ДПМНЕ

market-pari

Потрошувачката кошничка за 7 години е двојно поголема од 500 евра во 2017 на скоро 1.000 евра денес, вели ВМРО-ДПМНЕ

„Со СДС и ДУИ потрошувачката кошничка за 7 години е двојно поголема од 500 евра во 2017 на скоро 1.000 евра денес“, вели вели ВМРО-ДПМНЕ и додава:За 7 години животот на граѓаните е двојно поскап. Заради лошото владеење на СДС и ДУИ за тоа што во 2017 година требало да се одвојат 500 денари, сега за да се купи треба да се одвојат 1.000 денари.За 7 години животот на народот стана неподносливо тежок и за сиот овој период, раст на БДП по глава на жител е само 20%, додека во регионот е повеќе од 50%.Кој може да си дозволи да наполни една потрошувачка кошничка? 600.000 луѓе кои живеат со 150 денари на ден сигурно не, но милионерите како Каевски, Ковачевски, Зечевиќ сигурно да.Со милиони, кои самите си ги пријавиле во анкетните листови Каевски и Ковачевски маките на народот се неразбирливи. Оваа власт е целосно одлепена од реалноста.Народот не може да си дозволи основни работи за живот. Со право народот вели дека немаме држава, време е да ја вратиме.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Мицкоски: Гледаме некои кандидати за претседатели кои се опозиција на опозицијата се мачат да соберат потписи, па власта им помага

Очекував да бидам искрен дел од потенцијалните кандидати да ги соберат побрзо потребните 10.000 потписи, вели Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ во вечерашното гостување во централниот дневник на ТВ Сител во Тема на денот.Мицкоски додаде дека иако некои од кандидатите воделе кампања и се нарекувале дека се фаворити во трката за претседател на државата и по 5 дена не можат да ги соберат потребните потписи.Има некои од кандидатите за кои што со недели се водеше кампања дека ќе бидат фаворити во трката за претседател на државата, но гледаме еве и после 4-5 дена тешко оди собирањето и практично официјалната кандидатура на тие кандидати, истакна тој.Претседателот Мицкоски нагласи дека владејачките партии помагаат на одредени кандидати за претседатели на државата со собирањето на потписите, и со тоа практично наместо да се натпреваруваат, тие се опозиција на опозицискиот кандидат.Има и такви примери каде што владејачките партии собираат потписи за некои од кандидатите. Тоа е и целта на некои од кандидатите, не да се натпреваруваат да бидат претседатели или претседателски кандидати, туку да бидат практично опозиција на опозицискиот кандидат. И тоа е целта на власта, додаде Мицкоски и порача?Но, мислам дека е препознаена од народот и дека ќе биде неуспешен тој обид.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-02-27-at-17.02.45

Кoтевски: Ова не шоуто „преживување“ живи луѓе се во прашање

„Почитувани, што доби Битола од оваа коруптивна, криминална, предавничка и тотално неспособна власт?“, вели Николче Котевски, секретар на ОК ВМРО-ДПМНЕ Битола:„Милионски тендери во РЕК Битола на фирми на СДС и ДУИ, поскапа струја и можност околу три илјади луѓе да останат без работа !Со оваа власт, предводена од ДУИ и нивниот чирак, СДС, најголемиот хаос, директно на грбот на граѓаните е сиромаштијата.Добивме 50 проценти зголемување на екстремната сиромаштија, а само една четвртина од граѓаните можат едвај да преживеат.И ова не е обична забелешка и впечаток на ВМРО ДПМНЕ, туку податоци од спроведени истражувања и последици кои секој од нас секој ден ги чуствува.Трендот на сиромаштијата, за жал, екстремно расте, а причината е незнаење и неспособност, криминал и корупција во прво лице на СДС и ДУИ.Ништо не оставија и од темел ја разрушија државата.Очигледна е нефункционалноста на институциите, секој ден се поголем е распадот, а најочигледно и најпотребно, повеќе од секогаш, е нивното заминување од власт и спасување на градот и државата.Промените мора да се случат, зашто овој пат, буквално голиот живот е во прашање.Во Македонија е тотален хаос, имаме нефункционални институцции, со право народот вели дека немаме држава.Ова не е шоуто ПРЕЖИВУВАЊЕ, станува збор за реални, живи луѓе.Никогаш не било полошо!Важно е заедно да ги поразиме!Важно е државата повторно да биде на граѓаните!“

Македонија | пред 1 година

dusko27022024.jpg

Дали СДС и Бочварски не ги завршуваат затворениот базен и Клиничката болница за да ги казнат штипјани?, прашува Иванов

„Со договор од 07.02.2020 година и дозвола за градба од 12.02.2020 година, е започната градбата на затворен базен во Штип со утврден рок за завршување на проектот од 18 месеци“, вели Душко Иванов, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Штип и додава:После 2,5 години од пробиенот рок за градба, повторно го прашуваме Благој Бочварски и надлежните институции:- дали се исплатени парите на граѓаните во износ од фантастични 600.000 илјади евра на изведувачот?- доколку се исплатени зошто базенот во Штип е нефункционален?- дали е покрената постапка поради пробивање на рокот за градба и пуштање во употреба на објектот со цел заштита од злоупотреба на парите на граѓаните?- 7 години СДС преку одговорните на институциите се однесува неодговорно, неажурно и манипулативно кога се во прашање ветени, отпочнати инереализирани проекти на штета на граѓаните и ЗОШТО СДС и Бочварски поради лошиот изборен резултат на локалните избори и фијаското кое ќе го доживеат на претстојните избори, ги казнува граѓаните на Општина Штип со нереализација на веќе започнати проекти, по примерот на Клиничката болница во Штип?Бесрамно со лаги и манипулации дојдовте на власт, со лаги и корупција владеевте и така ќе заминете во политичка пензија!Доста е!Важно е да се промени Власта, да се ослободат институциите, да си ја вратиме државата!

Македонија | пред 1 година

384754836_871472544341483_1508962166847449224_n

Спасовски и Ковачевски од Македонија направија Колумбија, криминалците со кои се сликаа продолжуваат да се убиваат меѓу себе, вели ВМРО-ДПМНЕ

“Спасовски и Ковачевски од Македонија направија Колумбија, криминалците со кои се сликаа продолжуваат да се убиваат меѓу себе”, велат од ВМРО-ДПМНЕ и додава:Спасовски, Ковачевски, Пендаровски беа први на сликите со криминалците кои во последата година се ликвидираат меѓу себе.И оваа ликвидација води кон СДС. Застреланиот бил пронајден од братот полицаец чие име се спомнува во структурата на фирмата која продава јаглен на ЕСМ и РЕК Битола. А кавна тајна е дека ЕСМ и РЕК се златните рудници каде црпи пари врвот на СДС и ДУИ.Коалицијата на СДС со криминалот продолжува и ќе биде тука се со конечниот пад на оваа власт на 8 ми мај.Сега ги гледаме последиците од 7 години коалиција на СДС со мафијата.Пукањето по улиците и убиствата засекогаш ќе останат симбол на времето додека СДС ја водеше државата. Со право народот вели дека немаме држава, време е да ја вратиме.

Македонија | пред 1 година

KOVACEVSKI-AHMETI-GRUBI

Со СДС и ДУИ инфлација 50% поголема од еврозоната, пад на реалната плата и потрошувачка кошничка од 1.000 евра, порача ВМРО-ДПМНЕ

„Со СДС и ДУИ Македонија има инфлација за 50% поголема од таа во еврозоната, пад на реалната плата и потрошувачка кошничка од 1.000 евра“, вели порача ВМРО-ДПМНЕ и додава:Во текот на 2022 година има пад реалната плата за 5%, платите со години се обезвреднети, на хартија растат, а во реалноста куповната моќ на народот е се послаба.Потрошувачката кошничка е речиси 1.000 евра, за да се наполни потребни се 3 минимални плати.Економијата никогаш не била во толку лоша ситуација како денес со СДС и ДУИ.Додека во Македонија растот на БДП по глава на жител од 2017 до 2023 година изнесува само 20%, земјите од регионот како Србија, Албанија, БиХ, Црна Гора и Косово имаат и над 50% раст.Македонија заостанува зад сите земји во регионот. 7 години власт на СДС и ДУИ, 7 промашени години за економијата. Народот со право вели дека немаме држава, време е да ја вратиме.

Македонија | пред 1 година

gordana-siljanovska-davkova

Славески: Силјановска Давкова е една од најистакнатите членови на парламентот која ги застапува политиките на ВМРО-ДПМНЕ

„Ние имаме парламентарен систем каде претседателот е со релативно ограничени ингеренции во надворешната политика, безбедносната политика, а многу малце ингеренции има во економијата и слично“, истакна членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Трајко Славески во вечерашното гостување во емисијата „Аргумент плус“ на телевизија 24.Во однос Гордана Силјановска Давкова, тој кажа дека таа е една од најистакнатите членови на парламентот.„Професорката Гордана Силјановска Давкова е член на парламентарната група на ВМРО-ДПМНЕ, ги застапува политиките на ВМРО-ДПМНЕ. Ние ја сметаме за член на големото јато на ВМРО-ДПМНЕ. Таа со ништо не покажала дека има нешто генерално спротивно од она што е генерално политика на ВМРО-ДПМНЕ во текот на изминатите 4 години во својство на член на парламентот, еден од најистакнатите членови на парламентот, рече Славески.Тој истакна дека за ВМРО-ДПМНЕ посакуван коалициски партнер се партиите од албанската опозиција.„Јасно е дека наш посакуван природен коалициски партнер се партиите од албанската опозиција минус делот од Алијанса за Албанците кои се определија да одат со СДС и ДУИ“, кажа Славески.Тој очекува албанската опозиција да го победи ДУИ на изборите.„Позади Таравари од она што гледам позади себе има една армија гласачи, ние сметаме на нив кои секако ќе придонесат да т.н Европски фронт на партии од албанската опозиција да го победат ДУИ на овие избори“, вели Славески.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

„Пред неколку години четвртина бурек со јогурт беше 50, сега е 120 денари“, Мицкоски со одговор до СДСМ за просечната плата

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска беше на теренска посета на увид на градежни активности во општина Гази Баба, каде што беше запрашан за коментар за тврдењата на Социјалдемократскиот сојуз дека ја зголемиле просечната плата.Мицкоски истакна дека тоа се нивни кажувања, но реалноста е сосема друга и дека македонските граѓани имаат се помалку пари и се полошо живеат, истакнувајќи дека пред неколку години со помалку пари граѓаните поубаво живееле.Како пример, Мицкоски ја зема цената на чинење на четвртина бурек со јогурт, посочувајќи дека пред неколку години можеше да се купи за 50 денари, додека сега истото чини 120 денари.„Тие условно велат така, но исто така, добро е да ги потсетиме дека четврт бурек со јогурт пред неколку години беше 50 денари, сега е 120 денари. Македонија е убедливо меѓу врвните држави кога станува збор за криминалот и корупцијата, според просечната плата и пензија сме на дното, според степенот на мизерија сме, исто така, на врвот и така натаму. Нема ниту еден индикатор кој што оди во прилог на ова тврдење на СДСМ и ДУИ и поради тоа, за многу кратко време од денеска, народот ќе даде одговор на сите овие лажни пораки и на СДСМ и на ДУИ“, рече Мицкоски.

Македонија | пред 1 година

428646748_962917831876517_7049361465623809273_n

Концептот на бинационална држава е најпогубен за државата и единството, порача Силјановска-Давкова

Гордана Силјановска-Давкова, кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за претседател, вечерва беше во посета на ОК Гази Баба. Оттаму упати порака до нејзините поддржувачи.„Концептот на бинационална држава е најпогубен за државата и единството. Она што ни се случи како да е лекција од науката за политиката како не треба да се постапува, зашто таму се зборува како треба да градите авторитет. Политиката мора да биде уметност на можното!“, напиша Силјановска-Давкова по средбата.Таа и вчера беше во посета на месни комитети.

Македонија | пред 1 година

brane-petrusevski

ВМРО-ДПМНЕ под уцени ниту разговара, ниту преговара, ги повикуваме граѓаните масовно да излезат на избори и ДУИ да ја пратат во опозиција, вели Петрушевски

Очекувано од ДУИ во недостаток на реални аргументи, реални проекти и она што се суштински проблеми на граѓаните кои што како власт во изминатите 20 години не успеале да ги решат, да излегуваат со вакви национал романтистички барања, вели пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски запрашан за ставот на ВМРО-ДПМНЕ по однос на барањето на ДУИ претседател на државата да се бира во Собрание.„Она што е наш став е дека, ВМРО-ДПМНЕ под уцени ниту разговара, ниту преговара, а најмалку пак прифаќа уцени. Ние само ќе ги повикаме граѓаните да го следат ова однесување на ДУИ и да биде тоа дополнителен мотив за сите граѓани на наредните избори да докажат дека оваа држава не е заложник на една политичка партија и дека ДУИ, како што се однесува изминативе 20 години, очигледно ќе продолжи да се однесува и наредните години“, рече Петрушевски.Затоа, додаде тој, време е конечно ДУИ да отиде во опозиција и тоа ќе биде со помош на сите граѓани во Република Македонија.

Македонија | пред 1 година

sdsm-45134

СДС се пред нокдаун, ќе доживеат катастрофален пораз на 8 мај и на претседателските избори, вели Пренџов

Во вечерашната емисија „За или против“ на Алфа ТВ гостуваше пратеникот Љупчо Пренџов кој што истакна дека СДС се пред нокдаун и ќе ги изгубат изборите бидејќи 7 години ја тероризираа македонската јавност и уназадија многу процеси а дополнително се обидуваат и да имаат целосна контрола на судството и обвинителството.„Во однос на апанажата, кога вашите членови, симпатизери, луѓето кои што се сега на некоја функција во СДС или луѓе кои што се надеваат дека ќе бидат на некоја функција после изборите, им ја праќате пораката дека „Јас и Оливер се обезбедивме“ а за вас ќе видиме што ќе правите следната година, јасно им е на сите дека СДС е пред нокдаун, на 8 мај а претходно на претседателските избори, тие повеќе и не го кријат тоа со вакви потези, бидејќи ова се потези кои што праќаат многу силна порака пред се во нивната партија и нивното членство каде што практично се крева едно бело знаме и се гледа само за себе и така е обично кога се губат изборите. Ова нема да биде обично губење на изборите ова ќе биде катастрофално губење на изборите и тоа ќе биде заслужено бидејќи сите овие седум години на еден или на друг начин ја тероризира македонската јавност, тероризираа целни групи уназадија многу процеси. Тие мислеа дека граѓаните може да ги лажат цело време со пи-ар, едноставно беа од лепени од реалноста од лепени од реалните проблеми немаа желба за работа да ги решаваат проблемите што се случуваа во државата. Сега граѓаните на 8 мај ќе им ја испорачаат сметката за сето она што се случуваше изминатиот период а нивната апанажа е законско право но пораката е секако многу силна што ја праќаат пред се кон нивните членови“, истакна Пренџов.Пренџов посочи дека во изминатите 30 години ниту еден министер или директор од СДС не одговарал и покрај многуте криминали и афери, и нагласи дека и ден денес СДС се обидува да го контролира судството и обвинителството.„Суштината за која што власта не сака да зборуваме е во тоа што тие сакаат да имаат и во следните 10 години целосна контрола во обвинителството и во судството во државата. Од 90- тите кога СДС бил на власт кога се бирале по 500 судии во еден ден во собранието преку вакви судски совети кои што ги правата сега, и денеска пред заминување од власт тие практично цело време го контролираат судството. Ја видовме цела приватизација која што беше пари, многу останаа без работа повторно дојдоа на власт 2002, 2006, повторно имаше криминал афери кажете ми еден министер на СДС што одговарал од 1992 година до денеска. Ние не знаеме за ниту еден директори за нито една голема афера да некој одговарал од СДС во овие 30 години. Никој не одговарал за ништо затоа што од 92 до ден денешен со овој закон и во следниот период ќе се обидат да имаат целосна контрола на судството и обвинителството“, нагласи Пренџов.

Македонија | пред 1 година

mickoski-h-393

Зошто кога веќе знаело претходното раководство на МВР дека нема пасоши, не направиле подобра организација?, праша Мицкоски

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во гостување во утринската емисија „Здраво Македонијо“ на Канал 5 истакна дека политичарите кои беа на власт во последните 6-7 години јаваа на бранот на големи ветувања, но иако имаа сосема доволно време доколку имаат волја нешто да променат на подобро, ништо од тоа не се случи.Тој како пример за тоа дека кога се има волја и знаење, работите може да се менуваат на подобро за многу кратко време, го спомна организирањето за вадење на лични документи од страна на новата постава во МВР.„Еве конкретен пример имаме сега со пасошите. Имаме сега условно кажано нова постава во Министерството за внатрешни работи и ако ништо друго барем редот, она понижување што го трпеа граѓаните, оној метеж кој што беше таму, го нема. Се чека да, но не се чека од наутро до доцна навечер, туку се чека по 10-15 или 20 минути“, потенцираше Мицкоски.Тој исто така додаде дека тука се поставува прашањето зошто претходното раководство, кога веќе знаеле и презеле обврска, не само што подобро не се организирале врз основа на капацитетот на машините, туку и по преземената обврска продолжиле да издаваат документи за кои сега граѓаните треба повторно да се изложуваат на трошок за менување на истите.„Зошто претходното раководство тоа не го направило? Зошто кога знаеле и кога преземале обврска дека треба тоа да го направат не направиле план за да ова денеска нас не ни се случи? Затоа што е многу едноставна работата. Капацитетот на машините со коишто се издаваат тие патни исправи е таков да годишно можат да се издадат 500-600 илјади. Ако вие знаете дека треба, еве не повеќе од 2 милиони да издадете, вас ќе ви бидат во идеални случаи потребни 3, 3 ипол, 4 години“, рече Мицкоски и додаде:„Понатаму се поставува прашањето зошто граѓаните коишто ваделе документи во 2019 и 2020 година не извадиле согласно тој договор којшто го прифатиле? Зошто мора сега истите тие граѓани повторно сега ние да ги изложуваме на трошок и повторно да плаќаат? Затоа што некој претходно не постапил соодветно на тоа што го прифатил“.

Македонија | пред 1 година

391626351_930666881748572_4184889682497007346_n

Мицкоски: Народот живее тешко и сиромашно, вели немаме повеќе држава, мора да ја вратиме надежта

Бројките на мерењата на јавното мислење, т.е. анкети јасно покажуваат дека ВМРО-ДПМНЕ е фаворит за следните парламентарни избори, кажа претседателот Христијан Мицкоски во гостување на утринската емисија „Здраво Македонијо“ на Канал 5 телевизија.-Бројките на анкетите се такви какви што се, јавноста ги знае, ВМРО-ДПМНЕ е голем фаворит за следните парламентарни избори коишто ќе се случат за нешто помалку од или би рекол нешто повеќе од 2 месеци, некаде околу 44-45 дена имаме до почеток на кампањата за првиот круг претседателски избори, рече Мицкоски.Во текот на своето гостување претседателот Мицкоски посочи дека потешкиот дел допрва доаѓа затоа што граѓаните се разочарани и сите заедно се сложуваат дека немаме држава, дека тешко живеат и дека мора да се врати надежта.-Но тоа е само полесниот дел ја би рекол во целата оваа политичка состојба затоа што потешкиот дел доаѓа потоа бидејќи од тоа што можеме да го видиме на тие анкети, граѓаните се прилично разочарани, сите се сложуваат околу една работа, дека немаме повеќе држава, сите се сложуваат дека имаат чувство дека како да се граѓани од втор ред, сиромашно тешко живеат, кажа Мицкоски.

Македонија | пред 1 година

Aleksandar-Nikoloski-20.04.2023

Николоски: Власта на заминување прави епска пљачка од 46 милиони евра за ископ на јаглен

За ваквите објави на скандали најголем ефект ќе има кај истражните обвинителски и судски органи по промена на власта на 8 мај, бидејќи ќе има сериозна одговорност бидејќи станува збор за огромна злоупотреба на државни средства, рече Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ на гостување во утринската емисија Еспресо со Златев и Боцевски што се емитува на радио Лидер.„Тоа што цената на струјата е многу висока, виновно е крадењето, а зошто, затоа што најголем дел од струјата која се троши кај малите корисници е произведена во Македонија и на неа не влијае ниту една било која светска, регионална криза затоа што таа се произведува во неколку хидроелектрани, РЕК Осломеј Кичево и во РЕК Битола. Таму се произведува и ако се работи домаќински, овие поскапувања кои одат дупло од претходно или ако некој плаќа две илјади денари, а сега одат до 4 и пет илјади денари и тоа е епско крадење, нема да бидат случај“, рече Николоски.Николоски се осврна на тендерот од вчерашната прес конференција.„Овој тендер оди на една компанија, тоа е омилената компанија на власта за крадење наречена Марковски компани, не е таа со некоја 200 годишна традиција, туку е човек фирма. Она што го презентирав вчера е тендер од фантастични 46 милиони евра само за ископ на јаглен. Ако едно средно училиште и негова градба во просек чини околу милион до милион и половина илјади евра зависи од големината, ова е некаде 40 средни училишта или од вкупно деведесетина или скоро половина може да се изградат“, кажа Николоски.Николсоки се осврна на фактот дека оваа компанија е на Борче Марковски кој е почесен конзул во Белорусија, информирајќи дека понудата е за 30 проценти повисока од следната понуда или понудата која била пониска.„Цената на Марковски компани оди 129,7 денари а следната најниска 100 денари. Оваа одлука е донесена три дена пред Нова година,“ вели Николоски кој додава како е возможно по Нова година Владата да ја укинува одлуката.Оттука тој праша, дали е ова дел од дилот помеѓу СДСМ и ДУИ каде во братската пљачка СДСМ ќе краде од РЕК Битола, а ДУИ ќе краде од увозот на јаглен.Николоски укажа дека ова е една од ретките негови прес конференции по која никој не се огласи, немаше ниту демант од Влада, Електрани, РЕК, СДСМ, ниту од било кое споменат.„Имаше само громогласна тишина и што знам е дека претставници на власта се јавувале кај ваши колеги уредници и сопственици на медиуми мојата прес конференција да не се емитува или да се емитува во подолниот дел“, изјави Николоски додавајќи дека очигледно не им е по ќеиф информацијата.Николоски посочи дека на договорот на овој тендер има 5 потписи од страна на РЕК Битола директорот, Пеце Матевски, и оти се потпишани 5 имиња Златко Алексовски, Драги Крстев, Владо Котевски, Димитар Петковски и Васко Јосифовски. Претседателот праша и зошто овие 6 луѓе прво се противеле, а потоа минатиот петок решиле да го потпишат, која е причина зошто навечер биле разрешени и сабајле пак именувани, претседателот Христијан Мицкоски од Кавадарци рече дека ќе има ваква работа и дека ќе има одговорност.Николоски посочи дека причината зошто Македонија нема средства за инвестиции е бруталниот криминал.

Македонија | пред 1 година

15102021_PVRSM_Zaev_poseta_TEC_Oslomej-3

Кога обезбедувањето на Заев тепаше луѓе, Спасовски го криеше инциденттот - ВМРО-ДПМНЕ нема селективност, законите важат за сите“

„За разлика од СДС, кои кријат инциденти, ВМРО-ДПМНЕ нема селективност, законите важат за сите“, велат од ВМРО-ДПМНЕ и додаваат:Кога обезбедувањето на Заев тепаше луѓе, Спасовски го криеше инцидентот и се замолчуваа медиуми да не известуваат за настанот, наспроти тоа, сега има постапка и брза реакција.Во време на СДС синот на заменик министерот во МВР, Буши, со приватно возило дивееше со флешери низ Скопје, како да се работи за полициско возило со предимство во минување, СДС со сите сили го криеше настанот.Кога командир на полиција во Ропотово пукаше со автоматско оружје од тераса, СДС молчеше, а потребен беше притисокот на ВМРО-ДПМНЕ и јавноста за да има реакција.Стотици килограми марихуана се украдени од фабриките за марихуана, и нема одговорност.Со СДС пукање по улици беше секојдневие, убиства кои останаа неразјаснети, насилство и безредие, СДС е партија чие второ име е криминал. Никогаш не било полошо. Важно е да ги поразиме.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања