Студентскиот стандард ќе се зголемува со повеќе од 30 милиони евра, се реконструираат студентските домови, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
Studentski-dom-K.J.-Pitu-Skopje

„Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ го зголемува студентскиот стандард со повеќе од 30 милиони евра, односно се зголемува за 18% повеќе од лани. За енергетски ефикасна рехабилитација се издвоени шест милиони евра. Се работи на реконструкција на студентските домови, за кои се очекува да бидат ставени во функција следната година“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

„Во однос на ученичкиот стандард, Владата предвидува зголемување од 12% споредбено со минатиот буџет. Предлог Буџетот за 2025 година на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е развоен во делот на млади и образование. Насочен е да се подобрат условите за учење, студирање и живот на младите. За оваа цел, се предвидуваат три милијарди денари повеќе во Буџетот за образование.

Образовните работници ќе добијат покачување на платите во март од 7%. Платите ќе продолжат да растат и во следните години од мандатот, ќе се зголемат за 46%.

— реклама —

Во однос на 2024 година, капиталните инвестиции ќе се зголемат за 115 милиони денари. Средствата ќе бидат насочени за изградба и обнова на училишта, обезбедување на подобри услови за нашите ученици и модернизација на образовната инфраструктура.

Врвен приоритет на Владата на ВМРО-ДПМНЕ се младите и образованието, а тоа ќе се зголемува секоја година“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryr0nm7kal2loidVEYfFw

ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ да престане да го брани Дехари, жртвите да добијат заштита

Македонија | пред 3 месеци

zaev-filipce-1

Дали 90 милиони денари од тендерот за ремонти на Марковски завршиле кај Заев и Филипче, праша Манасиевски

Македонија | пред 3 месеци

zaev-filipce-1

Ако Заев земал куферче со пари од Борисов, сега какво куферче бугарски пари земал Филипче за актуелниот трик наречен црвени линии, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 3 месеци

ck-dpmne

ВМРО-ДПМНЕ: СДС со кривични пријави бега од одговорност и прикрива повици за убиство

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања