ДПМНЕ

KOVACEVSKI-AHMETI-GRUBI

Власта во заминување во очај и паника дава 46 милиони евра на омилената фирма Марковски, ЈО веднаш да отвори истрага, повика ВМРО-ДПМНЕ

„46 милиони евра одат во џебот на фирмата Марковски за ископ на јаглен во РЕК Битола, која важи за блиска до владата на СДС и ДУИ“, вели ВМРО-ДПМНЕ и додава:„Тендер од 46 милиони евра власта му дава на Борче Марковски, сопственик на фирмата Марковски која е позната во јавноста како рекорден по добиени тендери.Тендерот во вредност од 46 милиони евра е за ископ на јаглен во РЕК Битола, помеѓу Електростопанство на Македонија односно Електрани на Македонија, подружница РЕК Битола и фирмата Марковски.Власта во заминување во очај, страв и паника од изборниот пораз на 2 месеца пред избори ги краде парите на граѓаните.Спорно е тоа што наместо да биде одбрана најевтината понуда која била од 100 денари по гига џул, тендерот го зела компанијата Марковски со највисока понуда од 129.7 денари по гига џул или за дури 30 проценти повеќе од најниската понуда.Овде има сериозни индиции за огромен криминал. И токму затоа го повикуваме ЈО веднаш да постапи по допрен глас, да отвори истрага и да испита каде ќе завршат овие пари?Дополнително ЈО треба да се испита и одговори како 6те лица Пеце Матевски, директор на подружницата РЕК Битола, Златко Алексовски, Драги Крстев, Владо Котевски, Димитар Петковски и Васко Јосифовски кои првично биле против против овој тендер, потоа дале согласност?СДС и ДУИ се удавени до гуша во криминал.Владата на СДС и ДУИ тотално ја криминализираа и уништија државата.Доколку ЈО не се одважи да го испита овој криминал, им порачуваме дека идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе го испита целиот случај и сите вмешани соодветно ќе одговараат.Нема ден да помине со владата на СДС и ДУИ без да се случи некој скандал, афера или криминал.Со СДС и ДУИ никогаш не било полошо. Важно е да ги поразиме“.

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_26-08-2023_12-39-27-8620PM

7 години власт на ДУИ и СДС - 7 години инфраструктурна катастрофа и на патниот и на воздушниот и на железничкиот сообраќај, вели ВМРО-ДПМНЕ

„7 години власт на ДУИ и СДС, а немаат направено ниту еден метар автопат. Единствено изиграа чочек во тунелите на автопатот Демир Капија-Смоквица кој беше реализиран од страна на претходната влада на ВМРО-ДПМНЕ. Автопатот од Кичево кон Охрид стана сага без крај. 7 години власта на ДУИ и СДС не мрднаа ни со прст. Само ја зголемуваа цената, правеа нови анекси, ги продолжуваа роковите и најчесто бараа изговори. Дури и ветувањето на „стани Благој да те види сала Бочварски“ дека автопатот ќе биде готов во јануари 2024 година пропадна“, велат од ВМРО-ДПМНЕ и додаваат:Очигледно дека не се кадарни да ги реализираат ниту инфраструктурните проекти кои им беа оставени во наследство од претходната власт, со финансиска конструкција, па дури и со наредна фаза на реализација.5 години ги градат дури и „епските“ 2 километри кон Блаце кои помпезно ги најавуваа. Потрошија и 250 милиони евра за изградбата на коридорите, а освен фотографирања, табли, скапи свеченост, ништо сеуште нема. Нема ниту почеток на градба, ниту лопата асфалт, ниту тампонирање.Но не е катастрофално само на полето на патната инфраструктура. Во воздушниот сообраќај читаме ред за партиски вработувања, ред за тепања во контролна кула, ред за кошкања, ред за местени огласи. Железничкиот сообраќај пак и скоро да исчезна. Додека Ковачевски и Бочварски фантазираат за брзи пруги, во Македонија и тие малку меѓународни линии се укинати. Поради нарушена статика на столб од мост со месеци возот до Гевгелија се сообраќаше со комбиниран превоз, малку воз, па малку пеш, па малку комбе, па пак воз. Возот од Скопје кон Битола патуваше цел ден, потоа го редуцираа, за да дојде до тоа дереџе поради немање локомотива да го укинат. Последните 4-5 години возот не сообраќа од Скопје кон Кичево и кон Кочани, а железничките пруги пропаѓаат.Ова е само дел од катастрофата со која се соочува Македонија на инфраструктурен план поради ДУИ и СДС. Никогаш не било полошо. Затоа е важно да ги поразиме!

Македонија | пред 1 година

zaev-ahmeti-1

Има закон: СДС и ДУИ поради инает, граѓаните ги ставија во „државен притвор“, алармира ВМРО-ДПМНЕ

“СДС и ДУИ поради нивната неспособност и неодговорност ги затворија граѓаните во „државен притвор“. Им наметнаа на граѓаните обврска за промена на личните и патните исправи со рок и не направија никаков план како тоа да го спроведат. Напротив постојат основани сомненија дека за да направат сопки на техничкиот министер од опозицијата свесно креирале недостаток на обрасци поради што 100 илјади веќе фотографирани граѓани, не можат да дојдат до својот документ”, вели ВМРО-ДПМНЕ и додава:За ова малтретирање на народот мора да има одговорност.Сега кога се им е јасно на граѓаните и кога е очигледна неспособноста и неодговорноста на СДС, ДУИ, Ковачевски и Спасовски и кога народот е доведен во ќорсокак, ВМРО-ДПМНЕ им нуди решение за оваа состојба. Имено СДС и ДУИ треба да им дозволат на своите пратеници во Парламентот да го поддржат предлог законот на ВМРО-ДПМНЕ и пасошите да продолжат да важат. Ова решение и според експертите и според јавноста е применливо и прифатливо.СДС и ДУИ нека престанат да се инаетат и да работат спротивно на интересите на својот народ. Еднаш барем нека бидат разумни. Доволно штета направија. Во Македонија никогаш не било полошо, како сега со ДУИ и СДС на власт. Затоа е важно да ги поразиме.

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_01-10-2023_05-04-46-5680PM

Нема грижа за онколошките пациенти ниту по скандалот на Oнкологија, ќе покажеме што значи стручност, најави Николов

„Помина речиси половина година од објавата на скандалот на Онкологија и речиси една година од објавата на ревизорскиот извештај за оваа Клиника кој јасно и недвосмислено укажа за низа неправилности“, вели Игор Николов, претседател на Комисија за здравство на ВМРО-ДПМНЕ и додава:Денес повторно нема систем кој за пациентите ќе овозможи континуирана терапија, следливост на терапијата, нема ништо од ветувањето за децентрализација на областа на онкологија, нема зајакнување на кадарот ниту на Клиниката за онкологија каде што се третираат најтешко болните пациенти со канцер. За пациентите нема гаранција дека за извесен период од денес ќе има лекови, не се знае дали ќе бидат почитувани законските процедури за набавка, дали ќе има доволно буџет за современата терапија.Пациенти кои се третираат на Клиниката за онкологија ни реагираат дека нема доволно медицински сестри на Клиниката, а дневната болница работи само со половина капацитет.Нејасно е како надлежните институции како што се Министерството за здравство и Фондот за здравствено осигурување не обезбедуваат медицински кадар за оваа институција, во исто време додека без проблем предизборно течат огласи за административни вработувања, во исто време не се води грижа за медицинскиот персонал.Пациентите од Клиничката болница во Битола реагираат дека се трошат последните количини на лекови по што ќе биле препраќани на Клиниката за онкологија во Скопје, бидејќи за Битола не е планирана набавка.Показател за немање на системска грижа за пациентите со малигни заболувања се отсликува и во секојдневниот предизвик за борба за основни лекарства со што заради неспособноста и негрижата на Владата на ДУИ и СДС не враќаат 20 години наназад во однос на третманот на овие пациенти.Истовремено се јавува и недостиг на терапија и кај пациентите со ретки болести, кај пациенти со дијабет, невролошки заболувања, како и друга категорија на заболени.Во ГОБ „8 Септември" иако после 10 сечења ленти и 10 промоции, се уште не е во функција акцелераторот за зрачна терапија кој е набавен уште во 2016 година, а денес осум години потоа повторно фаќа прашина и не е на располагање на пациентите.Почитувани,Не смееме да дозволиме да има „онкологии" и во другите здравствени институции.Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ со дела ќе покаже што значи да има стручност, да се лекува по протоколи и прецизирани постапки за лекување.Дополнително, приоритет ќе биде и дигитализацијата која што последните години застана, вклучувајќи и апдејтирање на протоколите, како и следливоста на третманотНема да дозволиме третман и лекување кое ќе се заснова на нечија индивидуална желба и волја.Со воспоставување на правила ќе почне враќањето на довербата во здравствениот систем и унапредување на условите за третман на пациентите за што е потребен комплетен рестарт на целиот здравствен систем кој што започнува веднаш по преземањето на централната власт од страна на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

384754807_871472554341482_2138893706618634071_n

ДПМНЕ не може да испорача решение, го заглавува издавањето пасоши, вели СДСМ

„ДПМНЕ не може да испорача решение и со погрешни одлуки и несоодветни чекори го заглавува издавањето пасоши“, велат од СДСМ и додаваат:ДПМНЕ преку министерот во техничката Влада само ги компликува работите со личните документи.Наместо да го зголеми капацитетот за сликање и вадење пасоши ДПМНЕ преку нивниот технчки министер го укина вадењето пасош без закажување, со што се пролонгира целиот процес со месеци.Иако Владата донесе одлука возачките и сообраќајните дозволи кои треба да се променат да бидат бесплатни, надлежното министерство доцни со реализацијата.Се уште има проблеми и со налепниците за регистарските таблички, МВР не ги доставува редовно и недостасуваат на станиците за технички преглед.ДПМНЕ, од Белиот дворец, со месеци тврдеа дека ќе го решеле проблемот со личните документи.Наместо решение ДПМНЕ, создава дополнителен хаос.

Македонија | пред 1 година

fasdfa

Амбасадорот во Рим направи скандал, да се отповика оти им ги загрозил дозволите за работа и престојот на Македонците, бара Милошоски

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, тврди дека амбасадорот на Македонија во Рим, Весел Мемеди, со официјална нота ги известил италијанските власти дека и валидните патни исправи со името "Република Македонија", од 12.02.2024 се неважечки, а со тоа ги загрозил правата на граѓаните на Македонија.„Со тоа, наместо да ги штити, амбасадорот постапил спротивно на интересите и правата на околу 100.000 македонски државјани кои живеат во Италија, особено нивното право на слободно движење, како и загрозување на правото на постојан престој и дозвола за работа, што се врзани со валидноста на пасошите. Скандалот е многу сериозен доколку се знае дека ниту МНР, ниту амбасадата, немаат право да прогласат за неважечки личен документ кој не го издале тие, туку Министерството за внатрешни работи.Бидејќи амбасадите работат строго по инструкции добиени од МНР се поставува прашањето дали министерот Османи или друг висок функционер од министерството за надворешни му дале насоки за ваквата постапка на амбасадорот, валидните пасоши на македонските државјани да ги прогласи за неважечки?! Со овој потег, како и многу други, испаѓа дека МНР и амбасадорите од доверба на Бујар Османи претежно постапуваат во интерес на трети држави, наместо да се грижат и да ги штитат интересите на македонските државјани во странство.Согласно чл.45 од Законот за надворешни работи Владата треба да донесе одлука за отповикување на амбасадорот од Рим и во овој изборен период да назначи соодветен дипломат како вршител на должност за шеф на македонското ДКП во Италија. Политичка одговорност и оставка треба да се логична последица и за министерот доколку за ваквата постапка се случила со знаење на МНР Бујар Османи“, напиша Милошоски.

Македонија | пред 1 година

vmro_dpmne

Преку два тендера во РЕК Битола власта во заминување спрема криминал од 9 милијарди денари, кои треба да завршат кај фирми блиски до нив, тврди ВМРО-ДПМНЕ

„Власта во заминување спрема огромен криминал тежок 9 милијарди денари“, вели ВМРО-ДПМНЕ и додава:СДС и ДУИ преку два тендери во РЕК Битола сакаат да испумпаат 9 милијарди денари народни пари преку фирми блиски до нив.Непосредно пред избори власта во заминување распишува два од можеби најголемите тендери некогаш спроведени во Македонија. Околу 6 милијарди денари за увоз на јаглен и околу 3 милијарди денари со вклучен ДДВ за ископ на јаглен и јаловина во РЕК Битола.Однапред се знае кој ќе ги добие овие два тендери со вкупна вредност од 9 милијарди денар, а тоа се блиски фирми до власта, од која една во сопственост на конзул на држава која е под санкции на ЕУ.Власта во заминување е европска само на зборови, а во реалноста дава стотици милиони на фирми поврзани со лица во врска со земји под санкции на ЕУ.Власта во заминување на СДС и ДУИ го ограбува народот. ВМРО-ДПМНЕ ги повикува сите раководни лица во ЕСМ и РЕК Битола да внимаваат што потпишуваат, зошто секој еден детал од оваа криминална набавка ќе биде проверен од идната влада на ВМРО-ДПМНЕ.Со СДС и ДУИ со право народот вели дека немаме држава, затоа важно е да ги поразиме.

Македонија | пред 1 година

granica

Спасовски треба кривично да одговара - ги ставија граѓаните во „државен притвор“, вели ВМРО-ДПМНЕ

„Хаосот со промената на личните и патните исправи е резултат на неодговорноста и неспособноста на власта на ДУИ и СДС. Наместо Европа на граѓаните им сервираа државен притвор поради тоа што не организираа процес на промена на исправите, ненавремено и неорганизирано го спроведуваа процесот, не набавиле доволно обрасци и уште десетици други поголеми или помали пропусти“, вели ВМРО-ДПМНЕ.Тие додаваат:Ова им го кажуваат и медиумите, и правниците и граѓаните, само тие се обидуваат вината да ја пренесат на ВМРО-ДПМНЕ, на народот или на короната.Овде СДС и ДУИ треба да понесат целосна одговорност за ова фијаско. Во исто време Оливер Спасовски треба кривично да одговара за кршењето на човековите права на државјаните пропишани и со Устав, но и за материјалната и нематеријалната штета која е предизвикана врз граѓаните.Излезот од овој ќорсокак во кој не доведоа ДУИ и СДС е да се промени законот за патни исправи на истиот начин на кој се направи тоа со законот за безбедност во сообраќајот. Талат Џафери нека не се прави Ајнштајн за право и нека не им попува на правниците, затоа што тој не е правник, туку дезертер.Вака лошо во Македонија никогаш не било, како сега со ДУИ и СДС. Тоа граѓаните го чувствуваат на свој грб и затоа треба да ги поразиме.

Македонија | пред 1 година

sarena-revolucija

Преку годишната програма Министерството за култура доделило 900.000 денари за бришење на шкртаниците од Шарената револуција, вели ВМРО-ДПМНЕ

„Бисера Костадиновска Стојчевска направи целосен хаос со годишната програма во културата. Преку членовите на комисиите кои се уште се непознати во јавноста, а се потпишале на скандалозната програма, Костадиновска Стојчевска доделиле десетици илјади евра на тотални анонимуси“, вели ВМРО-ДПМНЕ и додава:Па така, средства ќе добијат анонимни лица и фирми блиски до Костадиновска Стојчевска и власта, а на сметка на тоа видно намалена им е финансиската поддршка на реномирани манифестации кои имаат децениска традиција.Пари од министерството ќе добие здружението за култура, уметност, спорт и рекреација АРТАЛ од Тетово за Меѓународен фестивал „Меридианс“, (6- та едиција) односно од 300.000 денари во 2023 година, годинава за реализација на 7-та едиција му се одобрени финансиски средства пет пати повеќе, односно 1.400.000 денари, за разлика од манифестацијата Рацинови средби која што е втора најголема книжевно поетска манифестација која што има традиција 60 години од 600.000 денари од 2017та година па наваму е падната на мизерни 86.000 денари поддршка од министерството.Дополнително скандалозно е што додека министерството за култура дава смешни 500.000 денари за театарска претстава во најголемата македонска национална установа, истовремено доделува 900.000 денари за шкртаниците од времето на Шарената револуција. Министерството за култура бришењето на шкртаниците од Шарената револуција, го оценуваат како проект и дава 900.000 денари на човек фирма.Ова покажува дека критериумите за распределба на проекти и средства наместо стручни, се чисто политички.Јавно ја прашуваме Костадиновска Стојчевска зошто одредени манифестации и лица се фаворизирани, на сметка на другите кои се очигледно оштетени?Не постои сектор кој владата на СДС и ДУИ не го уништи.Со СДС и ДУИ во македонската култура никогаш не било полошо.Важно е владата на СДС и ДУИ да замине час поскоро.Македонија мора да се менува.

Македонија | пред 1 година

mickoski

Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе ги намали даноците и ќе овозможи младите програмери својата заработка да ја вадат преку ПајПал сервисот во Македонија, најави партијата

„Владата на ВМРО-ДПМНЕ се обврзува пред граѓаните да спроведе и реализира низа на економски мерки и политики кои ќе значат подобар и поквалитетен живот за сите граѓани и домашни компании“, вели ВМРО-ДПМНЕ и додава:„За таа цел, владата на ВМРО-ДПМНЕ преку развојна стратегија ќе овозможи функционирање на ПајПал сервисот тука во Македонија, со што ќе им се овозможи на младите фриленсери и програмери кои работат за странство да ги добиваат своите пари легално тука во Македонија и за нив да платат данок.Повеќе нема граѓаните да чекаат со недели и месеци за услуги од УЈП, па така владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе ги поедностави постапките со тоа што ќе ги тргне бирократските бариери и ќе спроведе дигитализација на услугите.Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе ги намали даноците, односно данок на добивка од 5% за фирмите со добивка од над 50 милиони. Со што преку ова мерка ќе ги стимулира голем број на мултинационални компании од светот своите профитни центри да ги префрлаат овде и тука да го платат својот данок. А од ова бенефит се разбира ќе имаат и домашните компании кои ќе инвестираат во себе и ќе постигнат добивки над 50 милиони евра.Фирмите со добивка од 20 до 30 милиони данокот ќе биде 8%, а за фирмите со добивка од 30 до 50 милиони истиот ќе биде 6%.Ќе го поддржиме домашното стопанство, а така ќе се стимулираат компаниите да отвораат нови работни места.Преку добри економски политики ќе се задржат младите во државата и ќе се стимулираат својата иднина да ја градат овде.Носечки проект на новата владата на ВМРО-ДПМНЕ е и реалокација на 1 милијарда евра за еден четиригодишен мандат или 250 милиони евра за една година од државниот буџет кон општините за инфраструктурни проекти.Македонија мора економски да расте и да се развива. Владата на ВМРО-ДПМНЕ знае тоа како да го направи.Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде влада за сите граѓани подеднакво.За ВМРО-ДПМНЕ важно е да се создаде продуктивноста.За ВМРО-ДПМНЕ важно е платите реално да растат.За ВМРО-ДПМНЕ важно е да има раст на економијата“.

Македонија | пред 1 година

Milososki-25112020

Милошоски: Европскиот фронт се повеќе наликува на корумпиран фронт кој што фрагментира, очигледна е нервозата кај ДУИ и СДСМ свесни дека ја губат власта

Во вчерашното гостување во емисија „Заспиј ако можеш“ на ТВ Алфа гостуваше пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски кој истакна дека видлива е нервозата кај СДСМ и ДУИ, а европскиот фронт се повеќе наликува на корумпиран фронт кој што се фрагментира.„Околу случувањата внатре во Алијанса јас не би се мешал премногу, тоа е нивна партиска турбуленција која што самите треба да ја надминат, но она што можам со сигурност да го кажам е дека овие случувања внатре во Алијанса, а со самото тоа и во владата покажува дека паролата европски фронт не е парола на заеднички вредности туку на заеднички интерес. Сега гледаме дека тој европски фронт под притисок на корупција, борба за власт, превласт Артан Груби, Села, Таравари, Ковачевски, Џафери се расцепува полека и почнува секој да си го бара своето место после изборите на кои што знаат дека ќе доживеат пораз. Прегрупирања на политичките партии кои стануваат свесни дека после изборите ќе има нов изборен победник во Македонија“ истакна Милошоски.Милошоски посочи дека европскиот фронт се повеќе наликува на корумпиран фронт кој што се фрагментира.„Во изминатите денови во Собранието можевме да забележиме дека собраниското мнозинство многу тешко се собира на едно место, дури и за значајни точки за нив кои што ги предложила владата. Изјавата која што доаѓа од Мендух Тачи доколку не гласаат за министрите тоа значи еден пратеник минус во собраниското мнозинство. Собраниското мнозинство актуелно за изборот на Талат броеше 65 или 66 пратеници, гледаме дека и пратеничката група на Алијанса за Албанците не е кохезивна и таму 2 можеби 3 пратеници се на антивладина страна другите се про ДУИ така што не сум сигурен каков ќе биде исходот од владината иницијатива за разрешување на двајцата министри. Овој европски фронт се повеќе наликува на корумпиран фронт кој што се фрагментира“ нагласи Милошоски.Милошоски кажа дека видлива е нервозата кај СДСМ и ДУИ кои стануваат свесни дека ја губат власта и со нивните потези се повеќе ги збунуваат директорите, министрите и симпатизерите на СДСМ и ДУИ.„Парадокс е што токму Талат Џафери само пред пет дена на собранието ни ги понуди овие министри дека се најдобри за министри во владата на ДУИ каде што СДСМ е втора виолина и сега после една недела истиот Талат Џафери пратил писмо за разрешување на двајца министри. Немаат што да кажат не само што овде јавноста е збунета, овде симпатизерите на СДСМ и ДУИ се збунети и од прилогот на Артан Груби каде што им пишува на директорите кој да прифати или да не прифаќа оставка или одлука од сегашните министри самите луѓе во ДУИ и во СДСМ и владата министрите се многу нервозни“ посочи Милошоски.

Македонија | пред 1 година

divo-naselje2

Стоилковски: Ковачевски и Зечевиќ да одговорат дали Зарко Милошевски направил погрешна проценка за Диво Насеље?

Димитар Ковачевски и Миле Зечевиќ се уште не даваат конкретни одговори за именувањето на Зарко Милошевски за наследник на Виктор Димовски во АНБ, по огромниот скандал Онишченко којшто покажа изигрување на домашни и меѓународни процедури и стандарди токму од нив двајцата, вели Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ„Тоа што Ковачевски и Зечевиќ не даваат одговори не значи дека прашањата бледеат. Напротив се појавуваат нови сознанија за вмешаност на пуленот на Зечевиќ во настани што се уште ја потресуваат Македонија.Па затоа:Ковачевски и Зечевиќ би требало да одговорат каква е улогата на Зарко Милошевски во случајот Диво Насеље од 9 мај 2015 година?Дали Зарко Милошевски тогаш началник на единицата за екстремизам бил одговорен?Дали тогаш Зарко Милошевски е директно одговорен во УБК за проценка на состојбата, а толкава група да се сместила во градот?Да потсетам, во интервју од 2017 година, Горан Николовски од позиција директор на УБК, посочи на „лоша проценка“ на УБК за Диво Насеље.Одиме понатаму. Ковачевски и Зечевиќ мора да одговорат дали Зарко Милошевски е парично награден со одлука на владата за Диво Насеље?Дали неговото име е меѓу оние за коишто токму СДС гласно бараа списокот со наградени да се објави а парите да се вратат?Па сега, Ковачевски и Зечевиќ нека се изјаснат, треба ли или не Зарко Милошевски да ги врати парите како награда за Диво Насеље?Почитувани, Македонија тоне од кризи во кризи, корупција и криминал, а се повеќе и во безбедносен лавиринт, токму затоа што безбедносните служби ги претворија во пашалак за свои миленици и за свои партиски потреби“, додава тој.

Македонија | пред 3 години

dimitar-kovachevski-hristijan-mickoski-960x504-1

Мицкоски: Во интервјуто на Ковачевски има многу лаги и манипулации, Буџетот не е развоен туку инфлаторен

„Успеав да го прочитам тоа пишано интервју на Димитар Ковачевски, и би сакал да кажам три поенти од тоа негово пишано интервју. Првата поента е кога вели дека ова е развоен Буџет, не е развоен Буџет туку е инфлаторен. Зошто инфлаторен? Затоа што основата на неговото димензионирање е инфлацијата. Тие велат имаме зголемени буџетски приход поради зголемена инфлација, и таа ја проектираат на ниво од 7.1%. Што значи дека сиромашните граѓани дополнително ќе ги осиромашуваат преку даноци, и тие даноци ќе ги прибираат за нетранспарентно трошење на Буџетот“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, проф. д-р Христијан Мицкоски од Велес.Мицкоски посочи дека власта не организира отворени денови за да граѓаните видат каде ќе се трошат парите од Буџетот. Власта едноставно само склучува договори во четири очи. Буџетот не е развоен туку инфлаторен.„Ковачевски вели дека растот на бруто домашниот производ ќе достигне стапка од 5%. А, истата таа Влада, истото тоа министерство вели дека следната година ќе имаме раст од 2.9%. Значи огромна е грешката. И тоа кога ќе го претворите во пари значи неколку стотици милиони евра. Ако премиерот вели 5%, а министерството за финансии вели 2.9% грешката помеѓу едниот и другиот орган е некаде околу повеќе од неколку стотици милиони евра“, појасни претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.„И конечно последните две, а тоа се трансферите и дотациите кон Општините кои што велат дека ќе се случат. Исто и тука има голема лага. Еве гледате од искуство од прво лице, што значи тоа опструкции, притисоци, уцени, закани итн., инспекции на терен. Се сѐ прави само да спречи развојот на Општините каде што имаме градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ. Па, не им се овозможува за првпат историски општински обврзници, задолжувања преку банките како што е случајот во Гевгелија и во Радовиш. Така што повторно уште една лага, уште една манипулација или незнаење на Димитар Ковачевски, што е навистина катастрофално“, појасни Мицкоски.„И четвртата работа за која што исто така сакам да кажам е справувањето со енергетската криза. Справувањето со енергетската криза се подразбира преку тендери во четири очи за набавка јаглен, транспорт на јаглен, набавка на мазут и „херојско“ авансно плаќање на фактурите. Бидејќи така тие глумат како херои, „херојско“ уплаќање на фактурите за електрична енергија кои што практично ги плаќаат за увоз на струја“, посочи Мицкоски.Мицкоски додаде дека во интервјуто на Ковачевски може да се забележат многу манипулации, многу лаги или многу незнаење.

Македонија | пред 3 години

mickoski-h-32

Мицкоски: Со мачнина ја гледам пинг понг играта на коалицијата на хаосот, Арсовска – Ковачевски

Со мачнина ја гледам пинг понг играта на новата коалиција на хаосот, Градот Скопје и власта на Ковачевски за проблемите со приватните превозници додека проблемите не се решаваат. Навистина како човек одбивам да влегувам во реториката на обвинувања и недораснати потези каде поважно од решенијата им е да се знае кој бил виновен, и лагите кои непресушно ги кажуваат додека народот страда. И една заедничка порака до коалицијата на хаосот, престанете да правите политика врз грбот на народот и испорачајте решение на проблемите. Вие сте власт и вие ја имате одговорноста наместо пинг понг игра да ги решите проблемите. Ова го истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот свечен настан на тема – „Св. Климент Охридски, стожерот на македонската грамотност“.Тој исто така им порача на власта и на раководството на Град Скопје да не си поигруваат со интелигенцијата на граѓаните префрлајќи ја топката, туку да почнат да ги решаваат проблемите.„Престанете да си поигрувате со интелигенцијата на овој народ. Едната на благодарение на вас е таму каде што е, а овој другиот благодарение на лесната рака за потпишување предавнички договори и се уште опстојува. И едниот и другиот имаат одговорност да ги решат проблемите кога тајно се среќаваат во Владата наместо да шират лаги и да ја префрлаат топката од која што штета имаат скопјани и граѓаните во Македонија. Секое решение што е во интерес на граѓаните и на скопјани ние како ВМРО-ДПМНЕ ќе го поддржиме“, потенцираше Мицкоски.

Македонија | пред 3 години

image-03-12-22-12-34

ВМРО-ДПМНЕ Охрид обвинува: Фалсификувањето дипломи и лични податоци го има и во нашиот град

„Ако мислевте дека злоупотребата на државните институции, фалсификувањето дипломи и лични податоци го има само во другите градови, но не и во Охрид, сте се излажале. За жал и во Охрид се случуваат истите работи за кои сведоци сме изминатиов период се случуваат низ цела Македонија, незаконски избори и злоупотрeби со цел задоволување на личните интереси. Додека обичните граѓани мака мачат да дојдат до било каков документ од државните институции, одредени фукционери од СДСМ не само што без проблем ги добиваат туку и ги менуваат податоците за нивна лична корист. Таков е случајот со претседателката на СДСМ Охрид, Кристина Крлеска-Деспотоска и нејзиниот избор за раководител на Централниот регистар во Охрид“, велат од Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.Тие додаваат:Согласно Јавниот Оглас објавен за избор на Одговорно лице за работење - Раководител, каде стои дека кандидатот треба да има завршено високо образование Правни или Економски науки со најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен и најмалку четири години работно искуство во струката од кои (внимавајте добро) најмалку ЕДНА ГОДИНА НА РАБОТНО МЕСТО ВО ЈАВЕН СЕКТОР.Претседателката на СДСМ Охрид не ги исполнува погоре наведените критериуми за избор на раководно лице во Централниот регистaр. Согласно евиденцијата од Агенцијата за вработување Крлеска-Деспотоска нема доволно работно искуство во струката на работно место во јавен сектор.Имено за да се заобиколи системот Крлеска-Деспотоска својата партиска позиција ја има искористено за вршење притисок во Агенцијата за вработување, односно работното искуство кое го има стекнатo како ПОМЛАД РЕФЕРЕНТ ЗА ПЛАН И АНАЛИЗА, да го запише како ЕКОНОМИСТ ЗА АНАЛИЗА И ПЛАНИРАЊЕ. Ако се земе предвид дека согласно систематизацијата на работни места во Јавна администрација, не постои систематизирано место ЕКОНОМИСТ, туку постои Помлад референт, Референт, Виш Референт, за кои е потребно диплома за завршено средно образование, понатака во другата група за кои е потребна факултетска диплома се Помлад соработник, Соработник, Виш соработник, итн... се доаѓа до заклучот дека Претседателката на СДСМ ОХРИД, свесно го менува називот на работно искуство со цел да го прикаже како работно искуство во струката на работно место во јавен сектор, бидејќи Помлад референт согласно систематизацијата на работни места во Јавен сектор е место на кое е потребно диплома од Средно образование.Во случајот со јавниот оглас за избор на раководител на Централен регистар Охрид, потребно е минимум една година работно искуство на било која позиција од другата група за која е потребна диплома од завршено Високо образование, односно факултетска диплома.Крлеска-Деспотоска, согласно нејзиниот договор за вработување во ЈП „Охридски комуналец“ од 9.5.2012 година до 10.11.2017 година е на работно место РЕФЕРЕНТ ПО ПЛАН И АНАЛИЗИ, а по завршување на нејзиниот мандат како Директор на ЈП „Градски пазар“ од 12.11.2021 година повторно се враќа на позицијата ПОМЛАД РЕФЕРЕНТ ПО ПЛАН И АНАЛИЗИ.И во двата случаи работното искуство кое го стекнува Претседателката на СДСМ Охрид е со СРЕДНО ОБРАЗОВАНИЕ. Што се однесува на работното искуство како Директор на ЈП „Градски пазар“ тоа не се смета за искуство во јавниот сектор, согласно Член 2 , Став 3 од Законот за вработени во Јавниот сектор кој гласи:„Функционерите, односно лицата кои добиле мандат да извршуваат функција на претседателски, парламентарни или локални избори, лицата кои добиле мандат да извршуваат фунцкии во извршната или во судската власт преку избор или именување од Собранието на Република Македонија или од органите на локалната власт, како и други лица кои согласно со закон се избрани или именуани на функција од носителите на законодавната, извршната или судската власт, во смилса на овој закон, НЕ СЕ СМЕТААТ ЗА ВРАБОТЕНИ ВО ЈАВНИОТ СЕКТОР“.Оттука, изборот на претседателката на СДСМ Охрид, Кристина Крлеска-Деспотоска за Раководител на Централен регистар - Охрид е НЕЗАКОНСКИ. Ние за овие незаконски дејствија ја поседуваме документацијата од која јасно може да се утврди претходно наведеното и за истата ќе го известиме со претставка Трудовиот инспекторат и Агенцијата за спречување на корупција. Ги повикуваме сите надлежни институции да преземат мерки, а претседателката на СДСМ ОХРИД, Кристина Крлеска-Деспотоска, да покаже доблест и уште денес да се повлече од раководната позиција во Централен Регистар и од политичкиот живот.На Македонија, Охрид и охриѓани не им требаат непочитувачи на пропишаните законски решенија.

Охрид | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања