ДПМНЕ

Screenshot-2024-01-15-at-09.33.00

Владата ја враќа довербата и професионалноста во безбедносните служби, заврши партизирањето кое го спроведуваше СДС, велат ВМРО-ДПМНЕ

„СДС се видени и прочитани дека единствено што знаат на власт е да лажат, манипулираат, да ги злоупотребуваат и партизираат институциите. А, во тоа македонските граѓани повторно се уверија и во изминатото нивно седумгодишно владеење. Не за џабе кај народот се познати како симбол на лаги, манипулации и партизирање на државата и институциите на системот“, вели ВМРО-ДПМНЕ.„СДС покажаа и докажаа дека се симбол на злоупотреба на државните ресурси за приватни и партиски цели, а институциите на системот ги претвори во партиски штабови.Од нивната лакомост да злоупотребуваат и партизираат не ги поштедија ни едни од најклучните институции, кои се столбовите за државната безбедност, меѓу кои и Агенцијата за национална безбедност (АНБ).Поранешниот директор на АНБ назначен, Виктор Димовски беше долгогодишен партиски функционер и тоа на највисоките тела на СДС, меѓу кои на нивниот Извршен одбор.Тоа го потврдуваат и фактите кои ги потврдуваме со фотографии на кои убаво, јасно и прецизно се гледа Димовски меѓу останатите членови на ИО на СДС. Од фотографиите во прилог можеме да видиме дека освен во ИО, Димовски беше член и на нивниот Дипломатскиот совет. Партиските ангажмани на Виктор Димовски не завршуваат тука, тој учествуваше и во креирањето на политиките на СДС кој учествувал на јавни настани и на партиски дебати.СДС ја партизираше и Агенцијата за разознавање со назначувањето за директор Еролд Муслиу, кој злоупотребувајќи ја позицијата, агенцијата ја претвори во нивен партиски штаб. Потсетуваме и за партизацијата на УБК кога СДС за директор го постави Миле Зечевиќ, кој своевремено беше висок партиски функционер, кој потоа стана и генерален секретар.Затоа пак, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е одлучна да ја врати довербата на граѓаните во институции и затоа приоритет е стручноста, професионалноста и компететнтноста на кадрите. Така се постапува и при изборот на раководните кадри во во безбедносните служби, кои ќе го вратат професионализмот и интегритетот во служби и истите ќе работат независно за заштита на државните интереси“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Панова: СДС ја распарчуваше, крадеше и опустошуваше државата, ВМРО-ДПМНЕ ќе ја постави државата на нозе

Во подкастот „ВМРО-ДПМНЕ Зборува“, Ели Панова, пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ и заменик координатор на пратеничката група, го истакна значењето на улогата на партијата во новиот состав на Собранието во споредба со периодот кога беа во опозиција.Според Панова, разликата е огромна. Во претходниот состав, тие работеа во опозиција во тешки услови.„Ние бевме пратеничка група во претходниот состав од 44 пратеници, којшто бевме еден многу добар тим и кој функционираше беспрекорно со оглед на условите во длабока опозиција со влада која ја распарчуваше, крадеше и опустошуваше државата. Еве, видовме по седум години владеење каков пустош ја оставија и со што ние денес мораме да се соочуваме за да можеме државата да ја поставиме на платформа и здрави нозе“, рече Панова.Сега, ВМРО-ДПМНЕ има можност активно да учествува во законодавниот процес и да донесува одлуки.„Денес имаме можност да придонесеме кон законските решенија и динамиката на тоа како работи Собранието“, вели Панова.Според Панова транспарентноста е клучна, преку воспоставување на нова пракса во која министрите доаѓаат во Собранието да ги образложат законите и потребите од нивното носење е значаен напредок.„И во историјата не сме виделе дека министри, сите до еден, даваат отчети во секое работење, и да имате премиер кој секој ден излегува на телевизија и дава отчет“, кажа Панова.Таа верува дека учеството на невладините организации и експертската јавност е исто така важно за донесување на квалитетни закони.„Учеството од невладиниот сектор и експертската јавност, во исто време, и на сите пратеници кои имаат одреден интерес, кои што имаат интерес да партиципираат во законите, ќе биде една почетна основа од која што ние ќе кажеме дека ќе бидеме поразлични“, посочи Панова.Панова нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ работи на воспоставување систем кој ќе ја врати довербата на граѓаните.„Ние точно знаеме како треба да функционираме, да функционира државниот апарат. Сме немале систем досега, а полека почнуваме да воспоставуваме систем, а сето тоа треба да биде пресликано во Собранието“, заклучи Панова.

Македонија | пред 1 година

petrushevski1

(Видео) „СДС на чело на АНБ постави член на ИО на партијата како Виктор Димовски, а АР ја партизираше со Муслиу“, вели Петрушевски

„СДС нема кредибилитет да зборува за безбедносните служби. СДС ги партизираше АНБ и Агенцијата за разузнавање додека беа на власт. На чело на АНБ го поставија партискиот кадар Виктор Димовски, кој беше партиски функционер на СДС“, вели Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.„Виктор Димовски беше член на ИО на СДС, највисоко тело во опозициската партија, и член на нивните комисии.Во АР СДС го има поставено Еролд Муслиу, кој во ек на најголема власт на СДС ги следеше функционерите на ВМРО-ДПМНЕ злоупотребувајќи ја службата.Муслиу правеше хајки против ВМРО-ДПМНЕ, а од Агенцијата за разузнавање направи партиски штаб на СДС.Да потсетиме само дека СДС за директор на УБК своевремено го имаше и Миле Зечевиќ, партиски функционер, кој потоа стана и генерален секретар.За разлика од кадрите на СДС како Виктор Димовски, Еролд Муслиу и Миле Зечевиќ, ВМРО-ДПМНЕ на чело на службите поставува професионалци.Изборот на Бојан Христовски на чело на АНБ е професионален избор, станува збор за лице кое повеќе од деценија е вработено во безбедносните служби и и служело на државата.Бојан Христовски е лице кое како професионалец бил подлежен на хајка и мобинг од партиските кадри на СДС, исто како и сите останати професионалци во службите“, изјави Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

vlada-2024-mickoski

„Владата за годинава потврди над 270 проекти во општините низ цела држава, ќе се вложат над четири милијарди денари“, вели ВМРО-ДПМНЕ

„Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ покажува вистинска грижа кон сите, се подобрува квалитетот и животниот стандард на граѓаните во речиси сите општини во Македонија. Владата за годинава потврди над 270 проекти кои ќе се реализираат во општините низ цела држава и за истите ќе се вложат над четири милијарди денари“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.„Финасиските средства кои Владата ќе ги додели кон општините ќе послужат за нивна економска трансформација, развој и подобрување на инфраструктурата, реализација на крупни капитални инвестиции.Целта на проектот за доделување на финансиски средства на општините е за истите да се развиваат економски и инфрастуктурано, со што ќе се подобри квалитетот на животот на сите граѓани во секое населено место и граѓаните да газат по асфалтирани улици и патишта.И сето ова се прави затоа што Владата се бори за секој милиметар квадратен на целата територија на државата, затоа што и е важно секое парче земја и секој еден граѓанин.И за да продолжи економската трансформацијата на Македонија, проектот за доделување средства на општините за реализација на крупни капитални и инфраструктурни проекти, ќе трае следните четири години.Целта која треба да ја постигне овој проект е да нема општина во Македонија која ќе има кал по улиците, неасфалтирани патишта или проблеми со канализација и водовод.Македонија се менува, ова е само почеток. Почнува процес во кој ќе се развива секоја една педа на државата, каде секој граѓанин ќе има пристојни и достоинствени услови за живот“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-10-17-125949

„Играњето оро, чочек и блех музиката ги однесе СДС во слеп тунел“, вели ВМРО-ДПМНЕ

„Има ли светло на крај од тунелот на СДС, демолиран рејтинг и контрадикторни соопштенија. СДС се уште не може да се разбуди од кошмарот кој го доживеа на изборите па пишуваат небулозни соопштенија спротивни со здравиот разум. Во постизборен шок секојдневно самите со комични соопштенија си пукаат во нозе“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.„СДС е целосно во хаос и секојдневно тоне во сопствените илузии во обид да се консолидира. Наместо нонсенс соопштенија, СДС нека се потрудат народот да дознае кој им е лидер.Рејтингот на СДС е во слободен пад за што говорат и последните анкети каде ВМРО-ДПМНЕ има тројна предност пред СДСМ, а Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски 5:1 наспроти Венко Филипче.ВМРО-ДПМНЕ има повеќе проекти и реализација во првите 100 дена отколку СДС во 7 години. СДС нема право да зборува за инвестиции, бидејќи во нивно време најголем настан беше играње чочек и трубачи во тунел.Во време на СДС кога милијарди народни пари беа во прашање СДС дозволија надзор да им бидат фирми за производство на долна облека.СДС нека се потсетат како нивниот министер за транспорт и врски Бочварски дозволи главниот коридор да им биде воден од Артан Груби, а надзор да им бидат фирми за производство на гаќи.СДС во 7 години лопата не фрлија, затоа наместо политиканство и акробации да се реформираат бидејќи на државата и е потреба силна опозиција за просперитетна држава“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

lefkov3

(Видео) За да можат да крадат, СДС и ДУИ свесно ја заглавиле Македонија на патот кон ЕУ, рече Лефков

„СДС и ДУИ првин ја заглавија Македонија на патот кон ЕУ, а сега глумат големи душегрижници. СДС и ДУИ се проблемот, и тие во никој случај не можат да најдат, ниту дадат решение за истиот“, вели Миле Лефков, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.„Лошите политики на СДС и ДУИ изминатиов период пропратени со криминал и корупција ја забетонираа државата на дното, за да останат ден повеќе на власт лажеа со месеци и ветуваа работи кои не зависат од нив, ниту пак можеле да ги реализираат.И СДС и ДУИ свесно ја заглавиле Македонија, за да можат да крадат.Излегоа на површина сите нивни сценарија, од заробеното судство и обвинителство, преку криминалните тендери, се само со цел лично богатење на поединци. И сега кога се целосно демаскирани се обидоа на база на манипулации да креираат дестабилизација, што нема да успее.Владата на ВМРО-ДПМНЕ, за разлика од таа на СДС и ДУИ работи одговорно и посветено во насока на раст и развој и членство на земјата во ЕУ. Неспособноста заврши со СДС и ДУИ“, изјави Миле Лефков, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

makedonija-evropa-eu-mkd-2

„СДС и ДУИ се непогода за Македонија, наместо кон ЕУ ја влечеа назад“, велат ВМРО-ДПМНЕ

„Функционерите од СДС и ДУИ кои до вчера беа на функции како да живеат во некој паралелен свет, свет во кој важат некои нивни правила. Свет во кој основно правило беше да се лаже и изигрува народот“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.„СДС и ДУИ од патот на Македонија кон ЕУ знае само да се сликаат во авион и да лажат дека паднал договор и оти Македонија добила датум за преговори со Брисел.СДС и ДУИ се партии кои ја блокираа Македонија на патот кон Европската унија ветувајќи нешто што немаа поима како ќе го исполнат. Тие ветуваа и потпишуваа договори со кои наместо да ги решаваат отворените прашања со соседите, тие ги комплицираа дополнително.Македонија не виде ништо од СДС и ДУИ, освен криминал. СДС и ДУИ само збореа з ЕУ, а молеа да не оди Македонија напред затоа што тоа ќе значеше крај на нивната криминална пракса.СДС и ДУИ отвораа проблеми на секое поле, а со тоа само ја кочеа Македонија да се движи напред, да оди кон ЕУ.Неспособноста завршува со нив. Сега се работи во интерес на граѓаните, во интерес на просперитетна Македонија“, се додава во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

lefkov-5

(Видео) СДС и ДУИ ја блокираа државата на патот кон ЕУ, ветуваа членство, а добивме кочници, вели Лефков

„СДС и ДУИ ја блокираа државата на патот кон ЕУ, ветуваа членство, а добивме кочници. 7 години СДС и ДУИ ја потонаа државата во криминал и корупција, судството има доверба од 2%, а устите им беа полни со ЕУ“, рече Миле Лефков, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.„Од ЕУ со СДС и ДУИ Македонија не виде ништо. Од насмеаниот Заев од владиниот авион со лажниот датум, до денес, Македонија само назадува и има нови кочници. Партијата која зборуваше дека ги затворила сите прашања со соседите, наеднаш го создаде најголемото.СДС свесно ја блокираше Македонија, иако беа предупредувани да не го прават тоа. СДС и ДУИ без консензус прифатија обврски кои сега се пречка и допрва треба да се надминуваат.СДС и ДУИ владееја себично, гледајќи ги само своите тесно партиски интереси, без да ги земат во предвид чувствата и потребите на граѓаните. СДС и ДУИ беа временска непогода за Македонија. Неспособноста заврши со нив. Владата на ВМРО-ДПМНЕ работи на придвижување на Македонија напред, на засилен раст и развој“, изјави Миле Лефков, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

Panova

Панова: Поради срамно потпишаниот договор со Бугарија од страна на СДС и ДУИ, Македонија заврши во чекалната на ЕУ

Пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Ели Панова во вчерашното гостување на емисијата „Отворено“ ма телевизија 24 се произнесе во врска со почнувањето на преговорите со ЕУ и Албанија и истакна дека Република Македонија направила многу отстапки и многу чекори меѓу кои од нив и промената на името но сепак Македонија заврши во чекална.„Нашиот став и цел е дека ние ќе го продолжиме нашиот интегративен пат но не по секоја цена, не можеме да очекуваме утре или задутре да се реши овој проблем, ние ќе работиме на овој план овој период и ќе излеземе со конкретно решение за овој проблем", рече Панова.Панова исто така нагласи дека државата е во ваква ситуација поради срамниот договор кој го потпишале ДУИ, СДС и Османи, и нагласи дека нема да се донесуваат одлуки кои ќе бидат во спротивност со желбите и потребите на граѓаните.„Ние ја добивме довербата од страна на граѓаните и нема да донесеме одлуки кои се бидат во спротивност на граѓаните на Република Македонија, Нема да ги лажеме граѓаните како што тоа го правеше СДС и ДУИ“, рече Панова.

Македонија | пред 1 година

selfi-eu-zaev-dimitrov

„СДС на патот на Македонија кон Брисел испорача само селфи и лаги, патот кон ЕУ ќе продолжи без диктати“, вели ВМРО-ДПМНЕ

„СДС и ДУИ додека ветуваа златни времиња, ја донесоа европската перспектива во ќорсокак. Додека Зоран Заев тврдеше дека носи историски докази од Брисел или старт на преговори, единствен факт од патувањето во Брисел беше селфито во авионот. Или го излажа народот“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.„Тоа беше ситуација со која се покажа неспособноста на коалицијата СДС и ДУИ.СДС и ДУИ ниту имаа осет за државни интересни, уште помалку државнички став.СДС и ДУИ немаа црвени линии кога стануваше збор за стратегијата како да се поплочи патот кон ЕУ.СДС и ДУИ патот кон ЕУ го претворија во свој личен бизнис-план за сопствено богатење од кој дебел профит имаа членовите на нивните фамилии.Концептот европска иднина се распадна како кула од карти под налетот на контото на банкарските сметки на поранешните владини функционери.Јасно кажуваме заврши времето на игра со чувствата на граѓаните, заврши времето на местење тендери.ВМРО-ДПМНЕ се грижи за граѓаните и затоа доби поддршка од над 450 илјади граѓани. Сега патот кон ЕУ ќе продолжи без диктати“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

Lefkov-4

(Видео) Иако се сликаа во авионот носејќи го датумот за почеток на преговори со ЕУ, СДС не оддалечи уште толку од вратите на Унијата, вели Лефков

„Откако го направија фамозното селфи во авионот од Брисел, Македонија е се подалеку од Европската Унија, а истата уште толку не оддалечи од нејзините врати поради лошите политики на СДС-ДУИ“, рече Миле Лефков, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.„Криминалната коалиција на СДС-ДУИ, наместо како што ветуваа почеток на преговори со Европската Унија, не дистанцираа од неа. Граѓаните препознаа дека зад памфлетите се кријат манипулации за да можат да крадат. Затоа СДС беше казнета на последните избори, пораз кој станува се поголем, особено ако се погледнат последните анкети каде имаат тенденција на дополнително паѓање.Откако направија се, за да не понижат како народ, сега СДС вели дека поради ВМРО-ДПМНЕ сме биле изолирани.Заврши времето на виткање на кичмата и спроведување на диктати. Заврши времето на играње игра со чувствата на граѓаните. Заврши времето на местење тендери, завршува времето на осудени криминалци да шетаат по улиците, завршува времето на корумпирани политичари, корумпирани обвинители, судии.За разлика од минатата криминална власт на СДС-ДУИ, ВМРО-ДПМНЕ се грижи за граѓаните. Над 450 илјади граѓани ја дадоа довербата да ја водиме Македонија со нашите јасни политики за управување на државата. А резултатите од доброто владеење секојдневно се гледаат.Македонија ќе биде повторно исправена и без прифаќање на диктати и уцени, ќе ги отвориме преговорите за членство со Европската Унија“, изјави Миле Лефков, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

ahmeti-5431

„На власт не им чинеше балансерот, сега плачат по него со цел да дефокусираат, ДУИ ги штитат местачите на тендери и се закануваат со дестабилизација“, вели ВМРО-ДПМНЕ

„ДУИ треба да сфати дека мора да прекине со манипулациите. Едно зборуваа кога беа на власт, сега во опозиција друго. Да ги потсетиме ДУИ, кога беа на власт усвоија Стратегија за реформи во администрација за 2023-2030 година. Во истата констатираат дека балансерот како алатка се злоупотребува и треба да се укине. И Брисел порача и тоа јасно дека балансерот треба да се укине“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.„Како за ДУИ во 2023 година балансерот се злоупотребувал, а сега е неопходен?! ДУИ додека беше на власт беше преоптоварена со местење тендери, бизниси во четири очи, а наоѓаа време во државни институции да играат фудбал.ДУИ додека беше на власт не ја интересираше што стотина илјади млади заминаа, што граѓаните лошо живееја.Сега ја сменија песната затоа што се опозиција имаат слободно време и гледаат само како да напаѓаат.Сега од ДУИ гледаат само како да направат незадоволство, да дестабилизираат, односно како да го одвлечат вниманието од главната тема, а тоа е дека нивните функционери треба да одговараат.ДУИ има една цел нивните функционери да не одговараат на ниеден начин и тоа се спремни да го попречат по секоја основа.На ДУИ им порачуваме дека нивните обиди за замајување на јавноста не поминуваат!“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

Zdravkovski

Здравковски: Соговорниците од ЕУ во ВМРО-ДПМНЕ гледаат дека има желба и намера работитите да одат кон подобро

„Ние никако не смееме да ја свиткаме кичмата. И покрај сите овие договори и работи, сепак ни остануваат домашните работи да ги завршиме. Кога соговорниците од другата страна од ЕУ гледаат конзистентност, желба и намера за да ги поправиме овие работи кои се основни критериуми тогаш нормално е да се даде шанса”, истанка пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Игор Здравковски на ТВ24 во емисијата „24 Анализа”Тој додаде дека постојат две опции кои се прифатливи за ВМРО-ДПМНЕ.„Имаме две опции кои се прифатливи за нас и тоа или оние устсвни измени да се применат со влезот на Македонија во ЕУ или пак да има гаранции во тековните преговори”, кажа Здравковски.Тој продолжи и додаде:„Ниту една земја членка на ЕУ не посакува нестабилен партнер и токму затоа кога се оди на средби, преговори, договори и разговори се гледа што има соговорникот да понуди. Без разлика на тоа што претходнста влада го договоричла за влез во ЕУ сепак остануваат исполнување на основите на зачленување на ЕУ тоа се критериумите Копенхаген, Мастрихт и Мадрид”, вели Здравковски.

Македонија | пред 1 година

stojanoski

Стојаноски: Реакциите од ДУИ се комични, намерата им е прочитана, а институциите на системот се спремни за секој обид за дестабилизација

Во денешната емисија „Dailyclick“ на Телевизија 21, гостуваше пратеникот Бојан Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ и изрази јасен став дека не може некој кој речиси две децении бил дел од власта и имал безброј прилики да го промени механизмот што самиот го критикува, сега да се појавува каков негов бранител.Стојаноски посочи на фактот дека претходната власт не покажува интерес за конструктивни предлози, туку, откако замина во опозиција, единствено се фокусира на заканите за дестабилизација. Според него, овие потези служат за заштита на криминалот.„Механизмот кој моментално постои не само што не дава резултати, туку и ги надмина своите можности. Сите права на граѓаните се загрозени. Ние предложивме нов механизам кој ќе биде транспарентен и ги вклучува сите заинтересирани страни“, рече Стојаноски, нагласувајќи дека новиот систем мора да биде донесен со консензус во парламентот и со поддршка од Венецијанската комисија.Стојаноски посочи на конкретни примери на злоупотреба и недостапност на информации, истакнувајќи дека некои од членовите на ДУИ имаат кривични пријави. „Заврши времето на недопирливите“, додаде тој.Тој обвини дека СДСМ ги политизираше законите,а моментално се бори за опстанок на политичката сцена, додека ВМРО-ДПМНЕ продолжува да се фокусира на антикорупциските мерки.„Граѓаните очекуваат од нас да расчистиме со криминалот и корупцијата. Сите доказите ги доставуваме до јавниот обвинител, и ако нема намера да делува, ќе видиме какви ќе бидат последиците“, заклучи Стојаноски.

Македонија | пред 1 година

petrushevski-1

(Видео) Петрушевски: ДУИ сами прифатија укинување на балансерот, сега наместо да манипулираат, да се реформираат

„ДУИ сами прифатија укинување на балансерот, сега наместо да манипулираат, да се реформираат, заради нив државата ја напуштија стотина илјади граѓани. ДУИ како власт во 2023 ја донесоа Стратегијата за реформи во администрацијата 2023-2030 во која се нотира дека балансерот се злоупотребува и дека е потребно негово укинување“, рече Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.„Тоа беше време кога нивните министри во владата играа фудбалчиња по министерски кабинети, местеа тендери и делеа бизниси во четири очи. Тогаш не само што немаа проблем со укинување на балансерот, туку и сами поддржаа негово укинување.Што се смени сега? Едноставно е, ДУИ не е власт, нивните министри не местат тендери и не прават матни зделки, па затоа сега бараат само повод за дестабилизација, со единствена мисла нивни функционери кои учествувале во милионски сомнителни теднери да не одговараатДУИ многу добро знаат дека укинувањето на балансерот е препорака и на ЕК. Но тоа не ги колеба кога станува збор за наоѓање изговори за дестабилизација.ДУИ има за цел да ја дестабилизира државата, заради спас на криминалци. ДУИ се одамна прочитани и тоа веќе не поминува“, изјави Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања