ДПМНЕ

zaev-filipce-1

Обвинителството да отвори постапка за криминалниот круг Филипче - Заев - Зобек мининг, бара Петрушевски

„Фрапирани сме од молкот во СДС и кај Венко Филипче, за неговата фирма во Бугарија, џипот купен од фирма која на тендер носела јаглен во ЕСМ и фирмите на Заеви кои инкасирале 9 милиони од истиот тендер, а се поврзано со улицата Гоце Делчев бр. 12 во Петрич“, вели Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ и додава:Венко Филипче сега кога е претседател на СДС е сè уште и управител на бугарска фирма.Истата таа бугарска фирма на Филипче дели канцеларија со фирмата на Заев која наплатила 9 милиони евра за ископ на јаглен во Грција од фирмата која го продавала на ЕСМ.Фирмата која го продавала јагленот на ЕСМ е фирмата која му го купи луксузниот џип ауди Q8 на Венко Филипче.Овој криминален круг, Заев, Филипче, Зобек мининг мора да биде растурен.Очекуваме ЈО да отвори постапка. Премногу очигледни и на тацна се сите давања и земања, и многу лесно се гледа политичкото влијание. А наградата, џипот за Филипче е крунски доказ, од каде почнува се.ЈО да не молчи. Постапка веднаш. Во спротива ќе се испостави дека се само заштитници на криминалците од СДС.

Македонија | пред 7 месеци

puls-35-1

Апсењето на Нацев предизвика политичка војна: „Правда за сите“ или „жртвено јагне за ПР“?

Апсењето на Александар Нацев, сопственик на агенцијата за обезбедување поврзана со трагедијата во Кочани, денеска предизвика лавина реакции и отвори нов политички фронт меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. Двете најголеми партии со сосема различни толкувања за потегот на институциите – едните го нарекоа „доказ дека има правда за сите“, а другите „закаснето апсење и ПР-фасада“.Од ВМРО-ДПМНЕ порачаа дека апсењето на нивниот член е потврда дека институциите функционираат без разлика на партиска припадност:„Денешното апсење на Александар Нацев е доказ дека правда има, и таа важи за сите. Секој кој има било каква инволвираност со трагедијата во Кочани ќе излезе пред институциите, без разлика дали е член на ВМРО-ДПМНЕ, СДС, ДУИ или која било друга политичка партија.“Од таму ги повикаа СДСМ да престанат со, како што велат, „секојдневни пресуди без докази“ и додадоа дека првпат во историјата на државата, одговорност има за сите.Но, СДСМ го оцени апсењето како задоцнето и режирано, со цел да се заштитат повисоките ешалони на власта:„Три месеци владата на ВМРО-ДПМНЕ негираше секаква вмешаност на Нацев. Сега, кога веќе не може да се скрие вистината, ВМРО-ДПМНЕ го користи Нацев како жртвено јагне.“Според СДСМ, вистинската правда ќе дојде дури кога ќе се отвори истрага и за луѓето кои, како што велат, денес се под заштита на лидерот Мицкоски. Укажуваат и дека дел од поранешни полициски функционери поврзани со настанот се дел од изборниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ.Во контекстот на трагедијата што ја потресе јавноста, политичката дебата добива сѐ поголема тежина, а граѓаните – особено семејствата на жртвите – бараат вистинска, а не селективна правда.

Македонија | пред 7 месеци

Screenshot-2025-06-09-at-10.21.02

(Видео) Незаконска употреба на пиротехника на журката на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, вели СДСМ

„Срамната и скандалозна е прославата на УМС на ВМРО-ДПМНЕ – журка која се одржа додека Македонија сè уште е во црно, додека 62 семејства жалат за загубените деца, а над 200 млади се борат со последиците од трагедијата во Кочани“, велат од СДСМ и додаваат:Срамно е што на оваа прослава се аплаудираше на говор полн со омраза од премиерот Мицкоски, насочен кон семејствата на повредените и загинатите во Кочани.?t=3575Дополнително, беа употребени и пиротехнички средства, кои не само што се законски забранети и опасни – токму се и причина за пожарот и големата трагедијата во Кочани што ја зави државата во црно.Кој наредил и кој одобрил употребата на пиротехника на прославата на УМС?Кој ја набавил и ја дистриубуирал?Зошто МВР молчи?Или за УМС на ВМРО-ДПМНЕ не важат законите?Согласно новиот закон, членот 31 предвидува казни и одговорност за употреба на пиротехнички средства на овој начин.СДСМ бара итна реакција од Министерството за внатрешни работи, казни и одговорност согласно законите.

Македонија | пред 7 месеци

mickoski-sednica-2

Мицкоски: За Кочани не се помага со пресови, туку со дела, а СДС постојано прави груба злоупотреба на трагични случаи

На 34-тата годишна Конференција на Унија на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ под мотото „34 години постоиме за младите“ свое обраќање имаше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер, Христијан Мицкоски, кој се осврна на повеќе важни теми, од кои и на злоупотребата на трагедијата во Кочани од страна на СДС и нивната манипулација со јавноста, со некрофилската политика којашто ја водат.„Третата работа драги господа е некрофилијата во СДСМ. Тоа е позната стратегија да злоупотребува колективни или индивидуални несреќи и да создава политики од нив. Сакам да предупредам за скриената се поголема манипулација и свесно фрлање на прашина во очите на целата јавност која се прави со темата Кочани. Таму гледаме полека како едно граѓанско движење за поддршка на Кочани полека преминува во политичко движење, каде од поддршка на ужасните жртви од ужасниот хорор во Кочани, говорат за катни гаражи, водоводи, канализации, исполнети, неисполнети ветувања и се така по ред во духот на локалните избори“, вели Мицкоски.Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер, Христијан Мицкоски, истакна дека нема да дозволи да се прави политика од трагедијата, притоа потенцираше дека СДС прави константно злоупотребување на трагични настани, со веќе препознатлива шема, со цел да се одвлече вниманието на јавноста.„Јас нема да дозволам на грбот на напатениот народ да прават политика и безобразно да ги злоупотребуваат судбините на цел еден град. За Кочани не се помага со прес-конференции, туку со дела, а историјата на СДСМ на груба злоупотреба на трагични случаи станува препознатливо портфолио на политичкото делување на оваа партија, што само покажува во каква очајна состојба е оваа партија, во отсуство на реални проекти и политики со кои би го привлекле вниманието на јавноста“, рече Мицкоски.Тој наведе неколку случаи за време на владеењето на СДС кои завршиле неуспешно брез одговорност и откривање на вистина, притоа потенцираше дека владата на ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи вакви манипулации со човечки судбини.„Само ќе ве потсетам на неколку работи од минатото како завршија. Се сеќавате ли на трагедијата на малата Тамара, се сеќавате ли на трагедијата Мартин Нешковски, се сеќавате ли на жртвите од Смилковското езеро, се сеќавате ли дека истите овие луѓе, ветуваа правда, ветуваа мир, ја злоупотребуваа на некрофилски начин и тогаш и денес трагедијата на родителите и блиските на семејствата. Што добија? Тие станаа милионери, а вистината и тогаш и денес беше таа дека единствената политичка и владина опција којашто прави и сочувствува и сака да направи е Владата на ВМРО-ДПМНЕ. Да не дозволиме овие некрофили, кои повторно на човечката судбина манипулираат и се обидуваат да се вратат на власт“, вели Мицкоски.Тој истакна дека ќе продолжи владината поддршка за Кочани и најави дека наскоро ќе бидат соопштени деталите за проект на кој интензивно се работи и кој ќе биде од исклучително значење за сите жители на Кочани, со цел подобрување на условите за живот.„Што се однесува до владината поддршка за Кочани таа ќе продолжи и воедно сакам да објавам дека интензивно работам на проект кој ќе биде од историско значење за градот, и ќе помогне директно за животот на секој еден жител на Кочани и ова го работам заедно со канцеларијата на Европската Унија. Со тоа што историски, епски, драматично ќе го видоизмениме изгледот на подобро, на градот Кочани. Деталите за овој проект на кој интензивно работам, очекувам многу скоро од денеска да бидат соопштени на македонската јавност, нормално откако ќе бидат финализирани сите детали“, потенцираше Мицкоски.

Македонија | пред 7 месеци

Screenshot-2025-06-09-at-08.46.39

Денеска избор за министер: Азир Алиу од „Вреди“ се очекува да го преземе здравството

На денешната седница на Собранието, пратениците ќе одлучуваат за изборот на нов министер за здравство – Азир Алиу, кадар на движењето „Вреди“. За Алиу ова ќе биде втор министерски мандат, но прв во сферата на здравството – сектор во кој досега нема професионално искуство.Алиу е професор по информатички науки и претходно беше министер за информатичко општество и администрација во владата на Димитар Ковачевски, како дел од Алијансата за Албанците. По расколот со Арбен Таравари, реши да ја напушти партијата и остана во новото парламентарно мнозинство предводено од ВМРО-ДПМНЕ.И покрај тоа што неговата стручност е надвор од областа на здравството, власта го гледа тоа како предност – очекуваат од него системска реорганизација и подобро менаџирање на секторот кој, според критиките, е во лоша состојба.Од СДСМ не го коментираат директно Алиу, но потсетуваат дека здравството е едно од најзапоставените министерства под оваа власт.Алиу веќе еднаш, во почетокот на 2024 година, се раздели со тогашната коалиција на Алијансата, заедно со Таравари и Села, по што беше разрешен од министерската функција. Подоцна се врати во игра преку крилото што остана во „Вреди“, добивајќи влијателна улога во преговорите со ВМРО-ДПМНЕ за новата влада.Покрај него, денеска треба да се избере и нов заменик-министер за земјоделие – Албрим Хоџа. Тој е поранешен новинар, но има и искуство со ИПАРД проекти и аграрни политики. Ова место исто така претходно му припаѓаше на кадар на Алијанса за Албанците.Според собранискиот деловник, расправата за секој предлог-министер може да трае најмногу еден час, а гласањето мора да се одржи најдоцна до полноќ.

Македонија | пред 7 месеци

filipce-sobranie3

За кланот Заеви милиони, за Филипче Ауди Q8 од фирмата која продавала јаглен на ЕСМ трипати поскапи, за народот поскапи сметки за струја, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Додека Заеви заработувале милиони, Филипче имал лично профит од 3 пати поскапата препродажба на јаглен од Грција на ЕСМ од 2022 до 2024 година. Аудито Q8 на Филипче кое го возеше и во предизборната кампања е купено од фирмата која продавала 3 пати поскап јаглен на ЕСМ“, велат од ВМРО-ДПМНЕ и додаваат:Во енергетска криза, кланот Заеви и Филипче преку шема на фирми препродавале јаглен на ЕСМ три пати поскапо и профитирале а граѓаните плаќале повисоки сметки за струја.Најскап договор за јаглен, кој го склучила ЕСМ, а е по цена од 82.5 евра за еден тон со вкалкулиран ДДВ, е со компанијата „Зобек мининг груп“. Зобек мининг груп е компанија која води директно до Венко Филипче.Газдата на Зобек мининг груп за новинарите потврдил дека тој го купил аудито на Венко Филипче, преку фирмата која препродавала три пати поскап јаглен на ЕСМ и дека сега возилото е на Филипче.Договорот со „Зобек мининг“ бил склучен во септември 2023 година, првично за испорака на 200 илјади тони јаглен за РЕК „Битола“ во рок од една година. Со два анекса количината на испорака била зголемена, прво за 40 илјади тони, па за уште 48 илјади тони, до вкупно 288 илјади тони.Според официјално соопштение од „Лигниторихиа Ахладас“, рудникот во Грција каде се копал јагленот, пратено до грчкото Министерство за енергетика, а до кое дошле истражувачките новинари од Македонија, од овој рудник во 2023 година во Македонија биле продадени 768 827 тони лигнит, по цена меѓу 28-30 евра по тон.Тоа е три пати помалку од тоа што Зобек мининг груп продава.Заеви и Филипче се богателе и луксузирале врз грбот на народот кој плаќал поскапи сметки за струја за Филипче да ќари Ауди Q8.

Македонија | пред 7 месеци

VenkoFilipceSDSM

Само ЈО го штити и не го гледа криминалот на Филипче во модуларната, вработените во министерството знаеле, затоа и не сакале да ги потпишат договорот и анексот, вели ВМРО-ДПМНЕ

“Најголемата одговорност за криминалните модуларните болници, кои биле набавени како стоки со лош квалитет и леснозапалив материјал, со кредит од Светска банка е единствено кај Венко Филипче”, вели ВМРО-ДПМНЕ и додава:Филипче, како тогашен министер за здравство, сега претседател на СДС, исто така е најодговорен за пожарот во модуларната болница во Тетово која целосно изгоре за само две минути, а со себе одзеде 14 животи.Ова секојдневно се потврдува со скандалозните детали од аферата „Провизии кои чинат животи“, која исто така покажа дека на Венко Филипче профитот од провизиите му бил на прво место, наместо здравјето и безбедноста на граѓаните.Криминалното дејствување на Филипче, со цел да се спаси од одговорност, но и битката за уште провизии продолжи и по трагедијата во Тетово, така што тој противзаконски потпиша ништовен анекс на договорот за на изведувачот на модуларните болници да му ја зголеми цената за 20% за да ги смени панелите на другите болници со огнотпорни материјали.Но, овој анекс кој го изготвил Филипче, не сакало да го потпише ниту едно стручно лице, затоа што сите вработени во Министерството за здравство и стручните лица во комисиите знаеле дека направил криминал во случајот со модуларната болница во Тетово.Во ревизорскиот извештај направен по заминувањето на Филипче од здравство, констатирани се пропусти и противзаконски дејствија, додека во правното мислење од извештајот за анексот потпишан од него стои дека со цел да се спречат идни незаконски, правни и фискални импликации, договорот најитно треба да се раскине.Лицето задолжено за проектот, не постапило по извештајот на проектната единица и на своја рака продолжувало да комуницира со изведувачот и врши притисок да се продолжи реализацијата според основниот договор и да се наплаќа по тие цени.Се до септември 2022 година не се презема ништо и не се раскинува договорот, со што изведувачот го стави во поволна состојба за поднесување тужба за надомест на штета.И од тука па натаму, цела тогашна влада на СДС се става во функција да го спаси Венко Филипче од одговорност.Поради тужби за камати, министерството доставува информација до Владата со која предлага на изведувачот да му се плати спогодбено, под услов да се откаже од каматите и Владата на 11.07.2023 година носи одлука со која се одобрува исплата преку спогодба.Иако постоел внатрешен ревизорски извештај, подготвен пред заминувањето Министерството, поради тужби за камати, доставува информација до Владата со која предлага на изведувачот да му се плати спогодбено, под услов да се откаже од каматите. Владата носи одлука на 11.07.2023 година со која се одобрува исплата преку спогодба.Но и оваа спогодба не сака да ја потпише никој од проектната единица, затоа што знаеле колку е корумпирана и криминална оваа работа, со 20% провизија која завршила во нечиј џеб.Криминалот на Венко Филипче секој го гледал, освен Јавното обвинителство кое наместо да отвори постапка, упорно молчи и го штити.Криминал на Филипче има и во пуштањето во употреба на модуларните болници без одобрение од министерството за поставување и употреба, кои биле спротивни на Законот за градење и во кои не смеело да се обавува здравствена заштита.Исто така, лично Венко Филипче го правел тендерот за модуларната кој дал листа со напишана спецификација.Вистината за модуларната болница, јавноста заслужува да ја дознае, но и обвинителството да постапи.Аферата „Провизии кои чинат животи“, го откри вистинското лице на Венко Филипче.

Македонија | пред 7 месеци

Screenshot-2021-09-20-at-08.55.18

Афера Провизии кои чинат живот – Венко Филипче дозволил градба на модуларната болница во која не смеело да се обавува здравствена дејност, вели Манасиевски

„Министерството за здравство, во времето на Венко Филипче дозволил изградба на 16 КОВИД модуларни болници низ територијата на Република Македонија, кои не исполнуваат минимални стандарди“, вели Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ и додава:За време на КОВИД кризата, Светска Банка дава 30 милиони евра на МЗ за справување со КОВИД кризата, односно набавка на лекови, опрема и меѓу другото, изградба на нови 16 модуларни болници.Светска банка, проценила дека МЗ нема капацитети да ги менаџира овие пари, па парите се даваат на проектна единица во МТСП, да ги спроведе сите набавки согласно меѓународните правила за потребите на МЗ.Спроведувањето на набавката го прави МТСП, а техничките спецификации и усогласеност на постапка според законски и подзаконски акти за здравствени објекти, го прави лице од МЗ, назначено од Венко Филипче.Е сега, што е тука спорно почитувани,Спорна е техничката спецификација, која ја прави одговорното лице назначено од Венко Филипче, каде што подоцна се констатира, дека не е во согласност со ниту еден стандард за изградба на објекти од областа на здравството. Не се почитувале Законот за градење и Законот за здравствена дејност, и не се почитувале минималните технички стандарди за заштита од пожари и експлозии.Исто така многу важно за овој случај, е што овие болници се набавени и поставени како стоки, а стоки во ниту еден случај не можат да бидат користени како објект во кој се обавува здравствена дејност!Пред да се случи пожарот во модуларната болница каде што загинуваат 14 наши сограѓани, наместо да се подобрат стандардите на болниците, Министерството за транспорт и врски, по предлог на Владата, го промениле законот за градење по итна постапка, со цел овој тип на објекти да ги преместат во урбана опрема за чие поставување одобрение ќе издава МЗ или тогашниот министер, Венко Филипче.Овие болници не се запишани во катастар, немаат добиено одлука од Влада за трајно користење и немаат одобрение за употреба по правилник за простор опрема и кадар.За овие работи, има евиденција во проектната единица во МЗ и истата е предадена на Јавното обвинителство за организиран криминал на ден 12.12.2023.Почитувани,Од сето ова произлегува дека,Модуларните болници се бесправно и противзаконски поставени и не смеат да бидат користени за вршење на било каква здравствена или медицинска дејност.Оттука, го прашуваме Филипче, дали провизиите чинеа повеќе од животот на граѓаните? Зошто одобрил изградба на модуларни болници противзаконски? Зошто модуларните болници ги квалифицирале како стоки, во кои никако не смее да се обавува здравствена дејност?Вистината за модуларната болница, јавноста мора да ја дознае!Утре во исто време продолжуваме со нови детали од Аферата „Провизии кои чинат животи“.

Македонија | пред 7 месеци

vmro_dpmne

Ширењето на хистерија околу распишувањето на тендери е само обид за оттргнување на вниманието од безидејноста на СДС, реагира ВМРО-ДПМНЕ

„Најновиот тренд на СДС е да создава хистерија околу текот и постапката на спроведувањето на тендерите, за да се покори неконструктивноста и безидејноста на Филипче и СДС“, вели ВМРО-ДПМНЕ како реакција на прес-конференцијата на СДСМ.Тие додаваат:Најновиот тренд на СДС е да создава хистерија околу текот и постапката на спроведувањето на тендерите, за да се покори неконструктивноста и безидејноста на Филипче и СДС.Нивната тактика е секој тендер да го прикажат за криминален, без да изведат некакви докази. Се расфрлаат со бројки и воопштени квалификации со цел да внесат сомнеж иако за своите тврдења немаат никакви докази.Распишувањето на тендери не е криминал, но провизиите од тендери за вакцини против корона какви набавуваше Венко Филипче е криминал.Веројатно се работи за потсвест и меморија уште кога СДС беше власт па во секој тендер гледа криминал, но Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ работи во согласност со законите и процедурите, штитејќи го интересот на граѓаните.Вистината е дека тендерите за кои збори СДС генерално се истите и со истата тематика како и во времето на нивната влада. Разликата е тоа што тогаш исклучиво сите тендери ги добиваше омилената агенција Рејтинг на Спасов, агенцијата која и сега го работи ПР на СДС, а денес има конкуренција и цените паѓаат. Да потсетиме дека СДС беше партијата која потроши милиони евра за измислен настан во Борис Трајковски.Главното прашање денес не е зошто се распишуваат тендери, туку што има незаконско во нив?Одговорот е дека се е законски.Овие прес-конференции на СДС се обид за ширење на хистерија за оттргнување на фактот што тие се безидејни и синоним за криминал, неспособност и предавства.

Македонија | пред 7 месеци

modul

Тетово и Кочани – две вистини, две трагедии, а каква правда: ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ со прес-конференции денес

ВМРО-ДПМНЕ најави дека ќе открива која е вистината за запалената модуларна болница во Тетово, каде живи изгореа пациенти и нивни блиски кои биле на посета. Во исто време, СДСМ соопшти дека ќе ја објавува вистината за Кочани оти се штителе функционери од власта. ВМРО-ДПМНЕ најави дека ќе за започне денеска на пладне.„Вистината за модуларната болница, провизии што чинат животи, утре прес-конференција во 12 часот. Вистината за модуларната болница, провизии што чинат животи, утре прес-конференција во 12 часот. „Провизии кои чинат животи“ аферата што ќе ја разоткрие вистинската одговорност за трагедијата во Тетово. 14 животи згаснаа. Одговорност мора да има кај вистинските виновници Кој дозволи да се градат болници од неогноотпорни материјали Кој потпишуваше? Кој молчеше? Кој профитираше? ВМРО-ДПМНЕ, започнува серија на прес-конференции што ќе ја откријат целата вистина“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.Еден час подоцна, прес за Кочани ќе одржи СДСМ.„СДСМ од денес ја објавува вистината за Кочани. Во серија на прес конфернеции ќе ги објавиме сите факти и докази за тоа како Обвинителството и власта ги заштитија актуелните функционери! Јавноста ќе дознае кого кријат и сите детали со кои Владата и Коцевски ги заштитија блиските луѓе на Тошковски, Мицкоски и сите кои требаше директно да одговараат. Селективната правда повторно ги убива жртвите и им става сол на раните на семејствата. Правда во овој случај нема“, велат од СДСМ.

Македонија | пред 7 месеци

ck-dpmne

СДС против опремување на полицијата со униформи, откако ја оставија без основни услови за работа, вели ВМРО-ДПМНЕ

„Откако ја оставија без елементарни услови за работа, СДС сега е против опремување на полицијата со униформи“, реагира ВМРО-ДПМНЕ и додава:СДС го имаше најдолгогодишниот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски кој не најде време на полициските припадници да им набави униформи и нова опрема.Во време на СДС кој сега, без срам, зборува за наводни криминални тендери, полицајците беа принудени сами да си крпат, шијат или позајмуваат делови од униформи од пензионирани колеги.Со доаѓањето на Панче Тошковски на чело на МВР, со конкретни решенија, подобри услови, нови униформи и нова опрема почна, постепено, да се враќа достоинството на полициските службеници.Тендерската постапка за набавка на униформи за специјалните единици е спроведена согласно сите законски прописи, имајќи го предвид интересот на министерството, водејќи се од квалитетот и најниската цена, а исто така овозможувајќи фер пристап за поголема конкуренција.Друга важна компонента на договорот е рамковната спогодба која не предизвикува директна финансиска обврска за министерството, што значи дека исплатата ќе се прави согласно потребите и динамиката на испорака на униформите.Со заминувањето на СДС во опозиција, заврши и времето на неказнивост, хаос и наместени тендери.Сега е време на одговорност и на почитување и спроведување на законот.

Македонија | пред 8 месеци

Pretsedatel-filipce-komisijam2

Филипче да не си го крева рејтингот преку прилики за лидерска, нека признае одговорност за Онкологија, вели ВМРО-ДПМНЕ

„Венко Филипче преку прилики за лидерски средби да не си го крева рејтингот. Лидерска средба имаше пред еден месец и во овие моменти не гледаме потреба за тоа“, вели ВМРО-ДПМНЕ и додава:Ако Венко сака средби тие може да ги оствари со неговите коалициони партнери Ахмети, Таравари или Димче Апасиев. Тоа се исти луѓе со исти вредности.Венко Филипче ем нема контрола во партијата и само му слугува на другарот Зоран Заев, ем сака да се факторизира со седнување на маса.Филипче очигледно дека не знае дека треба да си го среди прво дворот, да се етаблира како претседател на партија за потоа да има простор на маса да разговара за стратешки теми.Филипче очигледно избра само да го следи делото на Заев, а на сите им е добро познато што правеше Заев, а што правеа заедно.Филипче и со изјавата дека не чувствува вина за Онкологија покажува дека него го води само голиот интерес за пари, без да има никаков однос кон сето она што го поминаа пациентите на Онкологија.Филипче е синоним за корупција и предавства, затоа најдобро е да покаже дека има грам човечност признавајќи барем вина за Онкологија.Венко Филипче ем нема контрола во партијата и само му слугува на другарот Зоран Заев, ем сака да се факторизира со седнување на маса.Филипче очигледно дека не знае дека треба да си го среди прво дворот, да се етаблира како претседател на партија за потоа да има простор на маса да разговара за стратешки теми.Филипче очигледно избра само да го следи делото на Заев, а на сите им е добро познато што правеше Заев, а што правеа заедно.Филипче и со изјавата дека не чувствува вина за Онкологија покажува дека него го води само голиот интерес за пари, без да има никаков однос кон сето она што го поминаа пациентите на Онкологија.Филипче е синоним за корупција и предавства, затоа најдобро е да покаже дека има грам човечност признавајќи барем вина за Онкологија.

Македонија | пред 8 месеци

VenkoFilipceSDSM

Со изземањето на Филипче од случајот Онкологија, судиите и обвинителите уште еднаш покажаа клиентелистички однос, вели ВМРО-ДПМНЕ

„За краток период од недела дена македонската јавност е сведок како судско обвинителскиот систем, односно поединци во него, го покажаа својот поданички и клиентелистички однос кон СДС“, вели ВМРО-ДПМНЕ и додава:Наместо да го судат и гонат криминалот и сите засегнати да ги изведат пред лицето на правдата, тие спасуваат од обвиненија или од пресуди луѓе од највисокото раководство на СДС.После пресудата за Модуларната болница во Тетово, кривичната пријава за Онкологија е втор случај каде Венко Филипче, како поранешен министер за здравство во чие време се случија двата немили настани, се спасува од одговорност.Скандалот со Онкологија, кога на клиниката се правел криминал од тешки размери по буџетот и здравјето и животот на луѓето, се случува во време кога Филипче е министер за здравство.Со случајот на Онкологија, кога Филипче е министер, Буџетот е оштетен за износ од над 2,2 милијарди денари.Но, Венко Филипче повторно, ни во овој случај, исто како за Модуларната во Тетово, не е вклучен ни во истражна, ниту во судска постапка, односно во кривичното обвинение.Затоа, легитимно го поставуваме прашањето, дали Филипче има некаков договор со поединци од судската или обвинителската фела, да не биде изземен од одговорност и да не биде повикан ниту на разговор?Го повикуваме Јавното обвинителство да ја испита улогата на Филипче за случајот Онкологија, а не да го изземаат од случаевите настанати во негов министерски мандат.Се ова покажува дека Филипче е заштитен од судиите и обвинителите кои СДС со ДУИ ги бираа по партиска директива од Муртино и Зајас, затоа што тој не беше вклучен ниту во процесот за Модуларната, ниту за Стабри вакцините, ниту, пак, за крвавите тендери.ЈО мора итно да ја истражи проневерата од 2,2 милијарди денари во Онкологија, немањето терапија за најтешко болните пациенти од рак и набавките на скапи лекови од компанија блиска до Филипче.Филипче е синоним за криминал, корупција и неспособност.

Македонија | пред 8 месеци

Screenshot-2024-12-11-at-10.57.34

Да лицитираше Бујар со откажување од криминалот на својата партија како што лицитира со македонскиот идентитет, државата ќе беше веќе во ЕУ, вели ВМРО-ДПМНЕ

„Што има против Бујар Османи од сојузништвата со Америка и Британија? Никој не се откажува од ЕУ патот, ниту бара алтернативи, само ги зајакнува дипломатските врски со држави значајни за нас. Истовремено Бујар Османи е најмалку повикан да говори на оваа тема откако како негово наследство имаме продадени интереси и идентитет на Македонците и пар фризерки испратени во дипломатија заедно со распадната и крајно партизирана мрежа во која дипломатијата е туризам и печалбарство, а не работа во функција на државата“, вели ВМРО-ДПМНЕ и додава:ДУИ мора да се соочи со реалноста. И конечно да сфати дека продавањето на македонските интереси со прифаќањето на францускиот предлог нема да се заборави од страна на Македонците и ако сакаат да се искупат за тоа треба да покажат јасна промена на односот кон своите сограѓани и нивно почитување. И тука не сакаме да потсетуваме за тендерите за организација на настанот на ОБСЕ што го организираше Бујар, ниту за ред други корупциски афери на неговата партија за кои Бујар измеѓу две глумења на европеец ќе мора да се произнесе. И конечно нема ништо погрешно од ставот на нашата надворешна политика за меѓусебна почит, за взаемна и заедничка иднина во европското семејство со гарантирани права и идентитет за сите. Во меѓувреме, ако Бујар се осети нешто загрозен и вознемирен од сето ова, нека отиде како Рама и нека се насмее со едно селфи, очигледно Рама им делува како апче за смирување. Македонија има јасен став и тоа што Бујар не се согласува со него е првиот сигнал дека е добар за државата.Да лицитираше Бујар со откажување од криминалот на својата партија како што лицитира со македонскиот идентитет државата ќе беше веќе во ЕУ.Да слушаше Бујар дека е потребен консензус за францускиот предлог и дека не смее да го прифаќаат како што го слушаше и беше партнер со Артан Груби и останатите, и нем слушател при корупцијата во неговата влада и партија, ние веќе ќе имавме европска држава, а не распадната и корумпирана со систем кој е затруен од таквите како него и дел од неговите сопартијци и поранешни колеги од сите партии и неговата.Очигледно Бујар и од тоа би се откажал се до откажување од достоинството и на последниот Македонец. Така е најлесно, нели?

Македонија | пред 8 месеци

Filipce-regionalna2

Филипче да излезе од дупката во која се крие, нека каже за акциите во индиската авиокомпанија, за златната виза, вели Манасиевски

„Одморот на Филипче во Дубаи, кој го помина заедно со неговиот ментор Заев, во увид на градежни активности на 50-катницата и забава со Харис Џиновиќ, на којашто веројатно ги трошеле заработените милионски суми од акциите во индиската авиокомпанија, го збунија Филипче и го оттргнаа од реалноста во која не доведоа токму тој и неговиот ментор, Заев“, вели Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ и додава:Филипче се појави на прес-конференција во понеделникот, на којашто изнесе премногу лаги и манипулации во јавноста, и одлучи повторно да го снема.Филипче нека остане смирен на овој историски ден за Македонија, каде што во Лондон се потпишува стратешкиот договор со Обединетото Кралство, кое ќе донесе инвестиции над 6 милијарди евра, а нема да донесе мигранти.Да беше Филипче на власт, или можеби неговиот ментор Заев, не само што немаше да имаме стратешки договор, туку и да го имавме, ќе беше ограбен, криминален и корумпиран. Тендерите ќе се делеа на браќа и братучеди, на партиски коалиции, ќе се оштетуваа Буџети, а народот ќе го плаќаше истото.Затоа, Филипче, денес повторно те прашуваме, како ти дојде до акции во индиска авиокомпанија, како дојде до златна виза за Дубаи и дали пресудата за Модуларната болница е праведна и реална?Филипче е само еден обичен лажго и манипулатор. Филипче е срам за Македонија и треба да остане во црното минато на македонската политичка сцена.Филипче е синоним за неспособност, криминал и корупција.

Македонија | пред 8 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања