„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

(Видео) Раководството на СДС е најлошиот избор составен од децата на Заев, рече Лефков

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
28.11

„Раководството на СДС, е најлошиот избор составен од децата на Заев, 3 и 4 ешалон кој, само тој може да ги управува и мрежата на НВО на Сорос. Неврохирургот на Заев, Филипче, од некогаш големата СДС, сега направи компанија која во етерот нуди извитоперени и искривени вредности. Раководството е составено од децата на Заев, негови потрчковци од 3 и 4 ешалон, кои само тој може да ги управува и разни поранешни НВО активисти“, рече Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

„Граѓаните не можат да очекуваат од СДС веќе ниту идеологија, ниту минимум чувство за државни интереси. СДС ќе биде користена како приватна фирма за интересот на поединци, а пред се за интересот на Зоран Заев и неговиот неврохирург Венко Филипче.

— реклама —

Целото раководство на СДС се луѓе кои биле извршители на политиките на Заев како министри, државни секретари или директори.

Сегашното раководство на СДС се виновни и за загадениот воздух, за кој 7 години не преземаа ниту една мерка, и за лошото здравство и за немањето инвестиции во инфраструктурата и за целата стагнација на државава изминативе 7 години.

Раководството на СДС ја заглави државата, сега ќе го заглави и СДС“, изјави Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryr0nm7kal2loidVEYfFw

ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ да престане да го брани Дехари, жртвите да добијат заштита

Македонија | пред 2 месеци

zaev-filipce-1

Дали 90 милиони денари од тендерот за ремонти на Марковски завршиле кај Заев и Филипче, праша Манасиевски

Македонија | пред 3 месеци

zaev-filipce-1

Ако Заев земал куферче со пари од Борисов, сега какво куферче бугарски пари земал Филипче за актуелниот трик наречен црвени линии, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 3 месеци

ck-dpmne

ВМРО-ДПМНЕ: СДС со кривични пријави бега од одговорност и прикрива повици за убиство

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања