ДПМНЕ

13

МВР со неосновани казни за луѓето кои го блокираа патот Струмица-Радовиш нема да го заплаши народот, протестите продолжуваат, вели Панова

„Десетици граѓани кои го блокираа патниот правец Струмица-Радовиш се мета на заплашување од страна на МВР. Тие веќе следниот ден по протестот добија прекршочни казни од 50 евра за движење по пат и 35 евра за паркирано возило“, вели Ели Панова, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.Таа додава:Тие ниту се движеле по пат, ниту паркирале возило непрописно, туку мирно во времетраење од 1 час го изразија својот револт, протестираа против предлогот на власта за бугаризација и го блокираа патниот правец Струмица - Радовиш.За прогонот да биде уште поочигледен МВР пишале казни и на граѓани кои воопшто не биле дел од протестот за истиот случај. Од ова јасно се гледа дека казните се пишувани по однапред даден список и целта е заплашување на народот да не протестира и да не си ја брани државата.Казните за луѓето кои го блокираа патот Струмица-Радовиш се неосновани и против Уставното право на протест. Власта точно го знае ова, и затоа казните се основаат на прекршокот паркирано возило резервиран за сообраќај на моторни возила или движење по пат резервиран за сообраќај на моторни возила.Луѓето кои го блокирале патниот правец Струмица-Радовиш ниту се движеле непрописно, ниту паркирале непрописно, тие протестирале и го остварувале своето право на протест, загарантирано со чл. 21 од Уставот.Граѓаните имаат право мирно да се собираат и да изразуваат јавен протест без претходно пријавување и без посебна дозвола. Користењето на ова право може да биде ограничено само во услови на воена и вонредна состојба, гласи членот 21 од Уставот кој власта го прекрши.ВМРО-ДПМНЕ со свои правни тимови ќе им помогне на сите кои добија прекршочни казни, а ваквиот притисок врз граѓаните кои протестираат ќе остане забележан како притисок и заплашување на власта од политички побуди и за истиот ќе има одговорност. Ниту еден притисок, ниту една казна нема да го сопре народот во неговата искрена намера да се спротивстави на оваа ненародна власт. Затоа протестите продолжуваат, гласно да кажеме Ултиматум, НЕ благодарам и вечер во 19 часот пред владата.

Македонија | пред 3 години

protesti-sobranie-5

Ковачки до власта: Со закани и притисоци нема да ја спречите масовноста на протестите, граѓаните да излезат денеска во 19 часот пред Влада

Власта на СДСМ е исплашена од масовните протести и поддршката на граѓаните на Република Македонија, порача Драган Ковачки, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес конференција одговарајќи на новинарско прашање како ја коментира информацијата дека граѓаните кои што го блокираа патниот правец Радовиш – Струмица добиле прекршочни пријави.Ковачки потенцираше дека СДСМ, Ковачевски и Спасовски со ваквите уцени, закани и заплашувања кон мирниот народ кој е против асимилација и бугаризација нема да ја спречи масовноста на протестите, упатувајќи апел до нив да прекинат со притисокот.СДСМ, Ковачевски и Спасовски треба да престанат да вршат притисоци, закани и уцени кон мирниот народ кој достоинствено протестира против бугаризација и асимилација. ВМРО-ДПМНЕ ќе поддржи и ќе им даде помош на сите лица кои што се засегнати од овие уцени преку правна помош за во иднина тоа да не се повторува, изјави Ковачки.Ковачевски ги повика сите граѓани масовно да се приклучат на протестите и да порачаат НЕ за ултиматуми и асимилација на државата.Го повикуваме народот што помасовно да излезе и да ни се приклучи на овие протести, рече тој.

Скопје | пред 3 години

Dragan-Kovacki-23.06.2022

Ковачки: Владата веднаш да го објави Протоколот, народот не поддржува бугаризација

„СДСМ и ДУИ се свесни дека ја немаат поддршката од народот и знаат дека работат спротивно на народната волја, тие се подготвени да направат национално предавство, и сето тоа го правдаат со сликање кое ќе го добијат за некаков наводен почеток на преговори“, вели Драган Ковачки, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.Тој додава:Затоа и го кријат протоколот со кој се бугаризира Македонија, се бугаризираат македонските херои и со кој на Бугарија и се дава можност да се повикува на документ со кој самите ќе се согласиме да се бугаризираме.Иако најавија дека ќе го објават, иако бугарската министерка за надворешни, Генчовска јавно кажа дека протоколот е потпишан, сепак македонското МНР го крие протоколот од јавноста. А кога нешто криете, јасно е зошто тоа го правите.Владата е должна да го објави протоколот.Парадоксот да биде уште поголем, пратениците на СДСМ повикуваат да дадеме поддршка на еден лист хартија што е доставен до Собранието и за нешто што и самите го немаат видено.А дека токму историјата е дел од преговорите и се подготвува бугаризација потврди и Пендаровски.Ковачевски ги вовлекува пратениците од СДСМ да гласаат нешто што е во спротивност на македонските национални интереси и закони.Пратениците на СДСМ се ставени во улога на гласачка машина за предлогот кој Ковачевски се согласил да го протурка на штета на македонските интереси.Власта мора да ја слушне силата на аргументите, да престане да ја силува демократијата во државата и да престане да ја поларизира состојбата за која е директно одговорна.ВМРО-ДПМНЕ останува на цврсти позиции, промена на Устав - не доаѓа во предвид.Македонија е на нозе. Обединета.Продолжуваме со протести, се гледаме во 19.00 часот пред Влада.

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-07-06-at-00.10.12

(ФОТО) Мицкоски со слика од пред Влада, а во коментарите: „Абе народот го згазија пред Собрание, вие фотосесија си правите

Христијан Мицкоски објави фотографија од пред Владата. Тој напиша дека се наоѓа таму, а откако пред Собранието се случи хаос со над 30 повредени полицајци и до десетина уапсени лица.„Вечерва пред владата. За македонцките работи...“, напиша Мицкоски алудирајќи на книгата од Крсте Петков-Мисирков.Во коментари, доби и критики.„Абе народот го згазија пред Собрание, вие фотосесија си правите...“, „Непотребно рашетување, оди кај луѓето што ги приведоа по станиците. Доста сликања, аман“, се дел од нив.Фотографијата на Мицкоски доаѓа по хаосот пред Собранието. Десетици млади лица завршија во полициски станици. Тие ќе треба да биде процесуирани. Најголем дел или речиси сите се уапсени поради фрлање со бектаонки, шипки, канти за отпадоци и други тврди предмети кон полицијата, а претходно кон Собранието.

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Генчова ги разобличи лагите на Ковачевски, француски предлог е ист и нема никакви суштински промени, СДСМ носи ново предавство, тврди ВМРО-ДПМНЕ

„Бугарската министерка за надворешни работи Теодора Генчова со изјавата за бугарската агенција БГНЕС дека нема никаква промена во модифицираниот францускиот предлог ги разобличи лагите на Димитар Ковачевски и Бујар Османи. Ковачевски и Османи модифицираниот француски предлог го претставуваат како дипломатски триумф, а всушност според информациите со кои располага ВМРО-ДПМНЕ се работи за истиот предлог, со само неколку модифицирани збора, без суштински промени“, вели ВМРО-ДПМНЕ.Тие додаваат:Згора на тоа, Бугарија Кирил Петков и Румен Радев се радуваат и го прифаќаат предлогот кој Ковачевски го крие.Сите во соседството знаат, само народот во Македонија не знае што има во предлогот.Имено, Ковачевски и Османи мора да одговорат, како тоа македонската јавност не знае што содржи францускиот предлог, а албанскиот премиер Еди Рама ги повикува македонските граѓани да го прифатат предлогот бидејќи како што пишува истиот значи можност за почеток на преговорите на државата со ЕУ?Но, очигледно е дека станува збoр за истиот предлог кој веќе еднаш Ковачевски во Брисел го одби, кога се обидуваше да глуми задоцнет патриот.Да беше толку добар предлогот, да имаше промени кои се во интерес на македонската страна, Димитар Ковачевски веднаш истиот ќе го објавеше во јавноста.Ковачевски, Османи и Маричиќ со своето досегашно дејствување трајно ги загрозија преговарачките позиции на Македонија и ја носат државата кон подредена ситуација.Граѓаните, експертската јавност и интелектуалната фела кажаа дека францускиот предлог е неприфатлив за државата и директно задира во националните и државни интереси на македонскиот народ.Ковачевски и Османи да си поднесат оставка, веднаш.Време е за промени и предвремени парламентарни избори.

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-07-01-at-15.37.11

Предлогот значи менување учебници, прифаќање дека Делчев, Сандански и Груев биле Бугари, а македонскиот е дијалект, тврди Мицкоски

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски повика на протест пред Владата. По објавувањето на предлогот, Мицкоски кажа: „Предлогот кој е на маса, а Владата го криеше всушност е истиот кој веќе еднаш беше одбиен. И со жалење морам да констатирам дека овој предлог ги содржи сите барања, во делот на историјата, јазикот, идентитетот“. Според него, прифаќањето на предлогот значи менување на учебници и пишување како што тие сметаат, прифаќање дека Гоце Делчев, Јане Сандански, Даме Груев биле Бугари, дека македонскиот јазик е дијалект на бугарскиот.„Она што го слушате од Ковачевски не е битка за идните генерации, туку срам, пораз и капитулација за сите идни генерации бидејќи некој како Ковачевски и Маричиќ се дрзнале да го погазат македонскиот идентитет за кој жртви паѓале, животи се губеле, за кого мајка од дете се делела. За кого, мајка од ќерка се делела. Ете тоа не убедуваше Ковачевски. Тоа не е визија, туку срам и предавство. Тоа е она за што ВМРО-ДПМНЕ нема да прифати и ќе се бори со се што располага, да го објасни пред граѓаните. Ваков ултиматум за Македонија е неблагодарен. Сакам да се знае дека сега е моментот кога треба да се биде јасен и гласен, да се заземе вистинска страна. Владата прави огромна штета, бидејќи одобрувањето на ваква преговарачка рамка значи: или во ЕУ како асимилирани и бугаризирани или секогаш да останеме надвор од ЕУ. Јас ултиматуми по цена на достоинство на народот не прифаќам и нема никогаш да се согласам на тоа“, посочи Мицкоски.Тој е дециден дека Димитар Ковачевски лаже дека францускиот предлог е успех.„Повикувам на сенароден протест. Заборавете дека се обраќам од говорницата на ВМРО-ДПМНЕ. Секој нека ни се придружи утре, во 19 часот, пред Владата. Јас таму ќе бидам како ваш сограѓанин, како човек со име и презиме. Го повикувам целиот народ да се приклучи и да застане со нас, рамо до рамо. Да го спасиме процеост на преговори, овој преседан ќе им се прави на сите земји во регионот. Членстовото за ЕУ ќе стане цел која нема да ја достигнеме. Цел која за сите нас ќе биде недостижна. Само аматер може да мисли и да верува дека ова е добар договор, освен ако нема задни намери. Повикувам на висока свесност за тешки удари кои оваа Влада и ги прави на Македонија. Или сега ќе кажеме гласно ‘не’ или ќе немаме право да бидеме гласни и преговори“, посочи Мицкоски.

Македонија | пред 3 години

EU-1

Никогаш нема да стигнеме до рамноправна членка во ЕУ, вели Стојаноска

Власта викаше дека идентитетот е бетон, дека и јазикот е заштитен. Во договорот со Бугарија не стои јазикот на Република Македонија, стои јазикот според Уставот. Ако прејдат на отворање на Устав, многу прашања ќе се отворат и искомплицираат, изјави пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска за „Што не е јасно“ на Алфа телевизија, додавајќи дека Бугарија ќе не блокира на секое поглавје, на секој чекор и дека на ваков начин никогаш нема да станеме членка на ЕУ.Стојаноска потенцираше дека оваа власт е таа која ги симна позициите на Македонија како држава на преговарачката маса.- Оваа гарнитура е таа која не доведе во позиција да коленичиме, да бидеме условувани, да бидеме уценувани. Прво почна Грција, а кога виде Бугарија дека со оваа власт се е можно, тогаш почна и таа. Нашите преговарачи имаат сериозна обврска земено на себе и како ќе се носат кога сменија една цела држава комплетно, целосно е изменет статусот на државата. Која држава, народ утре ќе влезат во ЕУ. Тотално обезличени дали вреди за нешто да се преговара, кога тие се продадоа и ги спуштија позициите, рече Стојаноска.Таа истакна дека никогаш нема да стигнеме до рамноправна членка во ЕУ, затоа што секој нареден чекор, секое отворање на поглавје ќе биде условувано.- Дали за образование, култура, историја, или промена на споменици. Велат тоа се шпекулации, па ако се, тогаш зошто не покажаа зошто преговараа? Ковачевски од момент во момент ги менува изјавите, тоа е така затоа што тој бил свесен на што се нафатил, тој гледаше кога Заев лажеше и сега ќе ја продолжи таа игра која Заев ја започна, нагласи Стојаноска.Стојаноска посочи дека токму поради тоа е загриженоста на ВМРО-ДПМНЕ што власта договорила, затоа што ВМРО-ДПМНЕ е единствената партија која ги штити интересите на македонскиот народ таа партија која се бори за македонски националните интереси.Таа посочи дека дојдени сме до тој свршен чин за кој ВМРО-ДПМНЕ предупредуваше уште од 2017 година и не знам за какви консултации мислат, Османи и Димитар Ковачевски, со кого ќе се консултираат бидејќи досега за нив никој друг не постоеше, до ден денес се немаат консултирано. За што ќе побараат консултации кога конечниот одговор е даден дека ќе прифатат.Стојаноска потсети дека ние бевме сведоци дека бугарскиот парламент деноноќно заседаваше изминатиов период, а нашиот парламент ја избегнуваше оваа тема.- Што дека во јануари дојде Османи во комисија, кога одговорот му беше дојдете кај мене во кабинет да ги го раскажам предлогот 4+1. Ниту тој предлог го имаме видено, ниту што во Брисел било дадено. Сега е доцна за консултација. Сега гледаме дека Макрон вели дека ќе прифатат, рече Стојаноска.Во врска со законот за судии и јавни обвинители во Собрание, Стојаноска истакна дека власта имаше цел да се обезбеди да не одговараат во иднина за тоа што досега го направија.- Морам да ја споменам онаа анкета која и американската амбасадорка ја обелодени дека довербата во судството е само 8% и неизбежно е да се спомене што им беше фокус оваа недела во парламентот, односно како законот за судии и јавни обвинители да го прошверцуваат преку закон за работни односи, комисија за европски прашања, законодавно правна комисија и до пленарна седница која ја свикаа по пратенички прашања што никогаш досега се нема случено, изјави Стојаноска.Стојаноска нагласи дека има многу седници со по 30 пријавени кои чекаат на ред, но нив им беше поважно да помине овој закон и тоа се нивните намери.- Целта им е да се обезбедат за наредни години преку судии и јавни обвинители кои ќе судат според нивните насоки за да не одговараат за тоа што досега го направија. Но не успеаја. Тука се докажа цврстата желба на ВМРО-ДПМНЕ, дека вакви криминални закони со затскриени намери не смее да поминат. Тоа што ВМРО-ДПМНЕ успеа да ги спречи, покажува дека се залагаме за утре институциите да работат строго според закони, изјави Стојаноска.

Македонија | пред 3 години

Marija-Miteva-20.06.2022

Митева: Владата се противи на покачување на платите на работниците, а за награда граѓаните ќе плаќаат поскапи сметки за струја

На денешната прес конференција портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева беше запрашана од медиумите кој е ставот на партијата околу најавеното ново покачување на цената на струјата преку нов модел кој го утврдува РКЕ.„Граѓаните ги очекува нов ценовен шок, од владата како награда и ќе следи драстично зголемување на цената на струјата за над 20%. И тоа е резултат на неспособноста на власта која наместо за тендери изминативе години во РЕК Битола, требаше да врши ископ на јаглен и да произведува електрична енергија. И цената за ваквото неодговорно однесување денес ќе го плаќаме ние граѓаните со енормно високи сметки за струја, а притоа во една ваква ситуација владата континуирано се противи на покачување на платите на работниците“, истакна Митева.Таа додаде дека неспособноста на власта ги чини граѓаните скапо, и затоа ВМРО-ДПМНЕ континуирано нагласува дека предвремени парламентарни избори се потребни час поскоро. Македонија со оваа власт не оди напред.

Македонија | пред 3 години

protest-vmro-dpmne-11

„Наместо зголемување на плати со СДСМ и ДУИ се добива поскапа струја“

„Криминалната власт на СДСМ и ДУИ наместо зголемување на платите, граѓаните ќе добијат драстично зголемена цена на електричната енергија“, вели ВМРО-ДПМНЕ.Тие додаваат:Граѓаните ги очекува нов ценовен шок, а владата мува не ја лази за тоа што граѓаните едвај врзуваат крај со крај. Како награда за граѓаните следува драстично зголемување на цената на струјата.За неколку дена се очекува драстично покачување на цената на електричната енергија, токму заради криминалната власт на СДСМ и ДУИ.Наместо за тендери за фамилијата Заеви изминативе години во РЕК Битола, државата требаше да врши ископ на јаглен и да произведува електрична енергија. Цената за ваквото неодговорно однесување денес ќе го плаќаат граѓаните со енормно високите сметки за струја.И покрај најавеното покачување на цената на струјата, и покрај двоцифрената инфлација во државата, криминалната власт на СДСМ и ДУИ не ги покачува платите во јавниот сектор.Владата на Ковачевски бега од своето ветување за линеарното зголемување на платите во јавниот сектор и за тоа се приморани вработените секојдневно да штрајкуваат.За повисоки плати има пари во државниот буџет. Нека се откаже владата од непродуктивни трошоци, нека се откаже од луксузирање и парите нека ги пренасочат кон граѓаните.ВМРО-ДПМНЕ ги поддржува протестите и барањата на вработените во јавниот сектор за зголемување на нивните плати. Власта нека се охрабри и нека го предложат предлогот на ВМРО-ДПМНЕ во ребаланс на Буџетот кој е во Собрание и нека ги зголемат платите за 2.806 денари.

Македонија | пред 3 години

Dragan-Kovacki-23.06.2022

Ковачки: Ковачевски залудно ретерираше, неговиот предлог пропадна, следи оставка, одговорност мора да има

„ВМРО-ДПМНЕ и народот победија. Последниот предлог кој ќе значеше бугаризација на Македонија пропадна. Напорите кои што ги вложивме заедно со народот ја спасија нацијата од асимилација. Победата е наша, бидете горди, затоа што сите вие сте дел од генерацијата која спречи бугаризација. Им благодараме на интелектуалците, академската заедница, новинарите, колумнистите и сите други општествени чинители кои што заеднички се спротивставија на предлогот“, вели Драган Ковачки, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.Тој додава:Димитар Ковачевски, кој сега од Брисел ретерираше е човекот кој ја донесе Македонија во подредена и срамна положба, на чекор од целосно бришење на идентитетот, јазикот и историјата.Димитар Ковачевски 6 месеци преговара и го договара овој предлог. Овој срамен и понижувачки предлог кој директно е на штета на македонските национални интереси. Ова што сега го карактеризираат како неприфатлив предлог пред само месец владата го усогласила. Имено, пред само еден месец преговорите ги преземал тим од МНР на Франција и кабинетот на претседателот на Франција и по усогласување на предлогот во детали, од македонската страна биле побарани забелешки кон текстот.Барањата и објаснувањата од македонската влада биле:1. Меѓувладината конференција да отпочне веднаш, а се друго во предлогот било во ред и било прифатливо за нив;2. Побарале предлогот да оди на брзо усвојување во Бугарија, со цел македонската јавност да не се запознае во детали со предлогот, а во тоа брзање и налет, оваа влада на СДСМ и ДУИ имале план да направат еуфорија дека почнуваме преговори. Веќе употребена лоша тактика, која ВМРО-ДПМНЕ и народот ја препознаа;3. Со така создадената еуфорија сакале да ја применат нивната политичка тактика - „морков или стап“ надевајќи се дека ВМРО-ДПМНЕ и народот ќе немаат избор освен пред свршен чин да ги поддржат уставните измени.Ковачевски, СДСМ и ДУИ го потценија македонскиот народ и ВМРО-ДПМНЕ, но уште еднаш покажавме дека заедно никогаш нема да дозволивме ова да се случи, затоа што гласно кажавме НЕ.По одлучната акција на ВМРО-ДПМНЕ, тактиката на СДСМ и Ковачевски пропадна. Залудни се обидите Ковачевски да одбива предлог кој самиот го создал, работел на него, и го одобрил.Залудни се и политичките пазарења на Ковачевски, залудни се оправдувањата дека, после ваков јавен притисок, ако го прифати предлогот ќе останел без влада, и жестоко ќе ги загубел предвремените парламентарни избори за кои самиот ценел дека неминовно ќе се случат.Ковачевски и неговата влада веднаш по враќањето од Брисел имаат обврска да ја депонираат својата оставка до Собранието. Одговорност за ова мора да има.Одговорност затоа што ја лажеа македонската јавност дека не преговарале, а биле дел и го пишувале документот кој што значел бугаризација на Македонија.

Македонија | пред 3 години

08062022_Kovacevski_obrakjanje_Otvoren-Balkan-2

„Ем шуто ем боде“, вака СДСМ го правда Ковачевски за понижувањето на Македонија, смета опозицијата

„Ем шуто ем боде“, вака е однесувањето на СДСМ со оправдувањето на чекорот на Ковачевски кој гласно се смее на изјавата дека Македонија ќе биде западна Бугарија, вели ВМРО-ДПМНЕ. Тие додаваат: „Бидејќи така со неподнослива понизност реагираат и се однесуваат нема идентитетско обележје кое не го доведуваат во прашање. Нема понижување кое и го приредија на земјава, а СДСМ која се однесува како антидржавен елемент, да не го оправда. Од денес предавствата и понижувањата на Заев паднаа во сенка, понижувањата на Ковачевски ги надминаа тие на Заев. Срамно е што СДСМ оправдува изјава во која се негира Македонија. Ковчевски и СДСМ се срам за Македонија. Итна оставка на Ковачевски и извинување до граѓаните на Македонија“.Претходно, од СДСМ изјавија: „Извртување иронични ставови нема да и помогне на ВМРО ДПМНЕ која прифати Резолуција на ЕПП со ставови на Бугарија ВМРО-ДПМНЕ оставка може да побара единствено од Христијан Мицкоски кој учествуваше на Конгрес на ЕПП, каде беше усвоена резолуција која ги промовира ставовите на Бугарија. ВМРО ДПМНЕ едно зборуваат дома а сосем друго надвор, а работат против интересите на земјава. Денеска ВМРО-ДПМНЕ се обиде да извртува иронична изјава на премиерот на Албанија, чиј сарказам е познат во јавноста и се однесува на блокадата на Република Бугарија и односот кон процесот на проширување на ЕУ. Неговиот сарказам и иронија се јавни и познати, но, не се и никогаш не биле насочени кон нашата земја, напротив. И за време на Самитот на Опен Балкан и претходно, Рама е иронечен за блокадата на Бугарија за нашата земја, којашто ја блокора и Албанија. Ставовите на премиерот Ковачевски во однос на блокадата на Бугарија, за нашите позиции и во однос на ЕУ, се добро познати на јавноста“.

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2021-12-07-at-12.00.19

Мицкоски кажа кажа каков договор со Бугарија не би поддржале

Овој договор кој го прави и ако го направи СДСМ кој ќе биде асиметричен, анационален и кој директно ќе задира во идентитетот на мојот народ и на Македонија немам намера во иднина кога ВМРО-ДПМНЕ ќе ја направи Владата да го почитувам, вели Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во денешното гостување во емисијата „Стадион“ на Канал 77.„Прво е билатерален Договор и никогаш нема да се помирам со фактот тој договор да влезе во преговарачката рамка затоа што тоа е дополнителна алатка на Бугарија да не ветуеизира кога сака и како сака“, кажа Мицкоски.Мицкоски како второ посочи дека имаше тврдењата дека нема отворени прашања меѓу Бугарија и Македонија и запраша како можеше 2008-та година кога требаше Бугарија да влезе во Европската Унија да има изјава дека немаат отворени прашања со соседите? Како можеше кога Македонија влегуваше во НАТО, Владата на Борисов да каже дека нема отворени прашања со Бугарја? Како можеше кога Макрон стави вето поради методологијата, Бугарија никаде да ја нема и да кажува дека има отворени прашања?Мицкоски потенцираше дека Генчовска кажа дека секоја недела се обраќа во Парламентот во Бугарија и ги информира пратениците за преговорите. Ние и кажавме дека со сила ги молиме претениците да доаѓаат, тие не доаѓаат.„Ако влезе во таа преговарачка рамка овој билатерален Договор односно меѓусоседскиот договор, тогаш некој кој ќе биде на местото на Генчовска, на местото на Петков кога ќе му потреба може секогаш да каже дека оваа комисија за историски факти односно комисијата за историја не е ефикасна и вие го кочите договорот и ќе ве блокираме“, рече Мицкоски.

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Мицкоски: Ковачевски нема легитимитет добиен од народот

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, во денешното гостување во емисијата „Стадион“ на Канал 77 изјави дека Ковачевски не излегол на избори, не учествувал во кампања, не нудел пред граѓаните и не барал доверба пред граѓаните.Мицкоски додаде дека Ковачевски не излегол пред граѓаните и не ја бранел понудената понуда за граѓаните.Мицкоски посочи дека Ковачевски можеби има 61 пратеник кој го гласале, но тој нема никаков политички кредибилитет добиено од страна на граѓаните на избори.„Кога зборуваме за нешто кое во политиката подразбира да излезеш пред граѓанин, да бараш доверба од граѓани, да дадеш понуда и да ја браниш таа понуда, тоа кај него не се случило“, рече Мицкоски.Мицкоски потенцираше дека Ковачевски не излегол на избори за да ние сега можеме да зборуваме за процес. Тој не учествувал во кампања, не нудел пред граѓаните и не барал доверба пред граѓаните.„Од Ковачевски очекував да ги штити интересите на неколкумина блиски до СДСМ и ДУИ, очекував да биде вакво неговото однесување во јавноста и не очекував нешто брилијантно. Уште на самото експозе кога тој беше биран за премиер тој ги повтори тезите на Заев, јас и тогаш зборував дека ние нема да добиеме нешто што е ново и надвор од очекуваното“, кажа Мицкоски.

Македонија | пред 3 години

Gruevski-i-Mickoski-na-16-kongres-na-VMRO-4-bg_resize

„Еден е премиер во бегство“, Мицкоски раскажа за комуникацијата со Груевски

Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ, тврди дека нема комуникација со Никола Груевски. Тој го нарече „премиер во бегство“ и посочи дека е еден таков. Раскажа и ситуација со претставник на странска амбасада кој му тврдел дека комуницира со Груевски во Будимпешта. Мицковски тврди дека последен пат со Груевски комуницирал кога тој бил во Македонија.„Дајте ми доказ дека имам индиректна, директна комуникација, спремен сум утре да сносам одговорност. Ако немате таков доказ, треба да се извините, бидејќи вашите служби џабе плата зимаат. Ајде да разберам да имам стотина премиери во бегство, ама еден е таков. Валјда да знаете“, вели Мицковски за Канал 77.„Не би го коментирал тоа“, вели Мицкоски на прашањето дали Груевски преку Стевчо Јакимовски.

Македонија | пред 3 години

Mickoski-12.03.2022

Мицкоски: Не сме сите исти, излегуваме на протест зошто не се живее подобро

Не сме сите исти, излегуваме на протест затоа што не се живее подобро во Македонија, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ во „Стадион“ на Канал 77, говорејќи за претстојниот протест на 18 јуни, потенцирајќи дека граѓаните на сите анкети кажуваат дека треба да се излезе и дека државата оди во погрешна насока.Мицкоски посочи дека откако Ковачевски ја презеде владата, нема ништо добро направено, напротив во Македонија работите станаа полоши.- Поминаа 5 месеци и освен изјави од картончиња јас не можам да кажам што ги одбележа овие 5 месеци на Ковачевски, не може да се каже дека направил добар потег или реформа. Тоа што беше лошо стана полошо и не можам да издвојам нешто добро и тоа е причината зошто излегуваме на протест и зошто ќе има таков протестен период, истакна Мицкоски.Мицкоски додаде и дека разни структури протестираа во Македонија и неодговорно е ако граѓаните на анкетите велат дека ако велат да излезете и ако велат дека оваа држава оди во погрешна насока, вие да молчите.- Ако не се излезе на протест и не се бараат промени народот ќе мисли дека сите се исти, ќе си велат ВМРО-ДПМНЕ владее на локално ниво, другите на централно ниво, а народот живее посиромашно, нагласи Мицкоски.Мицкоски изјави дека Ковачевски не излегол на избори и од државен аспект не застапува политика, туку ги штити бизнис интересите на СДСМ и ДУИ и ревносно ги спроведува- Прилично е вешт да ги заштити бизнис интересите на СДСМ и ДУИ, потенцираше Мицкоски.

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања