ДПМНЕ

kovacevski-mickoski-telefon

Нова анкета: ВМРО-ДПМНЕ со двојна предност над СДСМ, огромното мнозинство против францускиот предлог, Ковачевски со непролазна единица како премиер

Агенцијата ИПСОС за потребите на ВМРО-ДПМНЕ спровела теренска анкета на јавното мислење на 1.014 испитаници за периодот од 01 до 18 јули 2022 година. Анкетата се однесува на повеќе актуелни прашања.1. На прашањето доколку на следните избори би се кандидирале само партии , а не коалиции, за која партија би гласале? (*на целата популација)• ВМРО-ДПМНЕ 19.7%• СДСМ 9.5%• ДУИ 6.2%• Левица 5.9%• Алијанса за Албанците 2.8%• Други 4.2%• Неодлучиле 22.5%• Одбиле да одговорат 17%• Не би гласале 12.2%2. На прашањето доколку на следните избори би се кандидирале само партии , а не коалиции, за која партија би гласале? (* со push нa 48% од определената популација )• ВМРО-ДПМНЕ 40,8%• СДСМ 19,6%• ДУИ 12,8%• Левица 12,2%• Алијанса за Албанците 5,9%• Други 8,7%3. Според вас кои се најзначајните проблеми со кои се соочува Република Македонија во моментов, проблеми за кои вие лично сте најмногу загрижени?• Економија/економска состојба/финансии 20%• Лош стандард/мали плати и пензии/ високи цени/ инфлација 16%• Француски предлог/Бугарија 8%• Невработеност 7%• Политика и политичка криза/партизирано општество 4%• Корупција/криминал 4%• Здравство 3%• Проблеми со идентитетот на државата 2%• Промена на името 2%• Сиромаштија 2%• Иселување на младите од државата 2%• Неизвесна иднина/несигурност/нестабилност/ нема напредок 2%• Има многу проблеми/ општ хаос 2%• Лоши политичари 1%• Меѓучовечки односи/поделеност меѓу населението/дискриминација 1%• Образование 1%• Земјоделие/пласман на производи 1%• Владата/тековната власт 1%• Меѓуетнички односи 1%• Влез во ЕУ/ евроинтеграција 1%• Судство 1%• Проблеми во меѓународна политика 1%• Енергетска криза/струја 1%• Нефункционирање на системот и институциите 1%• Војна/ Украина / Русија/ мир 1%• Друго 6%• Не знам 8%4. Дали го поддржувате или не го поддржувате францускиот предлог за надминување на спорот помеѓу Македонија и Бугарија?• Не го поддржувам 58%• Го поддржувам 26%• Одбива да одговори 16%5. Како би го оцениле досегашното работење на Димитар Ковачевски како премиер на Република Македонија со оценка од 1 до 5, при што 1 е многу лош резултат, а 5 е одличен резултат?• Оценка 1 - 36%• Оценка 2 - 15 %• Оценка 3 - 20%• Оценка 4 - 11%• Оценка 5 - 8%• Не знам - 10%

Македонија | пред 3 години

nikoloski

Николоски: Македонија слепо црево на Балканот, Србија доби 137 милиони евра грант, а владата на СДСМ/ДУИ потпишува штетни договори

„Уште еден ЕВРОПСКИ ПОРАЗ! Македонија СЛЕПО ЦРЕВО на Балканот Владата СДСМ/ДУИ потпишува и прифаќа штетни договори, а не прави ништо за економскиот развој и развојот на инфраструктурата 🏗️. Ако имаа добри контакти во Брисел ќе знаеа дека следниот голем инфраструктурен проект на ЕУ е брза пруга 🛤️ од пристаништата во Атина (Пиреа) и Солун до централна Европа, со цел скратување на времето за транспорт на луѓе и стоки во двата правци“, пишува Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.Тој додава:„Паметна Влада оди во Брисел и зема грант за брза пруга 🚆 од Табановце преку Скопје до Солун. Мрзелива и неспособна Влада тоа го игнорира.📌 Денес Србија на која сеуште и се потсмеваат дека е анти Европска добива 137 милиони евра грант за брза пруга 🚝 Ниш - Димитровград - граница со Бугарија што е прв чекор кон заобиколување на Македонија од проектот за брза пруга Атина - Солун - Будимпешта - Виена, што ако се реализира е чекор кон претварање на Македонија во слепо црево на Балканот и губење на стратешката позиција на Македонија што е прв чекор кон ПОДЕЛБА и ИСЧЕЗНУВАЊЕ. Звучи апокалиптично, ама државите опстојуваат само ако има геостратешки интерес околу нив.Интерес на Бугарија е Македонија да е слепо црево и стратешки небитна, кој е интересот на СДСМ/ДУИ?“.

Македонија | пред 3 години

arsovski18022022

Арсовски: Ковачевски да се извини на македонскиот народ затоа што ја носи државата против волјата на граѓаните кон ново национално предавство

„Димитар Ковачевски е срам за македонскиот народ. Продолжувањето по стапките на неговиот ментор Зоран Заев, каде што убедливо ја носи државата кон патот на пропаст и национален срам, го прави уште полош премиер и од самиот Заев. Прашањето кое што го поставува јавноста е следново: Зошто Ковачевски бега од соочување со граѓаните на референдум? Дали со тоа што вели дека е чекор назад референдумот во целиот процес значи дека е свесен дека граѓаните не го поддржуваат?“, прашува Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Тој додава:Да, граѓаните не ја поддржуваат неговата политика. Тоа што Ковачевски се плаши да оди на референдум е само доказ дека граѓаните не даваат поддршка на преговарачката рамка која што тој ја промовира и турка, што во превод значи асимилација и бугаризација. Граѓаните не се за ова.Ако говориме за чекори наназад, Република Македонија чекори наназад цело време откако е дојдена СДСМ на власт. Со Ковачевски само се интезивира тоа темпо на чекорење наназад.Димитар Ковачевски треба да се извини на македонскиот народ, на граѓаните затоа што ја носи државата против волјата на граѓаните кон ново национално предавство.ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи промена на Устав по ниту една цена. Цената што сака Ковачевски да ја платат граѓаните и државата е преголема.Манипулациите на Ковачевски и кликата околу него ќе пропаднат ако тој прифати и излезе на референдум и затоа и е исплашен и се плаши од народот, како што всушност видовме дека е исплашен и на онаа приватна партиска прослава која што ја имаше направено во Крушево каде што не им допушти на граѓаните да го чествуваат празникот како што доликува и треба.Дополнително, додека Ковачевски оди против сопствениот народ, на државата и се случува економски крах. Ценовни шокови, поскапувања, инфлација, најнизок раст на БДП во регионот, најмалку странски директни инвестиции во државата.Ова е класичен неуспех на Ковачевски и на целиот тим на СДСМ во владата. Ковачевски и сите тие околу него кои што управуваат со владата се срам за Република Македонија.

Македонија | пред 3 години

slika-1

Мицкоски: Македонија треба да го поврати изгубеното, народот да не наседнува на лагите на СДСМ и од нив платен полусвет

„Нека е вечен споменот на комитите, на партизаните, на тие снажни мажишта и жени кои се бореа за нашата слобода. Епска е нашата столетна борба за слобода во која се нижеа падови, но и победи, една ретка крвава драма, препочна со страдања, горчина, треперења и мирис на барут кој подеднакво ја пратеше и нашата копнеж за слобода и верувањето во идеалите“, вели Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ.Тој додава:Првиот Илинден е светол, иако Крушевската Република беше крваво задушена, а неуспехот да се ослободиме беше страдањето кое Македонците го прифатија и се носеа со него затоа што не престанаа да веруваат. А, знаеја дека таа борба за своја држава вреди, а успехот дојде четириесетина години по првиот Илинден, оделотворен во Асномска Македонија, Македонија на Ченто, на Петре Пирузе, на Михајло Апостолски, една цела плејада на херои кои ја креваа главата гордо високо, кога многумина им велеа дека треба да клечат. Но ваквата историска читанка ни вели дека Македонија и Македонците секогаш без оглед и на периодите на очигледна слабост на капацитетот на елитите да водат во дадените моменти, раѓала поединци чии дела ечеле во немиот простор на суровата реалност на беспаќата, обезнадеженоста на духот на нацијата и безволноста да се продолжи борбата. Тие поединци ја правеле разликата од останатите и биле примерот во кој народот верувал и по кој тргнувал во борба да го отсонува својот сопствен сон. Овие татковци на нацијата ја пишуваа нашата историја и го водеа нашиот народ. И тие не клечеа, не се колебаа, не тргуваа со светите работи за нашата кауза. Нивните имиња денес ги изговараме со особено чувство на почит и со трепет во нашите срца, затоа што тие веруваа во идејата која многумина се откажуваа. Ако некој се сомнева во нивната припадност, за тоа кои биле и што биле, нивните коски се расфрлани насекаде низ оваа земја и тие извираат и живеат во нашите сеќавања, во раскажувањата на генерациите кои доаѓаат потоа, а нивната слава е неизбришлива. Делата на овие луѓе ја создаваа Македонија и затоа нејзиното постоење нема цена, и ако прашањето е на што сме подготвени да направиме за да Македонија опстои треба да знаат дека ќе ја платиме секоја цена за да го зачуваме непроценливото, а тоа е нашата Македонија.Драги пријатели,Она што денес ни се случува со нашата Македонија е едно историско дежа ву на сите аспирации на дел од соседите кои безмалку во различни облици не прателе како проклетство низ вековите. Не е проблем што тие удираат, но болката е што одвнатре Македонија е распродавана. И тука немаме ние некаков идеолошки судир, туку постои математичка пресметливост на владејачката елита која преку трговијата со најскапото ја задржува власта. Власта за мене е одговорност да се води, власта за оваа моментална елита е да ја крадат нашата Македонија. И затоа во овие пет години оваа власт е најразорната атомска катастрофа која Македонија во не само економски, туку политички контекст ја уназади децениски, правејќи штета по нашите стратешки позиции за кои ќе бидат потребни нови децении заедничка битка да се повратат. И кога тргуваа со заедничкото за нивна лична корист, го убиваа духот на Македонецот, го убиваа тој ентузијазам за новата држава кој полека прерасна во разочарувања, го убиваа сонот на тие момчиња и девојки кои ги вееја македонските сонца тој 8-ми Септември, ја убиваа секоја надеж дека можеме поинаку, секој план, секоја прогресивна размисла за потрага по колективната среќа која без исклучок завршуваше со желбата да бидеме признаени Македонци од Македонија како дел од Европското семејство на рамноправни народи. И сега кој е повеќе за Европската Унија? Ние кои треперевме за идејата да имаме своја независна и суверена држава Македонија која ќе биде дел од семејството на Европската Унија, со зачувано достоинство, име и идентитет, или овие кои сега ја водат земјата, а кои нема европска вредност која не ја погазија, поплукаа, или идентитетска вредност која не ја начнаа или истргуваа само со една цел за да продолжат со богатење на грбот на народот и неговата колективна несреќа.Драги пријатели,Денес би сакал да говорам малку и за стратегијата на власта преку која сака да постигне две значајни цели за нив. Првата, да ја обвини Европската Унија и меѓународната заедница дека тие се виновни за ова што и се случува денес на Македонија, а не неспособноста, поданичкиот и предавнички карактер на власта и втората цел е да го нападне ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата дека недоволно се бори за македонскиот национален идентитет. Сигурно си го поставувате прашањето како тие би ја реализирале првата цел, кога вакви политичари, безрбетници кои коленичат каде стигнат, Македонија нема ниту чуено ниту видено во својата независност? Ќе ве потсетам драги пријатели, браќа и сестри на нападите во медиумите од страна на владините гласноговорници кон поранешниот француски амбасадор, г-динот Тимоние кога Франција бараше измена на претпристапната методологија, или пак месеците потоа кога цела Европска Унија и врвните политичари од ЕУ беа виновни затоа што добивавме вето. Тоа е инженерингот што криминалната власта изминативе години го правеше. Преку платените гласноговорници обвинуваа и ја убедуваа јавноста дека ЕУ ни е виновна за неправдата создавајќи преку таквата кампања во народот гнев и недоверба кон ЕУ, а позади завесата го подготвуваа завршниот чин на предавството кое го завршија оваа година и се разбира во целиот тој период не престанаа да крадат и да го пљачкосуваат народот. Втората е да го нападнат ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата дека недоволно се бори за македонскиот национален идентитет преку сопствените инсталации во опозицијата и помеѓу македонскиот народ, а кои се ништо повеќе од полу свет за кој ќе зборувам малку подоцна. Не смееме браќа и сестри да конзумираме од измамите на власта и нивните лакеи во опозицијата. Не е виновна ЕУ за ова што денес и се случува на Македонија и македонскиот народ, виновникот има име и презиме, Пендаровски, Ковачевски, Османи, Заев итн..., а политичката партија која што е извор на сите овие порази и предавства има име и се вика Социјалдемократски Сојуз на Македонија или СДСМ. Драги пријатели, недалеку од овде има три фабрики кои потекнуваат од ЕУ и илјадници наши сограѓани своите семејства ги хранат, директно или индиректно работејќи во или со тие фабрики. Илјадници граѓани на ЕУ годишниот одмор го поминуваат недалеку од овде на охридско/струшкото крајбрежје, да бидеме супер домаќини, чесни и честити како што може Македонецот да биде, вредни и скромни, секогаш пријателски расположени, па следната година да ги убедиме повеќе туристи од ЕУ да не посетат. Ве молам да не дозволиме на инсталациите на власта, тие лакеи во форма на полусвет да не поделат и фрагментираат. Тие се платени со вашите пари, вашите крадени пари или пак се уценети и чекаат милост од власта. Ќе си го поставите прашањето, кој е излезот? Излезот е избори и мнозинство на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во парламентот како гаранција дека Македонија ќе го врати загубеното. Тоа е единствениот пат.А колку реално им значи народот се гледа по тоа колку прифаќаат да го чујат неговото мислење. Референдумот за отфрлање на асимилацијата која тие ја прифатија, е добра можност оваа елита да покаже колку го вреднува ставот на народот дури и тогаш кога поинаку мисли од него. Бегството од референдум на владата е бегство од народот и доказ за тоа колку големо предавство прават на својата земја и на својот народ. Референдумот е огледалото на нивната немоќ, на нивниот морален хазард, и за тоа како бегајќи од референдум сакаат преку трупа, жедни преку езеро, на мала врата да го пренесат народот без да имаат обѕири за тоа каква катастрофа прифаќаат. Јавно повикувам да поддржиме референдум, сите заедно да повикаме и на народот да му дадеме шанса да донесе одлука. И сакам тука да потенцирам уште еднашка по кој знае кој пат, народот да биде спокоен, без оглед на тоа што ќе смисли оваа власт како опструкција или отпор за референдумот, гаранцијата, блокадата и чувањето на уставот од страна на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата се факт и тоа останува. Нема промена на уставот под овие околности, по ниту една цена.Драги пријатели,Не смее да постои разочарување ниту пак губење на надежта. Поединците за кои на почетокот зборев, не ја губеле вербата и во најтешките времиња воделе храбро. Таквите тивки херои постојат и денес и тие се, тие се нашата надеж. И таквите луѓе се секој еден од вас кој со искрено срце ја сака Македонија и посакува државата да престане да губи.Вие-врз чии плеќи се крепи државата и кои не барате ништо повеќе од само малку достоинство и изгледи за иднина. И знам дека ги живееме најтешките времиња од независноста до денес, но работите никогаш не биле појасни. Во периодот што следи власта ќе продолжи да крева прашина, димни облаци за тоа дека тие биле проЕУ, а сите кои не се како нив одработувале за трети држави. Сум чул во политиката многу манипулации, ама ова е некако најпровидната лага до сега. Од крадци како овие на власт европејци не бива. Втората работа која ќе се обидат да ја прават е да не прикажат за радикали и да внесат етнички поделби. Не верувајте ниту во ова. Нашата љубов кон Македонија не значи омраза кон некој друг туку подадена рака кон секого заеднички да се бориме против власта која носи проблеми кои се исти за сите, впрочем патриотизмот не значи национализам. За овие намери на власта задолжени се оние инсталации кои треба да се преставуваат како се друго, само не она што навистина се, а тоа е продолжена рака на власта на ДУИ и СДС. Тие инсталации се најподлите, или што би рекол Прличев в лице светци, в срце в’лци. Таквиот полу свет дебело финансиран или уценет од власта има за цел да внесува раздор во македонското ткиво, да стимулира жолт печат и невистини, да создава експлозија од ниски страсти и да одвлекува внимание. Со други зборови тој полу свет на СДС и ДУИ постои за да се занимавате со ВМРО-ДПМНЕ за да не се види дебаклот на власта. Тој полу свет се отпадоците на власта, најдобрите чираци на срамното сценарио на релативизрање и рушење на секаков отпор. Една шака платеници, друга шака уценети одработувачи кои ќе сакаат да внесат сомнеж во секој еден кој се бори против предавствата и болната реалност. Бидете претпазливи, тие не се моќни за победа, но имаат сила да внесуваат сомнеж во секоја прогресивна сила која се бори за Македонија. Најдобриот одговор на сето ова е обединувањето. Затоа колку тие ќе се обидуваат да фрагментираат, да не поделат ние треба да се обединиме. И тоа обединување да е на една принципиелна основа каде подаваме рака кон секому на кој Македонија му е на прво место и секоја друга наша разлика е помала од оваа наша појдовна основа и мотив. Да бидеме сите како едно. Затоа одговорот на поделеноста и фрагментирањето е обединувањето, национално, политички. Обединети партии, здруженија, синдикати, поединци и организации, сите против оваа корумпирана ненародна и предавничка власт предводена од СДСМ и ДУИ. Сите против оние кои ја одземаат колективната среќа и иднина. Обединување заосновано на нашиот сон за Македонија.Да ја вратиме енергијата, да ја вратиме Македонија. Да го вратиме изгубеното и да создаваме иднина. И да можно е сето ова. Како што и илинденците не се откажаа.И не заборавајте, имаше прв, имаше втор Илинден, третиот Илинден беше 8 Септември 91та, да се избориме за уште еден нов Илинден каде ќе имаме победа на Македонија над сите неправди, инсталации, и сили кои не влечат надоле.Илинден не учи дека нема откажување и дека борбата е константа, а љубовта кон татковината најголема сила. Затоа и Македонија ќе победи и ќе одиме напред. Пламенот е разгорен, промените ќе се случат.Честит Илинден Македонијо!Македонија е вечна!

Македонија | пред 3 години

Dimsa-PRESS-1111-2

Арсовски: Пендаровски сериозно го има совладано синдромот на ретерирање и ја одбра антимакедонската политика

„Стево Пендаровски веќе сериозно го има совладано синдромот на ретерирање кој што го наследи од Зоран Заев. Стево Пендаровски јавно се откажа од македонските национални интереси и интересите на граѓаните, и ја одбра антимакедонската политика и по кој знае кој пат покажа и докажа дека не е на страната на граѓаните, туку е на страната на тесно партиските политички, антидржавни интереси на СДСМ, Димитар Ковачевски и Зоран Заев, како основоположник на сите овие неуспеси на Република Македонија“, вели Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Тој додава:Наместо заштитник на државните и националните интереси како што сакаат граѓаните да изгледа и да биде, и да работи нивниот претседател на државата, претседател на Република Македонија како што треба да изгледа, Стево Пендаровски стана соучесник на Ковачевски и негов послушник.По само неколку денови Стево Пендаровски ретерираше од сопствените ставови. Ретерирајќи од референдум, за кој што и самиот Пендаровски се изјасни дека треба да има референдум со чесна формулација, кој треба го поддржат сите политички партии, Стево Пендаровски покажа дека или нема политички капацитет да има сопствен став на кој што ќе опстои цело време или пак Ковачевски и Зоран Заев сериозно го имаат притиснато и му имаат покажано дека тој е само нивни пиун кој го манипулираат и управуваат како сакаат од Владата.Стево Пендаровски, како што можевте и самите да видите и да слушнете, во само неколку дена успеа да го излаже целиот народ, најпрвин за да ги придобие симпатиите на граѓаните и на јавноста, се изјасни дека треба да има референдум во насока како што ВМРО-ДПМНЕ и претседателот Мицкоски предложија, за потоа политички кажано, Владата да му свитка рака и да му каже дека не треба референдум и сето тоа било манипулација. Со што Стево Пендаровски ги пренесе повторно ставовите на Владата, ретерирајќи од она што го кажа само неколку денови претходно.Граѓаните можат да ја видат антимакедонската страна на Пендаровски на дело.Драстично менување на ставови и биполарно политичко однесување во само неколку денови, може да се карактеризира како политичка незрелост за заземање став за крупни и важни политички прашања.Оттука мораме да потенцираме дека референдумот по ова прашање не е желба на Пендаровски дали да се случи или не, туку морална обврска на еден сериозен претседател на држава кој треба да оди по линија со граѓаните. Случајот со Пендаровски, очигледно е дека му е свиткана раката од страна на Владата и морал потоа да се изјасни и да каже онака како што му кажале од Владата и да го смени ставот.Почитувани граѓани,Почитувани медиуми, вклучително и Пендаровски,Се уште има шанса да се поправи. Секако, ако тој самиот е самостоен политичар и институција, а не човек со кој управува Владата и Ковачевски. Сепак интересот на граѓаните и на државата е поважен од се, вклучително и од ретерирањето на Пендаровски. Кога еднаш го сменил ставот, може уште еднаш само и само во интерес на граѓаните и на Република Македонија.

Македонија | пред 3 години

kovacevski-mickoski

Мицкоски: Нема да го поддржиме заемот од 100 милиони евра се додека не видиме каде отидоа парите на граѓаните од претходната енергетско кризна состојба

„Оптимизмот е дека ќе се набави јаглен, а не дека нема да имаме енергетска криза. А, не е оптимизмот по која цена и од каде пари. Еве сега да речеме повторно ќе дојде во Парламентот закон со кој што вие граѓаните ќе се задолжите со 100 милиони евра. И они сега што сакаат да направат? Сакаат да прогласат енергетско кризна состојба, за да можат овие 100 милиони евра при оваа набавка на јаглен, на мазут, и на останато, да ги трошат во четири очи, да ги крадат“, појасни претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, проф. д-р. Христијан Мицкоски при посета на општина Петровец одговарајќи на новинарско прашање.Мицкоски додаде дека ВМРО-ДПМНЕ нема да го поддржи заемот од 100 милиони евра се додека власта не каже каде ги потроши парите од минатата енергетско кризна состојба.„Нашиот став е ДА за енергетската кризна состојба, но прво да видиме каде ги потрошија парите на граѓаните од минатата енергетско кризна состојба. И нема да го поддржиме овој заем од 100 милиони евра се додека не видиме каде отидоа парите на граѓаните“, нагласи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.„Владата и владините министри се сѐ побогати, а народот е се посиромашен. Додека не видиме каде отидоа парите ние нема да се согласиме ниту на нова енергетска кризна состојба, ако треба мерки за поддршка на стопанството подготвени сме како мерки да ги поддржиме, но не и да дозволиме Владата да биде на начин на кој што ќе ги краде парите преку условно кажано енергетско кризна состојба. И сега видете го вториот парадокс, првиот парадокс е го опљачкаа ЕЛЕМ, ЕЛЕМ кој што произведувал по 6 – 6 ипол терават саати, сега произведува помалку од 3 терават саати и како награда добија нова компанија со нови управни, со нови надзорни одбори која што треба да го врши затоплувањето на Скопје. Овие „способниве“ што ја уништија ЕЛЕМ сега треба да им дадеме во рака нови 100-тина – 200 милиони евра, пари на граѓаните да ја доуништат новата компанија со нови управни, со нови надзорни одбори итн. Од прилика тоа е планот, и тоа е она кое што ни го нуди Владата, а нормално во јавноста пред граѓаните шири условно би рекол песимизам и позади завесата ги бројат провизиите од тендерите во четири очи. Тоа е суштината, а тоа ние нема да го дозволиме како ВМРО-ДПМНЕ и како опозиција“, рече Мицкоски.

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2021-09-20-at-08.55.14

Обвинителниот акт за модуларната во Тетово не ги опфаќа вистинските виновнци, наместо по коњот се удира по самарот, смета опозицијата

„Најавениот обвинителен акт за трагедијата со модуларната болница е нецелосен и не ги опфаќа вистинските виновници, туку лица кои се далеку подолу на прирамидата на одговорноста. Тоа само покажува дека и случајот со модуларната болница, исто како и со трагедијата со Дурмо Турс и Беса Травел се водат без да се најде вистинскиот системски причинител, поради кои десетици животи беа предвреме згаснати“, вели ВМРО-ДПМНЕ.Тие додаваат:Обвинителниот акт не ги дава одговорите која е улогата на министерството за здравство во изградбата на овие објекти, како од надлежните инспекции тие добиле дозвола да работат, која е одговоноста за материјалите од кои беше изграден објектот и редица на други фактори кои доведоа до трагедијата.Семејствата на настраданите во вакви случај, со вакво судство и обвинителство нема да ги добијат вистинските одговори, како и поради што настрадаа нивните најблиски. Нивната болка нема утеха, но уште поболно е што во Македонија се создава систем на неказнивост во која наместо по коњот се удира по самарот. Затоа за жал системот на неказнивост создава нови и нови трагедии. Тоа мора да престане. Вистинските виновници мора да одговараат и во случајот со тетовската модуларна болница и во секој друг случај, затоа што само така може да се изгради владеење на правото и правна држава.

Македонија | пред 3 години

culev

Мицкоски: Наќе Чулев е избркан од работа од страна на овој хибриден режим кој не може да се соочи со неистомислениц

Ние сме навикнати четири и пол години, колку што сум јас претседател, ова да се случува. Тие се пресметуваат со мене, индиректно се пресметуваат на ваков начин брутален, со луѓето кои што соработуваат со мене и со луѓето кои што се дел од раководството на ВМРО-ДПМНЕ, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф. д-р Христијан Мицкоски од Гевгелија каде што присуствуваше на пуштање во употреба на спортско игралиште во рамките на активноста „Промените се случуваат, секогаш со народот“, каде беше запрашан за коментар за бркањето од работа на Наќе Чулев по 25 години професионална служба во безбедносниот систем на државата.„Ова не е нешто ново, бидејќи сите знаете дека станува збор за врвен професионалец кој што 25 години работи во безбедносниот систем, извршувал врвни функции, врвни државни функции, сега е избркан од страна на овој, според некој бирократи во Брисел, проевропски режим, но според меродавните ранг листи, хибриден режим кој што не може да се соочи со неистомисленици и посегнува вака брутално по нивното лично и човечко достоинство“, рече Мицкоски.Но, додава Мицкоски, мојата порака и до нив е дека, поминува времето, познавав јас и во минатото многу вака луѓе кои што се силеа, па потоа беа мачени, ќе дојде и тој ден кога повторно ќе се соочиме, повторно ќе се видиме и тогаш ќе мораме да дадеме одговори на многу прашања, а ние ќе го издржиме ова.Мицкоски истакна дека Наќе Чулев ја има неговата целосна поддршка и дека е исклучително важна алка во партијата, кој од сега ќе биде уште по посветен во структурата на ВМРО-ДПМНЕ.„Наќе Чулев ја има мојата целосна поддршка, Наќе Чулев е исклучително важна алка во структурата на ВМРО-ДПМНЕ. Сега ќе биде многу по посветен во делот и околу мене и во структурата на ВМРО-ДПМНЕ. ВМРО-ДПМНЕ не остава ниту еден свој човек. Наќе Чулев ќе биде дел и продолжува да биде дел од ВМРО-ДПМНЕ, да се бори за ВМРО-ДПМНЕ“, рече Мицкоски.

Македонија | пред 3 години

sdsm-485

СДСМ знае дека ќе доживее дебакл, затоа не поддржува референдум, предавникот Ковачевски ја чува фотељата, тврди ВМРО-ДПМНЕ

„СДСМ знае дека ќе доживее дебакл, затоа не поддржува референдум, предавникот Ковачевски ја чува фотељата“, вели ВМРО-ДПМНЕ.„Ако СДСМ беа уверени дека договорот кој го постигнале и протоколот кој го потпишаче се толку добри, тогаш немаше да имаат проблем да излезат на референдум.СДСМ знаат дека договорот е лош и дека е на штета на македонскиот јазик, идентитет и историја, и затоа бегаат од референдум.На СДСМ им е страв од народот. Кој масовно се обедими против бугаризацијата планирана од предавникот Ковачевски.Предавникот Ковачевски се крие и зад пратениците на СДСМ и зад владага во целост, бега од референдум и само се бори да ја зачува позицијата“, додаваат тие.

Македонија | пред 3 години

mickoski-6

Од оваа хибридно-режимска власт се очекува да го дели народот по разни основи, наместо да работи на решавање на реалните проблеми на граѓаните, вели Мицкоски

Од оваа недемократска, хибридно – режимска власт во овие тешки времиња наместо да се фокусира на реални проблеми на граѓаните, како што е борбата против корупцијата која е исклучително голема, таа да го дели народот по разни основи, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, професор д-р Христијан Мицкоски од денешниот настан во хотел Континентал, запрашан за став по последни изјави на владините претставници дека со гласањето на промена на Уставот ќе се видело кој е за Европската Унија, а кој против.„Тоа е очекувано од страна на оваа недемократска, хибридно – режимска во Македонија, да се обидат дополнително да го поларизираат и онака поларизираното општество. Но, од анкетите можете да видите вие дека таа половина која што нив ги поддржува е незначително, односно помала од 10-тина проценти. И навистина жалам што во овие тешки времиња, наместо да се фокусираме на реалните проблеми на граѓаните, а тоа е борбата против корупцијата која што е исклучително голема“, рече Мицкоски.Додаде дека сите гледаме, како додека ја распродаваат државата и македонскиот идентитет не престануваат да крадат и да нижат тендери во четири очи, додека стандардот галопирачки паѓа и граѓаните мака мачат да се прехранат од први до први во месецот.„Гледате дека додека ја распродаваат државата и идентитетот не престануваат да крадат, па се нижат тендерите кој што се случуваат во четири очи. Имаме неколку такви во изминатиов период. За жал, состојбата во образованието, во здравството е катастрофална, економијата веќе и да не ја споменува никој во државата. Граѓаните, буквално, мака мачат да се прехранат од први до први, бидејќи инфлацијата е галопирачка, стандардот стагнира оди надолу“, истакна Мицкоски.Мицкоски додаде ова се суштинските проблеми со кои треба да се занимава една европска Влада, а ние, за жал, имаме хибридно-режимска власт која се занимава со делби на граѓаните на вакви и такви, наместо да обединува и во овие тешки времиња заеднички да ги надминеме предизвиците со кои ќе се соочиме оваа есен, како што се грејната сезона, предизвиците во образование, здравството, економијата и така натаму.„Тоа се суштинските проблеми со кои што би требало да се занимава една европска Влада, но за жал, ние имаме хибрридно-режимска власт која што се занимава со делба на граѓаните на вакви или такви. Наместо да ги обединува и наместо во овие тешки времиња сите заеднички да ги поминеме предизвиците со кој ќе се соочуваме оваа есен, а и оваа зима. За месец дена од денеска, нешто повеќе, ќе почне учебната година, доаѓа и грејната сезона за нешто повеќе од два месеци од денска. Од тоа што можам да го видам, ниту имаат план, ниту имаат визија, но затоа пак имаат план и те како имаат визија за да продолжат да крадат. Ако се тоа европските вредности, тогаш јас кажал „не, благодарам“ на такви европски вредности. Мене тие европски вредности не ми се познати иако голем дек од своето образование сум поминал во таа Европа“, посочи Мицкоски.

Македонија | пред 3 години

Mickoski-12.03.2022

Мицкоски: СДСМ ако смета дека е со нив народот не треба да се плашат и нека излезат на референдум

СДСМ ако смета дека е со нив народот не треба да се плашат и нека излезат на референдум и само на тој начин ќе се знае дали тие се во право или ВМРО-ДПМНЕ, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот настан на Демократски сили на Ромите, одговорајќи на новинарско прашање, при што истакна дека против референдум се само СДСМ и нивните инсталации во опозицијата додека целиот народ бара референдум.- Што се однесува до дебатата во јавноста има една чудна состојба, а тоа е дека противници на референдумско изјаснување на народот се власта и оние инсталации на власта во опозиција. Тоа е една чудна ситуација која ги обединува тие инсталации на власта во опозиција и помеѓу македонскиот народ и самата власт. А сите останати, огромно мнозинство граѓани без разлика на етничка припадност се за тоа да имаме референдум, истакна Мицкоски.Мицкоски посочи дека за референдумот добил поддршка од ИК и ЦК на партијата и во следниот период следат консултациите со експертите и јавноста за тоа каков ќе биде референдумот и кога би се одржал.- Со таков став излегов пред Извршниот комитет и Централниот комитет на партијата за што добив и недвосмислена поддршка. Во периодот кој следи ќе продолжат консултациите со експертите со јавноста околу тоа каква форма ќе биде референдумот, задолжителна, консултативна, кога би се одржал, кој би го поднел, дали пратениците, дали 150.000 граѓани, дали ќе биде референдум претходен или последователен, дали ќе се однесува на преговарачката рамка или на делот од преговарачката рамка кој се повикува на билатералниот договор о Бугарија и изворот на проблемите, тоа е протоколот, изјави Мицкоски.Мицкоски потенцираше дека референдумот треба да го заштити македонскиот идентитет и дека оваа влада која нема никаков кредибилитет нема право да преговара и нема право да потпишува договори.

Македонија | пред 3 години

289818924_562029455645233_7796053902433343560_n

Мицкоски: Вечерва Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ќе расправа за предлогот за референдумско изјаснување

При денешната посета на општина Аеродром, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф. д-р. Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во однос на вечерашното заседавање на Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека Извршниот комитет ќе расправа и ќе се произнесе по повеќе точки меѓу кои и предлогот за референдумско изјаснување како и анализа на актуелната политичко економска состојба во државата.„Да, денеска имаме седница на Извршниот комитет од деветнаесет часот, утре е Централниот комитет ќе разговараме за актуелните случувања исто така би сакал Извршниот комитет да се произнесе и за палењето на возилото на пратеникот во Прилеп, Прилеп овие денови е како Бејрут во најлошите времиња, денеска повторно ново возило е запалено, односно во текот на ноќта. Исто така за предлог за референдумско изјаснување да видиме каков тип на референдум, кога би го почнале, како би го почнале, на што би се насочиле, на што би се фокусирале и тн да слушнеме членовите на Извршниот комитет на партијата што мислат и нормално анализа на актуелната политичко економска состојба во државата што е стандардна тема во тие неколку часови кога Извршниот комитет заседава. Бидејќи состојбата со економијата, ајде еве ако ја тргнеме политиката на страна која што е катастрофална е исто така апокалиптична. А доаѓа зима овие во владата се однесуваат како онаа народната со штурецот, за месец два започнува и учебната година доаѓа есента, потоа и зимските денови цените на енергенсите гледаме континуирано растат, не гледаме дека некој се занимава со тоа, не гледаме дека некој се занимава со обезбедување на резерви на пченица и слично така што сложена е состојбата и како државотворна политичка партија треба да излеземе со наша позиција по неколку прашања отворени“ нагласи Мицкоски.

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-07-20-at-09.45.53

Власта сака со притисоци и заплашување врз пратениците да изнуди поддршка за предавствата, вели ВМРО-ДПМНЕ

Власта сака со притисоци и заплашување врз пратениците да изнуди поддршка за предавствата, ВМРО-ДПМНЕ не се плаши и нема да им помине, вели опозицијата.„Случајот со палењето на автомобилот на пратеникот Петар Ристески од Прилеп е класичен обид за заплашување на пратениците.СДСМ владее со криминални методи, кои одамна се прочитани. Никој повеќе не им се плаши, а најмалку ВМРО-ДПМНЕ.Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ нема да поддржат Уставни измени без разлика колку и СДСМ и нивните бандити да притискаат.МВР наместо да се занимава со казнување на народот кој протестираше против нивните предавства, нека ги пронајде и санкционира организаторите на палењето на автомобилот на пратеникот Ристески. Или не смеат да го пронајдат?Власта треба да знае дека предавствата нема да им поминат. ВМРО-ДПМНЕ е гарант за македонските национални интереси“; стои во соопштението.

Македонија | пред 3 години

291102487_750457039621431_6022900036176914770_n

Не се грижете, Уставот нема да се смени, референдумот е за прифаќање или не прифаќање на преговарачката рамка, вели Мицкоски

Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ, посочи дека на референдум граѓаните би се изјасниле само дали ја прифаќаат преговарачката рамка сосе билатералниот договор со Бугарија, но не и за менување на Уставот. Тој е дециден дека највисокиот правен акт нема да биде променет, а Бугарите нема да бидат во него. Според него, има притисоци.„Дали е по свадба тапани, не знам. Јас ќе се задржам на Уставот, предвидува два типа на референдум, по и пред носење на одлука. Не зависен од ова е процесот на менување на Уставот. Промената на Уставот, кажав дека нема да се случи. Гаранција е зборот на 44 пратеници од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ. Не се фокусираме ние на тоа, ние се фокусираме на преговарачката рамка каде е вметнат протоколот. Тука треба да одлучат граѓаните дали прифаќаат ваква преговарачка рамка, која ниту една земја членка немала. Не се грижете, Уставот нема да се смени. Јас знам дека има владини инсталации во опозицијата, каде ќе подриваат. Уставот е безбеден и сигурен. Ние зборуваме за преговарачката рамка“, рече Мицкоски.

Македонија | пред 3 години

Vlado-Misajlovski-30.01.2021

Мисајловски: Ковачевски утре во Брисел ќе се слика и ќе го овековечи предавството на македонскиот народ

Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ во вечерашното гостување во емисијата „Што не е јасно“ на телевизија Алфа изјави дека утрешниот состанок во Брисел ќе значи само сликање и овековечување на предавството кое што го направи владата на СДСМ и Димитар Ковачевски, бидејќи како што вели Македонија нема да започне преговори со Европската унија, додавајќи дека самите заклучоци кои што ги изгласаа пратениците на СДСМ во собранието не значат почеток на преговорите за државата, туку предавство и замка за македонскиот народ, бидејќи Македонија е условена од страна на источниот сосед со промена на македонскиот устав.Утре тоа во Брисел ќе биде сликање каде што ќе застанат со сите таму да се сликаат, за да покажат дека ги бива за сликање, но не и за работа. Единствено нешто што со таа слика ќе покажат е предавство, рече тој.Ние неколку пати пробувавме да го објасниме ова што се случува. Утре Македонија нема да ги започне преговорите. Слушнавме и од бугарска страна, слушнавме и многу аналитичари од Европа кои што велат дека Македонија ќе заглави во еден лавиринт. Утре се очекува да покажат дека започнува некој скрининг процес, дека започнуваат преговори, но реално само Албанија ќе започне преговори и тука нема дилеми, бидејќи Албанија ќе започне со скрининг и отворање на поглавја. Македонија тоа нема да го почне сега, и ако ја следевте изјавата на бугарската министерка за надворешни работи кажа дека Македонија ќе започне преговори со вистинската меѓувладина конференција која ќе се случи по отворање на Уставот, посочи Мисајловски и додаде:И ова е голема фарса и замка кон граѓаните која што ја приреди СДСМ и цела власт и сите пратеници кои гласаа. Во заклучокот стои дека Македонија за да започне преговори мора да го смени Уставот. Така што утре единствено само сликање ќе имаат, потенцираше тој.Мисајловски вели дека протоколарниот документ кој што беше криен од македонскиот народ всушност значи дека Македонија е условена држава и ќе преговара за се што и смета на Бугарија во однос на историјата, укажувајќи дека ова не се европски вредности.Од протоколарниот документ кој беше држен во тајност, видовме дека ќе се преговара за историја, за промена на учебниците, а нема да се разговара за европски вредности. Ова е асимилација, понижување, нечовечки, нехумано и ова не се европски вредности, смета потпретседателот Мисајловски.

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања