вели ВМРО-ДПМНЕ

„Од кога граѓаните ги казнија на последните избори и ги испратија во опозиција по 20 години, "зелената" партија ДУИ, секојдневно глуми жртва пред граѓаните“, вели ВМРО-ДПМНЕ.„Иако и тие самите пред само една година, на седница на тогашната Влада предводена од СДС-ДУИ коалицијата, донеле одлука за укинување на алатката "балансер", изминатава недела сведочиме на низа прес-конференции каде што велат дека укинувањето не смее да се случи.Да не заборавиме, Владата на ДУИ и СДС во 2023 година донесе Стратегија за реформи на јавната администрација за период 2023-2030, со која се предвидува укинување на балансерот. Притоа, препораката на Европската Комисија јасно вели дека алатката е истрошена и треба да се укине.ДУИ најавува протести и дестабилизација на државата, а беа дел од власта повеќе од 20 години и не направија ништо, освен играње фудбал по канцеларии, калливи патишта во Арачиново и купување на молови.ДУИ се прочитани од граѓаните и изјавите на нивните политичари не проаѓаат во албанскиот блок.Да потсетиме, ВМРО-ДПМНЕ се согласува со Европската Комисија дека балансерот е злоупотребен, сметаме дека рамноправната застапеносост треба и ќе се реши со закон“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-10-10-143738

Мицевски: Двете лица и политичката акробација на ДУИ!

„ДУИ на власт: Јули, 2023 година, владата на ДУИ и СДС дава ЗЕЛЕНО СВЕТЛО и го усвојува АКЦИСКИОТ ПЛАН како дел од Стратегијата за реформа на јавната администрација, во која што на 47-та страна, се наведува и се потврдува нивниот став дека, цитирам „СЕ НАДМИНУВА ПОТРЕБАТА ОД ПРИМЕНА НА АЛАТКАТА НАРЕЧЕНА ‘БАЛАНСЕР’ КОЈА ВО ПРАКСА ПРЕДИЗВИКУВА БРОЈНИ ЗЛОУПОТРЕБИ“, пишува координаторот на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Твоја Македонија“, Никола Мицевски на социјалните мрежи.„ДУИ во опозиција: Свикува вонредна прес конференција и вели „Ја осудуваме ШОКАНТНАТА одлука на Уставен суд за укинување на т.н. Балансер. Тоа е директен напад врз правата на заедниците во Македонија и ќе има сериозни последици за правично и еднакво функционирање на институциите. Ја повикуваме меѓународната заедница да реагира и да ги заштити правата загарантирани со Устав“.Оттука, јас би сакал да знам,Што се смени во ДУИ за да има вака дијаметрално спротивен став за т.н. балансер во период од само една година?Зошто баш сега, а не лани, ДУИ е „шокиран“ од оваа одлука?И, зошто ДУИ од позиција на тогашна власт, молчеше и не организираше никакви вечерни и вонредни прес конференции на оваа тема?Одговорот е едноставен и краток: БИДЕЈЌИ ПО ЦЕЛИ 20 ГОДИНИ, ДУИ Е ВО ОПОЗИЦИЈА!Затоа, на крајот би сакал да упатам една искрена порака до политичката партија ДУИ,Прочитани сте! Доста е од популизам и политиканство, доста е од лицемерие и дволичност, доста е од креирање на меѓуетнички тензии.Прифатете ја реалноста, бидете самокритични, реформирајте се и покажете дека навистина сакате Македонија да биде просперитетна и силна држава“, додаде Мицевски.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-10-10-134313

Кочовска призна дека мерките на владата за замрзнување на цените немаат ефект, велат СДСМ

„Министерката за финансии, Димитриевска Кочовска призна дека мерките на владата за замрзнување на цените на производите немаат никаков ефект. И моментално состојбата во маркетите потврдува дека речиси и да нема производи со намалени цени, дури забележано е и намалување на грамажата на одредени производи“, велат од СДСМ.„Добро е што Димитриевска јавно кажа дека не се согласува со овие мерки на Владата и потврдува дека не се ефикасни.Но ја потсетуваме Кочовска дека веќе не е опозиција туку е министерка во Влада и води едно од најважните министерства. Ако не се сложува нека даде решение. Граѓаните очекуваат решенија за намалување на цените а не само мислења.Исто постапи и со кредитот од Унгарија кога не кажа ниту збор во Собрание.Граѓаните се оптоварени од поскапувањата, особено во делот на храна. Владата на ДПМНЕ не успеа на време да воведе мерки кои ќе го заштитат стандардот на граѓаните и да ги намалат трошоците на живот за што цената ја плаќаат токму граѓаните.За СДСМ е неприфатливо граѓаните да го носат товарот на економските потешкотии, Владата да презема мерки со задоцнување кои немаат никаков ефект а министерката којашто е најповикана да нема решение туку мислење.Стандардот на граѓаните опаѓа, потребна е итна интервенција и нови мерки за конкретни резултати“, соопшти СДСМ.

пред 1 година

ali-ahmeti

ДУИ во влада и ДУИ во опозиција со различни ставови за балансерот, кажа Лефков

„Се надминува потребата од примена на алатката наречена 'балансер', која во пракса предизвикува бројни злоупотреби, а од друга страна останува примената на начелото на соодветна и правична застапеност на припадниците на заедниците. Со објективни критериуми и постапки на отворен натпревар за избор на најдобриот кандидат, спроведени од професионалци во администрацијата кои поседуваат висок степен на стручност и интегритет, ќе се направи брана од политичкото влијание“, ова го пишува на страница 47 од Стратегијата за реформа на јавната администрација 2023-2030, донесена во време кога ДУИ беше владејачка партија“, одговори пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков на прашањето како ги коментирате критиките од опозициските партии на Албанците за укинувањето на балансерот.„ДУИ не изусти ниту збор, а на пак реакција за балансерот кога лани официјално беше промовирана новата Стратегија за реформа на јавната администрација (2023 – 2030) усвоена од владата со која тие управуваа и раководеа.Коментар за балансерот дадоа и од ЕК, кои кажаа дека паралелните процедури за вработување поставени за да се зголеми вработеноста на малцинставата во јавниот сектор може да ги поткопа, во нивната примена, принципите на заслуги, ефективност и правична застапеност и да влијаат на независноста на институциите при изборот на вработените според потребите, следејќи ги потребите за правична застапеност.И ние јасно констатираме и се согласуваме со ЕК дека балансерот е злоупотребен. Што се однесува до Бадинтерот, тој е уставна категорија. Рамноправната застапеност, треба да се реши со законски механизам, но факт е дека балансерот е злоупотребен. Нашиот став за балансерот го знаете од поодамна. Да тој е злоупотребен и тој е дел од скрининг процесот на ЕУ. И затоа кога испраќаме пораки не може да се однесуваме дека нешто што ни одговара во ред е, а тоа што не ни е да се однесуваме како мали деца, не може така“, кажа Лефков.

Македонија | пред 1 година

lefkov-3

(Видео) СДС јавно да се извинат, ДКСК го распрсна меурот од лаги за синот на Мицкоски, рече Лефков

„ДКСК го распрсна меурот од лаги на СДС за синот на претседателот Мицкоски, утврдено е дека не патувал во САД на буџетски трошок. Наодот на ДКСК дека синот на Претседателот Мицкоски не бил во САД на трошок на државата ги извади на површина сите плитки обиди на СДС да креираат лажна фама“, рече Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.„Што добија социјалдемократите? Само неколку неделно креирана политичка магла. А што доби народот? Можеше да види дека во СДС ништо не се сменило. Кој е највеќе оштетен? Синот на Претседателот Мицкоски, кој неосновано без никаква причина беше подлежен на канонада навреди и клевети инструирани од СДС.Мора да потенцираме дека синот на Претседателот не го придружувал на ниту една официјална средба и не бил сместем во истите хотели во кои била сместена владината делегација.СДС лажеше и свесно креираше меур од лаги, кој сега се распрсна и може да се види колку се мизерни, безидејни и деструктувни.СДС наместо да биде конструктивна опозиција, тие четири месеци поминаа во лаги и манипулации.Бараме од СДС јавно да се извинат и да запрат со манипулациите и лагите. Народот од нив очекува барем грам одговорност. Извинување веднаш“, изјави Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-01-15-at-09.33.00

СДС како раштиман оркестар две недели повторува исто партиско соопштение, вели ВМРО-ДПМНЕ

„СДС како раштиман оркестар две недели повторува едно исто соопштение. СДС е до толку демолирана партија што се обидува да ја манипулира јавноста со теми кои се веќе анализирани, образложени и надминати. СДС се дефокусирани, расеани и исплашени од Божиновска, поради тоа што почна да открива каков се криминал правеле СДС во РЕК Битола, ЕСМ и МЕПСО“, вели ВМРО-ДПМНЕ.„СДС дефокусираат поради тоа што 7 години катастрофално се справуваа и не ги решаваа проблемите во енергетиката. СДС не донесе странски директни инвестиција во енергетиката.СДС лажеше дека владата ги субвенционира сметките за струја, за на крај да излезе дека 60 милиони евра од Владата кон ЕВН не се платени.Небулозни се соопштенијата на СДС, во време на СДС и ДУИ 7 години од МЕПСО парите наместо за енергетската мрежа се трошеа за донации и спонзорства на фитнес клубови.Во време на СДС и ДУИ единствени инвестиции беа фамилијарните бизниси со фотоволтаици, каде државно земјиште им се продаваше по багателни цени на членови од фамилијата на највисоките структури на власта.Заврши времето кога на седница на влада со која раководи Димитар Ковачевски се доделуваше државно земјиште за фотоволтаици на неговата сопруга по цена од едно евро за метар квадратен.Заврши времето кога камиони со струмички таблици вртеа во РЕК Битола.Заврши времето на криминалот и корупцијата во енергетиката.Време е за инвестиции во енергетскиот сектор, време е за инвестиции во обновливи извори на енергија. За разлика од СДС владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ уште во првите 100 дена донесе нова инвестиција, нов ветерен парк тежок 500 милиони евра помеѓу Штип, Радовиш и Карбинци“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Петрушевски: Штетните политики на СДС доведоа до закочен евроинтегративен процес

Во вечерашната емисија „24 Анализа" на Телевизија 24 гостуваше пратеникот Бране Петрушевски каде што истакна дека ситуацијата во која се наоѓа сега државата е катастрофална поради затекнати проблеми од претходната власт кои што треба да се решаваат, се со цел да се откочи евроинтегративниот пат."Зошто се закочени евроинтеграциските процеси е многу јасно, благодарение на лошите политики на претходната власт и прифаќањето на ултиматуми без општествен консензус", изјави Петрушевски.Тој истакна дека како одговорна власт ВМРО-ДПМНЕ доаѓаат со програма, со предлог, со конзистентна политика да ги решаваат проблемите кои се наметнати од страна на Социјалдемократскиот сојуз.„Ова што ние го нудиме е од перспектива или од појдовна точка на која што ние ја затекнуваме државата. Да било ВМРО-ДПМНЕ на власт изминатите 7 години додека било СДС, не би се нашле денеска во ваква ситуација ниту би го имале Преспанскиот договор ниту би го имале Договорот за добрососедство со Бугарија ваков каков што го имаме денес”, посочи Петрушевски.

Македонија | пред 1 година

Mickoski-so-sinot-vo-SAD

„СДС од ден на ден тоне во своите лаги, Антикорупциска потврди дека синот на Мицкоски патувал законски во САД“, вели ВМРО-ДПМНЕ

„Државната комисија за спречување корупција пресече и докажа дека СДС води ниска и бедна кампања. Вистината која ја докажа ДКСК не може да ги надохнади нервозите и стресовите кои СДС ги нанесе и тоа, ни помалку ни повеќе, на дете“, вели ВМРО-ДПМНЕ.„СДС ниту ќе се засрамат, ниту ќе се извинат, затоа што тие ништо друго не знаат освен лаги и навреди.Народот јасно им кажа не и тие никако да се освестат, туку и понатаму тонат.И покрај нивните лаги и навреди, државните институции докажаа дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер, Христијан Мицкоски постапува согласно начелата на чесност и транспарентност.Како што за ова излезе вистината на виделина, тоа ќе се случи и за многу друг случаи поврзани со СДС.СДС ќе види што е владеење на право и правда, што значи да се применува начелото на транспарентност“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

lefkov-2

(Видео) ДКСК со одлука - Немало ништо незаконско во патувањето на синот на Мицкоски во САД, СДС фатена во лага, вели Лефков

„Лагите и бедната и ниска кампања на СДСМ и нивните мегафони конечно го доби заслужениот одговор и доказ дека има причина за тоа што се наоѓаат таму каде што се наоѓаат“, вели Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.„Пред фактите и боговите молчат и на лагата и се кратки нозете, се две реченици кои поентираат во еден ваков случај. Но, не можеме да кажеме дека целосно не радува што вистината, иако со задоцнување, сепак излезе на виделина. Впрочем, тоа нема да ги надокнади нервозите и стресовите кои забеганоста на СДС ги произведе врз дете кое е недолжно, само во обид за добивање ситни поени, за теми во недостаток на суштински теми.Да им кажеме засрамете се и извинете се, знаеме дека нема да го сторат тоа затоа што тоа е тој ментален склоп на тие луѓе во врвот на таа партија. Ние ќе сме најсреќни ако СДС се реформира и ја промени матрицата на измамништво и лажење.Но, народот гледа и се му е јасно и оваа можеби мала, но значајна победа на вистината над нивните лаги, е доказ дека сепак Македонија може подобро од нив и дека чесноста и отчетноста на премиерот се добар пример како треба и мора да се однесува еден политичар. Како што за ова излезе вистината на виделина, така ќе излезе и за многу други работи.Допрва доаѓа нивното соочување со вистината и соочување на народот со тоа кои луѓе владееле со оваа земја минатите седум години. 6% рејтинг им се дури и многу како се однесуваат, и нивното вакво однесување кое е продолжение на нивното владеење од седум години, за жал, освен нивен проблем станува сериозен проблем за државата“, изјави Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

(Видео) „Со СДС и ДУИ во Национални шуми се издавани испратници за исечено дрно без воспоставен регистар, сметководствена евиденција и контрола“, вели Петрушевски

„Владата на СДС и ДУИ и нивните кадри во Национални шуми го уништиле ова претпријатие. Седум години Национални шуми тоне во долгови, а е прептријатие кое продуцира вредност и може да биде не само себе одржливо, туку и да генерира извесен приход за буџетот“, рече Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.„Државниот Завод за Ревизија во извештајот за работата на МЗШВ за 2021 година изготвен во 2023 година констатира дека се вршело издавање на испратници за исечено дрво без воспоставен регистар, сметководствена евиденција и контрола.ДЗР практично кажува дека не се знаело кој сече, колку и кога, ниту кој плаќа.Со СДС и ДУИ во Национални шуми ова претпријатие дошло до состојба да нема плати да се поделат на вработените“, изјави Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-01-15-at-09.33.00

СДСМ: Токму заради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ, автопатот чини толку

„Кичево-Охрид е класичен пример како не треба да се проектира и не смее да се започне со изградба голем инфраструктурен проект. Се работи за анекс кој е направен во 2018 година токму поради неспособноста и фушерајот со кој Дпмне го започна овој проект во 2014 година без анализа на терен и лоши технички решенија“, реагира СДСМ на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.„Затоа владата на СДСМ како одговорна влада врз база на експертски мислења од надзорниот орган и фидик еспертите пристапи кон репроектирање на поголем дел од трасата со цел тој автопат да може да се реализира. Поради новите ископи од преку 10 милиони метри кубни земја и нови технички решенија се зголеми цената на чинење на проектот.Доколку не се случеа тие репроектирања дпмне немаше денеска да може да се фали со рокови за завршување на изградбата на тој автопат.Впрочем сите образложенија за нивните катастрофални грешки ги имаат и во ЈПДП, ДПМНЕ може слободно да ги побара“, се додава во реакцијата на СДСМ.

Македонија | пред 1 година

avtopat

„Цената на автопатот Кичево – Охрид, СДС и ДУИ ја зголемиле за 200 милиони евра без образложение“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„За да одиме напред, мора да имаме информации за минатото, поточно што ни остави владата на СДС. Руинирани институции кои тонат поради корупција и криминал е состојбата која ја остави владата на СДС и ДУИ“, вели ВМРО-ДПМНЕ.„Дека единствен приоритет на претходната владата на СДС и ДУИ и бил сомнителни тендери, се гледа и од тендерот за автопатот Кичево-Охрид.Фактите говорат дека на ДУИ и СДС приоритет им било местење на тендери, а не капитални инвестиции и изградба на инфраструктура.Ова го потврдува Извештајот на Државниот завод за ревизија. Автопатот Кичево-Охрид, иако проектиран колку ќе чини, наеднаш станал поскап за 200 милиони евра и тоа без никакви детали.Или кога станува збор местење тендери, ова е случај во најголем број од нив.Одлика на тендерите на Владата на СДС и ДУИ е одложена изведба и зголемени трошоци, со што се оптеретувал државниот буџет“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

petrushevski

(Видео) Владата на СДС и ДУИ ги има заглавено Национални шуми, вели Петрушевски

„Владата на СДС и ДУИ ги има заглавено Национални шуми. Според Извештајот на ДЗР нема воспоставен попис на побарувања по комитенти, нема податоци за основот и старосната структура на истите, ниту дали се преземени дејствија за наплата“, вели Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.„Ревизијата која е извршена за 2021 година, а изготвена во 2023 година, покажува дека влада на СДС и ДУИ се однесувале кон Национални шуми како бунар без дно.Имено Извештајот покажува дека во 2021 година Национални шуми има ненаплатени побарувања од 62 милиони денари, што е над 1 милион евра.За 47 милиони денари, односно 800.000 евра, нема аналитичка евиденција, не се знае ниту основот, ниту староста.Седум години Национални шуми тонеше.Не е чудо што кога ВМРО-ДПМНЕ ја презеде владата, претпријатието немаше ниту за плати.Неспособноста завршува со СДС. ВМРО-ДПМНЕ работи 100% одговорно, за твојата иднина“, изјави Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

mickoski-ukim-2

„Сè уште чекаме одговор од Мицкоски за собраниска седница за европската интеграција“, велат од СДСМ

„СДСМ сè уште чека одговор од Христијан Мицкоски и Владата на ВМРО-ДПМНЕ за предлогот за свикување собраниска седница за европската интеграција на Македонија“, велат од СДСМ.„Премиерот Мицкоски и Владата имаат обврска пред пратениците и пред граѓаните да го презентира планот за продолжување на европската интеграција на земјата и подобрување на позициите во преговарачката рамка со конкретни рокови, како што беше ветено пред граѓаните пред изборите.И покрај дадените ветувањата за подобри услови во преговорите, досега од страна на Владата не се преземени никакви видливи чекори, нема никаква иницијатива ниту пак некакви рокови кога би можело да се случи тоа. Напротив, процесот е целосно блокиран од страна на Владата.На држава и на граѓаните не им требаат ниту празни флоскули, ниту митигашки пароли, им треба конкретен план во Собранието.СДСМ е подготвена да поддржи стратегија којашто ќе значи подобрување на позициите и продолжување на европскиот пат на државата, но нема да прифати празни ветувања, блокада на процесите и манипулации на јавноста“, соопшти СДСМ.

Македонија | пред 1 година

jarevski

Јаревски: Парите за општините и стопанството се европски и се финансиска инјекција за нивна поддршка и развој

„Кредитот е од земја членка на ЕУ односно земја која сега и е претседавач со ЕУ. Станува збор за кредит кој се докажа дека е со исклучително поволни услови за Македонија. Половината ќе биде искористен за проекти за локалната самоуправа, другата половина ќе биде кон директна поддршка за стопанството. На наменски сметки на претходно проекти кои сите општини аплицирале“, истакна пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Тони Јаревски на синоќешното гостување во емисијата „Анализа 24“ на ТВ 24.Јаревски продолжи и додаде „Сите општини аплицираа на проектот независно од која политичка провиниенција се раководени. Тие проекти откако ќе се разгледаат, се префрлаат парите на наменска сметка и понатаму си имплементира самата општина“.Пратеникот потенцираше дека нема да има мешање од страна на Владата кон самите општини.„Парите откако ќе ги добијат самите општини си ја спроведуваат постапката како што е пропишана со закон. Нема да има мешање на страна на извршната власт од Владата кон самите општини меѓутоа сите мерки и инструменти за следење на трошењето на пари си стојат“, дециден е Јаревски.Јаревски укажа дека трошоците за кредитот од Унгарија се драстично помали.„Факт е дека за овој кредит трошоците се драстично помали. Орбан беше кај нас и сите дилеми се решени со тоа дека Унгарија нема можност кинески пари да дава, бидејќи тие се наменски кои ќе ги трошат во Унгарија, а европските пари со кои располагаат ќе помогнат за Македонија“, вели Јаревски.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања