ДПМНЕ

Dafina

Стојаноска: Дојде време оние кои противзаконски постапуваа сега ќе треба да одговараат

„Во оваа држава дојде време кога за оние кои противзаконски постапија сега ќе треба да се одговара и на ДУИ сега им е чудно што Уставен суд треба да донесе одлука“, истакна пратеничката и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Дафина Стојаноска во гостување во емисијата „На кавга со Иван“ на Канал 5 телевизија.Стојаноска продолжи и додаде:„Премиерот кажа дека се е под контрола и нема да се дозволи ништо што е спротивно на закон. Доколку тие кампуваат и останат до среда и не прават никакви останати проблеми нека стојат. Се додека се зборува за мирно протестирање секој има право, тоа е уставно загарантирано право“, кажа Стојаноска.Стојаноска посочи дека тие луѓе кои правеле парадокси, кршеле закони, сега треба да почитуваат одлука на Уставен суд.„Едноставно тие треба да се соочат со тоа дека во оваа држава дојде време за се што е постапено противзаконски да треба сега да одговараат“, вели Стојаноска.

Македонија | пред 1 година

lefkov-ddf

(Видео) Лефков: Филипче не се откажува од Заев, ниту корупцијата и политичките унапредувања во судството и обвинителството од него, а констатирани од меѓународните партнери

„Филипче не се откажува од Заев, ниту од хибридниот режим во кој беше претворена државата со него. Според „Економист", Македонија беше окарактеризирана како хибриден режим и тоа според индексот на „Економист" токму кога Зоран Заев беше премиер. Македонија стана хибриден режим заради криминалот и корупцијата на Заев“, рече Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.„Филипче со неоткажувањето од Заев, не се откажува ниту од негативната слика која тој ја остави за државата во светот.Заради Заев, Македонците беа рангирани како најнесреќни луѓе во Европа. За Филипче очигледно тоа е добро.Со неоткажувањето од Заев, Филипче не се откажува ниту од сериозната владина корупција, ниту од политичките унапредувања во судството и обвинителството, за кои пишуваше Стејт Департментот во неговите Извештаи во време на Заев.Венко Филипче не се откажува од Заев, а со тоа ниту од неговиот криминал, корупција и срамот кој и го приреди на државата кај стигна. Венко Филипче сака да стане нов Заев, затоа не се откажува од него“, изјави Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-12-06-123827

Чупеска ја добила најдолната задача да го брани неодбранливото, да биде адвокат на судско политичката и бизнис мафија која ја уништи Македонија, реагира ВМРО-ДПМНЕ

„Ново назначената потпретседателка на СДС, Ана Чупеска која како универзитетски професор треба да биде коректив и да дава конструктивни и издржани насоки за подобрување на општествените состојби, a таа се стави во функција на пропаднатата партија“, реагира ВМРО-ДПМНЕ на ставовите на Ана Чупеска.„Чупеска и останатите во СДС треба да знаат дека партијата не можат да ја вратат во живот со штури напади и излитени и веќе слушнати фрази кон власта.Чупеска и останатите потрчковци на Зоран Заев во СДС, треба да знаат дека партијата е таму каде што е, поради практикувањето на власта на старо-новите партиски челници и доведување на Македонија подредена состојба и во економски, општествен и морален хаос.Чупеска се става во одбрана на неодбранливите политики на владеењето на СДС кои ја уништија и деградираа државата и институциите.Кој ќе и верува на Ана Чупеска дека ќе работи и ќе придонесе за општото добро, кога како ново поставена потпретседателка на СДС се стави во функција на одбрана на судско политичката и бизнис мафија на чие чело се кланот на Заеви.Политиките и седум годишното владеење на СДС, кое што Чупеска го брани и промовира, од државата расели стотици илјади македонски граѓани.Како Чупеска ќе излезе пред граѓаните, а и пред чесните членови на СДС, да ја бара довербата и да нуди решенија за подобрување на состојбите кога таа, сега брани уништено судство со 2% доверба?Штета е што, како универзитетски професор, Ана Чупеска ја добила најдолната задача да го брани неодбранливото и со тоа да се стави во одбрана, како адвокат на судско политичката и бизнис мафија која ја уништи Македонија“, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ во својата реакција.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Томовски: Граѓаните ќе можат да ги следат можните злоупотреби на службени возила, посакуваните ефекти на Владата се етичко и отчетно работење на функционерите и институциите

„Ќе ги повикаме на одговорност, бидејќи ние одговараме само пред народот. Така, ако сме посегнале да менуваме закони и да воспоставуваме некаков ред треба сите од нас поединечно да ги почитуваме тие закони“, изјави во својот воведен говор директорот на Службата за општи и заеднички работи на Владата, Ивица Томовски на вечерашното гостување на телевизија МРТ1 во емисијата „360 Степени“.Томовски истакна дека една од главните пораки која сака да се испрати со промена на таблички на возилата во државна и општинска сопственост е да престане злоупотребата на истите за свои лични цели, како што беше пракса во минатото од одредени функционери.„Во координација со сите членови на работната група, утврдивме да одиме со позадина на црвена боја и букви и бројки со жолта боја. Се одлучивме за овие бои затоа што се помаркантни и нема да може да се одбегнува од јавноста, така што сметам дека и бојата е соодветна“, дециден беше Томовски.Томовски посочи дека она што е клучно е и самата јавност да може да врши мониторинг, притоа јасно истакна дека доколку постои злоупотреба ќе следува одговорност.„Поентата е и јавноста да биде надзор. Каде, кога и за што се возат службени возила. Сакаме да отвориме телефонски линии и маил, каде што граѓаните ќе може да пријавуваат злоупотреба на тие возила и да се даде насока на сите институции каде ќе се затекне злоупотреба да постапат соодветно. Дали тоа ќе биде дисциплинска или ред други работи кои произлегуваат од прекршување, односно злоупотреба и на тој начин со законски измени да може да се утврди и казна за злоупотребата“, заклучи Томовски.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-12-05-090311

ВМРО-ДПМНЕ: Во СДС се е „како и до сега“, присуството на Филипче на политичката мапа е стратегија за опстојување на кланот Заеви

„Заев го избра Филипче за да ги стави под закрила и под тепих сите криминали кои ги направи изминатите години. Заев го избра Венко Филипче за да му чува место во партија, за да може слободно да му течат бизнисите и зделките дури и по цена на слабеење на партијата и продлабочување на распадот на партијата, до ниво на самоуништување“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.„Заев го избра Филипче и за да ја избегне одговорноста за сите скандали афери и криминални дејствија во изминатите 7 години, за да може кланот Заеви слободно да продолжи да функционира.Во СДС ништо не се менува, во СДС се е „како и до сега“. И додека Филипче се обидува да наметне авторитет и да се факторизира со непознати личности за јавноста во „новото“ раководство и личности кои се на клучни позиции, а немаат ниту ден партиски стаж, во позадина се всушност верните слуги на Заев.Филипче неврохирургот и потрчко на Заев не се дистанцира од Заев а со тоа не се дистанцира и со политичката траекторија која ја исцрта Заев, а ја донесе Македонија на дното и економски и политички. Со тоа Филипче не се дистанцира од предавствата, аферите, скандалите и криминалите како тие во РЕК Битола и ЕСМ.СДС е во идеолошка криза, а тимот на Филипче е континуитет на политиките на Заев и за тоа се свесни и членовите на СДС, а очигледно е со кадровската криза и проблемите со екипирањето во СДС.Под превезот нови лица кои ги продаваат за јавноста а кои не ги познава партиската структура и членовите, Заев и Филипче го користат НВО секторот како инструмент за продолжување на скриените агенди а всушност се нивни блиски соработници уште од шарената револуција и нивни верни слуги“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

filipce34

ВМРО-ДПМНЕ реагира: Филипче треба да знае дека ниту Заев, ниту лидерска средба нема да го направи лидер на опозиција

„СДС по изборите на 8 мај кога граѓаните им дадоа црвен картон, наместо да наоѓа начин за консолидирање, бара начин за факторизирање на општествената и политичката сцена, без работа на терен“, реагира ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ.„СДС комплетно се лаже дека барањето за лидерска средба, ќе го направи Филипче лидер.Филипче треба да знае дека ниту Заев, ниту лидерска средба нема да го направи лидер на опозиција.Филипче најдобро да си излезе на терен и да се соочи со реалната ситуација, а тоа е негативното мислењето на народот за нив.СДС ако толку многу сакаат да зборуваат за некоја тема, слободно можат тоа да го направат во парламентот, ама со оглед на тоа што немаат што да кажат апсурдно повикуваат на лидерска средба преку медиумите, се со цел да се факторизираат.На сите им е јасно дека СДС е на колена, дека е партија без кредибилитет, која се занимава само со криминални политики, и која направи грабеж и банкротирање на државата“, се додава во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

oliver

СДС и Спасовски цели 8 години не успеаја да се справат со криминалните банди во Македонија, заврши времето на „како до сега“, реагира ВМРО-ДПМНЕ

„СДС цели 8 години како власт во Македонија и Спасовски како министер, не успеаја да се справат со владеењето на криминалот. Поточно, работеа врз база на тоа како до сега, односно по насоки од Мала Речица“, реагира ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Мартин Костовски од СДСМ.„Да не заборавиме, Спасовски и СДС се единица мерка за криминал. Спасовски и СДС беа оние кои што даваа пасоши на белосветски криминалци. Спасовски и СДС го направија главниот град да биде едно криминално подземје, со кое управуваа криминалните банди од Грчец, Ченто и Арачиново.Да не заборавиме, дека во времето на Спасовски и СДС, полицајци се пукаа едни кон други кај Александар Палас. Спасовски и СДС ја убедуваа јавноста дека полицаец се има удрено во пајак возило, само затоа што возилото било на лице од ДУИ.Заврши времето на „како до сега’’.Владата на ВМРО-ДПМНЕ жестоко ќе се бори против криминалот. Синоќешните чинители на инцидентите, веднаш се лишени од слобода од страна на МВР.За само пет месеци, во МВР се зголеми бројот на приведени лица, лица кои биле барани со потерници, лица избегани од затвори или сториле одредено кривично дело“, се додава во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

29

(Видео) Петрушевски: Вчерашното дивеење на неколку групи е дел од смислено сценарио на СДС и ДУИ за предизвикување етнички конфликт

„Вчерашното дивеење на неколку групи е дел од смислено сценарио на СДС и ДУИ за наметнување на политички поделби и немири. Ова сценарио е за предизвикување на етнички конфликти преку кои ДУИ и СДС би дошле на власт“, рече Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.„Дали наместо протести кои ги најавуваше ДУИ добивме црно сценарио за провокации и етнички немири?Токму на ова предупредуваше и премиерот Христијан Мицкоски кога кажа дека има уфрлено групи за провокација кои се со тесни врски со политички центри.Дали навистина мислат ДУИ и СДС дека преку газење на македонското знаме, пукотници и блокирање на градови ќе дојдат на власт?Зошто се толку многу исплашени? Дали вака мислат дека ќе се спасат од соочување со правдата?Дали ДУИ и СДС поради тоа што се немоќни и немаат поддршка за протести решија на овој начин, преку етнички провокации да се наметнуваат во јавноста?ВМРО-ДПМНЕ остро и недвосмислено ги осудува сите инциденти во текот на вчерашниот ден.Бараме од органите на прогонот да покренат постапки и со најстроги мерки и одлуки да се пристапи кон примена на законот.ДУИ и СДС сеат семе на раздор. Тоа се антидржавни партии за кои партискиот и личниот интерес се над државниот.Ова беше црно сценарио за предизвикување на етнички немири. Граѓаните да останат смирени и да покажат висока свесност за потребата да се игнорираат ваквите провидни црни сценарија“, изјави Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

nikoloski3-2

Николоски: Стојам зад сите рокови што ги спомнав за пуштање во употреба на автопатот

Еден од најголемите проблеми на автопатот Охрид - Кичево се косините на трасата бидејќи навреме не се испитувала геологијата на земјиштето. Но решение има и до март следната година ќе имаме комплетни технички решенија за сите косини по трасата на автопатот, потенцира вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски во гостувањето во поткастот “Бизнис муабети”.„Не биле направени детални геолошки истражувања. Се однесува на сите претходни влади, кога почнале да работат требало да ги направат истражувањата. И тоа се однесува на секцијата од Врбјани до над Кичево, таа е планинска секција. Таму мислам дека се работело по логика. Секоја планина е најчесто карпа, а таму има комплетно друга геoлогија каде долниот дел е ровка земја, а горниот тврда земја. Затоа се случува косините да се спуштаат, една, две, три години да се стабилни и после три години да се спуштат. Но има и за тоа решение, науката отиде напред. До март месец ќе имаме комплетни проектни решенија за сите косини што се спуштаат по трасата. Најлесно е да го изградиме и да го пуштиме и после две, три години да се спуштат, па потоа пола траса да ја затвориме да чистиме итн. Мораме да имаме решенија кога ќе го пуштиме автопатот да биде целосно функционален. Јас кога станав министер ги собрав сите најголеми умови во Македонија во овој дел, заедно со меѓународни експерти а помогнаа и Синохидро со свои експерти и решенијата се гледаат” изјави заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски.До почеток на летната сезона ќе пуштиме за сообраќај околу 40 километри од потегот од Врбјани до Охрид, а до крај на 2026 година како што ветивме ќе го изградиме целиот автопат, додаде министерот Николоски.

Македонија | пред 1 година

ahmeti-dv

ДУИ се лицемери, од една страна организираат со СДС црни сценарија за етнички конфликти од друга глумат загрижени и подбуцнуваат групи да дивеат и внесуваат раздор, вели ВМРО-ДПМНЕ

„ДУИ се лицемери, од една страна организираат со СДС црни сценарија за етнички конфликти од друга глумат загрижени и подбуцнуваат групи да дивеат и внесуваат раздор. Така владееја над 20 години. ДУИ треба да знае дека СДС не е на власт, а ДУИ е опозиција. И сите нивни инструменти и потрчковци кои ќе посегнат по рушење на редот и поредокот ќе одговараат. Ниту ДУИ ниту Ахмети не се над законот“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.„Наместо протести, бидејќи ДУИ нема сила за протести добивме кукавичко сценарио за етнички поделби и конфликти. Ќе загубите и овој пат“, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

Panova-1

Панова: Потребна ни е консолидирана и конструктивна опозиција за да се родат дебати кои доликуваат на држава која претендира кон ЕУ

Денес за жал не можевме да видиме многу голема активност од страна на пратениците од опозицијата бидејќи оние коишто следеа собрание, сигурно ќе забележеа дека местата за седење на опозицискиот дел беа речиси празни, а таму беа само пратениците коишто беа договорени дека треба да поставуваат пратенички прашања, што за мене е показател дека опозицијата и не така заинтересирана да дебатира бидејќи очигледно многу прашања се веќе одговорени пред јавноста, вели Ели Панова, пратеничката од владејачката ВМРО-ДПМНЕ, на вчерашното гостување во „Клан дебата“ на телевизија Клан.Панова се осврна на една од актуелните теми кои се од интерес на јавноста и за кои информираат медиумите, а тоа се последните собраниски расправи и конструктивноста за време на истите од страна на опозициските партии.Според неа за една парламентарна демократија многу е корисно да постои силна опозиција и во тој контекст се надева дека како СДСМ, така и ДУИ и сите останати политички партии кои се во опозиција ќе успеат да се консолидираат за да во наредниот период може да се видат дебати коишто и доликуваат на една држава која претендира кон Европската унија.„Треба да поставуваат прашања пратениците од опозицијата и да бидат присутни, барем да се солидаризираат со оние коишто поставуваат прашања, да ги ислушаат, затоа што тимската работа е многу важна за консолидација и создавање една работна атмосфера, една атмосфера во којашто треба да се родат нови идеи и истите да се преточат во одредени законски решенија“, појаснува Панова во своето натамошно излагање.Таа потенцира дека во изминатиот период за жал, Собранието е само место каде се прават одредени сценарија кои се недолични и непријатни, а кои потекнуваат од недостигот на доволно идеи за конструктивна дебата и додава дека пратениците од владејачката ВМРО-ДПМНЕ остануваат достоинствени и го осудуваат секој обид за каков било начин за пресметка.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-11-28-at-23.35.26

ВМРО-ДПМНЕ остро реагира и го осудува сквернавењето на македонското знаме кое се случи во текот на вчерашниот ден

ВМРО-ДПМНЕ остро реагира и го осудува сквернавењето на македонското знаме кое се случи во текот на вчерашниот ден.„Истовремено реагираме на навредливите скандирања и дивеења на неодговорни групи зад кои веруваме дека има и политичка позадина и кои преку етнички теми и поделби сакаат да се наметнат во јавниот дискурс во отсуство на реална политичка понуда“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.„Законот мора да се почитува од сите подеднакво и очекуваме надлежните институции да ги санкционираат оние кои го кршат законот.Kриминалните банди кои 20 години ги ограбија институциите и сите граѓани независно од етничката припадност, денес со овој однос покажаа дека за нив националните знамиња не се ништо друго освен обвивка со која мислат дека ќе избегнат кривична одговорност.Правдата доаѓа, а овие реакции се најголема потврда за нивниот страв.Ги повикуваме граѓаните, како и во минатото кога имало вакви обиди, да останат достоинствени и мудри бидејќи ова се само последни крици на еден криминален монструм кој ја понижи и ограби Македонија“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

vmro_dpmne

Обвинувањата на неврохирургот на Заев, Филипче, за „мрачно враќање“ се чиста демагогија, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Изјавата на Венко Филипче, неврохирургот на Заеви е уште еден обид за манипулација со јавноста и продолжување на политиката на двојни стандарди. Наместо да се соочат со реалноста дека нивното владеење остави институции потонати во корупција, непотизам и партизација, сега се обидуваат да го префрлат вниманието преку лажни обвинувања“, реагира ВМРО-ДПМНЕ на статусот на Венко Филипче.„Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и премиерот Христијан Мицкоски се обврзани на реформи кои ќе ги вратат институциите на граѓаните и ќе обезбедат вистинска деполитизација и професионализација. Вистината е дека токму во време на СДСМ, институциите беа заложници на партиски интереси, а довербата на граѓаните во системот достигна историски најниско ниво.Наша цел е градење транспарентен и одговорен систем кој ќе биде во служба на граѓаните, а не на партиите. Со реформите кои ги воведуваме, Советот за граѓански надзор ќе биде столб на независност и професионализам, за разлика од контролираниот хаос што го остави СДСМ.Обвинувањата за ‘мрачно враќање’ се чиста демагогија од страна на тие кои беа синоним за неуспеси, блокади и скандали. ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да работи на враќање на довербата на граѓаните и зајакнување на демократијата, наместо да ја користи како алатка за евтини политички поени, како што тоа го прави опозицијата“, се додава во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 1 година

28.11

(Видео) Раководството на СДС е најлошиот избор составен од децата на Заев, рече Лефков

„Раководството на СДС, е најлошиот избор составен од децата на Заев, 3 и 4 ешалон кој, само тој може да ги управува и мрежата на НВО на Сорос. Неврохирургот на Заев, Филипче, од некогаш големата СДС, сега направи компанија која во етерот нуди извитоперени и искривени вредности. Раководството е составено од децата на Заев, негови потрчковци од 3 и 4 ешалон, кои само тој може да ги управува и разни поранешни НВО активисти“, рече Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.„Граѓаните не можат да очекуваат од СДС веќе ниту идеологија, ниту минимум чувство за државни интереси. СДС ќе биде користена како приватна фирма за интересот на поединци, а пред се за интересот на Зоран Заев и неговиот неврохирург Венко Филипче.Целото раководство на СДС се луѓе кои биле извршители на политиките на Заев како министри, државни секретари или директори.Сегашното раководство на СДС се виновни и за загадениот воздух, за кој 7 години не преземаа ниту една мерка, и за лошото здравство и за немањето инвестиции во инфраструктурата и за целата стагнација на државава изминативе 7 години.Раководството на СДС ја заглави државата, сега ќе го заглави и СДС“, изјави Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

zaev-filipce-1

И покрај смените на хартија на два претседатели, со СДС сè уште владее Зоран Заев, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Во СДС ништо не е сменето. И покрај смените на хартија на два претседатели, со СДС сè уште владее Зоран Заев. Тоа се гледа и од последниот избор за претседател на СДС, каде што на чело на партијата е ставен Венко Филипче, неврохирургот на Заев со неговите 40 потрчковци“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.„Новите членови на нивниот Централен одбор, всушност се стари лица, добро познати на македонската јавност и се директно под команда на Заев.Викторија Аврамовска Мадиќ е дел од 40-те потрчковци на неврохирургот на Заев, Филипче не може да биде ново лице на СДС, затоа што во изминатиот период на нивно владеење беше на клучни државни и партиски функции.Како заменик министер за правда, Аврамовска Мадиќ е таа којашто ги осмисли и ги донесе во владата на СДС измените на Кривичниот законик за укинување на повеќе делови во делот за злоупотреба на службената положба.Со измените на овој закон, зад кои директно стои Аврамовска Мадиќ, се амнестираа и не понесоа кривична одговорност голем дел од криминалците на СДС и ДУИ.Аврамовска Мадиќ самата јавно призна дека предлагач на измените на Кривичниот закон, со кој се спасија од прогон криминалците на СДС и ДУИ, е Министерството за правда, каде што таа била заменик и дека по нејзин налог, измените ги искуцала дактилографката од нејзиниот кабинет.Ова е само потврда дека Аврамовска Мадиќ не може да биде ни новото, ниту пак позитивно лице на СДС. Таа е потрчко и слеп послушник на наредбите на Зоран Заев и затоа е поставена и во новиот состав на партискиот Централен одбор.Со ликови на неврохирургот на Заев, Венко Филипче и неговите 40 потрчковци меѓу кои се Викторија Аврамовска Мадиќ и Фани Каранфилова Пановска СДС дополнително ќе тоне“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања