ДПМНЕ

Screenshot-2024-01-15-at-09.33.00

Наместо да шират дезинформации и да се впуштаат во лов во матно, СДС да ги научат правните норми и прописи по кои работи ЈПДП и конечно да започнат со консолидација на партијата, реагира ВМРО-ДПМНЕ

„СДС демолирана, наместо да шират дезинформации време е конечно да започнат со консолидација на партијата. Наводниот скандал за кој тврди СДС во ЈПДП за 40 те возила кои се пропуштени без да платат патарина е хуманитарен конвој кој години наназад, откако почнал поминувал без да плати патарина. Тоа било пракса и тоа СДС добро го знаат“, реагира ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на СДСМ.„СДС прво да ги научи правните норми и прописи по кои работи ЈПДП, да ги разберат, да научат да ги толкуваат, за потоа да можат да увидат дали постои прекршување, злоупотреби или евентуално простор за санкции, за да не се сведуваат на ниво на шпекулации и „лов во матно“.Јавното претпријатие Државни патишта работи според сите законски прописи и за 4 месеци направи повеќе отколку СДС за 7 години.Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ за 4 месеци направи повеќе отколку СДС и ДУИ за 7 години и тоа народот го гледа на дело.Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ секојдневно работи за конечно државата да стане домаќин на три раскрсници, транспортна, железничка и енергетска. Приоритет на оваа влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ е економска трансформација и градење на институциите и инфраструктурата.Наместо да манипулираат и шират дезинформации, СДС треба сериозно да се зафати да си ја консолидираат партијата и да не шират шпекулации“, се додава во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Милошоски: На Македонија за преговори со официјална Софија и треба стабилна влада во Бугарија

„Предолго трае оваа политичка драма во Бугарија и на овие избори нема убедлив победник, туку дополнителна фрагментација. Оваа ситуација ќе биде уште покомплицирана, бидејќи во составот на новото Собрание во Бугарија влегуваат три политички кои се радикална десница односно антиевропски настроени“, истакна пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски во гостување во централниот Дневник на Сител ТВ во „Тема на денот“.Тој истакна дека на Македонија за понатамошни преговори со Бугарија и одговара стабилна влада во Бугарија со две партии и додаде:„Пречките со напредокот на Македонија би ги поврзал со директна фрагментираност во Бугарија. Проблемот во Македонија настана во моментот кога во Бугарија имаше стабилни влади но за жал, претходната Влада во Македонија прифати услови со кои создаде пречка за сите идни влади во Македонија. Затоа сметам дека потпишувањето на тој фамозен втор протокол од страна на поранешниот министер Бујар Османи заедно советуван со Ковачевски, Маричиќ и другата група раководители на надворешната политика кога го направија најголемиот проблем кога дозволија Македонија да влезе во лавиринтот на билатерализација на историски прашања како пречка на патот кон ЕУ“, вели Милошоски.Тој истакна дека македонскиот план звучи логичен и наидува на разбирање кај голем дел од соговорниците во ЕУ.„Според мене она што беше добиено како порака од посетите на владината делегација во Берлин е дека сепак македонскиот план звучи логично, има аргумент и истиот наидува на разбирање кај поголем дел од соговорниците во рамки на ЕУ, но мора да се напомене дека за истото треба да даде согласност и официјална Софија, затоа би било добро во Софија да има стабилна влада за да може да се разговара на еден рамноправен начин“, посочи Милошоски.

Македонија | пред 1 година

Petrusevski

(Видео) За еден месец трошоците за храна и пијалоци намалени за 5%, мерките на владата се ефективни, вели Петрушевски

„За еден месец трошоците за храна и пијалоци намалени за 5%, мерките на владата се ефективни. Владината мерка за намалување на цените резултираше со намалување од 5% на трошоците за храна и пијалоци од синдикалната кошничка, односно 1000 денари“, вели Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.„Синдикалната кошничка во делот на храна и пијалоци опфаќа 43 производи, а владата ги намали цените на 73, што значи дрка реалното намалување се движи и до 1500 денари, т.е. над 5%.На годишно ниво тоа се и до 18.000 денари заштедени во буџетот на едно домаќинство.Владата останува посветена на зачувување на животниот стандард на граѓаните.Покрај намалување на цените, растат пензиите и платите.СДС додека беа на власт животниот стандард паѓаше. Неспособноста заврши со нив“, изјави Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_01-10-2023_05-26-28-1040PM

ВМРО-ДПМНЕ: Мерките на Владата имаат влијание, после долго време намалени трошоците за живот

„Синдикалната кошничка намалена за 1000 денари, конкретните мерки на Владата даваат решение. Мерките кои ги презема Владата доведоа до намалување на трошоците за храна и пијалоци да се намалат за 1000 денари“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.„Синдикалната минимална кошница, која ја пресметува Сојузот на синдикати на Македонија, пресмета дека трошоците за храна и пијалоци на едно четири члено семејство се намалени за 1000 денари во октомври споредено со септември оваа година.Владата со преземање на реални мерки го зачувува и зголемува животниот стандард на граѓаните.Граѓаните добиваат партнер во Владата. Растат пензиите, платите, се подобрува бизнис климата.Инфлацијата сега е меѓу 2 и 2.5%, во време на владеење на СДС беше двоцифрена.Македонија оди напред, а економијата се трансформира кон подобро“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

kovachki1

(Видео) Мицкоски во клучен момент подаде рака за постигнување договор за Македонија, од СДС за момент нека заборават на личните интереси, вели Ковачки

„ВМРО-ДПМНЕ многу јасно и недвосмислено подава рака за национално обединување и иницира подготовка на стратегија за државата до 2050 година. Приоритетот интеграција на Македонија во ЕУ е јасен, но на патот до негово исполнување треба да реализираме многу работи, да бидеме подобри, подобри пред се за нас. За тоа да се реализира ни треба јасна стратегија како да стигнеме до целта“, изјави Драган Ковачки пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.„Претседателот Христијан Мицкоски јасно кажува дека треба да се дефинираат приоритетите за развој на државата и тоа во повеќе области и да се одговори на повеќе предизвици, како демографски, економски, земјоделски, енергетски, транспортни и слично.Ги повикуваме СДС повторно да размислат и покрај нивното првично негодување за обединување околу една стратегија со помош на умовите од академската заедница.СДС мора да ја надмине кратколгледоста. СДС мора да прекине да мисли на интереси на поединци од партијата и на партиските интереси.Седум години ја запоставија Македонија, која не само што стагнираше, туку и назадуваше во одредени области.СДС мора да ги сфати зборовите на претседателот Мицкоски кој на 23 октомври во средата кажа цитирам „ова е суштински период верувајте. ова е период од кој ќе се знае ќе не биде или не, знам дека звучи драматично, некому можеби ќе му звучи и патетично, но дали знаете дека ако сакаме да успееме, немаме избор освен да соработуваме и тоа мора да почне веднаш и сега“, затворен цитат.Ако им треба време нека размислат уште малку, нека не брзаат, за момент кога ќе размислуваат на оваа тема за обединување нека заборават на личните и партиски интереси.Повторувам, од СДС нека се обидат да ги остават зад себе личните и партиски желби, нека го направат тоа за граѓаните, за државата, за подобро утре за сите.Претседателот Мицкоски конструктивно, во клучен момент подаде рака и ги покани сите заедно да постигнеме договор за Македонија! На потег е опозицијата, на потег е СДС, нека не размислува дневно политички, нека се преиспита. На потег е и академската заедница!“, соопшти Драган Ковачки пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-01-15-at-09.33.00

„На Македонија и треба долгорочна стратегија за раст и развој, СДС да се вразумат и партиски да се надминат“, вели ВМРО-ДПМНЕ

„ВМРО-ДПМНЕ преточена во владино раководство на чело со претседателот Христијан Мицкоски, покажува вистинско лидерство и визија во водењето на Македонија. Македонија има насушна потреба од нова визија, стратегија, долгорочен план за вистински развој во чие креирање ќе бидат вклучени најголемите македонски умови“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.„Токму тоа е и целта на последниот проект кој што го понуди претседателот Мицкоски повикувајќи на општо обединување.Повикот за обединување и креирање на стратегија за државата 2025 е конкретен проект, кој на едно место ќе ги собере македонските академци и интелектуалци. Идејата и визијата на претседателот Мицкоски е покрај општо народно обединубање, членовите на МАНУ и универзитетската заедница, сите професионалци во својата област да ги опфати приоритетите за развој на државата, демографските предизвици, економските цели како и начинот на нивно остварување.Покрај тоа, стратегијата треба да го опфати и земјоделскиот и технолошки развој, енергетскиот и транспортен развој, подобрувањето на животната средина, образованието, како и да овозможи здравство во тек со светските достигнувања.Токму ова е потребно за државата за да го фати текот со новото време, каде што научните, технолошките и економски процеси забрзано се развиваат.И за сето ова да се испланира, спроведе и реализира потребно е внатрешно обединување. Заради тоа, ги повикуваме СДС да се надминат себеси и барем еднаш во нивното партиско делување, државните интереси да ги стават над партиските.СДС треба да престане од ракав само се и сешто да одбива, туку за се што е во интерес на државата, како што е случајот со стратегијата за државата 2025, да ја поддржи. Тоа им го должиме, како генерација на одговорни политичари, на генерациите што следат после нас“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

kovachki

(Видео) СДС да се охрабрат и да ја поддржат визијата на Мицкоски за стратегија за Македонија до 2050, вели Ковачки

„Македонија има потреба од сеопфатна стратегија за правецот во кој ќе се движи во наредните децении. Визијата на претседателот Христијан Мицкоски за стратегија на државата до 2050 година е столб кој мора да не обедини како општество“, рече Драган Ковачки, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.„ВМРО-ДПМНЕ го повикува СДС да ги напушти теснопартиските интереси и да го прифати предлогот на претседателот Мицкоски. Важно е како опозиција да покажат конструктивност и чувство на одговорност кон државата.Ги повикуваме СДС да се произнесат. Визијата на претседателот Мицкоски за стратегија на државата до 2050 година ги опфаќа приоритетите на развој на државата, демографските предизвици, економските цели и како да се стигне до нив, земјоделски и технолошки развој, енергетски и транспортен развој, подобрување на животната средина, образование и здравство во тек со светските достигнувања. Македонија има потреба од нова парадигма, која ќе ја внесе државата во новото време.Ние не смееме да заостануваме кога се’ во светот се менува, а научните и економски процеси забрзано се развиваат.Македонија не смее да биде заложник на нечии теснопартиски интереси, ниту пак да биде монета за поткусурување на нечии политички кариери.Интересот на државата и на генерациите кои доаѓаат после нас мора да биде врвен приоритет. Тоа може да се оствари само со една сеопфатна стратегија, која ќе го трасира патот за развој на државата, каде граѓанинот и неговиот интерес ќе бидат јадрото.СДС да излезат од својата деструктивна матрица во која се затворени со години, и да покажат конструктивност и одговорност, затоа што потоа нема да имаат можност со ништо да се оправдаат пред идните генерации.Имаме одговорност како генерација да ја унапредиме државата и да овозможиме подобра стартна основа на генерацијата после нас, од таа што сме ја имале ние. И нека тоа биде императив за секоја идна генерација, така Македонија ќе биде секогаш држава која расте и се развива.Претседателот Мицкоски отвори дебата, ги повикуваме сите чинители во општеството да се вклучат“, изјави Драган Ковачки, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

lefkov-6

Лефков: За земени кредити и нереализирани капитални проекти поради неспособноста на владата на СДС, државата платила 25 милиони евра камата

Пратеникот во македонското Собрание и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков во „Утринско Еспресо“ на радио Лидер, рече дека имаме опозиција која е слабо раководена и координирана, затоа настапува со критики по основ дневни политички темиЗборувајќи за состојбите во македонската опозиција, Лефков рече дека имаме исклучително слаба и лошо координирана опозициска партија, додавајќи дека истовремено се работи за опозиција кој е без конкретни теми за кои може да и забележи на власта, затоа и нивните настапи во Собрание се слаби.„Можете да забележите дека опозицијата се води, би рекол, од дневно политички теми и коментари во недостаток на конкретни и конструктивни предлози. Последна тема за која се спротивставија беше Унгарскиот кредит за кој обвинуваа дека станува збор за кинески пари за кој добија шлаканица, лично од Орбан“, посочува Лефков.Тој потсетува дека во изминатиот седумгодишен период поради одобрените земени кредити, а неповлечени средства поради немањето капацитет да се реализираат капитални проекти државата има платено некаде околу 25 милиони евра. Значи трошокот за нереализирани капитални инвестиции си добива само уште еден параметар, а тоа е 25милиони евра.„Да не потсетувам за оној заем кој не чинеше плус 17 или 18 милиони евра, се сеќавате кога министерот за правда беше приморан да даде оставка, па не ја потпиша еврообврзницата за која беа платени сите трошоци, а потоа се издаде со повисока каматна стапка. Ако сето тоа го пресметаат економистите, доаѓате до загуба од 15 до 17 милиони евра, се на грбот на граѓаните, со тоа што не можеме прецизни затоа што никогаш не беше објавено чинењето на консултантските услуги за таа обврзница“, истакна Лефков.Лефков посочи дека токму на оваа линија тие покажаа двојно полоши параметри и дека оние кои не задолжуваа во изминатиот период со емитување на државни обврзници со каматни стапки од 6,25% па нагоре, сега држат говори и излегуваат да критикуваат дупло поевтини кредити.

Македонија | пред 1 година

18102024-Mickoski-1

„Мицкоски ја фрли ракавицата кон СДС, останува да се види дали СДС ќе ја надмине политиката на водење на Македонија од ден за ден“, вели ВМРО-ДПМНЕ

„Од кога почнав да се занимавам со политика тврдам - На македонското прашање му е потребна енергија. И сметам дека денес дојде денот да отпочнеме еден сериозен проект, порача претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер на Македонија, Христијан Мицкоски на вчерашното одбележување на 23 октомври, Ден на македонската револуционерна борба“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.„Станува збор за проект кој Владата ќе се обиде да го договори со МАНУ и со универзитетската заедница. Идејата е проектот да биде сеопфатен и преточен во стратегија на државата до 2050 година. Целта на овој проект е да се дефинираат приоритетите на развој на државата, демографските предизвици, економските цели, и како да се стигне до нив, земјоделски, технолошки развој, енергетски и транспортен развој.Ракавицата од Мицкоски е фрлена кон СДС.Мицкоски потенцираше дека „мора да ги користиме знаењата на сите кои можат да помогнат, ние мора да се обединиме и да поставиме долгорочни цели за развој на државата“ и додаде „потоа ќе побарам широк партиски консензус за прифаќање на таа стратегија, на државата тоа и недостасуваше со години“.СДС сега треба да се надмине да заборави на приоритетите на поединци, на партиските приоритети и да подаде рака за развој на државата по сите погубни политики кои ги водеа во последните седум години.СДС мора да ја надмине кратковидоста и да прифати државна стратегија бидејќи само така Македонија ќе може да оди напред.Мицкоски заклучи „на граѓаните им е потребна им е стратегија и преку глава им е од водење на државата ден за ден“.Станува СДС да покаже што и е поважно лични и партиски интереси или Македонија!“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Петрушевски: СДС е во фаза на самоуништување и во опозиција не умее да биде конструктивна, а тоа е потребно за доброто на Македонија

„Народот го кажа мислењето за СДС, дека не ги бива и го доживеаа најлошиот и најкатастрофалниот резултат во историјата на постоењето на плурална Македонија и на СДС како политичка партија“, изјави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ на гостувањето на актуелниот подкаст „ВМРО – ДПМНЕ зборува“.Петрушевски спомена дека иако пратениците од СДС биле против унгарскиот заем, сепак нивните градоначалници аплицирале за да земат средства и напомена дека тука се гледа целото нивно лицемерие. Нивната неспособност да поздрават и поддржат добри политики. Исто така спомена дека како партија сеуште се во некаква реорганизација на која и нема крај.„Имаше случај кога пратениците беа против законот за поволниот заем од Унгарија кој што го обезбеди Владата, додека од нивната страна нивните градоначалници буквално сите до еден аплицираа со проекти за да земат пари од тој заем иако СДС го критикува. Венко Филипче како претседател го нема во Собранието, дел од другите функционери поранешни сегашни пратеници исто така ретко можат да се видат во Собранието, не предлагаат закони или пак некакви проекти и решенија“, рече Петрушевски.Исто така тој додаде дека констатациите кои ги дава не се затоа што се грижи за СДС, туку дека на политичката сцена е потребна опозиција која ќе дава конструктивни критики и предлози, се со цел да може да се работи за доброто на граѓаните.„Ова го зборувам не затоа што ми е грижа за проблемите во СДСМ, туку зборувам дека во Македонија мора да имаме конструктивна политичка опозиција и тоа е добро за државата. Ако ја имаме СДСМ во фаза на уништување, ако ја имаме Левица која што не ја интересира буквално државата и граѓаните туку само лични привилегии, ако го имаме ДУИ кој што исто така го интересираат само некакви националистички теми не е добро за државата, за демократијата. И мислам дека крајно време е целата опозициска сцена во Македонија да се консолидира, да се реформира за да можеме да имаме соговорници, да може да добиваме конструктивни критики и предлози кои што ќе можеме да ги имплементираме токму во интерес на граѓаните“, заклучи Петрушевски.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Петковска: Транспарентни сме и имаме слух за мислењето на експертската јавност, критериумите во Законот за јавни набавки ќе бидат заострени

Во вчерашното гостување на Топ Тема на Телма Телевизија, пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Лидија Петковска се осврна на ситуацијата околу Законот за јавни набавки.Според Петковска, законот е повлечен поради заострување на критериумите за избор на претседател и членови на Државната комисија за жалби по јавни набвки.„Од она што го имам како информација до овој момент, законот е повлечен заради заострување на критериумите за избор на претседател“, рече Петковска.Таа нагласи дека е неопходно да се разјасни во каква форма законот ќе биде повторно доставен по повлекувањето од собраниска процедура.„Кога ќе се повлече, ќе видиме од поднесувачите на овој закон какви ќе бидат следните чекори“, додаде Петковска.Петковска ја нагласи важноста на повлекувањето на Законот за јавни набавки.„Токму фактот што е повлечен е доволен показател дека владата има слух за експертската јавност. Скратената постапка беше заради што станува збор за јавни набавки кои се клучен генератор за криминал и корупција во државата и не смее да се чека ни ден“

Македонија | пред 1 година

brane

(Видео) Петрушевски: СДС ги партизираше службите, АНБ ја водеше партиски функционер

„Виктор Димовски беше член на ИО на СДС, долги години беше во голем број партиски комисии и совети. Тој на чело на АНБ дојде како чисто партиско решение“, кажа пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски.„СДС наместо да ја професионализира службата, ја партизираше, дополнително на тоа шиканираа професионалци и избркаа од АНБ се што не е во нивната матрица.СДС спроведе хајка во службите, и наместо институции за почит, добивме институции на кои им се случија низа пропусти како издавање пасоши на над 20 нарко босови од регионот и светот, кое траело со години, без никој да го примети или спречи.Видовме кои се последиците од лошото владеење на СДС со државата и управувањето со службите.Заврши времето на партизација на службите. Следува ново време на промени и професионализација“, изјави Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-01-15-at-09.33.00

ВМРО-ДПМНЕ: Ја молиме СДС помалку да пие од апчињата за заборавање, Македонија памети

„СДС применува нов феномен на политичката сцена, а тоа мора да е интензивно пиење на апчињата за заборавање. Па така, Виктор Димовски кој беше член на Извршниот одбор на СДС и член на партиското дипломатско тело, тој беше и раководен кадар во АНБ“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.„Да не се заборави ниту улогата на Еролд Муслиу кој зема активно учество во кампањата на СДС, која партијата катастрофално ја загуби и за време на која Муслиу како партиски портпарол, но во исто време и прв разузнавач, креираше лажни документи, кодошеше и манипулираше при доделувањето на безбедносните сертификати и редица други злоупотреби.Да не заборавиме ниту на улогата на семејството Ременски, која е пример за тоа како брачен пар ја злоупотребува политичката моќ за партиски цели.Воедно, да не се заборави ниту функцијата на доскорешниот Генерален директор на СДС, Миле Зечевиќ кој се само нарекуваше Вардарски, кој беше поранешен директор на УБК. Значи, Генералниот секретар на СДС контролирал и бил прв човек на разузнавачките служби.Ја молиме СДС помалку да пие од апчињата за заборавање. Ако тие забораваат, Македонија памети“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Петрушевски: Лицемерно е СДС да зборува за партизација на службите, институциите ги претворија во партиски штабови

Во вчерашното гостување во емисијата „За или против“, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, го изнесе војот став во однос на актуелните обвиненија од СДСМ за партизација на безбедносните служби. Според Петрушевски, критиките од опозициска СДСМ се неосновани и лицемерни.„Лицемерно е СДС да зборува за партизација на службите, кога своевремено директор на УБК, беше генерален секретар во структурите на СДС Миле Зечевиќ. Исто е лицемерно да зборува за партизација, кога Виктор Димовски од извршниот одбор на СДС, стана директор на АНБ. Едноставно, лицемерно е СДС да зборува за партизација на институциите“, посочи ПетрушевскиПетрушевски истакна дека СДСМ имаат пракса на поставување партиски структури на раководни позиции, како Лукаревска која беше потпретседател на СДСМ, Богоев кој беше член на извршниот одбор и Спасовски кој беше назначен за генерален секретар.„ВМРО-ДПМНЕ, за разлика од СДС ја нагласува потребата за спроведување на политики кои ќе ги почитуваат стручните и експертските капацитети, што ја поддржуваат нивната политика затоа што Владата е избрана за да спроведува токму такви политики, бидејќи сепак сме парламентарна држава“, дециден е Петрушевски.Петрушевски го посочи и неодамнешниот скандал со 250 пасоши кои беа издадени од страна на СДСМ, потенцирајќи дека не успеаја да ја заштитат јавната безбедност.„Поради овие работи, добивме случаеви како Онишченко да бидеме мета на светски срам, се случија оние 250 пасоши на белосветски наркобосови кои си купуваа пасоши на “легален“ начин и го урнисаа безбедносниот систем на државата. Наместо да работат да го запрат ова, тие се занимаваа со следење на опозицијата“, потенцираше Петрушевски.Петрушевски се осврна на тоа дека Бојан Христовски, новиот директор на Агенцијата за национална безбедност (АНБ), е докажан професионалец и обвиненијата од страна на СДСМ се поради неговото минато.„Христовски беше мета на политички напади и отстранет од работа поради неосновани обвинувања, а тоа е директно поврзано со активностите на СДС“, рече Петрушевски.

Македонија | пред 1 година

petrushevski-2

(Видео) СДС нема кредибилитет да зборува за АНБ, затоа што тие ја партизираа, рече Петрушевски

„СДС ја партизираше АНБ, ВМРО-ДПМНЕ ја департизира. Виктор Димовски беше член на ИО и на Дипломатскиот совет на партијата. Ова е извадок од интернет страница на СДС, името на Виктор Димовски како член на ИО на СДС е веднаш зад тогашниот претседател на партијата, Бранко Црвенковски“, рече Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.„Виктор Димовски е исто толку СДС колку што се и Зоран Заев и Венко Филипче. Виктор Димовски е чист партиски кадар на СДС, и тој ја партизираше службата и стави под прогон голем број професионалци.Со Виктор Димовски на чело на безбедносната служба ни се случуваа скандали како Онишченко, се издаваа пасоши на белосветски наркобосови и криминалци. СДС нема кредибилитет да зборува за АНБ, затоа што тие ја партизираа и го кородираа системот на националната безбедност.АНБ и АР работеа за СДС наместо за граѓаните. Владата на ВМРО-ДПМНЕ воведува професионализациjа во службите за безбедност. АНБ и другите служби ќе работат за граѓаните“, изјави Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања