СДС и Филипче громогласно молчат и не се оградуваат од Сокол, дали тоа значи дека тој криминално работел по нивна насока?, прашува ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 10 месеци -

Македонија
Sokol

„СДС се синоним за криминал и корупција. Седум години власт кадрите на СДС криминално се богатеа, додека народот осиромашуваше, а државната каса ја опустошиле“, вели ВМРО-ДПМНЕ и додава:

— реклама —

Нема ниту еден позитивен пример на човек од СДС кој што чесно ја вршел должноста во управувањето на институциите на системот.

СДС продолжува да ги штити своите партиски лица иако се длабоко заглавени во криминал.

— реклама —

Тоа го потврдува и последниот пример со поранешниот директор на затворот Скопје, Филип Андов Сокол којшто од Шутка направи „хотел промаја“, па затворениците можеа слободно да излегуваат кога и каде ќе посакаат.

За иронијата да биде уште поголема, советникот на Зоран Заев, Филип Андов сеуште е дел од високите партиски структури на СДС.

СДС и Венко Филипче, до сега, не најдоа за сходно ниту да се оградат од криминалното работење на Филип Андов Сокол, ниту пак да го исклучат од ЦО на партијата.

Оттука се поставуваат прашањата, дали Сокол работел по насока на СДС и по нивна директива рашетувал затвореници и тоа со државни ресурси, па затоа сега Филипче молчи и не смее да се огради?

Дали СДС и Венко Филипче молчат за криминалот на нивниот кадар Сокол, затоа што се плашат од тоа што тој може да каже пред надлежните органи?

Од што се плашат СДС и Филипче, па толку громогласно молчат?

Чии насоки спроведувал Филип Андов Сокол, кога наместо да ги затвори во ќелија криминалците ги пуштал и ги шетал низ Скопје и давал привилегии на затвореници?

Дали и поради сето ова погоре набројано, последниот бастион под контрола на СДС во одбрана на нивните криминалци, судството грчевито се бореше Сокол да не оди во притвор, туку да се брани од слобода?

Правда и одговорност мора да има, борбата против криминалот и корупцијата ќе продолжи и токму за тоа е потребна и реформата во правосудството.

А, тоа што можат и треба СДС и Венко Филипче да направат е да излезат и да кажат дали и што од погоре напишаното е точно, или барем да се оградат од нивниот партиски кадар Сокол.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryr0nm7kal2loidVEYfFw

ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ да престане да го брани Дехари, жртвите да добијат заштита

Македонија | пред 3 месеци

zaev-filipce-1

Дали 90 милиони денари од тендерот за ремонти на Марковски завршиле кај Заев и Филипче, праша Манасиевски

Македонија | пред 3 месеци

zaev-filipce-1

Ако Заев земал куферче со пари од Борисов, сега какво куферче бугарски пари земал Филипче за актуелниот трик наречен црвени линии, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 3 месеци

ck-dpmne

ВМРО-ДПМНЕ: СДС со кривични пријави бега од одговорност и прикрива повици за убиство

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања