ДПМНЕ

Lefkov-13.08

Лефков: Додека се живееше со 150 денари на ден, Филипче заедно со својот ментор Заев, си правеше екскурзии со хеликоптер низ Македонија

„Додека народот живееше со 150 денари на ден, Филипче заедно со својот ментор Заев, си правеше екскурзии со хеликоптер низ Македонија“, вели Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и додава:Филипче и неговиот ментор Заев, одеа на настани со хеликоптер во Прилеп и Битола, трошеа државни пари за екскурзии и правење на ќефови.Ќефовите кои си ги тераа криминалниот тандем Заев и Филипче, беа доказ за тоа дека немаат способност да ја водат државата. Нив ги интересираа само нивните лични интереси, односно тендерчињата и провизии, додека граѓаните едвај врзуваа крај со крај.Хеликоптерот со кој летаа Заев и Филипче, можеше да се употреби и за спас на човечки животи, но наместо за спас на човечки животи, хеликоптерите на државата се користеа за еднодневните екскурзии на Заев и Филипче.Филипче и Заев, покажаа како не треба да се води држава.Покажаа како државата може да пропадне економски, да се иселат младите и секојдневно бевме сведоци на коруптивни скандали, кои беа приредени од тогашната власт на СДС и ДУИ.Филипче, не може да глуми загрижен граѓанин и не може да биде новото лице на СДС, бидејќи е продолжена рака на Заев и Ковачевски, а тие веќе беа поразени. Филипче е следен!

Македонија | пред 10 месеци

sednica-co-sdsm-4

За еднодневна екскурзија СДС потроши над 100 илјади евра, наместо да манипулира, да кажат од каде им се овие пари?, бара ВМРО-ДПМНЕ

„За да ја покријат својата аздисаност СДС бара теми таму каде што ги нема“, вели ВМРО-ДПМНЕ и додава:И ваквото лажење и манипулирање на јавноста, СДС свесно го прави.СДС добро знаат дека договор за паркингот во Клинички нема.Но, што и да направи, колку и да манипулира и да дезинформира, СДС не може да го покрие фактот дека пред два дена, за еднодневна екскурзија во Струмица платиле над 100 илјади евра.Затоа, наместо да манипулира со јавноста за непостоечки теми, ги повикуваме СДС прво да одговорат колку чинеше саботната журка под превезот за 8 Март и од каде им се парите за да ангажираат 60-тина автобуси и комбиња, кои за Струмица возеа празни?СДС да одговори, дали партиската собиранка во саботата во Струмица, беше платена со украдените пари на двоецот Заев-Филипче?Или пак, од парите од фотоволтаиците на Ковачевски, а можеби и од парите од провизиите од Ковид вакцините на Филипче?Ова се дилемите на кои СДС час поскоро треба да даде одговори пред македонската јавност, пред било што друго да каже.

Македонија | пред 10 месеци

Screenshot-2025-03-06-at-16.36.30

ССМ е партиски огранок на СДС, а Трендафилов претседател на општински штаб, чекаат од партија да им кажат што да бараат, вели ВМРО-ДПМНЕ

„ССМ е партиски огранок на СДС, а Трендафилов претседател на општински штаб, чекаат од партија да им кажат што да бараат“, вели ВМРО-ДПМНЕ и додава:Слободан Трендафилов е незаконски претседател на ССМ, го узурпирал местото со помош на СДС, за сега да мора да слуша и исполнува се што ќе му се каже од Бихаќка.Првин СДС излегува со партиски соопштенија и предлози, па потоа ССМ со барања, па втор пат ССМ излегува со барања, па СДС ги поддржува. Синергија како помеѓу партиски органи.Целта е една и единствена, креирање забуна во јавноста и осакатување на развојната политика на владата.Планот не им успеа затоа што СДС преку Сања Лукаревска призна дека се координирани со ССМ и дека одржуваат заеднички состаноци. Сите лаги им излегоа на површина.

Македонија | пред 10 месеци

8-mi-mart

Вие сте столбот на семејството, движечка сила на економијата, носители на промени и иднината на нашата заедница, вели ВМРО-ДПМНЕ за 8 март

ВМРО-ДПМНЕ го честита 8-ми Март, меѓународниот ден на жената.„Овој ден е симбол на борбата за еднаквост, правда и почит, но и потсетник дека улогата на жената во општеството е непроценлива. Вие сте столбот на семејството, движечка сила на економијата, носители на промени и иднината на нашата заедница.Жената е пример за борбеност, пожртвуваност, одговорност и рамноправност. Наша задача и обврска е да продолжиме да градиме општество каде што жените се почитувани, поддржувани и сакани.Нека овој ден биде потсетник за женската сила, храброст и незаменлива улога.Честит 8-ми Март!“, вели во честитката.

Македонија | пред 10 месеци

mickoski-pratenici-vmro-dpmne-1

ВМРО-ДПМНЕ се бори за самостојна и суверена Македонија а СДСМ и ДУИ се бореа да ги задоволат туѓите интереси на штета на граѓаните, вели владејачката партија

ВМРО-ДПМНЕ во соопштение вели дека нема да дозволат повторно македонскиот идентитет да биде предмет на политички пазарења.„Оваа Влада ќе ја исправи државата на патот на вистинските европски вредности, со зачувување на нашиот јазик, култура и национален идентитет, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Бујар Османи и Зоран Заев, односно ДУИ и СДСМ, направија сè што можеше за да го разнебитат македонскиот идентитет, да ја распродадат државата и да ги прифатат сите уцени што ни беа поставени однадвор, велат од ВМРО-ДПМНЕ и додаваат:„Бујар Османи и Зоран Заев, односно ДУИ и СДСМ, направија сè што можеше за да го разнебитат македонскиот идентитет, да ја распродадат државата и да ги прифатат сите уцени што ни беа поставени однадвор. Додека ВМРО-ДПМНЕ се бори за Македонија како самостојна и суверена држава, СДСМ и ДУИ се бореа како да ги задоволат туѓите интереси на штета на граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи повторно македонскиот идентитет да биде предмет на политички пазарења. Оваа Влада ќе ја исправи државата на патот на вистинските европски вредности, со зачувување на нашиот јазик, култура и национален идентитет, велат од ВМРО-ДПМНЕ”.„Овие срамни ликови и ентитети не само што се согласија македонскиот јазик да биде ставен под прашање во рамките на преговарачкиот процес, туку и ја прифатија срамната бугарска диктатура врз македонската историја, култура и образование. Бујар Османи, кој денес се обидува да зборува за македонскиот јазик, е истиот човек кој како министер за надворешни работи го потпиша почетокот на уцените, подготвувајќи терен за национално понижување. Заев и Османи беа тие што ја прифатија преговарачката рамка која ја загрози македонската самобитност, ставајќи ја во рацете на други држави”, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 10 месеци

k15

ССМ нуди ад хок предлог за минимална плата кој на долг рок предизвикува инфлација и не носи стабилен живот за граѓаните, вели Бојковска

„Првото разочарување го доживеав во Парламентот со расправата за ребалансот на Буџетот. Кога всушност се соочивме реално за тоа во каква состојба ни се наоѓа државата. Кога се соочивме со тоа каков испокраден буџет начекавме и кога во самиот ребаланс на буџет видовме во какви состојби се наоѓаше економијата, видовме дека имало четири неисплатени плати во неколку институции, за мене тоа е недозволиво, посебно од аспект на исплата на платата затоа што е основно право коешто работникот загарантирано мора да го добие. Со оглед на тоа каква катастрофа начекавме со доаѓањето на власта, задоволна сум како интензивно работииме како Влада на подобрување на економската состојба во државата.Секогаш може подобро, секогаш може повеќе да се работи и треба да не мотивира самиот чин дека можеме да ги подобриме работите. Така што со оглед на тоа што наследивме јас сум среќна што очигледно е придвижувањето посебно во делот на економијата, имаме економски раст, имаме зголемување на платите во одредени сектори, веќе се најавени и се случуваат покачувањата на платите во здравството, во образованието, кај вработени во МВР, ќе има покачување во сите сектори, сите плати ќе бидат зголемени само доколку се работи чесно“ , прецизираше во своето излагање пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Драгана Бојковска на утринското гостување на „Радио лидер“.Бојковска говореше за предлогот за ССМ за покачување на минималната плата, притоа истакна дека од страна на претседателот на ССМ не забележува реална и искрена борба за работнички права туку се забележува координирано настапување и со речиси исти изјави во контекст на миинималната плата од страна на ССМ, СДС и Левица.„Предлогот на ССМ, воедно тука ќе ја наречам и коалиција на ССМ-СДС и Левица, да бара 500 евра минимална плата, чудна ми е некако траекторијата на ССМ. Морам да искоментирам и од личен аспект по она што го гледам, посебно од раководството на ССМ, жалам што е таков пристапот на претседателот на ССМ.Наместо некоја искрена и реална борба за работничките права во којашто ќе има конструктивен дијалог за минималната плата, гледаме во еден ден координирано настапување и координирани изјави, речиси исти изјави во контекст на минималната плата од страна на ССМ, СДС и Левица“ , истакна Бојковска.Бојковска е децидна дека ССМ нуди ад хок предлог за зголемување на минималната плата. Според неа ваквите понуди не носат стабилна економија и стабилен живот за граѓаните долгорочно, напротив таа вели дека ќе се предизвика инфлација.„ССМ нуди ад хок предлог, во којшто имаме паушално зголемување на минималната плата. Јас тука ценам дека ваквите појави коишто се ад хок, коишто се базираат на вакви понуди и решенија не носат на долг рок стабилна економија и стабилен живот за граѓаните. Неминовно е доколку имаме ситуација во којашто се субвенционираат придонеси само за една година, без притоа да бидат базирани на очигледна и реална економска логика, на долг рок предизвикува поголем и полош ефект, а тоа е предизвикување на инфлација“ , заклучува Бојковска.

Македонија | пред 10 месеци

zaev-filipce-1

Заев стасал до авио компанија во Индија, каква е поврзаноста на Венко Филипче со ова?, прашува ВМРО-ДПМНЕ

„Чудна е пасијата на СДС да води полемика за авио сообраќајот и да спомнува авио летови. Можеби таа пасија доаѓа од прикажните дека нивниот идеолошки гуру, Зоран Заев, до скоро поседувал акции во една индиска авио компанија која пред кусо време беше продадена, а чии акции можеби сеуште постојат во една од постоечките авио компании“, реагира ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ.„Ако ова е точно, добро е СДС да си провери чива била сопственоста и како нивниот се уште неформален лидер стасал до авио компанија во Индија?Каква пак е поврзаноста на Венко Филипче со овој случај? И како Заеви од просечно земјоделско семејство стасаа до сопствеништво на авио компании?Од СДС нека си проверат, и нека одговорат, ќе ги поочекеме. Институциите не треба да чекаат. Сигурно работат“, се додава во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 10 месеци

trendafilov

Народот го прочита и знае дека Трендафилов, кој сега глуми синдикалец, е на тастер на СДС, обвинува ВМРО-ДПМНЕ

„Слободан Трендафилов сега глуми синдикалец, откако глас не пушти за работничките права и раст на платите во времето кога СДС беа на власт“, велат од ВМРО-ДПМНЕ и додаваат:Дали молчењето на Трендафилов и сега глумењето синдикалец загрижен за правата и достоинството на работниците е поради тоа што токму СДС го постави на чело на ССМ?Слободан Трендафилов на незаконски и крајно насилен начин, со кршење и изигрување на прописите, е поставен за претседател на ССМ.Трендафилов не можел да биде избран на чело на ССМ, затоа што тој претходно не бил претседател на грански синдикат како што налага Статусот и законите, туку бил секретар.Нелегалното поставување Трендафилов на чело на ССМ се случи за време на власт на СДС и беше дозволено токму од нив. Целиот тогашен државен систем го одмолчи ова незаконие, со цел на чело на овој синдикат да дојде послушник кој што ќе биде мирен и ќе молчи за време на власт на СДС, а ќе глуми синдикалец кога ќе бидат во опозиција.Сега на дело можеме да го видиме ваквото делување на Трендафилов, бидејќи неговите ставови се идентични како на тие на СДС, што човек би помислил дека се координирани во штабот на Бихаќка.Слободан Трендафилов нема автентично делување, тој го пресликува и во целост усогласен со СДС.Затоа и до сега никаде го немаше и како синдикалец, Трендафилов молчеше за системското деградирање на работникот во време на владеење на СДС, премолчи кога Талат Џафери пцуеше вработени во Собрание, збор не кажа за сексуалните напади врз припаднички на армијата од страна на старешини.Така да, народот го прочита Трендафилов и знае дека тој е на тастер на СДС.Исто така, народот гледа дека ВМРО-ДПМНЕ на власт посветено работи на подобрување на животот на граѓаните, расте минималната плата, растат платите во здравство и образование, пензиите и содокажаниот раст на економијата ќе продолжат да растат и платите во приватниот сектор.

Македонија | пред 10 месеци

Sokol

СДС и Филипче громогласно молчат и не се оградуваат од Сокол, дали тоа значи дека тој криминално работел по нивна насока?, прашува ВМРО-ДПМНЕ

„СДС се синоним за криминал и корупција. Седум години власт кадрите на СДС криминално се богатеа, додека народот осиромашуваше, а државната каса ја опустошиле“, вели ВМРО-ДПМНЕ и додава:Нема ниту еден позитивен пример на човек од СДС кој што чесно ја вршел должноста во управувањето на институциите на системот.СДС продолжува да ги штити своите партиски лица иако се длабоко заглавени во криминал.Тоа го потврдува и последниот пример со поранешниот директор на затворот Скопје, Филип Андов Сокол којшто од Шутка направи „хотел промаја“, па затворениците можеа слободно да излегуваат кога и каде ќе посакаат.За иронијата да биде уште поголема, советникот на Зоран Заев, Филип Андов сеуште е дел од високите партиски структури на СДС.СДС и Венко Филипче, до сега, не најдоа за сходно ниту да се оградат од криминалното работење на Филип Андов Сокол, ниту пак да го исклучат од ЦО на партијата.Оттука се поставуваат прашањата, дали Сокол работел по насока на СДС и по нивна директива рашетувал затвореници и тоа со државни ресурси, па затоа сега Филипче молчи и не смее да се огради?Дали СДС и Венко Филипче молчат за криминалот на нивниот кадар Сокол, затоа што се плашат од тоа што тој може да каже пред надлежните органи?Од што се плашат СДС и Филипче, па толку громогласно молчат?Чии насоки спроведувал Филип Андов Сокол, кога наместо да ги затвори во ќелија криминалците ги пуштал и ги шетал низ Скопје и давал привилегии на затвореници?Дали и поради сето ова погоре набројано, последниот бастион под контрола на СДС во одбрана на нивните криминалци, судството грчевито се бореше Сокол да не оди во притвор, туку да се брани од слобода?Правда и одговорност мора да има, борбата против криминалот и корупцијата ќе продолжи и токму за тоа е потребна и реформата во правосудството.А, тоа што можат и треба СДС и Венко Филипче да направат е да излезат и да кажат дали и што од погоре напишаното е точно, или барем да се оградат од нивниот партиски кадар Сокол.

Македонија | пред 10 месеци

kocevski-1

Коцевски и судиите клиентелисти на СДС се заштитници на криминалот, кој гарантира дека Филип Андов Сокол нема да избега?, вели ВМРО-ДПМНЕ

“Зошто спие Љупчо Коцевски, неговите постапки со кои ги штити СДС продолжуваат”, вели ВМРО-ДПМНЕ и додава:И покрај иницијативата Коцевски тврдокорно продолжува да ги штити СДС и да работи под диктат на СДС.Коцевски ги штити разбојниците од СДС од правни последици, и на тој начин ја проширува корупцијата и тотално го блокира правосудството. Поради таквите постапки довербата на граѓаните во судскиот систем е 2 проценти.Републичкиот јавен обвинител, Љупчо Коцевски не презема мерки за значајни предмети и покрај јавните докази за криминални активности и корупција.ЈО Љупчо Коцевски, мора да сноси одговорност за неговите потези.Судиите под закрила на СДС го штитат и Филип Андов Сокол, наместо да определи притвор само му одзема пасош, дали на тој начин му прават простор за да може да избега?СДС ги штитат корумпираните обвинители и судии бидејќи им овозможуваат закрила на нивните функционери.СДС ги брани судството и обвинителството и не сака реформи во судскиот систем бидејќи на тој начин нема да одговараат за криминалот и корупцијата кои ги направија за време на своето владеење.Обвинителите и судиите не го санкционираат криминалот и ги штитат политичките елити блиски до СДС.Судиите избрани во Струмица и Зајас наместо да обезбедат правда, тие опструираат предмети и го продлабочуваат клиентелизмот. Судиите под закрила на СДС го штитат Филип Андов Сокол, наместо да определи притвор само му одзема пасош, дали му прават простор да може да избега?Корумпираните судии, клиентелсти на СДС кои го пуштија на слобода Филип Андов Сокол кој расшетувал притвореници осомничени за тешки кривични дела како да се на екскурзија, се одговорни ако тој се даде во бегство.Со што судот се убедил дека Филип Андов Сокол кој расшетувал опасни затвореници низ Скопје, со државни средства наместо да бидат во ќелија, нема да се впушти во бегство? Кој гарантира дека Филип Андов Сокол нема да избега?Македонија мора да функционира како правна држава, а за тоа неопходни се коренити реформи во правосудството.Неопходно е независно судство и неопходно е судството да е растоварено од политички влијанија.Во Македонија неопходна е транформација на судскиот систем.

Македонија | пред 10 месеци

Sokol

Петрушевски: СДС да го осуди и исклучи од ЦО Филип Андов Сокол, од затворот Шутка направил хотел

„СДС да го осуди и исклучи од ЦО Филип Андов Сокол, од затворот Шутка направил хотел, тешки криминалци излегувале кога сакаат“ вели Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ и додава:Филип Андов Сокол кој е член на ЦО на СДС на Венко Филипче, поранешен советник на Заев и директор на Ковачевски е доказ дека во СДС ништо не е сменето, туку на функции се криминалци.Филип Андов Сокол како директор на затворот Шутка овозможил криминалци кои се во притвор за сериозни кривични дела да го напуштаат затворот и по 8 до 10 часа на ден.Криминалците кои Филип Андов Сокол ги пуштал во ниту еден случај не смееле да го напуштат притворскиот затвор.Овие криминалци биле изнесувани од затворот од страна на униформирани лица кои тајно ги транспортирале до местото до кое тие сакале, со службени возила и службени ресурси.Со Филип Андов Сокол државата буквално работела за криминалци.Доколку СДС не излезе јавно да се извини, да го разреши Сокол и да го осуди ќе покажат дека ништо не смениле, ниту имаат сила да сменат.

Македонија | пред 11 месец

480604994_1178362884296679_3547417140927990935_n

Гордана Димитриеска-Кочоска: Немав намера да ја навредам лично Петревска, жалам што јавноста е манипулирана во тој контекст, а моите зборови погрешно разбрани

„Ја разбирам хистеријата која СДС и нивните ботови ја шират околу мојот политички дуел во сообранието со Славјанка Петровска. Замислете да не беа овие квалификации, редица навреди и лажни обвинувања што ги упатуваат кон мене која сум исто жена, што друго ќе се паметеше од денешната седница.Има луѓе на оваа политичка сцена кои ќе се паметат по безмилосните удари и самопроведувања од пајак возила, како и луѓе кои освен тоа што биле маши и папет кукли на вождот од Струмица се познати по запалени модуларни болници, во ист ден кога нивниот уличен пајташ Сокол се најде зад решетките од кои како директор заработувал пари.... но има и луѓе чии настапи ќе се паметат по глумење жртви, секогаш кога нема да можат да се носат со аргументите.Ноторен факт е дека Петровска изгради кариера од глумење жртва. Редицата причини за сожалување е долга. Секој нејзин настап е запаметен по тоа што по секој дуел се претставуваше како жртва за нешто. Но од друга страна денешната изведба на преставата жртва беше од истата говорница од која безочно напаѓаше и говореше за таткото на еден министер колега, или пак за синот на премиерот, иако и двајцата не се поврзани во никаков политички контекст. Таа госпоѓа немаше ниту мака иронично да се однесува, навредува, дофрла од место, а во моментот кога ќе се одговори нешто, тогаш таа прераснува во жртва.Што се однесува до моите зборови кон Славјанка Петровска која лично како жена сум ја бранела кога многу други ја напаѓале, беа извадени од контекст и се толкувани како лична навреда.Никогаш немав и ќе немам намера да ја навредам лично, ниту, пак, да ја сведам дебатата на личен контекст. Јас сум личност од која никогаш нема да слушнете лични навреди, и жалам што дел од јавноста е манипулирана во тој контекст, и жалам што погрешно беа разбрани моите зборови.Она што сакав да потенцирам беше дека почитта треба да се заслужи со дела и одговорност. Госпоѓата Петровска, освен што стана позната по низа политички гафови и неумесни постапки, беше и доследен поддржувач на политиките на СДСМ и ДУИ – политики кои ја доведоа државата до оваа состојба.Да потсетам, во времето кога госпоѓата Петровска беше министер, инфлацијата растеше, а не видовме ниту еден конкретен предлог од нејзина страна за подобрување на економската ситуација. Тогаш, кога беше на функција, тоа не ѝ пречеше, но денес зборуваме за состојба што е директна последица на тие политики. Државата беше доведена до работ на банкрот, стотици илјади граѓани се иселија во потрага по подобар живот, а над 600 илјади луѓе живееја во сиромаштија.Сето ова не сакаат да се слушне гласно, затоа Славјанка глуми жртва“, стои во фејсбук објавата на министерката Димитриеска-Кочоска.

Македонија | пред 11 месец

petrovska-krupen

Се умори јавноста Славица Петровска од СДС да глуми жртва, врати ВМРО-ДПМНЕ

„Јавноста одамна се умори од постојаните обиди на Славица Петровска да се претставува како жртва секогаш кога ќе биде повикана на одговорност. Наместо да даде конкретни аргументи и да се соочи со реалноста, таа секој пат користи истата стара тактика – глуми нападната и го пренасочува фокусот од суштинските прашања.Последниот случај е уште еден доказ за ова. Министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, зборуваше за реалните трошоци на едно четиричлено семејство, нешто што сите граѓани го чувствуваат на своја кожа. Но, наместо аргументирана дебата, Петровска повторно избра да игра на картата на жртвата, надевајќи се дека така ќе ги избегне суштинските теми.Граѓаните заслужуваат одговори, а не лажна емпатија и театралност. Време е Петровска да престане со оваа политичка манипулација и конечно да понуди нешто повеќе од лични повреди и празни фрази“СООПШТЕНИЕ НА ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 11 месец

aleksandar-trajanovski

Оставката на Трајановски од заменик градоначалник се нереализирани бизнис интереси околу Арсовска, вели ВМРО-ДПМНЕ

„Александар Трајановски од ГРОМ задоцни цели 3 години во проценката на личноста и неделата на градоначалничката Данела Арсовска“, вели ВМРО-ДПМНЕ и додава:„Неговата оставка од местото заменик градоначалник не е последица на неговиот револт од пајташите на Арсовска, туку веројатно причина се нереализирани бизнис интереси во морето интереси заокружени околу Данела Арсовска.Да потсетиме дека Трајановски беше во улога "дрвен адвокат" и бранител на Арсовска до последниот момент, поточно до последната седница на Совет каде убедуваше дека кутрата Арсовска е жртва, а не агресор и уништувач на градот Скопје.Ќе потсетиме на неговите жолчни и параночни навреди и клевети кон советниците на ВМРО ДПМНЕ, и коалицијата , квалификации и клевети и кон лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски и тоа токму за работите за кои предупредувавме, а кои сега тој на говорница ги наведува како причина за неговиот раскин на соработка со Арсовска. Кога ВМРО ДПМНЕ предупредуваше за хаосот кој го приредуваше Арсовска, за нејзината неработа, но и тесни врски со ДУИ, Левица и ДУИ, тогаш Трајановски аплаудираше на Данела.Трајановски не е никаква жртва туку тригодишен уживач на сите придобивки кои Арсовска му ги овозможи, заедно со пајташите од Левица и ДУИ. Но народот вели таквите како Трајановски го напуштаат бродот кој тоне, но Александар задоцни цели три години. Сега тоа не е исправање на неправда, туку тоа се вика лицемиерие“.

Македонија | пред 11 месец

filipce34

Аман Венко, не се брукај, те насанкаа советниците, или свесно манипулираш, не знаеш за што гласала Македонија, а држиш пресови, вели ВМРО-ДПМНЕ

„Жално е да се гледа како Венко Филипче кажува глупости и се излетува во јавноста со погрешни изјави и заклучоци“, вели ВМРО-ДПМНЕ и додава:Под итно да ги отпушти советниците кои денес го натераа да збори невистини, а доколку тоа не го направи јасно е дека тој свесно и отворено манипулира.Венко не знае како и зошто гласала Македонија во Обединетите нации а држи прес конференции за тоа.Во еден момент Филипче вели цитираме “Македонија прифати да бидеме конспознори на американската резолуција, а потоа беше воздржана, прв пат влада која конспозорира потоа не гласа за резолуцијатa”.Она што Филипче не го знае и што е единствена вистина е дека Македонија и САД гласаа унисоно. Односно исто како и САД, Македонија гласаше воздржано за резолуцијата откако претходно беа прифатени амндмани кои не беа на линиција со резолуцијата која беше коспонзорирана и произведена од нашиот стратешки партнер САД.Терминот кој го користи Венко Филипче на прес-конференцијата дека Македонија скршнува од „eвропската надворешна стратегија”, ако неговите советници не знаат, тогаш јавноста мора да знае дека таков термин и таква стратегија воопшто не постои во надворешната политика.Прес конференциите на Венко Филипче освен што се аматерски, и служат за засмејување, тие во основа се манипулативни и погрешни. Аман Венко не се брукај, себе и партијата. За советниците веќе знаеме какви ти се.

Македонија | пред 11 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања