СДС како хумористичен стрип со 200 амандмани, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
vmro_dpmne

„СДС нема кредибилитет да го критикува буџетот за 2025 кој го донесе Владата, кога тие буџетот за 2024 го оставија неликвиден. СДС толку добро „работеше“, што од економијата во Македонија направија циркус, а државните каси ги оставија празни. Сега со крокодилски солзи и 200 амандмани, се прават дека се „загрижени“ за економијата, но прашањето е: Зошто не ги применуваа сите „генијални“ решенија додека имаа шанса“, прашува ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

„ВМРО-ДПМНЕ го менаџира буџетот со јасен фокус на намалување на дефицитот и зголемување на капиталните расходи со што ќе донесе вистински развој на државата.

Дефицитот е на ниво 4% во износ од 41 милијарда денари и номинално е понизок за 3,3%

— реклама —

За време на СДС изнесуваше околу 4,7% и ова е јасен показател колку лошо ја менаџирале економијата, или пак само краделе, целата екипа на СДС се како хумористичен стрип.

Капиталните расходи се на ниво 50,6 милијарди денари кои бележат раст од 6 милијарди денари во однос на ребаланс на буџетот.

СДС недомаќински и неодговорно ги трошеа народните пари, ги оставија учениците без учебници, а студентите без оброци.

ВМРО-ДПМНЕ кога станува збор за образованието, постигна договор за раст на платите во образованието. Покачени беа платите на просветните работници, и ова покачување не е само 5% оваа година. Во следните 4 години нивните плати ќе се покачуваат за 7.5-10%, а за 2026, 2027 и 2028 година од 10-12.5%, што значи најмалку 46% покачување за 4 години.

Со буџетот се обезбедени средства и за поддршка на животниот стандард. Пензиите од март ќе се зголемат за 2500 денари. За таа намена се обезбедени дополнителни 15 милијарди денари.

ВМРО-ДПМНЕ води сметка за сите граѓани од сите категории, особено за ранливите каде има зголемување 500 милиони денари.

СДС комплетно ги исклучи земјоделците, со ниски откупни цени за производство, работниците на АД Водостопанство и ЈП Македонски шуми ги остави без плати.

ВМРО-ДПМНЕ работи за граѓаните, со цел да им обезбеди подобар животен стандард, и ниедна категорија на граѓани да не биде запоставена“, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Јована Тренчевска.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryr0nm7kal2loidVEYfFw

ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ да престане да го брани Дехари, жртвите да добијат заштита

Македонија | пред 3 месеци

zaev-filipce-1

Дали 90 милиони денари од тендерот за ремонти на Марковски завршиле кај Заев и Филипче, праша Манасиевски

Македонија | пред 3 месеци

zaev-filipce-1

Ако Заев земал куферче со пари од Борисов, сега какво куферче бугарски пари земал Филипче за актуелниот трик наречен црвени линии, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 3 месеци

ck-dpmne

ВМРО-ДПМНЕ: СДС со кривични пријави бега од одговорност и прикрива повици за убиство

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања