ДПМНЕ

manasievski

СДС е мало дете на кое ништо не може да му се погоди, вели Манасиевски откако опозицијата ги нападна по апсењето на обезбедувачот на Мицкоски

Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ, прашан како го коментира случајот во кој е уапсена личност од обезбедувањето на премиерот?, вели дека очекувал од СДСМ да ја поздрават акцијата на МВР, но тие се однесуваат како дете на кое ништо не може да му се погоди.„Наместо да ја поздрават акцијата на МВР и да научат како државата мора да ги победува тие кои ја злоупотребуваат, СДС како дете на кое ништо не може да му се погоди, само реагираат колку да кажат нешто, а во недостаток на автентична политика и конкретни и реални решенија. На СДС не му сметаше тоа што ДУИ владееше со улиците во Скопје и што заедно со мафијашките кланови кои сега се зад решетки хараа и уништуваа животи низ главниот град преку рекети, дрога, убиства и лихва, тогаш СДС молчеше и соработуваше со нив, но сега им смета тоа што се апсат сите кои несовесно се однесуваат во службата. Вакво лицемерие ниту имало, ниту ќе има. Токму затоа и поддршката на СДС е не цели 7 проценти. Ако не апси МВР лица блиски до ВМРО-ДПМНЕ тогаш СДС обвинува за селективност, ако апси МВР блиски до ВМРО-ДПМНЕ, тогаш СДС обвинува нешто друго. Човек крај не може да им најде на овие луѓе. Но, тоа нема да не поколеба да водиме бескомпромисна борба против корупцијата и злоупотребите што се рак рана на македонското општество и што како начин на однесување е сериозен проблем за институциите надграден и усовршен од СДС и нивното последно 7 годишно владеење“, рече Манасиевски.Ова доаѓа по обвинувањата на СДСМ, дека обезбедувачот на Мицкоски кој беше уапсен, немал допир до информациите и документите кои ги поседувал, па праша: кој му ги давал?„Вчера, неговиот личен избор за обезбедување, Ангел Самараков, беше фатен како оддава службени тајни на лица од Грчец. МВР цел ден се обидуваше да го скрие скандалот, но под притисок на медиумите кои ја дознаа вистината, беше принудено да излезе со информација во јавноста. Ова ли се луѓето што ќе го „ресетираат“ системот? - прашуваат од СДСМ.

Македонија | пред 9 месеци

15.12.2021

СДС е партија чиј премиер Ковачевски даваше земја за фотоволтаици на сопствената сопруга, и Заев кој даваше лиценци на брат му, реагира ВМРО-ДПМНЕ

“СДС да каже кој закон е прекршен, со набавката во Министерството за дигитализација?, реагира ВМРО-ДПМНЕ на соопштението од СДСМ каде реагираа дека роднина на вработен добил тендер.Од ВМРО-ДПМНЕ додаваат:Дали вработениот кој го посочуваат е некој функционер или член на комисија која одлучува во однос на набавките?Наместо да манипулираат СДС треба да ја прифатат реалноста дека не се работи како до сега.Да потсетиме дека премиерот од СДС, Ковачевски даваше земјиште за фотоволтаици на својата сопруга, и тоа со одлука на владата со која тој управуваше.Премиерот на СДС, Заев, даваше тендери и лиценци на фирмите на братот, братучедот и роднините.СДС е партија чии претседатели делеа бизниси на своите семејства.

Македонија | пред 9 месеци

Screenshot-2025-03-30-at-12.46.07

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ повторно се скараа, овојпат за сечењето ленти од премиерот Мицкоски

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ повторно се скараа, овојпат за шечењето на ленти од страна на премиерот Христијан Мицкоски. Први кои „нападнаа“ беа СДСМ кои го обвинија Мицкоски дека се кити со туѓи перја.Мицкоски вчера од Штип повторно се обиде да се накити со туѓи перја и да ги промовира инвестициите на СДСМ како свои. Гордо Мицкоски наајави дека оваа недела започнува со работа фабриката на канадската компанија „Магна“, најавувајќи ја како „нова странска инвестиција“. Но, штипјани имаат подобра меморија од него – тие знаат дека оваа инвестиција беше најавена уште во мај 2023 година, од тогашниот премиер Димитар Ковачевски и Владата на СДСМ. Фабриката на „Магна“ е резултат на стратешките економски политики на СДСМ. Обидот на Мицкоски да ја претстави оваа инвестиција како сопствен успех е евтин ПР трик – очајнички обид да се прикаже некаква работа, откако речиси една година не успеа да донесе ниту една нова значајна странска инвестиција. Реалноста е дека Мицкоски и неговата Влада речиси една година тапкаат во место кога станува збор за економијата. Единственото нешто што го „промовираат“ се проекти започнати од претходната Влада, а граѓаните гледаат сечење ленти на проекти кои биле целосно реализирани од претходната влада. СДСМ беше и останува партија што носи реални резултати за граѓаните и економијата. Во време на нашето владеење, Северна Македонија беше препознаена како стабилна и атрактивна дестинација за странски инвестиции. Не со лажен ПР на веќе започнати проекти, туку со вистински нови фабрики, вработувања и економски раст“, велат од СДСМ.Веднаш, вратија од ВМРО-ДПМНЕ од каде велат „И по 10 месеци СДС не сфати зошто рејтингот им е непрепознатлив а Филипче неприфатен од народот“.„И по 10 месеци не научи ниту една лекција зошто народот не ги прифаќа. Знаеме дека СДС најсреќни би биле да нема проекти, да нема ленти и да нема развој, но за нивна жал и за среќа на граѓаните тоа нема да се случи. Го советуваме прескапо платениот Спасов и агенцијата Рејтинг да си ја сменат ПР стратегијата. И наместо да очајуваат зошто Владата работи, треба да излезат и да ги пофалат проектите кои се од корист за граѓаните. За 10 месеци се направи повеќе од 7 години власт, Филипче, Заев и Ковачевски“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 9 месеци

IMG_6201

(Видео) Кашиковски од ССМ со плата од над 50.000 денари, Трендафилов и луѓето околу него со енормни примања, вели Петрушевски

„Кашиковски од ССМ со плата од над 50.000 денари, Трендафилов и луѓето околу него со енормни примања“, вели Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ и додава:Според информациите кои стигнаа до нас од свиркачи од ССМ, Стојанче Кашиковски, претседател на синдикатот на работниците од угостителството, туризмот и комунално-станбено стопанство остварува и дополнителни годишни примања покрај платата. Вкупните примања на Кашиковски во 2023 година, во кои влегува неговата плата и примања по други основи, биле над 810.000 денари.Ова се синдикалците на Трендафилов и ССМ, не се знае кој од кој поголеми примања има.Според свиркачите од ССМ, кои се разочарани од актуелното раководство, Трендафилов и луѓето околу него го претвориле синдикатот во приватна фирма.Трендафилов и луѓето околу него одработуваат за нивните позиции по ноти на СДС, кои и ги поставија на нелегитимен начин.Ова се луѓето кои додека ги лажат работниците за минималец, тие земаат плати неколку пати поголеми од тоа од синдикатот.

Македонија | пред 9 месеци

brane

ССМ и Трендафилов ги лажат работниците за минималец, додека генералниот секретар на УПОЗ зема 80.000 денари плата, вели Петрушевски

„ССМ и Трендафилов ги лажат работниците за минималец, додека генералниот секретар на УПОЗ зема 80.000 денари плата“, вели Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ и додава:Според информациите кои дојдоа до нас од свиркачи во ССМ, покрај Слободан Трендафилов и Трпе Деановски, со енормни примања е и генералниот секретар на УПОЗ.Според информации кои ги добивме генералниот секретар на УПОЗ, додека ги лаже работниците со минимална плата, покрај платата од скоро 80.000 денари, има и примања по други основи и договори на дело, со што годишните примања му надминале 1 милион денари.Ова се синдикалците на батерии, кои го лажат народот и работниците, затоа што треба да одработат за СДС, кои ги поставија на овие позиции спротивно на сите прописи.Битката на Слободан Трендафилов и неколкумината околу него е за позициите кои ги држат, парите кои ги земаат и што треба тоа да одработат. Прочитани се.

Македонија | пред 9 месеци

Popov-17.10

Попов: Имаме одговорна реакција од Владата, виновниците ќе одговараат без оглед на политичка припадност

„Имено вакви несреќи во државава не се први, за жал. Неколку вакви имавме во изминативе неколку години, но исто така за жал, ова е прва ваква несреќа од која имаме енергична, одговорна реакција од Владата. Имено, уште во првите 48 часа сите лица беа обезбедни, веќе имаме околу мислам 40-тина веќе стигнавме во овој ден имаше уште приведени, имаме над 40 приведени, имаме 24 лица во притвор, се изврши инспекција“, истакна пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Сергеј Попов во вчерашното гостување во емисијата „24 анализа“ на ТВ 24.Попов објасни дека следувала одговорна реакција од Владата, додавајќи дека виновниците ќе одговараат без оглед на политичка припадност.„Во текот на денешниот ден само се одземени 479 лиценци за работа на разни фирми кои работат во делот на проектирањето, изградбата итн. Јас уверувам и апелирам до сите граѓани, а особено до младите луѓе, бидејќи нас како млади оваа трагедија најмногу не стресе, да имаат верба во државата, да имаат верба во институциите, институциите работат ревносно. Нема да има човек кој за оваа несреќа нема да биде одговорен“, изјави Попов.Попов испрати јасна порака до младите дека ќе има правда, а институциите и сите засегнати ќе ја обезбедат истата.„Ќе упатам еден апел, иако го гледам тоа од страна на институциите дека ревносно се борат, сите кривци кои не донесоа до ова да ни загинат 59 млади луѓе, и секако дека овде не смее да се застане. Јас ќе повторам дека ми е многу жал што мораше да се случи една ваква трагедија, за едно општество да се освести и стане. Но, ми е многу жал што сме имале вакви трагедии, а никој не реагирал. Се сеќаваме за минатите трагедии како се завршуваше, гледаме сега еден друг пристап, поодговорен пристап, и апелирам на смиреност кај граѓаните. Го разбирам комплетно нивниот револт, нивниот порив да се солидаризираат, да бидат заедно, заедно да бараат правда, и заедно едноставно да се осигурат дека правдата ќе дојде. И јас целосно како млад човек стојам позади тоа и како припадник моментален на ВМРО-ДПМНЕ, ги уверувам младите луѓе дека Владата, институциите, сите засегнати, прават се што е во нивна моќ како никогаш досега, да ги најдеме вистинските виновници, и за ова, и за се што ни се случувало изминатите периоди“, заклучува Попов.

Македонија | пред 10 месеци

petrusevki

Петрушевски: Сериозноста бара одговорност, но не и манипулации со трагедијата

„СДС денес уште еднаш покажа дека за нив нема ништо свето – ни болка, ни сочувство, ни национална трагедија“, вели Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ и додава:Додека целата држава жали, тие се служат со подмолни политички калкулации. Наместо да покажат државнички дух, СДС одбраа да поставуваат прашања за кои и самите добро знаат дека се дел од активна истрага, предводена од институции што работат со целиот капацитет и со огромна свесност за големиот интерес на јавноста и општеството за брзи, но праведни резултати.Сепак, ценејќи ја јавноста и настојувајќи по секоја цена да го оттргнеме и најмалиот сомнеж, јасно истакнуваме дека Владата и органите за истрага од првиот момент реагираа – има веќе голем број на приведени лица, а истрагата продолжува со несмален интензитет. И тоа, за разлика од минатото, со обиди за откривање на целосната вистината, а не со алиби-објаснувања за „кабли“ и „шасии“ како главни виновници за трагедиите што во минатото ни се случуваа.СДС прашува: „Зошто не се притворени началници, командири, инспектори?“Ова не е судење со толпа.Правдата не е циркус, туку процес.Притвор се одредува со докази и правни основи, а не со притисоци од партиски штабови.Главната дилема е – зошто истото судство, истото обвинителство, создадено во времето на СДС и ДУИ, денес работи со поголема посветеност?Одговорот е јасен: Затоа што Владата денес не се обидува да сокрие, туку да расчисти.Не се издаваат наредби по телефон, не се читаат имиња од тефтерчиња и не се прикриваат трагедии со смешни извештаи.Да потсетиме – за време на трагедиите со Беса транс, Ласкарци, модуларната болница – немаше ниту еден притворен функционер, ниту едно поднесено обвинение. Виновни беа „каблите“, „возачите“, „времето“ – и никогаш системот. Затоа што системот беше под заштита на Заев и Ахмети.И денес, голем дел од човечката инфраструктура во судството и обвинителството е сè уште составен дел од таа мрежа. Станува збор за кадри кои беа поставувани по познати тефтерчиња, кои имаа партиска лојалност, а не професионален интегритет. Но, за разлика од порано, денешната власт не им наредува како да постапуваат, туку бара правда – без разлика кого ќе допре.СДС говори за „селективна правда“, но токму тие се симболот на таа селективност.Не можат да го извадат народот на улица со лаги, затоа што народот добро памети.И токму затоа сега сакаат да го претворат гневот во политичка стратегија, да го насочат револтот кон Владата, надевајќи се дека повторно ќе се вратат на власт преку улица – а не преку избори.Апелираме до јавноста: ова не е битка помеѓу партии. Ова е битка за правда.И институциите ќе ја истераат до крај.Ќе има одговорност – и индивидуална и институционална. Но, нема да има дозвола за манипулација, за злоупотреба на жртвите, и за ново сценарио за дестабилизација во момент кога државата се обидува да застане на нозе.На самиот крај, ВМРО-ДПМНЕ повикува Јавното обвинителство со сериозност да ги земе предвид сите укажувања на јавноста и медиумите, и секаде каде што постојат реални аргументи и докази за инкриминираност и евентуална одговорност – без разлика на личноста, функцијата или партиската припадност – да постапи соодветно, брзо и во согласност со законот.Се надеваме дека СДС и ДУИ имаат доверба во обвинителството кое самите го избраа, и ги повикуваме – како што ја имаа таа доверба при неговиот избор – така и сега да се обратат таму, а не преку прес-конференции и политички маневри. Ние ги охрабруваме сите институции да постапуваат строго според законите и моралните начела, без милост кон никого што има директна или индиректна одговорност. Истовремено, очекуваме дека никој нема да создава интриги и манипулации со истрагата со цел Владата да биде нападната, бидејќи сме уверени дека ова мора да биде заедничка битка против нечесните – без оглед на партиска припадност, функцијата или етничката основа. Вистинските критики ги почитуваме, и апелираме до институциите да ги земат сериозно, да ги анализираат, и доколку постои основ, да постапат веднаш и доследно. Ова мора да биде пресвртница од која нема враќање – момент кога општеството ќе се издигне и ќе постави нови темели врз вистински вредности. Во спротивно, државата ќе пропадне. Но веруваме дека со одлучност, посветеност и чесен пристап – Македонија ќе победи.

Македонија | пред 10 месеци

asmir-jahoski

Пуцко Петрол и СДС го труеле народот, преку тендери од над 180 милиони евра за 7 години, вели Стојаноски

„Пуцко Петрол и СДС го труеле народот, преку тендери од над 180 милиони евра за 7 години“, вели Бојан Стојаноски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ и додава:180 милиони евра завршиле само на сметката на Пуцко Петрол, без притоа да се пресметаат 167 милиони евра за мазутот кој преку РКМ е испорачан до ЕСМ, т.е. РЕК Битола и ТЕЦ Неготино.Доколку се погледне целата сума се доаѓа до обрт од над 350 милиони евра кои СДС им ги овозможила на Пуцко Петрол, Јахоски и РКМ.Имено, Асмир Јахоски, Пуцко Петрол, од СДС како централна и локална власт за 7 години добил над 180 милиони евра во тендери.Пуцко Петрол 30 години имал статус на бела мечка во македонското општество, дозволено му било преку тендери да внесува што сака и како сака. Сега, во време на ВМРО-ДПМНЕ, ќе се стави крај на неговото криминогено однесување.И СДС, освен да молчи и да стои со наведната глава, нема право буква една да изусти. Затоа што криминалите ги правел во нивно време и тие го толерирале, нивниот судско обвинителски систем му ги намалува сега мерките за обезбедување присуство. Тоа е истиот систем кој СДС го брани, а почива на погрешните кадри во Судскиот совет.СДС свесно го толерирале Пуцко Петрол. И овозможиле Пуцко Петрол и РКМ во набавка на мазут да свртат стотици милиони евра, за што главна асистенција им правел директорот на ЕСМ во бегство, Васко Ковачевски.Пуцко Петрол и Асмир Јахоски беспрекорно функционираат на државните тендери додека СДС владее и во значаен дел од тендерите тие се и единствен понудувач.Разработената шема на Пуцко Петрол и СДС ги чини граѓаните и живот.Секогаш кога ќе помислиме на загаден воздух, тука е Пуцко Петрол и РКМ да не потсетат зошто е тоа така, но и кој е причината, која не смее да се повтори.

Македонија | пред 10 месеци

bojan-stojanoski-1

(Видео) Стојаноски: СДС и ДУИ, заедно со нивните судии и обвинители се во акција за заштита на мазут мафијата

„Ланецот СДС-ДУИ заедно со алките - правосудство и мазут мафија го краделе народот и со украдените пари ги труеле граѓаните. Оваа спрега деновиве, со случајот мазут мафија, дополнително излезе на површина“, вели Бојан Стојаноски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ и додава:Судството и обвинителството се во акција за одбрана на криминал тежок 167 милиони евра за канцероген мазут со кој се труеле граѓаните.За дел од набавките, според информациите во јавноста, немало ниту јавен повик, а владата предводена од СДС , кога премиер е Зоран Заев, а Венко Филипче министер за здравство, внимавајте во една од набавките во декември 2021 година, директно го помогнала купувањето на канцероген мазут со 15 милиони евра буџетски пари!Оттука обвинителство и судството ги штитат директно и Заев и Филипче.Дополнително, правосудниот систем на СДС и ДУИ преку мерка куќен притвор за еден од осомничените, синот на пратеникот Јахоски, праќа порака дека ако го крадеш народот и ако притоа со тие негови украдени пари дополнително и го труеш, следи само симболичен чин притвор во домашни услови.Во целиот овој случај, има и еден бегалец, тоа е Васко Ковачевски, поранешен директор на ЕСМ и човек од СДС.Постапките на судството и обвинителството покажуваат дека поединци од овој систем работат само по насоки од СДС и ДУИ и го штитат криминалот, наместо да ја работат својата работа која е воспоставување на владеење на правото.Токму овој правосуден систем воопшто не се грижи за граѓаните, исто како што не се грижат и неговите работодавачи СДС и ДУИ. Колку за илустрaција, иако изгласана недоверба на пет судии од Судскиот совет во Собранието која ја претставува народната волја, тие судии мува не ги лази.Судиите од Судскиот совет за кои е изгласана недоверба ладнокрвно велат ќе си работеле и понатаму без разлика што довербата од граѓаните им е на ниво на статистичка грешка или околу два проценти.На дело е спрегата правосуден систем – мазут мафија – СДС, ДУИ. Резултат е кражба и труење на народот. Затоа мора да се стави крај на ваквите случаи, а за тоа мора да има одговорност.

Македонија | пред 10 месеци

Screenshot-2025-03-11-at-10.00.38

Одлуката за куќен притвор за синот на пратеникот Исмаил Јахоски ја донесе корумпираното судство на СДС и ДУИ, вели ВМРО-ДПМНЕ

„СДС во паника и соочен со сопствените скандали, очајнички се обидува да ја префрли вината, но реалноста е повеќе од јасна: одлуката за куќен притвор за синот на пратеникот Исмаил Јахоски ја донесе корумпираното судство на СДС и ДУИ“, вели ВМРО-ДПМНЕ и додава:СДСМ должи одговор: како тоа „независното“ судство под нивна контрола му додели привилегиран третман на главниот бизнис партнер на Зоран Заев и пратеник на Али Ахмети?СДСМ е последниот што има право да зборува за правда.Истото судство што пушташе криминалци низ судските ходници, што го амнестираше Рашковски, што го ослободуваше Филипче, сега повторно го прави истото.Факт е дека оваа одлука на корумпираниот судски систем е во нивен интерес, затоа што го заштитува нивниот криминален круг.Судството кое го бетонираа со своите кадри, сега продолжува да работи по нивен терк.А сега ќе ви кажеме кој се јавил – нека биде тоа наградна игра за вас.а) се јавил или шефот на Обвинителството за организиран криминал, сосед и другар од детство на Али Ахмети, по договорот што паднал на средбата меѓу Ахмети и Пуцко сениор во канцелариите на Партизански одреди пред четири недели, кога разговарале и на тема „што ако има нови апсења на блиски луѓе на ДУИ“ - средба за кое цело Скопје денес зборуваб) се јавил Венко Филипче по налог на Али Ахмети за да го спаси синот на финансиерот на ДУИ, Пуцко, затоа што СДС сè уште е заложник на ДУИ, особено откако фанатично со денови го брани Судскиот совет, кој завчера криумчарски и шверцерски избра вршител на должноста претседател на Врховниот суд од ДУИв) се јавил истиот што се јавува стално, а поврзан е и со точка а и со точка б, поврзан со СДС, кој е измеќар на политичките и бизнис-структурите во државата што ја гушат правдата и ја уништуваат државатаИ на крај, пораката е јасна и недвосмислена: ќе ви дојде крајот на сите криминалци.Може да ги кочите процесите, може да ги опструирате, може да се обидувате од петни жили да ја запрете правдата, но нашата волја е челична. Ќе воведеме ред и сите што се огрешиле ќе одговараат.Ваквите мизерни соопштенија само ве откриваат – и вас, и вашите намери, и вашето измеќарство кон ДУИ. А не се сомневаме дека ќе ги откриеме и вистинските причини зошто толку фанатично го штитите ДУИ.Во случај кога за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, МВР апси поранешен функционер на ВМРО-ДПМНЕ, Капушевски, кој добива притвор, но за поддржувачот на ДУИ не смее да има притвор – тоа е вашиот „правен систем“.Затоа сте избезумени сега, затоа што гледате дека нема кај нас милост кога правдата е во прашање и тоа ве плаши.

Македонија | пред 10 месеци

Screenshot-2025-03-11-at-12.43.30

Трендафилов е единствениот синдикалец во светот кој е против поголеми плати за работниците и е на политичко дугме на криминалците, вели ВМРО-ДПМНЕ

„Слободан Трендафилов е единствениот синдикалец во светот кој кога се покачуваа плати во образование и во здравство не излезе да поздрави“, вели ВМРО-ДПМНЕ и додава:Тој е единствениот синдикалец во светот кој е на политичко дугме на криминалци од опозицијата СДС, ДУИ и Левица.Тој е единствениот синдикалец кој кога се зголемуваа платите на работниците, а ММФ и Светска банка препорачуваа на владата дека е лош и нерентабилен процес, тој како прв синдикалец не застана во одбрана на работниците.Наместо прв меѓу работниците, Трендадилов е прв меѓу олигархијата. Тој е продолжена рака на СДС, ДУИ и Левица.Трендафилов нема чувство за потребите на работниците. Тој со плата од над 1000 евра нема чувство како е едно просечно семејство да преживува со плата од 500 евра. Тој наместо синдикалец е портпарол на опозицијата и политичка маша.

Македонија | пред 10 месеци

kapusevski-kovacevski-jahoski

СДС и ДУИ го бранат криминалот – 167 милиони евра криминал со канцероген мазут, а судството само одзема пасоши, вели ВМРО-ДПМНЕ

“СДС и ДУИ упорно го бранат корумпираното судство и обвинителство, а вистинската причина денес е јасна – се работи за заштита на криминал вреден 167 милиони евра. Трговија со канцероген мазут, кој го труел народот, а виновниците се ослободуваат со симболични мерки”, вели ВМРО-ДПМНЕ и додава:Судиите и обвинителите на СДС и ДУИ, наместо да ги гонат криминалците, ги пуштаат на слобода со домашен притвор. Синот на омилениот пратеник на Филипче, Исмаил Јахоски, за кој има основано сомнение дека е дел од оваа шема, добива само одземен пасош. Нема вистинска истрага, нема вистинска правда – само заштита за блиските на врвот на СДС и ДУИ.Кој се штити со оваа одлука? Во истата мрежа се бизнис партнери на внукот на Али Ахмети, луѓе од највисоките ешалони на ДУИ и СДС. Додека граѓаните се гушат од загадениот воздух, криминалните елити на овие партии се богатат од трговија со опасни супстанции.Но, најголемиот скандал е бегството на Васко Ковачевски, екс-директорот на ЕСМ и долгогодишен човек на СДС. Наместо да одговара пред институциите, тој денес е во бегство, додека неговите покровители од власта прават сè за да го заштитат.Ова е класична приказна на СДС и ДУИ – корупција, криминал, бегство од одговорност и комплетна злоупотреба на институциите. Граѓаните не забораваат. Одговорност мора да има, а вистинската правда ќе дојде многу скоро.

Македонија | пред 10 месеци

Screenshot-2025-03-11-at-10.00.38

Денес ќе чуете како криминалците на Филипче поради провизии и бизниси со неговиот бизнис ас Јахоски го труеле народот со канцероген мазут, вели ВМРО-ДПМНЕ

„Врвот на лицемерието кога СДС и Филипче ронат солзи за аерозагадувањето, а поради бизнис и пари нивниот пратеник и бизнис ас Јахоски го труе народот со мазут“, вели ВМРО-ДПМНЕ и додава:Денес нема да чуете од СДС загриженост поради загадениот воздух, но ќе видите како криминалците на Венко Филипче поради провизии и бизниси го труеле народот со канцероген мазут. Тоа се истите тие кои правеа милионски договори со министерствата на СДС, вклучително и министерството за здравство додека Венко Филипче беше министер за здравство.Колку училишта и министерства набавиле од канцерогениот мазут на другарите на Филипче?Колку објекти користеле од истиот мазут кој бил канцероген и додека Филипче и дружината правеле милиони, народот бил убиван од канцероген мазут.Вистината ќе излезе на виделина. Се расплеткува клопчето на криминалци во политиката.

Македонија | пред 10 месеци

Screenshot-2025-03-03-at-12.19.51

Трендафилов призна дека е пиун на СДС, ДУИ и Левица, за политичките барања на ССМ, вели ВМРО-ДПМНЕ

„Трендафилов со неговите лоши потези, за жал, го направи ССМ да биде партиски комисија на СДС, а тој самиот гласноговорник на истата“, вели ВМРО-ДПМНЕ и додава:Очајни се обидите на Трендафилов да глуми независен, кога самиот тој истакна дека се обединил со опозицијата за да нуди политички барања од нивно име преку ССМ.Прес-конференцијата која што ја одржа Трендафилов вчера е класичен пример на нервозен човек кој е откриен за заткулисните игри што ги прави, за коишто возвраќа на СДС кој го стави да биде прв човек на ССМ. Ова се има случувано и во минатото, односно, на СДС им стана практика да ставаат свои луѓе на позицијата претседател на ССМ.Барањата на ССМ и СДС се идентични, скоро и да немаат разлика, а проблемот е во тоа што тие предлози се нереални и политички, ќе создадат голема вештачка инфлација и парата нема да ја има истата вредност.Впрочем, видовме изминатите години како СДС на еден антидржавен начин ја урниса економијата.Трендафилов упати навреди и уцени кон власта и видно вознемирен од тоа што не му проаѓаат наметнатите политички предлози, истакна дека покачувањето на платите во образованието биле на штета на работниците.Нема друг синдикалец во светот кој е против повисоки плати, освен политички инструираниот на СДС, Левица и ДУИ.Владата предводена од ВРМО ДПМНЕ работи на подигнување на економскиот раст на државата, зголемување на платите во државата и отворање на нови работни места.

Македонија | пред 10 месеци

Нема фотографија

Пендаровски и СДС се против националните интереси на Македонија, вели ВМРО-ДПМНЕ

„Поранешниот претседател, Стево Пендаровски едвај дочека уште на првото појавување на интервју да ги поткопува позициите на Македонија во однос на надворешната политика“, вели ВМРО-ДПМНЕ и додава:Пендаровски уште еднаш докажа дека СДС нема конзистентност во политиките.Пендаровски уште еднаш покажа дека „виткањето на кичма“ е единствената политика која ја познава СДС.Пендаровски и аналитичарите од СДС ги поткопуваат позициите на државата на меѓународен план. СДС си го покажа вистинското лице и ставот дека се контра политиките на стратешкиот партнер на Македонија, САД.Сервилноста и аматеризмот во надворешната политика која ја водеше Пендаровски и СДС ја доведе државата во незавидна позиција.Кому му служат изјавите на Пендаровски?Пендаровски со неговите изјави и пазарџиски политики, како и откривањето на разговори од средби со дипломати, само ги руши националните интереси и ги открива државните позиции, со што и прави штета на Македонија.Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, постојано ги унапредува и зајакнува односите со стратешките партнери на државата.

Македонија | пред 10 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања