Социјалната заштита има најголем удел во распределбата на буџетски средства за 2025, рече Кузманоска

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
kuzmanoska1-biljana

Социјалната заштита има најголем удел во распределбата на буџетски средства за 2025, и тоа за цели 16,5 милијарди денари повеќе, во однос на 2024-та. Јасен индикатор дека ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата која ја предводи се грижи за најранливите граѓани, за оние на кои најмногу им е потребно, рече Биљана Кузманоска, пратеник на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

„Се грижиме за најмладите. Со буџетот за идната година, на Министерството за социјална политика, демографија и млади, средствата за програмата „Детска заштита“ ќе им се зголеми за 17%, односно 460 милиони денари повеќе за нови проекти. Додека пак ставката 482, наречена „Други градежни објекти“ има зголемување за фрапантни 1570%.

Ова значи дека Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе гради нови градинки. Ова значи дека се грижиме за семејствата.

— реклама —

Се грижиме и за највозрасните преку проектирање на зголемена ставка за пензии од дури 16,6 проценти. Во денари, тоа е предвидено зголемување за дури 15 милијарди повеќе од годинава.

Наредната година и пензионерите ќе го добијат ветеното зголемување на пензиите во износ од 2500 денари и заедно со претходното во октомври, 338.000 пензионери ќе добијат историски највисоко покачување од вкупно 5000 денари. Со ова, минималните пензии ќе се зголемат за 36%, а просечната пензија за цели 25%.

Се грижиме и за болните, за лицата со инвалидитет, како и за сите оние кои имаат потреба од социјална заштита, со досега рекордни средства за поддршка од државниот буџет“, изјави Биљана Кузманоска, пратеник на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryr0nm7kal2loidVEYfFw

ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ да престане да го брани Дехари, жртвите да добијат заштита

Македонија | пред 3 месеци

zaev-filipce-1

Дали 90 милиони денари од тендерот за ремонти на Марковски завршиле кај Заев и Филипче, праша Манасиевски

Македонија | пред 3 месеци

zaev-filipce-1

Ако Заев земал куферче со пари од Борисов, сега какво куферче бугарски пари земал Филипче за актуелниот трик наречен црвени линии, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 3 месеци

ck-dpmne

ВМРО-ДПМНЕ: СДС со кривични пријави бега од одговорност и прикрива повици за убиство

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања