Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Петрушевски: Сериозноста бара одговорност, но не и манипулации со трагедијата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
petrusevki

„СДС денес уште еднаш покажа дека за нив нема ништо свето – ни болка, ни сочувство, ни национална трагедија“, вели Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ и додава:

Додека целата држава жали, тие се служат со подмолни политички калкулации. Наместо да покажат државнички дух, СДС одбраа да поставуваат прашања за кои и самите добро знаат дека се дел од активна истрага, предводена од институции што работат со целиот капацитет и со огромна свесност за големиот интерес на јавноста и општеството за брзи, но праведни резултати.

Сепак, ценејќи ја јавноста и настојувајќи по секоја цена да го оттргнеме и најмалиот сомнеж, јасно истакнуваме дека Владата и органите за истрага од првиот момент реагираа – има веќе голем број на приведени лица, а истрагата продолжува со несмален интензитет. И тоа, за разлика од минатото, со обиди за откривање на целосната вистината, а не со алиби-објаснувања за „кабли“ и „шасии“ како главни виновници за трагедиите што во минатото ни се случуваа.

СДС прашува: „Зошто не се притворени началници, командири, инспектори?“

— реклама —

Ова не е судење со толпа.

Правдата не е циркус, туку процес.

Притвор се одредува со докази и правни основи, а не со притисоци од партиски штабови.

Главната дилема е – зошто истото судство, истото обвинителство, создадено во времето на СДС и ДУИ, денес работи со поголема посветеност?

— реклама —

Одговорот е јасен: Затоа што Владата денес не се обидува да сокрие, туку да расчисти.

Не се издаваат наредби по телефон, не се читаат имиња од тефтерчиња и не се прикриваат трагедии со смешни извештаи.

Да потсетиме – за време на трагедиите со Беса транс, Ласкарци, модуларната болница – немаше ниту еден притворен функционер, ниту едно поднесено обвинение. Виновни беа „каблите“, „возачите“, „времето“ – и никогаш системот. Затоа што системот беше под заштита на Заев и Ахмети.

И денес, голем дел од човечката инфраструктура во судството и обвинителството е сè уште составен дел од таа мрежа. Станува збор за кадри кои беа поставувани по познати тефтерчиња, кои имаа партиска лојалност, а не професионален интегритет. Но, за разлика од порано, денешната власт не им наредува како да постапуваат, туку бара правда – без разлика кого ќе допре.

— реклама —

СДС говори за „селективна правда“, но токму тие се симболот на таа селективност.

Не можат да го извадат народот на улица со лаги, затоа што народот добро памети.

И токму затоа сега сакаат да го претворат гневот во политичка стратегија, да го насочат револтот кон Владата, надевајќи се дека повторно ќе се вратат на власт преку улица – а не преку избори.

Апелираме до јавноста: ова не е битка помеѓу партии. Ова е битка за правда.

— реклама —

И институциите ќе ја истераат до крај.

Ќе има одговорност – и индивидуална и институционална. Но, нема да има дозвола за манипулација, за злоупотреба на жртвите, и за ново сценарио за дестабилизација во момент кога државата се обидува да застане на нозе.

На самиот крај, ВМРО-ДПМНЕ повикува Јавното обвинителство со сериозност да ги земе предвид сите укажувања на јавноста и медиумите, и секаде каде што постојат реални аргументи и докази за инкриминираност и евентуална одговорност – без разлика на личноста, функцијата или партиската припадност – да постапи соодветно, брзо и во согласност со законот.

Се надеваме дека СДС и ДУИ имаат доверба во обвинителството кое самите го избраа, и ги повикуваме – како што ја имаа таа доверба при неговиот избор – така и сега да се обратат таму, а не преку прес-конференции и политички маневри. Ние ги охрабруваме сите институции да постапуваат строго според законите и моралните начела, без милост кон никого што има директна или индиректна одговорност. Истовремено, очекуваме дека никој нема да создава интриги и манипулации со истрагата со цел Владата да биде нападната, бидејќи сме уверени дека ова мора да биде заедничка битка против нечесните – без оглед на партиска припадност, функцијата или етничката основа. Вистинските критики ги почитуваме, и апелираме до институциите да ги земат сериозно, да ги анализираат, и доколку постои основ, да постапат веднаш и доследно. Ова мора да биде пресвртница од која нема враќање – момент кога општеството ќе се издигне и ќе постави нови темели врз вистински вредности. Во спротивно, државата ќе пропадне. Но веруваме дека со одлучност, посветеност и чесен пристап – Македонија ќе победи.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryr0nm7kal2loidVEYfFw

ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ да престане да го брани Дехари, жртвите да добијат заштита

Македонија | пред 8 месеци

— реклама —
zaev-filipce-1

Дали 90 милиони денари од тендерот за ремонти на Марковски завршиле кај Заев и Филипче, праша Манасиевски

Македонија | пред 8 месеци

zaev-filipce-1

Ако Заев земал куферче со пари од Борисов, сега какво куферче бугарски пари земал Филипче за актуелниот трик наречен црвени линии, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 9 месеци

ck-dpmne

ВМРО-ДПМНЕ: СДС со кривични пријави бега од одговорност и прикрива повици за убиство

Македонија | пред 9 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања