ДПМНЕ

Нема фотографија

Милошоски: ВМРО-ДПМНЕ гради силна релација со САД, партнерството е од важен национален интерес

„Сметам дека големата излезеност на гласачите најавуваше убедлива победа. Она што претходно беше најавувано како изедначена трка можеби беше претпазливост на некои анкетарски куќи, или од нивна страна некои сакаа да бидат и политички коректни“ , истакна пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски на вчерашното гостување на МТВ каде имаше дебата за актуелната тема изборите во САД и победата на Доналд Трамп.Исто така Милошоски додаде дека Трамп добил апсолутна победа, огромна доверба од граѓаните и дека има сериозна задача и одговорност кон граѓаните во САД.„Гледам дека самата разлика не само по број на електорски гласови туку и по гласовите добиени од граѓаните, господинот Доналд Трамп како нов претседател доби сериозно мнозинство.Истото се повторува и во Конгресот и во Сенатот и ќе има една сериозна власт и одговорност“, изјави Милошоски.Милошоски напомена дека актуелната македонска Влада е во блиски релации со членови од тимот на Трамп, така што партнерството со САД е од важен национален интерес.„Сметам дека актуелната Влада во Македонија има една предност. Предноста е што постојат и лични познанства пред да се стапи на било каква должност. Во тимот на Трамп и премиерот Мицкоски и министерот за надворешни работи Муцунски и други нивни сооработници имаат лични познанства со добар дел од луѓето кои што се блиски во кругот на опкружувањето на Трамп“, дециден е Милошоски.Милошоски дополнително додаде дека од средбите кои што ги воспоставил премиерот Мицкоски со Лутник и останатите соработници се разговарало за проекти. Тој нагласи и дека проектите се од стратешки интерес и ќе овозможат дополнителен развој на нашата економија и зголемување на животниот стандард на граѓаните.„Сметам дека од она што го имаме добиено како брифинг е добро што за време на посетата на Лутник и други соработници кои имаа средба со премиерот Мицкоски веќе разговарале за можни проекти, кои што би биле од заеднички стратешки интерес, во областа на економијата, енергетиката, дигитализацијата и други можни взаемни билатерални проекти кои што би биле корисни за Македонија, корисни за регионот, би имале поддршка и би биле корисни за САД“, заклучи Милошоски.

Македонија | пред 1 година

SanjaL

Лукаревска: ВМРО-ДПМНЕ едно зборуваше пред изборите, сосема друго прави кога се на власт

Откако ВМРО-ДПМНЕ дојде на власт се намали просечната плата на граѓаните, а видовме и некој празни флоскули на бранот на патриотизмот, што е недозволиво во политиката да се докажуваме на граѓаните кој е поголем патриот.ВМРО-ДПМНЕ, едно говореше и ветуваше во кампањата, а сега сосема поинаку се однесуваат, откако се на власт, рече пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска, на гостувањето во утринската емисија во Слободен печат.- Заврши медениот месец на Владата, видовме одредени дисонантни тонови, зошто едно слушавме кога беа во опозиција и тоа беше бранот на којшто се водеа нивните политики и оние гласови што ги земаа, а сега слушнавме дека Преспанскиот договор е ремек-дело на надворешната политика, додека пред тоа говореа дека ќе има ревидирање. За одредени работи поврзани со надворешната политика слушавме еден наратив додека беа во опозиција и бевме жестоко обвинувани за сите чекори коишто ги преземавме. Сега прават поинаку, рече Лукаревска.Таа потенцираше дека ДПМНЕ многу често се однесува како да се во опозиција, па наместо претставниците на владејачката партија во парламентот, да даваат одговори, тоа мора да го прави опозицијата. Лукаревска се осврна и на буџетот за 2024 година, за кој ДПМНЕ обвинуваше, но и за сегашниот за 2025 за кој треба да се расправа.- Ние како СДСМ имаме конзистентен став и во делот на просечната плата, и во делот на минималната плата, а бевме обвинувани постојано дека расипнички и душмански сме трошеле од буџетот, во 2024, е сега следната недела ќе почне расправа за новиот буџет за 2025, па тогаш не знам кој аргументи ќе ги каже власта“, рече Лукаревска.Во однос на предвремените парламентарни избори, таа потенцираше дека СДСМ е подготвенa за предвремени парламентарни избори.- Подговени сме. По овие внатрешни процеси што се прават во партијата, тоа за нас не менува ништо бидејќи секако се подготвуваме за локалните избори коишто треба да се одржат во октомври и доколку има вонредни парламентарни избори подготвени сме да ја прифатиме фрлената ракавица, рече Лукаревска.

Македонија | пред 1 година

brane-pr

(Видео) ДЗР утврдила нерегуларности при исплати од власта на СДС и ДУИ, средствата кои се вратени кон ЕУ за ИПА, не успеале да ги наплатат од правните лица, рече Петрушевски

„Според Извештајот на ДЗР за 2023 година, а кој се однесува за управување на јавните финансии и исплатите кои ги вршеле од Министерството за финансии управувано од СДС и ДУИ се утврдени нерегуларности“, рече Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.„Средствата кои Република Македонија ги вратила кон ЕК, поради злоупотреба со ИПА средства, а како последица на контрола од ОЛАФ, власта на СДС и ДУИ не успеала да ги наплати од правното лице кај кое е утврдена злоупотребата.Имено во Изваштајот се наведува дека се вратени над 600 илјади евра, тоа се пари кои се исплатени од буџетот на државата кон ЕК, затоа што државата има обврска да ги врати парите за кое ќе се утврди злоупотреба, а истата потоа тие средства ќе ги побарува од правното лице кое ја направило злоупотребата.Владата на СДС и ДУИ не успеала да ги наплати парите кои ги исплатила за злоупотребата кон ЕК.Неспособноста на СДС и ДУИ ја чини државата народни пари, кои наместо за нови училишта, градинки или болници одат за покривање на криминалното работење.Важно е да се напомене дека ДЗР констатира дека договорите кои се прават за техничка помош мора да бидат со извршна клаузула со сила на нотарски акт, со цел забрзан поврат на средствата во буџетот. Државата мора да има заштитен механизам.Со СДС и ДУИ штетите по државата во изминатите години се огромни. Неспособноста завршува со нив“, изјави Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

filipce-zaev-haris-dzinovic-dubai

На аздисаноста и нема крај, Филипче во друштво на Заев, грчките плажи ги замени со приватни журки во луксузни хотели во Дубаи, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Лицемерието, арогантноста, аздисаноста и одродувањето биле одлика на досегашните раководставата на СДС. Во тоа доследно ги надгради и прошири и Венко Филипче, за кој, патем, 29% од македонските граѓаните не знаат дека тој е претседател на СДС“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.„Ароганцијата покажана на последното негово појавување пред новинарите ги помина сите досегашни граници. Венко Филипче, наместо да даде отчет за видеото кои руши рекорди на гледаност по социјалните мрежи, на кое се гледа како тој во друштво со неговиот другар, Зоран Заев видно расположени се журкаат на приватна забава по луксузни хотели во Дубаи, надмено и арогантно одговара дека не коментира приватни работи.Откако Филипче во друштво со Заев, цело лето го поминаа по ексклузивните грчки плажи и од таму, од време на време се по некој фејсбук статус се јавуваше да одглуми некаква загриженост за државата, сега им залади времето, па плажите ги заменија со луксузни хотели и скапи приватни журки во секогаш топлиот Дубаи.Едно патување до Дубаи и назад, и плус учество на приватна журка во луксузниот хотел Хилтон, сигурно чини неколку илјади евра, но што е тоа за Филипче и Заев кога во нивно владеење ја опљачкаа Македонија, ги осиромашија граѓаните, ја уништија економијата.И додека граѓаните мака мачат да го врзат месецот од први до први, Филипче и Заев трошат илјадници евра за приватни забави по екслкузивни дестинации.Откако се врати од Дубаи на Филипче му текна дека тој на хартија е претседател на СДС, па на лицемерен начин се обидува да ја замајува јавноста дека се грижел за стандардот на граѓаните. За оној животен стандард кој тие во нивното владеење го уништија и во чие време оставија 500 илјади македонски граѓани на прагот на сиромаштија со по 150 денари на ден.На таков начин не се води ниту куќен совет, а не пак политичка партија, затоа да не се чуди Филипче зошто ни членовите на неговата партија не му веруваат и зошто рејтингот му е само 5% и истиот дополнително се намалува. На Македонија и треба консолидирана опозиција, а аздисаноста и арогантноста граѓаните знаат да ја казнат, како што тоа го направија на двојните избори во мај“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Стаменкоска Трајкоска: Минатото нема да се повторува, ВМРО-ДПМНЕ реализира проекти и работи за добробит на граѓаните

„Провокации постојано гледаме, но најголемите провокации кои доаѓаат во Македонија се од опозицијата. Провокација е дека изборите сме ги добиле со тоа што сме давале лажни ветувања. Изборите ги добивме на основа на тоа дека ветувавме правда во оваа држава, дека ќе се справуваме со криминалот во оваа држава, ние ветувавме проекти“, изјави Бети Стаменкоска Трајкоска пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ на вчерашното гостување во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија.Исто така таа напомена дека проектите веќе се реализираат во Македонија.„Проектите почнаа да се реализираат во Македонија, ветувавме работи кои се поврзани со тоа да доведат во Македонија да имаме еден квалитетен живот. Да не ни бегаат децата и младите надвор од Македонија, туку напротив да имаме еден соживот една добра економска структура, да имаме една стабилна структура во смисла развиено и квалитетно образование“, рече Стаменкоска Трајкоска.Стаменкоска Трајкоска се осврна и на Извештајот од Европската комисија каде напомена дека во иднина нема да се повторуваат негативните оценки, кои што беа пракса за опозицијата во минатото.„84% од извештајот е во период на владеење на СДСМ и ДУИ, останатите 16% проценти се однесуваат на водењето на Владата од ВМРО-ДПМНЕ. Она што е добро е што во иднина нема да ги имаме тие одредени негативни забелешки, заради тоа што со сигурност ќе имаме позитивна оценка поврзана со борба со корупцијата, со сигурност ќе има унапредување на многу области посебно образование“, децидна беше Стаменкоска Трајкоска.Таа истакна дека минатото нема да се повторува. Нема да се дозволува во судството да учествуваат лица кои имаат положен правосуден, а немаат завршено факултет и сето тоа да е на штета на нашата држава и на граѓаните.„Нема да се повторува минатото. Кога се бираа членови да бидат како за пример во Академијата за јавни судии и обвинители да учествуваат лица кои имаат положено правосуден а немаат завршено факултет, или кои длабоко се поврзани со непотизам“, заклучи таа.

Македонија | пред 1 година

brane-p-1

(Видео) Судскиот совет и Советот на јавни обвинители да ја преиспитаат одлуката за назначување на новите членови во УО на Академијата за судии и јавни обвинители, бара Петрушевски

„Судскиот совет и Советот на јавни обвинители со упадот во Академијата за судии и јавни обвинители уште еднаш покажаа зошто народот нема доверба во правосудството. Наместо да назначат за членови на УО на Академијата судии и јавни обвинители, тие назначија свои членови“, вели Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.„Судскиот совет и Советот на јавни обвинители го прекршија законот, а притоа назначија и луѓе блиски до СДС.Како од стотици судии Советот на јавни обвинители и Судскиот совет за членови на УО на Академијата избраа свои членови, кои патем се и сестра на пратеничка од СДС, мајка на советничка од СДС и братучетка на полициски началник од времето на СДС?Ги повикуваме и Судскиот совет и Советот на јавни обвинители да ги преиспитаат своите одлуки, зошто во спротивно ќе бидат директно одговорни за нарушување на кредибилитетот на правосудните органи.Овие незаконски и партиски назначувања се доказ зошто се потребни реформи во правосудството“, изјави Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

poob7aatzh5vulmpmsfw

Стојаноски: Сериозни сме во намерата да го зголемиме стандардот, предлозите на СДС се несериозни, нема резултати од нивните економски политики

Во емисијата „24 анализа“ на телевизија 24, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски се осврна на актуелните мерки за есенската потрошувачка кошничка, како и на предлогот на СДСМ за укинување на 5% ДДВ на околу 250 прехранбени производи. Стојановски истакна дека овој предлог не е доволно сериозен.„На такви несериозни изјави од СДС треба веднаш и неодложно да се стави крај и затоа брзо треба да се пресретнат тие изјави, од причина што на прес-конференцијата до Венко Филипче стоеја двајцата креатори на економската политика во претходниот мандат, господинот Битиќи и Ковачевски, кој им донесе 18 пратеници и ништо од тоа што го смислија не дава резултати. Сега имаме нова реалност да се поднесуваат такви закони“, рече СтојаноскиСтојаноски приложи и документи како ексклузивна информација до Телевизија 24.„На Комисијата за избори и менувања е избран новиот состав на Комисијата за заштита на конкуренцијата и таа, како надлежен орган, веднаш ќе почне со следење на Законот за нефер трговски практики за да може тој да биде спроведен и да имаме одредено олеснување, односно поефтинување на цените“, истакна Стојаноски.Стојаноски потенцираше дека актуелните мерки, иако се различни од претходните, носат позитивни резултати, при што посочи дека храната во последниот месец е поевтина за 965 денари.„Ние ќе продолжиме со ваквиот тип на мерки кои се суштински различни од претходните. Ние сме многу сериозни во намерата да го зголемиме стандардот, и не само преку намалување на инфлацијата, покачување на пензиите и платите, и помошта на приватното стопанство, туку и директна борба со овие појави кои што се особено негативни“, заклучи Стојаноски.

Македонија | пред 1 година

filipce-zaev-haris-dzinovic-dubai

Филипче треба да даде одговори за снимката од приватна журка со Заев во Дубаи која руши рекорди на интернет, вели ВМРО-ДПМНЕ

„Венко Филипче е должен да даде одговори на јавноста за видеото кое руши рекорди на социјалните мрежи од приватна журка со Заев од луксузниот хотел Хилтон во Дубаи. Откако СДС, Заев и Филипче направија историски грабеж на државата и аздисано ги трошеа државните пари, излезе видео на кое се гледа како лудуваат и се забавуваат на приватни журки во луксузниот Дубаи каде влезниците на настанот се и по стотици евра“, велат од ВМРО-ДПМНЕ„Во време кога Македонија се соочува со сериозни економски и социјални предизвици поради владеењето на СДС во изминатите 7 години, а народот мака мачи како да преживее до 1-ви во месецот, Заев и Филипче покажуваат раскалаштено однесување и воопшто не се загрижени за народот и состојбите во државата.Во време кога рејтингот на Филипче е 5 % и тоне кон ниво на статистичка грешка, кога дури ни во сопствената СДС не знаат кој им е лидер, Филипче се забавува на скапи журки во странство и испраќа погрешна порака и слика во јавноста за приоритетите и вредностите кои треба да ги поседува лидер на партија.Јавноста треба да знае дека на СДС и Филипче воопшто не им е грижа за народот и животниот стандард на граѓаните, додека се обидуваат да ја замајуваат јавноста со безсмислени прес конференции.Нема јака опозиција со вакви репрезенти.Додека бившиот и сегашниот лидер на СДС организираат забави во странство, ВМРО-ДПМНЕ само за 4 месеци донесе неколку нови странски инвестиции во износ од повеќе од 600 милиони евра и нови 1600 вработувања.ВМРО-ДПМНЕ ги поставува темелите за нова економска реалност. ВМРО-ДПМНЕ работи на привлекување на нови странски инвестиции, нови работни места, повисоки плати и пензии и подобар животен стандард за граѓаните“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-01-15-at-09.33.00

Филипче додека зема народни пари има обврска да дава отчет каде ги троши истите, реагира ВМРО-ДПМНЕ

„Довчерашниот државен функционер и денес претседател на СДС, Венко Филипче иако плата земаше од пари на народот како министер, а сега како пратеник во Собранието сака никој да не се интересира за неговиот приватен живот“, реагира ВМРО-ДПМНЕ на ставовите на Венко Филипче.„Епа Филипче додека зема на сметка од народот треба да даде отчет за се, дури и за приватниот живот.Обичен граѓанин не може да собере пари да го скрпи животот од први до први, а не уште да оди на приватни и елитни места за забава.Многу е едноставно, на СДС народот му даде црвен картон на изборите, а Филипче ако мисли дека е лидер на барем малку сериозна партија нека се погрижи истата да ја стави на нозе, а потоа да се вклучи како сериозен политичар во политичкиот и општествениот живот“, се додава во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

Lefkov-4.11

(Видео) СДС прави упад во Академијата за судии и јавни обвинители, Советот на јавни обвинители и Судскиот совет да ги преиспитаат одлуките, вели Лефков

„СДС врши упад во Академијата за судии и јавни обвинители, покрај тоа што Советот на обвинители и Судскиот совет назначија свои членови во УО на истата, кои немаат право да ги назначат, за заменик член во Академијата ја назначија и Емел Кранли, братучетка на Ветон Кранли, началник на организирам криминал во време на Спасовски“, рече Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.„Емел Кранли, е назначена за заменик на Антоанета Димовски, која е сестра на Снежана Калевска Ванчева од СДС.Ветон Кранли беше десна рака на Оливер Спасовски во МВР. Очигледна е партиската поврзаност при назначувањето на неговата братучетка во УО на Академијата за судии и јавни обвинители.СДС со последни сили се обидува да ја партизира Академијата.Очигледно е дека Судскиот совет и Советот на јавни обвинители делуваат како испостава на СДС.Упадот во Академијата за судии и јавни обвинители е диригиран од СДС.Најновите назначувања во УО на Академијата за судии и јавни обвинители се спротивни на закон и истите треба да се повлечат.Очекуваме Судскиот совет и Советот на јавни обвинители да ги преиспитаат своите одлуки, а ДКСК и ЈО да реагираат по овој упад диригиран од СДС, а извршен преку двата совети“, изјави Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-11-04-085855

Советот на јавни обвинители да престане со кршење на законот и веднаш да ја отповика Душица Димитриеска од УО на Академијата, бара ВМРО-ДПМНЕ

„Советот на јавни обвинители по стапките на Судскиот совет. Пред два дена објавивме како Судски совет изврши директен упад во Академијата за судии и јавни обвинители, сега веќе сведочиме дека истото го направил и Советот на јавни обвинители“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ„Наместо за член на Управниот одбор на Академијата да предложи и назначи член од редовите на обвинителите, советот ја назначил неговата претседателка, Душица Димитриеска.Ова е класичен упад во Академијата за судии и јавни обвинители и флагрантно кршење на законските норми. Во член 44 од Законот за спречување на корупцијата и судир на интереси јасно е прецизирано дека се забранува избрано или именувано лице да биде во орган на управување во државен орган или правно лице кое располага со државен капитал.Претседателката на Советот на Јавни обвинители, во случајов Душица Димитриеска, е именувано лице и истата не смее да биде и во УО на Академијата која што треба да ги произведе идните генерации на судии и обвинители.Освен што е направен директен упад и флагрантно кршење на законот, во случајов со назначувањето на Димитриеска за член на УО на Академијата мириса и на политичка замешаност од опозициската СДС.Имено, претседателката на Советот на јавни обвинители, Душица Димитриеска е мајка на Ема Нешкоска која е член на Советот на општина Гостивар и која на последните парламентарни избори во мај беше кандидат за пратеник од редовите на СДС.Со ваквиот начин на работа, вршејќи упади во независни институции кршејќи ги законите, Судскиот совет и Советот на јавни обвинители дополни го уриваат имиџот и довербата на граѓаните во правосудните органи.Да не се чудиме после зошто и таа ниска доверба од граѓаните од само 2%, може дополнително да се намали. Затоа е потребна итна реакција и одговорност и го повикуваме Советот на јавни обвинители да престане да го крши законот и веднаш да го отповика својот предлог, Душица Димитриеска од член на УО на Академијата“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Милошоски: СДС и ДУИ не само што не оддалечија од евроинтегративниот пат, туку зад себе оставија и една ненадоместлива штета на изгубено време

Во вечерниот подкаст „ВМРО-ДПМНЕ зборува“ оваа недела гостуваше пратеникот во Собранието и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски кој зборуваше за актуелните теми и случувања во последниот период, а главното прашање на кое се осврна беа евроинтеграциите.Тој јасно констатираше една клучна одлика на седумгодишното владеење на СДС и ДУИ, а тоа не е само оддалечувањето од евроинтегративниот пат на земјава, туку и една ненадоместлива штета која се состои во пропуштеното и изгубено време, но истовремено истакна дека позицијата на новата Влада е јасна и се движи во насока на полноправно членство во унијата, но со извесност и без некаква концесија, обврска или притисок.„Седум години се сепак сериозен период за било која држава, влада, за било кој процес дали е стопански, економски, дали се евроинтеграции и начинот на кој што го водеа тој процес, обврските кои што ги прифатија, а не можеа да ги реализираат, сега претставуваат товар за сегашната и секоја идна влада. Направија една комплицирана ситуација во овој процес на евроинтеграции“, вели Милошоски.Според него ваквата наследена состојба не е ни малку лесна, но истовремено е и охрабрен по посетата од страна на премиерот во Берлин и неговата лична изјава дека е поголем оптимист, а воедно посакува и многу успех на сите директно инволвирани страни во овој процес.„Во делот на постигнување реформи и стандардни на Копенхагенските критериуми, верувам дека Владата оттука ќе испорача и дека ќе бидеме забележително подобри од она како до сега, во изминатите седум години. Во делот на преземените обврски поврзани со блокадата од Бугарија, сметам дека ќе биде потешката задача“, тој недвосмислено прецизира.Во оваа насока, Милошоски смета дека е потребно да се создаде клима и тоа најпрво, во земјата да се постигне поширок консензус кој јасно ќе ги застапува нашите позиции како држава, а по утврдувањето на состојбите во Бугарија да се изнајде начин за зголемување на меѓусебната доверба бидејќи на крајот сепак ние сме соседи.„Најголемиот проблем што СДСМ и ДУИ го направија е што после потпишувањето на договорот за добрососедство, во изминативе седум години ние имаме нарушено добрососедство. Нема доверба има блокади наместо да има проекти, трговија и нешто од взаемен интерес за Македонија и за сите соседи, вклучувајќи ја и Бугарија“, заклучува Милошоски.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-01-15-at-09.33.00

Од економската „експертиза“ на СДС во изминатите години може да се основа музеј и таму да се изложат сите нивни големи успеси со инсталација наречена „Дупка без дно“, реагира ВМРО-ДПМНЕ

„Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ работи на тоа економијата да застане на стабилни нозе и да се покачи животниот стандард на граѓаните. Само во првите 4 месеци има повеќе нови странски инвестиции во износ од повеќе од 600 милиони евра и нови 1600 вработувања“, реагира ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Богданка Кузеска.„ВМРО- ДПМНЕ со своите мерки, постигна намалување на трошоците за храна и пијалоци за 5%, односно околу 1000 денари месечно, додека на годишно ниво тоа резултира со заштеда до 18000 денари за едно домаќинство, истовремено обезбедувајќи раст на платите и пензиите.ВМРО-ДПМНЕ ги зголеми платите наставниците и професорите за 5 % уште во октомври годинава и секоја година ќе растат со тенденција за раст од минимум 46 % вкупно до 2028 година.Навиката на СДС е да прават театар таму каде што го нема.СДС доколку имаше срам ќе направеше реформи во својата партија, но навиката не им го дозволува тоа.На македонските граѓаните не им се потребни евтини политики, и покрај тоа што народот ги казни СДС, нивната беда не престанува.ВМРО-ДПМНЕ обезбеди повисоки пензии, ги исплати заостанатите плати, постигна историски договор за платите на наставниците, ја прошири позитивната листа на лекови, обезбеди учебник за секое дете.ВМРО-ДПМНЕ со замрзнување на маржите ги заштити граѓаните да не плаќаат повеќе од реалното.ВМРО-ДПМНЕ не дозволи само одредени групи да се збогатуваат на грбот на граѓаните.Економските мерки на ВМРО-ДПМНЕ даваат резултат на долгорочен план.СДС да научи дека дека економијата е наука за заштита на средствата на граѓаните, а не печатница за пари за нивни лични интереси.СДС не може да ја замајува јавноста со лажно зголемување на плати и предизвикување инфлација и обезвреднување на парите.ВМРО-ДПМНЕ не прави долгови на штета на идни генерации. ВМРО-ДПМНЕ работи за секоја генерација да живее достоинствен живот. СДС ја уништија државата и го разрушија системот. СДС да ја научи лекцијата дека со лага не се станува ага“, се додава во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

brane-p

(Видео) МЕПСО под СДС и ДУИ дало согласност за авансна исплата од 1.8 милиони евра на фирма која 5 години нема никаков приход, рече Петрушевски

„Раководството на СДС и ДУИ во МЕПСО дозволиле фирмата Шанси Инвест да биде фирма на која ќе и исплатат аванс од 20%, за набавка на уредот за корекција на напонски профил, иако истата од 2019 до 2023 година нема приходи“, рече Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.„Шанси инвест првите приходи ги има во 2023 година, и тоа верувале или не само 18.000 денари. Истата оваа Шанси инвест во 2024 година добива тендер од МЕПСО под СДС и ДУИ од 10 милиони евра, сврзана со Далековод АД Загреб, кои очигледно ги користале за референци.И не само што МЕПСО доделило набавка од 10 милиони евра на Конзорциумот меѓу Шанси инвест и Далековод АД Загреб, туку и во договорот се согласило аванс од 20% да исплати на Шанси инвест, фирма која 5 години нема никаков приход.МЕПСО под СДС и ДУИ се согласиле да префрлат 1.87 милиони евра на Шанси инвест како аванс.ЈО не треба да чека, и веднаш да отвори истрага. Очекуваме одговорност“, изјави Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_26-08-2023_12-39-28-6180PM

Нов ден, ново погазување на ветувањата: ВМРО-ДПМНЕ ќе ја гради пругата кон Бугарија по истиот проект, вели СДСМ

„Секој ден ВМРО-ДПМНЕ си погазува по едно ветување и ретерира од своите позиции. Најновата вест е дека пругата кон Бугарија која беше слеп тунел, која не беше приоритет за Николоски и Мицкоски, која беше криминална и за кој требаше да се прави нова траса ќе се прави онака како што беше планирано претходно“, соопшти СДСМ.„Нема никаква измена во планот за градба и ова е практично уште едно признание за работењето на Владата на СДСМ и стратешките проекти кои реализиравме за граѓаните.ВМРО-ДПМНЕ освен што се фали со проектите на СДСМ и си ги погазува сите ветувања засега нема реализирано ништо значајно или ново за граѓаните.Од историски криминал, коридорите на Бехтел и Енка станаа историски значајни проекти, слепите тунели прогледаа, а наводните криминални зделки сега се добри за ВМРО-ДПМНЕ.Очигледно ВМРО-ДПМНЕ се што сакале е само да бидат СДСМ и да може да се пофалат дека нешто важно сработеле за земјата бидејќи засега немаат ниеден свој проекти ниту автентична политика“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања