ДПМНЕ

filipce34

Се бара извинување од Филипче поради Груби, со тврдење дека го штити

„СДС се соучесници на Груби и ДУИ и креатори на деструктивните политики, криминалот и корупцијата во Македонија“, вели ВМРО-ДПМНЕ и додава:Тоа што СДС и Филипче молчат и не се извинуваат за криминалот на Груби значи дека знаеле, го одобрувале и се соучесници во осиромашувањето на македонските граѓани.На СДС наместо државните интереси на прво место им беше интересот да останат на власт затоа дозволија Груби да краде.СДС мудро молчи по однос на бегалецот од правдата, Груби. Ниту се оградуваат од него, ниту го повикуваат да се врати во Македонија за да се соочи со правдата.Филипче не се оттргна од менторот Заев и е продолжение на погубните политики за државата како во минатото така и денес.СДС е партија заробена во минатото, со иста политичка матрица во континуитет Заев, Ковачевски, а сега и Филипче.Во СДС ништо не е сменето тоа истата партија која ја поткопува македонската државност со деструктивните политики, која го уништи системот, а народот го осиромаши.Се додека СДС и Филипче не се извинат на граѓаните за криминалот на Груби не можат да бидат сериозна и конструктивна опозиција која има политичка одговорност.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

(Видео) Мизрахи: Новиот кадар во образованието е неопходен за подобри ефекти во создавањето на нови образовани и компетентни професионалци

На денешната трибина „Подобрување на образованието“, пратеничката Рашела Мизрахи од редовите на ВМРО-ДПМНЕ нагласи дека реформите во образованието мора да вклучуваат сите аспекти како плати, кадровски решенија, инфраструктура и наставни материјали, бидејќи само целосен пристап ќе доведе до вистинска промена. Таа додаде дека дисциплината и квалификациите на наставниот кадар се клучни за создавање на високо образовани и компетентни професионалци.„Кога ќе се започне фронтална битка против десистематизацијата во образованието, руинирање на целокупниот образовен систем, кој сепак за крајна цел има создавање на нови лица кои ќе бидат на пазарот на трудот високо елоквентни, образовани и полни со дисциплина. Првиот удар да биде на реформата во високото образование со вадење нов кадар или поелоквентен кадар кој што би бил една до две генерации имплементиран во образовниот систем, ќе доведе до подобри ефекти во образованието“, изјави Мизрахи.Мизрахи нагласи дека авторитетот и честа на наставниците треба да бидат почитувани, бидејќи нивната улога е клучна за создавање на високо квалификувани професионалци. Таа додаде дека дисциплината и континуираното истражување ќе ги поттикнат наставниците да го подобруваат своето знаење и да придонесуваат во своето поле.„Децата ги даваме во образовниот систем, а системот наставниците, професорите и учителите треба да направат луѓе. Честа и авторитетот треба да се вратат во рацете на наставниот кадар, висок наставен кадар заради тоа што воспитната компонента е битна, затоа што таа компонента повлекува дисциплина, а дисциплината овозможува агрегирање на базични основни информации, од коишто понатаму може да се гради лице кое што ќе добие интерес во цивилизациските придобивки дадени со она што сме го образложиле и научно го разбираме“, истакна Мизрахи.Мизрахи нагласи дека Меѓународниот универзитет, зад кој стои струшкиот градоначалник, го отвори прашањето за лажни акредитации и создавање на невалиден образовен кадар.„Вие образовниот циклус не го завршувате во моментот кога ќе добиете сертификат или диплома. Едно е дека вие добивате високо образование за да се квалификувате и на пазарот на трудот да влезете со висока квалификација, што значи висок бод или висока плата и понатаму висока пензија, меѓутоа од втората гранка што ја занемаруваме да ја разгледаме е идентитетската гранка. Високото образование води кон дисциплина, прибирање на информации, критично размислување и создавање на вокабулар на високо образована личност“, додаде Мизрахи.Мизрахи ја изрази својата контрапозиција на ставот на поранешната министерка Мила Царовска, која тврдеше дека учениците не треба да бидат „бомбардирани“ со информации. Според Мизрахи, децата треба да бидат изложени на голем број информации, бидејќи тие се основа за критичко размислување и создавање на идентитет на образовани личности.„Децата мора да бидат бомбардирани со информации бидејќи без информации не стигнувате до критична мисла, информациите ви даваат методологија, алатка и тактика за решавање на одреден проблем, со што во високото образование вие добивате и нов идентитет, идентитет студент. Откако компонентата идентитет-студент ќе заврши, вие добивате сертификат, како доказ дека имате нов идентитет, доктор, инженер, правник, економист. Доколку високообразовните институции не се темелат на дисциплина, прибирање на информации и создавање методи, алатки и тактики за решавање на проблеми, вие имате лажни високообразовни институции, тие се еден вид на трговски друштва во кои за одредена сума на пари добивате лажен идентитет со кој што ќе се имплементирате на пазарот на трудот. Во фелата на министерката за образование, во лекарската фела, кој сега ќе направи дистинкција меѓу вистинските бели мантили и оние кои што се само маскирани во бели мантили? Страшно е универзитетите, високообразовните институции да создаваат кадар со лажни идентитети, не создавајќи кадар имплементиран низ целиот систем и понатаму можете да кажете системот е руиниран заради тоа што една институција не е зградата и насловот на институцијата“, рече Мизрахи.Мизрахи ги критикуваше и седумте години на безредие од страна на претходната влада и нагласи дека потребата за ред е клучна за напредокот, вклучувајќи го образованието. Таа додаде дека за успешни политики, особено во образованието, без аналитика нема ефективна политика.„Имавме траорни 7 години на безредие, зачинето со страшно безобразие. Имаше огромна излезност на народот на претходните парламентарни избори и огромна поддршка за програма и идеја за нова иднина, ново утре. Но, што е клучот на сите прашања кои што се одговараат на сите теми, вклучувајќи и образование? Потребата од ред. Министерката за образование, министрите во моментов се обидуваат да направат ред. Велите да имаме политички тези, ама без аналитика нема политика, а за да имате аналитика мора да има ред“, истакна Мизрахи.Мизрахи истакна и дека министерката за образование, Весна Јаневска, се соочува со огромен број вработени кои се изгубени во папирологија и документи, без анализа и решенија за проблемите.„Имаме пред нас министер за образование кој многу често доаѓа во Собрание, повикува на јавна дискусија, на јавна расправа, комуницира со сите сегменти, сите чинители во образованието за да образложиме до каде сме и каде ќе одиме, кои наредни чекори ќе ги преземеме. Во безредието ни тонат и учениците и студентите и наставниците кои што не знаат дали ќе примат плата, колкава плата, ќе има ли материјали, кој ќе им биде програмот, зошто да биде овој, ќе се смени ли власт, ќе се смени ли овој програм“, додаде Мизрахи.Мизрахи истакна дека студентите се повеќе загрижени за практични проблеми како оброк, сместување и материјали, наместо за воспоставување ред во образовниот систем. Според неа, проблемот со кадарот во високото образование се однесува на недостигот на нови кадри, но искуството на постоечкиот кадар не треба да се занемари.„Студенти кои повеќе мислат на тоа дали ќе има студентски оброк, автобуски карти или дали ќе има материјали, книги каде ќе ги набават, дали ќе имаат сместување, на што ќе личи тоалетот каде ќе престојуваат, наместо да мислат на редот кој што треба да се воспостави, а тоа е образованиот циклус. Зачинуваме со тешки прашања, од типот на дали стар кадар или нов кадар во високообразовните институции“, истакна Мизрахи.Мизрахи нагласи дека министерката и другите министри во моментот прават анализа на состојбата и вложуваат големи напори за воспоставување ред. Тие ја информираат јавноста за актуелната ситуација и бараат помош од сите чинители за да го подобрат системот за доброто на сите.,,Сето ова што го прави министерката во моментов и сите министри е аналитика на состојбата која што е најдена во моментот за да се направи ред. Да бидеме благодарни што во овој момент имаме луѓе во извршната власт кои што надчовечки даваат напор за да направат анализа, да излезат во јавноста, да ја презентираат моменталната состојба, да ја информираат јавноста, да побараат помош од сите чинители за да направат ред за сите нас“, заклучи Мизрахи.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

(Видео) Јаневска: Реформите во образованието ќе значат поставување темел на успех и просперитет на државата

„Тоа е една многу сериозна ситуација кога низ целата држава се зборува дека на одредени универзитети или факултети, без оглед дали се јавни или приватни се купуваат дипломи, односно студентите не го стекнуваат квалитетот на знаење кое треба да го стекнат. Кога ќе се појават неколкупати или воопшто нема да се појават се стекнуваат со диплома. Меѓутоа, кога се обидувате да добиете релевантни информации, се разбира дека ниту тој што продал, ниту тој што купил ќе застане тоа јавно да го каже. Но, докази за неквалитетот на одредени дипломи гледаме секојдневно на луѓето кои се вклучени во различни работни процеси. Во администрацијата, зошто нив ги нема во приватниот сектор секако, или на некој други работни позиции“, изјави министерката за образование и наука, Весна Јаневска, во своето обраќање на денешната панел дискусија, каде се дебатираше на тема „Подобрување на образованието“.Јаневска во својот говор објасни дека Министерството за образование и наука врши сериозен мониторинг на работата на факултетите, се со цел да запре процесот на издавање на дипломи несразмерно на реалната вредност и создавање на лажен идентитет. Оттука, Јаневска истакна дека преку алатките кои ги имаат на располагање постапуваат секаде каде имаат пријава за нерегуларност во работа.„Оттука, докажувањето на ова е малку тешко и прилично сериозна и макотрпна работа. Меѓутоа, има и други можности преку кои ние прво би се обиделе, а потоа во следен чекор и со сигурност би го запреле овој процес. Тоа значи сериозно мониторирање на работата на факултетите или универзитетите, преку алатките кои во моментот ни се достапни тоа да го правиме. Тоа значи дека во моментот го користиме Државниот просветен инспекторат и законските можности кои се дадени во Законот за државен просветен инспекторат, Законот за високо образование и Агенцијата за квалитет во високото образование. Правиме силни напори секаде каде имаме пријава дека се случува нешто нерегуларно да постапиме и постапуваме. Државниот просветен инспекторат во изминативе шест месеци постапил во 1400 предмети што е огромна бројка“ , објасни Јаневска.Јаневска дополнително образложи дека е потребен одреден временски период за целосно да се извршат реформи во образованието. Имено, нагласи дека во иднина ќе се настапува уште поригорозно, со крајна цел да не се дозволува во иднина оние кои реално вложуваат енергија во образование и се градат интелектуално да ја напуштаат државата.„Потребно е уште малку време, јас постојано кажувам дека во образование ништо не може да се направи од денес за утре. Треба уште малку време да го заокружиме целиот овој процес, за да можеме после тоа и поригорозно да постапуваме, а ќе постапуваме затоа што доколку дозволиме вакво нешто да се продолжи во иднина, ние ќе имаме се помалку образовани кадри во државата, а оние коишто ќе бидат подобро образовани ќе ја напуштаат државата. Проблем со кој во моментов се соочуваме“ , децидна е Јаневска.Јаневска го произнесе својот став по однос на законските измени во образованието, односно колку се очекува подобрување на образованието во целост. Објасни дека законот е променлива материја, додавајќи дека доколку нешто е добро може да се регулира, ако е спротивно може да се промени. Дополнително испрати јасна порака дека се потребни суштински промени за подобрување на образованието.„Законската регулатива е многу важна и добро е да имаме добри закони, но она што е подобро е да ги имплементираме. Затоа во овој период министерството за образование и наука се фокусираше на законски решенија кои се можни за имплементација. Затоа што познато е дека имаме и многу стратегии и закони кои се добри кога ќе ги погледнеме, но кои за жал во нашата земја не се имплементираат или не може воопшто да се импплементираат. Оттука, водевме многу грижа, да она што го правиме можеме и да го спроведеме“, објасни Јаневска.Јаневска даде одговор на прашањето дали е можно УКИМ да се врати во првите 1000 универзитети на Шангајска листа. Јаневска е децидна дека не постои причина зошто да не е можно истото. Објасни дека со трпение и труд на наставен кадар како и поставување на заеднички цели во високото образование може да се постигнат резултати.„Јас сум непоправлив оптимист и по природа амбициозен човек. Со заеднички цели секако ќе можеме, нема причина зошто не би можеле. Има причина во начинот на кој тоа го правиме. Интелектуалци, истражувачи, научници во цел свет се исти луѓе. Тие не се разликуваат по нешто, освен по условите во коишто работат и можностите коишто државата им ги нуди, вклучувајќи ги и законските решенија за да се постигнат тие цели“, заклучи Јаневска.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-01-18-185014

Кузеска да ги праша Филипче, Заев, Спасовски и Ковачевски зошто дозволија Груби да ја ограби државата, реагира ВМРО-ДПМНЕ

„СДС пред било што да каже треба да се извини што дозволи Артан Груби да прави милионски криминал со години. Нека ги праша Кузевска Филипче, Спасовски, Заев и Ковачевски зошто дозволија Груби да ја ограби државата“, реагира ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.„СДС и ДУИ 7 години ја уништија државата и системот, Буџетот за 2025 година е развоен и е креиран за потребите на граѓаните.Економијата на СДС и ДУИ граѓаните ја видоа на дело изминатите 7 години, која го уништи животниот стандард на граѓаните и ги остави со празни џебови.7 години СДС и ДУИ ги осиромашија граѓаните, ја испразнија буџетската каса и ја задолжија државата и идните генерации.СДС и ДУИ потрошија милионски буџети изминатите 7 години, а позади себе оставија хаос во институциите и колапс на системот.СДС и ДУИ недомаќински и неодговорно ги трошеа народните пари, ги оставија учениците без учебници, студентите без оброци, земјоделците со ниски откупни цени за производство, работниците на АД Водостопансто и ЈП Македонски Шуми без плати а здравството руинирано.Сега за прв пат во македонската историја се покачија пензиите за 2500 денари и годинава за уште 2500 денари, со тоа во првата година од мандатот пензиите се покачени за 5000 денари.За прв пат се договори стабилен раст на платите во образованието и се договори како тие ќе растат во следниот период.Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ се грижи за сите работници, а вработените во здравството добиваат покачување на платите од 40 до 50 проценти во следните 4 години.Покрај зголемувањето за 10 % во 2024 година за плати, 2025 во март месец ќе има дополнителни 5 % зголемување, наредната 2026 година зголемувањето ќе е од 5-7 %, истото зголемување од 5-7% ќе биде и во 2027 година, а од 7-10 % ќе биде зголемувањето во 2028 година.Со Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ Македонија се трансформира.Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ презема активни економски мерки.Буџетот за 2025 година е развоен и е креиран за потребите на граѓаните и достоинсвен живот на секој поединец.Со Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ растат, платите, пензиите, субвенциите за земјоделците се редовни и навремени, а и се подобрува бизнис климата.Со Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ економијата постепено заздравува и покрај ужасната нерамнотежа кој ја предизвика владата на СДС и ДУИ.Владата на ВМРО-ДПМНЕ работи на одржлив начин на зголемување на животниот стандард на граѓаните.Владата на ВМРО-ДПМНЕ годината ја започна со пуштање во употреба на важни инфраструктурни проекти како експресниот пат Куманово-Крива Паланка.Се пушти во употреба железничката делница Куманово-Бељаковце дел од пругата кон Бугарија.Имаме 9 нови авионски линии за 6 месеци.Покрај проектите поврзани со коридорите 8 и 10д и проектите на општините, приоритет се и проектите за финансирање на енергетската ефикасност како и модернизација на земјоделството“, се додава во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

filipce34

Филипче да каже со што толку многу го задолжил Заев и зошто не сака и не смее да се извини за мегаломанскиот криминал на Груби, вели ВМРО-ДПМНЕ

„Филипче да каже со што толку многу го задолжиле Заев и Груби што не сака и не смее да се огради и да се оттргне од Заев“, вели ВМРО-ДПМНЕ и додаваФилипче и СДС се заложници на Груби и не смеат да и се извинат на јавноста поради тоа што дозволија милионски криминал од Артан Груби.Филипче и СДС знаеја и молчеа додека Груби слободно ги крадеше народните пари.Филипче и СДС се соучесници во корупцијата, мегаломанскиот криминал и осиромашувањето на народот.Филипче и СДС не се извинуваат на граѓаните и се препелкаат во политичкото мочуриште затоа што се соучесници во епскиот криминал на Груби и ДУИ.Филипче и СДС месец дена го штитат Груби и тонат во политичкото мочуриште а рејтингот им се топи и е во слободен пад.Филипче и СДС дозволија Груби да краде само паради тоа што единствен приоритет им беше да останат на власт.За СДС и Филипче терминот политичка одговорност е непознат, СДС е истата деструктивна партија која ја уништи државата и го осиромаши народот, како во времето на Ковачевски така и во периодот на Заев.

Македонија | пред 1 година

ministri-dui

Криминалците од ДУИ каде Груби уште членува реагираат за Андоновска затоа што спречи криминал во ИЈЗ кој се правел 15 години, вели ВМРО-ДПМНЕ

„Криминалците се криминалци, а ДУИ тоа го покажува секој ден, па и во реакцијата кон директорката на Институтот за јавно здравје Марија Андоновска која отворено се бори против затекнатиот братски криминал на ДУИ и СДС“, вели ВМРО-ДПМНЕ и додава:Денес тие реагираат против директорката Марија Андоновска која спречи и исправи членови на ДУИ и СДС да седат дома, не одат на работа, а земаат плата.ДУИ реагира затоа што е ставен крај на криминалот кој се правел во оваа институција, со која 15 години раководел кадар на ДУИ.Денес криминалците од ДУИ реагираат зошто директорката на Институт за јавно здравје Марија Андоновска го зголеми обемот на работа, ги зајакна протоколите и ги затвори одливите на средства наместо членовите на ДУИ и СДС вдомени во таа институција да се однесуваат недомаќински и криминално.Денес криминалците од ДУИ реагираат не поради тоа што им е грижа за состојбата со Албанците туку затоа што има вонреден инспекциски надзор и затоа што вработената администрација не полагала административен испит, а законски требала.Секогаш кога ДУИ реагира јавноста треба да знае дека штити криминал. И секогаш кога ДУИ реагира јавноста треба да знае дека оправдувањето со кое го покрива криминалот е нивната наводна загриженост за правата на Албанците. И кога тие зборуваат за дискриминација на Албанците знаете дека тогаш најмногу крадат. Со други зборови, криминалци се криминалци, лопови прва класа.За потсетување тоа е партијата каде Артан Груби е сè уште член.

Македонија | пред 1 година

grubi-41

Потценувачки и смешен е обидот на СДС и Филипче како и сите нивни маневри за дистанцирање од ДУИ додека дозволуваа Груби да краде, вели ВМРО-ДПМНЕ

„СДС и Филипче продолжуваат да го играат спектаклот на дистанцирање од ДУИ, и се уште не се извинија на народот бидејќи дозволија Груби да краде а народот да осиромаши“, вели ВМРО-ДПМНЕ и додава:Потценувачки и смешен е обидот на СДС и Филипче како и сите нивни маневри за дистанцирање од ДУИ и Груби.Народот не може да биди повеќе манипулиран со евтини обиди на СДС за дистанцирање од ДУИ и токму поради тоа рејтингот секојдневно им се топи и е во слободен пад.СДС беше на власт благодарение на својата сервилност кон ДУИ, СДС беше на власт поради тоа што се однесуваа како слуги на ДУИ.Обидот на СДС да се одржи по секој цена на власт беше основата за коалицијата со ДУИ што доведе до распространување на криминалот и осиромашување на народот.Обидот на Филипче да се дистанцира од ДУИ не само што е апсурден туку е и лицемерен затоа што тој е помеѓу оние кои му овозможија на бегалецот Груби и ДУИ криминалот да го претворат во системска пракса.СДС и Филипче треба да се извинат на граѓаните што ги злоупотребуваа народните пари, што знаеја и дозволија Груби да прави криминал а неправдата и беззаконието да царуваат.СДС или ќе направи искрена ревизија на својата политика и целосно ќе се оттргнат од ДУИ или ќе продолжат да тонат во сопствената криминална кал.

Македонија | пред 1 година

filipce34

СДС и Филипче да покажат политичка одговорност, проактивно да соработуваат со правосудните органи и да се извинат на граѓаните што не го спречиле криминалот на Груби и ДУИ, велат од ВМРО-ДПМНЕ

“СДС и Филипче додека беа власт се им дозволија на коалициските партнери ДУИ. СДС и Филипче дозволија криминалот да царува а корупцијата да се прошири до пандемиски размери”, вели ВМРО-ДПМНЕ и додава:СДС молчеше и создаде атмосфера во која се перцепираа како немоќни, а истовремено беа дел и соучесници пред се она што беше очигледно а тоа е мегаломански криминал и пљачкање на народните пари.СДС и Филипче беа директни сведоци на сомнителни активности, а во јавниот дискурс постојано проектираа слика на незнаење и неинформираност.СДС и ДУИ да излезат на прес конференција и да се извинат на граѓаните затоа што дозволија 7 години да ги крадат народните пари.СДС и Филипче да се изјаснат дали навистина имаат намера да покажат политичка одговорност, да започнат со јавно признавање на сопствените попусти и да се извинат пред јавноста за тоа што не презеле ништо за спречување на корупцијата од страна на ДУИ и Груби.Филипче додека бил функционер во владата на СДС и ДУИ знаел за криминалните активности на Груби и ДУИ но молчел за да опстане криминалната коалиција ден повеќе на власт и токму поради тоа денес Филипче треба да помогне на правосудниот систем за докажување на криминалот.СДС треба проактивно да соработува со правосудните органи и да ги сподели сите информации за кои има сознанија, за да придонесе кон расчистување на незаконските активности на ДУИ и Груби, во спротивно се друго е прикривање, и ја продолжува штетната практика на неказнивост.СДС после два месеци откако скандалот и криминалот на Груби ја бранува јавноста се обидува да се дистанцира од ДУИ преку декларативни изјави за несогласување со нивните дејства.Ваквиот пристап на СДС кој е лишен од конкретни чекори, не само што е површен туку ги прави соучесници и е недоволен за да се врати довербата кај граѓаните.Ако СДС сака да изгледа барем малку одговорно, треба да се извини што го толерирале Груби, што не го спречиле кога имале шанса. А потоа, сите тие што му овозможија да дојде до оваа точка, мора да се повикаат на одговорност.

Македонија | пред 1 година

petrushevski3

(Видео) Петрушевски: Сите се откажаа и извинија за Груби, само СДС не се извини зошто со години дозволија да краде

„Сите се откажаа и извинија за Груби, само СДС не се извини зошто со години му дозволија да краде. И ДУИ и Тетовскиот Универзитет сите се дистанцираат од криминалецот и бегалец Артан Груби, сите освен СДС“, кажа Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.„СДС покрај ДУИ се највеќе виновни зошто на Македонија воопшто и се случи Груби. Да не беше нивната желба за власт по секоја цена или ќе воведоа постапка против Груби, или воопшто немаше да дозволат да дојде до тоа.Нема амнестија за СДС во случајот Груби. СДС знаеле од прв ден што прави Груби. Не може за влада која ја воделе заедно и која заради ДУИ опстојуваше СДС да не знае што се случувало.СДС доколку сериозно размислува како партија која сака да биде чинител во општеството, треба да се извини зошто го толерирале Груби и што не повеле постапка пред органите во нивно време. А веднаш потоа да ги повикаат на одговорност и сите нивни функционери кои тоа го овозможиле.Всушност заради вакви како Груби и многу други од нивните редови СДС и ДУИ ги протуркаа законските измени во Кривичниот законик. Спасувајќи голем број криминалци, но очигледно за среќа на државата и сите нас не можеле да ги спасат сите“, изјави Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

KATOLICKI_BOZIK_21122019-e1577190409946

Христовото раѓање дава смисла на човештвото и вербата за подобро утре исполнето со мир, љубов и благосостојба, вели ВМРО-ДПМНЕ

“Христовото раѓање е празник кој дава смисла на нашето човештво и вербата за подобро утре исполнето со мир, љубов и благосостојба”, вели ВМРО-ДПМНЕ и додава:Да се насочиме кон добрите дела и хуманоста, бидејќи тие се темелите на христовата вера.ВМРО-ДПМНЕ посакува празничните божиќни мигови, да ги исполнат вашите домови со топлина, мир и хармонија. Нека се пренесе гласот дека Христос е роден.Да ги споменеме и сите оние кои страдаат и да им помогнеме. Да правиме добри дела и да подаваме рака на секого. Без оглед на разликите, едни со други треба да си бидеме потпора во животот. Само така ќе покажеме дека сме силни и сме фактор во општеството.Само со труд, работа и верба во Бога, да придонесеме за подобрување на животот на сите граѓани во Македонија.Нека е честит и вековит празникот Божиќ.Да е вечна Македонија!Христос се роди! Навистина се роди!

Македонија | пред 1 година

grubi5123

Лотарија функционирала како приватна фирма на Груби и ДУИ, СДС само молчеле на криминалот, вели ВМРО-ДПМНЕ

„Лотарија функционирала како приватна фирма на ДУИ, СДС само молчеле на криминалот. Со молчењето и прикривањето, СДС се соучесници на криминалот на Груби во Лотарија“, вели ВМРО-ДПМНЕ.„СДС со Филипче, веќе 20 дена не се оградуваат од Груби и го поддржуваат криминалот.Новото раководство од третиот и четвртиот ешалон на СДС, кои се деца на Заев, се само продолжена рака и поддржувачи на криминалите на нивниот ментор.Затоа во СДС нема ништо ново, туку се е како до сега.СДС се веќе прочитана приказна и нивното владеење со ДУИ заврши.ВМРО-ДПМНЕ не поддржува криминал и корупција и се бори против истото“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

(Видео) Петрушевски: СДС, Заев и Филипче свесно му ја препуштија Лотарија на ДУИ, за Груби да прави криминал, а тие да останат власт

„СДС, Заев и Филипче свесно му ја препуштија Лотарија на ДУИ, за Груби да прави криминал, а тие да останат на власт. Да не беше СДС, Заев и Филипче, криминалот на ДУИ немаше да биде возможен“, рече Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.„Не е само криминалот од 8 милиони евра. Груби и ДУИ ја претвориле Лотарија во нивна приватна фирма, делеле тендери и пари како да се работи за семеен бизнис, а не за државно претпријатие со пари на граѓаните.Артан Груби не беше сам во криминалот. СДС со нивната желба за власт по секоја цена му го овозможија тоа.СДС знаеше дека во моментот кога ќе поведе постапка против Груби, владата им паѓа, затоа го толерираа, а подоцна и му се приклучија.СДС со денови прават приказни, а секој знае дека се што правеше Груби знаеја во СДС, но молчеа од страв.СДС излезе на избори со надеж дека таквиот тандем ќе продолжи.ВМРО-ДПМНЕ уште пред изборите, и во текот на целото криминално работење на Груби кажуваше дека одговорност ќе има. И тоа и се случува сега. Одговорност за секој украден денар народни пари ќе има“, изјави Петрушевски.

Македонија | пред 1 година

artan-grubi-1170x602-1-1024x527-1

Груби и другар му Перпарим системски краделе од Лотарија, СДС за тоа знаеле и молчеле за да им трае владината коалиција, вели ВМРО-ДПМНЕ

„На криминалот на ДУИ и на Артан Груби му нема крај. Груби со другар му Перпарим Бајрами во Државна лотарија си направиле криминална шема, од која профитирале милиони“, вели ВМРО-ДПМНЕ.„Артан Груби и Перпарим Бајрами системски краделе од лотарија и ваквиот криминал, од надлежните институции, е документиран и истражен. За неколку месеци од преземањето на власта од страна на ВМРО-ДПМНЕ, документиран е случајот со Државна лотарија и покренати се истражни постапки и кривични пријави.Криминалот во Лотарија се шири, а Груби и другар му Перпарим злоупотребиле многу повеќе од 8 милиони евра. Во Државна лотарија се договарани тендери за набавка на телевизори, принтери, компјутерска и комуникациска опрема во вредност од над 400.000 илјади евра.Но, криминалот во овие тендерски постапки за набавка на телевизори и компјутерска опрема лежи во тоа што, иако е потпишан прием за нив, по спроведените проверки и попис не се пронајдени.За ваквиот криминал, кој имал епидемиски размери и кој по само шест месеци по промената на власта можеше да се документира, истражи и да се процесуира, не е можно да не знаеле СДС.СДС сигурно знаеле за ваквиот криминал во Лотарија, но ги оставиле Груби и ДУИ да крадат од македонските институции, за што подолго останат на власт и во удобните фотелји.И сега, кога сиот криминал на Груби, посебно во Лотарија кои СДС го знаеле, излегува на површина, ги нема да го осудат, дистанцираат и да го повикаат да се врати во Македонија и да се соочи со правдата.СДС, наместо осуда за Губи, ги гледаме секојдневно како смислуваат разно разни приказни и конструкции, но од друга страна пак, тоа е единственото кое што им остана.Затоа што, Македонија се трансформира и следува одговорност за сите што работеле спротивно на закон“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Ристески: Владата ги исполнува клучните ветувања дадени во предизборниот период, правда мора да има и ќе има

На вчерашното гостување на Телевизија 24 во емисијата „Анализа“ присуствуваше пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Петар Ристески кој дискутираше за бегството на поранешниот вицепремиер од ДУИ, Артан Груби.Ристески се осврна на тоа дека сите овие случувања кои ги гледаат граѓаните биле дел од предизборната кампања на ВМРО-ДПМНЕ и тие се одвиваат и спроведуваат токму така како што било ветено.„Најважно е она што се случува како Влада, она што Владата го спроведува, едно од клучните ветувања во предизборниот период на ВМРО-ДПМНЕ беше дека правда мора да има и ќе има, дека ќе објавиме војна на криминалот и корупцијата и тоа и се случува во моментот“, рече Ристески.Ристески објасни како дел од бившите владини функционери биле замешани во нелегални активности, и потенцираше дека не би било зачудувачки доколку листата на бивши функционери од претходната влада кои правеле криминал биде проширена.„Гледаме дека голем дел од бившите владини функционери и тоа како биле замешани во нелегални активности криминал, корупција и од државниот завод за ревизија можевте да видите голем број на пропусти на незаконско работење така да таму каде и да се чепне ќе има причини за поведување на кривични постапки и нема да да бидам изнендаден доколку и многу други владини функционери, директори, министри од минатата влада бидат изнесени пред лицето на правдата“, објасни Ристески.Пратеникот посочи дека граѓаните се задоволни од сето тоа што се случува со ловењето на криминалот и корупцијата и дека токму поради вакавото ветување тие добиле доверба од страна на народот.„Ова што сега се случува граѓаните гледаат и знаат и најновите анкети тоа и го покажуваат, онаа за што добивме доверба како политичка партија на изборите тоа и го спроведуваме“, рече Ристески.Ристески се обрати до пратеникот од Европскиот фронт, Демири, и повика да се врати Груби и да се соочи со лицето на правдата, исто така нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија го започнала овој процес и дека тој ќе се одвива до крај.„Вашиот претседател на партијата Зијадин Села се огради и го повика Артан Груби да се врати, да си ја докаже невиноста во Република Македонија, јас очекувам и вие тоа да го направите а не да кажете дека немате доволно информации, ако е невин нема потреба да бега. Ние како политичка партија го отпочнавме овој процес и овој процес ќе го тераме до крај, Артан Груби е на потерница и на црна листа тоа значи кога и да е ќе дојде и ќе одговара за она што го правел во Република Македонија“, дециден е Ристески.

Македонија | пред 1 година

grubi-5123

Додека ДУИ и Артан Груби се криеја зад Албанците и СДС го делеше македонското општество за да крадат, Албанците и Македонците масовно се иселуваа, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„СДС и ДУИ се едно исто. И двете партии ги користат најчувствителните теми во општеството за ситни политички поени и за лично богатење на поединци“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.„СДС долго време се криеше зад флоскулата „едно општество за сите“, за од друга страна да ги направи најголемите и најдлабоките поделби во македонското општество. Додека го делеше македонското општествено ткиво, лицата на чело на СДС, како Зоран Заев и Венко Филипче и нивните браќа, правеа милиони.Исто и ДУИ додека се повикуваше на Албанците и себеси се промовираше како нивен најголем и единствен заштитник, Албанците од Македонија масовно се иселуваа. Додека од уста не ги извадија правата на Албанците, раководството на ДУИ меѓу кои Артан Груби, си ги полнеа џебовите. Артан Груби и ДУИ единствено што направија за Албанците е што ги злоупотребија за тие да се богатат.Додека Артан Груби крадеше, ДУИ ги убедуваше сограѓаните Албанци дека се бори за нив. А, секој изминат ден на ДУИ на власт беше причина повеќе Албанците, исто како и Македонците, да си заминуваат од државата.Груби и ДУИ секогаш биле само и само за заштита на интересите и џебовите на поединци, а не за Албанците и најмалку за Македонците.СДС знаеја за криминалот на Груби, на кој прво му дадоа одврзани раце да краде, па потоа му се приклучија и заеднички се богатеа на грбот на народот. И уште една причина поради која СДС молчеше за криминалот на Груби, е затоа што така се држеа на власт.И се така седум години народот осиромашуваше, државата се пљачкаше, а челниците на СДС и ДУИ се богатеа. Коалицијата на СДС и ДУИ, беше криминална коалиција од интерес за ограбување на Македонија, а за лично богатење на нивните луѓе.Затоа и се поддржуваа седум години. Но, СДС и ден денес одработува за Груби, кои наместо да се дистанцираат од него и да го повикаат да се врати да се соочи со правдата, тие држат прес-конференции смислувајќи разно разни приказни.Наместо уште да му служат на Артан Груби, СДС да им се извини на македонските граѓани за сервилноста и грабежот на Македонија“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања