Попов: Имаме одговорна реакција од Владата, виновниците ќе одговараат без оглед на политичка припадност

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 10 месеци -

Македонија
Popov-17.10

„Имено вакви несреќи во државава не се први, за жал. Неколку вакви имавме во изминативе неколку години, но исто така за жал, ова е прва ваква несреќа од која имаме енергична, одговорна реакција од Владата. Имено, уште во првите 48 часа сите лица беа обезбедни, веќе имаме околу мислам 40-тина веќе стигнавме во овој ден имаше уште приведени, имаме над 40 приведени, имаме 24 лица во притвор, се изврши инспекција“, истакна пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Сергеј Попов во вчерашното гостување во емисијата „24 анализа“ на ТВ 24.

— реклама —

Попов објасни дека следувала одговорна реакција од Владата, додавајќи дека виновниците ќе одговараат без оглед на политичка припадност.

„Во текот на денешниот ден само се одземени 479 лиценци за работа на разни фирми кои работат во делот на проектирањето, изградбата итн. Јас уверувам и апелирам до сите граѓани, а особено до младите луѓе, бидејќи нас како млади оваа трагедија најмногу не стресе, да имаат верба во државата, да имаат верба во институциите, институциите работат ревносно. Нема да има човек кој за оваа несреќа нема да биде одговорен“, изјави Попов.

— реклама —

Попов испрати јасна порака до младите дека ќе има правда, а институциите и сите засегнати ќе ја обезбедат истата.

„Ќе упатам еден апел, иако го гледам тоа од страна на институциите дека ревносно се борат, сите кривци кои не донесоа до ова да ни загинат 59 млади луѓе, и секако дека овде не смее да се застане. Јас ќе повторам дека ми е многу жал што мораше да се случи една ваква трагедија, за едно општество да се освести и стане. Но, ми е многу жал што сме имале вакви трагедии, а никој не реагирал. Се сеќаваме за минатите трагедии како се завршуваше, гледаме сега еден друг пристап, поодговорен пристап, и апелирам на смиреност кај граѓаните. Го разбирам комплетно нивниот револт, нивниот порив да се солидаризираат, да бидат заедно, заедно да бараат правда, и заедно едноставно да се осигурат дека правдата ќе дојде. И јас целосно како млад човек стојам позади тоа и како припадник моментален на ВМРО-ДПМНЕ, ги уверувам младите луѓе дека Владата, институциите, сите засегнати, прават се што е во нивна моќ како никогаш досега, да ги најдеме вистинските виновници, и за ова, и за се што ни се случувало изминатите периоди“, заклучува Попов.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryr0nm7kal2loidVEYfFw

ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ да престане да го брани Дехари, жртвите да добијат заштита

Македонија | пред 3 месеци

zaev-filipce-1

Дали 90 милиони денари од тендерот за ремонти на Марковски завршиле кај Заев и Филипче, праша Манасиевски

Македонија | пред 3 месеци

zaev-filipce-1

Ако Заев земал куферче со пари од Борисов, сега какво куферче бугарски пари земал Филипче за актуелниот трик наречен црвени линии, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 3 месеци

ck-dpmne

ВМРО-ДПМНЕ: СДС со кривични пријави бега од одговорност и прикрива повици за убиство

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања