Транспарентноста и отчетноста се непознати поими за СДС и ДУИ, се залагаме за градење на демократски институции кои ќе ја зајакнат и унапредат демократијата во земјата, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
vmro-1

„По само неколку месеци од падот на СДС и ДУИ фактите излегуваат на површина за тоа како СДС и ДУИ ги трошеле народните пари. Нема област во која што не се пронајдени низа злоупотреби, прекршувања на законите, ненаменско трошење на буџетските средства и малверзации“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

„Низ изминатите 7 годините се потрошени милионски буџетски средства а ништо не е направено и реализирано и во корист на граѓаните.

Секојдневно се откриваат низа малверзации, скандали и афери за седум годишното владеење на СДС и ДУИ. Парите на граѓаните СДС и ДУИ ги трошеле неодговорно и нетранспарентно.

— реклама —

Ефектите од владеењето на СДС и ДУИ граѓаните ги чувствуваат и ден денес.

Уште еден таков случај е констатиран и во ДЗР во Ревизија за 2023 година на министерството за финансии и буџетските трошења каде се констатирани низа пропусти.

Ревизорот констатира дека власта на СДС и ДУИ не ги објавувала одлуките за одобрување на средства од раздел МФ - функции на државата во службено гласило.

Толку од транспарентноста и отчетноста на СДС и ДУИ на која се повикуваа секојдневно. Ова е уште еден доказ за тоа колку СДС и ДУИ ја уназадија државата, ја продлабочија корупцијата и го распространија криминалот.

Се поставува прашањето што криеле СДС и ДУИ?

ВМРО-ДПМНЕ се залага за политики и закони кои ќе го променат системот, ќе ја искоренат и оневозможат корупцијата. ВМРО-ДПМНЕ има реформска агенда која ќе успее да испорача услуги на населението.

ВМРО -ДПМНЕ се залага за градење на демократски институции кои ќе ја зајакнат и унапредат демократијата во земјата“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryr0nm7kal2loidVEYfFw

ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ да престане да го брани Дехари, жртвите да добијат заштита

Македонија | пред 3 месеци

zaev-filipce-1

Дали 90 милиони денари од тендерот за ремонти на Марковски завршиле кај Заев и Филипче, праша Манасиевски

Македонија | пред 3 месеци

zaev-filipce-1

Ако Заев земал куферче со пари од Борисов, сега какво куферче бугарски пари земал Филипче за актуелниот трик наречен црвени линии, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 3 месеци

ck-dpmne

ВМРО-ДПМНЕ: СДС со кривични пријави бега од одговорност и прикрива повици за убиство

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања