ДПМНЕ

incident-apasiev

Филипче во паника и агонија користи нарачано насилство и провокации, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Венко Филипче и СДС тотално се изгубија на политичката мапа по катастрофалниот пораз и последните анкети каде рејтингот им е во слободен пад, па посегнаа по алтернативни методи во Собранието и на помош го повикаа и активираа насилникот и пудлицата на Венко, Димитар Апасиев од Левица“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.„Филипче во паника и агонија користи нарачано насилство и провокации како единствен начин да го сврти вниманието кон опозицијата во Собранието. Поради тоа СДС го активира насилникот и пудлицата на Венко, Димитар Апасиев.Примитивни и недолични се обидите на СДС преку нивниот приврзок, Левица и насилникот и пудлицата на Венко, Апасиев да прават драми во законодавниот дом каде наместо цивилизирана и аргументирана дебата, конструктивни и продуктивни решенија нудат дефокус, политиканство и циркус.Во текот на вчерашниот ден во видео од неколку секунди јавноста имаше можност да ја види целата мизерија на СДС и Левица.На виделина излезе целиот примитивизам со кој се служи Филипче, а за профилот на политичкиот циркузант и акробациите на насилникот и пудлицата на Венко, Апасиев кој во Собранието јавно навредуваше семејства и деца на пратеници, јавноста може самата да суди.СДС и Левица се елементарна непогода на политичката сцена. Во современа демократија за која се залага ВМРО-ДПМНЕ нема простор за девијантно однесување, циркузанти, политиканство и деструкција.Време е во политиката да има поинаков пристап. Време е за идеи, проекти и работа во интерес на граѓаните во Македонија.ВМРО ДПМНЕ со жалење и разочарување гледа на вчерашниот инцидент во Собранието, осудувајќи ги намерите на поедини пратеници од опозицијата да предизвикаат инцидент“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

Markovska-Ilievska-21.11

(Видео) Марковска Илиевска: Владата на ВМРО-ДПМНЕ има решение за загадениот воздух, главно е изградба на когенеративна централа во Скопје за проширување на топловодната мрежа

„Седум години СДС потроши над 25 милијарди евра преку буџетот, а не инвестираше ниту едно евро за подобрување на животната средина и намалување на загадување воздухот. Скопје со денови се гуши и е на врвот на листата на градови со најзагаден воздух во светот“, рече Анета Марковска Илиевска, советник во Совет на Град Скопје.„Граѓаните со право се револтирани. Затоа што болниците се полни со пациенти како последица на загадениот воздух.Во изминативе децении проблемот се напластувал, а решение имало многу малку. Ова особено е случај со последните седум години кога не е преземено ништо во однос на тоа.Потребен е системски пристап за намалување на загадувањето кој ќе вроди со плод на среден рок. Владата на ВМРО-ДПМНЕ има план од неколку столбови, меѓу кои најглавна е целосна гасификација на земјата. И изградба на когенеративна централа во Скопје со цел проширување на топловодната мрежа. Во делови од градот коишто користат други горива за загревање на домовите, а кои се причинител од над 60% за загадениот воздух.Со изградбата на когенеративната централа во голема мера ќе се намали загадувањето, а со целосна гасификација и на индустриски објекти процентот на загаденост уште повеќе ќе се намали.Владата во наредниот период планира и големи акции за пошумување и други мерки кои на долг рок ќе ја подобрат животната средина.ВМРО-ДПМНЕ покажува како се работи и како одговорно се постапува со животната средина и намалувањето на загадувањето“, изјави Анета Марковска Илиевска, советник во Совет на Град Скопје.

Македонија | пред 1 година

trencevska1

(Видео) Тренчевска: Кошничката е прескапа, ДПМНЕ да прифати 0% ДДВ на храна и минимална плата 450 евра

„Цените на храната и основните производи секојдневно растат, додека платите стагнираат, а Владата не презема никакви мерки за заштита на стандардот на граѓаните. Вкупната вредност на синдикалната кошничка во месец ноември се зголеми и достигна огромни 62.021 денари. Има ново зголемување за 772 денари во однос на минатиот месец“, изјави Јована Тренчевска, пратеничка на СДСМ.„Семејствата сè потешко ги покриваат основните трошоци и се принудени да се откажуваат од потреби кои до вчера беа основни.Ова е резултат на неспособноста и незаинтересираноста на Владата на Мицкоски, која ги игнорира проблемите со кои граѓаните се соочуваат секојдневно.СДСМ ја изразува својата длабока загриженост за осиромашувањето на народот и неодговорноста на власта, која продолжува да ги става партиските интереси над интересите на граѓаните.Наместо конкретни и итни мерки за справување со ценовниот шок, власта со својата пасивност и неспособност дополнително ја влошува ситуацијата.СДСМ предложи две конкретни законски решенија, клучни мерки кои веднаш ќе донесат олеснување за граѓаните:Укинување на ДДВ за основните прехранбени производи, со што семејствата би заштедиле до 2.000 денари месечно.Зголемување на минималната плата на 450 евра, што ќе обезбеди достоинствена заработка за секој работник.Но, што прави Мицкоски и неговата влада и мнозинството во Собранието? Со политички инает и без емпатија кон народот, тие ги блокираат овие решенија и одбиваат да ги поддржат.Наместо помош и поддршка, граѓаните не добиваат ништо и влегуваат во уште поголема неизвесност.Не може граѓаните да бидат жртва на партиската ароганција на ДПМНЕ.Бараме власта веднаш да ги прифати решенијата на СДСМ.Треба да се одговори на потребите на народот, да се одговори на нивните потреби и да преземе одговорност.Време е за акција, време е за вистински мерки кои ќе го подобрат животот на граѓаните и ќе ја вратат економската стабилност!“, соопшти Јована Тренчевска, пратеничка на СДСМ.

Македонија | пред 1 година

doktor

Промените во здравството кон квалитетни и навремени услуги започнуваат со грижата за здравствените работници, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Трансформацијата на здравствениот систем во Македонија започна со потпишувањето на Колективниот договор за зголемување на платите на здравствените работници, 2,450 денари поголеми плати за сите во здравството и 3,850 денари за медицинските сестри“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.„Исплатата на овие покачувања кон вработените ќе почне веќе од ноемвриската плата.Со Владата на ВМРО-ДПМНЕ граѓаните конeчно ќе добијат квалитетни и навремени здравствени услуги.Со Владата на ВМРО-ДПМНЕ следуваат реформи и трансформација на здравствениот систем.ВМРО-ДПМНЕ се грижи и го вреднува трудот на здравствените работници со цел подобрување на услугите во здравството и пациентите како крајна цел.Планот за зголемување на платите започнува во 2024 година, а средствата за плати во здравството се покачуваат за 10% и овие покачувања ќе траат во текот на целиот мандат на оваа Влада. Вработените во здравството добиваат покачување на платите од 40 до 50 проценти во следните четири години.Следната 2025 во март месец ќе има дополнителни 5% зголемување на платите, наредната 2026 година зголемувањето ќе е од 5-7 %, истото зголемување од 5-7% ќе биде и во 2027, а од 7-10 % ќе биде зголемувањето во 2028 година.Со владата на ВМРО-ДПМНЕ стартува модификација и реформи во здравствениот систем, подобрување на услугите и грижа за пациентите.Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе ја врати довербата на пациентите во здравствениот систем“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Пренџов: Македонските граѓани заслужуваат да се дел од ЕУ, реципроцитетот значи и Македонците и Бугарите да се победници во овој процес

„Претходната Влада носеше одлуки, погрешни одлуки и тие сега треба да ги исправиме. Треба да сте чесни и да го признаете тоа. Ние во Брисел не одиме таму да се инаетиме, туку да им покажеме на луѓето како имаме вин- вин ситуација која вие ниту сте ја предлагале ниту сте ја барале“, изјави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Љупчо Пренџов, на вечерашното гостување на Канал 5 телевизија во емисијата „Само вистина“, каде се водеше дебата за начинот на преговарање кој го води актуелната Влада на ВМРО-ДПМНЕ.Пренџов дополни дека претходната власт на СДС кога оделе во Брисел прифаќале секакви понуди, без истите да ги разгледаат и најважното да го слушнат мислењето на граѓаните. Напомена дека сепак гласот на граѓаните е најважен и дека нивните убедувања сепак не поминале кај македонската јавност.„Вие кога сте оделе во Брисел сте викале нема проблем ќе го прифатиме ова имаме начин. Како со Преспанскиот договор, сте велеле нема да ни е прв пат, со пратениците ние ова ќе го поминеме и луѓето мислеле дека тоа ќе се заврши, но видовте дека тоа не помина“, дециден беше Пренџов.Пренџов истакна дека граѓаните одлучиле за што се. Исто така додаде дека за развој на европската иднина на Македонија потребно е да го поддржат предлогот на ВМРО-ДПМНЕ. Јасно истакна дека потребен е реципроцитет во овој процес, односно и двете страни заслужуваат да ги уживаат придобивките. Дополнително додаде дека македонските граѓани заслужуваат да се дел од ЕУ- семејството и дека не треба воопшто да се води дискусија за македонскиот идентитет, затоа што граѓаните го чувствуваат притисокот.„Граѓаните одлучија за што се. И затоа сметам дека вие треба да го поддржите предлогот, да покажеме дека сме држава која учи од грешките, да се откажете од политиките на Заев и сите заедно во Собрание да кажеме ние сакаме да бидеме членка на ЕУ. Нашите граѓани го заслужуваат тоа одамна, нашите граѓани дадоа многу повеќе од било кој во самиот процес на евроинтеграција и ние сметаме исто како и мнозинството дека ова е единствено решение во кое ќе има вин-вин ситуација. И ние сме членка на ЕУ и тие се во македонскиот Устав. Се друго сметам дека нема да биде во интерес на македонскиот идентитет“, заклучи Пренџов.

Македонија | пред 1 година

Velkovski

Велковски: Младите заминуваат од државата заради системот, ВМРО-ДПМНЕ ќе изгради функционален систем кој младите ќе го препознаат и истиот ќе им даде сигурност

„Најгорливо прашање како да се намали трендот на иселување на младите од државата. Јас би тргнал од демографската политика. Демографијата како целина значи голем проблем кој треба да го решаваме, важно е да се воспостави систем на мерки кои ќе значат прво забавување на темпото на ваквата демографија која ја имаме за жал во моментов. Не само Македонија тоа е слика и на Балканот и во Европа, доколку ги погледнеме статистиките“ , изјави заменик министерот за социјална политика, демографија и млади Ѓоко Велковски на вчерашното гостување на поткастот „ВМРО ДПМНЕ Зборува“.Велковски додаде дека со низа на мерки и активности може да се подобри ситуацијата. Дополнително истакна дека станува збор за прашање кое со заеднички напор со останатите чинители ќе се направи намалување на трендот на иселување на младите од државата.„Меѓутоа со сет на мерки и активности сметам дека може да тргнеме кон подобрување на ваквата ситуација. Ако не се превземат сет на мерки нема да зборуваме за детски градинки, ќе зборуваме претпоставувам за домови за стари лица доколку не превземеме одредени чекори. Затоа сме исправени пред предизвикот да ова прашање го отвориме, го разговараме од сите сфери, заедно со останатите министерства која треба дадат предлози и решенија. Заеднички ќе се вложиме како држава со сет на мерки кои се предвидени во програмата“, дециден беше Велковски.Велковски посочи дека младите не заминуваат од државата заради потребата од средства, туку дека системот е главниот виновник. Истакна дека младите сакаат ред и вреднување на нивниот глас од страна на државата.„Како би ги спречиле младите да не заминуваат од нашата држава? Младите од Македонија не заминуваат заради средства, заминуваат затоа што во државава немаше систем, немаше квалитет на живот. Не сакаат да чекаат за пасош еден месец, младите сакаат систем, ако е законски 15 дена за тоа време и да го добијат документот. Таква е динамиката на животот, младите сакаат ред и мислам дека од главните причини што заминуваат во светот е затоа што има систем се почитува нивниот глас“, додаде Велковски.Велковски ја истакна потребата од градење на систем кој ќе им овозможи на младите да имаат доверба во државата. Да се изгради функционален систем кој младите ќе го препознаат и ќе им даде сигурност да се градат и развиваат во нашата држава.„Треба да го промениме тоа, ќе се направи систем каде ќе се почитуваат сите работи, системот да опстои. Мора да градиме држава на систем, само така Македонија ќе ја видиме успешна и подобра а младите ќе го препознаат тоа и ќе бидат дел од нашата држава“, заклучи Велковски.

Македонија | пред 1 година

markov

(Видео) „2,450 денари поголеми плати за сите во здравството, 3,850 за медицинските сестри“, вели Марков

„Владата на ВМРО-ДПМНЕ покажа како треба да се работи за медицинските работници. Потпишаниот Анекс на Колективниот договор во здравството трајно ги решава проблемите на медицинските работници. Вчера владата донесе историска одлука, со која се предвидува повисока плата за сите вработени во здравството со нето износ 2,450 денари. Ова ги опфаќа сите вработени во јавните здравствени установи од технички и среден медицински персонал до лекари и администрација. Особено важно е тоа што средниот медицински персонал или медицинските сестри ќе добијат нето покачување од 3,850 денари“, изјави Петар Марков, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.„Исплатата на овие покачувања кон вработените ќе почне веќе од ноемвриската плата.Ова покачување на платите во овој сектор е само вовед во демонстрацијата на заложбите и вреднувањето на здравствените работници кое ќе трае во тек на целиот мандат на оваа Влада.Конечно вработените во здравството нема да се молат за покачување или валоризација на нивната работа, затоа што планот за зголемување за текот на целиот мандат изнесува над 40%.Имено, со овие покачувања, во 2024-та година средствата за плати во здравството се покачуваат за 10%.Дополнителни 5% покачување на платите се предвидени за 2025-та година, 5 до 7% за 2026-та година, уште 5 до 7% во 2027 година и 7 до 10% во 2028-та година.Владата на ВМРО-ДПМНЕ покажува како се работи за здравствените работници и здравството. Парите наместо за матни тендери, сега одат за подобри услови за вработените и пациентите“, кажа Петар Марков, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

lekari-715x420

Следува трансформација и реформи во здравствениот систем, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„За прв пат после долг период владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ постигна историски договор за зголемување на платите на здравствените работници. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ги санира штетите од владеењето на СДС и ДУИ во здравството и е посветена на подобрување на условите за работа во интерес на сите граѓани“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.„Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е прва Влада во Република Македонија која покажа дека има слух за медицинските работници особено за средниот медицински персонал. Потпишан е анекс на Колективен договор во Здравството.Владата на ВМРО-ДПМНЕ за еден мандат ќе ги зголеми платите на здравствените работници за над 40 % почнувајќи од ноемвриската плата.Владата на ВМРО-ДПМНЕ работи напорно за значително да се подобри финансискиот статус на сите вработени во здравствените установи. Следува повисока плата за сите вработени од 2.450 денари до крај на годината. Повисока плата за 3.850 денари за сите медицински сестри до крај на годината.Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ се грижи за сите работници а вработените во здравството добиваат покачување на платите од 40 до 50 проценти во следните 4 години.Покрај зголемувањето за 10 % во 2024 година за плати, следната 2025 во март месец ќе има дополнителни 5 % зголемување, наредната 2026 година зголемувањето ќе е од 5-7 %, истото зголемување од 5-7% ќе биде и во 2027година, а од 7-10 % ќе биде зголемувањето во 2028 година.Со владата на ВМРО-ДПМНЕ стартува трансформација на здравствениот сектор, следуваат реформи во здравствениот систем, со што граѓаните конечно ќе добијат квалитетни и навремени здравствени услуги“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

Dafina

Стојаноска: Покачувањата на платите се одговор на домаќинското работење на ВМРО-ДПМНЕ

„Се покачија платите во образование, веќе вработените ги примија покачените плати. Со овој буџет ќе се покачат платите и на административците и на полицајците и еве денес како што излезе и веста ќе се покачат и на здравствените работници“ , говореше пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Дафина Стојаноска, на вечерашното гостување на Канал 5 телевизија во емисијата „Само вистина“, каде за почеток се зборуваше за поднесените 200 амандмани од СДС меѓу кои се бара и покачување на плати.Стојаноска посочи дека заклучно со завршување на мандатот предвидено е да се зголемува процентот во однос на покачување на платите. Напомена дека иако Владата на ВМРО-ДПМНЕ затекнала празна каса на буџет, успешно успеале да ги сервисираат долговите.„До крајот на мандатот предвидено е до 40% зголемување, а до крај на 2024 година сите здравствени работници ќе примат плус 2 450 денари, а средниот медицински персонал 3 850 денари до крајот на оваа година што за мене е добар знак. Е малку но е добро, ако во ова време навреме начекавме речиси празна каса на буџет со ребалансот се обидовме да изнајдеме средства, да се исплатат тие неисплатени плати од претходната влада во заминување“ , децидна беше Стојаноска.Стојаноска јасно даде до знаење дека ВМРО-ДПМНЕ и во иднина ќе продолжи да работи во делот на зголемување на процентот на висина на плати, да се создадат услови за истото затоа што граѓаните се на прво место.„Со овој буџет предвидени се вакви покачувања на плати и тоа за мене е добар сигнал и сметам дека потребно е сите постепено да стануваат задоволни. Ние како ВМРО-ДПМНЕ дел од извршната власт и во иднина ќе се трудиме да не биде толку. Дај боже да биде и повеќе од 40% до крајот на мандатот“ , заклучи Стојаноска.

Македонија | пред 1 година

ivica-tomovski

Томовски: Сите службени возила ќе добијат обележани таблици, ќе воведеме и телефонски линии каде граѓаните ќе ја пријавуваат нивната злоупотреба

„Кога влеговме во СОЗР не најдовме ни малку поразлично нешто од другите институции. Начекавме хаотична ситуација, девастирани институции и начекавме демотивирани работници во СОЗР. Имаме три ресторани во Владата, Собранието и Клуб на пратеници, тие ресторани немаа основни намирници за непречено да функционираат секојдневно и штетни договори. Начекавме ресторани кои немаат фискални апарати“, истакна директорот на Служба за општи и заеднички работи при Влада и член на Централен комитет на ВМРО-ДПМНЕ Ивица Томовски.Томовски продолжи и додаде:„Од 01.01.2024 година до 01.07.2024 кога практично СДСМ е на власт направиле промет од 73 илјади денари, толку имаат донесено по фискална сметка на СОЗР и сега за неполни четири месеци од 01.07.2024 до 01.11.2024 имаме промет од 585 илјади денари. Може да замислите што се се' случувало“, истакна Томовски.Томовски посочи дека од вкупно 120 возила во сопственост на СОЗР само 10 биле функционални.„Ние како СОЗР ги опслужуваме сите вип личности со 45 шкоди секој три години се обновуваат на оперативен лизинг и имаме плус уште 120 возила кои се во наша сопственост на СОЗР. Кога го преземавме кормилото на службата функционираа 10, а останатите 110 возила не се грижеле и сервисирале воопшто од тие 110 ги ставивме барем 50% проценти во функција, а за останатите отпочната постапка за продажба според закон“, посочи Томовски.Томовски укажа дека сите службени возила ќе добијат таблици и тогаш нема да има злоупотреба на службените возила. Заради таа намена ќе воведеме и телефонски линии каде ќе може да се пријавува злоупотреба, а ние соодветно да постапуваме после пријавите.„Ние одлучивме да воведеме специјални таблици во боја, а регистарот паралелно да го работиме во текот на годината. Правилникот го имаме донесено и сега се чека на потпис на министерот за внатрешни работи. Тие специјални таблици бројат околу 6,500 за сите возила на територија на цела Македонија“, вели Томовски.

Македонија | пред 1 година

krediti-za-skoluvanje-denari-1

За СДС буџетот беше начин народните пари да се ставаат во џебови на поединци, реагира ВМРО-ДПМНЕ

„За време на владата предводена од СДС кога на дневен ред ќе дојдеше планирање на државната каса или буџетот, тие размислуваа кај кого ќе завршат народните пари. За време на СДС кога станува збор за буџетот на ум им беа матни тендери или криминал“, реагира ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција на Сања Лукаревска.„За време не СДС се трошеа милиони суми кои никој не знаеше каде завршуваат. За разлика од тоа време сега Владата на ВМРО-ДПМНЕ има јасно проектирана државна каса.За прв пат во историјата предвидени се средства за капитални инвестиции во висина од 50,5 милијарди денари.Во 2025 година според проекциите се очекува раст од 8,1% на бруто-инвестициите, односно истиот ќе биде поттикнат од засилената реализација на големите инфраструктурни проекти, вложувања во патна и железничка инфраструктура, како и инвестиции во енергетиката, земјоделството, здравството и образованието.СДС до пред една година имаше можност да прави буџети, нивната работа доби црвен картон. Сега Владата на ВМРО-ДПМНЕ има историски висока сума за капитални инвестиции за прецизни проекти. Сето ова ќе води кон повисок животен стандард“, се додава во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

lefkov-1

(Видео) Лефков: Владата го зголеми Буџетот за земјоделие, фокус модернизацијата и наводнувањето

„Предлог Буџетот за 2025 година предложен од Владата во делот на МЗШВ е зголемен за 5% во однос на Буџетот од оваа година. Владата со Буџетот за 2025 година става акцент на земјоделието и неговата модернизација. До година преку МЗШВ продолжуваат активностите за рехабилитација и модернизација на системите за наводнување, проширување на постоечките и изградба на нови системи за наводнување“, рече Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.„Во 2025 година се предвидува реализација на инвестиции и проекти од областа на водостопанството, како што се изградба на: брана Конско, изградба на брана на Оризарска Река и ХМС Равен – Речица, Полог.Се предвидува рехабилитација и изградба на четири системи за наводнување во рамки на речниот слив на Вардар ХС Лисиче, ХС Конско, ХС Пепелиште и ХС Јужен Вардар.Со поголема достапност на вода за наводнување до земјоделците, го правиме земјоделското производство поконкурентно и порентабилно.Владата ќе продолжи со исплаќање на заостанатите субвенции од време на СДС во наредниот период, а од до година субвенциите правовремено ќе завршуваат на сметка на земјоделците.Владата на ВМРО-ДПМНЕ работи за подобро земјоделие и враќање на достоинството на земјоделецот“, изјави Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

19112024_MICKOSKI_SINDIKAT-ZDRAVSTVO-2

Мицкоски најави историско понижување на трудот на здравствените работници, реагира СДСМ

„Денеска Христијан Мицкоски објави историско понижување на трудот на здравствените работници! Неговата најава е за минимално односно историски најниско зголемување од 10% во споредба со досегашниот раст на платите“, реагира СДСМ.„Вкупните примања на лекарите специјалисти од 2017 до 2024 година, заедно со дежурства се зголемени меѓу 100-160%. по корекцијата на коефициентите од страна на СДСМ.Основната плата на лекарите специјалисти СДСМ ја зголеми за 40 проценти, на медицинските сестри ја зголемивме помеѓу 20 и 23 проценти, на општите лекари за 25 проценти, на здравствени соработници за 15 проценти. Минатата година во октомври се потпиша и Спогодбата со здравствениот синдикат за ново зголемување на платите на здравствените работници кое требаше да биде над 20% и тоа сега веднаш а не Мицкоски да прави лоша математика.Здравствените работници заслужуваат почит и плати за достоинствен живот.Дали целта на Мицкоски му е да ги избрка да работат по странство или по приватните клиники?Реално а не лажно зголемување е прашање за грижата за здравјето на нашите граѓаните и на целото наше општество но Мицкоски тоа нема капацитет ниту да го разбере ниту пак знаење нешто да преземе“, се додава во реакцијата на СДСМ на изјавата на Христијан Мицкоски.

Македонија | пред 1 година

mickoski-danela

Три години од мандатот, Арсовска наместо да работи во интерес на градот и жителите, како на производна лента менуваше само директори, реагира ВМРО-ДПМНЕ

„Данела Арсовска да се сврти за себе и да види што направи за жителите на Скопје во изминатите три години на чело на градот. И секако штом се сврти назад, Арсовска ќе види дека за цели три години локална власт во Скопје не направи ништо за Скопје и скопјани. Во своите три години власт, Арсовска во неработењето за градот и жителите го надмина и нејзиниот претходник“, реагира ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на Град Скопје.„За цели три години власт го остави градот да се дави во смет и ѓубре. Скопје е толку валкан, што е по нечист град дури и од во времето на Шилегов, кој е синоним за неработење.Јавниот превоз е во ужасна состојба. Граѓаните со часови чекаат на автобуските постојки на овие ниски зимски температури за да им дојде автобус на ЈСП. Кај што нема автобуси, така и тие што ги има Арсовска не ги одржува и постојано се расипуваат. А дел од нив поради нередовното сервисирање, возејќи се запалуваат, така што го загрозуваат животот на патниците и воопшто на сите граѓани.Но, сепак има нешто што на Арсовска и оди и во што е рекордер. За не цели три години од мандатот, како на производна лента смени 30 директори на јавни претпријатија и институции под надлежност на Град Скопје и тројца секретари на градот, кои самата ги постави. А во моментов не се знае дали ни дали Скопје има Генерален секретар.Значи, наместо да работи за подобрување на состојбите во градот, Арсовска три години од нејзиниот мандат добиен од граѓаните се занимавала со лични и персонални праша за раководителите на институциите избрани токму од нејзе.И сето ова покажува дека нејзиното делување е на граница на лудоста што ја загрозува безбедноста и животот на граѓаните“, се додава во реакцијата.

Скопје | пред 1 година

evn-ptici-struen1

СДС го уништи домашното производство на струја, заради нив е потребно да се увезува струја, реагира ВМРО-ДПМНЕ

„СДС го уништи домашното производство на струја, заради нив е потребно да се увезува струја. Да инвестираше СДС во нови производствени капацитети изминативе седум години или да се потрудеше да ги одржува подобро постојните, увозот на струја не би бил толкав“, реагира ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ.„Наместо развој на енергетскиот сектор, АД ЕСМ е затекнато со доспеани и неплатени долгови од 82 милиони евра, нула инвестиции во нови производни капацитети, прекумерно и неплански трошен хидропотенцијал. Потоа, затекната е катастрофална состојба во рудниците во РЕК Битола, без откривка на јаглен, несоодветно направени ремонти или воопшто неизвршени техничко технолошки зафати во пресрет на грејната сезона, увоз на скап и неквалитетен јаглен што предизвика оштетување на термо постројките, сомнежи за злоупотреби при јавните набавки. Ова се само дел од состојбите кои ги создаде СДС со неговото менаџирање во енергетиката. Само декларираните „шампиони во енергетиката“ го доведоа енергетскиот систем пред колапс.Функционерите во СДС, кои го ограбуваа енергетскиот сектор во Македонија, кои сега се кријат зад партиски соопштенија да се подготват за одговорност. Јавноста брзо ќе дознае како оваа партија се однесувала кон државниот имот и зошто домашното производство на електрична енергија никогаш не било во полоша состојба“, се додава во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања