„Обвинителство да оформи предмет против градоначалникот на СДС во Крива Паланка, Сашко Митовски, кој свесно ширеше паника за наводно загадената вода“, вели Емил Спасовски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ и додава:
Манипулацијата на Сашко Митовски не помина, водата во Крива Паланка нема цијанид 100-тици пати над дозволеното, дали сега ќе се извини?
Сашко Митовски пред сè сега треба да им се извини првин на жителите на Крива Паланка, а потоа и на граѓаните на цела држава, за паниката која ја ширеше.
Државниот инспекторат за животна средина излезе со јасни наводи, водата во Крива Паланка нема цијанид 100-тици пати повеќе од дозволеното.
Недозволиво е неговата желба за ситни политички поени да треба низ колективна паника да ја чувствува цела Македонија.
Очекуваме ЈО да преземе дејствија и да го санкционира градоначалникот Митовски.
Ширењето на паника, мора да биде санкционирано.
Крива Паланка и Македонија не смеат да бидат заложници на Сашко Митовски и СДС.