ДПМНЕ

Screenshot-2024-01-15-at-09.33.00

ВМРО-ДПМНЕ: Владата е во потрага по партнер за изградба на неколку когенеративни централи за производство на електрична енергија и гас со што ќе се намали загадувањето за 60 проценти, СДС во меѓувреме...

„СДС 7 години буквално ништо не направи во однос на загадувањето. Доколку изминатите 7 години СДС имаше барем една мерка против загадувањето до ваква ситуација можеби и немаше да дојде. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ работи на сеопфатна стратегија која на долг рок ќе даде резултати“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.„ВМРО-ДПМНЕ интензивно работи на спречување на загадувањето на воздухот во државата.Мeѓу најголемите проблеми со загадувањето е начинот на коишто се затоплуваат домовите каде сеуште се користат дрва и се останато како паркет, стар мебел и тн. Тоа се 60 проценти од причините зошто имаме загадување и тоа не се решава преку ноќ бидејќи во изминатите години ништо не е направено.Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е во потрага по партнери коишто на основа на пазарни услови, заеднички со владата, ќе вложат во систем на затоплување на домовите кој ќе биде на резултат на согорување на природен гас. Односно когенеративни централи коишто ќе произведуваат и електрична енергија и гас.Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ има во план да направи неколку такви централи и на тој начин за 60% ќе биде намалено загадувањето.Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ работи да направи еколошки, конкурентен и стабилен енергетски систем кој се темели на принципите на сигурност ефикасност и одржливост со што ќе се подобри квалитетот на воздухот.A што прави СДС? СДС наместо да освести по дебаклот го враќа Јани Макрадули кој кон крајот на 2017 година кога беше заменик министер за екологија, си протестираше сам против себе или како функционер протестираше против владата од која беше дел.Тоа време заврши! ВМРО-ДПМНЕ има план и стартува со негова реализација“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

brane1-1

(Видео) Петрушевски: Клиниките во време на СДС и ДУИ набавувале лекови вредни милиони без тендер

„Набавка на лекови од 8.6 милиони денари без тендер извршила Клиниката за детски болести, во 2022 година, констатира Извештајот на Државниот завод за ревизија. Клиниката за детски болести во време на СДС и ДУИ набавила лекови од 8.6 милиони денари на реверс, кои потоа ги вратила на истата фирма откако го добила тендерот“, изјави Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.„Клиниката за детски болести во време на СДС и ДУИ целосно неодговорно се однесувала и кон лековите кои ги добивале како донација, па така за две донации не е запишана сумата на која истите се проценуваат.Имено според податоците во Извештајот примени се лекови за ретки болести во вредност од 200 милиони денари, а неискористени останале лекови вредни над 50 милиони.Како што напоменува Извештајот бројките можеби се и поголеми, затоа што во два договори за донација не е наведена вредноста.Нејасно е како СДС и ДУИ управувале со здравствените установи. Ниту парите на граѓаните се штеделе, ниту донациите се управувале домаќински. СДС и ДУИ во здравството направија целосен хаос. Неспособноста заврши со нив. И одговорност мора да има“, соопшти Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Милошоски: ВМРО-ДПМНЕ рационално се насочува и кон домашни проекти и кон меѓународна репутација на државата

На поткастот „На кавга со Иван“ што се емитува на Канал 5 телевизија, гостуваше пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски, кој зборуваше за повеќе теми од кои фокусот го стави на многуте остварени локални проекти од страна на Владата, но и на евроинтегративниот процес како актуелна тема.„Прво сметам дека не е целата енергија насочена кон евроинтегративниот процес, еве би одел и со тој дел, за прв пат имаме Влада која големи средства вложува во локалната самоуправа, значи Македонија во следниот период на шест, седум, осум месеци на локално ниво ќе биде едно мало градилиште, сето тоа ќе го видиме, најавите се добри“, изјави Милошоски.Во оваа емисија пратеникот Милошоски истакна дека можностите кои ги направил ВМРО-ДПМНЕ се од голема корист за општините, за подобар развој во иднина, со оглед на тоа каков буџет е наследен од претходната власт, и дека оваа Влада им нуди помош и проекти кои ќе придонесат да има подобри услови за живот на граѓаните во целост.„Дел од општините во Македонија и навистина немаат толку многу ресурси за да направат нешто многу самите ова од страна на Владата сметам дека е добар потег и солидарен и продуктивен. Буџетот беше во една голема дупка сега е веќе консолидиран, заемот со Унгарија исто така се преговараше и се стигна до одредена цифра која што треба да биде од голема помош за Македонија“, посочи Милошоски.Покрај ова пратеникот се осврна и на евроинтегративниот процес како актуелна тема и наведе дека како и на домашно поле така и во оваа област се гледа напредокот на Владата и успешното раководење во изминатите месеци.„Се гледа дека оваа Влада за разлика од претходната има добри релации во Европа и Вашингтон, со разните средби од кои и средбата со Макрон. Разговараме за навистина вложени напори од страна на ВМРО-ДПМНЕ да ја подобри позицијата на Македонија на меѓународната сцена“, заклучи Милошоски.

Македонија | пред 1 година

detska-klinika-1

ЈО да не чека, веднаш да постапи по Извештајот на ДЗР и да истражи каде завршиле над 200 илјади евра од Детска клиника, бара ВМРО-ДПМНЕ

„СДС и ДУИ на власт, институциите и државните ресурси ги гледаа само како место од каде ќе испумпаат државни пари во нивни приватни џебови. Недомаќинското работење со институциите на системот од страна на СДС и ДУИ секојдневно излегува на површина“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.„Тоа го потврдуваат и релевантните институции, како Државниот завод за ревизија. Таков е и примерот со Извештајот за работата на Клиниката за детски болести за 2022 година.Во него може да се види дека вредноста на материјалните средства, од материјалната евиденција на Клиниката е за 13.9 милиони денари помала од вредноста искажана во сметководствената евиденција, а на крајот на годината била помал за 12 милиони денари.Се поставува прашањето, зошто се јавува толкава разлика во материјалната евиденција во споредба со сметководствената?Ова отвора сомнежи и индиции за сторен криминал во вредност од над 200 илјади евра.Дали над 200 илјади евра, место за инвестиции во клиниката и третман на нај чувствителната категорија граѓани, децата, завршиле во приватни џебови?Ова е состојба само во една здравствена установа и тоа само за една календарска година, а кој знае што правеле СДС и ДУИ во останатите установи во текот на нивното седум годишно владеење.За ваквото недомаќинско и криминално управување со државните институции мора да има одговорност.Го повикуваме Јавното обвинителство да не чека, веднаш да постапи по наводите во Извештајот на ДЗР и да испита каде завршиле над 200 илјади евра од детска клиника“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

skopje-zagadeno

„ДУИ и СДС останаа на празни зборови за загадениот воздух, Владата на ВМРО-ДПМНЕ стартуваше со ветерен парк, доделување на инверетери, се работи и на гасификација“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Владата на СДС и ДУИ не направи ништо за аерозагадувањето. И самиот Зоран Заев постојано викаше на цел глас аеро, аеро и ветуваше чист воздух. Јани Макрадули од СДС кон крајот на 2017 година како заменик министер во ресорното министерство протестираше за почист воздух. Или Јани протестираше против Јани“, реагира ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ.„ДУИ кои се прокламираа како зелена партија немаат ниту З од зелена агенда. А што имаше во време на СДС и ДУИ? Мерните станици честопати беа расипани и не функционираа.СДС во изминатите 7 години трошеа милионски буџети, а за подобрување на квалитетот на воздухот не вложија ништо.Проблемот со загадувањето е голем и потребно е сеопфатна стратегија која на долг рок ќе даде резултати.ВМРО-ДПМНЕ има системски решенија за квалитетен воздух и намалување на урбаното загадување.ВМРО-ДПМНЕ има план за екоиновации за одржлив развој каде преку зелениот фонд ќе се поддржува посебни програми за поддршка на стартап компании и иновации кои ќе работат на проекти за помало загадување и заштита на животната средина.ВМРО-ДПМНЕ стартуваше со ветерен парк во источниот дел на Македонија.Владата на ВМРО-ДПМНЕ додели ваучери за инвертер клими за нешто повеќе од 6 илјади граѓани.Владата на ВМРО-ДПМНЕ работи на гасификација на целата држава.Визијата на ВМРО-ДПМНЕ е еколошки, конкурентен и стабилен енергетски систем кој се темели на принципите на сигурност ефикасност и одржливост.И ова е само старт! „Зелениот“ ДУИ и СДС иако отидоа и сами против себе како Јани Макрадули останаа само на празни зборови!“, се додава во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

petrushevski1-1

(Видео) СДС и ДУИ на здравството гледале како на поле за испумпување пари, на Клиниката за детски болести за 2022 година, има сомнеж за криминал од над 200 илјади евра, вели Петрушевски

„СДС и ДУИ на здравството гледале како на поле за испумпување на пари. Од Извештајот на ДЗР за работата на Клиниката за детски болести за 2022 година, има сомнеж за криминал од над 200 илјади евра“, вели Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.„Имено според Извештајот на ДЗР на 01.01.2022 година, вредноста на материјалните средства, од материјалната евиденција на Клиниката е за 13.9 милиони денари помала од вредноста искажана во сметководствената евиденција, додека на крајот на годината бил помал за 12 милиони денари.Зошто се јавува толку голема разлика во материјалната во споредба со сметководствената евиденција?Дали и каде завршиле над 200 илјади евра? Ова е само од една здравствена установа за една година. Што правеле СДС и ДУИ во останатите здравствени установи во текот на целото владеење?ЈО да не чека и врз основа на Извештајот на ДЗР да отвори постапка. Одговорност мора да има“, изјави Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Митева: Мора да продолжиме на патот кон ЕУ, тоа е наша стратешка цел и за тоа ќе продолжиме да се бориме

Во подкастот ,,ВМРО-ДПМНЕ Зборува“, Марија Митева, портпаролката на Влада и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, се осврна на тековните состојби во македонска политика и патот, кој според неа, треба да го следи Република Македонија. Митева ги укажа и недостатоците на претходните влади во справувањето со политичките реалности. Таа ја нагласи клучната разлика помеѓу актуелните политички опции и нивниот пристап кон надворешната политика, економијата и евроинтеграциите, кои треба да бидат во служба на националните интереси и вистинските потреби на граѓаните.„Остануваме на ставот кој што го имавме и во предизборието и многу години наназад, дека едноставно можеби е дојдено времето кога треба да ги стопираме сите тие состојби со кои што се соочувавме, особено во делот на надворешната политика, а кои беа резултат на водење политика од страна на политичари кои несериозно ја сфатија улогата што ја имаа, се со цел да можат нивните состојби на криминал и корупција од една страна лесно да се кријат, додека постојано зборуваа за Европа и ЕУ,“ изјави Митева.Митева се фокусираше и на тоа како ваквата политика довела до сериозни проблеми, не само за политичките партии, туку и за самите граѓани. Според неа, присутен бил неусогласен пристап во дипломатските односи, кој не соодветствувал со очекувањата на граѓаните.„Имавме пристап во дипломатијата кој не соодвествуваше со очекувањата и она што граѓаните го бараа, но мислам дека тоа време е зад нас. Треба да се фокусираме на тоа како ние треба да направиме чекор нанапред, и тоа всушност е целта на оваа Влада,“ рече Митева.Митева ја истакна и активноста на ВМРО-ДПМНЕ која е резултат на искреноста во презентирањето на реалните состојби и проблеми во земјава, и ја нагласи несогласноста со политичките ветувања кои останале неисполнети во минатото.„Успеавме да ги презентираме реалните состојби кои што ги има во нашата држава, и тука кога зборувам за реалните, зборувам за преносење на пораката кон сите засегнати страни за тоа каква е состојбата. Затоа што во минатото се ветувало нешто што не можело да се реализира,“ изјави Митева.Во однос на тоа дали актуелната Влада е подобро да го игнорира проблемот и да најде решение Митева истакна дека Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ нема пристап на игнорирање на проблемите.„Немаме пристап во Владата на игнорирање на проблемите, напротив, имаме пристап на наоѓање решенија како да ги подобриме состојбите, без разлика дали станува збор за економијата, политиката или полноправното членство во ЕУ“, катеогрична е Митева.Според Митева, чесноста и отвореноста во комуникацијата со јавноста се клучни за успехот во дипломатијата и надворешната политика.„Знаеме како течеле разговорите, знаеме што ветувале, и ја кажуваме реалната состојба. Мислам дека со еден таков чесен пристап, особено во делот на надворешната политика и дипломатијата, луѓето кои што ја работат таа работа, а кои имаат огромно искуство, ќе успеат да не презентираат нас пред се како граѓани и да ги презентираат позициите кои што ги имаме,“ изјави Митева.Митева ја подвлече и важноста на евроинтеграциите, нагласувајќи дека Македонија мора да продолжи на патот кон ЕУ, и упати дека покрај сите предизвици, Влада која е посветена на реформи и отворена за вистинска дипломатија, ќе го води народот кон посветла иднина.„Мора да продолжиме на патот кон ЕУ, тоа е наша стратешка цел и за тоа ќе продолжиме да се бориме“, заклучи Митева.

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_01-10-2023_05-04-48-9220PM

СДС и ДУИ цел мандат ветуваа „Европско здравство„ а ги ставија пациентите во агонија да чекаат термини за магнетна резонанца со месеци иако за тоа немало потреба, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Крахот на македонското здравство под раководство на СДС и ДУИ доведе до агонија кај пациентите, пациенти без терапии и без лекови, неефикасен систем на закажување на термини, егзодус на лекарите и не постоење на систем на квалитетни здравствени услуги“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.„СДС системски го уништувала македонското здравство во изминатите 7 години според извештајот на ДЗР каде утврдиле недоволна искористеност на апаратите за магнетна резонанца при што граѓаните чекале, иако немало потреба.СДС и ДУИ до толку го урнисаа здравството што ги оставиле граѓаните да чекаат со месеци за магнетна резонанца, иако за тоа немало потреба.Борјот на апарати за магнетна резонанца во периодот од 2017 година до 2022 година е дуплиран според извештајот на ДЗР, а бројот на прегледи не е зголемен и истите се неискористени. ДЗР нотира и еден апарат кој е донација а воопшто не бил ниту ставен во функција.СДС и ДУИ цел мандат ветуваа „Европско здравство„ а ги ставија пациентите во агонија.Наместо брзи термини, на време и без чекање здравството под раководството на СДС и ДУИ направило хаос во системот со термини. Во системот со термини со години се внесувале помалку термини, како последица на дефект на апаратите и поради необучен кадар а на огромна штета и агонија на пациентите кои не добивале услуга.Бројот на снимања по апарат во Македонија е далеку под европскиот просек. Имено еден апарат во просек има 2800 снимања годишно, а европскиот просек е од 4 до 9 илјади.Катастрофалното менаџирање на СДС и ДУИ во здравството ги остави болниците без медицинска опрема, клиниките и болниците во долгови и дефицит на медицински кадар.Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ги санира штетите од владеењето на СДС и ДУИ во здравството и е посветена на подобрување на условите за работа во интерес на сите граѓани“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

brane1

(Видео) Мазут со многу нечистотии доставуван во ТЕЦ Неготино, а раководството на АД ЕСМ од СДС и ДУИ му правеле и анекси на добавувачот, вели Петрушевски

„ДЗР во ревизија на работењето на АД ЕСМ за период од 2019 до 2022 утврдил низа нерегуларности. Раководството на претпријатието од СДС не ги спроведувало јавните набавки согласно закон“, вели Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.„ДЗР констатира дека при набавката на мазут за потребите на ТЕЦ Неготино, АД ЕСМ раководството толерирало низа пропусти на доставувачот, кој ги немал секогаш задолжителните залихи, доцнел со испораката и не ја почитувал динамиката.АД ЕСМ и покрај тоа што не добивала мазут како што било предвидено во договорот, во два наврати склучува анекси со истиот добавувач, со што ја зголемува вредноста на договорот.Раководството на АД ЕСМ толерирало испорака на мазут со примеси на голем број нечистотии, со што се предизвикале дефекти во мазутната станица.Зошто раководството на АД ЕСМ толерирало неквалитетен мазут и лоша испорака? И зошто згора на тоа два пати анексирале договор?Дали поранешното раководство на АД ЕСМ работело за нечиј приватен интерес наместо за државниот?Го повикуваме ЈО да го испита случајот со набавка на мазут за потребите на ТЕЦ Неготино, а како појдовна точка да ја имаат Ревизијата од ДЗР. Одговорност мора да има“, изјави Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Пренџов: СДС и ДУИ ги продаваа националните интереси на сметка на волјата на македонскиот народ

Во емисијата „24 анализа“ на телевизија 24, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Љупчо Пренџов, изрази јасна поддршка за претседателот на Влада, Христијан Мицкоски и за неговата меѓународна активност, по средбата со францускиот претседател Емануел Макрон. Пренџов истакна дека иако ВМРО-ДПМНЕ ги поддржува дипломатските напори за унапредување на позициите на Македонија и нејзиниот пат кон ЕУ, не прифаќајќи уцени или диктати кои се спротивни на националните интереси.„Нашиот став е многу добро познат дека не прифаќаме уцени и диктати. Од друга страна, многу е важна меѓународната активност на владата, која се одвива со многу големо и жестоко темпо. Изминативе 4 месеци Вашингтон, Лондон, Прага, па сега и Будимпешта. Ова е многу добра иницијатива која ја иницираше претседателот на Франција, Емануел Макрон каде што се одржуваат средби на сите влади на сите европски држави, без разлика дали се членки на ЕУ или не и без Русија“, изјави Пренџов.Пренџов нагласи дека оваа активност е клучна не само за лобирање на интересите на Македонија, туку и за создавање нови билатерални односи кои ќе придонесат за економскиот развој, додавајќи дека Македонија треба да се стреми кон силна дипломатија која ќе овозможи континуиран развој во сите сфери.„Ова е одлична можност не само за политичките разговори и лобирањето за Република Македонија и кажувањето на вистината и нашите ставови, туку и можност да се разговара со билатерални сили со цел да воспоставиме други држави со кои традиционално ги немаме тие билатерални односи, како и да се развие економијата. За нас, како мала држава, важно е да имаме една ваква силна дипломатија“, истакна Пренџов.Пренџов се осврна на одлуките кои ги носела владата на СДС и ДУИ изминативе 7 години и кои прифаќале компромиси спротивни на волјата на македонскиот народ.„Она кое што го имаме во јавноста во изминатиов период е дека владата на СДС и ДУИ на сите странски делегации, на сите челници на влади им кажувале дека нема никаков проблем да се прифати нешто за кое што, три четвртини од македонскиот народ беше против“, посочи Пренџов.Пренџов ја нагласи позицијата на ВМРО-ДПМНЕ дека Македонија треба да продолжи со процесот на интеграција во ЕУ, но тоа да се случи без отстапки од националниот интерес.„Нашата цел е, како Македонците и сите граѓани кои живеат во Република Македонија да ги внесеме во ЕУ. Ако целта на бугарите е да влезат во македонскиот Устав, е денот кога ние ќе влеземе во ЕУ, тогаш тие ќе бидат дел од нашиот Устав, и од таа позиција не се поместуваме“, изјави Пренџов.Пренџов истакна дека ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да се бори за интересите на Македонија и ќе побара поддршка од европските држави за да се заштитат интересите на земјата во процесот на интеграција во ЕУ.„Влада која нема народен кредибилитет и легитимитет и договара нешто кое е спротивно на нивниот народ и спротивно на волјата на граѓаните, е нешто кое ние сега сме должни да го исправиме и да го разговараме, и да побараме помош од било која европска држава“, заклучи Пренџов.

Македонија | пред 1 година

vmro-1

Транспарентноста и отчетноста се непознати поими за СДС и ДУИ, се залагаме за градење на демократски институции кои ќе ја зајакнат и унапредат демократијата во земјата, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„По само неколку месеци од падот на СДС и ДУИ фактите излегуваат на површина за тоа како СДС и ДУИ ги трошеле народните пари. Нема област во која што не се пронајдени низа злоупотреби, прекршувања на законите, ненаменско трошење на буџетските средства и малверзации“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.„Низ изминатите 7 годините се потрошени милионски буџетски средства а ништо не е направено и реализирано и во корист на граѓаните.Секојдневно се откриваат низа малверзации, скандали и афери за седум годишното владеење на СДС и ДУИ. Парите на граѓаните СДС и ДУИ ги трошеле неодговорно и нетранспарентно.Ефектите од владеењето на СДС и ДУИ граѓаните ги чувствуваат и ден денес.Уште еден таков случај е констатиран и во ДЗР во Ревизија за 2023 година на министерството за финансии и буџетските трошења каде се констатирани низа пропусти.Ревизорот констатира дека власта на СДС и ДУИ не ги објавувала одлуките за одобрување на средства од раздел МФ - функции на државата во службено гласило.Толку од транспарентноста и отчетноста на СДС и ДУИ на која се повикуваа секојдневно. Ова е уште еден доказ за тоа колку СДС и ДУИ ја уназадија државата, ја продлабочија корупцијата и го распространија криминалот.Се поставува прашањето што криеле СДС и ДУИ?ВМРО-ДПМНЕ се залага за политики и закони кои ќе го променат системот, ќе ја искоренат и оневозможат корупцијата. ВМРО-ДПМНЕ има реформска агенда која ќе успее да испорача услуги на населението.ВМРО -ДПМНЕ се залага за градење на демократски институции кои ќе ја зајакнат и унапредат демократијата во земјата“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

k15

Во октомври намалени трошоците за живот, прв пат после долги години Македонија има буџетски суфицит, вели ВМРО-ДПМНЕ

„Економијата се стабилизира, инфлацијата се намалува, платите растат, трошоците за живот се намалуваат и за прв пат после долги години Македонија има буџетски суфицит“, реагира ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Богданка Кузеска.„Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ за неколку месеци раководење со државата, преку соодветни мерки го сопре слободниот пад на економија, кој што беше предизвикан и оставен од седум годишното владеење на СДС и македонската економија ја поставува на здрави нозе.ВМРО-ДПМНЕ ги поставува темелите за нова и здрава економска реалност и работи на привлекување на нови странски инвестиции, нови работни места, повисоки плати и пензии и подобар животен стандард за граѓаните.И додека другарите Филипче и Заев се журкаат по скапи забави во Дубаи, ВМРО-ДПМНЕ посветено работи на финансиска и економска стабилизација на Македонија.СДС на власт ги осиромаши граѓаните и ја ограби Македонија. Да се грижеа барем малку за граѓаните, економијата и државата, СДС на власт немаше да се однесуваат со државните ресурси и македонскиот буџет како кон плен после поход и целосно да ги опљачкаат.Македонската јавност многу добро знае дека на СДС и Филипче воопшто не им е грижа за народот и нивниот животен стандард, а уште помалку им е грижа за економијата која во нивно владеење ја уништија.Седум годишното владеење на СДС и разбојничко управување со државни ресурси, претставува најголемата катастрофа во поновата историја која и се случила на Македонија“, се додава во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

petrushevski1

(Видео) Владата на СДС и ДУИ нетранспарентно ги трошела народните пари, ДЗР констатира дека некои одлуки за одобрување на средства од Владата не се објавувани, вели Петрушевски

„ДЗР во Ревизија за 2023 година, на министерството за финансии и буџетските трошења констатира низа нерегуларности. Власта на СДС и ДУИ крајно нетранспарентно ги трошела народните пари. Милиони евра народни пари се трошени на сомнителен начин“, рече Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.„Ревизорот констатира дека власта на СДС и ДУИ не ги објавувала одлуките за одобрување на средства од раздел МФ - функции на државата во службено гласило.Што криеле СДС и ДУИ? Со СДС и ДУИ јавните финансии се управувани недомаќински и неодговорно.Граѓаните не знаеле каде одат нивните пари. 7 години се трошени цели буџети, а ништо не е мрднато од мртва точка.Неспособноста заврши со СДС и ДУИ. Следува економска трансформација на Македонија“, изјави Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

vmro_dpmne

СДС и ДУИ го изложија државниот буџет на дополнителни трошоци и ја ставија на ризик довербата во институциите откако ЕК откри криминал, вели ВМРО-ДПМНЕ

„Изминатите 7 години владеење на СДС и ДУИ се обележани со низа скандали, економиски неуспеси и договарање на тендери во четири очи. Наместо креирање на политики за подобрување на економијата и раст на животниот стандард на граѓаните, секојдневно на виделина излегуваат низа компромитирачки и неуспешни политики на СДС и ДУИ“, велат ВМРО-ДПМНЕ.„Овој пат според извештајот на ДЗР за 2023година, а кој се однесува за управување на јавните финансии и исплатите кои ги вршеле од Министерството за финансии управувано од СДС и ДУИ се утврдени многу нерегуларности.По контрола на ОЛАФ, поради злоупотреба со ИПА средства, средствата кои Република Македонија ги вратила кон ЕК, власта на СДС и ДУИ не успеала да ги наплати од правното лице кај кое е утврдена злоупотребата.Во Извештајот се наведува дека се вратени над 600 илјади евра, тоа се пари кои се исплатени од буџетот на државата кон ЕК, затоа што државата има обврска да ги врати парите за кое ќе се утврди злоупотреба, а истата потоа тие средства ќе ги побарува од правното лице кое ја направило злоупотребата.Парите кои се исплатени за злоупотребата кон ЕК, а СДС и ДУИ не успеале да ги наплатат од правното лице се доказ за неуспешноста и несериозноста на СДС и ДУИ кон државните ресурси и европските средства.Со самото тоа СДС и ДУИ и нанесоа сериозна финансиска штета на Македонија и буџетот.Штетите од владеењето на СДС и ДУИ се огромни, а јавноста допрва ќе има можност тоа да го види“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

vesnaj

Јаневска: ВМРО-ДПМНЕ со долгорочен план за покачување на платите на наставниците, образованието конечно станува приоритет

Во вчерашниот подкаст „ВМРО-ДПМНЕ Зборува“, министерката за образование и наука, Весна Јаневска, се осврна на темата за зголемувањето на платите на наставниците и начинот на кој истото беше прифатено од страна на синдикатите. Јаневска испрати силна порака дека зголемувањето на платите не е само краткорочна мерка, туку дел од долгорочен план за обезбедување на стабилност и мотивација за наставниците, кои според неа се клучни за подобрување на квалитетот на образованието во Македонија.Јаневска истакна дека чувствува голема одговорност кон луѓето кои ја изгласале и дека постојано се труди да биде во контакт со нив. Таа исто така смета дека наставниците се основните носители на образовниот систем и дека нивната улога е неизмерно важна за развој на образованието. Според Јаневска, за да се поправи целиот образовен систем, неопходно е да се обрне внимание на клучните чинители, кои како што потенцира се самите наставници.„Има многу други, но наставниците се најважните затоа што тие се тие што поучуваат и предаваат знаење, вештини, и компетенции на учениците или на студентите“, рече Јаневска.Јаневска ги објасни и деталите од преговорите со СОНК, нагласувајќи дека тие не биле краткорочни, туку долготрајни и започнале веднаш по промената на власта. Таа исто така даде до знаење како се одвивале преговорите со СОНК.„Во тој период правевме ребаланс на буџетот, мораше тоа да се направи затоа што, за жал, претходната власт остави празен буџет во однос на платите на наставниците од основно до високо образование“, истакна Јаневска.Во однос на тоа како претходната власт се однесувала кон наставниците, Јаневска истакна дека не биле обезбедени доволно средства за платите на наставниците од високото образование и дека средствата биле недостапни за сите категории наставници.„Откако го направивме првиот чекор и обезбедивме плати за овие клучни чинители, почнавме преговори со СОНК и не само со СОНК, туку и во владата имаше размислување, како што постојано велевме, дека образованието треба да биде еден од приоритетите во самата влада, дека треба нешто да направиме за да ги мотивираме дополнително наставниците, покрај другите мотиви што ќе се обидеме да им ги пружиме, да си ја извршуваат својата функција и својата должност и обврска со задоволство, а не со чувство на тежина дека платата не им стигнува во текот на месецот да ги задоволат најосновните потреби“, изјави ЈаневскаЈаневска ги посочи и напорите за долгорочно решение во однос на платите на наставниците, потврдувајќи дека по постигнувањето на договорот со СОНК биле направени конкретни проекции за покачување на платите во наредните 4 години.„Поентата во овој договор не е само покачувањето на платите од 5% оваа година, туку ние на наставниците им даваме сигурност за следните 4 години. Во следните 4 години тие знаат дека постојано нивните плати ќе се покачуваат и ќе се покачат од 7,5 до 10%, а за 2026, 2027 и 2028 година од 10 до 12,5%, што значи најмалку 46% покачување за 4 години“, јасно изјави Јаневска.Јаневска посочи и дека има простор за дополнителни покачувања доколку економската ситуација во државата се подобри.„СДС вели дека им ги покачиле платите повеќе од тоа за 7 години, но јас тврдам дека ако ситуацијата се подобри малку во економијата во државата, а како што сме тргнале ќе се подобри, наставниците ќе добијат и повеќе од тоа. И јас секогаш ќе стојам со нив, до нив и зад нив, за да им овозможам полесен живот за да можат да се посветат на својата работа“, заклучи Јаневска.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања