ДПМНЕ

26

(Видео) Петрушевски: Груби и ДУИ се криеја зад Албанците за да крадат, а СДС знаеше и молчеше за да владеат

„Груби и ДУИ се криеја зад Албанците за да крадат, а СДС знаеше и молчеше за да владеат. Груби и ДУИ ги злоупотребуваа Албанците“, рече Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.„Додека Груби крадеше, ДУИ ги лажеше Албанците дека се бори за нив, а всушност со секој поминат ден беше причина повеќе тие исто како и Македонците да си заминуваат од државата.Груби и ДУИ никогаш не беа ниту за Албанците, ниту за Македонците, туку за џебот на поединци.СДС знаеше за криминалот на Груби, го толерираше од две причини: Прво, затоа што му се приклучи, и второ затоа што така се држеа на власт.Груби и ДУИ знаеја дека во никоја друга комбинација нема да можат така да крадат и го држеа СДС на власт.Коалицијата СДС и ДУИ беше брак од интерес за грабеж на Македонија.СДС и денес продолжува да одработува за Груби, смислувајќи разни приказни.Реалноста е дека тие го создадоа Груби, овозможија да краде и ја ограбија здружно државата. Тоа сите го знаат.Наместо да се брукаат со пресконференции, да излезат и да го повикаат да се врати, а потоа да им се извинат на граѓаните“, изјави Петрушевски.

Македонија | пред 1 година

grubi5123

Само Венко Филипче и СДС остануваат верни на Артан Груби, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Во СДС владее истата криминална матрица, без никаков морал и етичко однесување. СДС на чело со неврохирургот на Заеви, Венко Филипче и неговите партиски соработници се оставштина од периодот на владеење на криминална коалиција СДС-ДУИ“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.„И од нив не може да се очекува конструктивност, нови идеи, нов и чесен начин на делување. Целото раководство на СДС, заедно со Филипче кој бил од иста влада со Артан Груби, кој поради криминал се најде на црната листа на САД и стана бегалец од македонската правда.Артан Груби беше тој кој СДС ги држеше во раце да не им падне владата, па да не можат да продолжат заедно да крадат. За да не им падне криминалната влада, која до последен ден висеше на стаклени нозе, и да можат да владеат и да седат во удобните фотелји, СДС го гледаа и го премолчуваа криминалот на Груби.Со тоа СДС станаа соучесници во криминалот, осиромашувањето на народот и крадењето на државата. Груби беше највлијателната фигура за време на владеењето на криминалната коалиција СДС – ДУИ, кој големата моќ ја демонстрираше со арогантно однесување летајќи орли по телевизии, играјќи фудбал по државни канцеларии, криминално печалејќи врз грбот на граѓаните.Од ваквото однесување на Артан Груби и од неговиот криминал се дистанцираше дури и неговата партија. И ДУИ вели дека таквото однесување на Груби било погрешно. Дури и ДУИ, симболично кажано, уште пред петел да пропее, се откажа од Артан Груби.Од петни жили, ДУИ се обидуваат да најдат начин како народот побрзо да заборави на арогантното однесување на Груби во владата, на неговиот криминал и корупција, но и дека некогаш бил нивен член.И неговиот партиски и владин другар, Бујар Османи знаел за арогантното и криминално однесување на Артан Груби, за кој вели дека му сметало и дека не го одобрува.Само Венко Филипче и СДС остануваат верни на Артан Груби. Само тие ниту виделе, ниту знаење, ниту му сметало арогантното и криминално однесување на Груби.Тоа е така затоа што откако му оставија одврзани раце да прави што сака, станаа соучесници во неговиот криминал и корупција. И затоа, бегството им одговара само на СДС, затоа што знаат дека Груби води до нив и така би излегле на површина криминалите кои заеднички ги правеле.Но, на Венко Филипче и СДС треба да им е јасно дека одговорност ќе има, колку и тие да се препелкаат и да измислуваат изговори.Македонија се трансформира и правна држава и одговорност, за сите кои што се огрешиле пред законот, ќе има“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Ковачки: МВР прави квалитативен исчекор во сузбивањето на криминалот и корупција

Во емисијата „За или против“ на Алфа телевизија гостуваше пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки кој зборуваше за актуелни теми, за акцијата која ја спроведе МВР и сузбивањето на терористичките ќелии и за тоа од колкави размери се тие истите, како и за нивната сериозност и опасност за државата, односно дека таквите терористички групи не и носат ништо добро на државата, и со оглед на тоа безбедносните служби успешно презеле мерки и активности за нивно сузбивање.„Секој обид да се релативизираат еве тие лица односно нивните активности мислам дека не и носат добро на државата. Сите што се малку по упатени во оваа проблематика знаат дека целта на терористите односно на таквите активности е за да со помалку средства, ресурси човечки се постигнат одредени стратешки цели па дури и политички цели, најчесто се работи за политички цели за постигнување на цели коишто ќе влијаат на одредени политички одлуки во понатамошниот тек. Она што јас го знам станува збор за млади лица исклучително млади лица кои се само радикализирале и станале дел од таа групација на ИСИС“, рече Ковачки.Во емисијата пратеникот Ковачки наведе дека претходната власт оставила дамка на целокупниот безбедносен систем, знаела информации за таквите структури но и покрај тоа немало дејствување од страна на службите за решавање на проблемот, па наместо тоа тие се занимавале со бесмислено следење на членови од ВМРО-ДПМНЕ, и издавање на пасоши на лица кои се занимавале со криминал и корупција, без да се даде приоритет на безбедноста и мирот во државата.„Службите имале информации за таквите структури, меѓутоа изостануваше акција а зошто изостануваше акција затоа што во изминатиот период службите наместо да се занимаваат со тоа што им е работа тие се занимаваа со следење на опозицијата со следење на лидерот на опозицијата, во тоа време зборувам за господинот Христијан Мицкоски, се занимаваа со следење на раководството на партијата, не алармираа, не ги идентификуваа потенцијалните опасности кога се издаваа пасоши на секакви атентатори на лица инволвирани во тешки криминални активности“, изјави Ковачки.Исто така тој додаде дека сега ситуацијата е сосема поинаква благодарение на новата Влада која суштински се занимава со проблемите во државата за целосно искоренување на сето она што ја нарушува безбедноста на граѓаните, и смета дека е за поздравување акцијата која е спроведена од страна на МВР за конечно разбивање на терористичките групи.„Сега гледаме еден квалитативен исчекор за само шест месеци службите организирано идентификувале, преземени се акции од страна на МВР и можеме да видиме дека е постапено по тие информации што е за поздравување и повторувам вакви ситуации и случаи имало во минатото, јас сум прилично уверен такви ситуации има затоа што напредокот на технологијата меѓутоа и некои радикални идеологии напредуваат за жал во моментов“, вели Ковачки.

Македонија | пред 1 година

1-2

Партизацијата на АНБ ја направија тие, а Судскиот совет беше Зајас Муртински совет, реагира ВМРО-ДПМНЕ

„Жално е да се гледа како Филипче прави кловн од себе. Партизацијата на АНБ ја направија тие, а Судскиот совет беше Зајас Муртински совет. Судскиот совет беше племенски совет меѓу Муртино и Зајас“, реагира ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Венко Филипче.„СДС кои го поставија митаџијата Наќе Георгиев сега зборуваат за судството, која трагедија.СДС се партија која на чело на Судски совет ја имаа Весна Дамева од СДС ( фотографија во прилог ).СДС и Филипче го имаа и Иџет Мемети како заменик претседател на Советот на јавни обвинители, митаџија исто како Наќе Георгиев.Кога станува збор за АНБ, во време на СДС ја водеше нивен член на ИО и претседател на партиски комисии Виктор Димовски.Немаше институција која не беше партизирана и пополнета со неспособни кадри.Болката кај СДС и Филипче е тоа што веќе тие не поставуваат, и што нема да има кој да им ги штити криминалците.Филипче наместо да чита пресови нарачани од Зајас и Муртино, за спас на криминалци политичари подобро ќе беше да го трошеше времето на конструктивност и дистанцирање од криминалците“, се додава во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

brane

(Видео) Ако Бујар Османи знаел за Груби и му сметало неговото однесување, зарем некој верува дека за тоа не знаеле Заев и Филипче, праша Петрушевски

„Само на Венко Филипче и СДС не им пречело однесувањето на Груби во владата, криминалот и корупцијата, дури и Бујар Османи се откажа од него. Ако Бујар Османи знаел за Груби и му сметало неговото однесување, зарем некој верува дека за тоа не знаеле Заев и Филипче?“, праша пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски.„ДУИ бараат начин како побрзо народот да го заборави дека воопшто Артан Груби бил нивен кадар, само СДС смислува нови начини како да го брани.Зошто СДС го брани Груби? Зошто смислува разни приказни? Едноставно е. Груби беше алатка која ги држеше да не паднат уште пред 2 години.СДС, Заев кој му ја предаде партијата на Ковачевски и Венко Филипче кој го наследи, го темелеа целиот свој систем на владеење на ДУИ и Груби. За да останат ден повеќе на власт му дадоа на Груби одврзани раце да краде.Откако првин дозволија да направи криминал, потоа и му се придружија. Врвот на СДС беше соизвршител на Груби.СДС сега фрла пердуви, знаат дека Груби води до нив.Бегството на Груби му одговара само на СДС, зошто така ќе излезат на површина сите криминали кои ги правеле.Џабе им се сите изговори. Колку и да се препелкаат СДС во калта во која живи тонат, не може да се спасат од одговорност“, соопшти Петрушевски.

Македонија | пред 1 година

vmro_dpmne

ДУИ и СДС си ги делат и криминалот и апчињата за заборавање – паничат поради губењето на власта и раскринкувањето на нивните злоупотреби, вели ВМРО-ДПМНЕ

„Забележана е појавата на ширење на употребата на апчињата за заборавање од СДС и ДУИ. Очигледно, како што си го делеа криминалот, така си ги делат и лековите. ДУИ и СДС продолжуваат со деструктивни соопштенија, кои се резултат на нивната паника и вознемиреност поради драматичното губење на довербата од граѓаните“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.„Вчерашното соопштение од ДУИ не е ништо повеќе од очајнички обид да се дефокусира јавноста од вистинските проблеми – криминалите што ги оставија зад себе и нивната неспособност да обезбедат правна држава.ДУИ нема право да зборува за правда кога токму нивните функционери 20 години ја злоупотребуваа власта за лично богатење. Нивниот страв е оправдан – времето на недопирливост заврши. Правдата ќе ги стигне сите кои мислеа дека можат вечно да владеат, уништувајќи ја државата и народот.ДУИ треба да се соочи со фактот дека ја претвори Македонија во држава со селективна правда и нефункционални институции. Наместо да покажат одговорност за пустошот што го оставија, тие упорно се обидуваат да шират паника и конфузија.За разлика од нив, ВМРО-ДПМНЕ е посветено на воспоставување ред и правда за сите граѓани – Македонци, Албанци, Турци, Срби, Роми, Власи и Бошњаци. Доста беше поделби и привилегирани граѓани од прв ред, додека остатокот беше оставен на маргините.ДУИ треба да си одговори себеси – што направи за Албанците во Македонија во изминативе 20 години, освен што ги натера да се иселуваат?Наместо да се занимаваат со конструктивни политики, тие продолжуваат со нападни и панични изјави кои го откриваат нивниот вистински страв – губењето на моќта и привилегиите.Време е ДУИ и СДС да разберат дека граѓаните избраа промени, избраа правда и еднаквост. Наместо да произведуваат деструктивни реакции, им препорачуваме конечно да се вразумат, да се реформираат и да почнат да работат во интерес на државата.Премиерот Мицкоски е фокусиран на реформи, на економски развој и на владеење на правото, а не на манипулативните конструкции на ДУИ и СДС.Македонија оди напред, без корупција, без привилегирани елити и без политичари кои мислат дека се недопирливи. Времето на ДУИ и СДС заврши – времето на ред, правда и развој штотуку започна“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

grubi-41

До последниот ден од криминалната влада со ДУИ, СДС се соизвршители во криминалот на Артан Груби, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Во СДС нема ништо ново. Партиското раководство се остатоци и трет и четврт ешалон од владеењето на Зоран Заев, сега ставени во служба на Венко Филипче, велат од ВМРО-ДПМНЕ.„Секојдневно измислување приказни на СДС не поминуваат. Тие се прочитани од народот и никој не им верува. Тоа се виде на последните избори, на кои од граѓаните добија црвен картон.Дека СДС се декласирани и никој не им верува зборуваат и резултатите од последните анкети, каде што довербата од граѓаните им е 1 спрема 5 во корист на ВМРО-ДПМНЕ. Полека, но сигурно СДС ги снемува од политичката мапа.За да стекнат некаков кредибилитет, прво што треба СДС да направи е, јавно да им се извинат на македонските граѓани за криминалот на Артан Груби. Тие знае дека Груби криминално печали врз грбот на граѓаните и дека ја пљачка државата, а за тоа молчеа.Ова СДС, на чело со Венко Филипче, беа заедно во криминалната влада на СДС и ДУИ. За да им продолжи власта тие го одобруваа криминалот и крадењето на Груби, на кој потоа им се приклучија.СДС се соизвршители во криминалот на Груби и тоа траеше до последниот ден на нивната криминална влада.СДС молчеше за криминалот на Артан Груби дури и за време на изворната кампања, каде што на избори одеше со надеж, дека после нив, повторно ќе направат заедничка влада и ќе продолжат да крадат и да прават криминал.Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е одлучна да воспостави ред и да се справи со политичките криминалци во СДС и ДУИ, кои здружно ја крадеа државата. Народот тоа го гледа и го цени и затоа предноста и довербата од граѓаните е во постојан раст.Правда и одговорност за сите во Македонија ќе има“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Пешевска: Ситуацијата со Груби и пораката од Стејт департментот е силна порака дека никој нема да биде поштеден од законот

Ситуацијата со Груби и пораката од Стејт департментот, јас неколку пати кажав во јавноста дека е силна порака, дека никој нема да биде поштеден од законот и дека секој треба да одговара за она што се огрешил. Но, ме зачудува фактот што СДС беше седум години во коалиција токму со ДУИ и вицепремиер беше Артан Груби и цело време додека ние критикувавме и баравме одговори за одредени криминали и тендери во четири очи, огромни суми украдени и така натаму, СДС молчеа, вели Жаклина Пешевска, пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ во нејзиното вчерашно гостување на Канал 5 телевизија во емисијата „Само Вистина“.Според неа, СДС молчеле затоа што немале доволен коалициски капацитет и влада која се одржувала на стаклени нозе, па во името на коалицијата претходно, во изминатиот период се воздржувале, а сега одеднаш ги отвораат очите и почнуваат да зборуваат.„Тој синдром јас им го забележaв во Собрание, мислам дека малку, простете на израз, забораваат како се однесуваат, да не речам ги фаќа амнезија, забораваат како се однесуваа кога беа министри, самобендисано, ноншалантно, за да сега целосно се сменија. И видете во овој криминал соучесници се токму членови од вашата партија и се надевам дека правдата ќе ги стигне“, концизна е Пешевска обраќајќи се до нејзината соговорничка и пратеничка од СДС, Јованка Тренчевска.Пешевска дополнува дека жали што СДС се ставени во позиција да бранат нешто што не се брани и додека некој наполнил џебови и вреќи со пари, СДС сега треба да го штитат. Во контекст на ДУИ таа смета дека нивното оградувањето од Артан Груби е само уште еден показател дека никој околу себе не сака да има човек од криминална природа или „труло дрво“ и со тоа си ја штитат партијата.„Каде беа претходно кога цело време укажувавме, видете сега, после година дена играње фудбал во канцелариите на владата, сега се освестил Бујар Османи да каже дека тоа видео не требало да излезе. Прво, не требало така да се однесуваат во државните институции и каде бевте госпоѓо Тренчевска вие тогаш да реагирате, кога ние зборувавме, кога се поларизираше јавноста и која е фактурата што вие не ја спречивте и криминалите и еден куп пари што се однесоа од државната каса кога вие бевте во коалиција со ДУИ?“, прецизна е Пешевска.

Македонија | пред 1 година

artan-grubi-1170x602-1-1024x527-1

СДС и ДУИ да го осудат кукавичкото бегство на Груби и да го повикаат да се соочи со правдата, бара ВМРО-ДПМНЕ

„Паднаа во вода приказните на ДУИ за тоа како тие се залагаат за европски вредности, владеење на правото и правдата. Артан Груби го нокаутира и онака слабиот рејтинг на ДУИ“, вели ВМРО-ДПМНЕ.„Најголем доказ за криминалните дејствија на Груби е неговото ставање на црната листа на САД. Груби изјави дека е чист како солза а сепак побегна во Косово и се обидува да се пазари со правдата.Али Ахмети, ДУИ и СДС молчат за бегството на Артан Груби.На површина излегуваат сите криминали, скандали и коруптивни дејствија на функционери и луѓе блиски до врхушките на СДС и ДУИ, а СДС и ДУИ молчат.Срамно е тоа што се уште СДС и ДУИ не го осудиле бегството на Груби и не го повикале да се врати. СДС и ДУИ да кажат дали го поддржуваат бегството на Груби.Али Ахмети наместо да го осуди бегството на Груби и јавно да се огради од постапките на Груби и тој замина во посета на Косово.Толку од европските вредности и агенди на СДС и ДУИ.Груби тврдеше дека е „човек посветен на одбраната на европските вредности“ а нема ниту храброст, ниту морал, ниту смелост да се појави на суд и да се соочи со доказите.СДС и ДУИ молчат а на јавноста и е јасно дека на тој начин го поддржуваат бегството на Груби.Одговорност мора да има. Во Македонија мора да завладеат правото и правдата и да се унапреди демократијата“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

lefkov1

(Видео) Груби да не бега и да се врати во Македонија, одговорност за криминалот мора да има, бара Лефков

„Артан Груби да не бега и да се врати во Македонија, одговорност за криминалот мора да има. Чистиот како солза Груби, кој првин се најде на црната листа на САД, а потоа и во центарот на кривична постапка за милионски криминал во Лотарија ја напуштил државата по ставањето на црната листа на САД, а пред отпочнување на кривичната постапка против него“, рече Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.„Дали е чист како солза или матен нека си докаже пред суд, ако има храброст да се соочи со доказите.8 милиони евра е криминалот во АД Лотарија на Македонија во кој главни актери се Артан Груби како вицепремиер и Пeрпарим Бајрами како директор на Лотарија.И Груби и Бајрами се кадар на ДУИ, кои додека ја краделе државата по потреба еднаш беа зелени, па европејци, па сееја раздор за етнички тензии. Во принцип само менуваа маски за да крадат.Пукна како меур од сапуница наративот на ДУИ дека се борат за зелени агенди или за ЕУ. Тие се бореле и се борат за да прават криминал и да ги ограбуваат граѓаните, соучесници во тој криминал им беа СДС.Одговорност за милионскиот криминал кој го направил Груби, ДУИ и СДС мора да има“, изјави Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

nikoloski

Николоски: „4IG“ поднесе документи до АЕК за интерес за трет мобилен оператор

Завршување на дуополот на двата мобилни оператори во Македонија и намалување на цените за мобилни услуги, најави вчера во емисијата „Само Интервју” вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, кој потенцираше дека унгарската компанија 4iG е најсериозна компанија во моментов да влезе на македонскиот пазар и да понуди поевтини цени.„Унгарската компанија денеска официјално поднесе документи во Агенцијата за електронски комуникации и изразија интерес за трет мобилен оператор. Сега веќе АЕК треба да ја води постапката и се надевам дека ќе оди во правилна насока и дека конечно овој дуопол кој што го имаме на пазарот на два оператори, кои што буквално ги цицаат македонските граѓани ќе биде разбиен и ќе може да имаме трет оператор кој што ќе понуди услуги за помалку пари“, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Николоски.Тој потенцираше дека секоја друга компанија може да конкурира, а целта е да се обезбедат поевтини услуги за граѓаните. Николоски образложи дека ваквата одлука следува откако мобилните оператори во Македонија не направиле ништо во изминатите четири месеци да ги подобрат условите.„Ниту ги намалија цените, ниту ги подобрија услугите, ниту го почитуваат законот, истакна Николоски.

Македонија | пред 1 година

ali-ahmeti

Николоски: Митот за Ахмети се сруши со ставањето на Груби на црната листа на САД

Министерот за транспорт и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, истакна три столба за митот за Ахмети на кој што тој се држел, но пропадна за само неколку месеци во опозиција, во „Само интервју“ на Канал 5 телевизија.„Првиот беше дека е чесен, со последните случувања во последните година и пол, две, и скандалите кои што главно јавноста ги извади, но и ВМРО-ДПМНЕ тој мит падна. Вториот мит беше дека прави што прави, секогаш е во Влада, еве не е“, нагласи Николоски и додаде дека ги лажел неговите членови дека за три или шест месеци ќе влезат во Влада, па ќе имало избори локални со парламентарни, но видовме дека ништо од тоа не се случи.„Третиот мит кој што веќе од вчера се руши е дека прави што прави, ги штити своите луѓе. После она што го напиша Артан Груби вчера, јасно е дека и тој мит ќе се сруши. Така да, трите столба на кој што ја градеше својата политика, ако сакате и митот кој го изгради околу себе, паѓаат“, појасни Николоски.Тој додаде дека однесувањето на лидерот на ДУИ, Али Ахмети е целосно неодговорно.„Многу е лесно да градите мит за некого, кога не се нафаќа на извршна власт. Каков е тој политичар, кој што оди на избори, како прв, и после тоа не се нафаќа на извршна власт, пушта други таму, а тој седи во собрание и во Мала Речица. Извинете, ама тоа е неодговорно однесување“, заклучи Николоски.

Македонија | пред 1 година

vasko-kovacevski

СДС не се дистанцира од милионскиот криминал во РЕК Битола на чело со Васко Ковачевски, кој донесе поскапа струја за граѓаните, вели ВМРО-ДПМНЕ

„СДС се синоним за криминал и корупција. СДС се синоним за уништување на институциите на системот. ВМРО-ДПМНЕ долго време зборуваше за криминалот кој што СДС го правеа во енергетскиот сектор, богатејќи се на грбот на обичниот македонски граѓанин. За задоволување на нивните криминални амбиции за стекнување милионски богатства, граѓаните беа принудени да плаќаат повисока цена за електрична енергија“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.„Деновиве македонската јавност беше сведок на испливување на површина на криминално корупциските шеми на СДС во енергетскиот сектор. Надлежните институции открија криминал вреден 6.5 милиони евра во македонските енергетските комбинати под водство на кадрите на СДС, како што Васко Ковачевски.Седум години енергетскиот комбинат РЕК Битола, под водство на СДС и на Васко Ковачевски беше пустошен. Матните тендери во РЕК Битола, преку кои се испумпуваа милиони, резултираа со поскапа струја за народот.Но од ваквите криминални лица и дејанија СДС не се оградува. Освен бледото соопштение на СДС за последниот случај на криминал во РЕК Битола, не видовме дистанцирање на партијата од нивните некогашни челници во енергетскиот сектор.Со неоткажувањето од некогашните челници во енергетскиот сектор, како Васко Ковачевски, кои се товарат за сторен криминал во вредност од 6.5 милиони евра, СДС не се откажува ниту од криминалот во РЕК Битола.Со неоткажувањето и недистанцирањето од директните учесници во милионските криминални шеми и милионски грабеж во РЕК Битола, СДС само потврдува дека е соучесник и дека украдените милиони ги делеле на братски начин“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

11

(Видео) ДУИ е повторно поразена, креираа атмосфера на етнички тензии за да ги заштити криминалците како Груби, вели Петрушевски

„ДУИ е повторно поразена. Дојде 11 и ништо не се случи. И ДУИ знаеја дека ништо нема да се случи, затоа што такви се судските процедури. ДУИ намерно креира постојана атмосфера на етнички тензии тоа го прават кога ќе се соочат со предизвици и со проблеми заради криминал, а на тој начин сакаат да одвлечат внимание“, вели Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.„ДУИ креира намерно тензии не затоа што се грижат за правата на Албанците, туку затоа што сака да ги заштити криминалците во нивните редови како Артан Груби и останатите.Самиот факт што Артан Груби се најде на црната листа ги извади на површина политичките криминалци од ДУИ и СДС, кои се борат за власт да прават криминал.И шаторите со двајца без тројца на ДУИ пред Уставен беа само блед обид да ги манипулираат Албанците, кои ги лажат две децении.ВМРО-ДПМНЕ со години зборува за криминалот на Груби и неговото влијание и притисоци врз институциите.Ставањето на Груби на црната листа покажува и колкаво влијание имала таа партија заедно со СДС врз судството и зошто довербата во истото е само 2%.Знаејќи дека доаѓа време за одговорност и дека веќе не им поминуваат притисоците, ДУИ прави политички циркус. Тоа што никој не им оди на настаните, покажува дека народот ги прочитал.Пред Уставен беа само неколку политички криминалци, кои мислеа дека ќе ги лажат Албанците кои со години се иселуваа исто како и Македонците, додека тие правеа милиони“, соопшти Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

10.12

(Видео) Петрушевски: Артан Груби е на црната листа на САД за корупција која ја правел во иста влада со Филипче

„Артан Груби е на црната листа на САД за корупција која ја правел во иста влада со Венко Филипче, со секој поминат ден без постапка против него ЈО паѓа под секое дно. Артан Груби земал мито за да влијае на судски одлуки, тоа го потврди Стејт департментот. Само ЈО и правосудството во Македонија уште не гледаат криминал кај него“, рече Бране Петрушевски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.„ДУИ со години поставува судии и обвинители, а врвот на таа партија ги користи така поставените кадри за да управува со судските одлуки. Голем број судии и обвинители се под нивен плашт.Артан Груби е колега на Венко Филипче, тие го узурпираа судството.Сега на сите им е јасно зошто ВМРО-ДПМНЕ со месеци повикува судството и обвинителството да почнат да работат по закон. А воедно и зошто СДС и ДУИ на таквите прозивки обвинуваат за политички притисок. Затоа што губат контрола и ќе треба да одговараат за целиот криминал кој го правеле.И циркусот пред Уставен суд е режија на ДУИ за политичка и медиумска видливост. ДУИ кои заедно со СДС ги поставија судиите, сега штрајкуваат против истите.Се што правеше ДУИ и СДС изминатиов период е за спас од одговорност. Обрачот се стега и веќе се извадени на чисто, граѓаните можат јасно да видат кој што правел, а обвинителите и судиите немаат голема комоција да се вадат дека не виделе или не знаеле.И обвинителите и судиите да почнат да работат по закон. Одговорност мора да има“, изјави Бране Петрушевски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања