ДПМНЕ

mepso

ЈО да испита дали Шанси инвест послужила како параван за парите од МЕПСО да завршат кај функционери на СДС и ДУИ, бара ВМРО-ДПМНЕ

„Длабоките релации и разработените шеми за извлекување на милионски суми од МЕПСО се многу очигледни. Директор во МЕПСО од редовите на СДС и ДУИ доделил тендер во вредност од 10 милиони евра на фирма која е директно поврзани со него. Имено, тендерот од МЕПСО за набавка на уред за корекција на напонски профил на албанската компанија „Шанси Инвест“ заедно со Далековод АД Заегреб, им е доделен во период кога раководителот на комерцијалниот сектор на МЕПСО бил Мелаим Адеми“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.„А, истиот овој Милаим Адеми, своевремено бил и управител на подружницата на Шанси инвест во Скопје.Ова поврзаност ги отвара сомнежите дека албанската компанија послужила само за испумпување на пари од МЕПСО, каде што требало да заврши разликата од неколку милиони евра од првичниот договор, кој потоа бил изменет и дополнет, со единствена цел зголемување на вредноста на тендерот.Од тука се поставува прашањето, колку пари од МЕПСО завршиле на сметка на Шанси инвест, која освен штанцање фактури за наплата, пред да ги префрли парите на фирмата производител, која во случајов е Далековод АД Загреб, нема никаква додадена вредност.Друго, уште посуштинско прашање е во чии џебови и на чии сметки на лица од СДС и ДУИ требале да завршат парите од Шанси инвест од разликата во цените?Затоа, го повикуваме Јавното обвинителство веднаш да отвори истражна постапка за оваа јавна набавка на МЕПСО, да ги испита сите индиции и докази и да утврди дали Шанси инвест е параван фирма за наплата на милиони евра од функционерите на СДС и ДУИ“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

brane-1

(Видео) Директор во МЕПСО од СДС и ДУИ претходно бил управител во Шанси инвест од Албанија која добила 10-милионски тендер, кажа Петрушевски

„Раководството на МЕПСО од СДС и ДУИ имало длабоки релации со Албанската фирма Шанси инвест, која го добила тендерот за набавка на уред за корекција на напонски профил заедно со Далековод АД Загреб“, рече Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.„Мелаим Адеми кој бил раководител на комерцијален сектор во МЕПСО, кога Шанси инвест го добила тендерот, своевремено бил управител на подружницата на Шанси инвест во Скопје.ЈО треба веднаш дс отвори постапка за оваа набавка, и да ги испита сите докази. Дали Шанси инвест е фирма која е параван за наплата на функционери на СДС и ДУИ?Колку пари од МЕПСО завршиле на сметка на Шанси инвест, која буквално нема никаква додадена вредност во набавката, освен штанцање на фактури кон МЕПСО за наплата, пред да и префрли пари на фирмата производител?На чии сметки на лица од СДС и ДУИ требале да завршат парите во разликата во цени од Шанси инвест? ЈО да презема акција. Одговорност мора да има“, изјави Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

IVANOV

Иванов: Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи промена на Уставот се додека патот кон ЕУ за Македонија е непредвидлив

Во гостување на 24 Телевизија во емисијата „Анализа 24” присуствуваше пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Душко Иванов. Тој се осврна на извештајот од Европската Унија за напредокот на Македонија во врска со уставните измени.„Веќе по не знам кој пат Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија” повторува, а тоа всушност беа и предизборните ветувања на ВМРО-ДПМНЕ дека нема да се согласи со ултимативни барања од страна на соседните држави”, потенцираше Иванов.Исто така Иванов се осврна на актуелниот проблем кој ја задира Македонија, а беше наследен од претходната Влада. Тој нагласи дека сегашната Влада ќе направи напори за решавањето на овој проблем, но не под секој услов, односно дека оваа Влада нема да дозволи промена на Уставот се додека патот до Европската Унија не е придвидлив.„Тоа е причинско последична врска која ја наследивме од претходната влада, едноставно прифатиле одговорност која што свесно знаеле дека нема да ја спроведат. Сегашната Влада ќе преземе сигурни чекори да ја стабилизира државата во патот кон европските интеграции меѓутоа нема да се согласиме и нема да дозволиме промена на Уставот се додека не е придвидлив патот на Европската Унија на Македонија од причина што во текот на отварањето на поглавјатата на сите кластери можеме да имаме нови барања од Република Бугарија и патот кон Европската Унија да биде долгорочен процес кој што не одговара на граѓаните на Република Македонија”, рече Иванов.Иванов потенцираше дека уставните измени ќе се направат само доколку се прифати истите да бидат направени со одложено дејство.„Доколку сме се обврзале да ја направиме промената на Уставот ќе биде со одложено дејство и премиерот исто кажа ајде да му дадеме време на времето и тоа ќе биде разумен период да се обидеме да стекнеме некакви подобри позиции при преговарањето, треба да имаме политичка Влада во Република Бугарија. Да се состави таа Влада за да имаме соговорник од другата страна со кој што ќе може да преговара Република Македонија и тие преговори да имаат легитимитет од двете страни”, додаде Иванов.

Македонија | пред 1 година

mepso

Постојат индиции за сторен милионски криминал од раководството на МЕПСО назначено од СДС и ДУИ, ЈО да отвори предмет, бара ВМРО-ДПМНЕ

„Јавното обвинителство да се одважи и да отвори предмет за да ги истражи наводите и сомнежите за сторен криминал во склучениот договор за јавна набавка од страна на МЕПСО. Веќе два дена јавно, на прес конференции, изнесуваме факти кои покренуваат сомнежи дека раководството од СДС и ДУИ во МЕПСО, склучувало и менувало договори за нивните потреби со единствена цел испумпување пари од претпријатието“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.„Како што посочивме до сега, претпријатието Далековод АД од Загреб само можело да се јави на тендер и да го добие и дека истото немало потреба од албанската фирма Шанси Инвест, која најверојатно послужила како параван за испумпување на парите.Тендерот на МЕПСО прво го доби хрватсаката фирма производител Далековод АД Загреб, при што македонското акционерско друштво претходно до добавувачите доставило модел договор и барало да биде прифатен, за на крај да дозволи измена и дополнување на договорот.МЕПСО под раководство на лица од СДС и ДУИ направило промена на договор за набавка од 10 милиони евра, со цел фактурите да му ги доставува некоја тампон фирмата Шанси Инвест, а не директно производителот.И сето ова може да се види во чл.9 од договорот каде што е дополнето дека доставувач на фактурите ќе биде Шанси Инвест од Албанија, а не Далековод АД Загреб, кој всушност е и производител на опремата. Дополнително, во договорот е наведено дека Шанси Инвест ќе биде доставувач на авансната и сите други фактури до МЕПСО.Го повикуваме обвинителството да истражи зошто кога производителот Далековод АД Загреб, можел сам да се јави на тендерот тоа не го сторил и дали за тоа бил уценет и ако бил од кого?“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Стојаноска: ВМРО-ДПМНЕ ги поставува основите за нова економска реалност

Темата за потрошувачката кошничка стана особено актуелна во последниот период. На ова се осврна и пратеничката Дафина Стојаноска, во вчерашното гостување на поткастот „ВМРО-ДПМНЕ Зборува“, и изрази уверување дека мерките што ги презела Владата предводена од Христијан Мицкоски веќе даваат резултати.Стојаноска се осврна и на периодот кога ВМРО-ДПМНЕ беше во опозиција и го критикуваше претходниот владин состав.„Кога ВМРО-ДПМНЕ како опозиција ја критикувавме тогашната власт дека вештачки ги зголемуваа платите, кога ги предупредувавме на она покачување на минималната плата дека Македонија ќе ја направат држава на луѓе со минимални плати, тогаш тие одеа само со популистички мерки, сметајќи дека можеби на тој начин ќе го задржат столчето на власт, но видовме како катастрофално завршија. Затоа што од едната страна вештачки ги покачуваа платите на вработените, а од друга страна нормално дека инфлацијата растеше“, додаде Стојаноска.Стојаноска ја истакна и независноста на синдикалните организации во Република Македонија.„Потрошувачката кошничка ја креираат Сојузот на синдикати на Македонија, не е тоа партиски извештај што ВМРО-ДПМНЕ го направила“, посочи Стојаноска.Таа сугерираше и на успешните мерки во контекст на економската политика, но и потребата за континуирано следење на истата. Стојаноска укажа и на важноста на дијалогот и соработката помеѓу различните актери.„Во време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ од неколку месеци веќе и двоцифрената инфлација падна на едноцифрена бројка. Одиме разумно, одиме пресметливо со сериозни анализи и средби со сите чинители кои се фактор во ова покачување“, рече Стојаноска.Стојаноска потенцираше дека сегашната Влада работи со јасна стратегија и планира да продолжи со активностите за подобрување на економската ситуација.„Се што е во добровид на граѓаните на Македонија ќе се преземе со широка дебата со сериозни луѓе“, кажа Стојаноска.Изјавите на Стојаноска рефлектираат позитивен став кон иднината и подготвеноста за конструктивен ангажман во подобрување на економските услови во Македонија.„Економијата во државата ќе застане на стабилни нозе и повеќе нема да се зборува за тоа кој колку крадел, кој колку тендери наместил, кој каков процент зел, туку исклучиво посветено само за нашите граѓани“, заклучи Стојаноска.

Македонија | пред 1 година

micevski2

Мицевски: ВМРО-ДПМНЕ тоа што го вети во предизборието го реализира секој ден

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, во интервју за Поглед.мк, се осврна на актуелните политички прашања.Мицевски истакна дека ВМРО-ДПМНЕ, како и секоја политичка партија, како во Македонија, така и во светот, нормално е да напредува и паралелно да ги следи политичките и општествените текови и случувања.„ВМРО-ДПМНЕ е народна партија која што постојано се развива, расте и еволуира. Сметам дека тоа е нормален и континуиран процес кој ниедна партија не може и не смее да го заобиколи и избегне. Сепак, мислам дека кај нас има политички партии кои што свесно се обидуваат и пружаат отпор на овој процес, но за жал тие остануваат заглавени во минатото, не можејќи да ги задоволат потребите и барањата на своите гласачи, но и генерално на сите граѓани на Македонија’’, рече Мицевски.Во однос на прашањето за приоритетите на ВМРО-ДПМНЕ во овој парламентарен состав, тој појасни дека приоритетите се исти они кои што ги ветувале во предизборната кампања.„Заложбите на ВМРО-ДПМНЕ како владејачка партија се евроинтеграција на Македонија, силна борба против криминалот и корупцијата, забрзан развој на македонската економија, рамномерен регионален развој, намалување на даноците, зголемување на пензиите и платите, подобрување на патната и железничката инфраструктура, како и градење на добри односи со сите соседи, но и со сите држави и влади во светот’’, додаде Мицевски.Мицевски дополни дека ВМРО-ДПМНЕ е македонска партија која што е демократска, отворена, и партија која што секогаш прифаќа различни мислења.„Без разлика дали станува збор за мислења и идеи кои доаѓаат од високи партиски функционери или пак од месните комитети, од член и активистите. Токму тоа е силата и предноста на ВМРО-ДПМНЕ како народна партија’’, заклучи тој.

Македонија | пред 1 година

petrushevski1-1

(Видео) Петрушевски: Раководството на МЕПСО од СДС и ДУИ дозволило промена на договор за набавка од 10 милиони евра, за фактурите да му ги доставува тампон фирма, а не производителот

„Раководството на МЕПСО од СДС и ДУИ при набавката на уредот за корекција на високонапонски профил од скоро 10 милиони евра инфлагранти исцртале шема како ги испумпувале парите. На вчерашната прескоференција кажавме дека претпријатието Далековод АД од Загреб само можело да се јави на тендер и да го добие, истото немало потреба од Албанската фирма параван за испумпување на парите“, рече Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.„Дали МЕПСО под раководство на СДС и ДУИ ја поставиле Шанси инвест од Албанија како фирма од која тие требало да ги поделат провизиите?МЕПСО кое доставило модел договор до добавувачите и барало тој да биде претходно прифатен, откако Далековод АД Загреб го добива тендерот дозволува измена и дополнување на договорот.Во чл.9 од договорот е дополнето дека доставувач на фактурите ќе биде Шанси инвест од Албанија, а не Далековод АД Загреб, кој всушност е и производител на опремата. Дополнително наведено е дека Шанси инвест ќе биде доставувач на авансната и сите други фактури до МЕПСО.И студент од прва година правен или економски факултет ќе сфати дека Шанси инвест до МЕПСО доставува фактура, си ја наплаќа провизијата, а потоа му исплаќа на производителот Далековод АД Загреб за опремата.Го повикуваме ЈО да отвори случај. Далековод АД Загреб можел сам да се јави на тендерот, зошто не го сторил тоа и дали за тоа бил уценет и од кого?ЈО мора да го истражи овој случај. Утре продолжуваме со нови детали за оваа скандалозна набавка“, изјави Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

ali-ahmeti

Дали Ахмети мисли дека некој ќе му дозволи да си игра со стабилноста на Македонија, праша Ковачки

Во вчерашна емисија Заспиј ако можеш, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки, изрази јасен став во однос на писмата на Али Ахмети и албанските политички претставници во Македонија. Ковачки ја рефлектираше актуелната политичка динамика и покажа дека ВМРО-ДПМНЕ се позиционира како легитимна сила која ги застапува интерсите на сите грѓани на Македонија.„Не доаѓа во предвид Али Ахмети да биде тој кој што ќе прави споредби и ќе биде лидер на Албанците. Тој не е веќе лидер на Aлбанците. Албанците имаат свои лидери и тие лидери се во Владата на ВМРО-ДПМНЕ“, рече Ковачки.Според Ковачки, актуелната структура на власта ги репрезентира Албанците.„Во македонската Влада седат лидерите на Албанците, тие се репрезентите на Албанците во моментот. Имаат Албанците претставници и во парламентот. А Али Ахмети, тој негов Европски фронт во моментот се распаѓа“, кажа Ковачки.Ковачки нагласи дека Ахмети не може да се претставува како единствена сила која ги обединува Албанците.„Меѓутоа Али Ахмети не е репрезент на сите албанци. Тој се претставува дека ги обединува сите Aлбанци и зборува во нивно име. Видовме тој колку им мисли, видовме каде живее во какви и хациенди, колку се грижи за обичните Албанци, јасно им е на сите и затоа веќе тие не се дел од македонската власт“, изјави Ковачки.Тој се осврна и на однесувањето ДУИ и нивниот повторен обид за манипулации и закани.„Таа дописна агенција наречена ДУИ во моментов нема друга опција освен да се заканува и да објаснува дека тие немаат игра, тие цело време можат да играат на етничка карта“, истакна Ковачки.Ковачки потенцираше став на премиерот Христијан Мицкоски, кој ја исклучува дискусијата за етничките прашања„Премиерот, Христијан Мицкоски, кажа дека етничките прашања нема да бидат дискутирани. Македонија треба да се развива, а ние веќе тргнавме напред, Ахмети повторно сака да не навраќа на некои работи кои се затворени“, рече Ковачки.Кoвачки дополнително укажа на недоследностите во комуникацијата на Ахмети.„На Али Ахмети не му се исти писмата до претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и до странските амбасади. Тие се разликуваат во одредени сегменти, некаде има закани некаде нема. Ме интересира како може Али Ахмети да се заканува во оваа држава со дестабилизација и со пред воена состојба во земја членка на НАТО во услови кога имаме војна која беснее на тлото на Европа. Дали господинот Али Ахмети мисли дека некој ќе му дозволи да си игра со стабилноста на Македонија. Јас мислам дека е надвор од разумот и треба да се праша дали живее во имагинација или во реалниот свет“, дециден е Ковачки.

Македонија | пред 1 година

mepso

ЈО да истражи во чии џебови завршија три милиони евра повеќе од предвиденото за набавка на уред од МЕПСО, бара ВМРО-ДПМНЕ

„СДС и ДУИ се симбол за криминал, корупција, скандали, злоупотреби на службените должности и овластувања за лично богатење на поединци во нивните редови и лица блиски со нив“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.„Владеењето на СДС и ДУИ е забележано со бројни криминални и корупциски скандали, таков е последниот во МЕПСО каде постојат сомнежи и индиции за злоупотреба на три милиони евра пари на граѓаните. Компанијата, под водство на лица од овие партии, склучила договор за набавка на уред за три милиони евра поскап од предвидениот План за развој, кој самите го донеле.Под водство на Зуди Енуз од, така наречениот, фронт на ДУИ и поставен од СДС, во јуни годинава МЕПСО склучил договор со албанска фирма „Шанси Инвест“ за набавка на уред за корекција на напонски профил на трансформаторска станица. Во Планот за развој на електро преносниот систем на МЕПСО 2021-2030 година, буџетот предвиден за уредот за корекција изнесува 2.8 милиони евра, а во договорот склучен со оваа фирма истиот уред изнесува 5.864 милиони евра, што е за три милиони евра повеќе од планираното.Дополнителен загрижувачки факт е што на овој тендер албанската фирма Шанси Инвест учествува со Далековод АД Загреб, која е фирма за производство на таквиот вид на опрема и која се јавува како поголем партнер во конзорциумот.Од сето ова се покренуваат сомнежи за улогата на албанската фирма кога истата опрема доаѓа, можела да се набави и да биде монтирана директно од фирмата производител. Дали Шанси Инвест е фирма која послужила за вадење на профитот од над 3 милиони евра повеќе од планираното?Го повикуваме Јавното обвинителство веднаш да отвори случај и да истражи во чии џебови завршила разликата од три милиони евра“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

koridor-deset34

СДС е распадната структура, коридорите и беа маска за полнење на сопствените џебови, реагира ВМРО-ДПМНЕ

„Во СДС се далеку од реалноста и се дезориентирани. Политичката сцена бара сериозност и одговорност, а СДС наметнува реторика без суштина. СДС е само распадната структура која нема кредибилитет, компетентност, ниту има слух за проблемите на граѓаните и нивно решавање“, реагира ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Благој Бочварски.„ВМРО ДПМНЕ не игра на карта на тврдоглавост, туку работи во интерес на граѓаните. ВМРО – ДПМНЕ никогаш не е против коридорите, планот е јасен, коридорите се неопходни за поврзување и развој на Македонија.ВМРО-ДПМНЕ не е против реализирање на проекти. За ВМРО-ДПМНЕ е клучен начинот на реализирање на проектите. ВМРО – ДПМНЕ со домаќинското работење покажа дека всушност коридорите може да се реализираат со намалување на средствата. Со коридорите Македонија ќе има значајна улога во транспортната и енергетската инфраструктура на европската мапа.СДС е поим за најнеодговорна партија и партија која се грижи само за корупција и за сопствените интереси.СДС на 8 мај доби црвен картон од граѓаните и време е да ја научи лекцијата. СДС мора да ја прифати реалноста, нивното време заврши!“, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

brane1

(Видео) МЕПСО под СДС и ДУИ склучило договор за набавка на уред за 3 милиони евра поскапо од предвиденото во Планот за развој кој самите го донеле, рече Петрушевски

„СДС и ДУИ ги злоупотребувале енергетските претпријатија за да испумпаат милиони евра народни пари на сметки на фирми блиски до нив. Денес ќе презентираме фрапантни докази за милионски криминал во МЕПСО, за кој очекува ЈО да отвори случај“, рече Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.„МЕПСО под водство на Зуди Енуз, од фронтот на ДУИ, а поставен од СДС, на 26.06.2024 година склучил договор со албанската фирма Шанси Инвест за набавка на уред за корекција на напонски профил на 400kV во трансформаторска станица Дуброво во висина од 576 милиони денари, односно близу 10 милиони евра.Буџетот за уредот за корекција во Планот за развој на електропреносниот систем на МЕПСО 2021-2030 година изнесува 2.8 милиони евра, истиот уред во договорот склучен со Албанската Шанси Инвест изнесува 5.864 милиони евра. Тоа се цели 3 милиони евра повеќе од предвиденото.Дополнителнк загрижува фактот што Албанската Шанси Инвест на овој тендер учествува со Далековод АД Загреб, фирма за производство на таквиот вид на опрема, која се јавува како поголем партнер во конзорциумот. Имено се поставува прашањето, која е улогата на Албанската фирма кога опремата доаѓа и е произведена и може да биде монтирана од фирмата производител?Дали Албанската Шанси инвест е тампон фирма за вадење на профитот од над 3 милиони евра повеќе од планираното?Каде завршиле 3 милиони евра разлика? Го повикуваме ЈО веднаш да отвори случај и да реагира“, изјави Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

kovacki

Ковачки: СДС И ДУИ немаа цел Македонија да напредува, сега нека се соочат дека се опозиција и колку побрзо ќе се реформираат подобро ќе е за сите

Во вчерашниот поткаст „На кавга со Иван“, членот на ИК и пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки, покрај истакнувањето на позитивните промени спроведени од актуелната влада и големиот број реализирани проекти вклучувајќи ги растот на платите во образованието, покачувањето на пензиите, поддршката за стимулација на општините и така натаму, се осврна и на моменталната опозиција.Според него ова се само бледи обиди на ДУИ и Али Ахмети кој не може сеуште да се навикне на опозиција. Истовремно истакнува дека во текот на нивните 20 години поминати на власт, не само што ја парчосаа државата, туку ги понижија и сите граѓани, а сега се обидуваат да се прикажат како нивни легитимни претставници.„Факт е дека се опозиција. Нека се реформираат, нека се трансформираат, нека се прочистат од криминалците, а во ова ќе им помогне и државата и постепено нека се прилагодат на тоа како е да се биде во опозиција“, прецизен е Ковачки.Тој јасно потенцира дека легитимитетот на моменталната влада е неспорен и истиотот доаѓа од граѓаните, додека ДУИ потребно е конечно да сфати и да се помири дека токму тој легитимитет го изгубија на изборите и сега е залудно да се трудат по секоја цена да го повратат.„Исто така, многу е важно дали и СДС се подготвени да седнат со нас на заедничка маса. Понудивме една општоприфатлива платформа и визија, нудиме една подадена рака, за сите кои што ќе застанат зад оваа наша идеја“, вели Ковачки во текот на своето натамошно излагање, зборувајќи и за СДС како моментален политички опонент.Ковачки цени дека опозиционите партии мора да имаат во предвид затоа што со нив се гради општествен консензус кој ќе биде во интерес на сите граѓани. Во овој контекст тој ја истакнува важноста на постигнувањето усогласеност дома, во сопствената држава, за понатаму да се настапува со преговори за влез во ЕУ, а при тоа да бидат заштитени идентитетските прашања.„Владата предводена од СДС и тогашниот премиер, очигледно имала некоја друга цел, за жал целта не им била Македонија да напредува, напротив тие целеа да создадат што е можно повеќе проблеми на патот. Затоа ги повикуваме да застанат зад оваа наша идеја која го отвара патот на Македонија. Истовремено не гледам зошто би ја одбиле, освен од нивна лична себична причина, само да докажат дека тоа што тие некогаш го нуделе било последното. Еве сега ние покажуваме ентузијазам и дека може поинаку“, заклучува Ковачки.

Македонија | пред 1 година

jarevski-1

Јаревски: 300 милиони евра беа потрошени, а не беше ништо помрднато од СДС и ДУИ, денес ја минуваме истата траса, но со интензивна и посветена работа од Владата

Во синоќешното гостување на ТВ24, во дебатната емисија Анализа 24, пратеникот на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, Тони Јаревски, покрај останатите теми говореше и за изградбата на Коридорот 8 кој Македонија ја прави раскрсница на три коридори- патен, железнички и гасен.Тој во овој контекст појасни дека актуелната Влада наследи договор кој погледнат од било кој аспект и земјаќи ги предвид сите одредби кои ги содржи, а кои ги договориле СДС и ДУИ, би ни донел многу поголеми штети отколку бенефити доколку истиот сега се раскине.„Да не спомнувам, доколку го раскиневме и овој договор тоа ќе беше повторување на практиката на СДС и ДУИ, исто како во случајот со Клинички центар за кој плативме 18 милиони евра пенали или како за непотпишаната гаранција за кредитот и уште дополнителни 3 милиони евра пенали. Тоа се суми кои државата ги исплаќа за одобрени, а неискористени финансиски средства, се заради нивната неспособност и недоволните капацитети”, вели Јаревски.Според него, она што и преостанува на актуелната Влада е да се посвети максимално и да ги реализира дадените ветувања, со тоа што ќе се искористи постоечкиот договор, но од истиот ќе се извлечат најголеми бенефити за граѓаните, а ќе се намалат потенцијалните ризици од дополнителна штета.„Поради некој што не си ја завршил работата како што треба, сеуште не е завршена ниту експропријацијата до ден денес, дури ни 10 проценти."Претставниците на „Бехтел и Енка“ јасно истакнаа дека благодарение на напорите на новата Влада, им се отвора нова делница на која можат да работат“, потенцира Јаревски.Тој истакнува дека за многу краток период со напорна работа се завршени околу 1000 дополнителни предмети со експропријација, дополнително е среден и делот со дрвната маса како и останатите обврски кои ги превземала претходната влада и се обврзала да ги заврши до 2023 година, а од истите не се поместила ни милиметар.„До Нова година комплетната траса ќе биде завршена, со што на изведувачот ќе му се обезбеди поле за работа. Второ, предвидениот и потпишан договор за изградба на тунел од 250 милиони евра од страна на СДС и ДУИ, во консултација со стручната фела го исклучуваме, што значи се придвижуваме во насока на заштедување на средставата и помало чинење на изведбата“, заклучува Јаревски.

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_01-10-2023_05-26-28-1040PM

Владата e посветена на зголемување на животниот стандард на граѓаните, намалени трошоците за прехранбени производи, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, на дело покажува вистинска грижа кон граѓаните и нивниот животен стандард. За само четири месеци се гледаат ефектите од домаќинското работење. Се намалуваат трошоците за живот, се зголемуваат платите и пензиите, почна заживувањето на економијата“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.„Минималната синдикална кошница за храна и пијалаци во месец октомври, споредено со септември годинава, бележи намалување од 1000 денари. Ова претставува намалување од 5 проценти на трошоците за храна и пијалаци.Тоа е така, благодарение на мерките на владата за ограничување на бруто профитната маржа на 73 производи, кои се најзастапени во потрошувачката кошница граѓаните.Дека владината мерка за ограничување на маржата дава резултати, и дека цените на прехранбените производи се намалуваат, го потврдуваат и до Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ).Но, работа и посветеноста на владата во интерес и за зголемувањето на стандардот на граѓаните не застанува тука, и во иднина ќе продолжат мерките за намалување на цените на производите и зголемувањето на платите и пензии.Со тоа, владата ја прави живеачка полесна за сите и е посветена на намалува цените, намалува инфлацијата, на зголемување на животниот стандард и зголемува куповната моќ, како и зголемување на економскиот раст.ВМРО-ДПМНЕ на дело покажува одговорно и домаќинско раководење на државата и грижа кон сите категории на граѓани“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

kovacki

Ковачки: Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во изминатите 100 дена покажа различност, реалзизира повисоки пензии и раст на плати

„Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во изминативе 100 дена апсолутно покажа различност. Првото ветување сите што го зборувавме во предизборието беше покачување на пензиите за 5,000 денари законски тоа го направивме 2,500 сега и 2,500 денари во април. Тоа и понатаму ќе продолжи да расте и тоа е многу повеќе од тоа што го наследивме. Во буџетот немаше предвидено и пари за исплата на пензиите“, истакна пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки во гостување во емисијата „На кавга со Иван“ на Канал 5 ТВ.Тој истакна дека како втор проект е покачувањето на платите на наставниците укажувајќи „знаете дека во рок од 4 години владата се договори платите да растат до 46%“.„Обезбедивме учебник за секое дете нешто што досега немаше. Ние дојде ред да се фалиме и гордееме со нешто што сосема беше нормално во изминатиот период кога нудевме компјутер за секое дете, а сега се доведовме во ситуација да нема учебник за секое дете и тоа го реализиравме да има учебни за секое дете“, рече Ковачки.Тој истакна дека средствата за стимулација кон општините се насочени кон сите општини без разлика на политичката провиниенција.„Премиерот потпиша договор со градоначалниците за поделба на средства за капитални инвестиции. 4 милијарди денари се во прашање, а верувам сумата ќе дојде до 6 милијарди денари. Тука не правиме поделба на општини на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ итн., туку даваме на сите општини без разлика од која политичка провиниенција доаѓа“, вели Ковачки.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања