Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

ЕУ

media-libraryv1qnhps9366l1bc4qgI

Иран ѝ се закани на ЕУ: „Кој ќе се приклучи на агресијата, станува легитимна цел“

Иран предупреди дека земјите членки на Европската унија што би се приклучиле на нападите на САД и Израел врз Иран ќе бидат третирани како „легитимни цели“ за иранска одмазда. Пораката ја испрати заменик-министерот за надворешни работи на Иран, Маџид Тахт-Раванчи, во интервју за француската телевизија France 24.„Секоја земја што ќе се приклучи на Америка и Израел во агресијата против Иран, дефинитивно ќе стане легитимна цел за Иран за одмазда“, изјави Тахт-Раванчи.Изјавата доаѓа во момент кога во ЕУ се забележуваат различни пристапи околу кризата и растечката воена напнатост на Блискиот Исток. Според објавените информации, дел од европските држави – меѓу кои Франција, Грција и Италија – испратиле воени бродови кон регионот, додека значаен дел од високите претставници на Унијата повикуваат на деескалација, прекин на конфликтот и дипломатско решение.Во Берлин, германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека Германија работи со партнерите на пристап што би довел до прекин на борбите со Иран, додавајќи дека неговата земја ги дели целите на САД и Израел.Во исто време, најостра критика за американско-израелската интервенција изрази шпанскиот премиер Педро Санчез. Тој повеќепати го осуди бомбардирањето на Иран како непромислено и незаконско, а објавено е и дека забранил користење американски авиони од поморските и воздухопловните бази во јужна Шпанија за напади врз Техеран.Изјавата на иранскиот заменик-министер дополнително ја зголемува загриженоста во Европа дека поширокото вовлекување во воени операции може да го прошири конфликтот и да отвори нови ризици – од безбедносни закани, до политички и економски последици за земјите на Унијата.

Свет | пред 1 седмица

Marta-Kos

Нови заштитни механизми за идните членки на ЕУ, Црна Гора прва со нов тип договор?

Еврокомесарката за проширување Марта Кос порача дека Европската Унија не смее да си дозволи „тројански коњ“ во процесот на проширување и дека сѐ уште нема политичка волја меѓу земјите членки за воведување гласање со квалификувано мнозинство во оваа област.Говорејќи на конференцијата за проширување на ЕУ во Талин, Естонија, Кос истакна дека проширувањето мора да се темели на пет клучни елементи, при што првиот е дека нема кратенки во реформите. Според неа, Унијата мора да биде заштитена од можни чекори наназад и затоа предложи новите договори за пристапување да содржат посилни заштитни механизми за почитување на фундаменталните вредности.Таа најави дека Црна Гора би можела да биде првата држава што ќе потпише ваков нов тип договор. Борбата против корупцијата и изградбата на демократските институции, нагласи Кос, остануваат темел на проширувањето и целосното членство никогаш не смее да биде на штета на тие вредности.„Потребна ни е полиса за осигурување против чекори назад. Лекцијата од 2004 година е дека мора да имаме механизми што ќе гарантираат дека новите членки ќе се придржуваат до правилата и дека интегритетот на Унијата ќе биде заштитен и по пет, десет или дваесет години“, изјави таа.Во однос на гласањето со квалификувано мнозинство, Кос посочи дека новата методологија и понатаму остава простор за вето на секој чекор. Европската комисија, како што рече, го ставила предлогот за квалификувано мнозинство на маса, но засега нема доволна политичка поддршка меѓу земјите членки за таква промена.

Свет | пред 1 месец

media-librarydd62f77tkvnkfTbFVYS

Македонија останува надвор од ЕУ-роаминг зоната, додека Украина и Молдавија веќе зборуваат „како дома“

Додека европската зона без роаминг одлучно се проширува, Македонија, заедно со Србија и Босна и Херцеговина, останува на чекање. Украина и Молдавија веќе од 1. јануари 2026 година станаа полноправен дел од режимот „Roam Like at Home“, со што нивните граѓани добија можност да користат мобилни услуги низ ЕУ без дополнителни трошоци.Овој премин значи дека Украинците и Молдавците – и обратно, граѓаните на ЕУ кои патуваат таму – од сега плаќаат исто како дома за повици, пораки и мобилни податоци. Одлуките за нивното приклучување беа усвоени од Советот на ЕУ во јули 2025 година.Албанија и Црна Гора се следни – Македонија не се споменуваЗа 2026 година веќе е најавено и приклучувањето на Албанија и Црна Гора, кои се најнапред во преговорите за членство во ЕУ. За Македонија, пак, нема рокови, нема процени, нема сигнал – што е директен одраз на застојот во преговорите со Унијата.Со тоа, земјава повторно се најде во групата на држави кои чекорат побавно на патот кон Брисел.ЕУ-роамингот – модел што функционира од 2017 годинаРежимот „Roam Like at Home“ им овозможува на граѓаните во рамките на зоната да плаќаат домашни тарифи и при патување во странство, без дополнителни доплати. Проширувањето кон Украина и Молдавија се гледа како дел од нивната постепена интеграција во европскиот пазар и дигиталната инфраструктура.Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, неодамна порача дека проширувањето на зоната за роаминг „ја зближува регијата, го поддржува бизнисот и туризмот“.

Македонија | пред 2 месеци

aerodrom

Хаос на европските аеродроми по стартот на EES: Чекања до 3 часа и предупредување за уште поголеми застои од јануари

Хаотични сцени, долги редици и повеќечасовни чекања стануваат сè почеста појава на европските аеродроми по стартот на Шенген системот за влез и излез (EES), кој почна да се применува од 12 октомври 2025 година. Во услови на зголемен сообраќај, патниците на одделни аеродроми чекаат и до три часа за да ги завршат граничните процедури.Аеродромските оператори предупредуваат дека состојбата може дополнително да се влоши доколку системот не се стабилизира до почетокот на јануари. Причина за загриженост е планираното зголемување на прагот за регистрација и обработка на патници од трети земји од сегашните 10 проценти на 35 проценти, што според календарот за имплементација треба да стапи во сила од 9 јануари.ACI EUROPE, европскиот огранок на Меѓународниот совет на аеродроми, јавно ги повика Европска комисија, eu-LISA, Фронтекс и земјите членки на Шенген итно да реагираат на растечките оперативни проблеми или да обезбедат поголема флексибилност во примената на EES сè додека системот целосно не биде функционален на сите аеродроми.Од ACI EUROPE посочуваат дека постепеното воведување на регистрацијата и снимањето биометриски податоци за државјани на трети земји значително го зголемило времето на обработка на граничните контроли – во некои случаи и до 70 проценти. Во шпицовите на сообраќајот, тоа резултира со чекања кои достигнуваат и до три часа.„Ова сериозно влијае на искуството на патниците – особено засегнати се аеродромите во Франција, Германија, Грција, Исланд, Италија, Португалија и Шпанија“, наведуваат од ACI.И по два месеца од стартот на системот, според аеродромските оператори, сè уште се регистрираат технички проблеми – од прекини и недоволна стабилност на системот, до недостапност на портите за автоматска гранична контрола (ABC) за обработка на EES на голем број аеродроми. Дополнителен предизвик е и недостигот од доволен број киосци за земање биометриски податоци, како и недоволен број полициски службеници.„Значителна непријатност веќе им се нанесува на патниците, а операциите на аеродромите се засегнати со моменталниот праг за регистрација на државјани од трети земји поставен на само 10%. Освен ако сите оперативни прашања што ги покренуваме денес не се решат целосно во наредните недели, зголемувањето на овој праг за регистрација на 35% од 9 јануари – како што бара календарот за имплементација на EES – неизбежно ќе резултира со многу посериозни застои и системски нарушувања за аеродромите и авиокомпаниите. Ова веројатно ќе вклучува сериозни безбедносни опасности“, изјави Оливие Јанковец, генерален директор на ACI EUROPE.ACI EUROPE е европскиот регион на Меѓународниот совет на аеродроми и ги претставува интересите на повеќе од 600 аеродроми во 55 земји, кои заедно опслужуваат над 95 проценти од комерцијалниот воздушен сообраќај во Европа.

Свет | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања