СДС и ДУИ да го осудат кукавичкото бегство на Груби и да го повикаат да се соочи со правдата, бара ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
artan-grubi-1170x602-1-1024x527-1

„Паднаа во вода приказните на ДУИ за тоа како тие се залагаат за европски вредности, владеење на правото и правдата. Артан Груби го нокаутира и онака слабиот рејтинг на ДУИ“, вели ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

„Најголем доказ за криминалните дејствија на Груби е неговото ставање на црната листа на САД. Груби изјави дека е чист како солза а сепак побегна во Косово и се обидува да се пазари со правдата.

Али Ахмети, ДУИ и СДС молчат за бегството на Артан Груби.

— реклама —

На површина излегуваат сите криминали, скандали и коруптивни дејствија на функционери и луѓе блиски до врхушките на СДС и ДУИ, а СДС и ДУИ молчат.

Срамно е тоа што се уште СДС и ДУИ не го осудиле бегството на Груби и не го повикале да се врати. СДС и ДУИ да кажат дали го поддржуваат бегството на Груби.

Али Ахмети наместо да го осуди бегството на Груби и јавно да се огради од постапките на Груби и тој замина во посета на Косово.

Толку од европските вредности и агенди на СДС и ДУИ.

Груби тврдеше дека е „човек посветен на одбраната на европските вредности“ а нема ниту храброст, ниту морал, ниту смелост да се појави на суд и да се соочи со доказите.

СДС и ДУИ молчат а на јавноста и е јасно дека на тој начин го поддржуваат бегството на Груби.

Одговорност мора да има. Во Македонија мора да завладеат правото и правдата и да се унапреди демократијата“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryr0nm7kal2loidVEYfFw

ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ да престане да го брани Дехари, жртвите да добијат заштита

Македонија | пред 3 месеци

zaev-filipce-1

Дали 90 милиони денари од тендерот за ремонти на Марковски завршиле кај Заев и Филипче, праша Манасиевски

Македонија | пред 3 месеци

zaev-filipce-1

Ако Заев земал куферче со пари од Борисов, сега какво куферче бугарски пари земал Филипче за актуелниот трик наречен црвени линии, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 3 месеци

ck-dpmne

ВМРО-ДПМНЕ: СДС со кривични пријави бега од одговорност и прикрива повици за убиство

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања