Промените во здравството кон квалитетни и навремени услуги започнуваат со грижата за здравствените работници, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
doktor

„Трансформацијата на здравствениот систем во Македонија започна со потпишувањето на Колективниот договор за зголемување на платите на здравствените работници, 2,450 денари поголеми плати за сите во здравството и 3,850 денари за медицинските сестри“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

„Исплатата на овие покачувања кон вработените ќе почне веќе од ноемвриската плата.

Со Владата на ВМРО-ДПМНЕ граѓаните конeчно ќе добијат квалитетни и навремени здравствени услуги.

— реклама —

Со Владата на ВМРО-ДПМНЕ следуваат реформи и трансформација на здравствениот систем.

ВМРО-ДПМНЕ се грижи и го вреднува трудот на здравствените работници со цел подобрување на услугите во здравството и пациентите како крајна цел.

Планот за зголемување на платите започнува во 2024 година, а средствата за плати во здравството се покачуваат за 10% и овие покачувања ќе траат во текот на целиот мандат на оваа Влада. Вработените во здравството добиваат покачување на платите од 40 до 50 проценти во следните четири години.

Следната 2025 во март месец ќе има дополнителни 5% зголемување на платите, наредната 2026 година зголемувањето ќе е од 5-7 %, истото зголемување од 5-7% ќе биде и во 2027, а од 7-10 % ќе биде зголемувањето во 2028 година.

Со владата на ВМРО-ДПМНЕ стартува модификација и реформи во здравствениот систем, подобрување на услугите и грижа за пациентите.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе ја врати довербата на пациентите во здравствениот систем“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryr0nm7kal2loidVEYfFw

ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ да престане да го брани Дехари, жртвите да добијат заштита

Македонија | пред 3 месеци

zaev-filipce-1

Дали 90 милиони денари од тендерот за ремонти на Марковски завршиле кај Заев и Филипче, праша Манасиевски

Македонија | пред 3 месеци

zaev-filipce-1

Ако Заев земал куферче со пари од Борисов, сега какво куферче бугарски пари земал Филипче за актуелниот трик наречен црвени линии, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 3 месеци

ck-dpmne

ВМРО-ДПМНЕ: СДС со кривични пријави бега од одговорност и прикрива повици за убиство

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања