Следува трансформација и реформи во здравствениот систем, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
lekari-715x420

„За прв пат после долг период владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ постигна историски договор за зголемување на платите на здравствените работници. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ги санира штетите од владеењето на СДС и ДУИ во здравството и е посветена на подобрување на условите за работа во интерес на сите граѓани“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

„Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е прва Влада во Република Македонија која покажа дека има слух за медицинските работници особено за средниот медицински персонал. Потпишан е анекс на Колективен договор во Здравството.

Владата на ВМРО-ДПМНЕ за еден мандат ќе ги зголеми платите на здравствените работници за над 40 % почнувајќи од ноемвриската плата.

— реклама —

Владата на ВМРО-ДПМНЕ работи напорно за значително да се подобри финансискиот статус на сите вработени во здравствените установи. Следува повисока плата за сите вработени од 2.450 денари до крај на годината. Повисока плата за 3.850 денари за сите медицински сестри до крај на годината.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ се грижи за сите работници а вработените во здравството добиваат покачување на платите од 40 до 50 проценти во следните 4 години.

Покрај зголемувањето за 10 % во 2024 година за плати, следната 2025 во март месец ќе има дополнителни 5 % зголемување, наредната 2026 година зголемувањето ќе е од 5-7 %, истото зголемување од 5-7% ќе биде и во 2027година, а од 7-10 % ќе биде зголемувањето во 2028 година.

Со владата на ВМРО-ДПМНЕ стартува трансформација на здравствениот сектор, следуваат реформи во здравствениот систем, со што граѓаните конечно ќе добијат квалитетни и навремени здравствени услуги“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryr0nm7kal2loidVEYfFw

ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ да престане да го брани Дехари, жртвите да добијат заштита

Македонија | пред 3 месеци

zaev-filipce-1

Дали 90 милиони денари од тендерот за ремонти на Марковски завршиле кај Заев и Филипче, праша Манасиевски

Македонија | пред 3 месеци

zaev-filipce-1

Ако Заев земал куферче со пари од Борисов, сега какво куферче бугарски пари земал Филипче за актуелниот трик наречен црвени линии, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 3 месеци

ck-dpmne

ВМРО-ДПМНЕ: СДС со кривични пријави бега од одговорност и прикрива повици за убиство

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања