ДПМНЕ

ck-dpmne

Филипче и СДС не сакаат Македонија да се развива, партнерството со Обединетото Кралство ќе овозможи инвестициски, вели ВМРО-ДПМНЕ

„Филипче и СДС не сакаат Македонија да се развива“, вели ВМРО-ДПМНЕ и додава:На Филипче и на СДС му смета во Македонија да се инвестира, да се развива економијата, инфраструктурата, образованите, да се градат болници.Филипче и СДС сакаат само за нив да има. Тие да бидат тие коишто ќе инвестираат во милионски бизниси по странски држави, за кои милионски инвестиции добиваат и златни визи.Договорот за стратешко партнерство со Обединетото Кралство е договор кој ќе овозможи инвестициски циклус со кој ќе се развива и трансформира државата.Со договорот за стратешко партнерство на Македонија и се ставаат на располагање рамка од 6 милијарди евра со кои конечно, после долги години, ќе се гради брза пруга за патен и товарен сообраќај, дел од Коридорот 10 и за околу саат и пол ќе се стига до Солун.После долги години ќе се изгради болницата во Кичево, ќе се заврши реконструкцијата на клиничката болница во Штип, а во склоп со нејзе ќе се изгради и нов медицински факултет и студентски дом кој ќе има капацитет за 200 кревети.Исто така, ќе се реконструира и клиничката болница во Тетово.И сето ова значи сериозни инвестиции и развој на економијата и државата, квалитетно здравство и здравствена услуга за граѓаните и достојни услови за работа на здравствениот персонал.Оттука го прашуваме Филипче, воедно и како поранешен министер за здравство, зошто на него му смета и е против инвестиции и модернизација на здравството, и на државата воопшто.Наместо да шират небулози, Филипче и СДС да одговорат, од кое е потеклото на неговата златна виза за Дубаи, дали таа е стекна со инвестиција од на 500 милиони долари и од каде му се парите?СДС се тие кои за седум години владеење ја задолжуваа државата, а при тоа, парите завршуваа во приватни џебови, наместо за реализација на капитални инвестиции од кои корист би имале и граѓаните и државата.За седум години власт, СДС ја остави државата во урнатини, со уништени и опљачкани институции, со осиромашени граѓани.

Македонија | пред 8 месеци

zaev-filipce-1

Дали Филипче заедно со Заев имале акции во индиска авиокомпанија и оттаму им се средствата за 50-катница во Дубаи?, прашува Манасиевски

„Продолжува молкот на Филипче во делот на одговор на нашите прашања за потеклото на златната виза и пресудата на модуларната болница“, вели Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ и додава:Филипче и СДС секојдневно се повеќе тонат во скандали, кои се поврзуваат со криминал и корупција.Филипче не одговори за потеклото на златната виза, ниту одговори дали е задоволен од пресудата за модуларната болница?Филипче најверојатно и на денешното поставено прашање ќе продолжи да молчи и да не одговара, но сепак јавноста заслужува одговори.Дали Филипче заедно со Заев, поседувал акции во индиска авиокомпанија, а придобивките од истите ги вложиле во градење на висококатница во Дубаи?Дали Филипче од овие акции кои ги поседувал, каде што се поставува и прашањето од каде му нему пари за купување на толку скапи акции, има добиено милионски суми во евра?Доколку Филипче продолжи да молчи, дали тоа значи дека се потврдуваат нашите тези?Филипче да престане да молчи и да излезе во јавноста и да даде одговори.

Македонија | пред 8 месеци

micevski3

Мицевски: За прв пат во историјата на Македонија се усвои Закон за работно ангажирање на лица, на барање и на работниците и работодавачите

„Изгласан е Законот за работно ангажирање на лица“, вели пратеникот Никола Мицевски од ВМРО-ДПМНЕ и додава:Работно ангажирано лице согласно овој закон, може да биде:- лице кое не е во работен однос;- вработено лице;- самовработено лице;-лица помлади од 18 години кои согласно општите прописи од работните односи ги исполнуваат условите за засновање на работен однос;- студенти;- корисник на семејна и старосна пензија, со исклучок на корисници на семејна пензија по основ на неспособност за работа и самостоен живот и- странец кој има регулиран престој согласно закон.Согласно овој закон лицата кои ќе бидат ангажирани по овој однос нема да ги загубат стекнатите права по другите односи.На овој начин ќе имаме граѓани кои ќе можат дополнително да заработат, држава која ќе наплати повеќе давачки и работодавачи кои ќе можат да ангажираат повеќе работници !За прв пат во историјата на Република Македонија се усвои еден ваков закон кој од зачетокот на независноста е барање на работниците и работодавачите !

Македонија | пред 8 месеци

Screenshot-2021-09-20-at-08.55.18

Пресудата за Модуларната болница, покажа дека судиите бирани во штабовите во Струмица и Тетово верно му слугуваат на СДС и ДУИ,вели ВМРО-ДПМНЕ

“Отвореното како пупка судство на Зоран Заев, расцвета на сите страни, од Струмица до Тетово, од каде што ги бираа”, вели ВМРО-ДПМНЕ и додава:Правосудството во државата продолжува да носи срамни пресуди и да дели неправда, да биде за едни мајка, за други маќеа.Судиите бирани во Струмица и Тетово, по партиските штабови на СДС и ДУИ продолжуваат верно да му слугуваат, спасувајќи ги од прогон оние кои ги бираа по партиска директива и во партиски штабови.Така и со пресуда за трагедијата во Модуларната болница во Тетово, каде на 8 септември 2021 година животот го загубија 14 лица.Во петокот, тетовскиот суд донесе скандалозна и срамна пресуда каде што поранешните директори на болницата Флорин Бесими и Артан Етеми ги осуди на по една и пол година затвор.Во секоја друга држава осудени ќе беа сите кои на некој начин се поврзуваат со случајот и кои со правење или не правење придонеле за трагедијата, а казните ќе беа во десетици години. Кај нас осудени се само поранешни директори на болницата, а казната е минорна.Ваквите пресуди покажуваат дека луѓето блиски до СДС и ДУИ кои се огрешиле пред законот правдата не ги стигнува, па така за кубење на косата на Шекеринска казна затвор од четири години, за изгорени 14 лица во моруларната, казна затвор во траење од година и пол.Оваа срамна пресуда е доказ дека СДС и ДУИ го контролираат правосудниот систем, а судиите одлучуваат по нивна волја, а не според закон и правни норми.Пресудата за Модуларната болница за поранешните директори е параван на СДС и ДУИ некој да се пушти низ вода и да се осуди на минимална казна, за да се спаси еден од најодговорните, Венко Филипче.Во моментот на несреќата, Филипче беше министер за здравство и одговорен за функционирањето на болниците низ државата, особено за модуларните во чие време е реализиран тендерот за нивно поставување.Правосудниот систем треба да се исчисти од луѓето во правосудниот систем, кои наместо да носат правда, штитат лица од СДС и ДУИ огрешени пред законот. Но, таму има чесни, професионални и луѓе со интегритет за кои законот е светост.Време е за одговорност и за правна држава.

Македонија | пред 8 месеци

zaev-filipce-1

СДС се заплетка во сопствените лаги, Филипче да каже дали има удел во бизнисите на Заев во Дубаи?, вели ВМРО-ДПМНЕ

„СДС го дозакопа Филипче и се заплетка во сопствените лавиринти на лаги“, вели ВМРО-ДПМНЕ и додаваФилипче по стапките на шеикот од Муртино Заев денес едно, утре друго.СДС еднаш тврди дека Филипче нема златна виза, па дека нема имот во ОАЕ, за подоцна самиот Филипче да потврди дека има златна виза за Дубаи.Филипче три месеци се обидува да смисли што да одговори на јавноста за златната виза во Дубаи и повторно се заплетка во соппствените лаги.СДС и Филиче да кажат од каде му е златната виза за Дубаи?Со примањата на Филипче како пратеник лекар и министер тешко дека се доаѓа до златна виза, особено ако знаеме дека таа виза се добива врз база на инвестиции, а најмалку треба да се инвестираат над 500 илјади долари.Дали Филипче му е бизнис партнер на Заев во Дубаи додека му го чува столчето во СДС?Дали Филипче заедно со Заев инвестирал во 50 катница во Дубаи?Од каде му на Филипче над 500 илјади долари за да добие златна виза?СДС и Филипче да не ја потценуваат интелегенцијата на народот и да каже дали е инвеститор со Заев во Дубаи.Заев и Филипче со години ја осиромашуваа државата за сега со украдените народни пари да добиваат златни визи и да инвестираат низ Дубаи.Филипче, СДС и Заев се синоним за неспособност, криминал и корупција.

Македонија | пред 8 месеци

gasovod

Потпишан договор за изградба на гасоводен интерконектор со Грција, најголема енергетска инвестиција во последните 10 години, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Потпишан е договорот за изградба на гасоводниот интерконектор со Грција. Изградбата ќе трае 22 месеци, а гасоводот ќе биде во функција во 2027 година“, велат од ВМРО-ДПМНЕ и додаваат:Со овој договор започнува најголемата енергетска инвестиција во Македонија во последните 10 години. Ќе се градат 68 километри модерна гасоводна мрежа што Македонија ќе ја поврзе со Грција, но и со европските енергетски пазари.Изградбата ќе ја преземе македонска компанија, која е целосно подготвена со опрема и кадар, а цената е 12 милиони евра пониска од претходните понуди во тендерските постапки.Досега Македонија имаше само еден начин за снабдување со гас, преку Бугарија. Овој договор овозможува да има повеќе од еден извор, доколку дојде до прекин или зголемување на цената од една страна.Природниот гас е поефтин и поефикасен за греење од нафта, дрва и јаглен.Природниот гас загадува помалку од другите горива. Граѓаните ќе добијат можност за почист воздух и поквалитетен живот.Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ останува посветена и ова е доказ дека Македонија се движи во насока на приближување кон ЕУ и дека партнерите и веруваат.Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ се грижи за граѓаните за да им овозможи стабилна, модерна и европска иднина.

Македонија | пред 8 месеци

filipce-51

Со што толку ги задолжил наркодилерот Андон Стојков СДС и Филипче што не се оградуваат од него?, прашува ВМРО-ДПМНЕ

„Од што се плаши Филипче па молчи?“, прашува ВМРО-ДПМНЕ и додава:Венко Филипче и СДС неколку дена молчат и не се оградуваат од наркодилерот Андон Стојков, кој беше фатен со дрога.Филипче да соопшти на јавноста зошто молчи и не се оградува од партискиот функционер, Андон Стојков кој на дело е фатен со дрога.Со што толку ги задолжил Андон Стојков СДС и Филипче што не се оградуваат од него?Дали Филипче и СДС го поддржуваат Стојков и штитат криминалци и какви лични интереси имаат да го прават тоа?СДС е партија која ги штити криминалците и соработува со нив, Стојков е во присуство на Заев и Филипче и по приватни забави и настани.СДС е партија која ги штити криминалците и соработува со нив, СДС не се огради ниту од Стојков, ниту од Јон Фрчковски, ниту од Груби и Филип Андов Сокол.Јавноста ја виде вистината за СДС на дело, СДС е партија која обезбеди луксузни животи за своите елитистички кругови, додека народот тонеше во очај.СДС е синоним за неспособност, предавства и криминал.

Свет | пред 8 месеци

rabotnik-gradezen-

Три нови инвестиции во зоната во Штип со повеќе од 1000 нови вработувања, вели ВМРО-ДПМНЕ

„Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ уште од самиот почеток на мандатот работи на стабилизирање на економијата и реализирање на стратешки инвестиции“, вели ВМРО-ДПМНЕ и додава:Најавена е инвестиција од неколку милиони евра, во индустриската зона во Скопје, којашто ќе овозможи повеќе од 200 работни места, а ќе биде во делот на производство за извоз на бела техника.Се работи и на три инвестиции во зоната на Штип кои ќе донесат повеќе од 1000 нови вработувања.Стратешките цели се исполнуваат преку долгорочни планови што гарантираат одржлив економски развој и социјална стабилност.Средствата се насочуваат кон клучните сектори и се создава можности за раст и развој и отворање на нови работни места.Јавниот долг е намален и процентуално и во апсолутна бројка и ова е најниско ниво во последните пет години. Јавниот долг е намален 36 милиони евра во апсолутен износ или 4,7 отсто во првиот квартал од 2025 година.Државниот долг во првиот квартал од 2025 година е намален за 3,7% во споредба со тој објавен на 31 декември 2024 година.Се зголемува индустриското производство, реализацијата на инвестициите ќе донесе повисок раст и намалување на долгот.Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ прави постојани напори за унапредување на економијата, зголемување на продуктивноста и подобрување на животниот стандард на граѓаните.Владата на ВМРО-ДПМНЕ е посветена на креирање услови за стабилен раст и инклузивна економија за сите граѓани.

Македонија | пред 8 месеци

filipce1

Дали Филипче ќе учи од Заев како да профитира со лажни идентитети и како се штанцаат пасоши за 215 белосветски криминалци?, вели ВМРО-ДПМНЕ

„СДС и Заев 7 години беа заштитници на криминалот и криминалните банди“, велат од ВМРО-ДПМНЕ и додаваат:СДС, Заев и Спасовски им дадоа пасоши на белосветски криминалци, како и на бандити од Шкаљарски и Кавачки клан, имаше кражби и убиства за кои немаше разврска ниту одговорност.Дали Филипче кога вели дека треба да се учи од Заев, мисли на тоа да шурува и да ги штити криминалните кланови како што тоа го правеше Заев.Дали Филипче кога вели нема друг како Заев, мисли на соработка со криминални кланови и бандити кога улиците во Скопје за време на СДС беа како дивиот Запад, убиства и мафијашки престрелки имаше на сред ден.Дали Филипче ќе учи од Заев како да профитира со лажни идентитети и како се штанцаат пасоши за 215 белосветски криминалци?Криминалните кланови и нарко босови од регионот со години прават криминал благодарение на СДС и Заев кои им давале македонски пасоши. Се вршат убиства, се тргува со дрога и се врши организиран криминал со македонски пасоши на штета на угледот на државата.215 нарко босови хараат по светот и прават криминал благодарение на Заев и СДС.Заев и Спасовски тргуваа со туѓи идентитети и издаваа фалсификувани македонски пасоши на странци, кланови, нарко босови, убијци, дали и Филипче учи од Заев како да тргува со идентитети. Заев и Филипче се трговци со идентитети.СДС и Заев ја понижија државата и го нарушија достоинството на македонските граѓани, а сега Филипче сака истото да го прави. На Филипче идол му е Заев само поради огромните лукративни интереси.Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ останува посветена на заштита на стабилноста, безбедноста, заштита на државните симболи и достоинството на граѓаните.СДС е синоним на предавства, неспособност и криминал.

Македонија | пред 8 месеци

Zaev-Filipce

Дали криминалот во Глобал тежок 8 милиони евра, за кој Заев беше амнестиран, е дело за кое Филипче се воодушевува и од кое народот треба да учи?, прашува ВМРО-ДПМНЕ

„Владеењето на Зоран Заев, како на локално, така и на централно ниво беше проследено со криминални и корупциски скандали“, вели ВМРО-ДПМНЕ и додава:Во слободното време, кога не ги распродаваше националните и државни интереси, Заев тераше разработени криминални и рекет шеми.Потрагично од криминалот на Заев е што неговиот наследник во СДС, Венко Филипче се воодушевува од него, вели дека нема друг како него и смета дека народот треба да учи од него и од неговото работење.Една од криминалните афери на претходникот на Филипче, Зоран Заев, беше криминалната аферата Глобал, тешка осум милиони евра.Заев требаше да заврши зад решетки затоа што жив беше фатен во криминал од 8 милиони евра, но од затвор се спаси затоа што беше амнестиран од Бранко Црвенковски.Кога Филипче се воодушевува од Заев и вели дека народот треба да учи од него, дали мисли и на ова, како да се направи криминал тежок осум милиони евра и за тоа да не се одговара?Венко Филипче треба да каже дали се воодушевува на криминалот на Заев, кој му донесе милиони евра, а благодарение на СДС остана неказнет.Дали Филипче е воодушевен и од тоа и дали и на тоа мислеше кога го фалеше Заев? Или, пак, тој криминал и неказнивост можеби ќе го осуди?Но, како вика народот, во секое зло, добро. Па така, во се ова, добро е што Венко Филипче призна и кажа се. Сега народот нема простор за двоумење и знае што Венко Филипче сака. Тој сака да ги следи криминалните стапки на Зоран Заев, кој е и негов водич и учител.Со ова признание, Филипче уште еднаш се покажа СДС беше и останува симбол на криминал, корупција и предавства.

Македонија | пред 8 месеци

Screenshot-2025-03-04-at-09.39.34

„Дали Бујар Османи го презеде лидерското место во ДУИ, а Али Ахмети се повлече? Живеете во свет на корупција“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Дали Бујар Османи го презеде лидерското место во ДУИ, а Али Ахмети се повлече?“, вели ВМРО-ДПМНЕ и додава:Дали станува збор за внатрепартиски договор, некаква транзиција или лична амбиција на Османи? Или можеби тој сега е само портпарол на партијата? Како и да е, треба да знае – а и сигурно знае – дека единствениот свет во кој треба да завршат корумпираните функционери на ДУИ е светот на правдата.Како во најмрачните времиња на српските кланови, денешната структура на Бујар Османи, прави се’ за да им нанесе штета на институциите, само за да не се обелодени нивното мрачно 20годишно досие. Дури и начинот на комуникација на ДУИ е сличен на озогласените „сурчински“ или „земунски“ кланови: со навреди и со закани, но всушност без никаква моќ да го сменат текот на правдата.Османи, поразениот министер кој беше симбол на молчењето пред сите скандали на ДУИ, денес повторно се обидува да влезе во политичката арена преку лажен патриотизам и заплашување на граѓаните.Наместо да одговори зошто за време на неговиот мандат се молчеше пред уцените од Бугарија, зошто се деградираше позицијата на државата на меѓународен план, и зошто ДУИ 20 години ја користеше власта исклучиво за лични и партиски цели, Османи се обидува да создаде нова поделба и тензија.Владата нема потреба да бара ничија дозвола за да ја води надворешната политика на Македонија. Тоа е уставна обврска и право, добиено директно од народот. Македонија е демократска држава, а не приватна територија на ДУИ која треба да се раскрчми - како во минатото.Доста е од политичари кои ја сведуваат државата на етничка апанажа.Сите сме еднакви граѓани на оваа држава.Доста е од лаги за „српски светови“, „големи Албании“ и други лаги со кои Османи и ДУИ ја одржуваа својата моќ.Ако Османи навистина сака да зборува за „прашање до Албанците“, нека им одговори на граѓаните:• Кој му го даде правото да го потпише Францускиот предлог без консензус?• Кој му го даде правото да молчи за криминалот во ДУИ?• Кој му го даде правото да ги дели Албанците на „вистински“ и „предавници“ според тоа дали го поддржуваат ДУИ?Секој што се чувствува Албанец, Македонец, Турчин, Србин, Влав, Бошњак или Ром има исти права и одговорности. Меѓутоа, никој нема право да ја приватизира надворешната политика, да ја дели државата и да ги лаже граѓаните.Тие што мислеа дека се вечни, нека се помират со реалноста: времето на ДУИ конечно заврши.

Македонија | пред 9 месеци

sasko-mitovski

Спасовски: Обвинителство да оформи предмет против градоначалникот на СДС во Крива Паланка, Митовски, кој свесно ширеше паника за наводно загадената вода

„Обвинителство да оформи предмет против градоначалникот на СДС во Крива Паланка, Сашко Митовски, кој свесно ширеше паника за наводно загадената вода“, вели Емил Спасовски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ и додава:Манипулацијата на Сашко Митовски не помина, водата во Крива Паланка нема цијанид 100-тици пати над дозволеното, дали сега ќе се извини?Сашко Митовски пред сè сега треба да им се извини првин на жителите на Крива Паланка, а потоа и на граѓаните на цела држава, за паниката која ја ширеше.Државниот инспекторат за животна средина излезе со јасни наводи, водата во Крива Паланка нема цијанид 100-тици пати повеќе од дозволеното.Недозволиво е неговата желба за ситни политички поени да треба низ колективна паника да ја чувствува цела Македонија.Очекуваме ЈО да преземе дејствија и да го санкционира градоначалникот Митовски.Ширењето на паника, мора да биде санкционирано.Крива Паланка и Македонија не смеат да бидат заложници на Сашко Митовски и СДС.

Македонија | пред 9 месеци

Screenshot-2024-01-15-at-09.33.00

СДС не може да престане да лаже, сопственикот на возилото е казнет, а за полицајците има дисциплинска постапка, вели ВМРО-ДПМНЕ

„СДС не може да престане да лаже, сопственикот на возилото е казнет, а за полицајците има дисциплинска постапка“, реагира ВМРО-ДПМНЕ и додава:СДС не може да престане да лаже.Сопственикот на џипот е санкциониран, исто така има и дисциплинска за полициските службеници.Ја разбираме потребата на Кузеска да се докажува пред Венко Филипче кој на отворена сцена си бира нов портпарол, но барем Богданка да си го сочува достоинството и да престане да лаже. МВР излезе со информација дека сопственикот на џипот е казнет, а има и дисциплинска постапка за полицајците.Ова беше незамисливо во време на СДС, тогаш, ќе потсетиме, полицаецот се удираше во пајакот само да не го казнат високиот функционер на ДУИ.Законот, докажуваме, дека важи за сите.

Македонија | пред 9 месеци

prendzov

Пренџов: Министерот Тошковски и институциите успешно ја водат истрагата, имаме 36 лица во притвор, ќе го сотреме криминалот и корупцијата

Во емисијата „24 Анализа“ на истоимената телевизија, гостуваше пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Љупчо Пренџов, кој дебатираше за актуелната состојба во државата, за тоа како се води истрагата за пожарот во Кочани, ставајќи го акцентот на тоа дека институциите успешно ја вршат работата уште од самиот почеток, а сето тоа јавноста го гледа, со оглед на целосната вклученост и напорите коишто ги прави МВР и министерот Панче Тошковски.Пратеникот се осврна на состојбата во Македонија во минатото и направи компарација помеѓу неуспешните истраги кои се случувале за време на претходната власт и сегашното функционирање кое се темели на транспарентност, ажурност, уште во самиот почеток од настанувањето на трагедијата, истакнувајќи дека во првата фаза од истрагата веќе има приведени и осомничени лица.„Во последните неколку години живи луѓе ни гореа, имавме нула обвинети, нула кривични пријави, имавме Ласкарци, луѓе починаа на самото место, во Бугарија изгореа луѓе, имавме нула обвинети и нула кривични пријави поднесени од страна на МВР, денес имаме сосема различен случај, а тоа е дека во првите 48 часа повеќе од 30 луѓе беа повикани на распит повеќе од 20 беа задржани повеќе од 20 добија притвор, во првите 72 часа, 36 луѓе завршија во притвор и три правни лица, сосема друга состојба имаме и велиме дека ова е само прва фаза отпочнуваме втора фаза и ќе видиме кој се плус ќе биде осомничен“, вели Пренџов.Во дебатната емисија пратеникот истакна дека поради ефикасноста во работењето на Владата, постепено се овозможува граѓаните повторно да ја стекнат довербата во институциите, затоа што истрагата ќе се води неселективно до крај.„Јас мислам дека овој настан од трагедија и реагирањето на институциите соодветно како што е досега, така и ќе продолжи, ќе биде една од причините полека, но сигурно да создадеме доверба кон институциите бидејќи од ова што го гледаме сите заедно е дека членови на СДС се во притвор, дека членови на ВМРО-ДПМНЕ се во притвор и членови на ДУИ се во притвор, тоа е фактичка состојба и само така треба да се продолжи, да се тера истрагата и секој еден со име и презиме, за што е виновен толку ќе добие притвор“, рече Пренџов.Пратеникот потенцираше дека министерот Панче Тошковски успешно ја врши својата дејност и е насочен кон сузбивање на криминалот и корупцијата, наведувајќи дека СДС како партија се симбол на недоследност и криминализираност, не само во МВР туку и во другите институции и притоа нагласи дека сето тоа е факт којшто го покажале истрагите.„Оливер Спасовски многу време беше министер и криминалот се вгнезди во МВР, откога Панче Тошковски е министер трицифрена е бројката на избркани службеници, сакам да кажам дека нема да има пардон кон никого, пред никого којшто направил криминал за разлика од минатото, такви времиња нема да има. Панче Тошковски ќе ја истера работата до крај, самиот министер кажа дека секаде кај што има криминал ќе се реагира, да оставиме на институциите да ги решат работите сметам дека дискусија и правење на политика на оваа тема не смее и не треба да има од ниту една политичка партија, ние сме одлучени криминалот и корупцијата да ги сотреме“, истакна Пренџов.

Македонија | пред 9 месеци

487818825_1254608279997943_7010608596921664730_n

Петрушевски до Трендафилов: Можам да ти бидам само непријател

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, му врати на Слободан Трендафилов, претседател на Сојузот на синдикати на Македонија по шегата на негова сметка.“Синдикалецот на батерии Трендафилов за 14 месеци инкасирал 1.688.000 денари! Ова не е #априлилили ПС. Пријател со претставници на трулата комунистичка буржоазија, кои семејно си ги наследуваат функциите во синдикатот, за само да си ги полнат џебовите, не може да бидам. Само непријател!“, напиша Петрушевски.[caption id="attachment_325784" align="alignnone" width="702"] Screenshot[/caption]Претходно:

Македонија | пред 9 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања