СДС и Спасовски цели 8 години не успеаја да се справат со криминалните банди во Македонија, заврши времето на „како до сега“, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
oliver

„СДС цели 8 години како власт во Македонија и Спасовски како министер, не успеаја да се справат со владеењето на криминалот. Поточно, работеа врз база на тоа како до сега, односно по насоки од Мала Речица“, реагира ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Мартин Костовски од СДСМ.

— реклама —

„Да не заборавиме, Спасовски и СДС се единица мерка за криминал. Спасовски и СДС беа оние кои што даваа пасоши на белосветски криминалци. Спасовски и СДС го направија главниот град да биде едно криминално подземје, со кое управуваа криминалните банди од Грчец, Ченто и Арачиново.

Да не заборавиме, дека во времето на Спасовски и СДС, полицајци се пукаа едни кон други кај Александар Палас. Спасовски и СДС ја убедуваа јавноста дека полицаец се има удрено во пајак возило, само затоа што возилото било на лице од ДУИ.

— реклама —

Заврши времето на „како до сега’’.

Владата на ВМРО-ДПМНЕ жестоко ќе се бори против криминалот. Синоќешните чинители на инцидентите, веднаш се лишени од слобода од страна на МВР.

За само пет месеци, во МВР се зголеми бројот на приведени лица, лица кои биле барани со потерници, лица избегани од затвори или сториле одредено кривично дело“, се додава во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryr0nm7kal2loidVEYfFw

ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ да престане да го брани Дехари, жртвите да добијат заштита

Македонија | пред 3 месеци

zaev-filipce-1

Дали 90 милиони денари од тендерот за ремонти на Марковски завршиле кај Заев и Филипче, праша Манасиевски

Македонија | пред 3 месеци

zaev-filipce-1

Ако Заев земал куферче со пари од Борисов, сега какво куферче бугарски пари земал Филипче за актуелниот трик наречен црвени линии, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 3 месеци

ck-dpmne

ВМРО-ДПМНЕ: СДС со кривични пријави бега од одговорност и прикрива повици за убиство

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања