Велковски: Младите заминуваат од државата заради системот, ВМРО-ДПМНЕ ќе изгради функционален систем кој младите ќе го препознаат и истиот ќе им даде сигурност

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
Velkovski

„Најгорливо прашање како да се намали трендот на иселување на младите од државата. Јас би тргнал од демографската политика. Демографијата како целина значи голем проблем кој треба да го решаваме, важно е да се воспостави систем на мерки кои ќе значат прво забавување на темпото на ваквата демографија која ја имаме за жал во моментов. Не само Македонија тоа е слика и на Балканот и во Европа, доколку ги погледнеме статистиките“ , изјави заменик министерот за социјална политика, демографија и млади Ѓоко Велковски на вчерашното гостување на поткастот „ВМРО ДПМНЕ Зборува“.

— реклама —

Велковски додаде дека со низа на мерки и активности може да се подобри ситуацијата. Дополнително истакна дека станува збор за прашање кое со заеднички напор со останатите чинители ќе се направи намалување на трендот на иселување на младите од државата.

„Меѓутоа со сет на мерки и активности сметам дека може да тргнеме кон подобрување на ваквата ситуација. Ако не се превземат сет на мерки нема да зборуваме за детски градинки, ќе зборуваме претпоставувам за домови за стари лица доколку не превземеме одредени чекори. Затоа сме исправени пред предизвикот да ова прашање го отвориме, го разговараме од сите сфери, заедно со останатите министерства која треба дадат предлози и решенија. Заеднички ќе се вложиме како држава со сет на мерки кои се предвидени во програмата“, дециден беше Велковски.

— реклама —

Велковски посочи дека младите не заминуваат од државата заради потребата од средства, туку дека системот е главниот виновник. Истакна дека младите сакаат ред и вреднување на нивниот глас од страна на државата.

„Како би ги спречиле младите да не заминуваат од нашата држава? Младите од Македонија не заминуваат заради средства, заминуваат затоа што во државава немаше систем, немаше квалитет на живот. Не сакаат да чекаат за пасош еден месец, младите сакаат систем, ако е законски 15 дена за тоа време и да го добијат документот. Таква е динамиката на животот, младите сакаат ред и мислам дека од главните причини што заминуваат во светот е затоа што има систем се почитува нивниот глас“, додаде Велковски.

Велковски ја истакна потребата од градење на систем кој ќе им овозможи на младите да имаат доверба во државата. Да се изгради функционален систем кој младите ќе го препознаат и ќе им даде сигурност да се градат и развиваат во нашата држава.

„Треба да го промениме тоа, ќе се направи систем каде ќе се почитуваат сите работи, системот да опстои. Мора да градиме држава на систем, само така Македонија ќе ја видиме успешна и подобра а младите ќе го препознаат тоа и ќе бидат дел од нашата држава“, заклучи Велковски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryr0nm7kal2loidVEYfFw

ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ да престане да го брани Дехари, жртвите да добијат заштита

Македонија | пред 3 месеци

zaev-filipce-1

Дали 90 милиони денари од тендерот за ремонти на Марковски завршиле кај Заев и Филипче, праша Манасиевски

Македонија | пред 3 месеци

zaev-filipce-1

Ако Заев земал куферче со пари од Борисов, сега какво куферче бугарски пари земал Филипче за актуелниот трик наречен црвени линии, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 3 месеци

ck-dpmne

ВМРО-ДПМНЕ: СДС со кривични пријави бега од одговорност и прикрива повици за убиство

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања