ДПМНЕ

289818924_562029455645233_7796053902433343560_n

Мицкоски тврди: Нема да се смени Уставот!

Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во однос на тврдењето на власта дека референдумот нема да успее истакна дека единствен начин да се види дали ќе успее референдумот е тој да се одржи и да не се бараат изговори формални, туку да се поддржи оваа иницијатива и да им се даде можност на граѓаните да се произнесат.„Единствен начин да видиме дали ќе има излезност е да се одржи тој референдум да не се бараат изговори, формални, туку да се поддржи оваа иницијатива и да излеземе и да видиме граѓаните дали ќе бидат за она што ние го бараме како одговор на прашањето или против. И од тоа нема поедноставен начин. Така што јас ги охрабрувам еве демократски во насока на европскиот дух, кој што од нивните усти додека крадат не престанува да излегува еве и сега тоа да го направат и второ да ги мобилизираат оние малкумина поддржувачи кои што се уште ги имаат да излезат и да се произнесат во согласност со нивните политики, да бидат против ова наше барање и на тој начин јас сум сигурен дека ќе успее референдумот. Но ќе повторам без разлика на резултатот на референдумот, ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија нема да поддржи промена на Уставот под овие околности тоа го повторувам, без разлика каков ќе биде резултатот на референдумот“, нагласи Мицкоски.

Македонија | пред 3 години

sdsm-44

Нема крај на партиски вработувања, функционерка на СДС ухлебена во АЕК за 55.000 плата!, вели Стоилковски

„Сеуште не стивнал скандалот со вработувањето на Бесмира Ејупи во МНР, антимакедонската СДС се уште нема вистински одговори со што Ејупи заслужила да биде дел од МНР и дали тоа не е чекор до нејзино именување за генерален конзул, а сепак не застануваат со скандалите за ухлебување на своите партиски миленици и функционери“, вели Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Тој додава:Почитувани, партиската функционерка на антимакедонската СДС, Емилија Костурски е вработува во АЕК за плата од 55.000 денари, на место соработник за информатички технологии, а доаѓа од позиција долгогодишен наставник во средното медицинско училиште во Битола.Антимакедонската СДС мора да објасни како Агенцијата за администрација оценува дека 56 годишната наставничка од медицинско училиште во Битола е посоодветна за позиција соработник за информатички технологии во АЕК, е посоодветна од 35 годишник со завршени информатички студии, којшто исто така конкурирал на огласот?Антимакедонската СДС мора да објасни дали зад максималниот број на поени за работа во АЕК и петте поени разлика од кандидатот информатичар, пресуден бил фактот што Емилија Костурски е член на ЦО на СДС и заменичка на екс-градоначалничката на Битола?Почитувани,Македонија тоне во кризи и во сиромаштија, а буџетот се користи за вработувања на партиските миленици на ДУИ и антимакедонската СДС. Половина милион граѓани живеат во сиромаштија, со енергетската криза предизвикана од криминал ја доведоа државата во банкрот, ама важно е кадарот на ДУИ и на антимакедонската СДСМ да биде ухлебен. Наместо да се занимаваат за струја, за гас, храна, млеко, наместо да се борат со растечката инфлација, тие го користат буџетот за вдомување на свои миленици во администрација и плата од празниот буџет.Ова почитувани мора да има крај и затоа се потребни итни тројни избори, парламентарни, претседателски и Референдум.

Македонија | пред 3 години

mickoski-956

Од потребните 150.000 собрани се 500 потписи за еден час, кои треба да го распишат рефенредумот

Собрани се над 500 потписи за неполн час за иницијативата за референдум, соопшти претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.Мицкоски потсети дека потребни беа 100 потписи.„Собрани над 500 потписи за неполн час, иако за иницијативата за референдум се потребни само 100. Благодарам за брзиот одговор и иницијативност. Народот не сака решенија со кои се негира нашата посебност и идентитет. На потег е Собранието“, напиша Мицкоски на социјалните мрежи.Тој претходно денес во Државната изборна комисија ја поднесе иницијативата за референдум за укинување на Договорот за добрососедство со Бугарија. Побара со референдумот, на еден трошок, да се организираат и предвремени избори.ДИК понатаму ќе треба да ја достави иницијативата до Собранието, па до законодавно-правната комисија и комисијата за политички систем.За да се распише задолжителен референдум, потребно е да се соберат 150.000 потписи. За референдумот да биде успешен треба да излезат и да гласаат над 910.000 граѓани.

Македонија | пред 3 години

Mickoski-05.09

(ВИДЕО) Мицкоски најави референдум

„Вечерва заседаваше Извршниот комитет каде се разговараше за иницијативата за референдумско изјаснување, која доаѓа по наметнатите потценувачки услови за отворена бугаризација и идентитетско редефинирање на Македонија, нешто што владата на СДСМ го прифати“, вели Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ.Мицкоски додава:Веднаш јасно да посочам ВМРО-ДПМНЕ поддржува интеграција на Македонија во рамките на Европската Унија без никакви дилеми, но ВМРО-ДПМНЕ не поддржува асимилација, промена на историски факти, откажување од посебноста на јазикот и идентитетско обезличување.Праксата досега покажа дека Владата и Ковачевски не ја говореа вистината кога велеа дека историските прашања не се тема на разговор, не само што се тема на разговор тие станаа и услов за Македонија да напредува кон ЕУ, што самото по себе преставува една не фер позиција која македонската влада на штета на целата држава и одејќи надвор од својот мандат ја прифати.При тоа суверенот во државата, народот не беше ниту прашан, ниту пак Ковачевски има мандат да ја става Македонија во подредена позиција.Да не зборувам што Македонија попушти за името, попушти за Бугарија, попушти за преговарачката рамка, а за возврат не доби ништо. Напротив животот е се потежок, енергетската криза и инфлацијата ја разорува државата и носи сиромаштија.Овој Извршен комитет следи по широките консултации кои ги направив изминатиот месец дена. Разговарав и се консултирав со експерти и професори по уставно право, коалициските партнери, пратениците при што заеднички стигнавме до решение кое беше потврдено едногласно од страна на Извршниот комитет.Се донесе одлука да граѓанска иницијатива за собирање на потписи за распишување на референдум и во наредната недела ќе собереме најмалку 100 квалификувани потписи со што таквата иницијатива ќе биде доставена до Собранието. На оваа иницијатива прво потпишан ќе бидам јас, Извршниот комитет на партијата, пратениците. По што очекувам Собранието во брзи рокови да ја легитимира и одобри иницијативата по што ќе започнат роковите за собирање на 150 илјади потписи за распишување на задолжителен референдум, повторувам задолжителен референдум.Референдумското прашање ќе се однесува на Договорот за добрососедство со Бугарија кој Заев го склучи со Борисов. Тој е изворот и почетокот на сите проблеми за Македонија и основата по која потоа Бугарија ги темелеше своите максималистички барања и позиции, затруеното дрво раѓа затруени плодови. Раскинувањето на овој договор ќе значи раскинување на барањата за промена на учебници, спорење на јазикот историјата, културата итн.Затоа референдумското прашање предлагаме да гласи и како такво денеска го усвои и потврди Извршниот комитет на партијата: Дали сте за напуштање на важноста на ЗАКОНОТ ЗА РАТИФИКАЦИЈА НА ДОГОВОРОТ ЗА ПРИЈАТЕЛСТВО, ДОБРОСОСЕДСТВО И СОРАБОТКА МЕЃУ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА И РЕПУБЛИКА БУГАРИЈА објавен во Службен весник бр: 12/2018 од 18.01.2018 година?ВМРО-ДПМНЕ ќе повика да се гласа за престанување на важноста за овој штетен договор.Очекувам власта да дозволи да се изјасни народот и да се стави крај на уцените притисоците и кочењата на Бугарија. Ова да биде одговор на народот за својата Македонија и за нашата заедничка иднина.

Македонија | пред 3 години

Cvetan-Tripunovski

Трипуновски: Ковачевски и Николовски го уништија АД Водостопанство, трет месец по ред над 500 вработени немаат земено плата

„Власта, Димитар Ковачевски и Љупчо Николовски ги уништуваат институциите во државата. Трет месец по ред над 500 вработени од АД Водостопанство немаат земено плата и се без здравствено и пензиско осигурување. Додека Ковачевски и Николовски шетаат и трошат народни пари, над 500-тини семејства едвај преживуваат“, вели Цветан Трипуновски, претседател на Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство на ВМРО-ДПМНЕ.Тој додава:Во време кога има двоцифрена инфлација, скапа струја и нафта, Ковачевски и Николовски оставаат 500 семејства без основна животна егзистенција.Помеѓу овие вработени има лица кои имаат потреба од медицинска помош и им е потребно здравствено осигурување, лица кои имаат кредити, а веќе доцнат со исплата на рати, и лица кои имаат деца кои што чекаат храна од своите родители.Дополнително, според информациите кои што ги добивам од голем број на вработени во претпријатието, претпријатието нема основни средства за работа, нема резервни делови и нафта кои се неопходни за непречено функционирање на истото, и ова е сериозен проблем.Состојбата во АД Водостопанство е алармантна и е потребно е веднаш да се реагира.Ова што го прават Ковачевски и Николовски на 500 вработени кои чесно и поштено ги заработиле платите е нечесно и нехумано.Наместо некој да сноси одговорност кога предупредував и алармирав пред една недела дека претпријатието трет месец нема исплатено пари, Ковачевски и Николовски продолжија со игнорантскиот однос.Почитувани,Ако има пари Ковачевски да дава за промоции, шетање, пиење скапи вина, и делење на тендери на фирми омилени на владата на СДС, тогаш да најде пари и за вработените во АД Водостопанство.Затоа барам веднаш да им се исплатат сите три плати на вработените во АД Водостопанство, и тоа без дополнителни изговори.Власта на СДС е неспособна, Ковачевски повеќе нема никаков легитимитет да раководи со владата, а Николовски со министерството за земјоделство.Затоа потребни се предвремени парламентарни избори час поскоро.

Македонија | пред 3 години

miteva

Дуото Ковачевски овозможи за 12 дена трговци да заработат над 610.000 евра преку продажба на евтина струја, обвинува Митева

„Дуото Ковачевски во ек на енергетска криза ги пљачка граѓаните и продава евтина струја произведена во Македонија на трговци кои потоа ја препродаваат за големи заработки. Во два наврати АД ЕЛЕМ за период од 13-ти до 19-ти август и од 20-ти до 26-ти август продава 3.500 MWh електричен енерген по цена од околу 300 евра, а во исто време цената на струјата на берза достига и над 600 евра за МWh“, вели Марија Митева, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Таа додава:Имено, во периодот од 13.08 до 19.08 1.750MWh се продадени по цена од 277 евра за МWh. Во исто време, цената на берза достига до 467 евра по MWh. Разликата односно заработка која некој трговец си ја ставил во џеб е 260.260 евра. Имено, преку резултатите од продажба на ЕСМ може да се види дека како купувач на струјата во овој период се јавува фирмата ДАНСКЕ КОМОДИТИС ДООЕЛ. Она што фрла сомнеж е профилот на лицето Виктор Делов на социјалната мрежа LinkedIN каде како работно место му е наведено дека е регионален менаџер за односи во истоимената фирма. Тука се поставува прашањето дали станува збор за Виктор Делов, поранешен директор на агенцијата за странски директни инвестиции во период од 2004-2006 година кога на власт биле СДСМ?За периодот од 20.08 до 26.08 исто така е продадена струја во висина од 1.750 MWh за цена од 303 евра. Во тоа време цената на берза достигнува и до 612 евра. Разликата која што овој пат некој си ја ставил во џеб е 353.937 евра. Во овој случај, преку резултатите од продажба на ЕСМ може да се види дека како купувач на струјата во овој период се јавува фирмата ЕТМТ ЕНЕРГИ која е во сопственост на Енер Трејд од Албанија која му припаѓа пак на Артур Мицкај, директор на форумот на млади на социјалистичката партија на Еди Рама и син на тамошен судија. Во еден серијал може да се утврди дека истата фирма во месец декември во 2021 година и продала струја на ЕСМ за 3,9 милиони евра и тоа по цена од 325 евра за MWh. Сега процесот е обратнопропорционален, оваа фирма купува од ЕСМ струја по поевтина цена, отколку што претходно самата и продала.Или вкупно за 12 дена некои трговци заработиле над 610.000 евра.Почитувани граѓани,Сето ова се случува кога домашните фирми плаќаат цена на струја и до 800 евра за MWh и бараат начин како да опстанат, а да не ги затворат своите капацитети. Во исто време домаќинствата плаќаат до 50% повисоки сметки за струја, во споредба со лани.Луѓето се на работ на сиромаштија, а фирмите пред затворање и сето тоа заради високите цени на струјата, а власта наместо да помогне, овозможува профит на поединци блиски до неа.Дуото Ковачевски практично овозможува огромен профит на двајца трговци наместо истата таа струја да ја продаде по истите тие цени на домашните претпријатија, со што ќе спаси илјадници работни места и илјадници фирми од затворање.Апелираме, не е крајно време, туку ќе нема втора шанса за да се спаси економијата и државата од банкрот, а домаќинствата од сиромаштија доколку најбрзо што може не се применат мерките кои ние ги предлагаме и не се пристапи кон зголемено домашно производство.

Македонија | пред 3 години

IMG_3721

Зајкова да се повлече од морални причини, ЈО да го провери работењето на Урбанизам во Маврово и Ростуше, бара Стоилковски

„Моника Зајкова, пратеник од владејачкото мнозинство има морална обврска да се повлече од пратеничката функција и да се извини за сите нејзини демагогии и антимакедонски зафати“, вели Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Тој додава:Институциите мораат да го разгледаат досието за легализација на дивоградбата на Зајкови во Трница, Маврово, но и да ја разгледаат работата и легализациите од секторот за Урбанизам, а во врска со злоупотребите на Законот за легализација од 2011-та година.Ова е текстот на писмото до претседателот на државата каде што второпотпишана е Моника Зајкова, писмо со коешто таа во суштина тврди дека доколку се донесе закон да се легализираат дивоградби изградени по 2011-та година, односно градењето на диво по 2011-та година, тогаш се стимулира криминал, се легализира криминал, а „сите одговорни граѓани, кои што ги минале сите предвидени постапки од ДУП-от за прибивање на одобрение за градба, се ставаат во подредена и дискриминирачка позиција“, односно дека се испраќа порака дека може да се узурпира како вели државно земјиште. Таа со овој потпис е децидно против тоа.Почитувани,Моника Зајкова настапувајќи со вакви ставови во јавноста, а знаејќи дека токму нејзината семејна вила е легализирана на криминален начин, дека градена по 2014-та година, значи речиси 5 години по законот кој што важи легализацијата, а е легализирана со лажна изјава на нотар, изградена врз државно земјиште, најмалку е бесрамно и демагогија.Почитувани,Ова е демагогија, ова е срамно и недостоинствено, ова е поразително за македонскиот Парламент. Ова ги доведува во прашање сите одлуки и гласања на Зајкова а антимакедонските политики во Собранието.Истовремено, знаејќи ја фактичката состојба во Трница, институциите не смеат да спијат и со тоа да бидат соучесници во овој криминал туку мора да направат детална истрага во општината Маврово Ростуше во врска со легализирањето на дивите градби на Трница. Македонската црвена буржоазија не може да биде над народот, ниту да ужива во нејзина неказнивост. Додека народот го доведоа на просјачки стап, тие градат вили, а системот им ги легализира.Ова мора да има крај.

Македонија | пред 3 години

elem

За време на претседателот Мицкоски во ЕЛЕМ, струјата беше намалена, а претпријатието оставено со позитивно салдо, вели ВМРО-ДПМНЕ

„Чиста лага и извртување на факти е да се вели дека струјата е покачена за 100% во време на претседателот Мицкоски во ЕЛЕМ. Откако претседателот е именуван за советник во владата за енергетика, во Април/2015 година, па се до неговото разрешување како генерален директор на ЕЛЕМ во Август/2017 година, струјата за граѓаните поевтинува од 4,47 ден/kwh на 4,45 ден/kwh или околу 0,5%. Ова се факти од кои антимакедонската СДС не може да избега“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.Тие додаваат:За разлика од времето кога претседателот Мицкоски го водеше ЕЛЕМ, сега цената на струјата заклучно со Јуни/2022 година граѓаните е 5,87 ден/kwh или за околу 32% поскапа струја од времето кога тој беше директор на ЕЛЕМ, после последното поскапување од 1-ви јули оваа година, граѓаните плаќаат за повеќе од 50% поскапа струја, а стопанството, поточно компаниите за 400% поскапа струја.За разлика од сега, кога ЕЛЕМ има негативно салдо и владата дотура пари во истото за да може да функционира, претседателот Мицкоски го остави претпријатието со полна каса, цели 30 милиони евра, од кои 25 милиони евра депозити, 5 милиони евра пари на сметка и нула долгови. Во 2020 година ЕЛЕМ денешно ЕСМ бележи загуба од 16,7 милиони евра, а загубата во 2021 година достигнува фантастични 28 милиони евра.Претседателот Мицкоски е пример дека со домаќинско работење цената на струјата може да се намали, и ЕЛЕМ да има позитивно салдо.

Македонија | пред 3 години

mickoski-miting-12341-danela

ВМРО-ДПМНЕ во одбрана: Ковачевски поразите си ги покрива со лаги, вистината е дека со Мицкоски како директор на ЕЛЕМ струјата поевтини

„Секогаш кога антимакедонската СДСМ спроведува криминал и прави предавства се служи со лаги. Па така огромна лага е дека во време на директорувањето на претседателот Мицкоски со ЕЛЕМ се купувало скапа струја и дека поскапела струјата“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.Тие дополнуваат:Еве ги фактите:1. Откако Мицкоски е именуван за советник во владата Април/2015 година, до негово разрешување како генерален директор на ЕЛЕМ во Август/2017 година, струјата за граѓаните поевтинува од 4,47 ден/kwh на 4,45 ден/kwh или околу 0,5%, а до скоро граѓаните плаќаа 5,87 ден/kwh или за околу 32% поскапа струја од времето кога претседателот Мицкоски е разрешен од местото генерален директор на ЕЛЕМ, или по последното поскапување од 1ви јули оваа година, граѓаните плаќаат за 50 % поскапа струја, а стопанството, поточно компаниите за 400% поскапа струја.2. Мицкоски ЕЛЕМ го остави со полна каса, цели 30 милиони евра, поточно 25 милиони евра депозити и 5 милиони евра пари на сметка. Сега долгот на компанијата е близу 30 милиони евра.Недомаќинското работење, криминалот и незнаењето да се работи се главните причини зошто граѓаните плаќаат за 50%, а компаниите за 400% поскапа струја.Заклучокот е јасен.Ковачевски да си ги покрие поразите и предавствата лаже. Вистината е дека со Мицкоски како директор на ЕЛЕМ струјата поевтини, а денес со антимакедонската СДС се плаќа за 50% поскапа струја, а ЕЛЕМ има долгови од 30 милиони евра.

Македонија | пред 3 години

03072022_PVRSM-Kovacevski_Mickovski_sredba_1

Ако Ковачевски уште од мај знаел дека ќе има енергетска криза, што правел до сега и зошто не преземал ништо?!, прашува ВМРО-ДПМНЕ

„Ако Ковачевски уште од мај знаел дека ќе има енергетска криза, што правел до сега и зошто не преземал ништо?! Македонија со Ковачевски како премиер повторно е оставена на цедило. Јаглен се набавува по скапи цени, а не се знае ниту колку има, мазут нема доволно и ТЕЦ Неготино работи со половичен капацитет, а гасот е скап“, вели ВМРО-ДПМНЕ.Тие додаваат:Ковачевски имаше цело лето да набави енергети, и не го направи тоа. Само за споредба земјите од соседството и Европа, кои немаат јаглен го набавуваат, складираат гас и склучуваат договори за купување на струја по пазарни услови.Последен пример за договорање за купување на струја по поволна производствена цена имаме помеѓу Србија и Азербејџан.И додека другите држави договораат ефтини цени за купување струја, дуото Ковачевски кај нас најавува дека струјата ќе поскапи.Цела Европа работи за да дојде до поефтина струја или суровина, само Ковачевски цело лето го помина без да ја обезбеди државата за зимата која ни претстои.Уште по неодговорно е истиот тој Ковачевски да признава дека знаел дека ќе има криза, а воопшто не се потрудил да ја подготви државата.СДСМ и Ковачевски немаат капацитет да ја водат државата. Со СДСМ само ќе се зголемува бројката од 500.000 наши сограѓани кои живеат со по 150 денари на ден.

Македонија | пред 3 години

vmro-dpmne-sediste1

Од инспектор до крупен градежник: Кој е Кочо што сакаше да ја урне терасата на ВМРО-ДПМНЕ

Кочо Стојчески исплива од анонимноста пред седум години, кога во својство на градежен инспектор сакаше да го урне нелегалниот балкон над влезот во Белата палата, пишува Призма.„ВМРО-ДПМНЕ има рок од 30 дена да ја урне дивоизградената тераса на партиското седиште“, се закануваше тој во 2015 година.Некаде во тоа време ја проверуваше легалноста и на кафулето „Дистрикт“, дел од хотелот „Мериот“ во сопственост на тогаш влијателниот шеф на тајната полиција Сашо Мијалков и Александар Ивановски – Алек Теранова.Денес, терасата на ВМРО ДПМНЕ не е урната, кафулето „Дистрикт“ се реновира, а Кочо Стојчески е крупен играч во градежниот бизнис, купувач на плацови од сега веќе осудениот Мијалков и рамноправен бизнис-партнер на неговиот „човек од доверба“.„Пола-пола сме во бизнисот со Алек Теранова“, ни објасни Стојчески во разговорот што го водевме во канцеларијата на Теранова во центарот на Скопје. „А, кој не се вработил преку партија?“Овој 43-годишен крушевчанец само што го завршил Правниот факултет во 2001 година, влегол во администрацијата, поточно во „Паркови и зеленило“, кога со во скопското јавно претпријатие управувал Сашко Насев.Не крие дека тоа било со помош на СДСМ.„А, кој не се вработил преку партија?“, реторички прашува.Партиската припадност била фактор при неговото вработување и во Министерството за одбрана и во Министерството за правда и конечно при трансферот во Општина Центар.Повеќе

Македонија | пред 3 години

mickoski-956

Мицкоски има коронавирус, ќе прави и втор текст

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски е позитивен на КОВИД-19, информираат од партијата.Мицкоски денеска требаше да биде присутен на настан во општина Маврово Ростуше заедно со кандидатот за градоначалник, но како што информираат од партијата истиот е откажан.– Ве известуваме дека посетата и настанот на претседателот Христијан Мицкоски во општина Маврово- Ростуше закажан за денес (16.08.2022 година) во 17:45 е откажан. Причини за негово откажување е развивањео на симптоми од Ковид 19 на претседателот Мицкоски, при што беше направен брз антигенски тест, каде што истиот беше позитивен. Во текот на денот претседателот Мицкоски ќе биде тестиран со ПЦР тест за вирусот Ковид 19, соопштија од партијата

Македонија | пред 3 години

bisera-kostadinovska-kultura

Арсовски:Оставка од министерката Стојчевска заради цензурата на културата која се обидува да ја направи

„Бисера Стојчевска трет ден ниту им се извинува на граѓаните, ниту пак има намера да си даде оставка. Ставајќи се во улога на „Големиот брат” како во орвеловата книга 1984, Стојчевска сака да диктира и да цензурира уметниците што смеат, а што не смеат да пишуваат во своите дела“, вели Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Тој додава:Протоколот кој го потпиша владата на Ковачевски и овозможува на Бугарија секое уметничко творештво да го оценува дали преставува говор на омраза и таквите дела од културата да не смеат да бидат финансирани со народните пари. Ете затоа скафандер министерката за култура дава цензурирачки насоки до уметниците да не творат дела со историски наратив. Оттука е и нејзината скандалозна изјава која што сите за жал ја слушнавме: „Мора да се ослободиме. Историјата нам повеќе не смее да ни биде затвор“, што според неа е „нешто што повторно ќе го врати народот назад, кон едни мрачни времиња каде што навистина не видовме ништо добро“.Сега веќе е јасно и кој давал наредби за цензурирање на строфи од песни кои ги пее официјален хор на МОБ, како и цензурирање на официјална државна химна.Замислете, со вакви доктори на науки и професори, во која насока ни се движи образованието коешто ни ги подучува новите идни генерации, а не пак да размислиме во која насока ни се движи културата со ваква министерка.Според Бисера Костадиновска Стојчевска безмалку најубавите филмски дела кои што ги има оваа држава, романи, песни и драми треба да се зафрлат во подруми и да не се говори за историјата на Република Македонија, нешто што е најсвето. Недостига уште сето тоа да биде поставено на клада целото тоа творештво и да биде спалено.Еве неколку прашања за кои што јавноста треба да ги размисли, а треба владата да ги одговори бидејќи се многу реални и можно е набрзо да се случат.-Дали следно ќе биде прогонување на режисерите и сценаристите кои што ги реализирале ваквите дела за кој што говореше Костадиновска Стојчевска и дали можеби ќе им бидат одземени сите награди кој што ги собрале низ годините?-Дали следно е цензурирање на имињата и укинување на имињата на одредени културно уметнички друштва?Почитувани,Ова е невидена цензура на творештвото, согласно Протоколот кој што го потпиша владата на Ковачевски. Ваквата изјава на Костадиновска Стојчевска е скандалозна и за тоа мора да понесе одговорност, односно да си поднесе оставка.Комедијантката Стојчевска која што нели им наложува да пишуваат комедии, уметниците во Македонија треба да се извини на македонскиот народ и веднаш, ама веднаш дури и денес во недела да отиде да си го собере парталите од министерството и да го напушти. Што повеќе говори на темата, толку повеќе ја срами цела држава. СДСМ и Стојчевска ќе бидат запаметени како мрачно минато во историјата на Република Македонија.

Македонија | пред 3 години

289818924_562029455645233_7796053902433343560_n

ВМРО-ДПМНЕ си направи анализа од анкетата на ИПСОС: На предвремени избори ќе победиме со близу 200 илјади гласови разлика во однос на СДСМ

Агенцијата ИПСОС за потребите на ВМРО-ДПМНЕ спроведе теренска анкета на јавното мислење на 1.014 испитаници за периодот од 01 до 18 јули 2022 година. Анкетата се однесува на повеќе актуелни прашања.„Согласно анализата на бројките на следните парламентарни избори би излегле од 870 до 875 илјади граѓани.Изведено од измерената процентуална доверба распоредот на гласовите во децимали би бил следен:• ВМРО-ДПМНЕ 355-360 илјади гласови• СДСМ 170-175 илјади гласови• ДУИ 110-115 илјади гласови• Левица 100-105 илјади гласови• Алијанса за Албанците 50-55 илјади гласови• Други 75-80 илјади гласовиПотсетување:На прашањето доколку на следните избори би се кандидирале само партии , а не коалициии, за која партија би гласале, резултатите се следни? (*на целата популација)• ВМРО-ДПМНЕ 19.7%• СДСМ 9.5%• ДУИ 6.2%• Левица 5.9%• Алијанса за Албанците 2.8%• Други 4.2%• Неодлучиле 22.5%• Одбиле да одговорат 17%• Не би гласале 12.2%На прашањето доколку на следните избори би се кандидирале само партии , а не коалиции, за која партија би гласале? (* со push нa 48% од определената популација)• ВМРО-ДПМНЕ 40,8%• СДСМ 19,6%• ДУИ 12,8%• Левица 12,2%• Алијанса за Албанците 5,9%• Други 8,7%“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 3 години

Arsovski06082022

Арсовски: Министерката што се срами и ја цензурира сопствената култура треба да си поднесе оставка

„Вчера сите се згрозивме од скандалозната изјава на министерката за култура, Бисера Стојчевска. Министерка која што доаѓа директно од редовите на СДСМ. Стојчевска ни кажа всушност дека треба да живееме како Орвеловата 1984, цензурирано“, вели Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Тој додава:Министерката јасно и гласно ги потврди стравувањата на македонското општество, на македонските граѓани, на народот дека договорите на оваа влада која што ги прави со Бугарија водат кон асимилација и тивка цензура на македонското творештво, нашето најголемо богатствоМинистерката за култура меѓу редови кажа што содржи и што предвидува Протоколот кој што го усогласија владата на СДСМ и Бугарија. Секое она дело кое што ќе обработува содржина која според бугарската страна е оценето како говор на омраза нема да биде поддржано со државни средства.Имено таа вели: мораме да бидеме свесни дека мора да одиме напред. Мора да се ослободиме. Историјата нам повеќе не смее да ни биде затвор. Ова го вели министерката за култура од СДСМ.Г-ѓо министерке, дали вие воопшто знаете колку творечки дела, филмови, песни, романи се создадени и се поврзани со тематиката од втората светска војна или историјата на македонскиот народ, која што сега е оспорувана од страна на Бугарија? Дали знаете или не знаете? Очигледно не знаете и тоа е уште поголем срам за вас како министерка.Знаете ли министерке дека ова кое сега власта и вие го прави е класичен тоталитаризам кој цензурира говор, кој ограничува творечка мисла на уметниците?!Замислете никој во светот не ограничува творечка мисла на уметниците. И сега повторно најверојатно ќе почнете како и во претходното време во комунизмот да создавате подобни и неподобни уметници. Најверојатно тоа е вашата цел.Дали сте свесни и вие како Стојчевска и целото СДСМ, дека вчера се откажаа од сите историски филмови кои ги снимиле доајените на македонското платно, се откажаа од сите сценарија напишани за македонскиот непокор и мака, се откажаа од буквално се, но и онака како и што се очекуваше дека ќе се откажете буквално од се што е македонско.Да биде срамот поголем министерката освен што сугерира забрана на творби со историска содржина, таа дава една бедна квалификација за досегашното творештво на автори како Петре М Андреевски кои имаат историски наратив, нарекувајќи ги мрачни времиња.Цитирам: да се твори во духот кон тоа што ќе ги расположи народот и публиката. Не нешто што повторно ќе го врати народот назад, кон едни мрачни времиња каде што навистина не видовме ништо добро.Да го квалифицирате творештвото на Петре М Андреевски како мрачно, мора да не сте прочитале ниту една книга од него, да не се чувствувате како Македонец и да се срамите од вашата култура. Тие мрачни времиња кои што сега ги споменувате ги живееле нашите предци, за ние денеска да живееме во независна Република Македонија, која што вие како СДСМ и влада се обидувате да ја распродадете.Очигледно министерката за култура нема никаква врска ниту со творештво, ниту со дела, ниту пак со култура. Залудно е на тоа место каде што седи. Ако евентуално прочитала некоја си лектира е врвот на нејзиниот контакт со културата, па сега дојде време на уметниците да им ава насоки какви дела да пишувале и како да расположувале публика, вели да се пишувале само комедии. Најголема комедија во оваа држава е СДСМ. А таа комедија СДСМ најголемата трагедија и ја нанесува на Република Македонија.Срамно и бедно! После ваков скандал Стојчевска треба да си поднесе оставка, бидејќи министерка што се срами и ја цензурира сопствената култура, не може да биде министерка на Република Македонија. Срамно и бедно, може да биде само министерка која што одработува за туѓи интереси.

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања