ДПМНЕ

Screenshot-2025-02-21-at-13.29.30

Филипче и СДС нека се освестат, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ го трансформира здравството, вели владејачката партија

“Венко Филипче и СДС треба да почнат да се освестуваат”, вели ВМРО-ДПМНЕ и додава:Филипче кој беше министер за здравство во владата на СДС очигледно е дека не направи ништо за ресорот, освен што местеше тендери и се обидуваше да распродава области од здравството, како лабораторски от дел, стерилизацијата и слично.Ако на Филипче интересот му е насочен кон здравството, еве ние го информираме да се смири бидејќи листите за снимања во ПЕТ центарот се двојно намалени, акцелераторот кој не работеше скоро осум години на Онкологија сега е во функција, и да сега ќе се реконструира Клиниката за анимација, реанимација и интензивни лекување или позната како КАРИЛ и да, поради тоа ќе функционира со намален капацитет, но пациентите ќе бидат згрижени. Пациентите ќе ги преземат ГОБ „8 Септември“, Хируршката клиника „Св. Наум Охридски“ и Клиниката за неврохирургија.Што (не)направи Филипче за КАРИЛ?Договор за реконструкција на КАРИЛ е потпишан на 15 март минатата година од страна на тогашниот министер Илир Демири. Што значи дека Филипче не направил ништо за време на неговото министерување. Знае ли Филипче воопшто какви се условите за пациентите на интензивните одделенија, или какви ги оставил по министерувањето, очигледно не.За разлика од времето на Филипче, сега новото раководство ги заврши процедурите и ги обезбеди сите документи за безбедност за пациентите, стартува реконструкција.Што се случуваше пак во времето на Филипче?Ги остави болниците без интензивни одделенија, во пожарот во модуларната болница во Тетово изгореа 14 лица, во несреќата кај Ласкарци загинаа 16 лица поради нефункционален здравствен систем, во корона кризата животот го загубија десеттина илјади граѓани, а со тоа Филипче ја смести Македонија на високо петто место по смртност во светот.На Филипче и СДС сега им останува само да се смират, се е под контрола Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ работи во корист на граѓаните и го трансформира здравството во вистински сервис за граѓаните.

Македонија | пред 11 месец

IMG_4855

Фактот што нема постапка за извршителите на Заеви во судството, говори за тоа колку Коцевски е слуга на СДС и Заев, вели ВМРО-ДПМНЕ

„СДС го брани Љупо Коцевски затоа што не отвори постапки за извршителите на човекот на Зоран Заев, Наќе Георгиев кој постапи по неговите наредби во случајот со Боро Марлборо. Ако Љупчо Коцевски работеше по закон, по признанието на вина од страна на поранешниот член на Судски совет и врховен судија, Наќе Георгиев дека влијаел за пресудување на помала казна за Боро Марлборо, за што се стекнал со имотна корист, ќе отвореше истрага за судиите и обвинителите во тој случај. Ако Наќе Георгиев примил поткуп и влијаел, тогаш судиите во предметот суделе по налог на Наќе Георгиев, а не по закон. Самиот факт што нема постапка за извршителите на Заеви во судството говори колку и самиот Љупчо Коцевски е извршител на СДС и Заев“, вели ВМРО-ДПМНЕ како реакција на соопштението од СДСМ:„Се случува процес на партизација и политички упад во правосудниот систем на државата од страна на власта. Без разлика дали се согласуваме или не со работата на Републичкиот јавен обвинител, јасно е дека делувањето на ВМРО-ДПМНЕ е со единствена цел: да изврши упад во независноста на правосудната власт и да инсталира обвинител кој ќе биде послушник на власта. Ова значи газење на демократијата, газење на уставната поделба на власта и враќање кон мрачните времиња на контролирани судии, обвинители и судски процеси. Не станува збор за изолиран случај туку за политичка намера. Сопруга на градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ беше назначена за член на Судскиот совет а сопартиец на Меџити во Советот на јавни обвинители. Ова не се реформи туку класична партизација. Мицкоски ги фрла на буниште реформите во правосудството, презема целосна контрола и партизација на институции кои треба да се независни. Прашање е дали постапката за разрешување е покрената затоа што обвинителот не прифатил да постапува по политички диктирани случаи? Изјавите на извршната власт дека нема да го земе предвид мислењето на Советот на јавни обвинители се спротивни на законот и сите правни стандарди.Во Законот за јавно обвинителство – член 63, став 3, јасно е предвидено дека Советот на јавни обвинители треба да даде мислење по предлог на Владата. Ако ова не се почитува, тогаш власта и де факто и де јуре потврдува дека има намера да го поништи принципот на поделба на власта и да ги контролира правосудните институции. Ги повикуваме сите демократски сили, граѓаните, правните експерти и меѓународните институции да го следат овој процес и да не дозволат да биде уништена независноста на правосудната власт. Функцијата Јавен обвинител на Република Северна Македонија мора да остане независна и да се врши без било какви политички притисоци“.

Македонија | пред 11 месец

market

Предлозите на СДС се гол популизам, за 7 години власт економијата и животниот стандард беа во колапс, вели ВМРО-ДПМНЕ

„СДС имаа 7 години власт, прашањето е зошто 7 години не го намалија ДДВ-то за струја како што бараат денес?“, вели ВМРО-ДПМНЕ и додава:СДС со погрешните политики и мерки ја уназадија државата, го осиромашија народот и го уништија животниот стандард на граѓаните.СДС 7 години не се грижеа за граѓаните и животниот стандард и лицемерно е денес да глумат загрижени за народот.СДС се тие кои ја откочија спиралата на раст на цените.СДС се тие кои ги зголемија цените.СДС се тие кои ја зголемија цена на струјата за 50 %.СДС зголемија ДДВ на прехранбените производи од 5% на 10%.Во време на СДС инфлацијата беше двоцифрена.Додека врхушката блиска до СДС, енормно се богатеше и мислеше само на фамилијарните бизниси, народот осиромашуваше.Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе ги субвенционира граѓаните кои спаѓаат во ранливата група по 1000 денари за потрошена електрична енергија во траење од 12 месеци.Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ континуирано презема мерки за подобрување на економската состојба и животниот стандард на граѓаните.Расте бројот на странските инвестиции, се зголемуваат плати и пензии, се намалуваат цените на прехранбените производи.

Македонија | пред 11 месец

kocevski-1

Судство составено од Трпков и Кацарска, е рамно на неправда и криминал еднаков на ДУИ и СДС, потребни се промени, вели ВМРО-ДПМНЕ

„Одбраните судии на СДС и ДУИ играат како „змии“, излегуваат од дупките само кога ќе им засвират Заев, Филипче и Ахмети“, вели ВМРО-ДПМНЕ и додава:Стара поговорка вели што ќе посееш, тоа ќе пожнееш. СДС и ДУИ ги посеа Кацарска, Рускоска, Трпков и Коцевски, и никнаа корупцијата и криминалот. Негативни рекорди рушиме секојдневно, буквално судството може да држи лекции за тоа како да си корумпиран, а да не одговараш.Дека во Македонија владее политичко инструирано судство и обвинителство, можеме да видиме од постапките на Рускоска која преку Кацарска и Трпков, си играше со судбините на луѓето што беа вклучени во случајот за 27 април. За добро завршената работа, Кацарска стана Уставен судија, а Трпков наместо човек од правото, стана човек на политиката.Тандемот Трпков, Кацарска пресудија над 200 години затвор за 27 април додека државата потопена во криминал од ДУИ и СДС се распаѓаше по сите основи.Да не се заборави нивната улога на џелати во водењето на судските процеси, игрите со пртиворите, стигматизацијата, осудите на луѓето без пресуда, и мивното политичко водење на случаите.Ова не проаѓа без нивниот сиамски близнак, ЈО во заминување Љупчо Коцевски, кој треба да си понесе одговорност затоа што е дел од политичката архитектура на СДС и ДУИ во судството и затоа што незаконски поставува и разрешува кадри во судството, онака како што нему му одговара.Затоа СДС се загрижени и не сакаат промена на обвинителот Коцевски.Затоа СДС не се откажува од своите политички кадри во судството.Правдата во Македонија доаѓа и реформите во судството се во тек.

Македонија | пред 11 месец

antonijo-antonio-milososki-milosovski

Милошоски: Спогодбата со Иџет Мемети и Наќе Георгиев е аргумент плус за разрешување на Државниот јавен обвинител Коцевски

“Георгиев беше судија во Врховниот суд, Мемети член и потпретседател на Советот на јавни обвинители. Дејствувале како тандем и наместо да раздаваат правда, тие продавале правда за пари. Продавале минимална затворска казна во замена за договорени 35.000€, за кривично дело недозволено производство и трговија на дрога. Парите од синот на клиентот ги земале во кеш. Ги фатија заради агилноста на новиот министер за внатрешни работи, а има индиции дека слична трговија "кеш за правда" направиле и претходно, со истиот клиент, но во друга конвертибилна валута”, вели Антонијо Милошоски пратеник од ВМРО-ДПМНЕ и додава:Покрај шокот кај медиумите како за овој обвинитеско-судски тандем владеел кешот, наместо да владее правото, јавноста беше фрапирана и од леснотијата со која јавното обвинителство на чело со Коцевски потпиша скандалозно лесна спогодба со овие двајца криминалци. За судијата Георгиев казна од три години затвор (а според КЗ чл. 359, за примање награда за противзаконито влијание му се запретени од 1 до 10 години затвор), а Мемети, потпретседател на Советот на јавни обвинители, доби само условна казна, иако законот запретува со затвор од 1 до 5 години.Спогодбата со Мемети и Георгиев е скандалозна од неколку причини, а одговорноста за тоа е на товар на јавниот обвинител Коцевски.Прво, пари за местење на пресуди не примиле ниту возачот во Врховниот суд, ниту портирот во Советот на јавни обвинители, туку двајца истакнати членови на овие правосудни установи, со големо влијание, со дводецениско искуство во правните работи и пред се функционери кои биле надлежни, одговорни и примале плата за совесно да го спроведуваат законот. Спогодбата која со амин на Коцевски е потпишана со овој судско-обвинителски крими тандем е лоша јавна поука за другите обвинители и судии, и го поткопува принципот на правични санкции што треба да спречат идни општествено-штетни дејствија во оваа фела.Второ, државниот обвинител Коцевски и Иџет Мемети се познаваат долги години, а во времето на истрагата за стореното кривично дело заедно беа колеги, односно и двајцата беа членови во Советот на јавни обвинители. И бидејќи секоја можна спогодба за сторен криминал во предмет од интерес за јавноста се реферира пред државниот јавен обвинител, во овој случај Коцевски како колега на Иџет Мемети, требало заради објективна пристрасност да се изземе од предметот.Трето, сериозно е прашањето зошто ЈО Коцевски не побарал Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал до судот да предложи мерка оддалечување од работа за веќе обвинетиот Иџет Мемети? И дали Коцевски знаел или можел да знае дека осомничениот Мемети токму во тој периот од човек од обвинителството добил навремена пријателска порака да го смени мобилниот апарат пред да му се изврши претрес?И на крајот, една правничка дилема. Зошто обвинетите Иџет Мемети и Наќе Геориев во настанот не се поврзани како соизвршители, иако е очигледно дека во наплатата на "кеш за правда" делувале во тандем? Во настанот Мемети ја користел својата позиција како потпретседател на Советот на јавните обвинители и интервенирал за клиентот да биде донесена одлука од јавен обвнител, за разлика од Наќе Горгиев, судија во Врховен суд, кој во делото немал такви надлежности кон обвинителството, освен што го знаел лично оштетениот и со него ја договорил паричната награда. Оштениот знаел дека целата работа ја вршат двајцата обвинети, што лично му било потврдено од Иџет Мемети, но сепак од страна на обвинителството Мемети бил привилигиран, бидејќи за него е искористен е член 359 став 3 и став 2 од КЗ (со предвидена максимална казна до 5 години затвор), а тоа што биле блиски колеги со Коцевски е единствената "логика" тој да не одговра по ставот 7 од чл.359, во кој за примена парична награда казната е до десет години затвор. Значи има голема разлика во примената на правото кога обвинетиот му е колега и пријател на обвинителот Коцевски.Сума сумарум, контроверзната спогодба и прениските санкции за крими тандемот Мемети-Георгиев, а аминувана лично од државниот обвинител, е еклатантен пример за крупна професионална грешка од страна на Коцевски. По се изгледа дека рушителите на репутацијата на ЈО не се надворешни актери, туку се внатре во самото обвинителство. Заради овој случај, но и неколку други, истиот треба да си поднесе оставка или да биде разрешен од Собранието.

Македонија | пред 11 месец

Нема фотографија

Проданоски: Имплементацијата на системот „Безбеден град“ ќе придонесе за поголема сообраќајна култура и безбедност на граѓаните, а со тоа и безбедна држава

Во вчерашното издание не поткастот „ВМРО-ДПМНЕ Зборува, пратеничка група“ гостуваше пратеникот Дејан Проданоски кој дискутираше на тема поврзана со законските регулативи за зајакнување на безбедноста во сообраќајот, кои мерки се преземаат со цел намалување на сообраќајните несреќи, притоа стави акцент и на своите размислување за тоа како да се подобри безбедноста во сообраќајот.Најпрво пратеникот Проданоски, даде свое видување во однос на состојбите со сообраќајот, кои чекори можат да придонесат кон смалување на бројот на сообраќајни прекршоци, со оглед на тоа што се регистрирани преку 19 илјади прекршоци изминатите три години, но и за влијанието на законот и ригорозните мерки врз сето тоа.„Од она што и слушнавме и од она што го знаеме и како пратеници и како граѓани е дека навистина имаме и ригорозни закони коишто влијаат врз подобрување на безбедноста во сообраќајот и не е еден закон, туку неколку закони, Кривичниот закон, Законот за безбедност во патниот сообраќај и Законот за прекршоци, сите тие влијаат на некој начин да се подобри состојбата“, вели Проданоски.Во поткастот пратеникот наведе дека треба да биде казниво се што е поврзано со сообраќајните прекршоци, дека секоја неказнивост дава можност за повторување на прекршокот, исто така истакна и дека токму имплементацијата на системот „Безбеден град“ како приоритет на МВР, ќе помогне во тоа да се подобри сообраќајната култура во државата.„На ова гледам дека со исклучувањето на човечкиот фактор односно со воведувањето на системите на „Безбеден град“. Еве сега во најава за вклучување на системот „Безбеден град“ во главниот град, а понатаму слушнав денес и навистина тоа сум среќен како човек, да се прошири на територијата на целата држава и од безбеден град Скопје и безбедни градови во Република Македонија да станеме безбедна држава. Системите коишто се во најава да се воспостават, ќе направат јасна дистинкција ако сте направиле прекршок мора да бидете санкционирани“, рече Проданоски.Пратеникот Проданоски истакна кои фактори имаат влијание врз безбедноста во сообраќајот, притоа наведувајќи дека се преземаат конкретни чекори во таа насока со вложување во инфраструктурата, со осветлување на клучките и пешачките премини, исто така додаде дека возачите треба да ги почитуваат зоните на смирен сообраќај, а во однос на образованието да се зголемат часовите на техничко образование.„Неколку сегменти или неколку фактори се значајни за подобрување на безбедноста во сообраќајот и тоа е генералната безбедност, инфраструктурата и однесувањето на возачите во сообраќајот, во овие можеме да ги разгледуваме и детално. Во однос на безбедноста, ние еве како држава почнавме со големи чекори напред, подобрување на инфраструктурата е еден од главните предуслови за подобрување на безбедноста во сообраќајот. Јас доаѓам од Пелагонија од општина Прилеп, каде што еве во најава пуштена е една делница од експресниот пат Градско-Прилеп, се очекува до крајот на март да се пушти и комплетно дваесет и осум километарско подобрување на патната инфраструктура“, истакна Проданоски.

Македонија | пред 11 месец

pece-mircevski-903289327823

Пеце Мирчевски ја користел СОЗР за личен профит, аздисаност и богатење на нему блиски лица, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Кадрите на СДС со години ги користеле институциите на државата за лукративни цели и богатење на лица блиски до врхушката на СДС. Кадарот на СДС Пеце Мирчевски ја користел СОЗР за личен профит и местеле тендери во четири очи од кои потоа дебело профитирале“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.„Мирчевски од СДС потрошил десетици илјади евра службени пари за патувања, авио билети и сместувања, кои не биле службени, туку приватни.Пеце Мирчевски го оштетил буџетот на СОЗР за 29.000 евра, потпишувајќи неосновани решенија за резервации на хотели, авионски билети и службени патувања кои не биле оправдани.Наместо СОЗР да се користи во корист и служба на граѓаните, била користена за богатење на Пеце Мирчевски.Во периодот од 1 јануари 2022 година до 13 јуни 2024 година, Пеце Мирчевски во повеќе наврати потпишувал решенија за резервации на хотели, како и авио-билети за патувања во странство, со образложение дека се работи за службени потреби, иако во реалноста тие патувања не биле поврзани со неговата функција. На овој начин, тој го оштетил буџетот на СОЗР за 29.000 евра.Аздисаноста на Пеце Мирчевски одела до таму што се пишувал и како новинар, за да патува во Бугарија, за каде патот и смештајот му е платен како на новинар.Мирчевски од СДС освен што свесно и со умисла, извршил службени дејствија кои што не смеел да ги изврши, се расшетувал со народни пари.Мирчевски користејќи ја функцијата директор, остварувал директна материјална корист, за себе и за свои блиски лица. Одговорност има“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 11 месец

Screenshot-2025-02-07-182010

Попов: Точно е дека пред 11 години направив грешка, бев осуден и целосно ги прифатив последиците

„Во контекст на обвинувањата кои произлегуваат од кујните на СДС, Левица и ним блиските полуги, а кои упатуваат на брутално злоупотребување и пооигрување со лични судбини, притоа надополнети со лаги и неточни информации, би сакал да ги изразам своите мисли и да го поделам моето гледиште за ситуацијата“, вели Сергеј Попов, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.„Точно е дека пред 11 години, кога бев на 18-годишна возраст, направив грешка која, за жал, имаше последици. Бев осуден за тоа и целосно ги прифатив последиците од моите дејства. Беше многу тежок период за мене и за моите најблиски. Во меѓувреме, ги исплатив сите штети кон лицата кои беа засегнати од моето недолично однесување. Таа грешка беше не само за мене, туку и за сите околу мене, и беше навистина важна лекција во мојот живот.Мора да нагласам дека, по таа случка, никогаш повеќе во животот не сум возел. Никогаш не сум повторил никакво слично дејство, и дури и денес, по 11 години, не сум положил за возачка дозвола, затоа што сметам дека на безбедноста на патиштата треба да се гледа со најголема сериозност и одговорност.Така што, кога се зборува за тоа дека наводно сум прегазил жена на улица, би сакал да ја исправам оваа теза. Случајот во кој беше вмешано моето име не беше таков. Се случи сообраќајна несреќа, судар со друго возило, кој резултираше со повреда на жена која се возела во другото возило. Оваа ситуација нема никаква врска со наводните изјави и не може да биде поистоветена со трагедијата која ја доживеа Фросина. Не постојат никакви сличности помеѓу мојата ситуација и тоа што се случи со неа.Верувам дека целта на луѓето кои ги шират овие обвиненија не е вистински да ги истражат фактите и да го прикажат вистинскиот развој на настаните, туку се обидуваат да создадат изговори за политички поени и манипулации во овие сензитивни моменти. Ова е неприфатливо и не е фер во однос на мојата личност, која веќе се соочила со последиците од своите грешки и се труди да биде одговорна, да ги поправи своите дејства и да направи добро за општеството.Од таа моја грешка до денес поминаа 11 години, или 132 месеци, или 4015 денови, а јас извлеков поука. Од овие години 7 имаа СДС и нивните ортаци од шарената револуција Левица. Можеа да го преиспитаат случајот или да покренат нов. Но се е јасно и вистината е таа. Останува само горкото чуство дека лешинарски се обиодуваат да поентираат во отсуство над други теми и автентична политика. Жалам што така ја сфаќаат политиката и уште повеќе жалам што ги злоупотребуваат ваквите судбини.Не можам да го сменам минатото, но можам да ја обликувам иднината. И токму затоа се залагам за транспарентност и вистинска правда, бидејќи само на тој начин може да се донесат прави одлуки и да се изгради едно пофер општество“, напиша Сергеј Попов.

Македонија | пред 11 месец

Нема фотографија

Пешевска: Бевме сведоци како се бираа уставни судии, партиски полтрони, јавни обвинители, резултатите од таквиот начин на избор ги гледаме сега

За реформите во судството ние седум-осум години во Собранието апелиравме многу како пратеници. Јас во тие два мандати учествував во работата на Собранието интензивно и апелиравме и во однос на изборот на судии и во однос на оној Закон за Академија на судии и јавни обвинители којшто се носеше по скратени постапки, буквално на сила изгласани дневни редови и многу закони донесени со европско знаме и така натаму, изјави пратеничката истовремено и претседателка на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, Жаклина Пешевска во вчерашната емисија „24 Анализа“ на Телевизија 24 во текот на која се осврна на повеќе политички и актуелни случувања и теми.Пешевска во овој контекст, го истакна фактот дека довербата на граѓаните во судството изнесува само 2% односно огромна недоверба во истото од 98% како и над 50% неажурност на судовите за што сведочат самите извештаи.„Како Влада сегашна, а претходно во изборната програма ние тоа го ветувавме дека треба реформи во судството без притоа да ние се мешаме. Ако ние сме потегнале да ги разрешиме сега, затоа што таму се именуваат, во Собранието се именуваат, таму би биле логично разрешени, тоа не значи никако дека извршната власт ќе се меша во изборот на Судскиот Совет. Затоа што дефинитивно и ние бевме застапници на таа теза дека извршната власт без разлика, па и законодавната сме вмешани процедурално, но треба политичарите да ги тргнат рацете дефинитивно од судската власт“, концизна е Пешевска.Според неа се она што се случува во изминатиов период, особено во последниве неколку дена е всушност резултат и сведочи токму за таквата вмешаност на политичарите и некоректноста на сите чинители.„Бевме сведоци како се бираа уставни судии, бевме сведоци како се бираа јавни обвинители, партиски полтрони, после седум, осум години уништување на се што можеше, па колку неуставни закони се донесоа, колку го осквернавивте вие Уставот, колку национални порази вие предизвикавте во државата. Штетите што вие ги направивте некои се непоправливи и неповратливи за тие работи што вие ги предизвикавте треба да имате доблест“ јасно потсети Пешевска обраќајќи се до нејзината соговорничка од опозициската СДСМ во рамките на дебатата.Пешевска цени дека опозицијата треба да има минимум достоинство, да се исправа пред јавноста и да се извини пред македонските граѓани кои беа манипулирани од нивна страна.„Вие се најавувавте како реформска влада, вие р од реформи не спроведовте. Најголем број протести пред судии ви се случуваа во време на вашето владеење, тоа покажува како вие сте ги тргнале рацете од судската власт. Зошто ако вие толку сте ги тргнале рацете од судската власт судството заврши како „трас-трас“судство и Луи Витон обвинителство? Па ние гледавме снимки со торбите пари каде се носеле“, вели Пешевска.

Македонија | пред 11 месец

petrushevski

(Видео) Петрушевски: Пеце Мирчевски потрошил десетици илјади евра службени пари на приватни патувања

„Пеце Мирчевски потрошил десетици илјади евра службени пари за патувања, авио билети и сместувања, кои не биле службени, туку приватни. Пеце Мирчевски го оштетил буџетот на СОЗР за 29.000 евра, само потпишувајќи неосновани решенија за резервации на хотели, авионски билети и службени патувања кои не биле оправдани“, рече Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.„Во периодот од 1 јануари 2022 година до 13 јуни 2024 година, Пеце Мирчевски во повеќе наврати потпишувал решенија за резервации на хотели, како и авио-билети за патувања во странство, со образложение дека се работи за службени потреби, иако во реалноста тие патувања не биле поврзани со неговата функција. На овој начин, тој го оштетил буџетот на СОЗР за 29.000 евра.Пеце Мирчевски одел до таму што се пишувал и како новинар, за да патува во Бугарија, за каде патот и смештајот му е платен како на новинар.Аздисаноста за шетање на државен трошок од приватен карактер ја чинеле државата и пари и углед. Одговорност има“, изјави Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 11 месец

Screenshot-2025-02-05-112319

Попов: Професорот во обид да добие визибилност кај студентите и младите се изрезили

„Левица како партија нема контакт со млади, затоа нон - стоп се во офсајди!Професорот во обид да добие визибилност кај студентите и младите се изрезили. Не удира ВМРО по никого, туку младината природно се модернизира и прилагодува на модерните начини на јавно информирањe. Наместо да летате од тема на тема, за колку да ве има со некаква критика во јавност, пробајте малце и суштина да вметнете“, стои во фејсбук објавата на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Сергеј Попов.

Македонија | пред 11 месец

sudstvo-2

СДС и Алексовска Стојановска да одговорат дали судијката ги финансирала или пак тие ја подмитувале со кирија за изнајмен деловен простор, прашува ВМРО-ДПМНЕ

„СДС го партизираше правосудниот систем во Македонија. СДС во Струмица ги бираше судиите кои после изборот, наместо по закон, судеа по партиска директива и тоа секој ден, се повеќе излегува на површина“, вели ВМРО-ДПМНЕ.„Блискоста на СДС со судиите се гледа и во примерот со судијката Даниела Алексовска Стојановска, која им отстапила дел од својот дом за партиски општински штаб.Се поставува прашањето дали со ваквиот гест, судијката Даниела Алексовска ја финансирала СДС, или пак додека СДС биле на власт ја поткупувале, односно ја подмитувале, нејзе со кирија?За ова одговори треба да дадат судијката Даниела Алексовска Стојановска, како и претседателот на СДС, Венко Филипче кои треба да кажат како е уреден односот за користење на просторот од страна на СДС во куќата на судијката во Ранковце.Треба да се даде одговор дали СДС плаќала кирија за закуп на дел од семејната куќа на судијката и ако плаќала, колку таа изнесувала? Исто така, треба да се одговори дали СДС киријата ја плаќале на сметка или на рака, во готово?Или пак, доколку СДС не плаќале кирија за изнајмување на просторот, истите треба да одговорат дали пријавиле донација од страна на судијката, во форма на отстапување на користење на деловен простор без паричен надоместок?Ова е сериозно прашање кое ја поткопува независноста на судството и ја покажува страната на тесната испреплетеност на судиите со политиката и за тоа што поскоро треба да се изјаснат и да дадат одговори СДС и судијката Алексовска Стојановска.Од друга страна пак, Судски совет веќе треба да почне да работи и да донесе одлука со која ќе ја разреши истоимената судијката, која полнолетен нарко дилер испратила во поправен дом, наместо да го испрати директно во затвор.Аргументите се многубројни и на очиглед на целата македонска јавност и Судски Совет веќе не може да се прави дека не ги гледа. Која и да било ситуација да е точна од овие поставени дилеми, сериозно ја поткопува работата и независноста и само поради тоа Даниела Алексовска Стојановска повеќе не смее да биде судијка.Народот очекува и веќе одговорност во Македонија мора да има“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 11 месец

sudija

Народот очекува правда и одговорност, Судски совет и ЈО да се фатат за работа, да ја разрешат судијката Алексовска Стојановска и да ја истражат нејзината работа, вели ВМРО-ДПМНЕ

„Одговорност за неказнивоста на криминалците мора да има. Оние кои што дозволија криминалците, наместо во затвор, слободно да се шетаат по улиците мораат да понесат одговорност“, вели ВМРО-ДПМНЕ и додава:Таквата неказнивост на криминалците од правосудните органи, доведе тие да се чувствуваат посилни и над законот, и да газат се пред себе.Таков е и случајот со возачот убиец, кој пред некој ден ја усмрти младата девојка на Партизанска, која уредно поминувала на семафор на зелено за пешаци.Дента, наместо во возилото кое го управувал без возачка дозвола, требал да биде во затвор ако судијката Даниела Алексовска Стојановска постепела согласно закон. Па, наместо во поправен дом, возачот кај кој била пронајдена значителна количина на дрога, го испратила во затвор.Возачот убиец кој ја усмртил младата Фросина Кулакова бил фатен за трговија со дрога и истиот, по ниту еден основ не можел да биде ослободен од затвор и пратен во поправен дом.Оттука, упатуваме порака до Судскиот совет, конечно да се фати за работа и веднаш да ја разреши судијката Даниела Алексовска Стојановска, која го ослободила од затвор возачот убиец.Исто така, го повикуваме и Јавното обвинителство да отвори истражна постапка за истата судијка и да утврди како и зошто досудила таква одлука.Обвинителството и судството немаат веќе време за трошење, народот очекува да се фатат за работа и да го спроведуваат законот, па така и да ја оправдаат платата што ја добиваат од парите на граѓаните.Народот очекува правда и одговорност.

Македонија | пред 11 месец

filipce-sdsm-co-2

Дали Филипче е вмешан во вештачката криза на Онкологија преку веледрогеријата Пановски?, прашува ВМРО-ДПМНЕ

„Дали Филипче влијаел за доделување на тендери на веледрогеријата Пановски во висина над 35 милиони евра?“, прашува ВМРО-ДПМНЕ и додава:Вештачката криза што се случува години наназад, поради тоа што веледрогеријата Пановски, која е во блиска релација со Филипче, го уценувала македонското здравство за што поголем профит.Профитот што го остварувала оваа веледрогерија, го правела врз маките на граѓаните, кои плаќале огромни суми за лекови за да го продолжат животот на најблиските.Граѓаните вакво нешто не заслужуваат. Македонското здравство заслужува подобар третман и услуги. Оваа мафија на смртта која што палела и гасела во македонското здравство мора да одговара.Го повикуваме ЈО да отвори истрага против оваа мафија која што ја интересира само профитот од маката на граѓаните. Исто така, да истражи колку пари се испумпувале од ФЗОМ и Клиниките.Правдата мора да дојде, а оваа мафија да одговара.

Македонија | пред 1 година

grubi-153125

Оваа СДС е истата партија од претходно, која молчеше и уште збор не кажува и не се извинува за криминалите на Артан Груби, вели ВМРО-ДПМНЕ

„СДС е безгласна буква. СДС на чело со Венко Филипче дословно и без да гукне ги извршува политиките на неговите претходници, Зоран Заев и Димитар Ковачевски слугувајќи на ДУИ и Артан Груби“, вели ВМРО-ДПМНЕ и додава:Филипче никако не може да излезе од нивната сенка и нема храброст да се извини за криминалните коалиции, за кои сеуште се држи, и за криминалот на Груби кој месец дена ја тресе македонската јавност.Венко Филипче не смогна сили да се извини ни зошто МВР, на чело со Оливер Спасовски во владата на СДС, со години не преземала ништо за да ги спречи неговите криминални дела.Не само што не го спречиле криминалот на Груби, МВР на чело со Спасовски не покрена ниту постапка за негово кривично гонење и соочување со лицето на правдата.Венко Филипче и ова раководство на СДС, составено од третиот и четвртиот ешалон од времето на владеењето на Заев, уште го штитат Артан Груби и неговиот политички договор со неговите претходници.Во СДС ништо се нема сменето. Таму се е исто, дури и Зоран Заев го има, и ова СДС е континуитет на правените седум годишни криминали и препознатлива по измеќарството кон ДУИ.Седумгодишните криминали, предавството на националните интереси и слугувањето на претходните раководства кон ДУИ и Артан Груби, се едни од главните причините кои СДС го доведоа до историски најголемиот изборен пораз.И ако Филипче не собере сили да се извини прво за Артан Груби, а потоа за се останато, со сигурност СДС ќе го бетонира на дното на македонската политичка сцена.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања