Во октомври намалени трошоците за живот, прв пат после долги години Македонија има буџетски суфицит, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
k15

„Економијата се стабилизира, инфлацијата се намалува, платите растат, трошоците за живот се намалуваат и за прв пат после долги години Македонија има буџетски суфицит“, реагира ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Богданка Кузеска.

— реклама —

„Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ за неколку месеци раководење со државата, преку соодветни мерки го сопре слободниот пад на економија, кој што беше предизвикан и оставен од седум годишното владеење на СДС и македонската економија ја поставува на здрави нозе.

ВМРО-ДПМНЕ ги поставува темелите за нова и здрава економска реалност и работи на привлекување на нови странски инвестиции, нови работни места, повисоки плати и пензии и подобар животен стандард за граѓаните.

— реклама —

И додека другарите Филипче и Заев се журкаат по скапи забави во Дубаи, ВМРО-ДПМНЕ посветено работи на финансиска и економска стабилизација на Македонија.

СДС на власт ги осиромаши граѓаните и ја ограби Македонија. Да се грижеа барем малку за граѓаните, економијата и државата, СДС на власт немаше да се однесуваат со државните ресурси и македонскиот буџет како кон плен после поход и целосно да ги опљачкаат.

Македонската јавност многу добро знае дека на СДС и Филипче воопшто не им е грижа за народот и нивниот животен стандард, а уште помалку им е грижа за економијата која во нивно владеење ја уништија.

Седум годишното владеење на СДС и разбојничко управување со државни ресурси, претставува најголемата катастрофа во поновата историја која и се случила на Македонија“, се додава во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryr0nm7kal2loidVEYfFw

ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ да престане да го брани Дехари, жртвите да добијат заштита

Македонија | пред 3 месеци

zaev-filipce-1

Дали 90 милиони денари од тендерот за ремонти на Марковски завршиле кај Заев и Филипче, праша Манасиевски

Македонија | пред 3 месеци

zaev-filipce-1

Ако Заев земал куферче со пари од Борисов, сега какво куферче бугарски пари земал Филипче за актуелниот трик наречен црвени линии, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 3 месеци

ck-dpmne

ВМРО-ДПМНЕ: СДС со кривични пријави бега од одговорност и прикрива повици за убиство

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања