ДПМНЕ

Mile-L

(Видео) Аврамовска Мадиќ која ги осмисли измените во Кривичниот законик за амнестија на криминалците од СДС и ДУИ не може да е ново лице во СДС, вели Лефков

„Викторија Аврамовска Мадиќ која ги осмисли измените во Кривичниот законик за амнестија на криминалците од СДС и ДУИ не може да е ново лице во СДС. Поголем доказ дека СДС е управувана од 40 те потрчковци на Зоран Заев од ставањето на Аврамовска Мадиќ во раководството на неврохирургот на Заев, Филипче во СДС нема“, вели Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.„Аврамовска Мадиќ е таа која како заменик министер за Правда ги осмислила и ги однела во влада измемите на Кривичниот законик за укинување на повеќе делови во делот на Злоупотреба на службената положба.Аврамовска Мадиќ тогаш во одговор на новинарско прашање кажа:„А што ве интересира точно вас? Кој ги напиша? Еве јас ќе ви кажам дека измените се подготвија во Влада од страна на трите коалициски партнери СДСМ, ДУИ и Алијанса за Албанците. Ние како министерство сме предлагач на законот, а ако ве интересира кој ги искуца измените – еве ќе ви кажам дактилографката од мојот кабинет по мој налог“.Аврановска Мадиќ е горд извршител на Заев и негов потрчко.Аврамовска Мадиќ е поставена во ЦО на СДС и понатаму да одработува за Заев и неговите луѓе.Со потрчковците на Заев СДС не може да се помрдне од место“, соопшти Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

VenkoFilipceSDSM

Цел ЦК на неврохирургот на Заев, Филипче е во државна администрација, вклучително и самиот Венко, реагира ВМРО-ДПМНЕ

„СДС, која под водство на Зоран Заев се претвори во клановска дружина, сега има дрскост да зборува за стандарди. Партијата која ја зароби државата со корупција и непотизам, сега се обидува да ни држи лекции за морал и етика. Наместо да се соочат со сопствените неуспеси и да понудат решенија, тие продолжуваат со празни зборови и обвинувања“, реагира ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ.„Цел ЦК на неврохирургот на Заев, Филипче работи во државна администрација, вклучително и самиот Венко. Дали тоа не е партизација која СДС ја направи?СДС ја измисли партизацијата, преку роднините на Љупчо Николовски, Благој Бочварски и други кои ја наполнија државната администрација.7 години клуч за вработување во државна администрација беше партиската книшка на СДС и роднинските врски со некој функционер. Сега тоа се смени, и СДС не може да вработува по партиски клуч, администрацијата е достапна за сите граѓани.СДС се лицемерни, затоа што ја користеа власта за целосно запоседнување на институциите, а сега инсинуираат.Граѓаните веќе ја препознаа нивната неспособност и ги казнија на изборите.Време е СДС да престане со манипулации и да се повлече од политичката сцена, оставајќи простор за оние кои навистина се грижат за доброто на државата“, се додава во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 1 година

nikoloski-kosovo-1

Николоски: Невозможно е да се комуницира со Бугарија за отворените прашања, техничката влада нема легитимитет да преговара

Македонија ги промовира своите позиции - уставни измени со одложено дејство пред земји кои се главни играчи на европската политичка сцена и тоа е многу важно за нас, истакна заменик претседателот на владата и министер за транспорт Александар Николоски, во интервјуто во Дневникот на ТВ Сител.Како што нагласи министерот, поважно е Македонија да ги одбрани своите аргументи пред клучните земји од Западна Европа, додека преговорите со Бугарија се невозможни во услови кога во земјата има влада која нема легимитет да преговара, бидејќи не е избрана од народот.„По мене поважен е квалитетот на држави отколку бројката. За мене најзначајна средба е средбата на премиерот Христијан Мицкоски со претседателот на Франција Емануел Макрон, од причина што Франција е играч број еден во ЕУ, а Макрон е лидер во ЕУ со најголем легитимитет, чиста победа на претседателските избори и влада со која соработува. Германија допрва влегува во избори и таму ќе има промени, така што ако успееме добро да сработиме со Фрација и со неколку други земји од Западна Европа, мислам дека нашите аргументи лесно ќе бидат примени. Ако ЕУ сака да почне преговори, Македонија ќе почне преговори затоа што ние немаме проблем со најсилната земја членка на ЕУ, туку со втората најслаба земја во ЕУ“, рече вицепремиерот Николоски и додаде:„За жал Бугарија седум изборни циклуси не може да избере Влада и како што стојат сега работите веројатнo ќе одат и на нови осми избори во март следната година и тоа прави невозможо да се има солидна комуникација. Во моментов таму има техничка влада, тие се луѓе кои што никој не ги избрал на избори. Јас еднаш реков дека се политички маргиналци, па ми се налутија, но тоа е реално бидејќи тие не излегле на избори. Многу е тешко од една стрaна да има влада со буквално двотретинско мнозинство во Парламентот со огромен изборен легитимитет, а од друга страна имате влада што не претставува никого. И во такви услови е многу тешко да се води било каква форма на дијалог бидејќи другата страна не може да превзме обврски. И Радев не може да преземе обврски бидејќи тој е претседател и без разлика колку е тој популарен, не може тие политики да ги испорача. Не е пријатно да имаме сосед кој четврта година по ред не може да избере Влада“, истакна вицепремиерот Николоски во Дневникот на ТВ Сител.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Стојаноски: Владата предводена од ВМРО ДПМНЕ постигна историски договор со најниска каматна стапка за стопанството

Во вчерашната емисија „Само вистина“ на Канал 5 телевизија, гостуваше пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски кој зборуваше за актуелни политички и економски теми и фокусот го стави на унгарскиот кредит и дека најголем дел од банките ќе се вклучат во овој проект.Стојаноски образложи со колкава сума на пари ќе располага фанансискиот пакет и за која намена ќе се искористи таа сума, додавајќи дека ќе биде од помош и за општините и за стопанството, по што дополни дека најбитно од сето тоа се најповолните услови.„Прво се работи за финансиски пакет. Ова е еден редок пакет кој што нема да го контролира Владата, туку веднаш како ќе биде стигнат, ќе биде проследен до тие кои што треба да го користат. Тоа се 250 милиони евра за да се финансираат проекти од општините и сме објасниле неколку пати зошто е тоа така, а вториот е 250 милиони за помош на стопанството. Тогаш ние кажавме дека стопанството ќе може да го користи во договор со коморите и со банките на најповолни можни услови и ете успеавме“, изјави Стојаноски .Во оваа емисија пратеникот Стојаноски истакна дека каматата за унгарскиот кредит нема да ја плаќаат граѓаните, како што шпекулираат од опозицијата и дека е постигнат историски договор со рекордно најниска каматна стапка.„Лажеа дека каматата ќе ја плаќаат граѓаните. Ете нема да ја плаќаат граѓаните, ние ќе си ја плаќаме кон кредитот кој што сме го повлекле како држава. Каматата која што ќе ја плаќаат претпријатијата ќе биде рекордно ниска, 1,95%“, рече Стојаноски.

Македонија | пред 1 година

lefkov1

(Видео) Аврамовска Мадиќ е специјалист за матни тендери, додека беше секретар во Град Скопје, градот набави противпожарна скала од зет и за 900.000 евра поскапо од Загреб, вели Лефков

„Викторија Аврамовска Мадиќ не може да биде ново лице на СДС, таа е специјалист за матни тендери. Аврамовска Мадиќ, која неврохирургот на Заев, Филипче ја постави во ЦО, специјализираше на набавката на противпожарна скала од 1.7 милиони евра во време кога беше секретар во Град Скопје“, рече Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.„Тендерот за противпожарна скала го доби фирмата на зетот на Аврамовска Мадиќ, а Град Скопје од буџетот тоа го чинеше 1.7 милиони евра, односно 900.000 евра повеќе отколку во Загреб, каде тамошната градска управа набавила исто таква скала.И не е само скалата од 1.7 милиони евра. Фирмата на зетот на Аврамовска Мадиќ во време на СДС доби тендери од над 4 милиони евра и тоа најмногу од Министерството за одбрана, МЕПСО, АД ГА МА, Дирекцијата за заштита и спасување, Град Скопје и многу други институции.Во време додека Аврамовска Мадиќ била државен функционер, фирмата на нејзиниот зет нижела тендер по тендер.Аврамовска Мадиќ никако не може да биде ново лице во СДС и во политиката, туку само потрчко на Заев и неговиот неврохирург Филипче“, изјави Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

BRANE

Петрушевски: Провокациите и насилството се алатки на Левица за да биде видлива

На вчерашното гостување на 24 Телевизија во емисијата „Анализа 24” присуствуваше пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски кој се осврна на новоизбраното раководство на СДСМ и го образложи назначувањето на новата заменик претседателка на СДСМ, Фани Каранфилова Пановска.„Ако се погледне изворот на нивното централно раководство таму се сите личности коишто изминатиов период биле носители на високи функции на владите на СДСМ што довело до најголемиот историски дебакл на СДСМ со најслаб резултат и логично да се претпостави дека таквите луѓе не можат да донесат ништо ново во СДСМ. И од втора перспектива премиерот секогаш зборува за обединување и за конструктивна опозиција така што колку и да е од партиска гледна точка, како ВМРО-ДПМНЕ ни одговара едно вакво СДСМ, слабо СДСМ без идејно сепак тоа не е добро за државата и од таа перспектива и премиерот Мицкоски е разочаран што во СДСМ не може да препознаеме достоен соработник за претстојните предизвици низ коишто треба да помине Република Македонија“, рече Петрушевски.Во врска со инцидентот којшто се случи во Собранието помеѓу пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и Левица Петрушевски објасни:„Оваа ситуација се случува за прв пат затоа што за прв пат ја имаме оваа алатка за опозициски прашања и веднаш ја антиципираме она што Левица нонстоп сака да го прави а тоа е театар и циркус во Собранието затоа што токму Крмов е потписник на едно писмо за најава на поставување на пратенички прашања односно согласно деловникот секоја пратеничка група од опозиција до претседателот најавува кој пратеник ќе постави прашање и кому тоа прашање ќе биде упатено со цел да може да се обезбеди присуство на тие министри кон кои се поставуваат прашањата“, објасни Петрушевски.Петрушевски го објасни процесот за поставување прашања и нагласи дека суштината и целта на Левица била секогаш интриги и позадина а никогаш суштина.„Што направи Левица како и секогаш интриги и позадина никогаш суштина најпрво го сменија редоследот на оние коишто требаше да поставуваат. Процедурално излезе нашиот координатор за да укаже дека е во ред тука е премиерот ќе одговори на ова ваше прашање меѓутоа за во иднина да воспоставиме принципи врз коишто ќе работиме ако е најавено прашање до одреден функционер да го поставуваме тоа прашање а не да поставуваме кон други. Ако се поминеше ова така, неприметно ќе се воспостави пракса во којашто тие утре ќе поставуваат прашања до еден министер а ќе излегуваат и ќе поставуваат прашања до друг министер којшто нема да е моментално во салата па ќе правеа циркуси, тензии. Провокациите, насилството се единствен начин на Левица да биде видлива, од нив конструктивен предлог или идеја за некаков проблем да се реши не може да најде“ рече Петрушевски.

Македонија | пред 1 година

karanfilova-panovska-1

„Каранфилова Пановска работеше да го донесе Заев на власт, кој на Македонија и ги направи најголемите национални предавства“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Со партиската игранка од пред некој ден, СДС само потврди дека со неа сè уште раководи Зоран Заев. Заев ја води СДС преку неговиот неврохирург, Венко Филипче, кој е негова продолжена рака и преку избраните 40 потрчковци“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.„Неврохирургот на Заев, Филипче, на кој живи му изгореа 14 луѓе во модуларната болница во Тетово и кој без трошка срам и грижа на совест не понесе никаква одговорност, сега се продава како ново лице во политичката сцена.Но секако, освен неговите 40 потрчковци желни за власт и позиции, никој друг не им верува, дури ни нивните членови, а најмалку македонските граѓани.Неврохирургот на Заев, Венко Филипче освен што нема никаква грижа на совест и чувство за одговорност, очигледно е опериран и од срам, па така на партиската игранка за негова заменичка ја избрал поранешната претседателка на Сорос во Македонија.За Фани Каранфилова Пановска, неврохирургот на Заев, Филипче рече дека во себе ги имала социјалдемократските вредности, а истата таа во Сорос земала плата од 3.400 евра.Од јавно достапните информации од Фондацијата Сорос Македонија, можеме да видиме дека за 2014-та година земала бруто во износ од 2.030,118 денари. А на просечен македонски граѓанин, па и чесен член на СДС им треба пет години да работи за да стигне до оваа баснословна сума која, Каранфилова Пановска ја земала во една година.Како со ваквите астрономски месечни хонорари и скапи журки по елитни хотели во Дубаи, неврохирургот на Заев, Филипче и потрчкото Каранфилова Пановска ќе им објаснат на јавноста дека се грижат за потребите на граѓаните и дека ќе креираат политики за доброто на државата.Освен ова, Каранфилова Пановска не може да биде ново лице, затоа што таа е дел од луѓето коишто работеа да го донесат Зоран Заев на власт, кој пак е причината за катастрофалниот пад на СДС, но и за назадувањето на Македонија.Каранфилова Пановска е уште една продолжена рака на Заев во СДС и дел од 40-те потрчковци на чело со неговиот неврохирург, Венко Филипче.Сите лица во сегашното раководство на СДС се продолжение на партијата од периодот на владеење на Заев, кога на Македонија и донесе многу национални порази. Во СДС ништо не е сменето, а најмалку Заев“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

Bojan

Стојаноски: СДС претставува дефиниција за машина која произведува мизерија и единствено што остави на државата е долг на идни поколенија

„Водите опозициони политики исто како што водевте политики кога бевте на власт. Со лажење и манипулирање, но заборавате една важна работа а тоа е дека на лагата и се кратки нозете. Не сум загрижен за тоа што вие како партија го правите, бидејќи мора нешто да направите соочени сте прво со историски пораз, а потоа со неуспеси во вашите политики“ , изјави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојаноски на денешната Комисија за финансии и буџет, на амандманската расправа за Предлог-буџетот за 2025 година.Стојаноски јасно истакна дека СДС мора да научат да се насочат кон реал политика и да не шират дезинформации. Дополнително додаде дека бедна е нивната намера да се обидуваат да го манипулираат народот со лаги кои постојано им се рушат.„Но мене она што ми пречи е што тие лаги кои ги кажувате имаат последици во општеството. Политичарите треба да се научат дека кога креираат политика и кога се во политички партии треба да бидат сериозни и не треба да креираат политики коишто се базираат на лаги“ , додаде Стојаноски.Стојаноски посочи дека СДС единствено што остави е долг на идни поколенија исто така јасно даде до знаење дека СДС нема кредибилитет да нуди политики. Затоа што СДС претставува дефиниција за машина која произведува мизерија.„Знаете кој ќе враќа три поколенија пари? Ќе ги враќа Владата на ВМРО-ДПМНЕ, тие коишто ги зема СДС, коишто ги испокраде.Политика се води кога е човек е сериозен, економија се креира без вакви евтини лаги коишто треба да купат одреден ден или да тераме политика купи-ден продај. За ваше добро е да бидете посериозни кога ги општите овие работи во јавност затоа што е смешно. Во иднина посериозно гледајте на овие суштински работи“, дециден беше Стојаноски.

Македонија | пред 1 година

Mile-Lefkov-25.11

(Видео) Фани Каранфилова од Сорос со над 2 милиони годишна плата не може да биде ново лице во СДС, таа е потрчко на Заев, вели Лефков

„СДС вчера со партиски Конгрес потврди дека партијата ја води Зоран Заев, преку неговиот неврохирург Венко Филипче и 40-те потрчковци“, рече Миле Лефков пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.„Венко Филипче е во сенка на Заев. Филипче беше министер за здравство, во чие време се случи катастрофата во Тетово, каде луѓе живи изгореа во модуларната болница, а тој не понесе одговорност. По тој настан секој човек со грам одговорност засекогаш ќе се повлечеше од функцијата, но не и Филипче.Истиот тој Филипче, неврохирургот на Заев, кој очигледно е опериран од срам и доблест, вчера за заменик претседател ја назначи Фани Каранфилова Пановска, поранешен претседател на Сорос Македонија.Фани Каранфилова Пановска за која неврохирургот на Заев, Филипче кажа дека ги има во себе социјалдемократските вредности во Сорос имала месечни примања од 3.400 евра. Толку треба да знаеме за социјадемократијата на Каранфилова Пановска.Според јавно достапните информации од Фондацијата Сорос Македонија за 2014-та година земала бруто во износ од 2.030,118 денари.Тоа за кое што народот работи 5 години, Каранфилова Пановска го заработува за 1 година.Каранфилова Пановска е дел од луѓето кои се бореа Зоран Заев да дојде на власт уште во 2017 година, преку таканаречената Шарена револуција од 2014 и 2015 година.Каранфилова Пановска не е никакво ново лице на СДС, таа е дел од 40-те потрчковци на неврохиругот на Заев, Филипче.Со Венко Филипче и Фани Каранфилова Пановска СДС е само продолжение на партијата која ја водеше Заев, која донесе многу порази за Македонија, криминал и стагнација“, изјави Миле Лефков пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

kuzmanoska1-biljana

Социјалната заштита има најголем удел во распределбата на буџетски средства за 2025, рече Кузманоска

Социјалната заштита има најголем удел во распределбата на буџетски средства за 2025, и тоа за цели 16,5 милијарди денари повеќе, во однос на 2024-та. Јасен индикатор дека ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата која ја предводи се грижи за најранливите граѓани, за оние на кои најмногу им е потребно, рече Биљана Кузманоска, пратеник на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.„Се грижиме за најмладите. Со буџетот за идната година, на Министерството за социјална политика, демографија и млади, средствата за програмата „Детска заштита“ ќе им се зголеми за 17%, односно 460 милиони денари повеќе за нови проекти. Додека пак ставката 482, наречена „Други градежни објекти“ има зголемување за фрапантни 1570%.Ова значи дека Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе гради нови градинки. Ова значи дека се грижиме за семејствата.Се грижиме и за највозрасните преку проектирање на зголемена ставка за пензии од дури 16,6 проценти. Во денари, тоа е предвидено зголемување за дури 15 милијарди повеќе од годинава.Наредната година и пензионерите ќе го добијат ветеното зголемување на пензиите во износ од 2500 денари и заедно со претходното во октомври, 338.000 пензионери ќе добијат историски највисоко покачување од вкупно 5000 денари. Со ова, минималните пензии ќе се зголемат за 36%, а просечната пензија за цели 25%.Се грижиме и за болните, за лицата со инвалидитет, како и за сите оние кои имаат потреба од социјална заштита, со досега рекордни средства за поддршка од државниот буџет“, изјави Биљана Кузманоска, пратеник на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 1 година

filipce-spasovski

40 потрчковци и неврохирургот на Заев, Филипче не можат да донесат ништо ново и добро ни во СДС, ниту во Македонија, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Венко Филипче не е ново лице на македонската политичка сцена. Венко Филипче е стар и истрошен лик, облечен во ново руво, наречено претседател на СДС. Филипче е лице кое што на македонската политичка сцена беше активен во СДС и во водењето на државата во најтемните, најсрамните и најтешките периоди на Македонија“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.„Тој е човекот на кого како министер за здравство во модуларната болница во Тетово живи му изгореа 14 луѓе, кои во болница дошле со надеж да оздрават и за што не понесе никаква одговорност.Филипче не понесе одговорност дури ни за високата смртност од корона вирусот, по што Македонија на стави на врвот на светските и европски листи.Филипче е потрчко и продолжена рака на неговиот другар Зоран Заев со кој, за заедно да лумпуваат на приватни и скапи журки по елитни хотели, одат дури во далечниот Дубаи.Филипче, кој е неврохирург на Заев не може да внесе свежина ниту во СДС, а најмалку на политичката сцена во Македонија.Тоа се гледа и во составот на неговото избрано раководство, каде во нивниот Централен одбор, има се само не нови ликови. Немањето визија и кадри за учество во новото раководство се гледа и по изборот на Фани Каранфилова Пановска за неговиот заменик, која е поранешна директорка на Отворено општество Сорос и која ја интересираат само високите хонорарци.Во ЦО има лица кои што биле на високи партиски и државни позиции, случајно или не, во периодот кога со партијата раководел неговиот ментор и духовен водач, Зоран Заев.На листата на членови има Централниот одбор има поранешни пратеници, градоначалници, директори, министри, заменици министри, поранешни и сегашни претседатели на општинските партиски организации и сите од периодот на владеење на Заев.Така да, Венко Филипче, неврохирургот на Заев и неговите избрани 40 потрчковски, не можат да донесат ништо ново ниту добро, како ни за СДС така ни за Македонија“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

814680-vnimavajte-evn-isprati-visoki-smetki-za-struja-1024x696-1

Поради криминалното и недомаќинско работење во енергетскиот сектор, граѓаните плаќаат скапа електрична енергија, вели ВМРО-ДПМНЕ

„Нема област во која во владеење на СДС и ДУИ не преовладувал нивниот бизнис интерес, на место интересот на државата и граѓаните“, вели вели ВМРО-ДПМНЕ и додава:Како и се што уништија во државата, СДС и ДУИ за свои лукративни интереси го девалвираа и уништија и енергетскиот сектор.Поради нивите бизнис интереси со цел големи профити, направија граѓаните да плаќаат поскапа електрична енергија.Поскапата струја која што ја плаќаат граѓаните, како и финансиските проблеми на некогаш најпрофитабилното македонско претпријатие, ЕСМ е последица на седум годишното криминалното и недомаќинско работење на кадрите на СДС и ДУИ.Дека тоа е така може да се споредат сумите во различни периоди. На пример, во 2017 година кога со ЕСМ раководеше премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски просечната цена за еден мегават час електрична енергија беше 33 евра, а сега истата изнесува 133 евра за мегават-час.Освен ова, во периодот кога премиерот Мицкоски управувал со ЕСМ, производната цена за електрична енергија се намалила за 25% во однос на претходната.Ова само покажува одговорно и домаќинско работење, што не е случај со изминатото седумгодишно раководство кое мислело на само на свои бизнис и лукративни интереси.И со секоја следна година од доаѓањето на власт на СДС и ДУИ, цената на произведената електрична енергија по мегават-час постојано растеше, за годинава да достигне рекордни 133 евра.Една од причините за енормниот раст на цената на струјата е не ископот на јаглен и скапо увезениот. И тоа најверојатно се направило за да се им овозможи на одредени компании блиски до СДС и ДУИ, да увезуваат јаглен и со тоа да остварат големи профити.Бизнис интересот и лакомоста за големи профити на СДС и ДУИ ги плаќаме сите ние, преку поскапа цена на струјата.Можеби ќе треба време за да се намали цената на струјата, но преку посветено, одговорно и домаќинско работење на новото раководство на ЕСМ тоа ќе се постигне.Набрзо од денес енергетскиот систем во Македонија ќе биде целосно консолидиран и вратен во нормална состојба, што ќе доведе и до пониски цени на електричната енергија.

Македонија | пред 1 година

levica-dpmne

Мојсоска: Извинете што во партијата ви труе на криминалци, багабонти и предавници

Пратеничката од Левица, Јована Мојсоска одговори на „лицемерието од Пешевска од ДПМНЕ“ која побара извинување од пратениците од Левица за вчерашното случување во Собранието.Во продолжение – целата фејсбук објава на пратеничката Мојсоска:„Колешката Жаклина Пешевска барала извинување, затоа што во нивната арогантна уфилманост - само нивните мајки и сестри се битни. Впрочем, како што и 30 години ги третираат како граѓани од втор ред сите оние кои не се партиски подлизурковци на нивната партија! Еве, јас ќе ѝ се извинам на колешката.Извинете што бедни крадачи на вода како Зоранчо Јованчев добиваат пратенички функции.Извинете што вашите уфилмани пратеници како Јованчев си градат дивоградби затоа што партијата ги штити.Извинете што лик како Јованчев си ја има вработено пола фамилија во Кавадарци и тоа му е единствен "придонес" за државата.Извинете што Зоранчо Јованчев стана познат единствено како пцујач во Собранието, затоа што во два мандати како пратеник одвај 10 пати излегол на говорницаИзвинете што во партијата ви смрди и труе на криминалци, багабонти и предавници.И за крај, извинете што дојдоа нова генерација во Македонија која не ви се плаши (како што сте навикнати да владеете) и генерација која нема да ги толерира вашите простачки дивјаци да ги пцујат нашите фамилии. И извинете што нашите фамилии, другари и кауза сме спремни бескомпромисно да ги браниме - нешто што вие никогаш нема да го научите!“

Македонија | пред 1 година

zaklina

(Видео) Пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ бара извинување од Левица: И вие сте нечии синови, сопрузи, татковци, момчиња, внимавајте што ви излегува од уста

„На недоличните зборови упатени кон жени, сестри, мајки не им е местото во Собрание. Некултурно и девијантно однесување не смее да се толерира на ниедно место, а најмалку во законодавниот дом“, рече Жаклина Пешевска, пратеник и претседателка на Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ.„Собранието е место кадешто демократски се дебатира, а не е место за удирање со чевли по говорница или пак за упатување недолични зборови кон жените.Барам јавно извинување од колегите од Левица за вчерашното однесување и за зборовите изустени и упатени кон нечија мајка, сопруга, ќерка, девојка.Колеги од Левица, и вие сте нечии синови, сопрузи, татковци, момчиња, внимавајте што ви излегува од уста!Тоа најмногу говори за вас. Срамота!“, изјави Жаклина Пешевска, пратеник и претседателка на Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Со буџетот за 2025 година полициските службеници ќе добијат покачување на платите, реагира ВМРО-ДПМНЕ

„Сите припадници на Министерството за внатрешни работи ќе добијат покачување на платите. Како сектор кој што е до суштинско значење за мирот и безбедноста на државата, со буџетот за 2025 година предвидени се средства за покачување на платите на полицајците во износ од минимум 10%“, реагира ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ.„Исто така, со цел да се направи ефикасна полициска управа која што ќе одговара на потребите на граѓаните, предвидено е зголемувања од 240% на финансиските средства за реформи и модернизација на МВР.ВМРО-ДПМНЕ на власт е посветена во МВР, како и во останатите сектори, да спроведе сериозни реформи и инвестиции со цел враќање на довербата на граѓаните во институции и достоинството на државните службеници, вклучително и полициските службеници.Каде беше Оливер Спасовски скоро девет години министер за внатрешни работи, па да барал покачување на платите на полициските службеници и за нив да обезбеди достојни услови за работа!?СДС ако беа навистина загрижени за припадниците на МВР, пред пет месеци кога беа на власт, ќе предвидеа и најдеа средства за исплата и зголемување на нивните плати.Наместо тоа, СДС со Спасовски на чело на МВР ги деградираа полициските службеници. Во нивно време министерството го ставија во служба и заштита на криминалните групи и го претворија во центар во кој белосвестки криминалци слободно можеа да извадат македонски пасоши“, се додава во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања