ДПМНЕ

PVRSM_primopredavanje_17012022-1

(ВИДЕО) Кој повеќе лаже, господарот или калфата? Заев вели сите бугарски здруженија тој ги отвора, а Ковачевски дека не го познава, вели ВМРО-ДПМНЕ

Кој повеќе лаже, господарот или калфата? Заев вели сите бугарски здруженија тој ги отвора, а Ковачевски дека не го познава тој што ги отвора.Зоран Заев јавно како премиер, на бугарска телевизија, обраќајќи се пред се на бугарската, но и на македонската јавност рече – „Секогаш кога се отвораат бугарски здруженија, јас сум таму, јас ги отворам, имам роднини имам луѓе таму, кои што се секој ден околу мене“. Ова го напишавме на македонски јазик, а оригинално Заев се обидува да зборува бугарски, додека ја понижува нацијата.Кога СДС лаже? Кога Ковачевски вели дека СДС е втемелена на народноослободителната борба на државата, или Заев кога вели дека немало фашисти, туку бугарски администратори?Заев, како премиер и СДС како партија се главни виновници за сите бугарски негации и асимилаторска политика. Дури и најголемите бугарски шовинисти беа радосни што дочекале во својот живот некој македонски политичар да има позиции како Заев.СДС не се тргна од матрицата на Заев.Дезертерот Ковачевски и СДС не спречија отворање на бугарските клубови со фашистички имиња Ванчо Михајлов и Цар Борис.

Македонија | пред 3 години

Lefkov-13.08

(ВИДЕО) Лефков: Нови детали од аферата броило - Фирмата на Ковачевски и кумот заработила 2 милиони евра само од државни тендери

Соларниот картел составен од Ковачевски и кумот Паунов е создаден и почнува да врти милиони со доаѓањето на СДС на власт. Димитар Ковачевски трајно неспособен за војска, но трајно способен за тендери, провизии и картелско здружување. Аферата броило ни покажува како мала група длабоко вгнездена во највисоките структури на власта тргувала со влијание за стекнување на сопствена корист. Премиерот и дезертер Димитар Ковачевски и неговиот кум Горанчо Паунов, ја основале Пиксел груп на 3.11.2017 година, 5 месеци откако СДС прави влада. Значи Заев е премиер, а СДС власт, веднаш потоа Ковачевски станува и заменик министер за финансии, изјави денес Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.- Пиксел груп основана од Ковачевски и кумот Паунов, во изминативе 5 години станува централна фирма, околу која се вртат 26 милиони евра на соларниот картел. Но, денес во аферата на дезертерот Ковачевски броило ќе презентираме нови факти. Втората фирма која се јавува како изведувач на работи е КМГ ЕОЛ Квазар, основана од кумот на Ковачевски Паунов.Летале државни тендери за фирмата на кумот која е дел од аферата броило. Кумот на Ковачевски дoбивал работа од државата, а денес со владата раководи токму Ковачевски. КМГ ЕОЛ Квазар ги добива најголемиот број од договорите со државата кога на власт е СДС. И во рок од неколку години овие фирми го монополизираат пазарот.Пиксел груп за неполна година од основањето гради фабрика во Кочани за производство на фотоволтаични панели. На отворањето е присутно цело СДС. Еве фотографии. Погледнете. Со доаѓањето на СДС на власт почнуваат и тендерите и зделките за соларниот картел. Имено преку КМГ ЕОЛ Квазар, откако е СДС на власт се земени 2 милиони евра државни тендери.Се одело од крупни до најситни тендери. Па така само преку ЈКП Комуналец Свети Николе во 4 наврати КМГ ЕОЛ Квазар земала над 100 илјади евра. Еве го и доказот. Почнале со набавка од 19 илјади евра во 2018 година, за на 1.10.2019 година, да склучат договор во висина од 30 илјади евра, па на 14.10.2021 година уште еден oд 19 илјади, и да завршат со уште еден договор од 30 илјади евра на 25.10.2021 година, за целиот овој период власт во Свети Николе е СДС.Еден од најголемите набавки кои КМГ ЕОЛ Квазар ги вршела за државен субјект се две последователни набавки од страна на ЈП Пасишта, првата од 15.11.2019 во висина од 172 илјади евра и втората двојно поголема од 16.09.2021 во висина од 343 илјади евра, еве ги набавките, склучени во време кога Ковачевски е заменик министер за финансии, односно вкупно над половина милион евра од касата на ЈП Пасишта се слеале на сметката на фирмата на кумот на Ковачевски за неполни две години.Тендери за КМГ ЕОЛ Квазар имало и од општина Ѓорче Петров, со која фирмата склучува договор на 31.05.2021 година во висина од 48 илјади евра.Договори се прават и со општина Чаир, еве ги и двата договори, договор Општина Чаир кој на 09.11.2021 година, склучува договор со фирмата на кумот на Ковачевски, кога тој е заменик министер за финансии во висина од 108 илјади евра.Откако Ковачевски станува заменик министер оваа фирма склучува и договор за изградба на фотоволтаични панели со ЕВН во висина од над 2 милиони евра. Погледнете ова се тие тендери. Власта на СДС обезбедила 4 милиони евра државни тендери и бизнис со ЕВН за фирмата на кумот и бизнис партнер на дезертерот Ковачевски.Повторувам само од ЕВН и државни тендери кој што ги видовте, фирмата на кумот и бизнис партнер на Ковачевски добила неверојатни 4 милиони евра. Како токму фирмата на кумот на Ковачевски била најуспешната за државните тендери?Дали се работи за претплатени тендери и пари на граѓаните за фирмите од соларниот картел? Шемата е јасна. Кумашинот Ковачевски управува со владата, кумот добива. Додека народот гладува, цените растат, Ковачевски се богати. Продолжуваме во наредните денови со нови сознанија - рече Лефков.

Македонија | пред 3 години

kovacevski-ilinden

Од СДСМ се бара одговори на следниве прашања

„СДС да одговори на следниве прашања“, бара ВМРО-ДПМНЕ и додаваат:Дали дезертерот Ковачевски е основач на фирмата Пискел која е централен дел од аферата Броило?Дали фирмата Пиксел има добиени 2 милиони евра државни тендери додека СДС е на власт?Дали Паунов е кум на дезертерот Ковачевски и сопственик на фирмата КМГ ЕОЛ Квазар која само со ЕВН има договор од 2 милиони евра?Одговорот на сите прашања е потврден.Затоа дезертерот Ковачевски е на цело на соларниот картел од аферата броило тежок 26 милиони евра.

Македонија | пред 3 години

kovacevski-sobranie

(ФОТО) СДСМ му пишува на Ковачевски со која рака да мавта во Собрание, вели ВМРО-ДПМНЕ

„И неговата сопствена СДС го третира својот лидер Ковачевски за трајно неспособен, му напишале реакција и во загради како да мавта со рацете“, пишува ВМРО-ДПМНЕ.Тие додаваат:На седница прочита говор каде има загради и насоки како да се однесува за време на говорот, а потоа центарот за лаги на СДС го испрати до медиуми.Ова е најголем доказ дека дезертерот Ковачевски и во својата партија го сметаат за неспособен. А, неговата нервоза кажува дека Ковачевски губи контрола и грубо навредува.

Македонија | пред 3 години

Toni28092022

Неколку дена пред почетокот на грејната сезона владата се уште не знае како ќе обезбеди гас, вели Јаревски

Она што нас не загрижува е прво да добиеме детални информација што се случувало и дали ќе имаме излез од кризата. Со оваа влада ние живееме во криза. Четири кризи кои се повторуваат. Владата уште пред една година укажа дека животот и здравјето ни се загрозени. Владата рече дека ќе имаме механизми за справување. Но не успеаја, значи владата не успеа со својот капацитет да го нормализира работењето. Сега имаме повторно исто барање повторно барање, но прашањето е што направија и што се чекаше овој период. Прашањето е што направија, година дена помина? Капацитетот на владата не нуди сигурност дека ние ќе излеземе од оваа криза, состојбата за разлика од минатата година, сега е полоша, вели пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Тони Јаревски во вечерашното гостување во емисијата Анализа на ТВ 24.Јаревски смета дека ниту еден резултат од досегашните мерки на владата на СДСМ, укажувајќи дека на неколку дена од почетокот на грејната сезона се уште не се знае од каде ќе се обезбеди гас и струја.Која мерка донесе резултат. Па ние сега имаме празни складишта и безидејна влада која што трча од држава во држава, но од секаде се враќа и без гас, без струја и без решенија. Ние имаме тотална неизвесност на неколку дена од почеток на грејната сезона, имаме тотална неизвесност од каде ќе ги обезбедиме потребните количини на струја, истакна тој.Јаревски објасни дека и во самиот извештај од Државниот завод за ревизија стои дека власта потрошила една милијарда евра на нетранспарентен начин, додавајќи дека со една милијарда евра можеше да се реши било кој проблем но само доколку власта работеше домаќински.Треба некој да се посвети да работи, да штеди и да работи домаќински, а не да се оди во нетранспарентни постапки и да не знаеме каде се трошат парите. Со 1 милијарда можеше да се реши било каков проблем само доколку се работеше домаќински, истакна тој.

Македонија | пред 3 години

IMG_20211003_210526_063

Тешки зборови од ВМРО-ДПМНЕ за Данела: Страда Скопје заради бизнис интересите

„Скопје страда заради бизнис интересите на Арсовска, Ковачевски и Зечевиќ, сите се ставени во погон за штитење на провизиите од Турците“, вели ВМРО-ДПМНЕ.Тие додаваат:Арсовска сакаше да влијае во тек на постапка за избор на изведувач и инсистирала на смена на Комисијата, што е спротивно на праксата на ЕИБ. Златко Перински не дозволи незаконие во постапката за прочистителна станица и затоа и засмета на Арсовска и СДС кои здружно се борат во обидот за криминал.За сите нереализирани барања и неостварени ветувања за кои зборуваат од СДС, ги повикуваме дезертерот Ковачевски и калфата на дезертерот Ковачевски, Миле Зечевиќ да ги постават како прашање на една од тајните средби со Арсовска.Токму поради нереализацијата на проектите и криминалните интереси денес Арсовска не е поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, но затоа СДС троши десетици илјади евра на билборди, спотови и флаери да ја оправда Арсовска.Ако беа проблем членовите на Комисијата за пречистителна станица дезертерот Ковачевски и Арсовска да кажат зошто сега не ги разреши. Или пак новиот директор ќе ја спроведе насоката на СДС - овскиот турски фаворит за пречистителна станица.Дезертерската коалиција Ковачевски, Арсовска функционира беспрекорно само кога бизнисите се на сцена.

Скопје | пред 3 години

Нема фотографија

Стоилковски: ДКСК да отвори постапка за ухлебувањето на сопругата на Бочварски и нејзината сестра во штипската болница

„Државната комисија за спречување на корупцијата мора да отвори постапка за испитување на вработувањето на сопругата и сестрата на сопругата на министерот Благој Бочварски во Клиничката болница - Штип. Според јавно достапни информации, сопругата на Бочварски и нејзината сестра, двете во ист ден, без оглас, биле вработени во штипската болница. Се работи за општи доктори коишто немаат ниту шестмесечен стаж по дипломирање, а се вработени во специјалистичките оддели на Интерна и на Педијатрија во Клиничката болница - Штип. Министерот Бочварски се венчава во мај годинава, а еден месец потоа, неговата сопруга и нејзината сестра се вработуваат под државна капа“, вели Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Тој додава:Постојат силни индиции дека станува збор за непотизам, за злоупотреба на позиција, за изигрување на системот за вработување без оглас.Почитувани,Бидејќи и Бочварски и клептоманската власт водена од неспособната антимакедонска СДС молчат за случајот, ДКСК мора да даде одговори:Дали е точно дека сопругата на Бочварски и нејзината сестра се вработени како општи докторки на специјалистичките оддели на Интерна и на Педијатрија во Клиничка болница - Штип, со дозвола на директорот на болницата, член на клептоманската СДС, Ален Ѓорѓиев?.Дали е точно дека сопругата на Бочварски и нејзината сестра се ухлебени во штипската болница речиси директно „од клупа“, со неполни три месеци стаж во приватна здравствена установа?Дали е точно дека сопругата на Бочварски и нејзината сестра се вработени во ист ден во штипска болница без оглас распишан од болницата?Дали Благој Бочварски ја злоупотребил својата позиција како министер за да го изигра системот и без распишан оглас неговата сопруга и нејзината сестра да се вработат во штипската болница?Почитувани,Македонија се дави во корупција која што доведува до страшна и длабока сиромаштија. Една од функциите на ДКСК е да спречува корупција и да реагира навремено. Со затајување на ДКСК, институцијата станува соучесник во девастацијата на системот, соучесник во злоупотребите и соучесник во растот на корупцијата и со тоа во осиромашувањето на граѓаните.Институциите и буџетот на Македонија повеќе не може да издржат ухлебување на семејства и миленици на антимакедонската власт. Ова мора да има крај!

Македонија | пред 3 години

pratenici-dui-i-sdsm-sobranie

„Крими битки во безбедносните структури на СДСМ“, Николоски зборува за војна меѓу кланови

„За јавноста да има слика во каков распад се СДСМ и како меѓусебе се борат криминалните крила - Денес НЕ се одржа Комисија за надзор на тајната разузнавачка служба АНБ (бивша УБК)“, вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.Тој додава:Согласно закон вториот човек во АНБ (Директор за внатрешна контрола) го предлага директорот, а го одобрува комисијата. Во комисијата СДСМ има мнозинство и пратениците на СДСМ ја бојкотираа комисијата.Значи кадарот на СДСМ Виктор Димовски кој на нивни предлог прво стана директор на АНБ, па иден амбасадор во Париз предлага решение кое решение неговиот СДСМ му го бојкотира.Позади сцена до сега, а сега веќе на отворена сцена ова е војна на криминалните кланови за превласт и заштита.Но со падот на Владата СДСМ/ДУИ ќе одговараат и едните и другите. Мора да се стави крај на криминалот!

Коментари | пред 3 години

thumbnail_Slika-1

СДС ја „црпна“ Арсовска, обвинува ВМРО-ДПМНЕ

Повеќе од јасно е дека основан е сомнежот дека СДС ја „црпна“ Арсовска и ја уцени со кривични пријави за одработува за нивните манипулации и политики, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.„ И медиумите и пошироката јавност говори за тајни средби на кои е договорено Арсовска да одработува за СДС. Се говори за готова кривична пријава која седи во фиока за запалено возило на извршната директорка на стопанските комори, како и премолчување на сознанија со која Арсовска се компромитира за пречистителната станица.По таквите тајни средби Данела Арсовска е на чело на клептоманската ново формирана коалиција каде ссе обединети иценети политичари кои мора да одработуваат за СДС. Главната задача на Арсовска е да работи за скопјани, каде граѓаните очекуваат проекти и работа“ додаваат од партијата.

Скопје | пред 3 години

Capture

Амбасадорското место на Рамчиловиќ е награда за гласањето за промена на името?, прашува Стоилковски

„Антимакедонската СДС продолжува со девастација на дипломатијата со срамни недостоинствени вработувања на свои миленици, а сега и со именувања на амбасадори“, вели Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Тој додва:Именувањето на Зекир Рамчиловиќ, докажан со гласање на антимакедонски зафати во Парламентот, сега е награден со амбасадорско место и тоа среде корупциски скандали и за МНР и за Рамчиловиќ.Рамчиловиќ без никакво дипломатско искуство се испраќа за амбасадор во време кога е отворен предмет за вработувањето на неговиот син во МВР, откако претходно и за неговата сопруга беше отворен предмет во ДКСК за вработување во кабинетот на МВР.Именувањето на пратеникот од антимакедонската СДС е дипломатски скандал, во низа по скандалозните обиди за именувања на ликови како Фрчкоски, Теута Арифи и други на амбасадорски и конзулски функции, со што докажано, МНР е претворено во дувло за миленици на антинародната власт!Оттука Ковачевски и Османи мора да одговорат, со што Рамчиловиќ заслужил да биде именуван за амбасадор? Кои се неговите квалификации?Ковачевски и Османи мора да одговорат дали дипломатскиот пасош за Рамчиловиќ е награда за корупцијата и антимакедонското делување? Дали е ова обид за сокривање на Рамчиловиќ од правдата за непотистичките вработувања?Антикорупциската комисија по втор пат отвора предмет за Рамчиловиќ, а корумпираната власт го праќа за амбасадор во држава членка на НАТО!Наместо постапка пред македонските институции за непотизмот, Рамчиловиќ е награден со амбасадорски, дипломатски пасош за него и неговото семејство!Македонија меѓународно доживува порази, тоне во скандали, а Ковачевски, Османи и антимакедонската власт се занимаваат со ухлебување на свои миленици и нивно сокривање од лицето на правдата.Ова е срамно и за МНР и за Македонија. Ова мора да има крај!Потребни се итни избори по коишто ќе бидат ревидирани сите случаи и ќе има одговороност за сите порази и девастација!

Македонија | пред 3 години

300806025_5548677575178409_2960506694749295287_n

Се вжештуваат страстите: Данела Арсовска уцената со кривични пријави, прашува опозицијата

„Данела Арсовска е уцената и одработува за СДС и Ковачевски“, вели ВМРО-ДПМНЕ.Тие додаваат:Данела Арсовска самата се вброи во новоформирана коалиција која е финансирана и контролирана од пара полициските структури на СДС.Вистинското прашање е што е уцената позади која Арсовска е принудена да одработува за СДС и да брка луѓе од работа.Дали е тоа поради тоа што е фатена во сомнеж за корупција од 160 милиони евра за пречистителната станица, незаконски дејанија кои ги потврди и Европската инвестициска банка?Дали е поради тоа што Арсовска се доведуваше во поврзаност со палењето на возило на извршната директорка на Сојузот на Стопански комори и непревземањето на МВР на конкретни дејанија за овој случај?Дали Арсовска е принудена да одработува за СДС за да се спаси од кривичен прогон влегувајќи во новоформираната коалиција на уценети одработувачи на власта?

Скопје | пред 3 години

50251395362_d8f1e0167d_c

Автократот од Форино викан Талат, изигрува и уставен судија, обвини опозицијата

„Талат Џафери со отфрлањето на иницијативата за референдум за договорот со Бугарија всушност се обидува да ја спаси кариерата на Ковачевски барем за одредено време. Затоа автократот од Форино викан Талат, се стави во функција и на Уставен судија. Но тешко на таа власт и на тој премиер на кој Талат ќе му чува грб и ќе му толкува Устав и правни норми“, вели ВМРО-ДПМНЕ.Тие додаваат:Очајот во власта предводена од антимакедонската СДС е толку голем што се спремни да направат се, само да не се соочат со народот.Очигледно се свесни дека доколку се одржи референдум скоро милион гласачи ќе излезат и ќе го отфрлат Договорот. Народот знае дека Договорот кој го донесе СДС е штетен и е извор на асимилаторските и негаторски политики кон Македонија. Огромното мнозинство на граѓани, вклучително и значаен дел од членовите на СДС се против понижувањата кои произлегуваат од него.Резултатите денес ги гледаме сите, се менуваат учебници за личности и настани од македонската историја, се негира македонски идентитет, јазик и култура, се погазува честа и достоинството на македонскиот народ. Само антимакедонската СДС и негаторските кругови во Софија се радуваат на ова.Ако имаше храброст Ковачевски кој со денови се крие, ќе прифатеше референдум и ќе видеше што мислат граѓаните за неговите политики. Вака бега од соочување со народот и моли кај Талат и во Мала Речица да му овозможат уште некој месец власт. Но бегање од народ нема. Нема бегање од казна и катастрофален пораз.

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-09-12-at-13.08.12

Арсовска неформално позната по реченицата „од утре да го нема“ нареди да ги нема 100 вработени во Водовод, обвинува опозицијата

„Градоначалничката Данела Арсовска своите фрустрации не треба да ги истура врз недолжни луѓе вработени во ЈП Водовод и Канализација – Скопје. Најавата за отпуштање на 100 лица, од кои дел се наследени од претходното раководствo и работат чесно веќе две па и повеќе години е крајно бесмислен и неразумен потег. Арсовска неформално позната по реченицата “од утре да го нема“ нареди да ги нема 100 вработени во ЈП Водовод и Канализација, оставајќи без работа и без егзистенција. Можеби нервозата на градоначалничката е резултат на извештајот на ЕИБ, кој ги негира нејзините обвинувања и потврдува дека тендерската постапка за изградбата на пречистителната станица за отпадни води во Скопје е водена правилно. Но нејзините лични чувства не смеат да бидат причина да им се осветува на вработените во јавното претпријатие“, вели ВМРО-ДПМНЕВпрочем за тоа дека Арсовска не е во право говорат и апелите на гранковите синдикати при ССМ, особено ако се има предвид економската состојба во која се наоѓа државата и егзистенцијата на 100 семејства од платата во ЈП Водовод и Канализација.Патем инспекцискиот надзор од пред два месеци направен од страна на Државниот инспекторат за труд во јавното претпријатие увидел кристално чиста состојба, што само покажува дека овие 100 лица совесно и одговорно си ја вршеле својата работа. Оттука сметаме дека Арсовска треба да се вразуми и своите битки да не ги води врз грбот на граѓаните.Скопје и граѓаните од неа очекуваат работа, проекти и модерно Скопје, а не нервозни реакции на градоначалничката. Таа треба да ги исполнува своите ветувања за кои е избрана и за кои е платена од народни пари.

Македонија | пред 3 години

mickoski-miting-12341-danela

На Данела и Христијан им се разделиле патиштата

Првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на денешната прес-конференција го потврди раздорот меѓу најголемата опозициска партија и градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска. Мицкоски рече дека во животот не секогаш се исполнуваат очекувањата.„За мене е важно Скопје да се развива и затоа поддржавме независен кандидат и во животот имате моменти кога ќе видите дека очекувањата не се исти како што сте ги имале тие очекувања, а потоа едноставно патиштата можат да одат во различни насоки во животот“, изјави Мицкоски.На прашањето дали ќе продолжи да биде дел од мнозинството во Советот на Град Скопје, Мицкоски не одговори конкретно, но рече дека ќе го поддржи секој проект за доброто на градот.„Што се однесува до мнозинството во Советот, ВМРО-ДПМНЕ има лидер, професорот Трајко Славевски е таму, имаме мнозинство, но работите се флуидни, денес имате, утре немате, не е многу важно“. рече Мицкоски.Град Скопје го разреши директорот на ЈП Водовод, Златко перински, а генералниот секретар Ѓоко Велковски објави дека си поднел оставка. Мицкоски рече дека тие и натаму ја имаат неговата поддршка.

Скопје | пред 3 години

FUVNf_5WQAAloQ3

Мицкоски: Власта нема капацитет со справување со енергетската криза, потребна е стратегија

„Од власта да нѐ послушаа минатата година, и кога последен пат предупредивме пред 5-6 па и 7 месеци ќе немаше енергетска криза, но сега веќе е доцна. Ние денеска треба да се подготвуваме за следната година, затоа што и следната година еве предупредувам денеска повторно ќе имаме енергетска криза. И тука сакам да бидам уште попрецизен, енергетската криза сама по себе не треба да биде дефокус од неуспешните политики на власта, неработењето и лоповлукот со фирмите инстант отворени кои што ги користат за транспорт на јаглен и набавка на мазут“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, проф. д-р. Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање по одржување на работен состанок со претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески.Мицкоски додаде дека прашањето е дали државата ќе има доволно пари за да купи струја која што е потребна. Според неговите пресметки ако работат трите блока на РЕК Битола, двете турбини на Неготино, хидроцентралите и ТЕЦ Осломеј, тогаш дневно во одредени периоди државата ќе троши по половина милион евра за набавка на електрична енергија.„Струја има, но прашањето е дали ние имаме доволно пари да ја купиме таа струја. И енергетската криза во еден момент ќе стане економска криза. Јас пресметав и тоа го образложив на овој состанок дека под услов да работат трите блока во РЕК Битола, да работат двете турбини во Неготино, хидроцентралите и ТЕЦ Осломеј, ние дневно во одредени периоди ќе трошиме по половина милион евра за набавка на електрична енергија која што ќе недостасува. Затоа што ние нема да можеме да произведеме 1.400, 1.500, 1.600 мегавати, онолку колку што и се потребни на Македонија. Ние зборуваме само за оној конзум кој што го има ЕВН Хоме. Ние не зборуваме за стопанството кое што е оставено да се справува самото со себе“, појасни Мицкоски.Претседателот посочи дека власта нема капацитет за справување со енергетската криза. Според него потребен е голем договор, стратегија што во овој момент не гледа од власта.„Дали ќе имаме ние пари, а паралелно со тоа треба да обезбедиме пари кои што ќе ни помогнат следната година да ја поминеме. Ете тоа е суштинското прашање. Јас се сомневам дека имаме таков капацитет во Владата, односно сигурен сум еве да бидам и чекор попрецизен дека нема таков капацитет, дека се сѐ движи по инерција, битни се само тендерите во четири очи, и тоа што инстант завршува во нивните џебови, се останато е небитно за власта. Нас затоа ни треба голем договор, затоа ни треба стратегија која што во овој момент јас не ја гледам на маса и во јавноста“, рече Мицкоски.

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања