„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

(Видео) „2,450 денари поголеми плати за сите во здравството, 3,850 за медицинските сестри“, вели Марков

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
markov

„Владата на ВМРО-ДПМНЕ покажа како треба да се работи за медицинските работници. Потпишаниот Анекс на Колективниот договор во здравството трајно ги решава проблемите на медицинските работници. Вчера владата донесе историска одлука, со која се предвидува повисока плата за сите вработени во здравството со нето износ 2,450 денари. Ова ги опфаќа сите вработени во јавните здравствени установи од технички и среден медицински персонал до лекари и администрација. Особено важно е тоа што средниот медицински персонал или медицинските сестри ќе добијат нето покачување од 3,850 денари“, изјави Петар Марков, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

„Исплатата на овие покачувања кон вработените ќе почне веќе од ноемвриската плата.

— реклама —

Ова покачување на платите во овој сектор е само вовед во демонстрацијата на заложбите и вреднувањето на здравствените работници кое ќе трае во тек на целиот мандат на оваа Влада.

Конечно вработените во здравството нема да се молат за покачување или валоризација на нивната работа, затоа што планот за зголемување за текот на целиот мандат изнесува над 40%.

Имено, со овие покачувања, во 2024-та година средствата за плати во здравството се покачуваат за 10%.

Дополнителни 5% покачување на платите се предвидени за 2025-та година, 5 до 7% за 2026-та година, уште 5 до 7% во 2027 година и 7 до 10% во 2028-та година.

Владата на ВМРО-ДПМНЕ покажува како се работи за здравствените работници и здравството. Парите наместо за матни тендери, сега одат за подобри услови за вработените и пациентите“, кажа Петар Марков, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryr0nm7kal2loidVEYfFw

ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ да престане да го брани Дехари, жртвите да добијат заштита

Македонија | пред 2 месеци

zaev-filipce-1

Дали 90 милиони денари од тендерот за ремонти на Марковски завршиле кај Заев и Филипче, праша Манасиевски

Македонија | пред 3 месеци

zaev-filipce-1

Ако Заев земал куферче со пари од Борисов, сега какво куферче бугарски пари земал Филипче за актуелниот трик наречен црвени линии, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 3 месеци

ck-dpmne

ВМРО-ДПМНЕ: СДС со кривични пријави бега од одговорност и прикрива повици за убиство

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања