Томовски: Граѓаните ќе можат да ги следат можните злоупотреби на службени возила, посакуваните ефекти на Владата се етичко и отчетно работење на функционерите и институциите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија

„Ќе ги повикаме на одговорност, бидејќи ние одговараме само пред народот. Така, ако сме посегнале да менуваме закони и да воспоставуваме некаков ред треба сите од нас поединечно да ги почитуваме тие закони“, изјави во својот воведен говор директорот на Службата за општи и заеднички работи на Владата, Ивица Томовски на вечерашното гостување на телевизија МРТ1 во емисијата „360 Степени“.

— реклама —

Томовски истакна дека една од главните пораки која сака да се испрати со промена на таблички на возилата во државна и општинска сопственост е да престане злоупотребата на истите за свои лични цели, како што беше пракса во минатото од одредени функционери.

„Во координација со сите членови на работната група, утврдивме да одиме со позадина на црвена боја и букви и бројки со жолта боја. Се одлучивме за овие бои затоа што се помаркантни и нема да може да се одбегнува од јавноста, така што сметам дека и бојата е соодветна“, дециден беше Томовски.

— реклама —

Томовски посочи дека она што е клучно е и самата јавност да може да врши мониторинг, притоа јасно истакна дека доколку постои злоупотреба ќе следува одговорност.

„Поентата е и јавноста да биде надзор. Каде, кога и за што се возат службени возила. Сакаме да отвориме телефонски линии и маил, каде што граѓаните ќе може да пријавуваат злоупотреба на тие возила и да се даде насока на сите институции каде ќе се затекне злоупотреба да постапат соодветно. Дали тоа ќе биде дисциплинска или ред други работи кои произлегуваат од прекршување, односно злоупотреба и на тој начин со законски измени да може да се утврди и казна за злоупотребата“, заклучи Томовски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryr0nm7kal2loidVEYfFw

ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ да престане да го брани Дехари, жртвите да добијат заштита

Македонија | пред 3 месеци

zaev-filipce-1

Дали 90 милиони денари од тендерот за ремонти на Марковски завршиле кај Заев и Филипче, праша Манасиевски

Македонија | пред 3 месеци

zaev-filipce-1

Ако Заев земал куферче со пари од Борисов, сега какво куферче бугарски пари земал Филипче за актуелниот трик наречен црвени линии, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 3 месеци

ck-dpmne

ВМРО-ДПМНЕ: СДС со кривични пријави бега од одговорност и прикрива повици за убиство

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања