ДПМНЕ

Нема фотографија

Стојаноски: Креираме буџет кој ќе финансира директни инвестиции кои се конкретно видливи и создаваат додадена вредност

Во емисијата „Утринско еспресо“, на Радио Лидер утрово се дебатираше на актуелни економски теми или поконкретно како ќе се трошат народните пари, при што свој осврт и видување даде пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски.Тој јасно прецизира дека за разлика од минатиот период во кој доминантни компоненти беа корупцијата и дузина негативни ситуации кои кај граѓаните создаваа едно негативно чувство кога станува збор за менаџирањето со јавните финансии, сега актуелната Влада, прави една промена и изготвува економски документ кој комплетно ќе ја промени нашата економска филозофија.„Овој пат ние одлучивме да направиме еден програмски документ, односно крвна слика на нашата економска филозофија и комплетно да ја промениме. За прв пат можеби, од поодамна, да биде буџет кој ќе финансира директни инвестиции коишто прво ќе бидат конкретно видливи, а потоа ќе создаваат додадена вредност“, потенцира Стојаноски.Според него граѓаните не треба да слушаат што се зборува, туку едноставно да гледаат по актите и постапките како се однесуваат политичарите. Во овој контекст напоменува дека споредено со првите квартали од оваа година кога економскиот раст изнесува само 1%, што би се остварил, пластично кажано без никаква активност и заложба од страна на владините функционери кои и онака немаа помрднато со прст, во третиот и четвртиот квартал пак, се очекува раст од 2,5% односно 3% соодветно.„Во наредните три месеци од новата година 350 милиони евра ќе бидат веќе ефектуирани во општините, а тие 830 милиони евра капитални инвестиции кои се врзани за капитални инвестиции ќе се интензивираат како што се интензивираа во последниве шест месеци и имаме намера со покачување на платите и пензиите да ја поттикнеме потрошувачката. Понатаму, тие инвестиции што ги договори Владата, досега се осум, овој месец ќе склучат договор со уште две и декември со уште две, барем за сега тоа е договорено како пакет потпишано и заклучено. Значи, дванаесет инвестиции ќе отпочнат со сериозни градежни активности во првите три месеци наредната година и затоа и на тоа ние го темелиме растот“, појаснува Стојаноски.

Македонија | пред 1 година

lugje-plostad-skopje

По 7 години урнисана економија од СДС и ДУИ предлог буџетот за 2025 година ги интегрира најсуштинските потреби на граѓаните, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„По 7 години урнисана економија од СДС и ДУИ предлог буџетот за 2025 година ги интегрира најсуштинските потреби на граѓаните. По 7 години отсуство на развоен концепт и стратешко планирање предлог буџетот за 2025 претставува концепт и суштинска промена во водењето на јавните финансии“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.„Владата со буџетот за 2025 одвојува над 25% повеќе средства од тоа што владата на СДС и ДУИ имаа предвидено за 2024 година. Со буџетот за 2025 година кој е предложен од Владата до Собранието се одвојуваат 7.5 милијарди денари за здравството, во споредба со 5.9 за оваа година.Владата на ВМРО-ДПМНЕ го реализира ветеното и инвестира во здравството и подобрување на условите во здравството.Со буџетот за 2025 година ќе има повеќе средства за набавка на медицинска опрема за потребите на јавните здравствени установи, изградба, реконструкција и доградба на објектите во јавните здравствени установи.Владата на ВМРО-ДПМНЕ вложува во реконструкции на следните ЈЗУ: Општа болница Кичево, Специјална болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ - Охрид и Клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ – Скопје.Исто така предвидено е да продолжи изградбата на Клиничката болница во Штип, проект кој беше и предизборно ветување на ВМРО-ДПМНЕ.Со буџетот за 2025 година се планираат и средства за градежни активности и реконструкции во Здравствен дом Скопје, Kлиниката за психијатрија и други установи.ВМРО-ДПМНЕ ги реализира ветувањата и вложува во суштински реформи и промени во здравството каде пациентите и граѓаните се на прво место.ВМРО-ДПМНЕ работи на трансформација на здравството во Македонија“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

lefkov

(Видео) Лефков: Во Буџетот за 2025 година 25% повеќе пари за здравството од оваа година, владата на ВМРО-ДПМНЕ го реализира ветеното

„Владата со Буџетот за 2025 одвојува над 25% повеќе средства од тоа што владата на СДС и ДУИ имаа предвидено за 2024 година. Имено со предлог Буџетот за 2025 година кој е предложен од владата до Собранието се одвојуваат 7.5 милијарди денари за здравството, во споредба со 5.9 за оваа година“, рече Миле Лефков пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.„Здравството и подобрување на условите во здравството се високо на агендата на владата на ВМРО-ДПМНЕ, се планираат голем број на инвестиции.Инвестициите се насочени кон набавка на медицинска опрема за потребите на Јавните здравствени установи, изградба, реконструкција и доградба на објектите во Јавните здравствени установи.Владата за 2025 година планира реконструкции на следните ЈЗУ: Општа болница Кичево, Специјална болница за ортопедија и трауматологија „Св Еразмо“ - Охрид и Клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ – Скопје.Предвидено е да продолжи изградбата на Клиничката болница во Штип, проект кој беше и предизборно ветување на ВМРО-ДПМНЕ.Со Буџетот се планираат и средства за градежни активности и реконструкции во Здравствен дом Скопје, Kлиника за психијатрија и други установи.ВМРО-ДПМНЕ спроведува политики за трансформација на Македонија“, изјави Миле Лефков пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

popov1811

Попов: УМС на ВМРО ДПМНЕ е единствена младинска политичка сила во Македонија која го слуша гласот на младите

Во денешната емисија „Дејли Клик“ на Телевизија 21 гостуваше претседателот на Унија на млади сили и пратеникот од редовите на ВМРО ДПМНЕ, Сергеј Попов кој истакна дека младите гледаат во УМС како партнер кој ги остварува интересите и се стреми кон остварување на потребите на студентите, односно на сите млади со тоа што се слуша нивниот став и се реализираат проекти во интерес на младите луѓе.„За УМС можам да кажам дека ние сме еден голем политички подмладок ,имаме навистина многу членови многу активисти, многу обемна и комплексна структура. Така да, навистина можам, нескромно, да кажам да навистина луѓето не препознаваат кога се движиме на самиот терен. Најмногу не препознаваат младите луѓе и би рекол дека младите луѓе најмногу гледаат партнер во нас, бидејќи сметам дека сме политички подмладок со најголема сила, со најдобро организирана структура, којашто може сите оние барања и потреби на младите луѓе да ги канализираме, како што впрочем и се случи“, посочи Попов.Во оваа емисија тој нагласи дека поддршката од младите луѓе е добиена со самата понуда која што била понудена од страна на ВМРО ДПМНЕ и дека сите оние потреби од младински интерес одат во нагорна насока, а сето тоа се гледа од досегашното владеење со што се креираат младински политики со наизменично комуницирање со предлози и идеи со младите членови.„Ние поддршката од младите луѓе за изборите ја баравме преку понудата која што ја дававме кон тие млади луѓе и еве сега преку двајцата пратеници кои УМС ги има во рамки Собранието на Република Македонија, како ниедна друга политичка партија, како ниеден друг политички подмладок во државата имаме прилика да видиме и како дел од тие работи во првите неколку месеци во владеењето на ВМРО ДПМНЕ веќе се реализираат“, изјави Попов.Тој, исто така, ги повикува сите млади да се приклучат во рамките на УМС, сметајќи дека тука се реализираат сите суштествени потреби на младите во општеството, како и за студентите со реконструирање на студентски домови и подобри услови за живот, посочувајќи дека единствено во Унија на млади сили на ВМРО ДПМНЕ се слуша гласот на младите.„Оваа прилика сакам да ја искористам да ги повикам сите млади да и се приклучат на УМС на ВМРО-ДПМНЕ бидејќи, би рекол дека, е единствената младинска политичка сила во Македонија којашто реално на терен и низ пракса ги менува работите во нашето општество. Ние сме седум месеци на власт, студентските домови веќе за некој месец ќе ги отвориме. Така да, слушање на гласот на младите е дали за младите се реализираат проекти, а не колку млади имаме директори или колку млади имаме на функција“, рече Попов.

Македонија | пред 1 година

Studentski-dom-K.J.-Pitu-Skopje

Студентскиот стандард ќе се зголемува со повеќе од 30 милиони евра, се реконструираат студентските домови, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ го зголемува студентскиот стандард со повеќе од 30 милиони евра, односно се зголемува за 18% повеќе од лани. За енергетски ефикасна рехабилитација се издвоени шест милиони евра. Се работи на реконструкција на студентските домови, за кои се очекува да бидат ставени во функција следната година“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.„Во однос на ученичкиот стандард, Владата предвидува зголемување од 12% споредбено со минатиот буџет. Предлог Буџетот за 2025 година на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е развоен во делот на млади и образование. Насочен е да се подобрат условите за учење, студирање и живот на младите. За оваа цел, се предвидуваат три милијарди денари повеќе во Буџетот за образование.Образовните работници ќе добијат покачување на платите во март од 7%. Платите ќе продолжат да растат и во следните години од мандатот, ќе се зголемат за 46%.Во однос на 2024 година, капиталните инвестиции ќе се зголемат за 115 милиони денари. Средствата ќе бидат насочени за изградба и обнова на училишта, обезбедување на подобри услови за нашите ученици и модернизација на образовната инфраструктура.Врвен приоритет на Владата на ВМРО-ДПМНЕ се младите и образованието, а тоа ќе се зголемува секоја година“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

trajkov1

Трајков: Реформската агенда, во чиј процес се вклучени и младите, ќе обезбеди основа за забрзана и суштинска интеграција на Македонија во ЕУ

Во поткастот „ВМРО-ДПМНЕ Зборува“ заменик министерката за европски прашања, Викторија Трајков која воедно е и заменик главен преговарач за ЕУ, стави акцент на приоритетните области од Реформската агенда, со што би се забрзал процесот на интеграција и унапредување на економијата и ги наведе областите во кои би се спровеле реформите, како и улогата на младите во самиот процес.Таа посочи дека Владата изминатите пет месеци има направено многу на дипломатски план и како и досега, Македонија останува да биде пред се и над се.„Реформската агенда, тоа е нешто најактуелно во моментот што се зборува, нешто за кое што навистина упорно и напорно работеше Министерството за европски прашања, а претходно Секретаријат за европски прашања и морам да кажам дека нашата Реформска агенда е една од најдобрите, односно најдобра во регионот со што и не пофалија од Европската комисија дека добро сме ја сработиле. Она што сега во моментот следува како следна фаза е да ја реализираме баш онака како што е испланирана и напишана“, изјави Трајков.Таа образложи на што се темели Реформската агенда, односно областите кои ќе бидат опфатени и каде ќе се спроведат реформите, како што се јавната администрација, дигитализацијата, развојот на човечкиот капитал, а во фокусот на реформите го стави владеењето на правото, односно справување со корупцијата, така што тоа би довело до успешно справување со предизвиците кои ги носи иднината, сметајќи дека сето ова е клучно за подобрување на стандардот на граѓаните и обезбедување долгорочна стабилност и напредок на државата.„Најважно е да се зајакне капацитетот на јавната администрација, но и еден процес којшто е многу важен е дигитализацијата, да речам прво на администрацијата, па сите останати државни процеси. Она што е особено важно, а мислам и дека најголем акцент ќе се даде е реформата во владеењето на правото, како една партија којашто имаше навистина огромна поддршка од граѓаните, мислам дека таа реформа мора да се случи и конечно во оваа држава секој да биде еднаков пред законот, да нема ваши и наши, туку тој што ќе си погреши да си одговара, односно ќе се фокусираме на борбата против корупцијата“, наведе Трајков.Исто така, таа посочи дека младите се дел од процесот на Реформската агенда во донесувањето на разни одлуки, потенцирајќи дека е од огромно значење да се слушне нивниот став и мислење за одредено прашање и дека тие ќе бидат вклучени со присуство на разни дебати и настани.„Младите и невладиниот сектор ни се навистина многу важни и мислам дека во цел овој процес за реформската агенда ќе бидат вклучени како дел од расправи, тркалезни маси, така што ние не ги напуштивме младите ни претходно како политичка партија. Но и сето она коешто денес е, да речам, суштински важно да бидат дел од процесот и може да се виде дека на секоја една стратегија на секој еден состанок каде што се покровители или организатори Владата на нашата земја, апсолутно има присутност на младите и тоа го поздравувам дека таа пракса треба и понатаму да се продолжи“, заклучи Трајков.

Македонија | пред 1 година

paridenari1

Предлог буџетот за 2025 предвидува 50,5 милијарди денари за капитални инвестиции што значи работа и подобар животен стандард, вели ВМРО-ДПМНЕ

„ВМРО-ДПМНЕ постојано работи на развој и економски раст што резултира со подобар животен стандард на граѓаните. Во предлог буџетот за 2025 година на Владата предводена од ВМРО- ДПМНЕ предвидени се рекордни 50,5 милијарди денари за капитални инвестиции“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.„Во оваа сума колку за илустрација вклучени се проекти како патната инфраструктура за коридорите 8 и 10д, потоа експресни патишта, железници, изградба на објекти.Во работата на овие капитални инвестиции ќе бидат вклучени сите надлежни министерства.Дека Владата е насочена кон развој се гледа и од основниот податок за зголемување на средствата за Министерството за транспорт за речиси 70 проценти или околу 7 милијарди денари повеќе. Потоа најголем дел од предвидените расходи се за капиталните проекти.Владата на ВМРО-ДПМНЕ со буџетот за 2025 планира инвестиции во инфраструктура, училишта, градинки, болници и други јавни објекти.ВМРО-ДПМНЕ работи на реализација на капитални инвестиции кои водат кон економска трансформација на Македонија и подобар животен стандард на граѓаните“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

malisha-stankovic

Станковиќ: Планираните приходи од над 358 милијарди денари во Буџетот за 2025 година се реално остварливи

Денес на Комисијата за финансии и буџет, на која се расправа Предлог- буџетот за 2025 година, се обрати Малиша Станковиќ, пратеник од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, кој зборуваше детално за буџетот и посочи дека граѓаните мора да се запознаат со бројките околу буџетот, затоа што на крајот од денот тие треба да ценат дали е добар или не.Тој се осврна на областа од буџетот, која се однесува на приходната ставка, односно на предвидувањето на Владата за приходувањето, со средства кои се прибираат од даноци но и од донации или заеми, при што додаде дека цифрата која што е предвидена е достижна за остварување, а тој има позитивно гледиште на сето тоа.„358,8 милијарди денари државата планира да прибере како средства, тие вообичаено се прибираат од даноци, акцизи и друг вид на царински давачки. Дел од овие средства се обезбедуваат и како донации или заеми. Од овие 358,8 милијарди денари ако можевте да видите уште пред буџетот да влезе во Собранието, има експерти што зборуваа дека малку оваа цифра е нереална, мене ако ме прашувате од она што можевме да го видиме во изминатото тромесечје видовме дека енормно се зголемило наплатата во управата за јавни приходи и наплатите во царина како два органи коишто, пред се, се грижат за фискалната политика односно на прибирањето на средствата во државата. Тоа ни дава умерен оптимизам дека оваа цифра е достижна, така да овие 358,8 милијарди денари колку што е предвидено дека ќе се приходуваат во текот на 2025 година, сметам дека се достижни и оттаму можеме да бидеме оптимисти дека барем приближно оваа цифра ќе ја обезбедиме“, изјави Станковиќ.Исто така тој наведе дека ребалансот е работа која е сосема нормална во секоја држава и со помош на ребалансот ќе се има увид на состојбата во една земја и сите средства би биле соодветно распоредени во зависност од тоа во која насока се движат работите и во која област треба да се наменат, па така не треба да се критикува тука да се сфати за нормален дел од функционирањето на државата.„Зборуваат често колегите дека има ребаланс. Да ребалансот не е лоша работа, со ребалансот се проверува до каде е стигната состојбата, секоја држава прави ребаланс и секоја држава гледа како тој ребаланс би влијаел. Вие можете да имате состојба каде што ќе приходувате повеќе, па со ребалансот ќе ги предвидите приходите коишто сте ги обезбедиле да ги распоредите по соодветни ставки. Така да, ребалансот не треба да се разбере како лоша работа напротив, ако треба да се критикува за ребалансот кога ќе дојде ребалансот, не треба да ги плашиме граѓаните што ќе има ребаланс, не сме измислиле топла вода, секоја држава во текот на годината има ребаланс“, посочи Станковиќ.

Македонија | пред 1 година

popov-s

(Видео) Попов: Со новиот буџет има повеќе пари за повисок младински стандард

Во текот на денешната Комисија за финансирање и буџет за 2025 година, од собраниската говорница се обрати и Сергеј Попов, пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ кој потенцира дека новите буџети и ребалансите на истите претставуваат одлична прилика да се согледаат намерите на една влада кон одредените таргет групи и колку се тие реални или паушални ветувања.Според него ова претставува исклучителна прилика за согледување на разликите во односот кон младите и младинскиот стандард помеѓу изминатиот период додека владата беше предводена од СДС и сега, кога ВМРО-ДПМНЕ е на власт.„Порано, драги млади и почитувани пратеници, многу се ветуваше, ништо не се реализираше, а не се реализираше затоа што ветувањата се даваа паушално без за тоа да се обезбедат средства во буџетот, што неминовно не води до констатацијата дека младите седум години биле манипулирани“, концизен е Попов.Тој појаснува дека во изминатите 7 години државата за едни беше мајка, а за други маќеа и дека сите пресови, реакции и поднесени амандмани беа за бадијала зошто Владата предводена од СДС парите за младите сепак ги насочуваше за други ставки преку кои се богатеа одредени поединци од власта.„Затоа изборите завршија како што завршија и затоа поддршката од младите за Социјалдемократскиот сојуз е толкава колкава што е или во превод, на ниво на статистичка грешка. Почитувани, младите се почитуваат со дела, а токму овој буџет со сигурност ќе донесе повисок младински стандард, а сега дозволете ми со факти да презентирам и зошто“, вели Попов.Во овој контекст, Попов појаснува дека Владата на ставката студентски стандард предвидува средства кои се за 18% повеќе споредно со буџетот за 2024 година, додека пак за ученичкиот стандард се предвидени 12% повеќе во однос на буџетот од минатата година, кој беше креиран од другата влада и за ставката високо образование 17% повеќе споредено со претходниот период.Тој исто така напоменува дека веќе е отпочната реконструкцијата на студентските домови и во текот на наредната година истите ќе бидат ставени во функција, а истовремено се предвидува и реконструкција на средни училишта.

Македонија | пред 1 година

beti-vmro-sobranie

Стаменкоска Трајкоска: Заврши времето на нетранспарентна распределба на средства и донесување штетни политики, данокот нема да го плаќаат граѓаните

„Колега Џафери ве слушав внимателно и навистина во вашиот говор имавте еден интересен заклучок, спомнавте сиромаштија, спомнавте ниски плати, спомнавте брзи кредити. Не спомнавте дека 22 години на власт беше вашата политичка партија и не спомнавте исто така дека не успеавте да ја завршите работата“, истакна пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Бети Стаменкоска Трајкоска на денешната собраниска Комисија за финансирање и буџет.Стаменкоска Трајкоска посочи за нетранспарентната распределба на средствата која се правела и за штетата која ја предизвикувале со ваквиот начин на однесување директно на товар на граѓаните.„Не спомнавте исто така дека доколку не се трошеа пари нетранспарентно, доколку парите се трошеа одговорно ќе имаше за сите и за народот како што има сега во предлог буџетот. Не ја спомнавте „Соравија“, „Арберија“, ЕТЦ травел“ и сите оние милиони евра кои беа потрошени во тој правец“, децидна беше Стаменкоска Трајкоска.Стаменкоска Трајкоска напомена дека апсурдно е што говореле за поделба на финансирање на проекти по однос на фаворизирање на општини. Фактите говорат дека нема поделба, постои транспарентна распределба на државните пари.„Ги спомнавте општините и почнавте да ја делите работата за едни има за други нема. Сите 80 општини аплицираа на повикот за проекти, одобрени 357 проекти, дали знаете каква поделба има таму? Нема поделба. Транспарентно и одговорно распределба на државните народни пари“, изјави Стаменкоска Трајкоска.Стаменкоска Трајкоска потенцираше дека ќе следуваат промени во корист на граѓаните, зголемување на животен стандард и ова ќе биде реалност од која ќе нема отстапување.„И ќе кажам, да ќе нема сиромаштија ќе нема брзи кредити кога граѓаните ќе имаат повисоки плати, а ќе имаат, кога пензионерите ќе имаат повисоки пензии, а ќе имаат, тоа е новата реалност која ќе се случува“, заклучи Стаменкоска Трајкоска.

Македонија | пред 1 година

vmro_dpmne

СДС како хумористичен стрип со 200 амандмани, реагира ВМРО-ДПМНЕ

„СДС нема кредибилитет да го критикува буџетот за 2025 кој го донесе Владата, кога тие буџетот за 2024 го оставија неликвиден. СДС толку добро „работеше“, што од економијата во Македонија направија циркус, а државните каси ги оставија празни. Сега со крокодилски солзи и 200 амандмани, се прават дека се „загрижени“ за економијата, но прашањето е: Зошто не ги применуваа сите „генијални“ решенија додека имаа шанса“, прашува ВМРО-ДПМНЕ.„ВМРО-ДПМНЕ го менаџира буџетот со јасен фокус на намалување на дефицитот и зголемување на капиталните расходи со што ќе донесе вистински развој на државата.Дефицитот е на ниво 4% во износ од 41 милијарда денари и номинално е понизок за 3,3%За време на СДС изнесуваше околу 4,7% и ова е јасен показател колку лошо ја менаџирале економијата, или пак само краделе, целата екипа на СДС се како хумористичен стрип.Капиталните расходи се на ниво 50,6 милијарди денари кои бележат раст од 6 милијарди денари во однос на ребаланс на буџетот.СДС недомаќински и неодговорно ги трошеа народните пари, ги оставија учениците без учебници, а студентите без оброци.ВМРО-ДПМНЕ кога станува збор за образованието, постигна договор за раст на платите во образованието. Покачени беа платите на просветните работници, и ова покачување не е само 5% оваа година. Во следните 4 години нивните плати ќе се покачуваат за 7.5-10%, а за 2026, 2027 и 2028 година од 10-12.5%, што значи најмалку 46% покачување за 4 години.Со буџетот се обезбедени средства и за поддршка на животниот стандард. Пензиите од март ќе се зголемат за 2500 денари. За таа намена се обезбедени дополнителни 15 милијарди денари.ВМРО-ДПМНЕ води сметка за сите граѓани од сите категории, особено за ранливите каде има зголемување 500 милиони денари.СДС комплетно ги исклучи земјоделците, со ниски откупни цени за производство, работниците на АД Водостопанство и ЈП Македонски шуми ги остави без плати.ВМРО-ДПМНЕ работи за граѓаните, со цел да им обезбеди подобар животен стандард, и ниедна категорија на граѓани да не биде запоставена“, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Јована Тренчевска.

Македонија | пред 1 година

zagaduvanje-2

Изградбата на когенеративната централа значително ќе го намачи загадувањето на воздухот и ќе обезбеди здрава животна средина, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Седум години СДС на власт системски ја уништуваше државата. Нема поле и област кои во нивно седумгодишно владеење направиле нешто корисно за општото добро на сите. Така и по однос на проблемот со загадениот воздух со кој се соочува Македонија, а посебно главниот град Скопје. Загадувањето на воздухот не е проблем од вчера и за кој може да се изнајдат инстант решенија кои магично ќе го прочистат“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.„Тоа е комплексен проблем кој бара системски и долгорочен пристап, со конкретни мерки и проекти, и поголеми вложувања во животната средина со цел намалување на загадувањето.Но, состојбата со загадениот воздух, посебно во Скопје, е таква каква што е затоа што СДС седум години на власт ништо не направија во овој поглед. Освен што на предизборните митинзи, после кои и ја преземаа власт, викајќи на цел глас „ајро, ајро, нема воздух“ ветуваа чист воздух за македонските граѓани, седум години на власт со прст не мрднаа.За седумгодишното владеење, единствена мерка што СДС ја преземаше против загадениот воздух, е тоа што на македонските граѓани, особено на скопјани им делеше совети да не проветруваат и да не ги отвораат прозорците од домовите.Решавањето на проблемот со загадувањето на амбиенталниот воздух бара системското делување и големите вложувања во заштита на животната средина кои ќе ги исклучат главните фактори на загадување.ВМРО-ДПМНЕ е одговорна партија и тоа се гледа во практикувањето на власта, затоа ќе преземе големи системски мерки и ќе спроведе детален план кој ќе резултира со намалување на загаденоста на воздухот и здрава животна средина.Главен столб во тој план е и стратешка инвестиција на гасна когенеративна централа, која ќе обезбеди топлинска енергија со значително и драстично намалување на загаденоста, а во исто време ќе произведува електрична енергија која ќе се користи во стопанството. И за таа намена, Владата ќе даде значителни субвенции кои ја поттикнат и забрзаат изградбата на централата.Не сме сите исти, тоа се гледа и во пристапот на решавањето на најгорливите проблеми, како што е и загадениот воздух. Промените веќе се случуваат и за период од околу еден и пол мандат власт на ВМРО-ДПМНЕ ќе се почувствуваат резултатите со почиста животна средина и почист воздух“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

Misajlovski-13.11

Мисајловски: Македонија како полноправна членка на НАТО носи бројни придобивки за безбедноста и економијата

Во поткастот „ВМРО-ДПМНЕ Зборува“, министерот за одбрана и потпретседател на ВМРО ДПМНЕ, Владо Мисајловски се осврна како членството на Македонија во НАТО, има значителни придобивки, не само за безбедноста на Македонија, туку и за економскиот развој.„Круцијално е што добива Македонија со членството во НАТО, а тоа се пред се колективна безбедност. НАТО е најголемиот политички воен сојуз, и се подразбира дека прво и основно е стабилноста на сите граѓани“, кажа Мисајловски.Мисајловски истакна дека нашата земја е во добра позиција, затоа што одлучува рамо до рамо со големите светски сили. Членството на Македонија во НАТО, ја позиционира земјата во силна и сигурна алијанса, што и овозможува да донесува одлуки заедно со најголемите светски сили.„Што се случува околу нас, поготово во Украина, блискиот исток, нови жаришта, постојано се наоружуваат земјите, но ние сме во системот каде што заеднички седиме на маса со најсилните држави во светот. Една од придобивките е тоа што можеме постојано да имаме контакт со тие луѓе, да бидеме пријатели, да разменуваме искуство, но исто така е многу важно со обврските што сме во НАТО, да одвојуваме над 2% од буџетот и да се модернизираме“, рече Мисајловски.Мисајловски говореше за тековната модернизација на армијата, и насоките во кои се движи оваа модернизација.„Секоја земја си има одреден степен на модернизација, насочување, што се нивни способност и цели, и во моментот сме насочени кон лесната пешадиска баталјонска група, каде што се вложува за модернизација“, посочи МисајловскиМисајловски потенцираше дека членството во НАТО може да влијае и позитивно на нашата економија и го спомена НАТО пазарот и што тоа може да значи за нас.Мисајловски истакна и дека со зголемената безбедност, се отвораат и нови можности за инвестиции во Македонија, а компаниите имаат пристап до НАТО пазарот.„Она што го добиваме од НАТО, а не се политичките моменти, она што е колективно е безбедност, а влијае и врз економијата. Многу компании може да учествуваат и на НАТО пазарот со отворање нов спектар на можности. Од друга страна со самото тоа што сме членка во НАТО зголемување на безбедноста се отвора и ново поле во економијата, односно многу компании сакаат да инвестираат и поради таа причина што е многу добро за нашата економија. Придобивките се огромни, поготово во момент каде што има многу жаришта околу нас, и многу е важно да ги следиме сите оние трендови на модернизација и на други земји, како и ние да се модернизираме и да гледаме да се подобруваме, и да обезбедуваме средства за човечки ресурси“, потенцираше Мисајловски.Мисајловски додаде дека Владата, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, обезбедува во континуитет 2% од буџетот, со што ќе овозможи бројни проекти за модернизација и подобрување на инфраструктурата.

Македонија | пред 1 година

aneta-markovska

(Видео) Причината за загадениот воздух има име и презиме - СДС и ДУИ, вели Марковска Илиевска

„Седум години власта на СДС и ДУИ не мрдна со прст во однос на загадувањето на воздухот во Скопје. Скопје се гуши подолг период, а последните скоро една деценија градот е на врвот на листите на градови со најзагаден воздух, рамо до рамо до Мумбаи, Киншаса или други градови од по десетици милиони жители од делови на Африка и Азија“, Анета Марковска Илиевска, советник во Совет на Град Скопје.„СДС во 2017 година дојде на власт со ветување дека ќе го исчисти воздухот во Скопје. Тогашниот лидер на СДС на партиски митинг во Аеродром на цел глас велеше ајродром, ајро, ајро. 7 години подоцна Скопје никогаш не било со позагаден воздух.7 години се доволен период за ако почнат да се преземаат мерки за намалување на загадувањето, тие и да вродат со плод.Проблемот е што 7 години ништо не е преземено. А тие што 7 години имаа можност да преземат нешто и да го намалат загадувањето, сега се најгласни во хипокризијата.Причината за загадениот воздух има име и презиме, и тоа е СДС и ДУИ.Клучот е во системското делување и во големите вложувања во заштита на животната средина кои ќе ги исклучат главните фактори на загадување.Во таа насока владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе преземе големи системски мерки кои ќе придонесат за намалување на загаденоста на воздухот, спроведување на детален план кој ќе резултира со чист воздух и здрава животна средина.Главен столб во тој план е и стратешка инвестиција на гасна когенеративна централа, која ќе обезбеди топлинска енергија со значително и драстично намалување на загаденоста, и електрична енергија која ќе се користи во стопанството.Владата за таа намена како што најави премиерот Мицкоски ќе даде значителни субвенции кои ја поттикнат изградбата на централата.Промените се случуваат и ќе резултираат со почиста животна средина и почист воздух. Решението нема да дојде за 1 годинa, но во период од еден ипол мандат тоа и како ќе биде приметливо и ефективно“, изјави Анета Марковска Илиевска, советник во Совет на Град Скопје.

Скопје | пред 1 година

Нема фотографија

Лефков: За седум години власт на СДС немало ниту едно кривично дело кое што се однесувало на загадувањето на животната средина

На вечерашното гостување на Канал 5, во емисијата „Само Вистина” присуствуваше пратеникот од ВМРО ДПМНЕ, Миле Лефков и се зборуваше за актуелната тема во моментов која е загадениот воздух при што нагласи дека загадувањето е сложен проблем кој во голема мера е предизвикан од начинот на затоплување како на домаќинствата така и на јавните институции.Во насока на решавање на овој голем проблем кој бара сеопфатно системско решение, Лефков посочи дека министерството за здравство веќе најави дека во десет болници ќе се промени начинот на загревање кој што моментално е на мазут.„Загадувањето е еден сложен проблем кој што доаѓа и од начинот на греење на јавните институции и енергетските коишто се користат во управувањето со ѓубрето. Многу важно за ова е да се реализираат оние проекти кои што се однесуваат на промена на начинот на загревање на јавните институции, нешто што видовме дека го најави министерот за здравство, дека во десет болници ќе се промени начинот на греење на мазут затоа што тоа загадува дополнително”, рече Лефков.Тој потенцираше дека е важно да продолжат проектите на Европската Унија за изградба на регионални депонии како и секаде во светот кои што функционираат со селекција на отпад со инсенeратор.„Важно е да продолжат проектите на Европската Унија за изградба на регионални депонии затоа што од Италија до Шведска и насекаде на тој начин функционираат со селекција на отпад со инсенератор. А, важно е да напоменеме дека повикот за изградбата на регионалната депонија во источниот регион веќе е отворен, постои и го има на ЕУ тендер објавен е и трае до втори февруари. Има рок на изградба во неколку фази и вкупен рок на изградба во рок од 900 дена, односно три години и тоа е единствен начин постепено во државата, преку замена на горивата коишто се користат“, посочи Лефков.Лефков истакна дека во изминатите седум години при анализа на извештаите на јавното обвинителство по структура на криминалитет на кривични дела немало ниту едно кривично дело кое што се однесувало на животната средина.„Јас тоа го наоѓам како забелешка кога ќе ги погледнете извештаите на јавното обвинителство по структура на криминалитет на кривични дела кои што се гонат во изминативе седум години од кривичните дела кои што се однесуваат на животната средина имаше нула кривични дела за кои што се постапува, неколку години во кои воопшто не се водеше грижа“ рече Лефков.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања